build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Бучава

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Бучава
    Posted: 23-Nov-2008 at 08:38
Нишкава ја отворам со цел да го раглобиме проблемот кој што е директна последица од урбаните средини. За неои воопшто не е проблем, но за некои е може би и најголем проблем во градското живеење. Во продолжение ќе постирам делови од материјалите кои се однесуваат за Скопје, а во посочените линкови ќе најдете и за Битола и за Кичево. Во Македонија само овие три града ја мерат бучавата.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 23-Nov-2008 at 08:52
На првата слика може да ги видите позициите на мерните станици во Скопје, ана втората слика податоците за бучавата во [dB] [Децибели] od 2004-та година. Староста на податоците воопшто не е битна пошто порастот на бучавата има премногу благ пораст.





Напомена: Децибелите не се скаларна величина туку логаритамска, односно 2х60dB не е еднакво со 120dB, туку 2х60dB=63dB, 10х60dB=70dB.



Edited by lslcrew - 23-Nov-2008 at 08:53
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 23-Nov-2008 at 08:54
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 05-Jan-2009 at 01:17

Само надлежните глуви за бучавата од работилниците

Граѓаните се жалат, а инспекторите велат дека чекаат Министерството за животна средина да ги направи измени во Законот за заштита од бучава

Зачестија жалбите на граѓаните за бучавата од малите работилници - сервиси и салони за миење автомобили и други занаетчиски дуќани, кои работат во семејни куќи во нивното непосредно соседство.

- Соседот постојано не' вознемируваше со бучавата при поправка на автомобилите во својата гаража и пред неа. Водата со која ги миеше ја насочуваше на улицата, а од миризбата на боите не можевме ни дома да седиме - се жалат жителите на улицата Мариовска, во населбата Пржино. Реагирале во општинската инспекцијата и во Државниот пазарен инспекторат, но поминало долго време додека службите го опоменале.

Повеќето од овие мали работилници работат на диво, бидејќи нивната дејност не е евидентирана во Занаетчиската комора на град Скопје, а немаат ниту Елаборат за влијанието на нивната дејност врз животната средина. Според Законот за заштитата од бучава, за контрола на работилниците се задолжени општинските инспектори за животна средина. Но тие велат дека се' уште не се координирани и чекаат Министерството за животна средина да ги донесе подзаконските акти. Тие нагласуваат дека било тешко да ги најдат на работно место сопствениците на вакви работилници. Во повеќето општини тврдат дека не регистрирале такви случаи на нарушување на јавниот ред и дека тие се во незначителен број.

Во Општина Центар е пријавена бучава од работилница во куќен двор кај Универзалната сала и една во Маџар Маало која се граничи со станбена зграда.

- Работилницата во Маџир Маало нема елаборат, нејзината дејност не е регистрирана во регистарот на Занаетчиската комора, ќе се измери бучавата што ја предизвикува и потоа ќе се преземат мерки - вели Весна Јанкова, општински инспектор за животна средина.

Во општините Ѓорче Петров и Кисела Вода велат дека навремено реагираат и досега немале поголеми проблеми со ваквите работилници. Градските инспектори потсетуваат дека доколку работилниците немаат елаборат за заштита, а бучавата ја надминува дозволената граница, ќе платат казна од 3.000 евра. Тиме Андонов, раководител на Одделението за инспекциски надзор, објаснува дека инспекторите излегуваат на терен само по пријава. Специјализираната куќа „Фармахем“, избрана на тендер, е задолжена за мерење на бучавата - 55 децибели се дозволени во текот на денот, а 45 навечер.

 
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=E510B6BA7F88B84586A76DBA646F240E
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 04-Feb-2009 at 22:45

An ounce of prevention . . .

Hearing loss

Statistics
Hearing loss affects approximately 28 million Americans. About 10 million of these people can attribute the impairment to damage from exposure to loud sounds.

Causes
Noise damages hearing in a couple of ways. The loudness of a sound (decibel level or dB) can cause hearing loss by itself. Most hearing-health professionals agree that sounds above 85 dB are potentially hazardous.
You have to take the length of time you hear a noise into consideration as well. If a noise is too loud for too long, nerve receptors in the inner ear can be destroyed. The more receptors that are destroyed. the greater the hearing loss. There is no cure for nerve loss.

Decibel level - Sound

0 dB - Threshold of hearing
20-30 dB - Rustling leaves. whispered voice
40
-60 dB - Refrigerator, clothes dryer, normal conversation
70
-85 dB - Electric shaver, heavy traffic, train, alarm clock, vacuum cleaner, loud conversation, factory (light/medium work)
90
-100 dB - Lawn mower, motorcycle, woodworking shop, subway train, thunder
110
-120 dB - Chainsaw, snowmobile, sandblasting, loud stereo
130
-140 dB - Live rock concert, firecrackers, gunshot, jet engine
140
-190 dB - Space rocket at takeoff

Prevention 
Except in cases of accidental exposure, noise induced hearing loss (NIHL) is preventable! Use common sense A noise should be considered loud enough to produce damage if:

  •  You have to shout over the noise to be heard,
  •  You experience ringing in the ears;
  •  You experience a period of "deafness" in which sounds seem muffled after leaving the sound exposure area;
  • The sound 'hurts' your ears or causes a headache. 

