build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Возен парк (ЈСП - двокатни автобуси)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 910111213 89>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #201 Posted: 21-Oct-2008 at 14:53

@clover

интересно е колку се може да се гледа двосмерно. дури и да немаме DD сообраќајот ќе биде таков каков што е, најглавен момент кај двоспратните ќе биде туристичкиот ефект, а дека сите триста проблеми ќе се струполат во СК тоа неверувам, сигурно добар дел ќе одат и по другите градови од двоспратниве, па зар некој очекува дека низ мралино или кондово ќе одат двоспратни, прво е невозможно ова од аспект на нерамен асфалт по приградските линии. единечните ќе си постојат како опција но истите ќе бидат најверојатно пренасочени во трета зона, додека DD ќе одат прва и втора зона - нормално доколку инфраструктурата е на ниво... функцијата на двоспратните е пред се туристичко-панорамска(имиџ, поглед, уникатност) а за функција само трамвај или метро може да го реши метежот, незнам дали некако велосипедските патеки тука ќе помогнат но ако се воведат такса и скап паркинг во центарот тогаш и ова ќе има ефект, но дотогаш ќе си го имаме стариот добар скопски метеж по улиците иако и странските сондирања укажуваат дека главниот проблем во СК е преангажираниот центар

Стив Торнтон и Мајк Холдсворт, експерти за проектирање и менаџмент на сообраќајот од збратимениот град Брадфорд, Велика Британија, кои вчера имаа средба со претставници на ЈСП "Скопје", сметаат дека низ центарот на Скопје сообраќаат премногу автомобили кои ги попречуваат автобусите. Во Брадфорд автобусите не се постари од пет години, а експериментално се користат и возилата на електричен погон. При влез во центарот на градот предност им се дава на автобусите вклучени во јавниот транспорт на патници.

Таму автомобилскиот сообраќај се одвива по споредни патишта, што е причината за побрз транспорт на патници. Во Брадфорд има пет главни патишта на кои има посебно обележани ленти за влез на автобусите. Во таканаречените шпицеви тие ленти ги користат јавните и приватните автобуси, таксистите и велосипедистите. На некои улици се обележани приоритети за автобуси, но секогаш, велат сообраќајните експерти, се поставува прашањето за безбедноста на пешаците.

Утрински - 16.10.2006

@pbanks

за тоа дека муабетот со двокатните е популизам тоа сега би се сложил но подобро популизам него летаргија, прво се понуди владата за 50ка од санос но трифун со своите маркетинг надмудрувања само ја упропасти таа можност, па сега сите му се криви, а дека требало јавна дебата и јас се согласувам но јасно е зошто истата се заобиколува како би се користел муабетов за растеретување на реалните проблеми кои денес не тиштат - името, корупцијата, кавгите во комшилукот, накратко: класична оптичка мамка за хистеричната јавна свест. што е до одржувањето како што кажав и предходно кога сите експерти од надвор ни велат дека нормално е државата да земе учевство во одржувањето и модернизирањето на јавниот транспорт негледам зошто и понатака државата не би скокнала да помогне доколку нешто излезе, а уште повеќе кога истата таа и вложила во нив(затоа и реков предходно дефинитивно мирисот на оваа интервенција многу долго ќе го чувствуваме по скопските улици) 



Edited by pbanks - 12-Nov-2008 at 15:52
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9119
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #202 Posted: 21-Oct-2008 at 15:02
Искрено не ми е јасна поентата на ова. Трифун не треба да не убеди нас, треба да убеди некој друг да се земат овие автобуси.

ЈСП ГИ ЧЕСТИ СКОПЈАНИ
Пет дена бесплатно возење во новиот автобус
Позајмениот автобус од марката "мерцедес" вози на линијата број 15 од Ново Лисиче до Карпош 4

