build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Енергетика
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Топлификација Битола

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
JOE View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2010
Location: Bitola
Online Status: Online
Posts: 207
  Quote JOE Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Топлификација Битола
    Posted: 29-Feb-2024 at 22:45
Мислам дека нема тема по однос на оваа капитална инвестиција што се одвива моментално во Битола. Имам проблем со логирање да се логирам на форумов од компјутер па отварам преку мобилен и ке постирам неколку корисни линкови,па потоа модераторите нека средат со слики.


линк

линк

линк

линк

Фејсбук профил на топлификација Битола



Edited by JOE - 29-Feb-2024 at 22:58
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15034
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 01-Mar-2024 at 09:11
ЕСМ Топлификација Битола: се поставува топловод во Старата касарна





https://bitolanews.mk/2023/11/22/%D0%B5%D1%81%D0%BC-%D1%82%D0%BE%D0%BF%D0%BB%D0%B8%D1%84%D0%B8%D0%BA%D0%B0%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%B1%D0%B8%D1%82%D0%BE%D0%BB%D0%B0-%D1%81%D0%B5-%D0%BF%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D1%83%D0%B2/

Се буши под железничката пруга, кај Јени маале, каде ќе биде влезот на Топликација Битола во урбаниот дел



https://bitolanews.mk/2023/12/13/%d1%81%d0%b5-%d0%b1%d1%83%d1%88%d0%b8-%d0%bf%d0%be%d0%b4-%d0%b6%d0%b5%d0%bb%d0%b5%d0%b7%d0%bd%d0%b8%d1%87%d0%ba%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%bf%d1%80%d1%83%d0%b3%d0%b0-%d0%ba%d0%b0%d1%98-%d1%98%d0%b5%d0%bd/?fbclid=IwAR03Zcj2nIhJSOrGS8TpaFOZLCVGkbYhkXpTVFZiXEq4mWBtTx0R2AgqxHg

Дел од обиколницата каде се изведуваа градежни работи за изградба на топловодот се чисти и подготвува за асфалтирање





https://apla.mk/direktno/item/14500-del-od-obikolnicata-kade-se-izveduvaa-gradezhni-raboti-za-izgradba-na-toplovodot-se-chisti-i-podgotvuva-za-asfaltiranje?fbclid=IwAR0GwxarL2Do-ykPtaoSL36ofF_kNdMqg6ftKnA1pGe66c4txyjB1aHCyqM

За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15034
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 01-Mar-2024 at 09:15
ПО 40-ГОДИШНИ ОЧЕКУВАЊА, БИТОЛА ДОБИВА ПАРНО ГРЕЕЊЕ

03 ноември 2023

Денес во Битола, Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, заедно со генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Стефанов, директорот на ДООЕЛ Топлификација Битола, Горан Козаров и други претставници на Владата и АД ЕСМ, беа дел од настанот со којшто се одбележа завршувањето на градежните работи на топловодот од РЕК Битола до Битола и почетокот на активностите за изградба на топловодната мрежа во Битола.
„Овој капитален проект станува реалност после 40 години, посакуван откако е изграден РЕК Битола“, посочи во своето обраќање премиерот Ковачевски, нагласувајќи дека „по своето значење и големина овој проект се свртува во рангот на изградбата на РЕК Битола, на Стрежево и други капитални објекти од суштинска важност за Битола.

„Проектот се реализира со 39 милиони евра поддршка на германската KFW банка, како и дополнителни 7 милиони евра сопствени средства на АД ЕСМ и ќе донесе бројни придобивки коишто ќе ги почувствуваат сите граѓани. Интензивно се работи од 2021 година и системот треба да биде ставен во функција во текот на грејната сезона 2025/2026 година“, додаде премиерот Ковачевски.

Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Стефанов нагласи дека граѓаните на Битола ќе добијат парно од РЕК Битола, со што ќе се намали потрошувачката на струја и ќе се намалат сметките за затоплување на институциите и домовите и посочи на еколошките придобивки од топлификацијата.

„Со воведување на ваков вид на греење во голема мера ќе се исфрли од употреба загревањето на горива кои загадуваат, како во институциите така и во домовите“, додаде директорот Стефанов.

„АД ЕСМ продолжува да се движи кон зеленото сценарио и ќе се стреми во иднина да бидеме енергетски независна земја, којашто произведува електрична и топлинска енергија од обновливи извори на енергија“, нагласи директорот Стефанов.

Директорот на ДООЕЛ Топлификација Битола, Горан Козаров посочи дека „Битола добива топлификациски систем којшто е проектиран да работи и независно и да обезбедува топлинска енергија од 100 MW“.

Изградбата на трасата на топловодот, како што рече директорот Козаров, продолжува по битолските улици и во следните 18 месеци, низ Битола е предвидено да бидат изградени 10,5 километри топловод.


За сè има вторпат
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 874
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 03-Mar-2024 at 15:24
Ме интересира како (и дали) ова се комбинира со изградбата ан гасоводот. Се плашам дека нема никакво поклопување во проектите и повторно ќе се копа.
Исто не ми е јансо дали новите згради во касарната имаат парно низ становите, или немале таква обврска.
Back to Top
JOE View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2010
Location: Bitola
Online Status: Online
Posts: 207
  Quote JOE Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 03-Mar-2024 at 20:02
Во касарната веќе инсталираја џевки и мислам тие и недопирливи ќе имаат можност први да имаат парно од домаќинствата.

За гасоводот незнам,нема план ама невервам државата да го прави.Ако одат со приватник, тој ке му ја мисли.
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.063 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.