build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Возен парк (ЈСП - двокатни автобуси)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 3233343536 88>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
OKA View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Dec-2009
Location: Yenni Maalе
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote OKA Quote  Post ReplyReply #661 Posted: 23-Oct-2010 at 00:10
Originally posted by Andrej_LJ

ОКА неможеш да релативизираш клучни фактори при набавка и воведување во експлоатација на сосема нов вид транспортно средство во еден град.
Некој пренагласува, некој калкулира, некој прејудицира, некој релативизира...
Originally posted by Andrej_LJ

...Јас не сум чул дека некој во градот Скопје прави некакви корегирања во однос на семафори, рекламни паноа или кабли...
Јас пак не сум чул дека некој изјавил оти нема да се прават корегирања!
Originally posted by Andrej_LJ

Факт е дека овие возила имаат многу помал капацитет на патници оразен преку понеефикасен распоред на седиштата и ограниченоста на вториот спрат...
Тогаш, за Скопје, значи, идеална би била двокатна армоника! Би супституирала 300 автомобили. Арно ама и гола Каролина да се вози во двокатна „ганц” армоника од MAN, факт е, скопјанец не се откажува од своето авто.
На Балканите слепо екстраполирање странски искуства е формула за неуспех!
Originally posted by Andrej_LJ

Таква (примарна/единствена) мрежа има неколку предуслови за оптимална функционалност: голем број на места за стоење- наспроти оние за седење, што е можно поголем број на врати за побрз и удобен проток на патниците, а со тоа и на целиот систем... Двокатните возила се чиста спротивност на овој концепт!
Како фраза, т.е. појачувач на впечатокот ”големкиве бусови не чинат” можеби врви. Сепак, математички гледано, чиста спротивност е кога би имале нула врати и нула места за стоење!
Originally posted by Andrej_LJ

Станицата под ГТЦ е нешто многу паметно и функционално-влез во срцето на нашиот најголем генератор на движење во градот, на еден ефикасен и ненаметлив за околината начин. Сега тоа веќе нема да е фактор, фактор ќе биде духот на Старо Скопје (читај долна паланка, без интенција за навреда кон било кого, ама face it!).
Не би наседнувал на ефтини pulp fiction досетки дека „големкиов” автобус не го збира под трговски. Уште помалку, од такви причини, би си ја прогласувал метрополата за паланка.
Originally posted by Andrej_LJ

Интериерот е под секаква критика...
Базирано на неколку фотографии од прототипот?! Нема ич да бидам помалку во право ако „одокотивно” кажам дека, ете, мене пак, интериерот, ми се допаѓа, нели?
Originally posted by Andrej_LJ

Цената на овие возила е ултра-ефтина...Верувајте дека ефтиното секогаш во текот на својата експлоатација излегува многу поскапо одколку да купевме помал број на возила од некој реномиран европски производител.
Мерцедес повлекува 100 илјади возила, Волво 85 илјади, Порш 45 илјади, Тојота само ќе повлекува, нема да произведува... Реномиран производител!?
Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #662 Posted: 23-Oct-2010 at 00:31
Види, поентата на овој пост не беше да навлагам во личен дуел со тебе, како што веројатно ти го сфати ова. Но, ќе ти ги изнесам и моите гледишта:

-Автобусите треба да пристигнат навистина скоро, а надлежните еднаш не кажаа колку изнесува стандардот за наслонувачите на семафорите и дали ќе требаат евентуални корекции. Ако се покаже дека треба промена, дали има некаков план за дејствие или е оставено тоа на случајност?

-Не се согласувам дека балканецот нема да слезе од својот автомобил. Доколку се реорганизира градскиот превоз и стане 3 пати побрз од автомобилите, само луд човек не би ги користел (под претпоставка тие да се организирани, односно чисти, пристојни, брзи и точни).

-На Балканите слепо екстраполирање странски искуства е формула за неуспех! --- А така! А двокатниве автобуси ние да не ги измисливме случајно или по некаква случајност (сега сметам доста несреќна) се подарени на Скопје и Нови Сад од страна на Лондон, каде биле сменети со нови? Јас најмалку се залагам за целосно пресликување на успешните концепти во Скопје, се залагам за трезвено и практичко ПРИЛАГОДУВАЊЕ на истите!