Нов еднокатен "мерцедес" од вчера до крајот на неделава ќе вози бесплатно на линијата 15, односно скопјани бесплатно ќе може да се возат од Ново Лисиче до Карпош 4. Александар Бошковиќ, директор на ЈСП"Скопје", вели дека позајмениот автобус од "Мерцедес" следниве пет дена бесплатно ќе вози на линијата на 15-ка, како дел од промотивната кампања на Градот, со која сакаат да покажат каков јавен превоз на Скопје му е потребен. Тој објаснува дека наскоро очекуваат за добијат на заем уште еден нов еднокатен автобус од скопската фирма САНОС, и еден хибриден автобус од полската фирма "Соларис".
"И овие два автобуса планираме да ги пуштиме низ централното градско подрачје, каде има поголема фреквенција на луѓе. Едниот најверојатно ќе биде на линијата 5, а другиот на оние линии што се движат низ Центар. Мерцедесот сега се движи од рано наутро до 18 часот попладне, односно прави шест круга низ Скопје", вели Бошковиќ.
Тој објаснува дека ЈСП наскоро ќе мора да почне со подготовки за сообраќај на двокатни автобуси, бидејќи повеќе од јасно е дека Владата ќе опстои на идејата да се купат 300 нови двокатни автобуси.
"Тој што ги има парите ги диктира условите. Повеќе од јасно е дека ќе мора да почнеме да се подготвуваме за двокатните автобуси, но со ова промотивно возење на еднокатни автобуси, сакавме да покажеме што е тоа што му треба на градот и на претпријатието", вели Бошковиќ


http://www.vest.com.mk/default.asp?id=158567&idg=8&idb=2504&rubrika=Skopje
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12428
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #203 Posted: 21-Oct-2008 at 15:25
Originally posted by beTon

@clover

интересно е колку се може да се гледа двосмерно. дури и да немаме DD сообраќајот ќе биде таков каков што е, најглавен момент кај двоспратните ќе биде туристичкиот ефект,

Апсолутно нигде не спомнав дека двоспратните ќе ги зголемат проблемите со сообраќајот во целина - нивните недостатоци се од друга природа.

А тој фамозен „туристички ефект“ е тотално промашена теза. Не знам колку туристи ќе привлечат двоспратните, ама сигурно безначајно во однос на инвестицијата и трошоците што ќе одат во нив, дури и кога би се исклучиле сите други нивни негативности. На крајот на краиштата функцијата на јавниот превоз не е туристичка туку многу поважна - ефикасно да транспортира огромни маси луѓе и да обезбеди функционирање на градот и неговата економија. За да се направи „ефект“ и да се форсира некаков „имиџ“ доволни се неколку примероци кои ќе се движат таму каде што ќе прилегаат и каде што реално ќе бидат највеќе приметени.


а дека сите триста проблеми ќе се струполат во СК тоа неверувам, сигурно добар дел ќе одат и по другите градови од двоспратниве, па зар некој очекува дека низ мралино или кондово ќе одат двоспратни,
Муабет од ракав... Апсолутно нема никакво наговестување или логика да се очекува распоредување на двоспратниве по цела земја, но дури и да е така, со тоа само би ги „усреќиле“ и другите градови кои ќе мора да се прилагодуваат на нив. Негативностите на двоспратните ќе важат еднакво во другите градови како и во Скопје. А која би била воопшто поентата од тоа да имаме двоспратни автобуси во јавниот превоз во Куманово, Штип, Тетово..? И таму ли да се надеваме на навалица туристи кои ќе одат да се восхитуваат на ваквите автобуси???

Back to Top
Plugger View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 15-Sep-2008
Online Status: Offline
Posts: 378
  Quote Plugger Quote  Post ReplyReply #204 Posted: 21-Oct-2008 at 15:31

Jas procitav deka eden dvokaten avtobus ke chinelo 300 iljadi evra, chim gi ispolnuvaat site standardi zosto da  ne?? Pa na poklonet konj zabite ne mu se gledaat, bolje kvalitetni dvokatnici so air condition nego li tie starite shto gi imame.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9119
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #205 Posted: 21-Oct-2008 at 15:36
Originally posted by Plugger


Jas procitav deka eden dvokaten avtobus ke chinelo 300 iljadi evra, chim gi ispolnuvaat site standardi zosto da  ne?? Pa na poklonet konj zabite ne mu se gledaat, bolje kvalitetni dvokatnici so air condition nego li tie starite shto gi imame.


Jas ne gledam tuka pokloneti konji? Ova ne e donacija na Amerika ili na Germanija ova e trosenje na nasi budzeski pari, na krvavo zaraboteni narodni pari koi nie gi izdvojuvame od sopstven dzeb za podobro utre a ne za bahato zadovoluvanje na necii hirovi i fantazii.


