Print Page | Close Window

Инфраструктура (општо)

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Железници
Forum Discription: Возен парк, инфраструктура, железнички станици...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=476
Printed Date: 09-Apr-2020 at 21:51


Topic: Инфраструктура (општо)
Posted By: Cloverstack
Subject: Инфраструктура (општо)
Date Posted: 04-Oct-2007 at 18:45

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=9E785CE2984DD5479C0335054A3C52FA - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=9E785CE2984DD5479C0335054A3C52FA


Македонија и Бугарија ќе бараат пари за железничко поврзување од ЕУ

Нашата држава треба да изгради пруга од 85 километри до границата со Бугарија

Министрите за транспорт и врски на Македонија и на Бугарија, Миле Јанакиески Петар Мутафчиев, се уверени дека железничкото поврзување на Скопје со Софија ќе биде остварено за време на нивниот мандат. Македонија треба да изгради пруга од 85 километри до границата со Бугарија, а од бугарска страна се недовршени само уште шест километри. Ова го потврдија двајцата министри во Охрид по потпишувањето на документот за соработка за изградба на пругата, која е дел од Коридорот 8 и се протега од Варна во Бугарија до Драч во Албанија.

Токму ваквото железничко поврзување на Европа со Кавказ, подрачје богато со нафта, и регионалното поврзување меѓу трите земји се добра основа, сметаат министрите, да се побараат средства од Европската комисија за финансирање на македонско-бугарското поврзување со железница. До крајот на оваа година ќе биде завршена потребната техничка конструкција, а наредната година и финансиската и потоа ќе се бараат финансиски средства од европските фондови.

Според министерот Јанакиески, на Македонија и' се потребни над 200 милиони евра за изградба на пругата од Скопје до бугарската граница.

Инаку, железничката пруга од Скопје кон бугарската граница започна да се гради пред 15 години, а веќе десет години се запрени сите работи на оваа траса. Според Јанакиески, државата одвојува прилично големи средства за да се конзервира и да се зачува од уништување она што е направено досега.

Двајцата министри најавија и подобро авионско поврзување на Скопје со Софија со четири лета неделно, како и формирање заедничко тело за подобрување на поштенскиот сообраќајот. (МИА)



Ух баш би сакал да е вистина она што го викаат министрите дека до крајот на нивниоте мандати Македонија и Бугарија ќе бидат железнички поврзани, ама мислам дека не е баш реално. Исто  така се сомневам дека потценувачки се зборува за обемот на работата што треба да се изврши на бугарска страна. За градба навистина има малку, ама за темелна реконструкција којзнае колку.




Replies:
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 16-Dec-2007 at 01:09
Повторно...

http://www.kanal5.com.mk/ShowNews.aspx?ItemID=27285&mid=1500&tabId=1&tabindex=0 - http://www.kanal5.com.mk/ShowNews.aspx?ItemID=27285&mid=1500&tabId=1&tabindex=0

Бугарија и Македонија ќе лобираат за довршување на железничката пруга од Коридорот 8
Со пари од европските фондови ќе се доизградува железничката линија кон Бугарија. Македонскиот министер за транспорт Јанакиевски и неговата колешка од Бугарија- Никофорова, заеднички ќе лобираат кај европските лидери за да добијат уште дополнителни 240 милиони евра за доизградба на пругата. Ќе се прави повторна анализа од експерти од двете земји за оправданоста на железничката линија и проектот дури тогаш ќе се достави до европската унија.
 
Со железничкото поврзување се очекува да се зголеми економската соработка меѓу двете земји, особено во услови кога железничкиот транспорт во земјава доживува експанзија.
 
Пругата кон Бугарија започна да се гради уште пред десетина години. Проектот го стопира Светската банка заради економската неоправданост. Но идејата за доизградба повторно се актуализира откако Бугарија стана членка на ЕУ.  
 
Од 89 километри на македонска страна останаа недовршени уште 23. На бугарска страна останаа уште само 2 километри без железничка пруга.. таа е дел од Коридорот 8 еден од најважните делови кој ја поврзува Македонија со европските земји.   

(15.12.2007)





Posted By: La Linea
Date Posted: 16-Dec-2007 at 01:33
Прво директен лет до Софија, сега ова... одлично. Коридорот 8 вклучува и автопат(обиколницата е дел од тој автопат, така?)? 

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 16-Dec-2007 at 02:24
Originally posted by La Linea

Прво директен лет до Софија, сега ова... одлично. Коридорот 8 вклучува и автопат(обиколницата е дел од тој автопат, така?)? 


Да, обиколницата е дел од коридорот 8, ама што се однесува до завршување на пругата, јас не би се радувал без да има нешто поконкретно. Според мене таа треба да е врвен приоритет на државава, ама за жал изгледа не е така...

Сега да не испадне дека за се викам да биде приоритет, еве да резимирам... Кога зборуваме за трнаспорт, коридорот 10 веќе функционира и е профитабилен, па во ред е што се одеше на негово завршување (автопатско) и обнова (железница). Но сега кога такви проекти се подготвени и за нив се обезбедени средства, мислам државата треба што побрзо да се посвети на:
1. Пругата кон Бугарија
2. Урбаните автопати во Скопје


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 28-Dec-2007 at 22:37
Еве уште нешто малце...

Инаку транспортот на стоки расте со голема стапка веќе подолго време и носи убав приход Cheers

http://sitel.com.mk/vesti_det.asp?ID=23157&kategorija=%C5%EA%EE%ED%EE%EC%E8%BC%E0 - http://sitel.com.mk/vesti_det.asp?ID=23157&kategorija=%C5%EA%EE%ED%EE%EC%E8%BC%E0

ЖЕЛЕНИЗЦАТА ТРАНСФОРМИРАНА И БЕЗ НОВИ ДОЛГОВИ



ЈП Македонски железници ја заврши 2007 со позитивни резултати. Најголемиот македонски загубар оваа година не направи нови долгови. Во 2008 влегува со долг од 13 милиони евра откако претходно 70% од долговите презеде Владата.
Годинава ЈП МЖ се подeли на две фирми. Tрансформацијата конечно тргна откако со години се одолговлекуваше. Со овој проект денеска се пофали и Mинистерството за транспорт. Инфраструктурата остана државна, транспортот е АД, но од нова година создадени се сите законски услови овој сектор целосно да се либерализира.
Железницата останува еден од приоритетите и до година. За 2008 предвидени се речиси три милиони евра за инвестиции во железничката инфраструктура. Покрај железничкиот ќе се модернизира и патниот сообраќај односно дел од патиштата ќе одат под концесија. До март треба да биде готова студијата на консултантот Луи Берже.
Во 2007 Министерството почна, до крајот на првата половина од 2008 и ќе ги заврши реформите во воздушниот сектор. До март ќе заврши и трансформацијата на Агенцијата за цивилно воздухопловство, а изработен е и план за модернизација на аеродромите.

НАТАША ХАЏИСПИРКОСКА СТЕФАНОВА



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 13-Jan-2008 at 01:40
Од неодамна повторно се обраќа патничкиот воз за Кочани, ама на уникатен македонски начин...

Nuts  Bash  Nuts

[tube]r_B3buCbsi0[/tube]


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 13-Jan-2008 at 17:50
КАТАСТРОФА
BashBashWallbashWallbashBashBash


Posted By: La Linea
Date Posted: 13-Jan-2008 at 22:35
Originally posted by UrbanFreak

КАТАСТРОФА
BashBashWallbashWallbashBashBash


Толку се изнагледав вакви работи, и толку се секојдневие во Македонија, што слатко се изнасмеав кога го гледав. Добро, сепак..... Ohno


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 13-Jan-2008 at 22:41
Да но барем нека ја укинат тогаш таа линија, додека некој не загинал


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 14-Jan-2008 at 07:13
Originally posted by UrbanFreak

Да но барем нека ја укинат тогаш таа линија, додека некој не загинал


Епа сега и ти сакаш да колеш вол за едно кило месо... Не може да се укинува линија ради тоа што они се заебаваат со рампите. Тој проблем мора да се реши... Требало да се реши уште пред да ја пуштат линијата. Ама ете ти македонска работа Roll%20eyes Мизерија... Bash


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 14-Jan-2008 at 11:58
Originally posted by Cloverstack

Originally posted by UrbanFreak

Да но барем нека ја укинат тогаш таа линија, додека некој не загинал


Епа сега и ти сакаш да колеш вол за едно кило месо... Не може да се укинува линија ради тоа што они се заебаваат со рампите. Тој проблем мора да се реши... Требало да се реши уште пред да ја пуштат линијата. Ама ете ти македонска работа Roll%20eyes Мизерија... Bash
 
Токму тоа ми е зборот, не ни требале да је пуштаат додека не си ги средат рампите. А веќе кога не работат јас мислам дека треба да се укине линијата привремено додека тоа не се направи. Безбедноста е поважна од линијата спрема мене. Несфатливо е од јавашлукот и неоговорноста наша да гинат луѓе.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 21-Jan-2008 at 16:59


Еве овде една железницка карта на македонија. Сметам дека освен пруга со бугарија треба да се постави и прашањето на пруга до охрид. Незнам дали таа што ја планираа за албанија треба од овде да поминува? Мислам дека ваква линија би функционирала најдобро од сите линии во Македонија, и би донела најголем профит гледано од туристички аспект. Ја мислам дека просек карта би цинела 500 денари повратна што е за 250 денари поефтино од автобус којшто е 750. Башка поголема комоција. Дајте прелози, мислења, како ви се свиѓа идејава!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 21-Jan-2008 at 17:01
Би можело еве гледам од сопотница до охрид има само 30-тина км. А исто може и кичево сопотница па да имаме кружна линија и ќе овозможи полесно поврзување на градовите од западна.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 21-Jan-2008 at 18:07
Сите тие пруги се планирани, а кога која ќе се изгради е вистинското прашање.

