build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Возен парк (ЈСП - двокатни автобуси)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1112131415 88>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #241 Posted: 03-Nov-2008 at 23:44
Originally posted by Andrej_LJ

Ти Cloverstack си задоволен од квалитетот на тие модели на САНОС?
Па јас не сум се возел конкретно во тие модели.


Плус уште едно нешто во врска со владиниот тендер. Што им значи НАДВОРЕШЕН ДИЗАЈН ОД 60тите ГОДИНИ ??? Question
Ова го имам искоментирано ако добро памтам. Им значи дека ќе плаќаме дури уште поскапи автобуси затоа што сакаме нестандардна каросерија по „наш“ ќејф, се заради недозреаноста и неизживеаноста на оние што располагаат со народните пари.
Треба да бидеме и среќни доколку тоа се сведе на модерен дизајн со лик од 60-тите, само да не испадне дека буквално сакаат рутмастер дизајн кој би наметнал уште помала функционалност.


Edited by Cloverstack - 04-Nov-2008 at 00:01
Back to Top
evolutionary View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 198
  Quote evolutionary Quote  Post ReplyReply #242 Posted: 03-Nov-2008 at 23:58
Jas imam slusano mnogu pofalbeni zborovi za SANOS kaj i da sum bil vo Jugoslavija.
Knowledge Reigns Supreme Over Nearly Everyone
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #243 Posted: 04-Nov-2008 at 00:06
Порано? Да, кога произведуваа под лиценца на Мерцедес, дури во Љубљана има останато 3 автобуси на кои што стои табела напишана на кирилица Произведено од ФАС 11 Октомври - Скопје. Stern%20Smile Исти како во Скопје но во супер форма и гајле немаат. Но денеска веќе никој не ги купува, ниту градските ниту туристичките. Тоа барем е мое видување, богати развиени градови во Хрватска и Словенија преферираат исклучиво западни марки. Ако ни е мерило Србија и БиХ, тогаш добро.
Back to Top
evolutionary View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 198
  Quote evolutionary Quote  Post ReplyReply #244 Posted: 04-Nov-2008 at 00:18
Otsekogas sum navival za domasnite firmi, osobeno za onie kolektivnite (ne drzavnite kako sto ne lazat nas) kako sto se 11 Oktomvri. Ne me interesiraat muabeti od tipot, pa toa se zagubari, losi firmi, potrebna e privatizacija itn. Mene me interesira da si imame domasen proizveduvac za se sto e vozmozno da se proizvede bez uvezuvanje od stranstvo.
Knowledge Reigns Supreme Over Nearly Everyone
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #245 Posted: 04-Nov-2008 at 00:28
Точно оваа теза, evolutionary потсеќа на Чаушеску во Романија, се ќе си произведуваме ние за да не мора да увезуваме итоа е исплатливо. Е да ама не. И затоа Романија на крајот пропадна. Сите држави се специализирани во нешто и повеќе се исплати да увезеш отколку по секоја цена да се одбира домашното. Изборот е базиран врз сооднос трошоци-користи. Ако страска фирма нуди далеку подобар квалитет за помалку висока цена, изборот е очигледен. Плус да не се лажеме, САНОС е најдолна европска компанија за автобуси (од сите што јас ги знам, едно 15 на број).
Back to Top
evolutionary View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 198
  Quote evolutionary Quote  Post ReplyReply #246 Posted: 04-Nov-2008 at 00:38
Originally posted by Andrej_LJ

Точно оваа теза, evolutionary потсеќа на Чаушеску во Романија, се ќе си произведуваме ние за да не мора да увезуваме итоа е исплатливо. Е да ама не. И затоа Романија на крајот пропадна. Сите држави се специализирани во нешто и повеќе се исплати да увезеш отколку по секоја цена да се одбира домашното. Изборот е базиран врз сооднос трошоци-користи. Ако страска фирма нуди далеку подобар квалитет за помалку висока цена, изборот е очигледен. Плус да не се лажеме, САНОС е најдолна европска компанија за автобуси (од сите што јас ги знам, едно 15 на број).


Jas ne zboram za toa Makedonija da se zatvori za trgovija, samo sto trgovijata se pravi vo nuznost, a ne koga taa ne postoi. Ako mozeme nesto da proizvedeme doma, nema potreba toa da se zema od stranstvo. Vistina e deka Germanija e specijalizirana vo prozivodstvo na avtomobili, no i nie mozeme da ja razvieme taa granka. Zarem e nevozmozno?