-Инаку да, има доста системи во светов каде што автобусите скоро и да немаат седишта и имаат вградено многу големи врати- односно многу личат на аеродромските автобуси. Тие концепти се воведуваат пред се во Латинска Америка како преодна (децениска) замена за метро линиите. Се доволно брзи а капацитетот е максимизиран. Такви има и во Истанбул, но користат Мерцедес CapaCity. Со еден збор да, има такви слични автобуси, но тие функционираат во склоп на различен тип на системи.

-Неколку фотографии од прототипот? Па тие фотографии требаше да се достават уште во тендерот па да видевме што не чека. Тоа ќе беше возможно доколку не поставувавме невозможни и бескрајно чудни и непрактични услови во самиот тендер. Доколку нарачавме нормални автобуси (без разлика дали двокатни или еднокатни), уште пред самиот избор ќе можевме да видиме слики од возилата и да ги споредиме според сите параметри!

-За крај би повикал да не се правиме многу слепи, кога цел свет знае кои се најреномираните производители на градски автобуси. Не за џабе има толкава огромна разлика во цената. Нема шанси толкава разлика (x3) во цената да се должи само на ефтината работна рака во Кина, туку и на ред други фактори, меѓу кои водечки е квалитетот и пост-куповните услуги.
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
nylon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Oct-2010
Online Status: Offline
Posts: 168
  Quote nylon Quote  Post ReplyReply #663 Posted: 23-Oct-2010 at 00:40
Прво, добро ве најдов!

Се имам возено многу пати во лондоннските double-decker-и па сакам да го споделам моете мислење околу воведувањето на овој тип на автобуси во Скопје.

Во повеќе постови пишува дека во сите двокатни на горниот кат не може да се оди исправено. Во лондонските без проблем (барем јас, 183 цм) може да се оди исправен што значи дека вториот кат е барем 190 цм висок.

Предноста на двокатните автобуси покрај тоа што се "егзотични", а со тоа и привлечни за туристите, е и возењето на горниот кат на средни и долги релации. На горниот кат е многу посмирено, порелаксирано, потивко... Со други зборови во едноспратен автобус постојано влегуваат и излегуваат луѓе, се отвараат врати, гледаш како има редици на влезот итн. Можеби ова звучи малку поетски , но реално оние кои што живеат во попериферните населби поминуваат значителен дел од денот во автобус па добро би им дошло тивко возење на вториот кат.
Скопје е релативно голем по територија, односно има згради, па ниви со бостан, па пак згради што значи има доста долги релации, со што се исористува една предност на двокатните.

Во Лондон немам забележано некогаш да се направила редица на скалите. Сепак тоа е висинска разлика од 1,90 м што значи не е некоја голема висина, па качувањето се одвива брзо ( не повеќе од 3-4 секунди).

Мислам дека покрај горенаведените и нема некои други рационални предности од воведување на двокатни автобуси.

Првпат кога видов дека ќе се купува ретро дизајн мислев дека е некоја шала. Прво не верував дека некоја компанија ќе даде понуда за тоа. Лондон кој е најпрепознатлив по ретро двокатни нема повеќе ретро дизајн. Едноставно ретро автобусите ги паркираат на станиците околу Trafalgar square и вртат по некое кругче низ цетарот за да ги видат туристите, а се изнајмуваат и за приватни потреби.

...
Неможам да најдам одговор на форумов по која студија (или некаков вид на истражување) е избрано да се воведат двокатни?

...
Сепак не треба да се занемари фактот дека во Лондон покрај автобусите во јавниот превоз има и метро, градска железница, DLR и крузери по Темза, па може да си дозволат малку емоции околу задржувањето на двокатниот принцип.