Edited by pbanks - 21-Oct-2008 at 15:36
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #206 Posted: 21-Oct-2008 at 15:40

@clover

восхитувањето ќе биде зафатено за околината а двоспратните ќе бидат само панорамски клуч за ионака сиромашните спотови за набљудување на околината, а дека сите нема да одат во СК мислам дека и на внуците на Грујо им е јасно т.е. мора за онаму каде не е средена инфраструктурата да сообраќаат старите единечни автобуси како и досега, а за наговестување реков вака баш во ракав и е муабетов на владата и ќе го држи и тој и уште неколку само за да растерети да се крева параноја околу името. 

за функцијата мислам дека сите се согласуваме дека трам или метро не вади од калабалак. 

@pbanks

овие пари се претежно од окта и фершпед, а од народот најверојатно одат за администрација Laugh 

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #207 Posted: 21-Oct-2008 at 16:44
Beton без разлика дали се од окта или фершпед, сепак се буџетски пари и припаѓаат на граѓаните и не треба да се одлеваат туку така. За турстичкиот ефект Кловер објасни убаво.


Edited by pbanks - 12-Nov-2008 at 16:00
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3962
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #208 Posted: 21-Oct-2008 at 17:42
http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=2158&mid=24&tabId=1&tabindex=0

ПРОМОТИВНО ВОЗЕЊЕ НА МЕРЦЕДЕСОВИОТ НИСКОПОДЕН АВТОБУС


Градоначалникот на Град Скопје, Трифун Костовски, во саботата, организираше промотивно возење на нископодниот мерцедесов автобус по скопските улици. Освен овој автобус, скопјани наскоро ќе можат да се возат и во еден модерен автобус од фабриката Санос и во еден Хибрид од Полска.

На тој начин Град Скопје сака граѓаните сами да се уверат во предностите на современите нископодни автобуси, кои се застапени во јавниот превоз во речиси сите европски градови.

Мерцедесовото возило кое ќе сообраќа на линијата со број 15 е зглобно, има 37 места за седење и собира вкупно 140 патници, а има посебни места за хендикепирани лица и за бебешки колички. Хидрауличниот систем што е вграден во него му овозможува да се спушти до висината на тротоарите, а на втората врата има посебна рампа за лицата со посебни потреби. Нема скалила, туку со само еден чекор веднаш се влегува внатре.

 

 
    
 
 



Edited by Cloverstack - 22-Oct-2008 at 04:03
Back to Top
Raisinloaf View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2008
Location: Gevgelija
Online Status: Offline
Posts: 227
  Quote Raisinloaf Quote  Post ReplyReply #209 Posted: 22-Oct-2008 at 16:44
Абе како не гледа владата дека сите се протиф двокатно автобуси,ке земат 100 двокатни и 200 еднокатни така ке биде подобро
Back to Top
evolutionary View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 198
  Quote evolutionary Quote  Post ReplyReply #210 Posted: 22-Oct-2008 at 19:15
Neka zemat nekolku za turisti, a ostatokot neka si bidat normalni avtobusi.
Knowledge Reigns Supreme Over Nearly Everyone
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7651
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #211 Posted: 22-Oct-2008 at 20:58
и да не ти се струка автобусиве, од далеку ќе приметиш колку се пријатни дупливе ниски мерцедеси и се како создадени за скопските улици
убаво си рече raisinloaf да купиме пола пола автобуси па да видиме како ќе иде, може лоша идеја ама подобро е одколку сите двоспратни Crazy
само владава не дека сака да воведе двоспратни, туку не сака да воведе едноспратни автобуси, дрски се, се однесуваат недемократски и што е најбитно, не ги пуштаат градските власти да си ја вршат работата
браво за владата , заради нивните дебилни автобуси може да пропуштиме одлична шанса за подобрување на градот Ohno


Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #212 Posted: 23-Oct-2008 at 01:42
Више не се ни работи за обични против двокатни, туку кој е во право, кој е подобар, како што вика боцевски на кого историјата попозитивно ќе гледа, значи грујо против трифка и кој е подобар админстратор/лидер. Ако претходно градските власти барем се обидуваа индиректно и не нападно да издејствуваат некаква промена сега веќе се апла во отворена војна со владата, по ваква ситуација во некои земји следува целосно преиспитување на ставовите/плановите а кај нас проработува познатиот инает и разликите стануваат поголеми и лошата одлука само се влошува понатаму како што видовме деновиве.
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #213 Posted: 23-Oct-2008 at 21:38
120 МИЛИОНИ ЕВРА?!?!?LOL

Па со толку пари ние можеме во огромен дел  да го решиме проблемот со превозот во Скопје. Втората метро линија во Софија која се гради (долга 7 км со 7 станици) чини толку пари (ок, свесен сум дека Скопје нема доволен број на патници за метро). Па со тие пари би можеле целосно и широко да го ревидираме и подобриме градскиот транспорт. Затоа што на некој поединец му текнало дека Скопје ке биде многу поубаво ако има ДД автобуси. Туристите (кои ги нема) ќе гледаат од горе контејнери без тркалца од кои се прелива ѓубре и ке си ја маваат главата од гранките на дрвата. Ohno Мој предлог е еден туристички двоспратен, околу 200 едноспратни, дупли автобуси (ЈСП има околу 100 автобуси кои ги купија во 1998 год и можат слободно да се користат уште време) и остатокот од парите нека се намени за  трамваи (коишто се ужасно скапи, над 1 милион евра е да речеме КроТрам), затоа што градот јавно нема пари за тоа, а што ке ни се шини кога немаме возила. Или може да се изгради тунелот под пл. Македонија. И тоа е дел од решавање на јавниот превоз во Скопје.
Cheers
Back to Top
dimme.von.macedonia View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 30-Jun-2008
Location: Hrvatska
Online Status: Offline
Posts: 78
  Quote dimme.von.macedonia Quote  Post ReplyReply #214 Posted: 26-Oct-2008 at 23:49

znam deka ke me zamrzite uste vo pocetok, ali hehe Zasto, WallbashZASTO ste tolku protiv dvokatni avtobusi???? Zarem toa tolku bi bilo loso???? Siguren sum deka ke bide poubavo od SMRDLJIVITE  avtobusi od jsp! uzas!!!! Konecno saka vladata da stori nesto, a vie se zalete????????????!!!! Prifani shto davaat, oti ke ostanete so starudiite od 1970!!!! katastrofa! I sto bi bilo tolku loso da se dvokatni svtobusi? Pa poarno da odskakame od balkanot, nego li da bideme neoriginalni i ISTI kako nisto posebno ubavi Zagreb ili Beograd! Dajte malku vizualen identitet! Jas smetam deka doubledecker vo Skopje e FENOMENALA ideja!! BRAVO Trifun ili koj god e inicijator za idejava! A TRAM, isto e fenomenalna ideja! Ushte da nema zatucani idioti koji ke se protivat na oblakoderite kaj centar, Skopje bi stanal prav Balkanski Manhattan! Dunno

Back to Top
dimme.von.macedonia View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 30-Jun-2008
Location: Hrvatska
Online Status: Offline
Posts: 78
  Quote dimme.von.macedonia Quote  Post ReplyReply #215 Posted: 26-Oct-2008 at 23:53
Se iznervirav sega, ne mozam da spijam.Grr. Ne mozam da se pomiram koga vidam kako Hrvatite razubavuvat na sekoj cekor, a nie uste se jademe megjusebno. grrr! e, moze zamolba, posto ne sum vo Skopje bil dolgo vreme, bi sakal da vidam sto se stori vo  centar 'mal ring' magos etc. Blagodaram
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #216 Posted: 27-Oct-2008 at 00:46
znam deka ke me zamrzite uste vo pocetok, ali hehe Zasto, WallbashZASTO ste tolku protiv dvokatni avtobusi???? Zarem toa tolku bi bilo loso???? Siguren sum deka ke bide poubavo od SMRDLJIVITE  avtobusi od jsp! uzas!!!! Konecno saka vladata da stori nesto, a vie se zalete????????????!!!! Prifani shto davaat, oti ke ostanete so starudiite od 1970!!!! katastrofa! I sto bi bilo tolku loso da se dvokatni svtobusi? Pa poarno da odskakame od balkanot, nego li da bideme neoriginalni i ISTI kako nisto posebno ubavi Zagreb ili Beograd! Dajte malku vizualen identitet! Jas smetam deka doubledecker vo Skopje e FENOMENALA ideja!! BRAVO Trifun ili koj god e inicijator za idejava! A TRAM, isto e fenomenalna ideja! Ushte da nema zatucani idioti koji ke se protivat na oblakoderite kaj centar, Skopje bi stanal prav Balkanski Manhattan! Dunno

