build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Возен парк (ЈСП - двокатни автобуси)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1516171819 88>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #321 Posted: 16-Dec-2008 at 21:32
Ма што е битно, човекот со продажба на згради, хали и земјиште може да живее „милион години„.
Плати 1 земи 1000
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #322 Posted: 19-Dec-2008 at 13:21
Скопје в година ќе добие само 102 двокатни автобуса
Од ветените 302 автобуса, според тендерот, од 2009 до 2011 година треба да стигнуваат по 100 автобуси годишно

Владата следната година на Скопје ќе му подари само 100 двокатни автобуси од ветените 302. Тендерот за набавка на новите автобуси се уште не е завршен, иако тој беше распишан во септември годинава. Од Министерството за транспорт и врски кое, по налог на Владата, ја презеде одговорноста да го реализира проектот за 302 двокатни автобуса за Скопје, велат дека понудите на тендерот требало да се отвораат на први овој месец, но дека рокот за доставување понуди е продолжен до 20 јануари следната година.
"Рокот за доставување на понуди го продолживме на барање на компаниите кои веќе имаа подигнато тендерска документација. Тие бараа продолжување на рокот за да можат што подобро да ги подготват понудите и нашето министерство им излезе во пресрет на овие барања. На 20 јануари јавно ќе се отворат понудите и тогаш ќе се каже колку компании учествувале, кој ги исполнува условите, по што ќе се донесе и одлука чија понуда била најповолна", вели драган Симоновски, портпарол на Министерството за транспорт и врски.
Тој објасни дека автобусите во Скопје треба да стигнат на неколку наврати, односно првите 102 автобуса на градските улици да се најдат до крајот на 2009 година.
"Следните 100 треба да стигнат во 2010, а последните 100 во 2011 година. Сукцесивната набавка е предвидена со тендерот бидејќи се работи за голема инвестиција. Двата панорамски автобуса, од кои едниот ќе биде за туристичко разгледување на Скопје, а другиот за Охрид, ќе стигнат следната година", вели Симоновски.


http://www.vest.com.mk/default.asp?id=161118&idg=8&idb=2553&rubrika=Skopje
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #323 Posted: 19-Dec-2008 at 16:00
Пошто неможам ова више озбилно да го сфатам ќе терам офтопик па нека бришат и бануваат модовите Big%20smile
 
 
 
foster + partners with aston martin win joint first prize for new london bus design
 
 
foster + partners with car company aston martin, recently won first prize in the 'transport for london' competition,
whose brief was to design a new bus for the city. the two iconic british brands collaborated to design
a public transport vehicle that would be environmentally sensitive and accessible,
while reinventing the much-loved symbol of the red double-decker buses for modern day london.

the new bus is designed to navigate london's dense and varied streets, and employs innovative technologies
to allow for greater manoeuvrability and energy conservation. other technology also includes CCTV screens
and radio communication on board the bus, inside the driver's cabin to optimize safety.
the interior of the bus is meant to feel much like that of a living room, with lighting and wooden floors,
as well as leather upholstery to give a sense of warmth and comfort when traveling through the bustling city.
 
 
 
 
 
 
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #324 Posted: 19-Dec-2008 at 16:02
LOL
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #325 Posted: 20-Jan-2009 at 13:06
Денеска ќе се дознаат понудувачите за двокатните автобуси



Скопје
Денеска ќе се отвори тендерот за набавка на 302 нови двокатни автобуси за јавниот превоз во градот, кој според огласот беше предвиден да трае до 1 декември, но рокот за пријавување на конкурсот беше одложен поради преголемата заинтересираност за пријавување на економските оператори и фирми. Од Министерството за транспорт и врски велат дека немаат најави за евентуално повторно продолжување на конкурсот за пријавување, бидејќи веќе го одолжувале датумот, со што им овозможиле на сите компании да ги комплетираат документите и да ги достават понудите.

Според огласот распишан од Министерството за транспорт и врски, по јавното отворање на тендерот следува разгледување и прогласување на најповолниот понудувач. Откако ќе се купат, автобусите во форма на донација ќе му бидат доделени на јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“.

Првиот тендер за набавка на двокатните автобуси го распиша ЈСП и со него требаше да се купат 52 возила, поточно ја замени набавката со која со пари од Владата се планираше да се купат еднокатни нископодни возила. Но тој беше поништен од градот, а поради овој потег градоначалникот Трифун Костовски го разреши поранешниот директор на претпријатието Орце Георгиевски. Поради тие несогласувања, Владата во септември самостојно донела одлука за купување на 102 двокатни автобуси, за веќе идниот месец да реши да го измени распишаниот тендер и да набави 302 возила. Тендерот за нив требаше да трае до 1 декември, но беше продолжен поради тоа што многу фирми се заинтересирале да се пријават.