If you experience any of these warning signs, either discontinue your exposure to the sound or wear adequate hearing protection. 
Hearing protection devices decrease the intensity of the sound that reaches the eardrum. The most common devices are earplugs and earmuffs. Earplugs are small inserts that fit into the outer ear canal. They are available in a variety of shapes and sizes and can be custom made. Earmuffs are held in place by an adjustable head-band and fit over the entire outer ear to form an air seal so the entire circumference of the ear canal is backed. 
Properly fitted earplugs or muffs reduce noise 15 to 30 dB. If worn together, sound can be further reduced by 10-15 dB. That may not seem to be a significant difference, but the decibel measurement of sound is logarithmic, which means that a 30 dB drop is actually a 1,000-percent reduction in sound. However, these devices must be worn continuously and must fit properly in order to effectively protect your ears. Be sure to read the instructions!

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 28-Apr-2009 at 10:57
ВРЕВАТА ОД УЛИЦИТЕ И КАФУЛИЊАТА ИМ ПРЕЧИ НА ГРАЃАНИТЕ
Скопје прави бучава како да е милионски град

На најголем дел од жителите на Скопје им пречи вревата од градилиштата, помал број се вознемируваат од звуците на сообраќајот, а на трето место е вревата од кафулињата и од бучните соседи. Ова се резултатите од студијата која ја спровел Републичкиот завод за здравствена заштита меѓу скопјани, во врска со видот на вревата што кај нив предизвикува најголема вознемиреност и им го нарушува сонот и здравјето. Истражувањето е направено во пресрет на Светскиот ден на вревата, кој се одбележува месецов, а резултатите споредени со тие од другите држави покажале дека Скопје, иако се уште го нема достигнато милионскиот број на жители, по вревата веќе се вбројува во милионските градови. Анализата на податоците покажа дека кај речиси 34 проценти од испитаниците во градот постои умерен степен вознемиреност, кај 13 проценти е забележан висок степен вознемиреност, а кај 53 проценти не постои вознемиреност предизвикана од врева. Во однос на степенот на нарушување на спиењето кај речиси 18 проценти од испитаниците е регистриран умерен степен на нарушување на спиењето, осум проценти имаат големо нарушување, додека останатите имаат мирен сон. Скопје, израснувајќи во главен трговски, економски и деловен центар во Македонија, се соочи и со постојан пораст на комуналната врева. Тоа се должи на зголемениот број моторни возила во сообраќајот, но и на несоодветно урбанистичко планирање на станбените населби. Во градот последниве години се создаваат мешовити индустриско-населени зони со училишни објекти, се градат трговско-забавни центри во густонаселени станбени зони без заштита од ширењето на вревата, како и станбени, училишни и рекреациони објекти покрај фреквентни сообраќајници. - На одредени места се надминуваат граничните вредности и тие, споредени со вредностите на акустичните мапи во различни земји од светот направени до 1990 година, го класираат Скопје во градови со популација со повеќе од еден милион жители “ сметаат од РЗЗЗ. За контрола на вревата е неопходна легислатива, набљудување и мерки за нејзино намалување. Во Македонија прописите се наоѓаат во Законот за заштита од врева во животната средина и подзаконските акти кои се однесуваат на индикаторите на вревата, мерните места и мерните станици и условите кои треба да ги исполнуваат институциите за мерење на бучавата. Донесен е и Правилник за граничните вредности на нивото на бучавата во животната средина.

За пребучните 500 евра казна

Парична казна од петстотини евра мора да плати секој локал, дискотека или кафуле доколку градските инспектори утврдат дека од него се предизвикува врева што ја надминува границата на дозволеното. За раководителите на таквите објекти, казната изнесува околу двесте евра. Парични казни за нарушување на јавниот мир можат да заработат и сите приватни лица од чиишто домови се слуша врева и бучава која излегува од дозволените граници.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=1689&ArticleID=112654
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4473
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 29-May-2009 at 18:23

Од 150 до 20 000 евра казни за предизвикувачите на бучава
Петок, 29 Мај 2009 18:46

CVETANKA%20bucava%20sl%20001

Како и низ целата држава и во Битола граѓаните се соочуваат со нарушување на мирот особено во времето предидвидено за одмор. Најчеста причина за реакции се непочитувањата на законските одредби од страна на кафе баровите и другите угостителски објекти каде музиката ги надминува предвидените децибели за конкретниот период од денот:

,,Од неодамна секторот за внатрешни работи- Битола, двете полициски станици во двата најголеми градови во рамките на секторот се веќе опремени со фонометри-инструменти за мерење на бучавата во животната средина и првичните мерења се веќе извршени не само во Битола и Прилеп, туку и во останатите градови и населени места кои гравитираат кон секторот и констатирани се голем број недостатоци во поглед на нарушувањето на јавниот ред и мир преку зголемување на бучавата која што ја создаваат угостителските објекти", вели Ѓоко Стрезовски, портпарол на СВР Битола.