Веќе сум кажал, според мене врвен приоритет е железничко поврзување со Бугарија.

Инаку да, поврзувањето со Албанија во најголем дел би се поклопило со поврзување на Охрид (Коридор 8). Ама поврзување на Охрид во моментов мислам не е баш преголем приоритет затоа што не знам колкав потенцијал за товарен сообраќај би имала таа пруга (товарниот сообраќај е обично најпрофитабилниот дел на железниците, а во Македонија тоа е многу поизразено и не гледам можност тоа да се смени во блиска иднина). Поврзувањето со Албанија - пред се Драч, би оправдало да се посвети поголемо внимание на тој правец (автоматски и Охрид), ама за жал во Албанија моменталната состојба на железницата е тотално катастрофична. Кога ние би граделе врска со Албанија, ќе треба да е осигурано дека и во Албанија ќе се пристапи на комплетна реконструкција на пругата од Драч до Македонија. Значи нас ни останува во овој момент максимално да работиме на пругата до Паланка, а и оние 2 километри до аеродромот крајно време е да се изградат.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 21-Jan-2008 at 18:12
Абе и да не го изгради албанија својот дел пак ние не губи се, ќе ни остане поврзаноста со охрид, ама кај и да е албанија мислам дека ќе го изгради својот дел, кога тогаш.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 21-Jan-2008 at 18:18
Да градиме чисто врска со Охрид е пропала инвестиција во моментов, а и во догледна иднина. А како дел од коридор 8 реков дека сум за, ама не со такво нагаѓање дека кад-тад ќе изградат Албанците, туку само кога тоа ќе биде цврсто договорено, со обезбедени средства итн.


Posted By: Supervisor
Date Posted: 29-Jan-2008 at 21:22
пругата до Бугарија мора да се заврши што поскоро тоа е голем проект и навистина Македонија ќе има поврзаност со цела Источна Европа на многу покус пат него преку Србија

-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: mitatos
Date Posted: 29-Jan-2008 at 21:43
a dali e pocnato nesto vo izgradbata na prugata kon bugarija ?
do kaj se rabotive .


-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 29-Jan-2008 at 22:50
Originally posted by mitatos

a dali e pocnato nesto vo izgradbata na prugata kon bugarija ?
do kaj se rabotive .


Во 90-тите за време на ембаргото од грција и санкциите спрема СРЈ, кога дојде нож до коска, почнавме да работиме на пругава. До Бељаковце си имаше стара пруга која е реновирана, а почната е и изградба спрема К.Паланка. После тоа се батали и ден денеска уште спиеме Roll%20eyes

Веќе ми се испомешани евра и долари, ама мислам дека во пругата се инвестирани 100-150 милиони УСД (зависи од кој извор читаш), а потребни се уште 180-250 милиони (исто зависи од изворот).

Еве ти неколку слики од еден недоизграден вијадукт:

1.


2.


3.


4.


Posted By: mitatos
Date Posted: 29-Jan-2008 at 22:53
ovoj proekt mu e mnogu potreben na nasava drzava barem sekoja godina da odvojat po edno 30-40 miljoni evra taman ke se dogradi za 2-3 godini ama toa e toa pamet

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: La Linea
Date Posted: 29-Jan-2008 at 22:56
Имаше одмамна репортажа за железницава, мислам баш за вијадуктов. Кажуваа дека ги краделе арматурите што штрчеле и ги продавале како старо железо. Колку повеќе се чека толку полошо. 

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: mitatos
Date Posted: 29-Jan-2008 at 22:57
haha ke pocnat i prugite da gi kornat )))
viva la macedonia


-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: Supervisor
Date Posted: 29-Jan-2008 at 23:43
абре може пак ке има ембарго од Грција па ке ни треба пругата под итно Big%20smile 
Шала, како и да е мора да се заврши пругава од големо значење е се изјаснив претходно...


-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 30-Jan-2008 at 10:03
Скоро и од наша и од бугарска страна беа доставени барања до ЕУ за пари од нивните фондови за да се догради пругата. Некако не беа нешто претерано ентузијасти европјаниве. Сепак, Бугарија се изјасни дека сега како членка на ЕУ повеќе ќе притискала да ги добиеме тие пари и конечно веќе да ја изградиме проклетата пруга.


Posted By: Supervisor
Date Posted: 30-Jan-2008 at 15:37
Добар дел од инфраструктурата е изграден се надевам дека во скоро време ке се продолжи кон остварување на целта.

-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: vardar
Date Posted: 24-Apr-2008 at 00:08
Обновена пругата кај Илинден


Ремонтираната пруга на делницата Илинден-Расапница, која е дел од Коридорот 10, вчера свечено беше пуштена во сообраќај. На свеченоста присутни беа генералниот директор на Транспорт - АД Македонски Железници, Благој Крстевски и директорот на Инфраструктурата, Никола Димитровски. И покрај најавата за присуство на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, тој не дојде поради обврски.

Инаку, реконструираната делница, е во должина од 4,5 километри, а инвестицијата изнесува над 40 милиони денари. Со ова практично се продолжува во континуитет ремонтот на Коридорот 10, од Табановце до Гевгелија. Крстевски се пожали дека имаат проблем со намален обем на патничкиот и на товарниот сообраќај со Грција. Според него, причина за тоа е спорот со Грција околу името, но и штрајковите на солунското пристаниште и на грчката Железница. Од Железницата најавуваат и во иднина подобрување на железничката инфраструктура низ земјава.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=B5B2D15BF03672438769564BAC0F79DF - Vecer
 


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 08-May-2008 at 23:05

310 вагони од Македонија чекаат на влез во Грција

... Според информациите од „Македонски железници“, уште 200 товарни македонски вагони во Солун чекаат да тргнат кон Македонија ...
... Од 1 јануари годинава до денеска 73 дена периодично бил блокиран железничкиот транспортен сообраќај од страна на Грција кон Македонија ...

[TUBE]NGJE7TWHgEw[/TUBE]
A1 TV
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=92654 - http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=92654


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 09-May-2008 at 04:27
Треба конечно да се опаметиме и оние работи кои се од од легален карактер и каде грците не можат да се бранат со политички аргументи да ги вадиме пред надлежните меѓународни институции и судови. Државата секако треба да ги координира активностите и да се осигура да сме стручно максимално добро екипирани за една таква офанзива.


Posted By: vardar
Date Posted: 09-May-2008 at 12:13
Грциве тргнаа во тивка офанзива прво авионите сега ова а нашиве ко по обичај спијат или пак се повикуваат на некои меѓународни спогодби кои грците не ги фермаат, тоа тие немаме каде....


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 09-May-2008 at 13:46
Па за жал и за тоа дека немаме каде сме самите виновни. Поврзувањето со Албанија и Бугарија никогаш не го свативме сериозно. Од сам почеток трубам дека пругата кон Бугарија ни е врвен приоритет, а треба да се мисли и на пруга кон Албанија и на подобро транспортно поврзување во сите правци и на сите начини воопшто. Македонија. од една мала раскрсница на Балканот која може да има голема корист од тој факт, со сила ја претвораме во слепо црево и зависна од Грција која ни наштетува на секој можен начин.


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 09-May-2008 at 18:47
Тужба до меѓународен суд со барање на оштета за секоја блокада, па колку и да трае тој процес, еднаш ќе мора да платат за штетите што ги нанесуваат.

Секако дека према Бугарија е потребен коридор, но по мое мислење нас ни треба блиско пристаниште, а тоа го има Албанија - па каде побрзо ?!

