build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Локации

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 4>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8968
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Локации
    Posted: 29-Sep-2007 at 17:39

уште неам претстава кај да ставам ваква тема а и како да ја крстам, па да почнеме вака. Идејата е да збориме за одредени локации на некои проекти, како/дали тие се вклопуваат во ДУП/ГУП, дали се вклопуваат во околината, дали некој има подобри идеи, решенија итн.

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8968
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 29-Sep-2007 at 17:44
за почеток оваа работа ми боде очи подолго време. Новиот деловен објект што почна да се гради дијагонално од соборна црква. Колку што знам се е чисто со тој објект но...
 
 
Ако добро ме служи меморијата црвената линија која ја повлеков на Гугл 'рт сликава е градежната линија на Бул. Климент Охридски. Значи тоа се оние два блока кои се вовлечени повнатре додека цело она ѓубре од Корнери, Аркадии, Стели итн треба да се руши некој убав сончев ден. Како тука се вклопува новиот објект. Под услов комплетно да е залепен до Порта Буњаковец, има 15 метри максимум до градежната линија. Од оној никаков рендер што го имавме на располагање не ми е јасно како таков објект би се вклопил во толку малку простор и би праел лак.  Има ли некој идеја што тука уствари се дешава?
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12010
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 29-Sep-2007 at 18:03
^^

Ова и мене ми има упаднато во очи. Не знам каква е дефиницијата на „градежна линија“ и какви правила и стандарди одат со неа, ама овде стварно е многу чудна работата.

Една варијанта е дека оние две згради се планирано вовлечени и дека е обмислена некоја покомплексна форма а не права линија...

Друга варијанта е дека има нешто матно околу објектот или дека ДУП-от е неконзистентен и со катастрофален квалитет (како и мнозинството други ДУП-ови). Неодамна ги анализирав оние два ДУП-а кои ги има објавено општина Аеродром. Таму има такви идиотизми предвидено што човек се прашува дали ги имаат правено архитекти или семкари...

Трета варијанта е дека рендерот нема врска, ама пак ми е чудно што би можело да се вклопи во 15м...
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8968
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 29-Sep-2007 at 18:28

колку што јас знам градежната линија е вовлечена за да има простор да се помести (и евентуално прошири булеварот). Ако погледнеш каде е градежната линија од другата страна ќе видиш дека останува простор за мал супстандарден тротоар (на пример во делот кај АМЦ Мегастор или кај онаа новата зграда кај Кинг Бургер што искача на Булеварот). Кога сите оние куќарки што ги набројав би се порушиле би се добило простор многу пологишно да се реши и булеварот, и тротоарите, и зеленилото. Вака како што е поставен булеварот е многу асиметричен во однос двете градежни линии.

Ако овој нов деловен објект го помати ова, засекогаш ќе имаме никакви тротоари од другата страна и уште едно квази решение.
 
Има една нова станбена зграда прилепена до еден од старите блокови која потоа закосува во правец на Грчка амбасада. Таа е во ред. Но оваа новава е стварно матна.
 
Како и да е изградбата тргна, и веројатно за едно два месеци ќе излезе од под земја и ќе ги имаме контурите на целава работа.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12010
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 29-Sep-2007 at 19:02
Зградите се премногу вовлечени ако е целта само да се добие доволно простор за булеварот. Ама сепак и мене највеќе ме плаши дека после сите глупости што ќе ги измислат, ќе бидеме приморани да правиме суб-стандардни решенија поради немање простор. Сето тоа на место каде што имало простор да се смести космодром такаречи...
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8968
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 30-Sep-2007 at 14:55
Originally posted by Cloverstack

Зградите се премногу вовлечени ако е целта само да се добие доволно простор за булеварот. Ама сепак и мене највеќе ме плаши дека после сите глупости што ќе ги измислат, ќе бидеме приморани да правиме суб-стандардни решенија поради немање простор. Сето тоа на место каде што имало простор да се смести космодром такаречи...
 
