build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Железници
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Инфраструктура (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 33>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Инфраструктура (општо)
    Posted: 04-Oct-2007 at 18:45

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=9E785CE2984DD5479C0335054A3C52FA


Македонија и Бугарија ќе бараат пари за железничко поврзување од ЕУ

Нашата држава треба да изгради пруга од 85 километри до границата со Бугарија

Министрите за транспорт и врски на Македонија и на Бугарија, Миле Јанакиески Петар Мутафчиев, се уверени дека железничкото поврзување на Скопје со Софија ќе биде остварено за време на нивниот мандат. Македонија треба да изгради пруга од 85 километри до границата со Бугарија, а од бугарска страна се недовршени само уште шест километри. Ова го потврдија двајцата министри во Охрид по потпишувањето на документот за соработка за изградба на пругата, која е дел од Коридорот 8 и се протега од Варна во Бугарија до Драч во Албанија.

Токму ваквото железничко поврзување на Европа со Кавказ, подрачје богато со нафта, и регионалното поврзување меѓу трите земји се добра основа, сметаат министрите, да се побараат средства од Европската комисија за финансирање на македонско-бугарското поврзување со железница. До крајот на оваа година ќе биде завршена потребната техничка конструкција, а наредната година и финансиската и потоа ќе се бараат финансиски средства од европските фондови.

Според министерот Јанакиески, на Македонија и' се потребни над 200 милиони евра за изградба на пругата од Скопје до бугарската граница.

Инаку, железничката пруга од Скопје кон бугарската граница започна да се гради пред 15 години, а веќе десет години се запрени сите работи на оваа траса. Според Јанакиески, државата одвојува прилично големи средства за да се конзервира и да се зачува од уништување она што е направено досега.

Двајцата министри најавија и подобро авионско поврзување на Скопје со Софија со четири лета неделно, како и формирање заедничко тело за подобрување на поштенскиот сообраќајот. (МИА)



Ух баш би сакал да е вистина она што го викаат министрите дека до крајот на нивниоте мандати Македонија и Бугарија ќе бидат железнички поврзани, ама мислам дека не е баш реално. Исто  така се сомневам дека потценувачки се зборува за обемот на работата што треба да се изврши на бугарска страна. За градба навистина има малку, ама за темелна реконструкција којзнае колку.



Edited by Cloverstack - 08-Dec-2008 at 17:51
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 16-Dec-2007 at 01:09
Повторно...

http://www.kanal5.com.mk/ShowNews.aspx?ItemID=27285&mid=1500&tabId=1&tabindex=0

Бугарија и Македонија ќе лобираат за довршување на железничката пруга од Коридорот 8
Со пари од европските фондови ќе се доизградува железничката линија кон Бугарија. Македонскиот министер за транспорт Јанакиевски и неговата колешка од Бугарија- Никофорова, заеднички ќе лобираат кај европските лидери за да добијат уште дополнителни 240 милиони евра за доизградба на пругата. Ќе се прави повторна анализа од експерти од двете земји за оправданоста на железничката линија и проектот дури тогаш ќе се достави до европската унија.
 
Со железничкото поврзување се очекува да се зголеми економската соработка меѓу двете земји, особено во услови кога железничкиот транспорт во земјава доживува експанзија.
 
Пругата кон Бугарија започна да се гради уште пред десетина години. Проектот го стопира Светската банка заради економската неоправданост. Но идејата за доизградба повторно се актуализира откако Бугарија стана членка на ЕУ.  
 
Од 89 километри на македонска страна останаа недовршени уште 23. На бугарска страна останаа уште само 2 километри без железничка пруга.. таа е дел од Коридорот 8 еден од најважните делови кој ја поврзува Македонија со европските земји.   

(15.12.2007)





Edited by Cloverstack - 16-Dec-2007 at 01:09
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 16-Dec-2007 at 01:33
Прво директен лет до Софија, сега ова... одлично. Коридорот 8 вклучува и автопат(обиколницата е дел од тој автопат, така?)? 
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 16-Dec-2007 at 02:24
Originally posted by La Linea

Прво директен лет до Софија, сега ова... одлично. Коридорот 8 вклучува и автопат(обиколницата е дел од тој автопат, така?)? 