Edited by evolutionary - 04-Nov-2008 at 00:39
Knowledge Reigns Supreme Over Nearly Everyone
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #247 Posted: 04-Nov-2008 at 00:45
Еволушанери, зарем ако Германија е специјализирана за автомобили, тогаш не смее ниеден германец да купи странска кола. Јас сум за македонски производи но тие да бидат конкурентни, а тоа е работа на компанијата. Ако веќе се залагаме за отворен пазар можеме да навиваме за домашни фирми но не и да дискриминираме странски. Жал ми е што сеуште има луќе кои на пазарот се водат конзервативно-идеолошки и сеушто ја немаат сватено идејата за слободен пазар. Моментално кај ФАС има една предност што не треба да се плаќа царина, но не го гледам тоа како пречка за владата да ја укине царината за пратката од 300 автобуси.
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #248 Posted: 04-Nov-2008 at 00:47
Да невозможно е! Laugh Да можевме ќе го направевме до сега. Доста со Кумановски муабети од стилот: да сам сакала све ќе сам могала (ама зашто не си сакала, тука е проблемот). Типично македонски себезадоволство без покритие. Ете и ние и Германија имаме фабрики за автбуси. Кој е поуспешен МАН, Мерцедес или САНОС? Се гледа кој производ е поквалитетен. Ние хипотетички можеме да произведеме кола, но ќе биде или крајно неквалитетна или крајно скапа. Пак ист резултат=неуспешен проект. Трговијата се прави од корист не од нужност. Како и да е ја спамираме темава јако, моите извинувања!
Back to Top
evolutionary View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 198
  Quote evolutionary Quote  Post ReplyReply #249 Posted: 04-Nov-2008 at 00:51
Originally posted by lslcrew

Еволушанери, зарем ако Германија е специјализирана за автомобили, тогаш не смее ниеден германец да купи странска кола. Јас сум за македонски производи но тие да бидат конкурентни, а тоа е работа на компанијата. Ако веќе се залагаме за отворен пазар можеме да навиваме за домашни фирми но не и да дискриминираме странски. Жал ми е што сеуште има луќе кои на пазарот се водат конзервативно-идеолошки и сеушто ја немаат сватено идејата за слободен пазар. Моментално кај ФАС има една предност што не треба да се плаќа царина, но не го гледам тоа како пречка за владата да ја укине царината за пратката од 300 автобуси.


Neka si kupuva individualno sekoj sto saka, ovde zborime za nesto kolektivno. Jas ne bi gi diskriminiral stranskite firmi dokolku nie nemame potencijal da izvedeme nesto. Inaku toa sto se narekuva sloboden pazar guska u magla, zam mene toa e nisto poveke od imperijalizam, ama ajde da ne drvam mnogu okolu politika deka sum zestok anti-kapitalist, a ovde ne e mesto za pravenje takvi muabeti.
Da srocam samo: jas sum za FAS.
Knowledge Reigns Supreme Over Nearly Everyone
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #250 Posted: 04-Nov-2008 at 00:54
Еволушнери: Еве хипотетички доколку Македонија имаше две фабрики за автобуси, еве на пример ФАС и ФБС, ти за која ќе беше?!
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #251 Posted: 04-Nov-2008 at 01:13
Да се вклучам на кратко на офтопикот. Јас сум некаде на пола пат помеѓу она што го говори Андреј и Еволушнари.

Ние сме мала земја и илузија е дека може да имаме индустрија за се така да факт е дека во најголем дел ќе зависиме од увоз.

Но неможе ни да очекуваме квалитет од домашното производство доколку не го стимулираме самите.

Барем ти Андреј живееш во Словенија која е совршен пример како се стимулира домашно производство. Зошто Словенците купуваат во Меркатор а ние во Веро (примеров е со трговски ланци но логиката е иста)?