Edited by nylon - 23-Oct-2010 at 00:44
Back to Top
OKA View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Dec-2009
Location: Yenni Maalе
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote OKA Quote  Post ReplyReply #664 Posted: 23-Oct-2010 at 01:23
Originally posted by Andrej_LJ

Види, поентата на овој пост не беше да навлагам во личен дуел со тебе, како што веројатно ти го сфати ова...
Андреј, пријателе, ако не сум се согласил со твоите гледишта, не значи дека сум влегол во личен дуел со тебе!
Кинеските „големки” басови, како и сите останати, си имаат плусеви и минуси. Нив ги собираме-одземаме, вагаме, обидувајќи се да креираме некакво јавно мислење, дали сме постапиле најдобро што сме можеле во ситуацијата.
Купи го најскапото и си го купил најдоброто е одлична формула, се согласувам. Но, дали сме биле во ситуација тоа да го направиме е исто добро прашање. Не само од финансиска гледна точка. Оти, ниту еден, што би рекол ти, реномиран производител на басови, не се појави на тендерите. Од проста причина што нема многу бизнис во тоа да дадеш 5 годишна гаранција за својот скап производ, кој треба да се движи по улиците скопски, такви какви што ни се!
Затоа, уште еднаш, нема ништо лично кога ќе ти кажам дека твојата нестрпливост „Скопје утре да го стаса Њујорк” ми е толку многу симпатична и истовремено инфантилно наивна и нереална.
Од друга страна, пак, и покрај честата, неодмерена пежоративност кон „детските болести” на оваа држава, твоите постови ми се прозорец за толку корисни идеи и информации, што подрагоцено ми е да те изрелативизирам, отколку да те изигнорирам.
Ништо лично... Башка, проаѓа под Трговски, гарант!
Thumbs%20Up
Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12245
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #665 Posted: 23-Oct-2010 at 19:33
@ nylon

Всушност, прво добредојде

Интересен insight, и можам да кажам дека конечно ја слушнав првата работа која реално би претставувала мал плус за двокатните во Скопје („раатот“ што владеел на катот )

Originally posted by nylon

Неможам да најдам одговор на форумов по која студија (или некаков вид на истражување) е избрано да се воведат двокатни?
Нема таква студија и според мене токму ова е главниот проблем и коренот на се друго. Одлуката очигледно беше донесена паушално, од страна на поединец или многу тесна група луѓе кои немаат блага врска со јавен превоз. Ситуацијата беше трагикомична - од ЈСП прво негодуваа, ама со смена на директорот тој проблем беше „решен“, а за фронтмен на проектот „двокатни ретро автобуси“ беше назначен тогашниот министер за евроинтеграции. Тоа е нашата жална реалност.



@ OKA

Така е, треба да ги извагаме работите. Ама никако да ги чуеме работите кои ќе ги ставиме на „плус“ страната... Наместо тоа, правиш мајтап со дел од легитимните забелешки, дел во потполност ги скокаш, а пак некои кои никогаш не ни биле сериозно или воопшто спомнувани ги вметнуваш во листата единствено во функција на мајтапот. Таква ли дебата треба да водиме? Всушност зарем ни треба некаков дополнителен мајтап, кога си ги имаме двокатниве? Зарем не се доволен мајтап сами по себе? Искрено...

Понатака... убаво е ние тука да анализираме и вагаме, ама милион пати поубаво ќе беше тоа да го направеа и надлежните. Со оглед на нивното образложение зошто ни биле потребни двокатни ретро автобуси (да не бидам досаден да го повторувам, го знаеме сите), јасно е како бел ден колку била длабока нивната анализа. Андреј само во 2-3 поста анализираше многу повеќе и потеменлно отколку сите тие дебелоглавци заедно. Тоа е страшна реалност и разбирам дека многумина попрво би ја пикнале главата во песок отколку да се соочат со тоа, но мораме да се соочиме, затоа што тоа е прв чекор доколку сакаме да оставиме шанса работите да почнат да се менуваат на подобро.

Во врска со отсуството на реномирани производители со свои понуди, малку се измешаа лончињата. Очигледно Андреј зборуваше за обични и зглобни Мерцедеси/МАНови, а сигурно не за ретро-двокатни. Е сега прашањето е зошто (со исклучок на Соларис) отсуствуваа реномирани производители и на тендерот за 84 нормални автобуси. Не можам да знам зошто е така, но може со прилично голема доза на сигурност да се претпостави дека улога играле и тендерските услови кои фаворизирале поефтини производители, но и циркусот со тендерите за двокатни автобуси кој претходеше, што не може да не се одрази врз нашата репутација. Во секој случај сметам дека клучно прашање останува изборот обични или двокатни автобуси, а не нивната марка. Обични Јутонг автобуси секако ќе беа неспоредливо подобар избор отколку ретро-двокатниве Јутонзи.