Да, обиколницата е дел од коридорот 8, ама што се однесува до завршување на пругата, јас не би се радувал без да има нешто поконкретно. Според мене таа треба да е врвен приоритет на државава, ама за жал изгледа не е така...

Сега да не испадне дека за се викам да биде приоритет, еве да резимирам... Кога зборуваме за трнаспорт, коридорот 10 веќе функционира и е профитабилен, па во ред е што се одеше на негово завршување (автопатско) и обнова (железница). Но сега кога такви проекти се подготвени и за нив се обезбедени средства, мислам државата треба што побрзо да се посвети на:
1. Пругата кон Бугарија
2. Урбаните автопати во Скопје
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 28-Dec-2007 at 22:37
Еве уште нешто малце...

Инаку транспортот на стоки расте со голема стапка веќе подолго време и носи убав приход Cheers

http://sitel.com.mk/vesti_det.asp?ID=23157&kategorija=%C5%EA%EE%ED%EE%EC%E8%BC%E0

ЖЕЛЕНИЗЦАТА ТРАНСФОРМИРАНА И БЕЗ НОВИ ДОЛГОВИ



ЈП Македонски железници ја заврши 2007 со позитивни резултати. Најголемиот македонски загубар оваа година не направи нови долгови. Во 2008 влегува со долг од 13 милиони евра откако претходно 70% од долговите презеде Владата.
Годинава ЈП МЖ се подeли на две фирми. Tрансформацијата конечно тргна откако со години се одолговлекуваше. Со овој проект денеска се пофали и Mинистерството за транспорт. Инфраструктурата остана државна, транспортот е АД, но од нова година создадени се сите законски услови овој сектор целосно да се либерализира.
Железницата останува еден од приоритетите и до година. За 2008 предвидени се речиси три милиони евра за инвестиции во железничката инфраструктура. Покрај железничкиот ќе се модернизира и патниот сообраќај односно дел од патиштата ќе одат под концесија. До март треба да биде готова студијата на консултантот Луи Берже.
Во 2007 Министерството почна, до крајот на првата половина од 2008 и ќе ги заврши реформите во воздушниот сектор. До март ќе заврши и трансформацијата на Агенцијата за цивилно воздухопловство, а изработен е и план за модернизација на аеродромите.

НАТАША ХАЏИСПИРКОСКА СТЕФАНОВА



Edited by Cloverstack - 28-Dec-2007 at 22:38
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 13-Jan-2008 at 01:40
Од неодамна повторно се обраќа патничкиот воз за Кочани, ама на уникатен македонски начин...

Nuts  Bash  Nuts


Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 13-Jan-2008 at 17:50
КАТАСТРОФА
BashBashWallbashWallbashBashBash
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 13-Jan-2008 at 22:35
Originally posted by UrbanFreak

КАТАСТРОФА
BashBashWallbashWallbashBashBash


Толку се изнагледав вакви работи, и толку се секојдневие во Македонија, што слатко се изнасмеав кога го гледав. Добро, сепак..... Ohno
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 13-Jan-2008 at 22:41
Да но барем нека ја укинат тогаш таа линија, додека некој не загинал
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 14-Jan-2008 at 07:13
Originally posted by UrbanFreak

Да но барем нека ја укинат тогаш таа линија, додека некој не загинал


Епа сега и ти сакаш да колеш вол за едно кило месо... Не може да се укинува линија ради тоа што они се заебаваат со рампите. Тој проблем мора да се реши... Требало да се реши уште пред да ја пуштат линијата. Ама ете ти македонска работа Roll%20eyes Мизерија... Bash


Edited by Cloverstack - 14-Jan-2008 at 07:16
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 14-Jan-2008 at 11:58
Originally posted by Cloverstack

Originally posted by UrbanFreak

Да но барем нека ја укинат тогаш таа линија, додека некој не загинал


Епа сега и ти сакаш да колеш вол за едно кило месо... Не може да се укинува линија ради тоа што они се заебаваат со рампите. Тој проблем мора да се реши... Требало да се реши уште пред да ја пуштат линијата. Ама ете ти македонска работа Roll%20eyes Мизерија... Bash
 
Токму тоа ми е зборот, не ни требале да је пуштаат додека не си ги средат рампите. А веќе кога не работат јас мислам дека треба да се укине линијата привремено додека тоа не се направи. Безбедноста е поважна од линијата спрема мене. Несфатливо е од јавашлукот и неоговорноста наша да гинат луѓе.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 21-Jan-2008 at 16:59


