build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Возен парк (ЈСП - двокатни автобуси)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1314151617 88>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #281 Posted: 01-Dec-2008 at 19:04
Денеска се отвора тендерот за двокатните автобуси



Скопје
Денеска е последниот ден за доставување на понудите за набавка на 300 нови двокатни автобуси за јавниот превоз во градот. Претходно беше распишан и тендер за набавка на 50 нови автобуси, но по налог на Владата тогашниот директор Орце Георгиевски го поништи и распиша нов за набавка на 52 двокатни автобуси.

Според огласот што е распишан од Министерството за транспорт и врски, доставувањето на понудите трае до 1 декември, а потоа следува нивното разгледување и прогласување на најповолен понудувач што ќе ги набавува двокатните автобуси. Откако ќе се купат автобусите, Владата во форма на донација ќе му ги додели на јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“.

Според вицепремиерот Ивица Боцевски, со оваа набавка комплетно ќе се обнови возниот парк во градот, а новите возила ќе бидат изработени според високи еколошки стандарди, ќе бидат климатизирани и со обезбедени пристапи за лица со посебни потреби.

Од градот и од ЈСП не се согласуваат со оваа набавка, бидејќи со двокатните автобуси не се гарантира безбеден, удобен, сигурен и квалитетен јавен превоз.

http://novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=250&ArticleID=12472
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #282 Posted: 02-Dec-2008 at 11:37
„Даблдекерите“ сепак ќе доцнат



Скопје
До 20 јануари идната година е продолжен рокот за доставување на понудите за набавка на 302 нови двокатни автобуси, кои според огласот за распишаниот тендер требаше да се отворат на 1 декември оваа година, соопштуваат од Министерството за транспорт и врски.

Оттаму образложуваат дека по барање на економските оператори и фирми кои пројавиле интерес да се пријават на тендерот се одолжил рокот за пријавување на конкурсот. Компаниите побарале од надлежните во Министерството да го пролонгираат датумот за доставување на понудите, затоа што им било потребно повеќе време за да ја подготват целата документација.

- Автобусите ќе превезуваат поголем број на патници, ќе бидат еколошки и ќе придонесат за зачувување на животната средина за разлика од сегашните автобуси кои го зачадуваат и загадуваат градот. Инаку, на критиките дека низ улиците на градот нема да може нормално да се одвива сообраќајот со двокатните автобуси, обезбедивме информации од ЈСП, од кои се гледа дека тие би можеле да сообраќаат и под надвозниците - објаснуваат надлежните од министерството за транспорт и врски.

Според Министерството за транспорт и врски, Владата е определена да овозможи подобар јавен превоз во градот и со таа цел на јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ му доделила пари кои биле наменети за набавка на нови автобуси со кои би се обновил возниот парк. Но, откако од градот не можеле да ја спроведат оваа набавка и одлучиле да ги вратат парите, владата решила сама да ги купи автобусите, а потоа во форма на донација да му ги подари на претпријатието. Целата постапка околу тендерот за набавка на автобусите ја спроведува Министерството за транспорт и врски, од каде велат дека сите 302 автобуси нема да бидат купени одеднаш, дека во буџетот за идната година се предвидени финансии за да се набават првите 102, а во текот на 2010 и 2011 година ќе пристигнат и останатите 200 двокатни автобуси, па набавката немало да се одрази негативно на трговскиот дефицит.

Од Министерството велат дека бројката за набавка на 302 двокатни автобуса произлегла од увидот на реалните потреби за граѓаните што се возат со јавниот превоз.

Првиот тендер за набавка на двокатни автобуси го распиша ЈСП и со него требаше да се купат 52 возила. Тој беше поништен откако градоначалникот Трифун Костовски го разреши поранешниот директор на претпријатието Орце Георгиевски, поради тоа што ја објавил јавната набавка без консултации со него. Затоа Владата потоа преку Министерството за транспорт распиша свој тендер за 100 возила, а на крајот ја промени бројката во 302 автобуси.

Со тендерот е пропишано и каков треба да биде изгледот на „даблдекерите“, со што тие ќе имаат дизајн, кој ќе потсетува на старо Скопје и ќе бидат по примерот на автобусите во метрополите Лондон, Даблин, Хонг Конг, Сингапур и Отава.

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=252&ArticleID=12646

Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #283 Posted: 02-Dec-2008 at 15:00
Previous
... Со тендерот е пропишано и каков треба да биде изгледот на „даблдекерите“, со што тие ќе имаат дизајн, кој ќе потсетува на старо Скопје и ќе бидат по примерот на автобусите во метрополите Лондон, Даблин, Хонг Конг, Сингапур и Отава.