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: pbanks
Date Posted: 09-May-2008 at 18:56
Originally posted by Vladimir P

Тужба до меѓународен суд со барање на оштета за секоја блокада, па колку и да трае тој процес, еднаш ќе мора да платат за штетите што ги нанесуваат.

Секако дека према Бугарија е потребен коридор, но по мое мислење нас ни треба блиско пристаниште, а тоа го има Албанија - па каде побрзо ?!


се сложувам ко ќе се воспостави добра комуникација со Драч Солун многу ќе изгуби на важност.

Но... проблемот со Албанија не е само нашиот дел од пругата туку и нивниот како и капацитетот на самото пристаниште во Драч. Сепак и јас би го ставил сегментот Кичево-Струга (Охрид) во приоритетите. Теренот е малку незгоден во делот кај Кичево но делницата не е голема.


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 09-May-2008 at 19:28
Пристаништето Драч брзо ќе го доземат италијаните цел така да и во нивни интерес ќе биде да изградат инфраструктура, а и европска ќе турка да ја среди Ал.

А дека тоа е стратески уште и отоманската инперија го имала тој коридор во сите планови, а и во 1916 германците ја градат пругата за Ал. но стигнале до Тасмаруниште.

Стално некој и нешто на удира по глава и не се довршува ништо.


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 09-May-2008 at 20:48
Добро, тоа за Албанија секако држи, но поентата е дека за тоа сме сепак зависни и од други фактори. А во врска со Бугарија сите овие години зависеше само од нас. Доколку го изградевме делот што фали, веднаш ќе имавме врска со железничка мрежа и пристаниште во употреблива состојба.


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 09-May-2008 at 21:23
Дека ни треба врска со БГ е неминовност, мораме да го имаме тој влез-излес, но со нивното пристаниште ???

Предолг-прескап транспорт до тамо, и исто и бротскиот (осим за се што е од Русија)

Иначе Турција за да го заштити Босвор почнува да редуцира транспортот низ него (после толкуте хаварии во него)


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 09-May-2008 at 21:31
Originally posted by Vladimir P

Дека ни треба врска со БГ е неминовност, мораме да го имаме тој влез-излес, но со нивното пристаниште ???

Предолг-прескап транспорт до тамо, и исто и бротскиот (осим за се што е од Русија)


Не сум стручњак, ама мислам дека кога се работи за превоз на големи растојанија, разликата дали одредена роба ќе оди преку Солун или Бургас е занемарлива. Втор важен фактор во равенката би било тоа што Солун е прилично скапо пристаниште.
А и црното море не е за потценување бидејќи од таму ни доаѓа нафта и сировини за металургијата, а во иднина веројатно ќе бидеме и уште повеќе економски поврзани со тој басен.

Во секој случај, со сите овие блокади и опструкции од Грција, недостатоците на Бургас стануваат занемарливи. Исто така би било нормално да се очекува дека ако имаме избор, Грците не само што ќе престанат со блокади, туку веројатно и цените на услугите значително ќе паднат.


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 09-May-2008 at 21:55
Originally posted by Cloverstack

... нормално да се очекува дека ако имаме избор, Грците не само што ќе престанат со блокади, туку веројатно и цените на услугите значително ќе паднат.

Thumbs%20Up


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 11-May-2008 at 21:45
KОРИДОР VIII
Еве како не гледа
United Nations Economic Commission for Europe http://www.unece.org - http://www.unece.org
Ни главниот град не знаат каде е и дека е главен

Но затоа Тирана и Софија се тука


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 11-May-2008 at 21:57
Но затоа Тирана и Софија се тука


Добро сега, не верувам дека е некоја завера хехе... Едноставно неспособни глупаци има насекаде да ги ринеш со лопата, па ни очигледно UNECE не е исклучок...

Туку да те прашам, знаеш ли кој е точно неодамна модернизираниот сегмент Илинден-Расапница? Од Илинден накај Куманово, накај Трубарево или накај Драчево??? Сакам да одам да сликнам, ама тоа не е баш мал терен за покривање ако човек не знае каде точно да отиде...


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 11-May-2008 at 22:05
Ма јасно дека не е завера, него колку се знае за МК, тоа повеке ме боли, за кое со сигурност тврдам дека ние самите сме најповеќе криви.

Утре ке прашам тачно која делница е


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 11-May-2008 at 22:27
Да сега го најдов податокот
Илинден - Расапница во должина од 4,5 километри


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 12-May-2008 at 12:40
Маџари - Илинден

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 12-May-2008 at 12:59
Thumbs%20Up


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 13-May-2008 at 19:19
ШЕСТИ ДЕН НА ГРЧКАТА БЛОКАДА

[TUBE]bAkozcDpEMs[/TUBE]

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: vardar
Date Posted: 14-May-2008 at 11:53

ЗАПРЕН ТРАНСПОРТОТ КОН ПРИСТАНИШТЕТО ВО СОЛУН

Грци блокираат македонски, а пуштаат српски вагони

Дури510товарни вагони на „Македонски железници“ веќе шест дена се заглавени во земјава поради штрајкот на грчките железничари

Грците ги блокираат македонските товарни вагони, а пуштаат српски. Раководството на грчката железница вчера дозволи влез за три српски вагони со шеќер, чие крајно одредиште е градот Лариса, додека 510 товарни вагони на „Македонски железници“ веќе шест дена се заглавени во земјава поради штрајкот на грчките железничари.  Грците ни најавија дека ќе ги примат овие вагони на своја територија и поради тоа треба да им овозможиме транзит низ Македонија - изјави Благоја Крстевски, директор на „Македонски железници-транспорт“.Ова не е првпат годинава железничкиот транспорт кон Грција да биде блокиран. Според Крстевски, од 132 работни дена годинава, 74 дена имало застој во товарниот сообраќај на железницата поради блокада од грчка страна. Финансиската штета може да се мери со стотина илјади евра. Во просек дневно превезуваме по два милиона нето-тонски километри, а последниве денови паднавме на само 300.000. Со Грците никогаш не се знае. Некогаш штрајкуваат железничарите, пристанишните работници или камионџиите. Постојано имаат оправдување, а штетите паѓаат на наш товар - вели тој.Во следните денови се очекува да заглави и камионскиот транспорт поради најавените штрајкови на работниците од пристаништата во Солун и во Пиреја.

ШТЕТАТА ЗА МАКЕДОНИЈА

На македонска територија се заглавени и стотина вагони на австриската и на српската железница, а трошоците ги плаќа нашата железница. Минатонеделниот состанок во „Македонски железници“ со грчките и со српските колеги резултира само со најава дека возовите ќе почнат да сообраќаат кон грчките пристаништа. МЖ ја извести Европската асоцијација на железници за прекинот на сообраќајот.Во македонските фирми ги пресметуваат загубите од неколкудневниот застој во транспортот. Челичарницата „Макстил“ е еден од најголемите корисници на железничкиот транспорт, со годишен превоз на 600.000 тони. Поради блокадата, во складиштата им стојат околу 25.000 тони лимови, кои треба да се превезат до солунското пристаниште. Уште 170 вагони со 5.300 тони лимови стојат натоварени на македонските пруги. Во солунското пристаниште за товарање чекаат 10.000 тони челични слапови. Во пат-позиција сме. Наместо да се намалуваат количините, постојано се трупаат нови. Вообичаено, четири дена се потребни за товарање еден вагон, превоз и за истовар во Солун. Сега вагоните стојат по 10 дена на македонска територија - изјави Јане Адамчевски, раководител за транспорт во „Макстил“.