Поради одлуката на Владата за набавка на двокатните автобуси, градот и ЈСП остро се противеа и го застапуваа ставот дека таквите возила не се погодни за улиците на Скопје и нема да можат да поминуваат под надвозниците. Но Ивица Боцевски, поранешниот портпарол на Владата, тврдеше дека сите проблеми за семафорите и улиците се технички прашања што брзо се решаваат, како и дека со набавката на новите автобуси целосно ќе се смени возниот парк на претпријатието, а тие ќе бидат според највисоките еколошки стандарди, климатизирани и со пристапи за лица со посебни потреби.

Од Министерството за транспорт и врски објаснија дека сите 302 автобуси нема да бидат купени од еднаш, односно во буџетот за оваа година се предвидени пари за да се набават првите 102, а дека во текот на 2010 и 2011 година ќе пристигнат и преостанатите 200.

Со тендерот е пропишано и каков треба да биде изгледот на „даблдекерите“, со што тие ќе имаат дизајн што ќе потсетува на старото Скопје и ќе биде по примерот на автобусите во метрополите Лондон, Даблин, Хонгконг, Сингапур и Отава.

Од ЈСП „Скопје“ велат дека по отворањето на тендерот, најповолниот понудувач ќе има рок од околу 45 дена за да ги достави првите двокатни автобуси, кои би требало да сообраќаат низ градските улици кон крајот на март.

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=294&ArticleID=16025
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4663
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #326 Posted: 20-Jan-2009 at 13:14

Баш за новогодишната седница бев во Македонија и 5 минути гледав телевизија, и тогаш Боцевски кажа дека го одложиле тендерот пошто ТРИТЕ фирми (кои се премногу ете според ова) не можеле навремено да ги достават понудите во целосна форма бидејќи им требало повеќе време поради специфичноста на изгледот на автобусите, т.е. шасија/каросерија да ги докомплетираат проектите/понудите не ми текнува што рече, веројатно понудите... Барем телевизија нека гледале овие новинарите, само глупости да се пиши...

Edited by гитардемон - 20-Jan-2009 at 13:15
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #327 Posted: 20-Jan-2009 at 16:30
Четири понудувачи за двокатните автобуси

Четири компании дадоа своја понуда за набавка на 302 новопроизведени двокатни автобуси, од кои 300 од затворен тип и 2 од отворен тип за градски сообраќај.

Според информацијата од Министерството за транспорт понудувачите се Zhengzhou Yutong Group co ltd (ДОО Џенгџоу Јутонг Групација) – Кина, Санос Доо – Македонија, King Long Bulgarija Ltd (Кинг Лонг Бугарија ООД) – Бугарија и  PRE-OS, ДОО – Словачка.

Во следниот период Комисијата за спроведување на јавната набавка ќе изврши преглед на комплетноста и валидноста на доставената документација, како и евалуација на пристигнатите понуди, по што ќе биде одбран најповолниот понудувач.

http://netpress.com.mk/vest.asp?id=48356&kategorija=2
Back to Top
anDarko View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 12-Oct-2008
Online Status: Offline
Posts: 204
  Quote anDarko Quote  Post ReplyReply #328 Posted: 20-Jan-2009 at 16:51
еве ја веб страната на кинескава компанија.

http://english.chinabuses.com/


Edited by anDarko - 20-Jan-2009 at 16:55
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12124
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #329 Posted: 20-Jan-2009 at 18:24
Нели имало голем интерес? Камо сега барем еден реномиран производител??? Тој факт е доста индикативен и за тендеров и за целава оваа приказна со двокатните. Многу лош филм е овој...
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4663
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #330 Posted: 20-Jan-2009 at 18:48

Искрено, не дека ме засега лично (иако со наши пари е оваа работа направена, ова го велам бидејќи во следните 10 години нема да се возам веројатно на било кој од овие автобуси), ама сепак се надевам кога веќе запнале да бидат двокатни ќе направат добар избор, а не најефтината варијанта... иако таа најверојатно ќе биде Санос, и иако тоа би значело околу 100-200 вработувања за период од 2 години, овде вели дека до март мора да бидат испорачани сите, што значи веројатно нема да биде избран Санос. Што на некој начин е добро, бидејќи се сомневам во квалитетот што можат да го понудат, немаат искуство со вакви работи. Веројатно Кинезите знаат најмногу за двокатни. А тоа дека треба до март треба да се на улица значи на лагер би требало да ги имаат досега компаниите што се пријавиле?!