Se iznervirav sega, ne mozam da spijam.Grr. Ne mozam da se pomiram koga vidam kako Hrvatite razubavuvat na sekoj cekor, a nie uste se jademe megjusebno. grrr! e, moze zamolba, posto ne sum vo Skopje bil dolgo vreme, bi sakal da vidam sto se stori vo  centar 'mal ring' magos etc. Blagodaram


Dimme оддамна си регистриран и си имал шанса, доста време да ги прочепкаш нишкиве. Ако си прочитал барем 10 поста наназад ќе си нашол барем еден аргумент зашто не треба двокатни автобуси во Скопје, ама не си прочепкал пошто еден пост да прочиташе ќе видеше дека Трифун не е иницијатор. Не се слагам со тебе дека ова е феноменално!

Не гледам зашто неможеш да се помириш пошто на хрватите им идело напред. Ваљда е синдомот со козата на комшијата Wink! Сепак добро што се влкучуваш во дискусијата, само те молам воздржи се од паушални коментари. Башка морам да ти замерам поради тоа што ги навреди сите членови на форумов кои се против стокатниците со фразата "затуцани идиоти"!

p.s. Доколку ми реплицираш на вториов пасус те молам направи го тоа во Меана, а не во оваа нишка!


Edited by lslcrew - 27-Oct-2008 at 01:03
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #217 Posted: 27-Oct-2008 at 01:02

Приватниците заинтересирани за нископодниот автобус

Автобуските превозници од „Слобода превоз“ се заинтересирани да го подноват својот возен парк со нископодните автобуси на „Мерцедес“. Оваа одлука тие ја донеле вчера откако викендов нископодниот автобус, по еднонеделно промотивно возење на линијата „15“, се префрли да сообраќа на приватните линии „23“ и „55“.

„Два дена го возевме автобусот и заклучивме дека дефинитивно тој ги исполнува сите критериуми, почнувајќи од техничките до естетските предиспозиции. До крајот на годинава планираме да ја посетиме германската фабрика и со тамошното раководство да преговараме за набавка на неколку автобуси“, рекоа накусо вчера од „Слобода превоз“, кои веќе подолг период најавуваат оти планираат да го подноват возниот парк. (Дс.Т.)

http://utrinski.com.mk/?ItemID=880D0BF7B1D6B74A802C1DF6DC9285F0


Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #218 Posted: 01-Nov-2008 at 15:03
„СЛОБОДА ПРЕВОЗ“ БАРА ВЛАДАТА ДА НЕ ГИ ЗАБОРАВИ
И приватните превозници сакаат автобуси на кат