Еве овде една железницка карта на македонија. Сметам дека освен пруга со бугарија треба да се постави и прашањето на пруга до охрид. Незнам дали таа што ја планираа за албанија треба од овде да поминува? Мислам дека ваква линија би функционирала најдобро од сите линии во Македонија, и би донела најголем профит гледано од туристички аспект. Ја мислам дека просек карта би цинела 500 денари повратна што е за 250 денари поефтино од автобус којшто е 750. Башка поголема комоција. Дајте прелози, мислења, како ви се свиѓа идејава!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 21-Jan-2008 at 17:01
Би можело еве гледам од сопотница до охрид има само 30-тина км. А исто може и кичево сопотница па да имаме кружна линија и ќе овозможи полесно поврзување на градовите од западна.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 21-Jan-2008 at 18:07
Сите тие пруги се планирани, а кога која ќе се изгради е вистинското прашање.

Веќе сум кажал, според мене врвен приоритет е железничко поврзување со Бугарија.

Инаку да, поврзувањето со Албанија во најголем дел би се поклопило со поврзување на Охрид (Коридор 8). Ама поврзување на Охрид во моментов мислам не е баш преголем приоритет затоа што не знам колкав потенцијал за товарен сообраќај би имала таа пруга (товарниот сообраќај е обично најпрофитабилниот дел на железниците, а во Македонија тоа е многу поизразено и не гледам можност тоа да се смени во блиска иднина). Поврзувањето со Албанија - пред се Драч, би оправдало да се посвети поголемо внимание на тој правец (автоматски и Охрид), ама за жал во Албанија моменталната состојба на железницата е тотално катастрофична. Кога ние би граделе врска со Албанија, ќе треба да е осигурано дека и во Албанија ќе се пристапи на комплетна реконструкција на пругата од Драч до Македонија. Значи нас ни останува во овој момент максимално да работиме на пругата до Паланка, а и оние 2 километри до аеродромот крајно време е да се изградат.


Edited by Cloverstack - 21-Jan-2008 at 18:08
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 21-Jan-2008 at 18:12
Абе и да не го изгради албанија својот дел пак ние не губи се, ќе ни остане поврзаноста со охрид, ама кај и да е албанија мислам дека ќе го изгради својот дел, кога тогаш.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 21-Jan-2008 at 18:18
Да градиме чисто врска со Охрид е пропала инвестиција во моментов, а и во догледна иднина. А како дел од коридор 8 реков дека сум за, ама не со такво нагаѓање дека кад-тад ќе изградат Албанците, туку само кога тоа ќе биде цврсто договорено, со обезбедени средства итн.

Edited by Cloverstack - 21-Jan-2008 at 18:19
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 29-Jan-2008 at 21:22
пругата до Бугарија мора да се заврши што поскоро тоа е голем проект и навистина Македонија ќе има поврзаност со цела Источна Европа на многу покус пат него преку Србија
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 29-Jan-2008 at 21:43
a dali e pocnato nesto vo izgradbata na prugata kon bugarija ?
do kaj se rabotive .
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 29-Jan-2008 at 22:50
Originally posted by mitatos

a dali e pocnato nesto vo izgradbata na prugata kon bugarija ?
do kaj se rabotive .


Во 90-тите за време на ембаргото од грција и санкциите спрема СРЈ, кога дојде нож до коска, почнавме да работиме на пругава. До Бељаковце си имаше стара пруга која е реновирана, а почната е и изградба спрема К.Паланка. После тоа се батали и ден денеска уште спиеме Roll%20eyes

Веќе ми се испомешани евра и долари, ама мислам дека во пругата се инвестирани 100-150 милиони УСД (зависи од кој извор читаш), а потребни се уште 180-250 милиони (исто зависи од изворот).

Еве ти неколку слики од еден недоизграден вијадукт:

1.


2.


3.


4.
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 29-Jan-2008 at 22:53
ovoj proekt mu e mnogu potreben na nasava drzava barem sekoja godina da odvojat po edno 30-40 miljoni evra taman ke se dogradi za 2-3 godini ama toa e toa pamet
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 33>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.295 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.