Е сега не викам дека токму производството на автобуси треба да биде гранката каде ќе се подржиме сами себе но во Македонија постои тенденција да се избегнуваат домашните продукти и да се инсистира на странски и онаму каде што треба и онаму каде што не треба.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #252 Posted: 04-Nov-2008 at 02:25
luge aj da ve vratam u realnost, ne e izborot megu sanos i mercedes, tuku megu normalni efikasni avtobusi i dvokatni lajna, a nie izbravme dvokatni...

mnogu porado bi prifatil sanosi so poslab kvalitet (mada definitivno bi bile po licenca kako sto bese navedeno vo muabetov), nego dvokatni pa makar da gi pravi konzorcium od mercedes, volvo, scania, man, daf, bmw, volkswagen, peugeot, audi, porsche, ferarri i bugatti...

na krajot na kraistata so ponizok kvalitet obicno ide i poniska cena, taka da zavisi od slucaj do slucaj. jas licno bi go stimuliral domasnoto proizvodstvo so merka, a ne po sekoja cena


Edited by Cloverstack - 04-Nov-2008 at 02:26
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #253 Posted: 04-Nov-2008 at 23:02
Доколку Бладата го спроведе овој проект, дефинитивно го губи мојот глас на следните избори. А досега бев генерално поддржувач на сегашната Влада...
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #254 Posted: 05-Nov-2008 at 11:59
Јас се надевам дека Министерството за транспорт и врски ќе биде тоа што ќе ги вразуми останатите во владата пред се Боцевски, дека двокатните автобуси ќе бидат грешка. Не знам зошто Боцевски е тој што говори на оваа тема, кога одговорен за таа работа е министерот Јанакиевски,а тој па ништо не говори за проектов. 
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #255 Posted: 05-Nov-2008 at 13:12


Извини ама ова што го кажуваш е политички кранјо наивно. Ниту Боцевски е тој што навистина ја турка работава, ниту Јанакиевски ќе сака или може некого да вразуми.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #256 Posted: 06-Nov-2008 at 16:24
Многу брзо ќе видиме зошто се инсистира на двокатните автобуси, сега не може да се рече кој стои позади проектов, ама мислам дека ако продолжи инаетот ова ќе биде проект што ќе биде основа за критика на владата. Пак ќе кажам, 120 милиони евра се премногу за една вложување во автобускиот превоз. Што се однесува до Трифке, и он не знае што прави, нема што градот да ги покрива трошоците за пензионерите, учениците и социјалните случаи, се знае дека централната власт е одговорна за таа работа. 
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #257 Posted: 08-Nov-2008 at 02:23
Сакавме да земеме автобуси, немавме гаранција


Градоначалникот Трифун Костовски вчера со свој став на дел од изјавите на премиерот Никола Груевски, дадени во ТВ настапот по повод "100 дена Влада", а кои, меѓу другото, се однесуваат и на набавка на автобусите и новиот Закон за Град Скопје.
- Неодговорно се тврди дека Владата е принудена да подари 300 двокатни автобуси на ЈСП, бидејќи Градот нема намера да го обнови возниот парк. Одговорно тврдам дека во изминативе две и пол години во два наврата е спречена набавка на автобуси во ЈСП, со недавање финансиска гаранција и поништување на објавениот тендер за набавка во ЈСП, изјави вчера Костовски. Според него, Градот сака да го реши проблемот со јавниот градски автобуски превоз како животно прашање на граѓаните, додека Владата ја сведува набавката на автобуси на "туристичка атракција". Тој вчера ја обвини Владата и дека не се изјаснува за предлог текстот за новиот Закон за Град Скопје, како за системско прашање. Притоа изјави: "Владата има намера, претпоставувам, да го користи во кампањата за локалните избори".

http://vecer.com.mk/?ItemID=535E49CF37108141B36F9813B6D26781

Костовски го искритикува премиерот за односот на Владата спрема Скопје

Јавниот превоз не е туристичка атракција, му порача Костовски на Груевски

Сања Наумовска

Владата го третира јавниот превоз во Скопје како туристичка атракција, додека Градот се обидува да го реши како едно важно животно прашање на граѓаните, изјави вчера градоначалникот на Скопје, Трифун Костовски, како реакција на настапот на премиерот Никола Груевски по повод стоте дена од Владата. Ставот на Груевски дека „Владата е принудена да му подари на Скопје 300 двокатни автобуси поради тоа што Градот нема намера да го обнови возниот парк на ЈСП“, Костовски го оценува како неточен и неодговорен, бидејќи, како што вели, во минатите две и пол години Владата била таа која во два наврата го спречила Градот да го поднови јавното претпријатие.

Костовски потсетува на одбивањето на Владата да одобри финансиска гаранција за да може Градот да се задолжи, како и на поништувањето на објавениот тендер за набавка на автобуси. Изјавата на премиерот дека „за среќа, Костовски нема да биде веќе градоначалник при дарувањето на автобусите“, градскиот татко ја смета како евтин предизборен трик.