АЛТЕРНАТИВЕН ПАТ

Тој вели дека мора долгорочно да се најдат алтернативни пристаништа за македонските фирми.Сега не можеме да извезуваме преку други пристаништа. Тие веќе си имаат договорени зделки, па бараат повисока цена или треба да чекаме предолго - истакнува Адамчевски.Според Илија Гечев, сопственик на „ИГМ Трејд“, пристаништето во Солун е тесно грло за Македонија. Мора да се има алтернативни патишта кон Бургас и кон Драч. Ние најчесто користиме камионски превоз, но поради честите блокади на грчките пристаништата секој транспорт е поскап. Сега чекаме нова технолошка опрема од САД, а има најава за нов штрајк во Солун и во Пиреја поради приватизацијата на грчките пристаништа. Тоа е голема пречка - вели Гечев.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=C438878F5681BB4BB3C65F343DCBD658 - http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=C438878F5681BB4BB3C65F343DCBD658
 


Posted By: pbanks
Date Posted: 14-May-2008 at 15:22


Коридор 8 или инфраструктурен мрак
Македонија


Македонија мора да најде начин да ја продолжи пругата кон Бугарија и Албанија бидејќи се покажа дека домашната економија со слепите улички во железничката инфраструктура во овие два правца вечно може да остане зависна од политичките или од економските проблеми што се случуваат во соседна Грција, односно по правецот север-југ. Доказ за тоа е што од почетокот на годинава досега повеќе од 73 дена, вагони натоварени со стока од македонски компании не можеле да минат на грчка територија до солунското пристаниште, а од таму до потрошувачите во светот. Проблемот е идентичен и за увозните компании, чии контејнери по неколку месеци се заглавени по европските пристаништа. Образложението од грчка страна е дека причина за застојот се штрајкови.
Познавачите велат дека Македонија, како најзасегната, треба да биде двигател во барањето пари и во обезбедувањето поддршка од Италија, Албанија, Бугарија и од Турција, земји што покрај нашата ќе имаат огромна економска корист од доизградбата на инфраструктурата по Коридорот 8, со кој треба да се поврзат Јадранско и Црното Море. Во изминативе петнаесетина години на средбите меѓу високи функционери од овие земји, освен ветувања, декларации за забрзување и студии по прашањето како да се финансира изградбата на Коридорот 8, не се најде точна формула, ниту пак се дефинира временска рамка за целосна реализација на овој проект.

Македонија мора да има железнички излез на три мориња

Развојот на бизнисот на големите компании од челичната индустрија што ги рестартираа капацитетите во некогашна железарница и кои се најголеми извозници на стока од земјава многу зависи и од развојот на инфраструктурата. „Макстил“, „Митал“, „Фени“, компании што го полнат македонскиот буџет поради блокадите од Грција, сега се принудени да бараат алтернативни и брзи решенија, кои ги зголемуваат нивните трошоци за работа. Во „Макстил“ велат дека сега возовите со нивната стока преку Ниш ги испраќаат до Бургас и дека како можност се разгледува и препраќање до Бари.
- Принудени сме да кружиме и по 300 километри, што се разбира ги зголемува трошоците за работа. Се јавува и проблем со протокот на стоката, бидејќи железничката инфраструктура во Ниш не ќе може да го издржи напливот што се случува поради блокадите во Грција - вели Александар Панов, генерален директор на „Макстил“.
Тој додава дека Македонија мора да најде алтернативни инфраструктурни решенија за транспорт на стоките надвор од земјава, бидејќи во спротивно последиците по бизнисот во земјава ќе бидат големи.
- Не треба да се бега од сериозните задачи. Изградбата на железничката пруга по Коридорот 8 мора да се сфати како најитна работа. Не држат образложенијата дека проблемот е да се обезбедат пари за реализација, бидејќи тоа е најисплатлива инвестиција за државите во регионот како од економски, така и од еколошки аспект. Во Македонија треба приоритет да биде изградбата на Коридорот 8, бидејќи нашата земја мора да има железнички излез на три мориња - вели Панов.
Тој вели дека компаниите од челичната индустрија мораат да имаат пристап до квалитетна и постојана инфраструктура, бидејќи во спротивно тешко можат да го планираат развојот на долг рок. Според него, тоа важи за целата македонска економија.

Увозниците принудно истоваруваат во Италија, Турција и во Египет

Македонски компании што преку солунското пристаниште увезуваат суровини и стока во земјава и по неколку месеци се принудени да чекаат на испорака. Поради блокадите на јужниот сосед, нивните контејнери што со бродови од Кина, Индија и други локации во светот досега се истоваруваа во Солун, сега принудно завршуваат на пристаништата во Европа, па дури и во Египет. Аритон Марковски од фирмата „Калцоне“ вели дека повеќе од два месеца не можат да ги подигнат суровините, бидејќи поради блокадите во Солун нивната стока била истоварена во пристаниште во Италија.
- Процедурите за да ги донесеме суровините од Италија се пресложени. За македонски камион да ја подигне стоката потребно е таа најпрво да биде транспортирана до Бари од италијански компании. Тоа се огромни трошоци, а штетата по нашиот бизнис е непроценлива - вели Марковски.
Тој додава дека не верува во приказните дека блокадите се поради штрајкови на работниците во пресрет на приватизирањето на солунското пристаниште.
- Тие се должни да плаќаат лежарина кога стоката поради нивна вина ќе биде истоварена на друго место. Тоа се огромни трошоци. Од друга страна, јавна тајна е дека на пристаништето се пропушта стоката на грчките компании -вели Марковски.
Тој вели дека во иднина мора и треба да се размислува за користење на пристаништата во Албанија и во Бугарија, без разлика дали тоа ќе ја зголеми цената на производите.

Ако можело да се даваат концесии во 1873-та, може и денес

Пругата од Солун до Скопје почнала да функционира во 1873 година, а била изградена со издавање под концесија на банкар од Белгија, кој ја зел на 99 години. Според познавачите, ваквиот тип инвестирање во железницата е сосема оправдан и во денешно време. Процените се дека околу половина милијарда евра се потребни да се поврзе македонската железничка инфраструктура со Албанија и со Бугарија. Неофицијалните податоци покажуваат дека околу 234 милиони евра се потребни за доизградба на почнатата пруга кон Бугарија, која во должина од околу 23 километри треба од Куманово, преку Крива Паланка да се поврзе со бугарската железница. Досега во овој проект биле инвестирани околу 200 милиони евра. Повеќе од 250 милиони евра ќе бидат потребни за Македонија, преку Кичево, да се поврзе со албанската железница.


Фактографија на македонскиот железнички транспорт

924 километри пруги
21 дизел-локомотиви „Кенеди“, просечна старост 35-40 години (модернизирани)
12 гарнитури дизел-возови „Шпанци“, од кои само три се активни
8 маневарски дизел-локомотиви
16 електролокомотиви
4 електромоторни воза „Горбачов“, од кои два се исправни
1.552 товарни вагони
75 патнички вагони, од кои 50 исполнуваат услови за меѓународен транспорт


Конечно профункционира сообраќајот кон Грција

Грција по шест дена блокада конечно почна да пропушта товарни возови од Македонија, јави „Нетпрес“. Засега ќе бидат пропуштени некои од возовите што беа блокирани, а во текот на денешниот ден се очекува целосно да се нормализира сообраќајот. Блокадата од Грција периодично трае од почетокот на годинава, а како главна причина се наведуваат штрајковите на работниците во грчката железница и во солунското пристаниште.


Лани 26 отсто пораст во товарниот транспорт

За околу 26 отсто повеќе тонски километри остварила железницата во 2007 година во споредба со годината пред тоа. Во „МЖ АД Транспорт“ информираа дека тоа се должи на зголемениот товарен транспорт од големите компании-корисници на железницата. Оттаму додаваат дека околу 57 отсто од товарниот транспорт железницата го остварила превезувајќи стоки на големите компании како „Макстил“, „Митал“ и „Фени“, а околу 32 отсто од транзит.


http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=0&EditionID=1009&ArticleID=54278 - http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=0&EditionID=1009&ArticleID=54278


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 15-May-2008 at 00:02
Инфо од Нова Македонија
Конечно профункционира сообраќајот кон Грција



Нема везе, тек можда утре по нивиот допис, во што неверувам



-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 15-May-2008 at 00:08


Значи утре пак нема да е добар ден да се отиде да се сликаат и снимаат возови... Јас па баш мислев да одам утре на некоја „стратешка“ локација и дека ќе имам можност да регистрирам голема фреквенција разноразни возови поради тоа што закрчените станици конечно ќе почнат да се празнат со забрзано темпо. Ајде те молам ако можеш извести ме кога навистина ќе почнат да се движат возовите максимално.


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 15-May-2008 at 20:45
На полноќ би требало да престане блокадата ???!!!
(за фотканје лошо Ohno ако се деси)

Иначе работата била (непотврдено) приватизација на пристанистето во Солун и бунт на вработените.


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 15-May-2008 at 20:55
Originally posted by Vladimir P

На полноќ би требало да престане блокадата ???!!!
(за фотканје лошо Ohno ако се деси)


Па ваљда нема да се испразни одма све?!?
Од тоа што читав ваму-таму, дури и станиците во Србија биле пренатрупани со композиции што чекале за Солун, па престанале да ги примаат возовите што иделе од Маџарска у тој правец.


Иначе работата била (непотврдено) приватизација на пристанистето во Солун и бунт на вработените.