хм, премногу се вовлечени во однос на сегашната поставеност на булеварот, но кога тој би се дислоцирал 5 метри во правец на вовлечената страна се би дошло на место.
 
А и крајно време е тие куќарки таму да се порушат, стварно ми е криво што ова новово градилиште не ја закачи барем кладилницана Корнер.


Edited by pbanks - 30-Sep-2007 at 14:56
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8968
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 10-Nov-2007 at 14:25
Колку што можев да видам од далеку зградава иде преку градежната линија што ја дискутиравме тука BashBash

Со црвена стрелка е обележана "најлевата" позиција каде што можев да запазам арматура. Сликата се обидов да ја сликам во линија со зградите во позадина за да може да се види за колку ќе бега целиот објект во лево.




Edited by pbanks - 10-Nov-2007 at 14:26
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12010
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 10-Nov-2007 at 19:53
Ваљда спеак е таков чуден оргиналниот план. Мада кај нас не би ме зачудило ни да ја насадиле без врска преку коруптивни канали. За жал ДУП-овите најчесто се менуваат ради погрешните причини.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8968
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 10-Nov-2007 at 20:02
Originally posted by Cloverstack

Ваљда спеак е таков чуден оргиналниот план. Мада кај нас не би ме зачудило ни да ја насадиле без врска преку коруптивни канали. За жал ДУП-овите најчесто се менуваат ради погрешните причини.


не те разбирам. Чуден е ДУП-от? Мене ми е баш на место (иако зборувам на памет, можеби е сменет од оноа што јас го презентирав во првата скица но сепак мислам дека тоа е најдобро решение).
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12010
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 10-Nov-2007 at 20:07
Мислев на тоа дека можеби оргиналниот ДУП бил таков, да не е све у иста линија. Можда некои заебанции за да се обликува поинаку просторот, да се разбие монотонија. Неам појма, само нагаѓам. Ама можеби нема ништо спорно зашто се е премногу тивко околу проектов и локацијава. Ваљда ќе чуевме нешто ако имаше матни работи - сепак е локацијава на ударно место... Бар така се надевам.

А во анализа на планот за жал не можеме да влеземе зашто го немаме.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8968
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 10-Nov-2007 at 20:22
точно за жал ние тука само нагаѓаме... Но сепак ако се погледне Google earth сликата тие згради се така подредени со причина. Ако оваа штрчи булеварот ќе остане засекогаш 2х2 или по стандарден македонски рецепт ќе се направи 2х3 и ќе се стеснува кај црква. Ќе остане и асиметријата која страшно ме иритира во тој дел. Замисли го целиот потег очистен од аркадија, булевар, вулкан, корнер и сите тие глупости. Ќе се отвори огромен неискористен простор. Што со него? Ќе имаме зелен појас и во средина и уште еден толкав на тротоарот од страна на Буњаковец, и еден тесен субстандарден тротоар од другата страна каде од зграда рипаш на булевар?


Edited by pbanks - 10-Nov-2007 at 20:23
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8968
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 15-Dec-2007 at 14:28
чачкав по SSC и ја најдов оваа мапа што ја имам направено. Обележани се големите неурбанизирани локации во поширокиот центар на градот. Толку многу потенцијал. Имаме простор да ја дуплираме ако не и труплираме површината на централното градско јадро само ако паметно се служиме со овие локации. Ако некаде тука почнат да се садат станбени блокови... WallbashWallbashWallbash


Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 15-Dec-2007 at 14:57
    Не сум сигурен околу Маџир Маало... се сомневам дека некој ќе сака да го пипне, поради онаа скопска болест наречена „старите градски маала“ и слични сра*а. За мене тоа е само мало заостанато делче од градот на кое наместо да никне нешто корисно за сите, е доделено на поединци.

    А лево од Камениот мост, карши МОБ, нели се гради театарот и музејот за холокаустот? Тие локации се отпишани... Исто и за Веро...
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8968
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 15-Dec-2007 at 15:19
Originally posted by La Linea

    Не сум сигурен околу Маџир Маало... се сомневам дека некој ќе сака да го пипне, поради онаа скопска болест наречена „старите градски маала“ и слични сра*а. За мене тоа е само мало заостанато делче од градот на кое наместо да никне нешто корисно за сите, е доделено на поединци.