CVETANKA%20bucava%20sl%20002

Часовните зони предвидуваат почитување на попладневниот одмор од 15 до 19 часот и ноќниот одмор од 23 до 6 часот наутро. За овие периоди законот предвидува определен степен на бучава кој нема негативно да се одразува врз мирот и здравјето на граѓаните. Денес менаџерите и сопствениците на угостителските објекти се советуваа како да не дојдат до екстремно високите казни:

,, Казните- глобите кои се предвидени со законот за заштита од бучава се од 150 евра за физички лица во денарска противвредност, 300 евра за одговорно лице во правниот субјект, 500 евра за правни лица кои работните задачи не ги прилагодуваат кон законот па се до од 8000 до 20 000 евра во денарска противвредност која се изрекува на правно лице доколку изведува градби кои не ги задоволуваат стандардите за заштита од бучава, согласно законот за бучава во животната средина", вели Ѓоко Стрезовски, портпарол на СВР Битола.

Досега добиени се само опомени:

CVETANKA%20bucava%20sl%20003

,,Првични мерења се извршени и секаде онаму каде што беа констатирани пропусти - недостатоци во врска со почитувањето на законот за бучава беа опоменети сопствениците и менаџерите на угостителските објекти, така да во наредниот период доколку не се почитува законот ќе бидеме приморани да поднесуваме и соодветни прекршочни пријави, вели Ѓоко Стрезовски, портпарол на СВР Битола.

За да не дојде до пријави и казни денес во апелациониот суд одделението за превенција при СВР Битола, заводот за здравствена заштита и општинскиот инспекторат за заштита на животната средина ги информираа угостителите за одредбите од законот за заштита од бучава, граничните вредности на бучавата и секако за казните кои можат да ги добијат ако не го почитуваат со закон предвиденото.



http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=8357&Itemid=106
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 02-Jun-2009 at 12:14
ГЛАСНАТА МУЗИКА ОД КАФУЛИЊАТА ГИ ОСТАВА СКОПЈАНИ БЕЗ СОН
Децибелите параат уши на улица Македонија

Граѓаните што живеат на улицата Македонија, во Дебар маало и во кулите на кејот на реката Вардар мака мачат со гласната музика која секојдневно ечи од кафулињата и од кафеаните кои таму се најмногубројни. Со слични проблеми се соочуваат и скопјани кои живеат во Лептокарија или во близината на ТЦ „Бисер“, но и во други делови од градот. Речиси на секој чекор има отворени тераси и поставени се маси и столчиња на јавните површини пред кафулињата. - Не се живее од вревата. Постојано музика свири од сите страни. Што е најлошо, секое кафуле пушта своја музика и се надгласуваат едно со друго. Ни дење човек не може да одмори, ниту навечер, кога бучавата достигнува кулминација. Вака е секое лето и никој ништо не презема &“8211; вели Елизабета која живее на улица Македонија. Надлежните од СВР Скопје, пак, велат дека секоја година, особено во летниот период, ги казнуваат сопствениците на кафулињата и на кафеаните за пуштање премногу гласна музика, но дека повторно има такви што не ги почитуваат законски предвидените мерки. - Полицијата речиси секојдневно казнува за прегласна музика. Со парична казна од петстотини евра се казнува секој локал, дискотека или кафуле доколку се утврди дека од него се предизвикува бучава што ја надминува границата на дозволеното. За раководителите на таквите објекти, поради тоа што несовесно си ја извршувале работата, казната изнесува околу двесте евра &“8211; објаснува Лиза Бендевска, портпаролка на СВР Скопје. Но освен СВР Скопје, должност да ја следат состојбата со бучавата, според законот, имаат и Град Скопје и општините. Од Градот велат дека Одделението за инспекција на животната средина ја извршува законската надлежност за мерење на бучавата од угостителските објекти и од летните тераси. - За мерење на бучавата, Град Скопје по пат на јавен повик ангажираше фирма за мерење на бучавата. Мерењето се врши по службена должност и по барање на граѓаните, за што се воспоставуваат дежурства од страна на овластената градска инспекција - објаснуваат од Одделението за односи со јавност на Град Скопје. Доколку постои сомневање дека од некој локал се создава преголема врева, надлежните инспектори поставуваат мерни инструменти на повеќе мерни места и на тој ја мерат бучавата. Доколку резултатите покажат дека граѓанинот кој пријавил навистина бил во право и неговото барање за мерење е оправдано, во тој случај трошоците, како и казната за направената штета си ја плаќа прекршителот. Во случај, пак, инспекторите да утврдат дека буката е во рамките на дозволените гранични вредности, тогаш граѓанинот е должен да плати за мерењето. Сепак, од надлежните не дознавме дали и колку локали се казнети за создавањето врева со пуштање прегласна музика. Барем на терен тоа лесно може да се провери. Една прошетка на инспекторите навечер по улицата Македонија веројатно ќе биде доволна за да се утврди дека ниедно кафуле не го почитува законот. За тоа не се потребни ни мерни инструменти, ниту, пак, пријави од граѓаните.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=1721&ArticleID=115013
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 09-Jun-2009 at 02:36

Лудница од гласна музика


На бучавата најчесто се жалеа станарите во строгиот центар на градот, околу Плоштадот и улицата Македонија или Кејот 13 Ноември, но во последно време се почести поплаки доаѓаат од населбите кои беа синоним за мирни места за живеење