Edited by Cloverstack - 23-Oct-2010 at 19:37
Back to Top
OKA View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Dec-2009
Location: Yenni Maalе
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote OKA Quote  Post ReplyReply #666 Posted: 23-Oct-2010 at 20:24
Прецизни да бидеме, мајтап и иронија не е исто. Оти мајтап при сериозна дебата е знак за слаби позиции и малодушност.
Но, иронијата дека ЕУ не ги одобрила и немало за нив референдум, е всушност насочена кон повеќето од забелешките кои се изнесоа на Форумов, а беа упатени кон големкиве автобуси.
Сметам дека би било утилитарно ако Форумов успее да сублимира барем три КРУЦИЈАЛНИ забелешки, со кои ќе утврдиме дека големкиве автобуси се промашување и да ја затвориме темава. Барем додека „кинезиве” не пристигнат.
Ама круцијални! Не дека биле ретро, кинески, непројдовни под ГТЦ, внатре без кожа од леопард, црвени, ниски горе, имале четириипол места помалку од обичните и биле неприфатливи за екс ЈСП директорот.
Тоа не се круцијални забелешки, ами субјективни!
При набројувањето да се води сметка дека „големкиве” не се единствениот вид на басови кои ќе сообрајќаат во јавниот превоз на Скопје. Кој, покрај другото, во својот состав (ќе) има и обични басови, од државниот и брзорастечкиот, приватен сектор.
Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12245
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #667 Posted: 24-Oct-2010 at 05:12
Ама дај ОКА, каков субјект е Форумов за да сублимира и утврдува. Или пак да зазема ставови и страни. Како воопшто би го извеле тоа? Па после уште и да се затворела темава додека стигнеле автобусите. Форумов е едноставно простор за дискусија, а забелешките (круцијални и помалку круцијални) се лични ставови на поедини членови, ставови кои може да бидат повеќе или помалку објективни, повеќе или помалку поткрепени. Сепак, ми се чини дека тоа што недостасува не се објективни круцијални забелешки, туку кај некои недостасува воља да се согледаат забелешките и воопошто да се согледа една реалност, јасна како ден.

Јас лично можам да изнесам дел од моите круцијални забелешки. Ти бараше три, ама три поединечни забелешки се премалку за вакво фијаско, па еве спакував нешто во три групи на забелешки:

- Тотално паушално носење на многу битна одлука, без никаква анализа. Потврда за ова е развојот на настаните кога беше донесена одлуката и фактот што никогаш не беше соопштена никаква поткрепа за изборот на ретро-двокатни автобуси, туку цело време се вергла она смешно образложение кое колку и да не сакам, еве пак морам да го повторам - враќање на духот на старо Скопје. Се работи за масовно воведување на нов концепт во јавниот превоз, кое за да добие зелено светло требаше дебело да се проанализира и образложи.

- Практичната инфериорност на двокатните автобуси по низа клучни фактори, а во град како Скопје нема ни како на друг начин да ги компензираат тие слабости. Андреј штотуку детално се осврна на голем дел од нив, како капацитетот и неговите специфики, брзината на движење, времето потрошено на стоење на станици, компаративната потрошувачка на гориво по превезен патник*километар. Овие работи не се нечија субјективност, туку базични параметри за евалуација. Збориме за значителни разлики, мада и најмали разлики би се преточиле во големи загуби.

- Нужност од значително прилагодување. Интервенции на семафори и слични препреки, прилагодување на гаражи и разни инсталации во ЈСП, дополнителна обука за возачи, повисока контактна мрежа за идниот трам/лрт, прилагодување на сообраќајниците кон поголемото оскино оптеретување на овие возила...

Што да ставиме на другата страна на вагата, кои се позитивните страни од изборот на двокатни автобуси?