Значи илустрованата слика од текстот не важи Big%20smile
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4987
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #284 Posted: 02-Dec-2008 at 15:33


Ако се како овај во Отава, немам приговор



Ако се како овај, значи сака да кажи дека нема да ги смениме автобусите.



А ако се како овај, значи туристички ќе бидат сите панорамски.

Многу се информирал за Отава. Избројте сами колку двокатни имаат Отава
http://www.octranspo.com/Main_MenuE.asp


Еве како се поткрепува со докази дека некој не е во право

Edited by lslcrew - 02-Dec-2008 at 18:28
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #285 Posted: 02-Dec-2008 at 17:50
Мене ми мириса дека од ова ќе излезе една гооооолема афера, времето ќе покаже, а ние Скопјани ќе си трпиме на наша глава.
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #286 Posted: 02-Dec-2008 at 18:52

ова на ФАСовци им оставаат фор, може ќе видиме ама баш возобновување на историјата и во транспортот и во фабриките LOL само заради царината и ддв за неа, како и за крпење на БДПто, Распашковски не само што ќе ја добие зделката ами и ќе го прогласат за менаџер на годината Thumbs%20Up нека ја тераат и тие но бар со квалитетот нека понудат и гаранција за истиот, само нека имаат добри мотори се друго ќе го изедеме... инаку тие нели се имаа уште од поодамна спремано да излезат со ДК муабет, но закаснија за на саем со прототипот, па сега не само што ќе имаат прототип туку и нема да има беспотребно мерење ммускули со останатите производители по саеми во еу LOL ова малку целиов муабет ме збунува но ај не е битно како и зошто почнало и зошто сега вака се тера...  

Дополнителен проблем во целиот случај е тендерскиот услов на владата автобусите да имаат можност за вградување на плински уред, кој може да се постави само на покривот на автобусот. Вака автобусот би бил висок 4 метри и 30 сантиметри со што нема да може да помине под дел од мостовите во Скопје каде сообраќаат градските автобуси.

АлфаТВ - 15.11.2008

незнам што им требало овој услов, но ако вградувањето не го прават на опашката од автобусот, многу тешко дека некој понудувач ќе помине на тендерот... ем нископодни, ем плин, па бар да внеле и услов за convertible кров...



Edited by beTon - 13-Mar-2010 at 00:04
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Online
Posts: 12247
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #287 Posted: 02-Dec-2008 at 19:48
Originally posted by beTon

па бар да внеле и услов за convertible кров...

Ваљда е ова една од твоите шеги
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #288 Posted: 02-Dec-2008 at 20:20
LOL абе ако мене ме прашуваш нема нешто што не е остварливо само треба од се срце да го посакаш, најдов нешто колку смешката да не биде бадијала www.columbiamo.craigslist.org/rvs/913375119.html, абе требало и фенери и ѕвонци место светла и сирени да вметнат во тендерот!

Edited by beTon - 02-Dec-2008 at 20:21
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #289 Posted: 03-Dec-2008 at 12:51
А да го копираме јавниот превоз во Хавана. Да купиме стотина камиони, сами си изработиме приколки со столчиња кои ќе ги влечат камионите, ќе ни биде супер, башка планов е и оригинален како што сака владатаBig%20smile.
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #290 Posted: 03-Dec-2008 at 13:13

па ФАСовци тоа и ќе го понудат лиценциран модел или евентуално модел со лиценца LOL пријатно ќе се изненадам доколку е комплетно МКД бренд! иако имаме луѓе способни за такво нешто, сепак немаат време за да ја дотераат за толку кратко време до технички тестирања. евентуално ако веќе навистина имале спремно нешто за на саемот во Хановер ’06 но заради недостаток од пластика се пишманеле да го извадат!

еве нешто интересно колку за инфо дека имаме веќе испробани инжињери на ова поле...