Гласната музика од кафулињата, летните тераси и ноќните клубови им го ремети мирот на скопјани. На бучавата најчесто се жалеа станарите во строгиот центар на градот, околу Плоштадот и улицата Македонија или Кејот 13 Ноември, но во последно време се почести поплаки доаѓаат од населбите кои беа синоним за мирни места за живеење. Таква е сликата во Дебар Маало, на Чешма во Кисела Вода, на делови од Водњанска..., на местата каде последниве пет-шест години никнаа нови облакодери. Во новоградбите, по правило, приземјето и првиот кат се наменети за деловен простор, па угостителски објекти како најдоходовни локали никнуваат преку ноќ. Станарите организирани преку куќни совети ги користат сите средства да си го решат проблемот, разговараат со кафеанџиите, пријавуваат во полиција, се жалат во општините, но велат дека резултати нема.
- Права лудница! По цела ноќ трешти музика, а басот од вуферите ми чука во мозок. Спалната соба ми е над кафулето и не помага ни изолација, ни затворање на прозорците... Цела година откако сме вселени во новиот стан на работа одам ненаспана, нервозна. Една моја сосетка се отсели поради тоа - се пожали една станарка од новите згради во Дебар Маало кај слаткарницата Апче.
И жителите од солитерите во ГТЦ со години не знаат што е мирен сон. Се жалат дека од музиката и од силната бучава од кафулињата и летните тераси што се поредени во Трговскиот и на Кејот 13 Ноември не можат ни да спијат, ни да функционираат нормално.
- Неодамна ја мерев бучавата во мојата спална соба која е над едно од кафулињата и таа беше околу 82 децибели што е за двојно повисока од дозволената граница од 40 децибели. Имам несоница, а добив и повишен крвен притисок, сето тоа на нервна база - се жали жител од кулата број 2.
Одговорните од Град Скопје знаат дека бучавата од кафеаните, кафулињата или летните тераси или дискотеките е едан од најголемите проблеми во градов. Токму затоа, велат тие, деновиве почнала построга контрола и мерење на децибелите од угостителските објекти во различен период од денот. Најпрво ќе пишувале опомени а после ќе казнувале.
- Во изминативе шест месеци опомени добиле повеќе од 50 локали, а казнети се 10. Во следниот период ќе има редовни контроли на бучавата во угостителските објекти во различни периоди од денот. Мерењето ќе го врши Фарма хем, фирма која е избрана на тендер. Секој што ќе го повреди законот ќе биде казнет, без исклучок. Ќе се казни секој што ќе го наруши законот - информираат од Градот.
Граничните вредности за нивото на бучавата се прецизирани со Законот за бучава во животната средина со кој се предвидуваат и високи парични казни за прекршителите. Локалите каде градските инспектори ќе констатираат пречекорување на границата ќе се казнат со 500 евра и уште 300 евра за раководителот или вкупно 800 евра.



Бучавата го нарушува здравјето

Акустичен стрес - урбана болест


Експертите велат дека музиката од локалите не може да предизвика оштетување на слухот, но е погубна за нервниот систем. Докажано е дека гласната музика е значаен фактор за предизвикување на нервоза кај луѓето што според лекарите спаѓа меѓу водечките заболувања особено во градските средини. Според податоците од Светската здравствена организација повеќе од 25 отсто од населението во големите градови е изложено на бучава посилна од 65 децибели што сериозно го нарушува сонот и доведува до појава на психосоматски симптоми на акустичен стрес.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=9E649128CA747C448B5EFE3248696CD2
Back to Top
se_manda View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2007
Online Status: Offline
Posts: 259
  Quote se_manda Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 09-Jun-2009 at 14:48
off...
Таква е сликата во Дебар Маало, на Чешма во Кисела Вода, на делови од Водњанска..., на местата каде последниве пет-шест години никнаа нови облакодери....
...И жителите од солитерите во ГТЦ со години не знаат што е мирен сон...
ako 6-7 sprata za novinarive se oblakoderi...Wallbash

on...
kako i da e,sakaat u centar da ziveat,zatoa ke trpat basovi od vuferi CrazyLOL
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9040
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 09-Jun-2009 at 15:08
Да споделам една лична фрустрација. Малтене секоја вечер сонот ми го кршат ѓубреџиите кога го собираат сметот. Кај мене од прилике поминуваат меѓу 1 и 3 после полноќ. Збориме за едно 5 минути траскање додека ги соберат 2та сета контејнери кои се на од прилика 50м од мојот прозорец (инаку сум на први кат).

Не ги кривам луѓето, си ја вршат работата, но очигледно процедурите не се на место а да не зборам за механизацијата. Во нормални земји ова не би прошло така глатко да се реметат луѓе во работен ден.

Празнењето на контејнер звучи како да го качуваат и фрлаат од зграда. Мешалката која го гмечи сметот е прилично бучна сама по себе а сето тоа е најчесто зачинето со некој дупнат ауспух од кој се тресат прозорците.

Дали некој (особено членовите кои живeат на запад) знаат како се решени овие работи таму?