Нагласуваш дека освен двокатниве ќе има и други видови, ама навистина не гледам како тоа го релативизира фактот што ќе оперираме 200 двокатни автобуси. Зарем треба да дотуркаме дотаму да воведеме исклучиво двокатни автобуси, за конечно сите да се соочиме со големината на овој FAIL?


Edited by Cloverstack - 24-Oct-2010 at 05:17
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #668 Posted: 24-Oct-2010 at 09:48

Сите забелешки си се на место... А мене прашањето со јавниот превоз искрено ме погодува емотивно....

Се се сведува дали ова го правиме, односно земаме двокатни автобуси заради авантура, заради потреба или заради лудост?

Незнам јас ќе се воздржам од коментари, зашто стварно не ме бива во автобуси... Знам само како е да се возиш со нив.... И дали покрај се некој од надлежниве за автобусиве ќе се вози редовно во нив или пак ќе си влезе во својот автомобил... па граѓаните нека ја искусуваат ситуацијата која би се создала.... Мене искрено во овој момент не ми е важно баш какви се, ама не сум само јас кој се вози во автобус.... 

И едно последно прашање од мене.. Што ќе правиме кога ќе дојдат? Што ако не се по мерка на граѓаните? Дали ќе чекаме и ќе се влечеме по автобуси 20-40 години додека не се земат нови? А може и да оставиме и дур не дојдат и да видиме, па може и нема да се покажат до толку лоши.... Незнам... можеби.... Мене ако лично се прашувам што би одбрал дали Цитаро или од овие, би го одбрал Цитаро-то.... Ама дали ние ќе видиме во Скопје такво нешто некогаш.... и ми се допаѓа таа англиска поговорка/фраза што некој ја спомна....

Back to Top
OKA View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Dec-2009
Location: Yenni Maalе
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote OKA Quote  Post ReplyReply #669 Posted: 24-Oct-2010 at 11:15
Кловер, почитуван. Мој пријателу, ако човек сам не се почитува, останатите уште помалку ќе го прават тоа.

Форумов е многу посериозен субјект, отколку што на прв поглед може да се помисли. Според моите, доброинформирани колеги, новинари, build.mk е следен од пиарот на Владата, медиумските аналитичари од четири политички партии (вклучително една албанска), десетина новинари, две странски, економски аташеа... Во секој случај не е фејсбук или твитер, па се собрале 923 луѓе што не сакаат да се возат во големки автобуси.
Кога Форумот третира тема, всушност краен продукт е генерално мнение за истата, поткрепено со многу ексклузивни фото и пишувани материјали, со многу „жешки” информации.
Тоа е многу важен општествен производ од една неформална социјална група, особено во вакви случаи кога, на пример, власта не направила сообрајќајна студија за басовите. Значи, ако навистина е точно тоа дека нема студија, смислата на постоење на вакви форуми е токму тоа. Да бидат неформален коректор на комотната администрација и нејзината опозиција во распад. Да понудат „алтернативна студија”! Која, всушност, со секој наш нов пост, твојот, на Фосил, Андреј, и уште триесетина други форумаши, полека и се оформува.
Секако, фигуративно да „се затвори” темава, со утврдување (или неутврдување) на неколку круцијални недостатоци на големкиве басови, значи да се дојде до неколку нивни суштински недостатоци во однос на „обичните” и да се заокружи генералното мнение за нивното воведување во системот на скопскиот јавен превоз.
Што се однесува до трите групи на FAIL аргументи за големкиве:
- Феноменот на недостаток од студија го елабориравме и ако навистина таа не е направена, тогаш власта го изложила проектов на сериозен ризик истиот да биде прилично неуспешен.
- Од досега дебатираното, се наметнува дека подоброто „автобуско” решение vs. големкиве, решение за опфат на повеќе патници, нивен побрз проток и побрзо сообрајќање се вика бас армоника. За нивно воведување исто така би биле неопходни инвестиции за корекции и преместување на многу автобуски стојалишта, адаптирање на депоата, обука на возачите...
Мое мислење е дека армониките нема да можат во целост да ги реализираат своите „побрзи” перформанси на ова ниво на сообрајќајни решенија и сообрајќајна култура во МКД. Чинам, ќе „настрадаат” како диносаурус во ледено доба, поради непостоењето на сопствена лента, учеството во „римските борби со кочии”, т.е. престигнувањето со приватните автобуси и слични секојдневии.
Кога веќе прашањето е поставено, компаративни, светли моменти на големкиве се:
- ергономично, удобно и тивко патување, особено на, „од Аеродром до Карпош” релации,
- превоз на поголем број патници, по единица плоштина користена сообрајќајница,
- утилитарност во секторот туризам,
- нови можности за индустријата за outdoor рекламирање,
- рационална финансиска конструкција за нивна набавка, која овозможи обнова на поголем процент од возниот парк.
 