Веќе ни е јасно на сите дека кај Грците континуирано има некаков проблем кој што највеќе се одразува на Македонската економија и одбивам да верувам дека сето тоа е некаква коинциденција. Знаеме со кого си имаме работа и крајно време е да ни дојде умот и да почнеме да се однесуваме одговорно кон самите себе и својата сопствена иднина. Ни требаат решенија за ваквата ситуација и државава конечно мора да направи жртви и вложувања за тие решенија да се реализираат! Колку повеќе одлагаме, толку повеќе им правиме услуга на Грците а штета на самите себе си!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 15-May-2008 at 21:08
Абе мене пругара о албнаија ми изглеа како поголем приоритет со бугарија.
Пошо одовамо е поотворена према море. Бугарија ни треба за руската нафта. Како и да мора коридорите да ги изградиме.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 15-May-2008 at 21:27
Originally posted by lslcrew

Абе мене пругара о албнаија ми изглеа како поголем приоритет со бугарија.
Пошо одовамо е поотворена према море. Бугарија ни треба за руската нафта. Како и да мора коридорите да ги изградиме.


Абе јас сум за двете, ама пошто капацитетот не ни е толкав двете одеднаш да ги истуркаме, мора да се реши која да ни биде приоритетна. Според мене, сега треба апсолутно да се сконцентрираме на пругата спрема Бугарија од повеќе причини.

- Прво таа е почната и лошо е кога работите се оставаат недовршени.
- Второ, а делумно како последица и на претходното, изградбата према Бугарија би не коштала помалку и во време и во пари.
- Трето, заедно со Бугарија како членка на ЕУ, полесно би се избориле евентуално за одредени средства од надвор, во било која форма.
- Четврто, како што веќе имам кажано, поврзување со Бугарија значи поврзување со солидна железничка мрежа и солидно пристаниште. Албанија ќе треба да ја чекаме да направи огромни инвестиции и во железницата и во пристаништето, за да можеме вистински да се орјентираме натака.
- Петто, во моментов не можеме да си дозволиме да бидеме пребирливи и да му наоѓаме маани на Бургаскиот излез на море. Каков-таков, сигурно е сто пати подобар отколку да се потпираме исклучиво на Солун. Исто така веќе спомнав дека кога грците ќе го изгубат оружјето за притисок и уцена (а железничко поврзување без разлика дали со Бугарија или Албанија значи токму тоа), одма ќе ја сменат политиката и ќе почнат да гледаат низ призма на бизнис интересот, па автоматски Солун ќе стане многу поевтино, посигурно и воопшто поатрактивно пристаниште за Македонската економија. Сакам да кажам дека поврзување со Бугарија, меѓудругото значи вистинско отварање на Солун кон Македонија.


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 15-May-2008 at 23:37
Originally posted by Cloverstack

... Од тоа што читав ваму-таму, дури и станиците во Србија биле пренатрупани со композиции што чекале за Солун, па престанале да ги примаат возовите што иделе од Маџарска у тој правец.

Еве оргинален пост од Србија:

... juče smo primili voz iz Kelebije od MAV, i po dolasku u Suboticu nakon intervencije iz BGD taj isti voz smo ekspresno vratili nazad u Kelebiju, pošto transportno ograničenje traje ka Grčkoj.
Stanica Kelebija u Mađarskoj je krcata vozovima, rade sa 2 koloseka za putničke vozove ...

За секој стран вагон што ни стои во МК плаќаме, па помислите колку ова ќе не чини


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 15-May-2008 at 23:39
Originally posted by Vladimir P


За секој стран вагон што ни стои во МК плаќаме, па помислите колку ова ќе не чини


Е тоа се значи сосема погрешно поставени работи во меѓународните железнички односи. Се знае кој треба да плаќа - тој што го предизвикува застојот. Ова не е само од причина да се задоволи правдата, туку и од чисто практични причини на превземање одговорност.


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 15-May-2008 at 23:46
Земјата вели кај тебе е вагонот ти плати, а после ти тужисе со тој понатаму ако успееш!
Затоа е тоа да се вратат назат вагоните чим почне некоја блокада, да не те затече оваква ситуација, е тоа е ствар на процена, дали е ден два или како сега во бескрај


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 15-May-2008 at 23:55
Originally posted by Vladimir P

Земјата вели кај тебе е вагонот ти плати, а после ти тужисе со тој понатаму ако успееш!


Епа чим е така, ваљда и ние имаме сигурни начини како по легален пат да го наплатиме ова од Грција, без разлика кое е нивното оправдување. Проблемот е кај нив - они го предизвикуваат застојот, па дури и некој да им поверува дека се работи за штрајк, тие се тие што на крај треба да ги надоместат штетите. Ова призлегува по чиста логика од ригидноста на таа пракса што ја спомнуваш. На крај по редот на нештата треба да се стигне до корент. Ова ми е слично како оние договори за реадмисија што се потпишуваат помеѓу државите.


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 15-May-2008 at 23:59
Јасно многу просто
Само ние ни од првата блокада не сме зеле ни денар, кој е крив тоа е веке друга работа


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 16-May-2008 at 00:03
Се видиме утре по пруги, па ќе видиме што ке се случи Smile

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 16-May-2008 at 20:40
Ништо од слободен проток

Грчките железници испратиа уште едно транспортно ограничување 36-то по ред, дека нема да примаат товарни вагони на грчка територија.

Ова решение важи до 18 мај 2008 до 24 часот.

Се, се сомневам дека многу брзо ќе добиеме ново


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 16-May-2008 at 20:42
Mad


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 18-May-2008 at 23:05
Една компзиција пуштена према Солун Question

[TUBE]ucgsvLeHkLE[/TUBE]

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 20-May-2008 at 17:11
Еве фотки од реконструираниот сегмент Илинден-Расапница

1.  Преминуваме на бетонски прагови


2. Пругата „спие“


3. Граница меѓу старо и ново Smile



Posted By: La Linea
Date Posted: 20-May-2008 at 17:13
Thumbs%20Up
Бетонски прагови се оптимално решение?




-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 20-May-2008 at 17:17
Не можам детално да аргументирам, ама кога на сите модерни пруги во светот се ставаат бетонски прагови, тогаш очигледно дека имаат по некоја добра страна хехе...

Ај веројатно Владимир ќе знае поубаво да ни објасни Smile


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 20-May-2008 at 17:54
Originally posted by Cloverstack

Ај веројатно Владимир ќе знае поубаво да ни објасни

Ма и вие го знаете тоа од друга пракса

Сигурно дека бетонските прагови се каде каде подобри, далеку полесни за монтажа, поиздржливи.

НО, секогаш има едно но ... !

Се зависи како се изработени (исто како во ахитектурата, ако нема мучки тогаш е ок), например тоа им се случи чак и на Германците на пругата Берлин - Хамбург каде се појавива пукнатини на праговите, па наскоро по испитувањата ќе мора да се заменат, и некој да сноси одговорност.

На дрвените има една пломба со година на дрвото која често паѓа а на бетонските во лиењето ги има сите податоци и не мозе да се изгубат. (ова за одговорноста)



Posted By: Vladimir P
Date Posted: 15-Jun-2008 at 12:54
Интересантни податоци за КОРИДОР X



Веб страница на коридор 10:
%3ca%20href= - http://www.arge-kx.com/en/Corridor_X-Network_Access_Description/index.jsp "> http://www.arge-kx.com/en/Corridor_X-Network_Access_Description/index.jsp - http://www.arge-kx.com/en/Corridor_X-Network_Access_Description/index.jsp
PDF документ со сите податоци за секоја од земјите од коридорот:
%3ca%20href= - http://www.arge-kx.com/de/llShowDoc.jsp?nodeId=9511162 "> http://www.arge-kx.com/de/llShowDoc.jsp?nodeId=9511162 - http://www.arge-kx.com/de/llShowDoc.jsp?nodeId=9511162

Гледајки ги податоците за секоја земја Македонија не е така неспремна, само ни фали некој денар повеќе


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 18-Jun-2008 at 13:51
Владимир, да се надоврзам на муабетот започнат во економски вести (во случај да не ја пратиш таа нишка).

Дали знаеш во каква состојба е железничкото поврзување со Бар и колку може Бар барем да ја залечи состојбата со ова што го прајат јужните соседи.


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 18-Jun-2008 at 20:11
Да сега ја прочитав дискусијата,
За жал Македонија е во ДУПКА, буквално немаме излез, иако железнички сообраќај е наефин транспор (нарочито сега со цените на нафтата и огромните патарини, визи, TIR дозволи EKO-4/5 стандарди и перипетии за камионски превоз) немаме никаква конекција со светот.
Погледај ја картата на косово со нејзината железницка мрежа

преку нејзе нема шанси, значи останува преку Србија за Црна Гора или за Бугарија
Србија има страшно лоша инфраструктура со просек на 30-60 км/сат, понатаму сега се реновира некој дел на трасата Београд - Бар, тука по толкавиот пат доваѓа поново во тесно грло.
Пристаништето во Бар после времето поминато за сите царински и други папири утовар и истовар на 1-5 вагони-контејнери е мин. 6 часа.
Кон Бугарија останува огромен пат за да се дојде до пристаниште кое на некој начин е само за исток.