Марана Автомотив произведува најразлични видови на специјални каросерии. Основачот на компанијата г. Таневски, спопред белградското списание “Ауто“ во 1995 година беше прогласен како конструкторот на првиот двоспратен автобус во Централна и Источна Европа, моделот Санос 522 Галион [1] www.marana.com.mk

Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #291 Posted: 03-Dec-2008 at 13:33
Бетон, многу ми е интересно што цело време си мислиш (или сонуваш) во секоја нишка дека ние сме способни и треба да си произведуваме се сами за себе. Ако имаше такви тенденции и можности, верувај во капиталистичкиов свет тоа досега одамна ќе се случеше. Јас длабоко би сакал да е тоа така, но сфати еднаш дека македонски брендови скоро и да нема (освен по некој лек, храна и вино) а камо ли цели автобуси или возови и трамваи. ФАС во најдобрите години не успеа да направи целосно свој модел, сега во најмизерните моменти и тешко достапни кредити како и девалвиран кадар мислиш ли дека можат да направат добар автобус?!?
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #292 Posted: 03-Dec-2008 at 14:17

ако читаш поубаво се спремале да излезат со двокатен во хановер 2006, значи веќе работата била готова, а според муабетот на распашковски тој е и кумот за враќање на душевните атрибути на СК... (го повторувам линкот зошто очигледно не си го разбрал натписот)

ако веќе зборуваме за песимизам, ни една автомобилска индустрија не успеала без директна или индиректна подршка од владата, па така и кај нас само со вакви тендери или интервенции е возможно да истуркаме и одржуваме МКД бренд...! песимизам е доколку опциите навистина се сведат исклучиво на приватен капитал и интервенционизам! можеби и раде кончар некогаш сонувале па сега произведуваат трамови!

Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #293 Posted: 03-Dec-2008 at 14:30
А каде е тој ХАНОВЕРСКИ автобус? Дали го видовме? Зашто знаејќи дека ќе се одучат за двокатни, ФАС го пушти да прошета надвор од фабриката, малку по скопските улици? Па да видиевме малку дали ни се допаѓа, дали ни одговара? Ама НЕ, Распашковски не го смисли тоа, затоа што тој автобус веројатно  го нема или се срами од него. На друг логичен одговор не ми текнува. Не е песимизам, туку реализам! Зашто државата да помага приватни фабрики. Знаеш ли дека тоа спаѓа во графа КОРУПЦИЈА и е казниво со закон? Плус Кончар конкретно нукогаш не сонувале за производство на трамваи, отсекогаш си произведувале и локомотивии трамваи. Да со поддршка на тогашниот систем многу јасно, ама кој ни е крив што не сме успеале да обезбедиме таква поддршка и за ФАС на времето???
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #294 Posted: 03-Dec-2008 at 15:04

абе Андреј каква корупција е тоа државата да потикнува Македонско производство?! кончар и со сиеменс во скут нема да можеше да го истера проектот со трамовите доколку загреб не склучеше договор со нив и целосно не ги заменија старите со нови трамови! а сега веќе откако застанаа на нозе нормално е да се тркаат и надвор!

истиот случај ќе биде и со ФАСовциве, а зошто не излегле со автобусот во јавност тоа треба да се прашаат новинарите кои заглавиле со копање информации и тогаш и сега, сигурно нешто имало а што времето ќе каже. јас лично мислам дека немале доволно капацитет шминкерскиот дел да го завршат, а вака сега со тендеров доколку го добијат, а на такво ми мириса гравчето, без проблем ќе обезбедат и средства и кредити за шминката да ја дотераат по европски стандарди. така да опушти се и дај да причекаме до јануари да видиме што ќе биде! може и да оптфрлат со понудата но тоа ми изгледа малку веројатно! целава игра и сите муабети се само заради рестартирањето на производството на санос, ако примети најмалку џева во цел овој муабет креваа фасовци ако воопшто и им се чу гласот, и јас едно време верував дека е од туристички побуди оваа иницијатива, но после текстот со хановер ми стана јасно дека иницијативата е пред се економска, а потоа може да и се прилепат уште илјада до и под муабети!

значи ок реализмот твој е како огледало па за се што неможеш да видиш преку огледалото крив ти е цацко... 

Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #295 Posted: 03-Dec-2008 at 16:32
Ех, што ти прави архива, се откри кој го потегнал проектот двокатни автобуси и кој лобира за такво нешто по министерствата.
Сепак, квалитетот и цената треба да бидат клучни во изборот на најповолен понудувач. Џабе е македонско, ако треба да го платиме десетина милиони евра поскапо или доколку нема гаранција на квалитетот.
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #296 Posted: 03-Dec-2008 at 17:33