Edited by OKA - 24-Oct-2010 at 19:37
Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9100
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #670 Posted: 24-Oct-2010 at 12:57
Originally posted by OKA


Мое мислење е дека армониките нема да можат во целост да ги реализираат своите „побрзи” перформанси на ова ниво на сообрајќајни решенија и сообрајќајна култура во МКД. Чинам, ќе „настрадаат” како диносаурус во ледено доба, поради непостоењето на сопствена лента, учеството во „римските борби со кочии”, т.е. престигнувањето со приватните автобуси и слични секојдневии.


Гледано во поширок контекст погоди во коренот на проблемот. Јавниот транспорт во Скопје не треба да се гледа само како набавка на автобуси (големи, мали, високи, ниски, независно...) туку како креирање на сериозен транспортен систем кој ќе им го олесни движењето на граѓаните, ќе го намали сообраќајот во градот а со тоа ќе ги подобри и  неговите еколошки перформанси и севкупно ќе го подигне квалитетот на живот. Така се создаваат услови за поздрави граѓани (помало загадување на воздух, помалку стрес...) што пак има и економски импликации преку заштеда во здравството (превенцијата е најдобар лек) и преку зголемување на продуктивноста. Да не зборувам што значи заштедата на конто енергенси за една енергетски зависна земја како Македонија.

Што имаме ние од оваа приказна? Буквално ништо, барем врз основа на јавните  информации со кои располагаме на оваа тема.

Дали двокатните автобуси ќе го подобрат квалитетот на јавниот транспорт во Скопје? Па мислам дека тука нема никакви дилеми, сепак менуваме канти стари по 30 години кои скоро не би ги примиле ни во отпад, со нови, климатизирани удобни возила (колку ќе ни успее да ги одржиме во „нова“ состојба останува да видиме). Но тука завршуваат предностите и целиот зафат се сведува на добро познатата македонска девиза „добро е нека се гради“.

Не би се сложил со твојата квалификација дека ставовите на Андреј се „инфантилно наивни и нереални“. Секако, тие како целина звучат како научна фантастика, но никој не стигнал од точка А до точка Ш преку ноќ, туку морал да ги помине и сите попатни станици.

Доколку би се развила една квалитетна долгорочна стратегија за транспортниот систем на Скопје (не од оние стратегии кои се усвојуваат со секоја нова гарнитура во функција на перење пари, туку документ до кој ќе се држиме во следните неколку децении) и доколку потоа се дефинираат среднорочните и краткорочните приоритети и проекти и постапно се имплементираат ништо не е невозможно.

Дури и да гледам на двокатните автобуси како на лек кој треба да му ги ублажи болките на болното Скопје, сепак отсуството на сериозна дијагностика за болеста и на третман за нејзино сузбивање е крајно загрижувачки.

Со сето ова кажано, набавката на двокатни независно од позитивните ефекти кои тие СЕКАКО ќе ги донесат е голема грешка, особено во ситуација кога според големината на нарачката ќе бидат `рбет на градскиот сообраќај во Скопје. Во ситуација кога има толку многу да се направи на тема јавен транспорт, мораше да се иде со едно далеку помалку ризично решение каде главен критериум ќе беше функцијата а не изгледот на шасијата.

Дополнително, непостоењето на сеопфатен план/стратегија за кои зборувам погоре значи дека независно од возниот парк, резултатите ќе бидат исти. Бидејќи и старите и новите автобуси ќе налетаат на истите проблеми од типот на недостаток на посебна лента и сл кои ти веќе ги наброја. А за решавање на истите не требаат никакви скапи набавки туку само добра волја, строги казни и „мурија во сурија“.