    А лево од Камениот мост, карши МОБ, нели се гради театарот и музејот за холокаустот? Тие локации се отпишани... Исто и за Веро...


Отпишани се ко ќе видам дека Веро, Театарот, музејот или било што друго ќе бидат изградени. До тогаш се росни ливади. Уствари не се ни тоа, така бар ќе изгледаа убаво него се запуштени буништа.

За Маџир маало. Баш поради тоа што го велиш треба од петни жили да се трудиме и ние, и секој нормален поединец кој си го сака градот, и стручњаците... да се спречи таква приватизација и узурпација на една од најбитните локации во поширокиот центар. Во моментов најголем проблем е Аларова, се надевам дека во годинава што и остана од мандатот нема да направи некоја глупост со тамошниот ДУП и дека нејзиниот наследник ќе биде човек на место и човек со визија. Ако се погледне мапата се работи за најголемата целина од сите овие што ги имам обележано. Гледајќи ја мапава си мислам дека можеби ќе беше подобро гарнитурава на Груевски тој дел да го предвиди за града на висококатници наместо Холидеј ин (не дека они тргнаа да се градат но сепак). Можеби делот кај Холидеј ин е подобро да се направи со блокови како оние околу плоштадот.  Во некои написи околу потенцијалните висококатници кај Холидеј Ин имаше осврт на околната инфраструктура која не би можела да ја прими гужвата што би ја генерирале толкави објекти. И до некаде тие написи имаа поента. Освен Кочо Рацин сите околни улици се премали да опслужуваат толкави објекти. Во Маџир маало е многу постратешки. Ги имаме Кочо рацин, Видое Смилевски Бато, трасата на Крушевска република....... Од другата страна е и МТВ, тука е и НБМ.... има логика. Би било и прилично импресивна слика за посетителите на Скопје кои доаѓаат со воз. Моментално сликата е ужасна, обрасната џунгла, коњи што пасат, картон маало под столбовите, напуштено градилиште, обраснат кеј......... Bash

Но најбитно е да се неутрализира обидот за "спасување на Маџир маало" што не е ништо друго освен параван за лесно профитирање и криминал на нашата урбана мафија. За жал голем број Скопјани во трка да покажат кој е постар Скопјанец и кој повеќе го почитува тоа старо непреболено Скопје како сомови ја голтаат оваа мамка и и го чистат просторот на урбаната мафија.

Затоа и сум ЗА изградба на Театарот, Офицерскиот дом и Народната банка. Се работи за прилично глупи проекти, но штетата од нив е скоро и непостоечка додека штетата од узурпација на Маџир маало со станбени блокови или не дај боже човек-фирма станбени зградички е ненадоместива. Се надевам дека реконструкцијата на гореспоменатите објекти би можела да се искористи како некој вид на компромис со "Старо Скопјаните" во замена за Маџир маало. Звучи страшно глупаво кога зборуваме за 'на ти го дај ми го' за една сериозна работа како планирање на град, но за жал таа ни е реалноста. Така и тие би добиле нешто но би морале и да отстапат од нешто (Маџир маало).

Најпаметно би било државата да почне постепено да го откупува тој дел од приватните сопственици. Сигурен сум дека во некој разумен рок од 5-6 години поголемиот дел би бил во државни раце.
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 15-Dec-2007 at 15:30

[/QUOTE]
Од другата страна е и МТВ, тука е и НБМ.... има логика. Би било и прилично импресивна слика за посетителите на Скопје кои доаѓаат со воз. Моментално сликата е ужасна, обрасната џунгла, коњи што пасат, картон маало под столбовите, напуштено
[/QUOTE]

Да знаеш како си го замислив сето ова, ми потече солза...
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8968
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 15-Dec-2007 at 15:48
Вака јас гледам на работите...