Градоначалникот на Скопје му забележува на Груевски и за игнорирањето на прашањето за измена на Законот за Град Скопје, за што градската администрација веќе достави свои предлози до Министерството за транспорт и врски.

„Владата не се изјаснува за ова прашање бидејќи, претпоставувам, ќе го користи во кампањата за локалните избори“, рече Костовски.

Вовед во предизборната кампања, според Костовски, се и обидите на Груевски за политички линч на градоначалникот, да се опструираат проектите на градската администрација, како и манипулациите со мнозинството во Советот на Скопје, особено на последната седница кога на јавното претпријатие „Комунална хигиена“, кое се соочува со огромни долгови, не му беше дозволено ниту да продава деловен простор и акции ниту, пак, да ја зголеми цената на ѓубрарината. Костовски го потсети премиерот и на фактот дека во последниот извештај на ЕУ токму изборните измами беа посочени како главни пречки за напредокот на земјата. (С.Н.)

http://utrinski.com.mk/?ItemID=D252735FD78D554D8CDD6B75AF0B3BA4



Edited by lslcrew - 08-Nov-2008 at 02:35
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #258 Posted: 11-Nov-2008 at 22:31
Директорот на ЈСП имаше телевизиско гостување. Човекот образложи и повеќе од потребното во врска со ситуацијата во ЈСП. Посебно обврна внимание на двокатните автобуси и проектот за трамвај.
Изнесе зачудувачки податоци и испитувања кои се правени од ЈСП и кои покажуваат дека двокатните автобуси се катастрофално решение за Скопје.
Од тоа дека двокатните автобуси се поскапи за одржување пред се во однос на тоа дека се потребни и нови сервисни центри (перални, сервис, гаражи) бидејќи постоечките се пристапни за еднокатни или нископодни автобуси до 3.20 цм. Исто така фактот дека дури и самиот застој е поголем односно времето на чекање пред автобусот за влез и се создава дополнителна гужва внатре и надвор. Контролата на вториот кат и многу важно пристапот за инвалидизирани лица кој кај нископодните автобуси кои се тестираа се покажа одличен. Тој напомена дека има информации кои говорат дека дел од автобусите биле над 4.50цм што значи дека на повеќе од 6 важни локации низ градот тие би биле непристапни. Исто така неквалитетните патишта кои безмалку наликуваат на "шини" би значеле и несигурен транспорт. Возилата се сосема различни и се потребни усовршувања на возачите. Не сакам да зборувам за културата на граѓаните. Дрворедите, канделабрите посебен проблем... Дури и фактот што доколку се набават нископодни автобуси на природен гас би трошеле литар за 25ден, додека двокатните би останале на цените од 70ден литар Bash  Значи дури сега ми е јасно каква катастрофална грешка се прави со тендерот за 302 двокатни автобуси. Bash
BashЧовекот истакна навистина коректни и наместо работи во врска со двокатните автобуси.
Исто така се задржа на фактот што проблемот со финансирањето лежи дел и до Владата бидејќи пред се немаат никаква помош и сите приходи ги обезбедуваат од билетите.
Приватниците узурпираат бидејќи не плаќаат ддв и не издаваат билети, што само му наштетуваат на ЈСП.....


Edited by Junkie - 11-Nov-2008 at 22:34
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #259 Posted: 12-Nov-2008 at 00:42
Нешто го нема Ивица Боцевски по ТВ. Да не случајно се откажале од злонамерата?! Ај ваљда ќе преовлада разумот после целото ова бомбардирање низ медиумите дека не му треба нешто вакво на Скопје. Но се сомневам дека разумот го препокрил инаетот.
Back to Top
Cibi View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 167
  Quote Cibi Quote  Post ReplyReply #260 Posted: 14-Nov-2008 at 15:12
dokolku vladata saka da kupi dvokatni avtobusi toa neka go stori sto poskoro i neka garantira visoka bezbednost, brzina, udobnost i pred se kultura vo tie avtobusi. A vprocem ne e ni bitno kakvi ke bidat dali ednokatni ili dvokatni i dvata vida na avotbusi imaat svoi pozitivnosti i negativnosti.Najbitno e da gi zadovolat potrebite na skopjani, i da se podigne kulturata na narodot vo skopje da znae da gi socuva tie avtobusi.I najtibno od se e sto poskoro da bidat nabaveni i normalno da zapocne da funkcionira gradskiot prevoz so Skopje.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1112131415 88>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.328 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.