Edited by pbanks - 24-Oct-2010 at 19:16
Back to Top
OKA View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Dec-2009
Location: Yenni Maalе
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote OKA Quote  Post ReplyReply #671 Posted: 24-Oct-2010 at 17:44
Originally posted by pbanks

...Не би се сложил со твојата квалификација дека ставовите на Андреј се „инфантилно наивни и нереални“...
Дури и јас не се согласувам со таа квалификација. Оти е извадена од контекст.
Ставовите на Андреј, никогаш не се инфантилни, ниту наивни, уште помалку нереални.
Неговата нестрпливост - è! Сето тоа заедно!


Edited by OKA - 24-Oct-2010 at 20:52
Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!
Back to Top
OKA View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Dec-2009
Location: Yenni Maalе
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote OKA Quote  Post ReplyReply #672 Posted: 24-Oct-2010 at 18:40
Originally posted by pbanks

...добра волја, строги казни и „мурија во сурија“...

Thumbs%20Up
Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!
Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: Brisbane
Online Status: Offline
Posts: 826
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #673 Posted: 24-Oct-2010 at 19:45
Originally posted by Cloverstack




Originally posted by mirakuliks

Имено најверојатно очекувам двокатните да бидат пуштени на најдолгите линии, како 2, 5, 15 каде што тие што со автобусот треба да поминат повеќе од половина од вкупната должина на линијата многу поедноставно и поудобно би им било да седнат горе.Не знам кој спомна, најверојатно во афект и немање искуство, ама горните катови не се за украс, горните катови се секогаш полни со патници, барем тука во Берлин е така.
Друже, не се 10 автобуси... 200 се и ќе мора да бидат пуштени на сите линии. А вториот кат можеби не е за украс во градови како Лондон, Берлин и Хонг Конг, ама кај нас во Скопје е малце подруга ситуација. Пред се Скопје не е град каде има сообраќајна логика да се воведуваат двокатни автобуси, а има и редица други, пропратни работи, кои треба да ги разгледаме споредувајќи се со наведените, на пример нивото на култура. Всушност не го земај моето мислење за референтно (за тоа дека вториот кат е за украс), туку ете земи го објаснувањето кое ни е понудено од надлежните за причините зошто се оди на двокатни автобуси. Јас друго објаснување освен тоа дека се враќал духот на старо Скопје немам слушнато. Значи апсолутно не се нуди ни најмала поткрепа врз база на потребите на јавниот превоз, туку се се сведува на изгледот. Па како човек да не рече дека суштината на вториот кат во Скопје е да биде за „украс“?Како што реков претходно, јавниот превоз е многу сериозна работа и масовно воведување на нов концепт како двокатниве автобуси (што неминовно ќе предизвика цела лепеза најразноразни ефекти во практичното функционирање на тој јавен превоз) требаше да биде предмет на многу сериозна анализа, па после да се пресметавме дали ни одговараат. Еве и во нишкава на големо се збори за се и сешто, само не се збори за тоа зошто точно ни требаа 200 двокатни автобуси. Навистина не знам како може да се поткрепува купувањето на 200 вакви чуда со „враќање на духот на старо Скопје“, аргумент кој е приказна и сам за себе, но еве да не ја расплинувам дискусијата во тој правец и ќе го окарактеризирам само како тотално недоволен.


Кловер, тоа што јас го спомнав се само детали во однос на нешто што веќе ни е сервирано и нема назад. Дали двокатните автобуси ќе ја подобрат ефикасноста на јавниот транспорт не сум кадарен да кажам, за тоа постојат сообраќајни инжењери кои во основа треба да направат елаборат за тоа. А ако мене ме прашуваш дали требало или не требало да се купуваат 200 двокатни, имај скеогаш на ум дека јас сум силен поборник за фактот дека во скопје има голема потреба од шински градски транспорт кој нема да биде попречен од останатиот сообраќај. Е сега дали тоа било метро, надземна брза железница или трамваи, тоа оставам пак на сообрќајните инжењери.
Јас сум во Берлин град со еден од најдобрите јавни транспортни системи каде што важи правилото ако немаш фамилија или нешто да транспортираш нема смисла да имаш автомобил. Поради тоа јас го давам моето мислење или надополнувам некои непознати работи благодарејќи на моето искуство со постојниот јавен транспортен систем во Берлин
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #674 Posted: 24-Oct-2010 at 19:59
А може некој да каже како всушност се појавиле првите двокатни автобуси низ свет? Што им била тогаш идејата, потребите, можностите на тие што ги измислиле?
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9100
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #675 Posted: 24-Oct-2010 at 20:07
Originally posted by lslcrew

