build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Јавен превоз во Скопје (линии и возен ред)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 678910 16>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Macedonicus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Google Maps: Regional Expert

Joined: 29-May-2011
Location: Czech Republic
Online Status: Offline
Posts: 357
  Quote Macedonicus Quote  Post ReplyReply #141 Posted: 05-Mar-2012 at 01:52
Originally posted by Тркало

Vardar Ekspres - македонски латинично.Ништо страшно

Делува глупаво за странците бидејќи латиницата е пред сѐ за нив а е напишано исто како што го напишале Александар - Aleksandar со буквална транслитерација наместо со соодветен англиски назив. Ако поентата им е да биде тоа наменето за македонците тогаш требало на кирилица да го пишат „Вардар Експрес“ Можда се ситници во прашање ама тие ситници и тоа како влијаат на имиџот на една земја.
ಠ_ಠ
Back to Top
MGS View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 10-May-2011
Location: Охрид,МКД
Online Status: Offline
Posts: 296
  Quote MGS Quote  Post ReplyReply #142 Posted: 05-Mar-2012 at 16:51
Со Вардар Експрес имам одено на апсолвентска екскурзија од факултетГледам подобар автобус имаат за кон аеродромот отоколку ние што имавме за низ цела Европа хехехе.Имаат линии мислам кон цела Европа.
Back to Top
Djole88 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 611
  Quote Djole88 Quote  Post ReplyReply #143 Posted: 07-Mar-2012 at 10:26
ајде уште една грешка воочена на фамозната табла. на распоредот на станиците горе одма под насловот, македонската верзија е континентал- Транс.центар-Холидеј Ин, а кај англиската е континентал - холидеј ин - транспорт центар

Е ова стварно е неписменост. Дали некој има пријавено ова кај аеродромот и кај Вардар Експрес или да се јавувам и да го терам кај што им е местото?
Back to Top
Djole88 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 611
  Quote Djole88 Quote  Post ReplyReply #144 Posted: 22-Mar-2012 at 16:18
Промена на трасата на автобусот со број 9 и нова автобуска пред Европски Универзитет

Почнувајќи од 24 март, линијата со број „9” ќе има изменета траса само во правец од Државна болница кон Топанско Поле, соопшти ЈСП Скопје.

Новата траса ќе биде следна: ул.Водњанска, ул.Железничка, по првото стојалиште ќе врти лево по бул.Македонија, кај семафорите пред Тутунски Комбинат ќе врти лево по ул.11-ти Октомври, а потоа десно кон Југодрво по бул.Кочо Рацин и продолжува по својата траса.

На бул.Македонија е отворено ново автобуско стојалиште за замена на стојалиштето пред Фискултурното училиште, а на ул.11-ти Октомври ќе се користи постојното стојалиште.

Во исто време ги известуваме корисниците на јавниот превоз дека е отворено ново автобуско стојалиште пред Европскиот универзитет на бул. Свети Климент Охридски, каде ќе застануваат автобусите од линиите со броеви: 3, 3а, 3б, 7б, 22а, 50 и 57

http://kurir.mk/republika/skopje/65180-Avtobusot-broj-9-ke-ja-promeni-trasata

Инаку сликата на Курир е од автобусот со напукнато/скршено ветробанско стакло кое нели сеуште не е сменето
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1133
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #145 Posted: 23-Mar-2012 at 00:09
Originally posted by Macedonicus

Originally posted by Тркало

Vardar Ekspres - македонски латинично.Ништо страшно

Делува глупаво за странците бидејќи латиницата е пред сѐ за нив а е напишано исто како што го напишале Александар - Aleksandar со буквална транслитерација наместо со соодветен англиски назив. Ако поентата им е да биде тоа наменето за македонците тогаш требало на кирилица да го пишат „Вардар Експрес“ Можда се ситници во прашање ама тие ситници и тоа како влијаат на имиџот на една земја.

Последица од глумењето западњаци по секоја цена.


Originally posted by MGS

Со Вардар Експрес имам одено на апсолвентска екскурзија од факултетГледам подобар автобус имаат за кон аеродромот отоколку ние што имавме за низ цела Европа хехехе.Имаат линии мислам кон цела Европа.