Edited by гитардемон - 20-Jan-2009 at 18:51
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12124
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #331 Posted: 20-Jan-2009 at 19:06
Originally posted by гитардемон

овде вели дека до март мора да бидат испорачани сите, што значи веројатно нема да биде избран Санос. Што на некој начин е добро, бидејќи се сомневам во квалитетот што можат да го понудат, немаат искуство со вакви работи. Веројатно Кинезите знаат најмногу за двокатни. А тоа дека треба до март треба да се на улица значи на лагер би требало да ги имаат досега компаниите што се пријавиле?!
Не баш, нигде не пишува дека до март треба да се испорачани сите туку во тој дел е многу нејасно колку автобуси треба да бидат испотрачани до март. Ништо ново за наши услови...

Во квалитетот на Санос се сомневам и јас, но ништо не ми дава за право да бидам пооптимист за квалитетот што го нудат другите, било да се кинезите или словаците или па бугариве од „Кинг Лонг“ Crazy


Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #332 Posted: 20-Jan-2009 at 19:24
Јас малку ќе настапам стреотипно. Имам гледано доста креш-тестови од кинески коли, атак да незнам таа нивна идсутрија до каде?! Нема потреба и тука за страв, ваљда има и технички преуслови објавено со тендерот, не само екстериерни предуслови.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4663
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #333 Posted: 20-Jan-2009 at 19:34
Не бе еве што викаат:

Од ЈСП „Скопје“ велат дека по отворањето на тендерот, најповолниот понудувач ќе има рок од околу 45 дена за да ги достави првите двокатни автобуси, кои би требало да сообраќаат низ градските улици кон крајот на март.


Значи... на лагер да им се... освен ако мислат на март 2069
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12124
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #334 Posted: 20-Jan-2009 at 19:36
@ lslcrew

Што имаат врска пишаните технички предуслови? Збориме за кредибилитетот на производителите. На пример кога купуваш автомобил правиш градација од Марути до Фијат до Тојота. Исто и за автобуси... А поентата не ми беше дека ако се кинески ќе бидат небезбедни, туку дека недостатокот на реномирани производители е уште индикатор за тоа како се тера целата работа (кога таквите не гледаат логика ни да се обидат ти продадат минимум 302 автобуси).


Edited by Cloverstack - 20-Jan-2009 at 19:39
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #335 Posted: 21-Jan-2009 at 06:19
 

ЧЕТИРИ ФИРМИ ВО ТРКА ЗА НАБАВКА НА 302 АВТОБУСИ


Отворени понудите за даблдекерите


Една домашна, две кинески и една чешка компанија се јавија на меѓународниот конкурс за набавка на 302 нови двокатни автобуси што го објави Министерството за транспорт и врски. Понудите се отвораа вчера зад затворени врати, а Комисијата за спроведување на јавната набавка ќе изврши преглед на комплетноста и валидноста на доставената документација како и евалуација на пристигнатите понуди, по што ќе биде избран најповолниот понудувач, информираат одговорните од Транспорт.

Според условите од конкурсот, најмногу поени, 50 носи понудената цена, 30 бода носат техничките карактеристики и дизајнот, 15 гарнцијата, а 5 бода се оставени на рокот на испорака.

Двокатните автобуси треба да исполнуваат високи еколошки стандарди и да придонесат за зачувување на животната средина, да имаат мотори според последна технологија, а каросеријата да има ретро-стил налик на некогашните "даблдекери" кои се некогаш возеле во македонската метропола. Идејата е да се врати страта традиција и да се овозможат современи услови за превоз во градескиот сообраќај.

Од Министерството за транспорт и врски, велат дека 302-та автобуси нема да бидат купени одеднаш, дека во буџетот за годинава се предвидени финансии за да се набават првите 102, а во текот на 2010 и 2011 година ќе пристигнат и останатите 200 двокатни автобуси.
Единствениот домашен понудувач беше фирмата Санос. Директорот Славе Распашковски излезе задоволен од отворањето на понудите и како што рече очекува тендерот да го добие токму македонската фирма бидејќи имале понудено најдолг гарентен рок, висококвалитетен мотор и цени проближни на кинеските.

Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #336 Posted: 21-Jan-2009 at 06:21
На кого да му веруваш сега Nuts 
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #337 Posted: 21-Jan-2009 at 09:08


Словачка=Чешка ?!?!?! Crazy (Си биле две кучиња, едното се чешка, а другото се словачка....)

Бугариве увезуваат од кина и тоа е!!!!
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3869
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #338 Posted: 22-Jan-2009 at 07:12
кои треба да личат на тие што се возеле во Скопје во педесеттите и во шеесеттите години од минатиот век QuestionWallbashNuts pa koj vek sme be sramota, sto ni treba avtobusi kako vo во педесеттите и во шеесеттите   .... ovie trebaat da bidaat  moderni kako segasniot vek e ne ......
Македонски, кинески или словачки двокатни автобуси ќе добие Скопје



Скопје
Четири фирми доставиле понуди на тендерот за набавка на 302 двокатни автобуси за градскиот превоз, што го распиша Министерството за транспорт и врски. Вчера во просториите на Министерството беа отворени понудите на фирмите „Џенгџоу Јутонг“ од Кина, „Кинг Лонг Бугарија“, застапник за истоимените кинески автобуси, „Санос“ од Македонија и „Пре-Ос“ од Словачка. Освен имињата на понудувачите, не се соопштија други детали, односно кој колку пари бара за изработка на возилата и колкави рокови нуди да ги направи.

- Во наредниов период комисијата што ја спроведува оваа јавна набавка ќе изврши преглед на комплетноста и на валидноста на доставената документација. Потоа ќе се направи евалуација на пристигнатите понуди, а на крајот ќе се избере најповолниот понудувач - велат од Министерството.

Основни критериуми според кои комисијата ќе ги оценува понудите се цената, техничките и функционалните карактеристики, гаранцијата и рокот на испораката, но како дополнителен услов за да може некоја од фирмите да биде избрана е и да достави тридимензионален графички дизајн на автобусите, кои треба да личат на тие што се возеле во Скопје во педесеттите и во шеесеттите години од минатиот век. Документите ќе се разгледуваат триесет дена.

Од вкупниот број автобуси, 300 ќе бидат наменети за градскиот линиски превоз, а два треба да бидат со отворен покрив за туристичко разгледување на Скопје и на Охрид.

ОД 52 ДО 302 АВТОБУСИ

Првиот тендер за набавка на двокатни автобуси го распиша јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ во почетокот од август минатата година. Претпријатието доби пари од Владата за да купи нови возила и распиша тендер за обични, нископодни автобуси, но тогашниот директор Орце Георгиевски по налог на централната власт и без да се консултира со градоначалникот Трифун Костовски го поништи тој и распиша нов, со кој требаше да се купат 52 „даблдекери“. Поради овој потег тој беше разрешен од функцијата, а новиот директор Александар Бошковиќ го поништи и новиот тендер, веднаш штом беше назначен од Костовски.

Еден месец подоцна Владата преку вицепремиерот Ивица Боцевски најави дека ќе купи 102 двокатни автобуси преку Министерството за транспорт и врски, за градот да не може да има влијание врз набавката. Тој тогаш рече дека возилата ќе бидат според најновите стандарди, климатизирани и приспособени за лица со посебни потреби. Тендерот требаше да заврши на 3 ноември.

Сепак, во средината на октомври Владата се премисли и уште еднаш го зголеми бројот на возилата, овојпат на 302, за целосно да се обнови возниот парк на ЈСП. Се најави дека првите 102 треба да стигнат годинава, а другите во наредните години. Поради новата бројка се продолжи и рокот за доставување понуди до 1 декември. Но и на овој датум тендерот не заврши, туку рокот се продолжи до 20 јануари годинава, бидејќи заинтересираните фирми го информирале Министерството дека им е потребно подолго време да ја комплетираат документацијата.

ГРАДОТ НЕПОДГОТВЕН ЗА „ДАБЛДЕКЕРИТЕ“

Уште кога се објави првиот тендер за набавка на двокатните автобуси, сообраќајните експерти, градските власти и надлежните од ЈСП реагираа дека тој вид превоз е несоодветен во Скопје и ќе создаде повеќе проблеми отколку што ќе реши.