Edited by pbanks - 09-Jun-2009 at 16:44
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4473
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 09-Jun-2009 at 15:29
На запад, имаш прозорци војна да фати ништо нема да чуеш надвор. Затоа и така се практикува таму, ем да не го кочат сообраќајот, ем кога веќе си заспан мала бучава нема да те разбуди (ем механизацијата е нова, ем прозорците ти се добри <- по правило ако си на запад LOL, па мала е бучавата). Јас додуша морам да се пожалам дека го имам истиот проблем во Солун, но тука кај мене поминуваат кај 23:00 па немам проблем не сум веќе заспан, ама гласни се како авион. Додека живеев во Битола, пак, денски го береа и немаше полошо. Го застануваа сообраќајот по и онака тесните улици, и беше катастрофа. Сега како е, не знам.

А ти се жалиш само дека е гласно, или дека е касно?
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9040
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 09-Jun-2009 at 15:48
Originally posted by гитардемон

На запад, имаш прозорци војна да фати ништо нема да чуеш надвор. Затоа и така се практикува таму, ем да не го кочат сообраќајот, ем кога веќе си заспан мала бучава нема да те разбуди (ем механизацијата е нова, ем прозорците ти се добри <- по правило ако си на запад LOL, па мала е бучавата). Јас додуша морам да се пожалам дека го имам истиот проблем во Солун, но тука кај мене поминуваат кај 23:00 па немам проблем не сум веќе заспан, ама гласни се како авион. Додека живеев во Битола, пак, денски го береа и немаше полошо. Го застануваа сообраќајот по и онака тесните улици, и беше катастрофа. Сега како е, не знам.

А ти се жалиш само дека е гласно, или дека е касно?


Пред се се жалам дека е касно, дење таа бучава не би се ни осетила во Скопје.

Инаку нема врска што прозорците имаат добра звучна изолација на запад. Летно време и таму луѓе знаат да спијат со отворен прозорец што тогаш.

Во некои земји како во Швајцарија постојат комбинации каде човек не смее да се тушира после 11 часот да речеме за да не ги вознемири соседите, каму ли да му улета група ѓубреџии со monster trucks и да прави чуда.

Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 09-Jun-2009 at 16:17
Гитар прашањето беше како е на ЗАПАД а колку што знам Грција не е по ниеден критериум (не само географски), западна земја, особено не Солун и неговиот регион. Crazy
Второ за какви прозорци зборуваш ти? Ај замисли си да смејат парижани да лупнат алуминиумски прозори по своја волја во вековните згради по старите паришки булеварди!?
Пбенкс, проблемот има повеќе димензии. Како што знаеш тука нема еден вид на контејнер, туку повеќе. Колку што знам, во Љубљана преку ден се собираат оние за стакло (затоа што самото нивно празнење создрава огормна бучава, иако самите контејнери се од пластика), како и оние за био-одпадоци. Се останато се собира навечер, кога сообраќајот е минимален, особено во центарот поради гужвите.
Инаку комбинацијата стара механизација и разлупани метални контејнери во секој случај си игра своја улога во сета бучност на овој иначе многу лесен урбан процес во секој друг нормален град.

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 18-Jun-2009 at 03:27

Граѓаните немаат сон од бучните кафеани

Вознемирувањето може да се пријави во Градот или во Министерството за животна средина

Сања Наумовска

Рестораните и кафулињата ги отворија летните тераси, а од тогаш скопјани немаат мир. Силна музика, бендови кои свират во живо, врева од гостите, се секојдневен кошмар на луѓето кои живеат во близина на овие објекти. Најстрашно е во Капиштец и во Дебар маало, велат жителите на овие две густо населени населби, каде што кафеанчиња и кафулиња има на секој чекор.

Минатиот викенд без сон останале жители на зграда во Капиштец, веднаш спроти кафеаната „Дуомо“. Признаваат дека живата свирка не траела подоцна од 1 часот по полноќ, но била толку гласна што не можеле око да затворат. Бидејќи многу им се вознемирило и бебето, тие се јавиле в полиција. Но, ни тоа не им помогнало многу.

„Полицаецот ни рече дека човекот вложил многу пари во кафеаната, и сега мора да си ги врати. За гласната музика ништо не преземаа, па ние и нашите деца не спиевме и едноставно чекавме сами да престанат. Тоа се повторува секој викенд, иако и ние и соседите постојано пријавуваме“, вели жител на Капиштец.

Единствено решение за ваквите проблеми, а на кое упатуваат надлежните институции, е пријава до Градот Скопје или, пак, до Министерството за животна средина. Инспекторите ќе излезат на терен и ќе ја измерат бучавата, а за пречекорувањето можат да изречат мандатна казна. Законот предвидува само 500 евра за правно лице и од 100 до 150 евра за физичко лице. Нашиот соговорник и неговите соседите, откако не добиле помош од полицијата, решиле да побараат мерење на бучавата. Но, не се убедени дека казната ќе ги мотивира кафеанџиите да ја стивнат музиката.

Во Министерството за животна средина, пак, информираат дека се казнува секоја бучава над 80 децибели, ако е направена ноќе и во урбана и населена средина. Условите не се толку ригорозни ако се работи за ден и за периферија на град или, пак, за ненаселено место. Мерењето, кое инспекторатот на Министерството го врши по барање на граѓани се спроведува во стан или некаде надвор во близина на локалот кој ја создава бучавата.

„Технологијата овозможува вредностите да се исчитаат веднаш, па казната може брзо да му се врачи на сопственикот на локалот“, информираат во Министерството за животна средина.