За новите 300 двокатни автобуси, кои треба да ги набави Владата за да го подобри јавниот превоз во Градот, заинтересирани се и приватните превозници. Во нивното здружение „Слобода превоз“ сметаат дека и тие треба да бидат земени предвид кога ќе се реализира тендерот за двокатните автобуси. - Вкупниот број автобуси што во моментов се активни и ги покриваат сите градски и приградски линии е речиси во ист број со оние што Владата сака да ги набави. Затоа не гледам зошто и ние не би биле вклучени во нивниот проект. Доставивме вакво барање до вицепремиерот Зоран Ставревски во кое ги образложивме нашите ставови, но се уште немаме одговор - вели Ленин Јовановски, директор на „Слобода превоз“. Тој смета дека државата, наспроти некои други тврдења, може да помага и во приватниот сектор, а како пример ги посочува субвенциите кај земјоделците. Од Владата, пак, велат дека новите автобуси ќе бидат наменети само за јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“. - Идејата на Владата беше да се подобри јавниот градски превоз. Не беа консултирани приватните превозници, иако и тие имаат право да бараат да бидат вклучени во проектот. Но според информациите што ги имам, автобусите што треба да се набават се наменети само за ЈСП - вели Шефик Дураки, портпарол на Владата. Деновиве граѓаните, но и автобуските превозници, со голем интерес го следеа промотивното возење на новиот автобус од марката „мерцедес“, кој истоимената германска компанија го отстапи за одреден период. Во новото возило, направено според најсовремени стандарди, скопјани најпрво можеа бесплатно да се возат на линијата со број 15 на ЈСП, а потоа на линиите 23 и 55 на кои сообраќаат приватните автобуси. Директорот на здружението вели дека сите трошоци за возењето ги покрила фирмата „Мерцедес“, која го осмислила и начинот на промовирање. Кај приватните превозници, според Јовановски, за разлика од градските власти, идејата не била да покажуваат кој автобус е подобар - двокатниот или еднокатниот. - Нам би ни било поинтересно двокатен автобус да се вози низ градот. Дуплиот автобус на „Мерцедес“ што се промовира низ Скопје, сепак сметам дека не е за градот бидејќи не одговара на потребата на патниците - смета Јовановски. Тој смета дека е единечните автобуси се подобри од дуплите, бидејќи кај нив капацитетот се искористува максимално.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1540&ArticleID=101418

Сите граѓани кои што се ЗА овие двокатни автобуси, со самото стапување на сцена на двокатните автобуси го губат правото да се жалат на гужва и да пцујат у сообраќај. Ми се иде да се спакувам и да избегам некаде од вакви глупости.

Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #219 Posted: 01-Nov-2008 at 18:30
Искрено, не знам што сакаат приватнициве. Ај што го искупуваа целото ѓубре на автобуси од Триглава па до Вардара да вози на скопските улици по багателни цени, немаат никакви инвестиции освен оваа МОЈА КАРТА, а остваруваат добар профит, сега сакаат уште државата да им ги купи автобусите со кои тие понатаму би остварувале профитWallbash! Башка што ЈСП е јавно претпријатие!
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #220 Posted: 01-Nov-2008 at 19:10

изгледа се плашат од неминовното воведување на еко3 или еко4 стандардот во јавниот превоз, па сега бараат некое решение со време. дека ќе добијат двокатни не ми се верува, но не верувам ни да добијат кредитни гаранции од владата за да се подноват, па нормално пополека почнуваат да креваат прашина додека сеуште можат, се надеваат дека белки некој ќе им излезе во пресрет.

еве од каде расцветала DD идејата, налетав на една неодамнешна приказна, што стана со ова дали некој знае?

Со двокатни автобуси да го вратиме имиџот на Скопје - 18.12.2005 

Модерен градски автобус на два ката со капацитет од повеќе од 200 патници е најновиот проект на „Санос“, кој најверојатно ќе доживее промоција на саемот за автомобили во Хановер во 2006 година. Според Распашковски, дали новиот двокатен автобус ќе доживее сериско производство ќе зависи од потенцијалните купувачи.

- Разговаравме со претставници на градските власти и со претставници на приватните превозници за можната соработка. Во канцеларијата на градоначалникот на Скопје постои расположение за обновување на возилата во јавниот превоз. Ние веќе подготвуваме нови проекти, со кои верувам дека ќе го привлечеме вниманието на домашната и на светската јавност - вели Распашковски.

Тој смета дека двокатен автобус би било идеално решение за обнова на автопаркот на ЈСП Скопје. Најмногу поради тоа што на фотографиите од старо Скопје не може да не се забележат двокатните автобуси на градските улици. Распашковски вели дека цената на овој автобус нема да ја надмине сумата од 200.000 евра.

- И градските татковци и приватните превозници сметаат дека е висока цената на автобусите. Меѓутоа ние сме спремни да им овозможиме олеснувања, така што ќе треба да платат 25 отсто учество, а останатиот дел ќе може да го отплаќаат на рати во следните 5 години - вели Распашковски.

Време - 18.12.2005

но во Хановер ФАС воопшто не излегле, баш тогаш се поклопиле изборите, па сигурно биле ангажирани во МКД по партиски кампањи Bash!

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 910111213 89>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.625 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.