Со црвена боја е обележан делот кој сега се смета за центар на Скопје. Реално пропорционално со големината на градот се работи за простор со смешна големина.

Со зеленкаста боја е обележано она што јас мислам дека треба да биде центар. И мислам дека тоа е реално достижно. Доколку дупките кои се обележани на претходната мапа се пополнат реално би било и веќе постоечките сегменти (МТВ, Универзитетот, МКЦ, Судовите, НУБ, МНТ, Турска чаршија итн) да се интегрираат во центарот. Затоа е многу битно тие парцели правилно да се пополнат.

На некои фронтови веќе се случуваат позитивни промени. Погледнете ја улицата Мито Хаџивасилев. До пред 3 години таа беше скоро подеднакво гнасна како и јужен булевар. Јас ја користев исклучиво како транзитна улица. Помеѓу нејзе и јужен имаше правлив паркинг (асфалтиран 1-2 години пред да почне да се гради Рамстор), запустен ресторан (Букет кој се ревиталижираше исто така 1-2 години пред да се направи Рамстор но и реновиран не беше соодветен за таа локација), пошта и амбуланта сместена во бараки, некакви остатоци од желзницата и од некоја претходна улица, малечки разфрлани бутки. Тротоарите беа пусти.

Денеска таму го имаме Рамстор, ЕБЦ (Гема 1). Се гради НЛБ, се реконструираше старата зграда на НМ (Европски универзитет), се реновирара малиот дел на новата зграда на НМ (ИК Банка) а и големиот кај и да е ќе дојде на дневен ред. Моментално функционираат само Рамстор и Европскиот универзитет а веќе има огромна раздвиженост на луѓе, можам да замислам како ќе биде ко ќе се отворат и другиве објекти а да не зборувам и за блискиот потенцијален трговски центар и хотел кои треба да почнат да се градат на Железничка/Јужен булевар. Таму опасноста од некакви станбени комплекси изгледа сигурно не одминува. И покрај бројните замерки од друг аспект (изгледот на Рамстор, изгледот на Европски универзитет Bash) функцијата на тој кварт правилно се развива.

Опасноста стои од другата страна. Дали ќе дозволиме центарот да завршува со Вадар и ул. Даме Груев или ќе смогнеме силе да ги истераме работите како што треба. Според мапата таа друга страна е многу побитна бидејќи само натаму имаме и можеме да го прошириме центарот. Во западен правец границите помеѓу постоечкиот и потенцијалниот 'inner city' мање више се поклопуваат.




Edited by pbanks - 15-Dec-2007 at 15:53
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12010
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 15-Dec-2007 at 16:14
За Маџир-маало се слагам 100%... Едноставно не смее да се дозволи урбаната мафија да го преплави по своја мерка. Мојот став го знаете - прво да се изгради бул. Крушевска Република (без никакви импровизации и заебанции), а потоа тој дел да прерасне во деловен центар со модерна архитектура и високо градби.

Се слагам и за другите лоикации дека треба апсолутно да се заштитат од станбени објекти, со исклучок на Крњево. Во Крњево не би било лошо еден дел да бидат станбени и станбено деловни објекти...

Немам против тоа да никне и по некој ликсузен кондоминиум во поширокото централно подрачје, но под услов да е архитектонски навистина нешто посебно. Нормално, исклучок се неколкуте преостанати локации во малиот ринг, каде не смее ни да се помислува дури и за ваква работа.




Edited by Cloverstack - 15-Dec-2007 at 16:15
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8968
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 15-Dec-2007 at 16:22
Originally posted by Cloverstack

За Маџир-маало се слагам 100%... Едноставно не смее да се дозволи урбаната мафија да го преплави по своја мерка. Мојот став го знаете - прво да се изгради бул. Крушевска Република (без никакви импровизации и заебанции), а потоа тој дел да прерасне во деловен центар со модерна архитектура и високо градби.