И градските власти, по службена должност или по барање на граѓаните, мерат бучава. За таа намена Градот ангажирал фирма која со специјална опрема излегува на терен кога е потребно да се утврди дали некој од локалите го пречекорува нивото на бучава пропишано со закон.

„Во текот на летните месеци, поради големиот број летни тераси и зголемената бучава, инспекторатот спроведува дежурства за мерење на бучавата. Во сите овие активности се соработува со инспекторатот во Министерството, како и со општинските инспектори“, информираат градските власти.

Имајќи го ова предвид може да се заклучи дека се' се сведува само на мерење на бучава. Казни, очигледно, нема, бидејќи ниту во Министерството за животна средина ниту, пак, во Градот одговорија на прашањето колку казни се изречени досега.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=5DC061FCAE347B488F046B9FA2B7D600
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 26-Sep-2009 at 00:14
о поплаките на скопјани за бучавата од угостителските објекти


Ќе се казнува за гласна музика


Сериозните поплаки на скопјани на гласната музика од кафулињата, особено на станарите во строгиот центар на градот, околу Плоштадот и улицата Македонија, од Кејот 13 Ноември, но во последно време и од населбите кои негогаш важеа за мирни места како што е Дебар Маало, конечно ги разбудилја надлежните. Од Општина Центар информираат дека инспекцијата за животна средина почнала да спроведува редовна контрола на нивото на бучава од угостителските објекти на целата територија.
- За таа цел, ангажиравме овластена фирма да спроведува мерења на нивото на бучава во локалите. Најчесто мерењата се изведуваат во ноќните часови, кога има најголема посетеност на кафулињата и ноќните клубови, а мирот и ноќниот сон на граѓаните е нарушен - информираат одговорните од општината.

Оттаму апелираат до сите угостителски објекти да ги почитуваат пропишаните законски дозволени нивоа на бучава. За станбени реони тие изнесуваат 55 децибели за ден, а навечер на 45 децибели.

За сите прекршители на Законот за бучава се предвидени парични казни во износ од 500 евра на правно лице и уште глоба од 300 евра на одговорното лице во правното лице.
Надзорот во Општина Центар го врши овластен инспектор за животна средина.

(Е.А.)

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=E5FAFECF21313B4188318D0B5CA1242E

Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 03-Feb-2010 at 13:50
Так­са­та за му­зи­ка од 50 до 100 ев­ра

Точ­ни­от из­нос на так­са­та сe уш­те не се знае, и ка­ко таа ќе се прес­ме­ту­ва, ќе од­лу­чат гра­до­на­чал­ни­ци­те на скоп­ски­те оп­шти­ни. За­ко­нот пред­ви­ду­ва об­врз­ни­кот да ја пла­ти так­са­та во рок од 15 де­на од де­нот на дос­та­ву­ва­ње на ре­ше­ни­е­то, во спро­тив­но, ќе тре­ба да пла­ти каз­на од 150.000 до 300.000 де­на­ри