Излезот е секако во инвесиции кој сега за жал ги немаме на парчето кон Бугарија за скратување на патот-трошоците, а во подалечна иднина и кон Албанија (која е најдоба солуција, но секако најскапа почетна инвестиција)

И, можда вон темата, но никако не можам да ги разберам нашите увозниците на коли да носат по неколку коли со камион, наместо збирна композиција со железница како секаде во свет ??!!
со тоа увозниците штедат а железницата собира за инвестиции


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: lslcrew
Date Posted: 19-Jun-2008 at 02:50
Зашто ја заборавивте Албанија. 190 км е Скопје Бар преку Албанија.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 19-Jun-2008 at 03:46
Па немаме железница натака, а ете мостот на главната патна врска меѓу Албанија и Црна Гора имал носивост од само пет тони...


Posted By: lslcrew
Date Posted: 19-Jun-2008 at 03:54
Originally posted by Cloverstack

а ете мостот на главната патна врска меѓу Албанија и Црна Гора имал носивост од само пет тони...


Е ако бе, на два три пати!!


Posted By: pbanks
Date Posted: 19-Jun-2008 at 09:26
Originally posted by Vladimir P

Да сега ја прочитав дискусијата,
За жал Македонија е во ДУПКА, буквално немаме излез, иако железнички сообраќај е наефин транспор (нарочито сега со цените на нафтата и огромните патарини, визи, TIR дозволи EKO-4/5 стандарди и перипетии за камионски превоз) немаме никаква конекција со светот.
Погледај ја картата на косово со нејзината железницка мрежа

преку нејзе нема шанси, значи останува преку Србија за Црна Гора или за Бугарија
Србија има страшно лоша инфраструктура со просек на 30-60 км/сат, понатаму сега се реновира некој дел на трасата Београд - Бар, тука по толкавиот пат доваѓа поново во тесно грло.
Пристаништето во Бар после времето поминато за сите царински и други папири утовар и истовар на 1-5 вагони-контејнери е мин. 6 часа.
Кон Бугарија останува огромен пат за да се дојде до пристаниште кое на некој начин е само за исток.

Излезот е секако во инвесиции кој сега за жал ги немаме на парчето кон Бугарија за скратување на патот-трошоците, а во подалечна иднина и кон Албанија (која е најдоба солуција, но секако најскапа почетна инвестиција)

И, можда вон темата, но никако не можам да ги разберам нашите увозниците на коли да носат по неколку коли со камион, наместо збирна композиција со железница како секаде во свет ??!!
со тоа увозниците штедат а железницата собира за инвестиции


А добро зошто Косово ти е помалку логична варијанта отколку Србија? Зарем не е пократко Митровица-Бар отколку Ниш-Бар? Незнам можеби пругата во Косово е во многу полоша состојба, незнам дали е електрифицирана цела таа делница. Вака од мапава единствен проблем што го гледам е една граница плус. Незнам какви се граничните процедури за возови но до Бар имаме барем две граници (преку Србија) или три (преку Косово).

Бар дефинитивно треба да го имаме како варијанта веројатно доколку го имавме во 90те грчкото ембарго немаше толку силно да се одрази. А мислам дека Драч треба да ни биде приоритет кога ќе планираме средства инфраструктура. Барем нас не ни е толку тешко (треба само Кичево-Граница) Албанците имаат многу повеќе да  одработат но верувам дека би имале интерес со оглед дека многу веројатно би земале голем дел од бизнисот на Солун.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 19-Jun-2008 at 11:31
Originally posted by pbanks


А добро зошто Косово ти е помалку логична варијанта отколку Србија? Зарем не е пократко Митровица-Бар отколку Ниш-Бар? Незнам можеби пругата во Косово е во многу полоша состојба, незнам дали е електрифицирана цела таа делница. Вака од мапава единствен проблем што го гледам е една граница плус. Незнам какви се граничните процедури за возови но до Бар имаме барем две граници (преку Србија) или три (преку Косово).


Преку Косово, нема теоретски шанси да те пуштат Србите да идеш.

Плус тоа ни таа врска не е којзнае колку поповолна, а во споредба  делот од коридор 10 на кој му парира, не е електрифицирана и сигурно е во прилично полоша состојба, а тие фактори не се воопшто за потценување. Така да и да се случи некакво чудо па Србите да дозволат слободно поминување на таа релација, пак е прашање колку би значело тоа за нас.



А мислам дека Драч треба да ни биде приоритет кога ќе планираме средства инфраструктура. Барем нас не ни е толку тешко (треба само Кичево-Граница) Албанците имаат многу повеќе да  одработат но верувам дека би имале интерес со оглед дека многу веројатно би земале голем дел од бизнисот на Солун.


Дефинитивно Драч и Валона се опцииите на кои треба да се работи - тие се најдобрата алтернатива на Солун.
А Албанците у суштина слично како Бугарите имаат пруга практично до наша граница, ама сум видел слики од таа пруга и работата е дефинитивно да ти се дигне косата на главата... За таа пруга да има вистинска употребна вредност, они изгледа треба да почнат практично од нула. Можеби треба да размислуваат и за нова траса со помодерни карактеристики. Така да у суштина си у право дека имаат доста да одработат, но сепак сегментот на албанска страна не е до толку подолг од македонскиот сегмент, а е очигледно полесен, па горе доле имаат исто или помалку да одработат од нас.

А кога најголем дел од македонската економија би се насочил кон Драч и/или Валона, дефинитивно би им се исплатело. Ваљда има шанси да капне нешто и од проклетата ЕУ...
Дополнително, со комплетиран коридор 8, Драч и Валона би можеле да привлечат не само муштерии од Македонија, туку и од пошироко, така да албанската рачуница е јасна.
Македонската рачуница пак исто така е јасна и ние треба што побргу заеднички со Албанија да почнеме да го спремаме проектот за железничко поврзување и модернизирање на албанските пристаништа. А додека го спремаме тоа, у меѓувреме треба конечно да го завршиме поврзувањето со Бугарија, затоа што доколку сме навистина сериозни и посветени, тоа можеме да го завршиме додека се уште се прават сите подготовки за другиов правец. Јасно дека туркањето на двата правци паралелно за нас е огромен залак, али тие се од толкав огромен значај, па природно е да насочиме голем дел од нашата енергија во тој правец и да ги направиме неопходните жртви. Доколку продолжиме да се влечкаме и да одлагаме во недоглед, ќе платиме многу поголема цена.

Повеќе пати до сега сум кажал кои се инфраструктурни приоритети за Македонија во моментов - железница по должината на коридор 8 и примарната сообраќајна мрежа во Скопје. Се друго може да почека, но овие две работи не смееме да ги одложуваме ако имаме малку мозок.


Posted By: pbanks
Date Posted: 19-Jun-2008 at 11:38
Originally posted by Cloverstack


Повеќе пати до сега сум кажал кои се инфраструктурни приоритети за Македонија во моментов - железница по должината на коридор 8 и примарната сообраќајна мрежа во Скопје. Се друго може да почека, но овие две работи не смееме да ги одложуваме ако имаме малку мозок.


И јас мислам така. Сите навиваме за автопати но реално и некои посебни тесни грла нема ни со магистралнава мрежа. Чат пат треба по некаде трета лента и толку. Со железницата сме многу поназад.


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 19-Jun-2008 at 18:32
Сега за сега само еден мал коментар а подоцна нешто повеќе.

- На времето имавме пруга преку Охрид до Тасматуниште, што е на ~30 км од Дебат, сето тоа се сруши за да се направи нормален колосек но ..... се стигна само до Кицево.
Иначе теренот е ужасен, кај нас а у кај нив и далеку потежок од кракот кон Бугарија.
Исте отоманската инперија го има уцртано овој коридор усте на времето.

- Албанија нема скоро никаква мрежа, иначе незнам колку знаете првата пруга во Албанија није сме ја проектирале и граделе, и поклонети неколку композиции




-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: pbanks
Date Posted: 19-Jun-2008 at 19:30
Скинест Реил е заинтересирана за инвестиции во Македонски железници

Балтичкиот гигант во железничкиот сообраќај, Скинест Реил сака да инвестира во македонските пруги. Естонската компанија е заинтересирана да се вклучи во изградба на коридорите 8 и 10 како и модернизација на железничкиот парк. Ова на министерот за транспорт му го пренесе претседателот на бордот на Скинест Реил, Олег Осиновскиј:

 

- Таму каде што има транспорт на стоки секогаш има потенцијал за бизнис. Разбравме дека на железничкиот превоз овде му се потребни многу инвестиции. Ние ќе доставиме наша понуда кога ќе утврдиме што точно се бара од нас.