Се слагам и за другите лоикации дека треба апсолутно да се заштитат од станбени објекти, со исклучок на Крњево. Во Крњево не би било лошо еден дел да бидат станбени и станбено деловни објекти...

Немам против тоа да никне и по некој ликсузен кондоминиум во поширокото централно подрачје, но под услов да е архитектонски навистина нешто посебно. Нормално, исклучок се неколкуте преостанати локации во малиот ринг, каде не смее ни да се помислува дури и за ваква работа.




Луксузен кондоминиум е друга работа. Такви би прифатил.

А за Крњево. Што знам мислам дека Александар Македонски (така се викаше булеварот? секогаш се мешам) во тој дел веќе се приближува кон центарот и треба да има поасални објекти а не станбени.

Хипотетички возилата кои влагаат во градот би го одминале ERA City (значи шопинг мол, хотел, деловна зграда, саем и сл) и повторно враќање на станбени објекти не ми се свиѓа. Стабените може да има од другата страна на булеварот накај Чаир/Гази баба.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8968
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 17-Dec-2007 at 22:57
Еве една локација за анализа. Тинекс-Капиптец. Во принцип освен што објектот е грд немав нешто специјално против него но гледајќи го цел Капиштец на Google Earth а и по сугестија на УрбанФрик, се гледа дека се работи за уште една скопска крпеница.

Очигледно е дека блок 2 на скицата требал да биде изграден идентично како блок 1 (му фалат 4 кули) со што би се добила апсолутна симетрија во однос на Беверли Хилс и станбените блокови долж него.

Сепак Тинекс гради комплетно легално. Мештаните пак се бунеа пред да почне Тинекс дека тука било планирано школо Crazy

Живо ме интересира на кого и кога му текнало да се заебава со овој ДУП и која е уствари вистината Bash


Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12010
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 18-Dec-2007 at 03:49


Хехе, зарем до сега ја немаше приметено симетријата Smile

Ама за анализата треба да ги земеш во предвид уште двата блока x4 кули (на двата краја, што не се гледаат на твојата скица). Тие веќе ја имаат зезнато симетријата...

Не знам дали некогаш била планирана апсолутна симетрија (за тоа меѓу другото би било потребно поместување на ул. Васил Ѓоргов). Ама гледајќи ја поставеноста на белата зграда кај последна 23-ка и на Жито Лукс, јасно е дека тој концепт бил одамна напуштен, ако воопшто постоел... Клучно тука е прашањето кога се граделе објектите што ги спомнав, па евентуалните промените сигурно настанале некој период пред тоа... Во секој случај заклучокот ми е дека ако нешто се матело, тоа се направило одамна, не сега.

Во сегашниов момент не гледам некаква трагедија што вака се решава просторот, а и онака веќе нема начин за постигнување на симетрија...

Објектот на Тинекс и мене ми е грд, а за жал немам ни надеж дека ќе испадне многу подобар од рендерот, зашто во суштина ме нервираат самите линии и комплетниот облик на згрдата. Мислам уште тогаш го класифицирав у „малограѓанска архитектура“. Ама немам ништо против катна гаража и деловен објект таму.


Во однос на тоа дали било планирано училиште - не верувам. Гледам на ГУП-от што го имам постирано и иако е многу минијатурен, јасно е дека тој дел е зона за колективно домување. Претпоставувам дека „аргументот“ со училиштето е само една од срце-парателните приказни на оние што се бунеа.
http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=28&PID=276#276

Инаку има маркица за образование од другата страна на ул. Васил Ѓоргов, ама не можам баш најточно да ја лоцирам пошто ГУП-от ми е микроскопски... На Google Earth баш гледам нешто што би можело да биде образовен објект, ама немам поим што е. Дали нешто дополнително треба да се гради исто така не знам :(

Џабе ни е вака да збориме, само нагаѓаме Roll%20eyes Сега за сега можеме само да ја критикуваме Општина Центар и тамошните надлежни за нивната крајна нетранспарентност воопшто.




Edited by Cloverstack - 18-Dec-2007 at 04:25
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 4>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.096 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.