Градоначалникот Костовски велеше дека тие возила се небезбедни и дека насекаде во светот се напуштаат, а и порача на Владата дека штом решила да троши народни пари за нови автобуси треба да ги согледа потребите и да купи нископодни, кои се побезбедни, поевтини, трошат помалку гориво и полесно се одржуваат. Тој во соработка со „Мерцедес“ донесе нископоден автобус од оваа фирма што една недела сообраќаше низ улиците и бесплатно превезуваше патници, за да ги убеди граѓаните и централната власт дека тој тип возила е соодветен. Директорот на ЈСП Бошковиќ, пак, објаснуваше дека за двокатните автобуси ќе треба да се дообучуваат возачите и да се потрошат половина милион евра за да се приспособат гаражите на претпријатието. Експертите предупредуваа на острите кривини и на ниските гранки, патокази, семафори и надвозници, кои ќе бидат проблем за автобусите да се движат.



Edited by pbanks - 22-Jan-2009 at 10:15
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #339 Posted: 22-Jan-2009 at 07:44
Originally posted by my Macedonia

кои треба да личат на тие што се возеле во Скопје во педесеттите и во шеесеттите години од минатиот век QuestionWallbashNuts pa koj vek sme be sramota, sto ni treba avtobusi kako vo во педесеттите и во шеесеттите   .... ovie trebaat da bidaat  moderni kako segasniot vek e ne ......
 
Во право си, па Скопје и сега има автобуси што личат како да се од шеесетите така да овие двокатниве ич нема да бидат атракција Big%20smile Само незнам дали ретро дизајнот ќе важи и за внатре?
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #340 Posted: 30-Jan-2009 at 11:54
СЕ ЧЕКА ИЗБОРОТ НА НАЈДОБРИОТ ПОНУДУВАЧ НА ТЕНДЕРОТ
Една фирма со двокатни автобуси по европски терк

Анета Стојковска

Три од четирите фирми, кои конкурираа на тендерот за набавка на двокатните автобуси за јавниот градски превоз во Скопје, не ги исполнуваат повеќето барани технички и функционални карактеристики, неофицијално дознаваме од Министерството за транспорт и врски. Од наведените барања во тендерот тие не ги задоволуваат критериумите во однос на емисијата на издувни гасови, не поседуваат дводелно предно ветробранско стакло на горниот и на долниот кат, ниту можност за делумно отворање на странични прозорци од двете страни, а има и отстапки во однос на гаранцијата која се дава за моторот и за железниот дел од автобусот. Според документот со неофицијалните податоци од отворањето на тендерот до кој дојде „Време“, кинеската фирма „Јутонг“ и кинеско-бугарската „Кинг лонг“ понудиле моторите на двокатните автобуси да бидат од моделот „куминс“ со стандард евро 4, што во ниту една земја од Унијата не се користи во јавниот градски превоз. Од преостанатите две, домашната „Санос“ конкурира со мотори „МАН“ по стандард евро 5 за идните 300 двокатни градски и два туристички автобуси, а словачката „Пре-ос“ ги задоволува екостандардите на горивото, но понудила мотори „куминс“. - Автобусите што ги нуди најдобриот понудувач се според најстрогите европски еколошки стандарди, какви што мора да имаме пред членството во ЕУ - велат од Министерството за транспорт. Сепак, важна улога, можеби и пресудна, во одлуката кој понудувач ќе победи на тендерот, веројатно ќе има ја има цената на автобусите. Со најниска настапува фирмата „Јутонг“, која за 302 автобуси, со вклучени царински давачки, бара околу 51 милион евра, а највисока е понудата на словачката фирма, која бара околу 100 милиони евра. Во првичното бодување по отворање на понудите во однос на сите барани критериуми најмногу поени освоила фирмата „Санос“ или вкупно 94,74 од можни 100 за набавка на 300 градски и 94,92 за двата туристички автобуси: најмногу конечното. Второрангирана е кинеската „Јутонг“ со 78,60, односно 77,35 бода, од кои максимум, 50 бода, освоила поради најниската понудена цена. Од Министерството за транспорт се уште нема информации кога официјално ќе се соопшти името на фирмата-победник на тендерот, а низ чаршијата веќе се шпекулира дека тоа ќе биде „Јутонг“, која ја поврзуваат со името на познат скопски бизнисмен.

Краток век на скопските „даблдекери“

Два двокатни автобуси имало во Скопје после земјотресот, кои на градот му биле подарени од англиската влада, раскажуваат постарите скопјани. Набргу потоа едниот од нив се превртел при што биле повредени повеќемина патници. Поради тоа било забрането нивното понатамошно користење по градските улици.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1610&ArticleID=106621


Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1516171819 88>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.469 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.