Да не беше вака нешто?Ова е MB O350 Tourismo I (произведувани 1994-2000/2000-2006 редизајн)

Моментално се 15-тина возила.Со дозволата за увоз со Еуро 2 агрегати (макар овие се и Е3 повеќето) искупија доста возила :
3 x NEOPLAN Tourliner 2216SHD, моделот на сликата најдолу/
2 x NEOPLAN Euroliner 3316 SHDL/
2 х MAN Lion's Fortuna /4x MAN Lion's Coach
)+ на ново 4-5 комбиња BMC Karsan, едни грди на изглед со средна врата.
Ова им е дел тазе увезеното

A претходно имаа/ле 2 х MB O350 Tourismo (I ген.),Sanos 315.21 и еден Sanos 515 преработен/рекаросиран во Setra 315
Еве под Neoplan уште не го избришале името на стариот газда

Инаку од линии возат од Скопје за Виена (преку Унгарија),Скопје - Марибор - Грац и Гостивар - Истанбул.Пред 2 месеци од Царинска Управа им се одземени еден МАН и 2 комбиња, поради возење на тнр. црвена нафта.

Edited by Тркало - 23-Mar-2012 at 00:22
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2391
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #146 Posted: 23-Mar-2012 at 00:17
Пред неколку дена видов комбе од Вардар Експрес со табла за Аеродромот Александар Велики.
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1133
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #147 Posted: 23-Mar-2012 at 00:24
Originally posted by phenomenon

   Пред неколку дена видов комбе од Вардар Експрес со табла за Аеродромот Александар Велики.


И со тие грдосии возат.Дали личат на возила произведени 2010/2011 проценете сами
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2391
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #148 Posted: 23-Mar-2012 at 02:23

Немој така. Тоа се репрезенти на државата кои ќе ги превезуваат странците и туристите.
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4669
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #149 Posted: 23-Mar-2012 at 03:25
Originally posted by Тркало


Еве под Neoplan уште не го избришале името на стариот газда


Papadakis Brother е фабриката која ги произведува Neoplan и MAN во Грција, како ЕΛВО за Волво, Санос за Мерцедес (once upon a time).

Edited by гитардемон - 23-Mar-2012 at 03:26
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1133
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #150 Posted: 23-Mar-2012 at 14:26
Originally posted by гитардемон

Originally posted by Тркало


Еве под Neoplan уште не го избришале името на стариот газда


Papadakis Brother е фабриката која ги произведува Neoplan и MAN во Грција, како ЕΛВО за Волво, Санос за Мерцедес (once upon a time).


Ова е нешто ново и збунувачки..Знам дека Неоплан во Турција работат дел производство, не знам како е можно уште една фабрика во нашиов регион.А и според Вики таква фирма Пападакис не работат за МАН.Ги знаев како превозник на линии за Албанија.Можда превозот им е дел од работата, ама ништо не разбирам, пробав до негде со google translate ама слабо.Не е лошо и англиска верзија за секој случај.

Edited by Тркало - 23-Mar-2012 at 14:28
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4669
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #151 Posted: 23-Mar-2012 at 14:41
Епа превозников припаѓа на Пападакис А.Д. (Papadakis S.A. - Société Anonyme - акционерско/анонимно друштво). Тоа ти е како Санос да си отвореше превозна фирма - предност пред конкурентите бидејќи се снабдуваш со возен парк по многу пониска цена. Од сајтот на производствениот погон, гледам дека само со VIP автобуси се бават, имено: Starliner, Cityliner, Tourliner и Skyliner. Може моделиве се дел и од стандарната палета на Neoplan, ама во Грција да ги произведуваат VIP верзиите на истите.