Од 50 до 100 ев­ра го­диш­но ќе тре­ба да пла­тат ка­фе­ан­џи­и­те и газ­ди­те на ка­фу­ли­ња­та, ако са­ка­ат да пуш­та­ат му­зи­ка во нив­ни­те ло­ка­ли.
Рам­ка­та за ви­си­на­та на ко­му­нал­на­та так­са е ут­вр­де­на спо­ред За­ко­нот за ко­му­нал­на­та так­са, до­не­сен уш­те во 2004 го­ди­на. Во од­лу­ка­та стои са­мо де­ка си­те угос­ти­тел­ски об­јек­ти тре­ба да пла­ќа­ат так­са за пуш­та­ње му­зи­ка и ис­та­та ќе се дви­жи од 3.300 до 6.700 де­на­ри. Но не се об­јас­ну­ва од што ќе за­ви­си и ка­ко ќе се прес­ме­ту­ва кој ло­кал кол­ка­ва так­са ќе пла­ќа. Тоа ос­та­ну­ва да го од­ре­дат гра­до­на­чал­ни­кот на Град Скоп­је и гра­до­на­чал­ни­ци­те на дру­ги­те оп­шти­ни.
"Гра­до­на­чал­ни­ци­те на оп­шти­ни­те во Гра­дот Скоп­је и гра­до­на­чал­ни­кот на Гра­дот Скоп­је со ре­ше­ние ќе ја ут­вр­дат ви­си­на­та на так­са­та во го­ди­шен из­нос и ќе го за­дол­жат об­врз­ни­кот да ја пла­ти так­са­та во рок од 15 де­на од де­нот на дос­та­ву­ва­ње на ре­ше­ни­е­то. До­кол­ку тоа не го сто­ри во пред­ви­де­ни­от рок, каз­ни­те из­не­су­ва­ат од 150.000 до 300.000 де­на­ри", стои во од­ред­би­те на За­ко­нот за ко­му­нал­на­та так­са.
Спо­ред не­о­фи­ци­јал­ни ин­фор­ма­ции, во Гра­дот ве­ќе се ра­бо­ти на ут­вр­ду­ва­ње на ви­си­на­та на так­са­та и ка­ко таа ќе се прес­ме­ту­ва, оти на ова гле­да­ат ка­ко на до­бар на­чин за пол­не­ње на град­ска­та ка­са. Нас­ко­ро пред­лог - це­на­та ќе би­де ста­ве­на на дне­вен ред на сед­ни­ца на Со­ве­тот на Град Скоп­је.
Од ка­би­не­тот на гра­до­на­чал­ни­кот ги не­ги­ра­ат вак­ви­те ин­фор­ма­ции, твр­деј­ќи де­ка во мо­мен­тов не се раз­мис­лу­ва за спро­ве­ду­ва­ње на за­кон­ска­та об­вр­ска за так­са за му­зи­ка.
"Тоа бе­ше са­мо ед­на од пред­лог-точ­ки­те на гра­до­на­чал­ни­кот Тра­ја­нов­ски. Так­са­та не е не­го­ва иде­ја ту­ку об­вр­ска про­пи­ша­на со За­ко­нот. Во мо­мен­тов не се раз­мис­лу­ва за спро­ве­ду­ва­ње на так­са­та", ве­ли Не­дел­чо Крс­тев­ски, пор­тпа­рол на Град Скоп­је.
Из­ја­ва­та на гра­до­на­чал­ни­кот Ко­це Тра­ја­нов­ски пред де­се­ти­на де­на де­ка ка­фе­ан­џи­и­те ќе тре­ба да му пла­ќа­ат так­са на Гра­дот ако са­ка­ат да пуш­та­ат му­зи­ка, ка­фе­ан­џи­и­те ја до­че­каа на нож. Тие сме­та­ат де­ка уш­те ед­на да­вач­ка кон Гра­дот фи­нан­си­ски ќе ги униш­ти. Но ос­вен ка­фе­ан­џи­и­те, за спро­ве­ду­ва­ње­то на так­са­та ток­му во овој мо­мент не­го­ду­ва­ле и дел од гра­до­на­чал­ни­ци­те на Ко­ор­ди­на­тив­но­то те­ло на гра­до­на­чал­ни­ци кои на Тра­ја­нов­ски му су­ге­ри­ра­ле да го од­ло­жи во­ве­ду­ва­ње­то на му­зич­ка­та так­са. Нив­но­то об­раз­ло­же­ние би­ло тоа да не се пра­ви, оти не­о­дам­на се во­ве­де заб­ра­на­та за пу­ше­ње во ка­фу­ли­ња­та и во ка­фе­а­ни­те.
"Е па ај­де да во­ве­де­ме и так­са за воз­ду­хов што го ди­ше­ме. На угос­ти­те­ли­те им се на­не­се го­ле­ма ште­та со За­ко­нот про­тив пу­ше­ње, пла­ќа­ат фир­ма­ри­ни, а се­га, за не­кој ме­сец, и так­са за лет­ни те­ра­си. Уш­те ова им фа­ли. Јас, ако гра­до­на­чал­ни­кот Тра­ја­нов­ски ја ста­ви так­са­та за му­зи­ка на раз­гле­ду­ва­ње на след­на­та сред­ба на гра­до­на­чал­ни­ци­те, ќе би­дам про­тив неј­зи­но­то до­не­су­ва­ње", ве­ли гра­до­на­чал­ни­кот на Оп­шти­на Кар­пош Стев­че Ја­ки­мов­ски.

Градот ќе ќари 100.000 евра

Во градската каса, годишно, од собирање такса за музика ќе се приберат околу 100.000 евра. Според Државниот завод за статистика во Скопје, заклучно со 2008 година се регистирани 927 угостителски објекти. Од таму велат дека денеска оваа бројка е зголемена, и сигурно во главниот град има над 1.000 кафулиња и кафеани. Па оттаму ако едно кафуле годишно плаќа по 100 евра, тогаш Градот само од такса за музика ќе биде побогат за 100.000 евра во текот на една година.
На целата територија на Македонија, пак, има околу 5.000 угостителски објекти, што значи дека од новата давачка за кафеанџиите општините ќе соберат половина милион евра годишно.

http://vest.com.mk/?ItemID=561201B88FBFA7479964B604AE6A0B8C
Back to Top
ArchiTechTone View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 280
  Quote ArchiTechTone Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 03-Feb-2010 at 14:20
PreviousЕ не ми се верува! Го претеруваат!

Врзоснова на што ги утврдуваат висините на таксите? Онака паушално во завистонст колкави дупки треба да пополнат во буџетот? Ако ова се однесува на почитување на некакви авторски права за музиката, верувам дека таксите би требало да бидат многу многу повисоки.... И ќе биде многу прецизно регулирано колкава сума ќе се плаќа, а не вака од 50 до 100 евра, зависи како ќе ни испадне математиката. .. Како побогу се регулира правото за пуштање(и слушање) на МУЗИКА?!?!

Ова (и законот за пушење во одредена мера) е директен упад во лични слободи, и се надевам едка граѓаните ќе се позанимаваат со овие работи... Пошто Уставен е и онака ненадлежен за ништо...
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 03-Feb-2010 at 16:16
ГРАДОТ СКОПЈЕ НЕМА ДА НАПЛАЌА ТАКСА ЗА ПУШТАЊЕ МУЗИКА

По шпекулациите што се појавија во некои медиуми за наводното воведување комунална такса за пуштање музика во скопските кафулиња, Градот Скопје и градоначалникот Коце Трајановски демантираат дека се планира воведување на таква такса. Тоа беше само една од точките на средбата на Координативното тело на градоначалници на Градот Скопје и на скопските општини, на која што се дискутираа делови од законите за локална самоуправа.