 

Вагони стари три декади, недоизградени пруги, милионски долгови, ова е македонската железница денес. Статистика покажува дека и во вакви услови бројот на патници се зголемува. Лани Македонски железници се подели на две претпријатија акционерско друштво транспорт и јавна инфраструктура. Владата ќе бара странски инвеститор само за транспортот.

 
Скинест Реил се занимава со градење, ремонт на пруги и производство на вагони. Застапена е во балтичките земји, Украина, Полска и Русија.


http://www.kanal5.com.mk/ShowNews.aspx?ItemID=34587&mid=1500&tabId=1&tabindex=0 - http://www.kanal5.com.mk/ShowNews.aspx?ItemID=34587&mid=1500&tabId=1&tabindex=0

[/quote]




Posted By: Vladimir P
Date Posted: 19-Jun-2008 at 22:15
Originally posted by pbanks

... А добро зошто Косово ти е помалку логична варијанта отколку Србија? Зарем не е пократко Митровица-Бар отколку Ниш-Бар? Незнам можеби пругата во Косово е во многу полоша состојба, незнам дали е електрифицирана цела таа делница. Вака од мапава единствен проблем што го гледам е една граница плус. Незнам какви се граничните процедури за возови но до Бар имаме барем две граници (преку Србија) или три (преку Косово)...

Бар по свое искуство знаеш какви се процедури на царина и која папирологија треба, од друга страна плаќање на две банкарски сметки (провизии) и ....
Еве ја картата на Србија па види дека далечината на правците не е некоја разлика


A кога во иднина ќе се реализира коридор Е 80, тоа е веќе друго




-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: pbanks
Date Posted: 19-Jun-2008 at 22:52


Имаш право нема разлика. Требаше да погледам мапа пред да го напишам тој пост. Мислев дека железничката спојка со пругата кон Бар е бргу после Косовско-Српската граница. Дефинитивно нема никаков резон да размислуваме за транспорт преку Косово.


Posted By: vardar
Date Posted: 25-Jun-2008 at 07:08
EDIT: Гледам го имало во економски вести, не читам пред да постирам Big%20smile Bash
 
По Бар сега Драч е на ред....(префлрете ако не е за тука)
 
Пристаништето во Драч се наоѓа во централниот дел на албанското крајбрежје, оддалечено 160 километри од македонско-албанската граница. Од граничниот премин Ќафасан е оддалечено три часа.
 
Незнам зошто али мислев дека е покаратко од граница до драч Dunno а дека ти требаат 3 саати за 160км Ohno, не дека саат повеќе или помалце е толку важно али сепак ова ни кажува за каква патна мрежа се работи....а најважно пруга нема ни од наша ни од нивна Bash
 
 

АЛБАНИЈА ГИ НУДИ ПРИСТАНИШТАТА

Доковите на Драч отворени за македонските фирми

Албанското пристаниште со подобрена патна инфраструктура може да биде исплатливо за извоз и увоз на стоки од и до Македонија по морски пат


Драч е второ најблиско пристаниште по солунското, кое е често блокирано поради штрајкови

Пристаништето во Драч,поради блокади на солунското пристаниште за домашните бизнисмени е една од најсериозните опции за транспортот на стоки од и во Македонија. Ова беше заклучено на вчерашната презентација на можностите и предностите на албанското пристаниште во Стопанската комора на Македонија. Драч е второ најблиско пристаниште по Солун, кое има излез на три мориња - Јадранско, Јонско и Средоземно - и е исклучително стратегиски битно за економијата во регионот - изјави Стевица Чарапиќ, претседател на групацијата на шпедитери.Тој истакна дека иако е блиску, на пристаништето во Драч се' уште му недостига добра инфраструктура, патна и железничка поврзаност. Бизнисмените очекуваат македонската и албанската влада со заеднички напори во најскоро време да го надминат тоа. Генералниот директорот на пристаништето во Драч, Едуард Ндреу, истакна дека изминатите три години се инвестирани околу 50 милиони долари и се направени суштински промени во насока на поголема безбедност на стоката, обезбедување поволни тарифи и професионално работење.

- Пристаништето во Драч е предност за македонските бизнисмени. Подобрената инфраструктура, тарифите, начинот на работа и безбедноста се поволностите што ги нуди нашето пристаниште - изјави тој.Според претседателот на Албанската стопанска комора, Илир Жила, во изминатите години се инвестирани огромни пари за подобрување на капацитетите и на работењето на пристаништето, но за еден шлепер да стигне до таму има многу други прашања како царината, патиштата и бирократијата.

- Нашата Стопанска комора отвори канцеларија за заштита на бизнисите и таа ќе им биде на располагање и на македонските бизнисмени во Албанија, каде што ќе може да ги пријават сите попатни проблеми, кои ќе бидат веднаш решени - посочи Жила. Пристаништето во Драч се наоѓа во централниот дел на албанското крајбрежје, оддалечено 160 километри од македонско-албанската граница. Од граничниот премин Ќафасан е оддалечено три часа. Капацитетот на пристаништето изнесува 3,8 милиони тони годишно. Во минатата година е остварена размена на стока од три милиони тони, 700.000 патници, 120.000 автомобили и околу 40.000 камиони. Тоа е најголемото пристаниште во Албанија и преку него се врши над половината од албанскиот увоз и извоз. Драч е завршна точка на западниот дел од Коридорот 8 поради што стопанствениците потенцираа дека треба да се доизгради патната и железничката инфраструктура и апелираа до властите да го забрзаат процесот. Покрај презентацијата на пристаништето во Драч, во минатата недела на македонските бизнисмени им беа презентирани и можностите на црногорското пристаниште во Бар. За следната недела, претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, најави гости од пристаништето во Бургас, Бугарија.

Горан Ризаов

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=13CB422E842FC04EA66838073961F44F - dnevnik
 


Posted By: vardar
Date Posted: 25-Jun-2008 at 07:10
Да не знае некој случајно отприлика колкав промет им праиме на грциве годишно со пристаништето???


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 25-Jun-2008 at 08:26
Теренот кај нас и во Албанија е ужасен за трасирање пруга, огромен планински венец кој кај нивна страна доваѓа на неколку километри до самата обала на морето низ целиот потег.
А за податокот колку им оставаме на FRElada сигурно има некој податок по интернет ??!! 

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: beTon
Date Posted: 28-Jun-2008 at 00:30
ме интересира дали некој знае какви прагови се користат по новата траса кон Бугарија К8, бетонски или сеуште сме заглавени со дрвени прагови?


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 28-Jun-2008 at 01:27
Колку што памтам од некои снимки што сум ги видел на телевизија, бетонски (и тоа во делот на реконструираната пруга до Бељаковце, што би значело дека натака 100% се бетонски...). Ама не ме држи за збор, одамна сум го гледал тоа, може нешто ми се испомешало...


Posted By: lslcrew
Date Posted: 28-Jun-2008 at 02:16
Се корстат само бетонски, дрвените се ибаце оддамна од употреба. И сега се монтираат машински, а не рачно. Имам еден другар на форумов, он беше на пракса на реновирањето на делницата кај станицата рајко жинзивоф. Се надевам ќе се уклучи па ќе објасни. оддамна му го кажав форумов, ама го нема.


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 28-Jun-2008 at 12:06
Originally posted by beTon

ме интересира дали некој знае какви прагови се користат по новата траса кон Бугарија К8, бетонски или сеуште сме заглавени со дрвени прагови?

Моментално неможам да ги пронајдам мојте фотографии од таа траса но ќе се послужам со фотографиите од мојот пријател од Швајцарија - GANZ со кој заедно е поминавме целата трасата


Коако што гледате - БЕТОНСКИ

И купишта од нив кој чекаат да се уградат


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: beTon
Date Posted: 28-Jun-2008 at 13:41
 значи конечно ќе видиме http://commons.wikimedia.org/wiki/Category:ICN_trains - ICN и во Македонија, па редно време беше да заличи тоа железничкиот транспорт. мислам дека ќе мора и север југ К10 да го туркаме, само со нови и брзи возови (ако ја обновиме инфраструктурата) можеме на туризам и инвестиции да се надеваме, па макар Србија и да остане слепо црево што не верувам но сигурно таму ептен бавно ќе оди приказната, ако ништо друго доволно е правецот кон Грција да го оправиме ако во меѓувреме за гуша не се фатиме...


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 28-Jun-2008 at 23:13
Originally posted by beTon

 значи конечно ќе видиме http://commons.wikimedia.org/wiki/Category:ICN_trains - ICN и во Македонија, ...