P.S. Papadakis Brothers. Не бегав од часови по англиски во второ, случајно ми промакнало погоре
Back to Top
MGS View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 10-May-2011
Location: Охрид,МКД
Online Status: Offline
Posts: 296
  Quote MGS Quote  Post ReplyReply #152 Posted: 23-Mar-2012 at 17:19
@Тркало
Да,автобусот за низ Европа беше баш таков MB O350 Tourismo I (произведувани 1994-2000/2000-2006 редизајн).Низ цела Европа поминавме со само едно расипување на моторот. хихихихи
Back to Top
Pallatino View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 09-Dec-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Pallatino Quote  Post ReplyReply #153 Posted: 04-Jun-2012 at 12:36
Од центар(на Рекорд) кој автобуси треба да ги фатам за да стигнам до Реплек Хубо маркет ?
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #154 Posted: 04-Jun-2012 at 13:44
Јас колку што знам единствена линија која поминува кај Хубо е 21А.
Истата поминува и од кај Рекорд, ама е ужасно ретка (ѕирни го возниот ред на сајтот на ЈСП).

Не ме држи за збор, можеби некој ќе знае да каже нешто повеќе...
Back to Top
Obedineta Makedonija View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Aug-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 1637
  Quote Obedineta Makedonija Quote  Post ReplyReply #155 Posted: 04-Jun-2012 at 22:17
Originally posted by Pallatino

Од центар(на Рекорд) кој автобуси треба да ги фатам за да стигнам до Реплек Хубо маркет ?
isto od sproti direkcijata na t-mobile ili na partizanska mozes da ja fatis i 18 !!!
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #156 Posted: 14-Jul-2012 at 10:50
Вредно е да се напомене за сите љубители на Матка дека автобусот со број 60 веќе извесно време сообраќа со значително поголем број на поаѓања од Транспортен центар кон Матка и обратно. Во текот на едно деноноќие има 10 поаѓања, наспроти некогашните 3. Автобусите што сообраќаат натаму се секогаш некои од новите украинци. Еве го распоредот од Т.Центар кон Матка: 7.00, 8.45, 10.30, 12.10, 13.50, 15.30, 17.10, 18.45, 20.15, 22.30.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #157 Posted: 29-Jul-2012 at 23:28
Кога веќе пишав за приградската линија со број 60, да напоменам дека во текот на викендите има голем број на патници, но за жал не доволно за Матка да се растерети од бројот на автомобили. Украинските ЛАЗ автобуси стигнуваат до Матка без проблем, но од непрописно паркираните и преголемиот број на автомобили не може да сврти во спротивен правец. За жал, мнозинството патници мораат да се пешачат до Шишево и да фатат автобус 12.

До толку ли немаат мозок возачите на возила каде паркираат, а најмногу ме нервира што сеуште не сме научени дека таму не можат да се паркираат голем број автомобили и јавниот превоз е вистинско превозно средство за таа релација.
Back to Top
Djole88 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 611
  Quote Djole88 Quote  Post ReplyReply #158 Posted: 31-Jul-2012 at 16:49
истиот случај и со Средно Водно. Незнам кога ќе им текне дека за овие две локации треба да се воведе или забрана за возила или точно определена број на принцип (first come, first serve).
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #159 Posted: 16-Sep-2012 at 10:39
Имаат ли некоја намера господата од ЈСП-Скопје да пуштат дополнителна линија по булеварот Илинден? Можам да кажам дека линијата 15А е вистински погодок од аспект на бројот на патници и зачестеноста на сообраќање. Очигледно е дека по овој булевар треба да се воведе дополнителна линија. На пример, дупли линии што сообраќаат по Партизански одреди има неколку. Пример за тоа се автобусите 22, 22А и 64 или пак 2 и 12. Мислам дека треба да размислуваат во оваа насока.
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #160 Posted: 20-Sep-2012 at 18:54

Што се случува во Аеродром....

Дали поради реконструкцијата на Јане Сандански, ама од друга страна пак... не е затворен... 23 си вози таму... и коли си возат....

Ама сите линии на ЈСП што поминуваат од таму: 3, 3а, 3б, 5, 15, 15а, 35..... се пренасочени по Булевар АСНОМ (АВНОЈ) и Васко Карангелски, и се приклучуваат на Јане Сандански кај Мајчин дом....

Ова е вака веќе 2 дена...

ПС: Мене ова ми е таман погодено и баш ми одговара... ама ми нема некоја логика...



Edited by FoSsiL - 20-Sep-2012 at 18:56
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 678910 16>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.180 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.