Со ова сакаме да ја известиме јавноста дека Градот Скопје нема намера да воведе комунална такса за пуштање музика во скопските кафулиња и ресторани со што и дополнително би се оптовариле фирмите што вршат угостителска дејност.

http://www.skopje.gov.mk/
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 22-Feb-2010 at 17:17

Муштериите бегаат од прегласна музика

Инспекторите од Општина Центар лани, од септември до декември, поради бучава казниле осум локали со по 800 евра

Поради прегласната музика во објектите, граѓаните не можат на раат да се напијат кафе или да вечераат ниту, пак, да пазаруваат. Иако Законот за заштитата од бучава е во сила две и пол години, градските и општинските инспектори слабо казнуваат за прегласната музика, па сопствениците на локалите и на дуќаните си продолжуваат по старо.

- Со син ми, кој има една и пол година, не можам да влезам во некои бутици да пазарувам. Иако во нив има и детски оддели, музиката е толку гласна што сметам дека и на тинејџерите им е тешко. Не знам која е поентата во бутик да се пушта музика како да е дискотека. Да не мислат газдите така да ги зашеметат купувачите, па тие да не внимаваат добро што купуваат и колку плаќаат? Не гледам друга причина и затоа таму и не купувам - вели една револтирана скопјанка.

Граѓаните што истрпеле тортура од прегласна музика велат дека особено навечер во некои ресторани е невозможно да се јаде.

- Тоа што не' затече во еден ресторан беше незамисливо! Со пријателите седевме на мала маса, во ресторан на кејот на Вардар. Ај што на масата одвај чиниите ги собра, туку на келнерот цело време моравме да му нарачуваме со викање. За комуникација меѓусебе си читавме од усни. Кога конечно по еден час го напуштивме ресторанот, бевме засипнати од викање, а седевме едни до други. Ушите ни беа затнати, а дома цела ноќ не заспав од тахикардија - вели скопјанецот Д.Т.

Општина Центар, каде што граѓаните најмногу се жалат на гласна музика и прекумерна бучава, велат дека лани спровеле неколку контроли.

- Во периодот од септември заклучно со 31 декември, казнети се осум локали за бучава. Казните се 800 евра вкупно, односно 500 евра за правното лице и 300 евра за раководното лице. Мерењето го врши овластена консултантска куќа, од каде што извештајот го доставуваат на општинската инспекција за животна средина, а потоа инспекторите го доставуваат на сопственикот на локалот, со налог за казна - вели портпаролот на Општина Центар, Јовица Ацковски.

Од Министерството за животна средина велат дека најчести поплаки за зголемена бучава се однесуваат на гласната музика од кафулињата.

- Според Националниот правилник за бучава во животната средина, граничната вредност во затворени простории како што се и рестораните, треба да изнесува 55 децибели. Тоа е интензитет на бучава што овозможува разбирливост на говорот и не предизвикува вознемиреност кај луѓето. Основно во реакцијата од зголемено ниво на бучава е стимулацијата на автономниот нервен систем, што може да предизвика и зголемување на крвниот притисок. Во секој случај, интензитетот на бучавата не смее да биде повисок од 85 децибели, за да не предизвика оштетување на слухот. Честопати им се случува на луѓето при неколкучасовен престој во просторија со гласна музика да почувствуваат таканаречен слушен замор, односно дупло слушање, ѕунење во ушите. Останува констатацијата дека кај нас не се почитуваат овие гранични вредности, па реагирањето на граѓаните поради нивната вознемиреност, раздразливост, агресивност и склоност кон влегување во конфликт е оправдано - вели Гордана Ристовска, доктор во Републичкиот завод за здравствена заштита.

Од Градот Скопје велат дека нивните инспектори мерат бучава по службена должност или на барање од граѓаните.

- За таа намена и Градот ангажира фирма, која со специјална опрема излегува на терен. Ако по барање на граѓани инспекторите излезат по рестораните и кафулињата и ако утврдат дека е пуштена прегласна музика, односно ако барањето на граѓанинот за мерење е оправдано, во тој случај трошоците и казната си ја плаќа прекршителот. Во случај инспекторите да утврдат дека бучавата е во рамките на дозволените гранични вредности, тогаш граѓанинот е должен да плати за мерењето - велат во Одделението за односи со јавноста на Градот.

Апаратите со кои се мери бучавата овозможуваат вредностите да се прочитаат веднаш, па казната може брзо да му се врачи на сопственикот на локалот.

Марија Тасев


Соседите мора да внимаваат колку се бучни

Со Законот за заштитата од бучава се предвидени казни и за граѓаните, ако премногу им бучат апаратите за домаќинство како оние за чистење, перење и за приготвување храна.

Од Министерството за животна средина велат дека граѓанин ќе може да пријави во Инспекторатот ако на соседот многу му бучи правосмукалката или ако миксерот се слуша и во соседниот стан, па соседот ќе мора апаратите да ги замени со нови, кои помалку бучат или да ги приспособи старите.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=9D8C5DDF7478484EAC30BF66053854C1
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.172 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.