па ако велат дека двесте илјади ќе чинел и капак имале волја да го извадат на саем(изборите ги пресекле) аи нудат одложено плаќање на пет години, не само што ќе ја добијат зделката туку и БДПто на земјава ќе расти, и за трам и за автобуси а и за коли доколку се тера лиценца муабетот е 1000% сигурен, во случајот ова ќе биде само со туѓи мотори а се друго ќе оди од домашни домаќинства, како што реков и за трамовите ниту ссе муабетиве проектирање вселенски шатлови, ниту сме па ние ептен отепани па да не можеме да создадеме МКД бренд, проблемот е дали имаме доволно капацитет тој бренд маркетиншки да го исфорсираме! јасно е дека мора да се има квалитет, но истиот денес е лесно да се постигни заради ефтините автоматизирани машини кои како алва се продаваат низ светот... навистина тешко е да му земеш на некого пазар, но добар пример за тоа е самак, но во неговиот пример неможејки да го саботира конкуренцијата директно мораа да одат со индиректни удари како ставање на црни листи и етикетирање како терористички јатак!

единствено за што сме неспособни е да прифатиме авторитет, гледано како менталитет, сите сакаат да бидат газди или главни, а доколку не се од се срце гледаат како да му напакостат на оној кој се затекнал во таква позиција, па неретко има саботажи и од самите партнери или колеги, ова е секаде појава, но кај нас се смета како лајт мотив во животот! да му пукне резервната на комшијата...

Back to Top
Chiko View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 12-Nov-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Chiko Quote  Post ReplyReply #297 Posted: 05-Dec-2008 at 23:29
Абе кај е за нашиве шофјори duble bus P+1. Во паркиралница Ѓорче Петров веке направиле и возен распоред кој ке ги возат алтобусите во шофјорски тим, едниот долниот дел а другиот горниот дел. Абе ке се испотепаат........ Кај нас сите ке сакаат горе да се возат па дур го чекаат да се симне од горе доле па да излезе од алтобус.
Барем кога ке се скараат децава кај ЕМУЦ ке има повеке прозори за каменување.
Јас мислам дека боље е да направат метро над земја.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #298 Posted: 06-Dec-2008 at 02:07
Chiko, во право си повеќе прозорци за кршење меѓу средношколците на ЕТУЦ и ЕМУЦ. Башка поделби на национална основа, горе македонци, доле албанци, па зошто едните не биле горе другите доле, па нов рамковен договор за двокатни автобуси, а башка кога ќе поминуе по Илинденска патниците ќе може да ѕирнат и по приватноста на станарите на околните куќи, ќе биде интересно!Big%20smile
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #299 Posted: 06-Dec-2008 at 06:26
а кога ќе се возат по Бутелска патниците ќе бројат оџаци Smile што е до сегрегацијата мислам дека сите ќе бидат презафатени со подвижниот видиковец па бар наредните пет години работите ќе бидат питоми, а сигурно ќе има и камери и нормално на проблематичните линии - кондуктер редар, но исто можно е  со овие ново-стариве саноси да има организиран превоз до средните школи. 
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #300 Posted: 08-Dec-2008 at 08:03

Radical Freight*BUS urban concept seeks investors

New type of bus will carry both passengers and freight around a city
 
 

Hugh Frost wants to make London tranport more efficient and is looking for investors to help make the future look like this bus.

Frost has come up with a whole concept for a city transport system, On-Route, and designed a vehicle called the FreightBUS that will be the centerpiece of the new system.

The FreightBUS will carry both passengers and freight around the city and thereby reduce traffic and emissions by having fewer small delivery vans moving goods around town. The new system will require a new logistics infrastructure, including hubs for loading and unloading freight that is being transported by the FreightBUS.

Frost's bus will also feature advanced technologies. It will run on either batteries or hydrogen fuel-cells and will be designed so that an electric motor propulsion system can be fueled by both. A hybrid-system is also proposed by Frost, with a 2.0 liter LPG (liquefied petroleum gas or "wet" natural gas) engine used to top off the batteries. But Frost's main objective is to have a zero-emissions bus.

A series of distributed wheel motors will power the bus. That is, each wheel will have its own small electric motor to drive it, which Frost claims is about 50 percent more energy efficient than having a central motor power the vehicle. The FreightBUS will be able to hold 150 people, with 52 on ceiling-suspended seats, while carrying a cargo of 35 freight pods (or 35 euro pallets).

Frost is claiming that there currently exists technology that can make possible an 80 percent recharge of the batteries in around one minute. Now, that is a claim one has every right to be skeptical of.

This system is based on a proposal Hugh Frost submitted to Transport for London, a competition held this year by the city looking for a new bus design. Frost didn't win it. But he's hoping to find investors who think it should have.

 
 
 
 
 
 
 
 
 


Edited by vardar - 08-Dec-2008 at 08:09
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1314151617 88>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.344 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.