А може некој да каже како всушност се појавиле првите двокатни автобуси низ свет? Што им била тогаш идејата, потребите, можностите на тие што ги измислиле?


Не ја знам историјата, но само сакам да кажам дека двокатните автобуси воопшто не се лоши како такви и си имаат своја функција.

Прашањето кое тука не мачи е дали се применети на вистинско место.
Back to Top
VirginAtlantic View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jun-2009
Location: Софиjа
Online Status: Offline
Posts: 254
  Quote VirginAtlantic Quote  Post ReplyReply #676 Posted: 24-Oct-2010 at 20:38
Вероватно началото им е оште од времената кога са биле водени от коне:

Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #677 Posted: 24-Oct-2010 at 21:16

Мала шала, не ми замерувајте... ама запознаени сте со ова.... следна тура 200 вакви 

и секако кабриолети, за туристи....

или вакви....

добро ај да не забегуваме... ама вакви сигурно може... воедно постојат и се користат....

или пак, зошто не, вакво нешто, што му фали....

добро ај нешто попросто.....

упс... грешка... иако и не е така лошо.... но еве нешто подобро

овие дури потсеќаат на сегашните МАН-ови

Па и ова е одлично.... попатно е три-осовински

еве и обичен две-осовински

итн.итн......



Edited by FoSsiL - 24-Oct-2010 at 21:18
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4978
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #678 Posted: 24-Oct-2010 at 22:01
Не сфатив зошто ги постираш сликиве.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #679 Posted: 24-Oct-2010 at 22:56

Зар не е очигледно.... Ми се здосади од пишување... па реков ќе соберам се на едно место.... за да можеме да имаме цела претстава.... од лудоста и забеганоста, носталгијата и желбата за разлика и посебност, а и меглемот за очи.... до потребата, функционалноста, споредбата, изгледот итн...

добро се наредени... слики се имаат подлабоко значење... иако се вообичаени и се вртат по интернет.... но во оваа прилика имаат подлабоко значење... само гледајте подлабоко....

не се за само споредба со овие нашиве, да расчистиме..... но внесов и малку мајтап... да не биде досадно....

мислам дека не се тешки за сфаќање....

Едит: што би рекле една слика илјада зборови.... читајте измеѓу пиксели, а во меѓувреме и малиот текст што го имам напишано....



Edited by FoSsiL - 24-Oct-2010 at 22:58
Back to Top
mladen_s View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-May-2010
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 407
  Quote mladen_s Quote  Post ReplyReply #680 Posted: 24-Oct-2010 at 23:59
Можеби ова е веќе разговарано, но:

Двокатните автобуси, кога ги имало во Скопје, на кои линии сообраќале? И секако: колку ги имало?

Знам дека звучат наивно прашањава, ама сега подобро ја разгледав нишкава, и баш е долга, но тоа што ми остави впечаток е зголемувањето на бројот на автобусите, од 4-5 на 202!

Лично, не верувам дека има било каква студија за нивната оправданост, а ако ја има,повторно ја кријат од државните непријатели. Можеби се вклопуваат во новиот транспортен модел кој допрва ќе се работи (во тајност, секако) или тој ќе се прилагоди на нив. Всушност, многу работи ќе треба да се прилагодат на нечии замисли..

И уште нешто: сите ја споменуваат возачката некултура како пречка за било каков софистициран систем на јавен превоз, а притоа како да забораваат дека истите тие, или сличните на нив, ќе треба да се разминуваат во автобусиве: навнатре - нанадвор, нагоре - надолу.

Edited by mladen_s - 25-Oct-2010 at 00:00
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 3233343536 88>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.328 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.