Тешко дека скоро ќе видиме брзи возови во МК, да успееме да ги направиме до 100-120 км за почеток нис сите траси и електрифицираме, а после само ќе дојде.

Добро го спомна порталот на хрватски железници каде го има овој податок

Јасно каде е иднината


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: beTon
Date Posted: 29-Jun-2008 at 19:24
мислам дека ICN брзите возови се директно зависни од  инфраструктурата т.е. од добра траса па така повеќе од сигурно е дека многу брзо по пуштањето на К8 ќе видиме и брзи возови...
па не сме до толку многу светлосни години подалеку од хрватите и словенците поготово не кога е во прашање К8 инфраструктурата...


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 29-Jun-2008 at 22:22
Originally posted by beTon

мислам дека ICN брзите возови се директно зависни од  инфраструктурата т.е. од добра траса па така повеќе од сигурно е дека многу брзо по пуштањето на К8 ќе видиме и брзи возови...
па не сме до толку многу светлосни години подалеку од хрватите и словенците поготово не кога е во прашање К8 инфраструктурата...

Дај боже да е така, од хрватите сигурно ко инфраструктура не сме поназад но финансиски сигурно сме далеку (они го имаат јадран и туризмот) па можат да си дозволат и набавка на Таурус за почеток.
Едино ако некоја добра страна компанија не го купи транспорт, не верувам дека брзо ке ги имаме тие возови


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: evolutionary
Date Posted: 30-Jun-2008 at 17:29
Sto se odnesuva do mrezata na zeleznici vo Albanija, jas po mapava mozam da zaklucam deka ne e taka loso, a problemot za nepovrzuvanje pretezno e kaj nas:

http://img74.imageshack.us/my.php?image=batch1map2largevf8.jpg">



-------------
Knowledge Reigns Supreme Over Nearly Everyone


Posted By: pbanks
Date Posted: 30-Jun-2008 at 18:08
Originally posted by evolutionary

Sto se odnesuva do mrezata na zeleznici vo Albanija, jas po mapava mozam da zaklucam deka ne e taka loso, a problemot za nepovrzuvanje pretezno e kaj nas:

http://img74.imageshack.us/my.php?image=batch1map2largevf8.jpg">



прашање е во која состојба и со какви перформанси е оваа пруга. Инаку е во ред


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 30-Jun-2008 at 18:12
Originally posted by evolutionary

Sto se odnesuva do mrezata na zeleznici vo Albanija, jas po mapava mozam da zaklucam deka ne e taka loso, a problemot za nepovrzuvanje pretezno e kaj nas:

http://img74.imageshack.us/my.php?image=batch1map2largevf8.jpg">



Мапите се една работа, а ситуацијата на терен сосема друга. Железницата во Албанија е буквално во очајна состојба и Албанија треба да почне да инвестира во железница практично од нула (и во инфраструктурата и во возниот парк).
Сликиве се прилично нови и говорат сами за себе... Најдов уште слики, вистински хорор сцени од станиците и вагоните, но ги ставам само овие за пред се да доловам на кое ниво е инфраструктурата и дека дури со волшебно стапче утре да создадевме пруга од Кичево до албанската граница, пак ќе беше џабе дур не се слеат огромни средства за албанските железници да се доведат до некое минимално потребно ниво за нормално функционирање. Најтрагично е што ја пратам оваа тема и немам чуено дека било што превземаат за својата железница. Едноставно Албанија во моментов е максимално посветена на патиштата, а железницата ја има оставено уште повеќе да изгние...

1


2


3


4


5


6


7



Posted By: pbanks
Date Posted: 30-Jun-2008 at 18:15
Originally posted by Cloverstack


 Едноставно Албанија во моментов е максимално посветена на патиштата, а железницата ја има оставено уште повеќе да изгние...


Мислам и со право.

BTW одлични слики навистина ја доловуваат ситуацијата.


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 30-Jun-2008 at 20:44
Originally posted by Cloverstack

Мапите се една работа, а ситуацијата на терен сосема друга....



Прекрасни слики Applause

Овие шини кажуват се


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: evolutionary
Date Posted: 01-Jul-2008 at 04:51
Mnogu zalna slika. Slusnav deka gradat dosta patista, i toa Granit ili Mavrovo gi gradi, no pod itno bi trebalo da pocnat da gi odrzuvaat i prugite. Istoto se odnesuva i na nas, inaku koridorot 8 otide jabana.

-------------
Knowledge Reigns Supreme Over Nearly Everyone


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 19-Jul-2008 at 01:32
Еве пре-физибилити студија за железничкото поврзување долж коридорот 8, изработена од http://www.corridor8.org/index.php - секретаријатот за коридор 8 во Бари кој е под покровителство на италјанската влада.

Одличен документ... Кој има трпение да го прочита, многу работи ќе му бидат јасни. Исто така можам да кажам дека и нашите дискусии поврзани со темава кои ги водевме на форумов се блиску до реалната ситуација, која сега уште подобро ја согледав благодарение на податоците и заклучоците во студијава. Единствено што не ми се допаѓа во документов е бавното темпо предвидено за реализација на проектите.

http://www.build.com.mk/docs/FDL_final_report.pdf - http://www.build.com.mk/docs/FDL_final_report.pdf


Posted By: mitatos
Date Posted: 19-Jul-2008 at 12:38
od koga go dogledav ovoj dokumentov corridor8 , mi stana jasno kolku e bitna taa nedoizgradena zeleznica za makedonija, vladata ne e svesna za toa navistina e zlano 

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 19-Jul-2008 at 12:59
Originally posted by mitatos

od koga go dogledav ovoj dokumentov corridor8 , mi stana jasno kolku e bitna taa nedoizgradena zeleznica za makedonija, vladata ne e svesna za toa navistina e zlano 


Јас согледав дека и за Албанија овој проект е од огромно стратешко значење. Проектов би го преобразил Драч во значајно меѓународно пристаниште, и плус е единствена надеж за нивната железница во догледна иднина. Другите земји на кои би се одразил проектов се разбира исто така имаат интерес, но за Македонија и за Албанија ова е проект од круцијално значење кој од корен би ги подобрил условите за развој на двете земји.

Интересна работа, додека пребарував во врска со референците, наидов на еден документ (не се сеќавам дали беше од Louis Berger или од ARCADIS) каде беше наведено дека Албанија пред неколку години сериозно се обидела да го актуелизира проектов заедно со Македонија, но дека тоа не наишло на интерес од македонска страна...

Crazy Wallbash

Просто да не верува човек колку сме неодговорни кон самите себе... Ohno




Posted By: pbanks
Date Posted: 19-Jul-2008 at 13:05


Реално единствена предност на правецот кон Бугарија е што Бугарија е поспремна да го прими спојувањето. Правецот кон Албанија е ужасно многу побитен и за нас а и како што рече за Алабанија. Драч може да ги држи и Македонија и Косово без никаков проблем.

Незнам што стана со онаа идеја Косово да го добие пристаништето во Шенгин за себе но мислам дека е убаво сите сили да се концентрираат на Драч така ќе има повеќе шанса да се реализира проектот.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 19-Jul-2008 at 13:35


Во студијата е прилично добро објаснето дека за финансиска одржливост на проектот под нормални услови, неопходно е комплетно поврзување Бургас-Драч

Инаку еве некои проценки за потребните инвестиции:

За Македонија
- изградба на Кичево-Струга = 130 милиони евра
- изградба на Струга-АЛ = 70 милиони евра
- довршување на работите на Куманово-БГ = 205 милиони евра
- изградба на мултимодални терминали во Скопје и Струга = 18 милиони евра вкупно

За Албанија
- изградба на Лин-МК = 6 милиони евра
- ургентна реконструкција на Драч-Лин за обезбедување минимални безбедносни услови = 50 милиони евра
- темелна реконструкција на Драч-Лин до стандарди што ќе се носат со остатокот од коридорот во Македонија и Бугарија = дополнителни 140 милиони евра
- исто така и огромни инвестиции во модернизација, проширување и продлабочување на пристаништето во Драч, за што студијата не дава попрецизни проценки.

За Бугарија
- довршување на Ѓуешево-МК =10 милиони евра
- темелни зафати во модернизација на Радомир-Ѓуешево = 220 милиони евра
Интересно, Бугарија планира и сосема нова пруга Ѓуешево-МК, бидејќи постоечката има многу лоши технички карактеристики, на пример радиус на кривина од 230m, што за железница е навистина ужасно... може да се претпостави дека ова ќе чини цело богатство, затоа што теренот е тежок, слично како кај нас околу Паланка.



Print Page | Close Window