build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Возен парк (ЈСП - двокатни автобуси)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 88>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 04-Aug-2008 at 10:24
 

Градоначалникот Костовски ќе го смени директорот на ЈСП

Директорот на ЈСП „Скопје“, Орце Георгиевски, ќе биде сменет од функцијата поради тоа што како прв човек на претпријатието ја прифатил одлуката на Владата да се сторнира тендерот за набавка на нови автобуси без да се консултира со Градот. Градоначалникот Трифун Костовски ја соопшти информацијата за смена на Георгиевски во петокот, кога гостуваше во емисија на Телевизија Алфа.

Директорот Георгиевски вчера го трошеше последниот ден од својот годишен одмор и не сакаше воопшто да ја коментира информацијата. На работа се враќа денеска, кога најверојатно и писмено ќе му биде врачена одлуката на Костовски за неговата смена. И неколкумина вработени во ЈСП ништо не чуле за смената на директорот и беа изненадени од информацијата. Други, пак, прв пат за тоа чуле во петокот од гостувањето на Костовски во емисија на ТВ Алфа. Од Градот вчера немаше кој официјално да ни ја потврди и образложи ваквата одлука на Костовски. (Сн.К.)

Utrinski
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7069
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 04-Aug-2008 at 12:12
да се надеваме дека новиов ќе направи нешто попаметно
абе ова не е Трифка бе луѓе, ова некој маскиран како него Shocked
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12003
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 05-Aug-2008 at 01:38
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=C51BA2CA3B6CD14EA87F4FEE0D1413E8

СООБРАЌАЈНИТЕ ИНЖЕНЕРИ ПРЕДУПРЕДУВААТ

Двокатните автобуси превисоки за гаражите на ЈСП

За возачите ќе треба да се организира обука за управување на овие автобуси,кои имаат повисоко тежиште, поради што мора внимателно да се влегува во остри кривини, велат експертите

Пред да се воведат двокатните автобуси во градскиот превоз, потребно е да се организира дополнителна обука за возачите, велат сообраќајните инженери.Според нив, возачите ќе треба со поголема внимателност да влегуваат во поострите свиоци бидејќи овие автобуси имаат повисоко тежиште. Сообраќајните инженери велат дека е најважно новите автобуси да ги задоволуваат строгите еколошки стандарди и критериуми за удобен градски превоз. Тие укажуваат дека проблем може да се јави и при нивното одржување, бидејќи гаражите во јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ се направени според висината на сегашните автобуси.

ОБУКА ЗА ВОЗАЧИТЕ

Професор Никола Крстановски од Техничкиот факултет во Битола смета дека не би требало да се очекуваат посериозни проблеми со двокатните автобуси бидејќи тие имаат предност од аспект на сообраќајната експлоатација.Наместо во должина, какви што се зглобните автобуси, двокатните имаат капацитет за прием на патници во висина. Овие автобуси исто така овозможуваат квалитетен превоз - вели Крстановски.Според него, единствени проблеми би биле нивното одржување во гаражите на ЈСП, во кои може да не ги собира двокатните автобуси и приспособување на возачите кон ваквиот вид автобуси.Ќе треба извесен период за возачите да се навикнат на овие автобуси. Тие имаат повисоко тежиште, па возачите ќе треба да бидат повнимателни кога ќе наидуваат на поостри кривини - објаснува Крстановски.Професор Миле Димитровски од Машинскиот факултет во Скопје смета дека доколку автобусите ги задоволуваат стандардите „еуро 4“ или „еуро 5“ и условите наведени во тендерот, тогаш нема причина да не бидат поволни.Ако се исполнети стандардите и условите во тендерот, сето друго е прашање на желба и естетика. Изборот дали тоа ќе бидат двокатни или единечни е прашање за кое треба да се изјасни тој што одлучува. Вакви автобусите се возат и во други градови во светот - вели Димитровски. Тој потенцира дека постојат сервиси за одржување на тие автобуси така што тоа не би претставувало никаков проблем.Постојат сервиси за одржување на автобусите, ќе се обучат луѓе, а ќе се набави и потребната опрема - вели тој.

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОСТОВСКИ СЕ ЛУТИ

Скопскиот градоначалник Трифун Костовски веднаш го разреши генералниот директор на ЈСП, Орце Ѓеоргиевски, кој, по барање на Владата, го поништи тендерот за набавка на 50 нови единечни автобуси, без консултации со него. Владата даде 4,4 милиони евра за набавка на нови автобуси за јавниот градски превоз.За вршител на должноста директор е поставен Александар Бошковиќ, поранешен раководител на градскиот Сектор за комунална инспекција. Според Бошковиќ, поништувањето на тендерот е несериозен потег за една држава и за град како Скопје. Станува збор за меѓународен тендер на кој учествуваа 27 светски фирми. Тие сега се извисени - вели Бошковиќ.Тој смета дека Скопје се' уште не е подготвено за двокатни автобуси. За да сообраќаат кај нас двокатни автобуси, потребно е да имаме соодветни улици. Точно е дека ги има во други големи градови, но во нив постојат услови и тие се резервна варијанта на градскиот јавен превоз. Но, има експерти што ќе го кажат своето мислење врз основа на што ќе биде донесена крајната одлука - вели Бошковиќ.

Анела Петрова

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12003
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 05-Aug-2008 at 01:54
Останува уште да кажат на кои линии ќе може да се обраќаат овие автобуси, без да има било какви пречки за нивната висина и како ќе се одрази нивното воведување врз планирањето на инфраструктурата во иднина.

Roll%20eyes


Edited by Cloverstack - 05-Aug-2008 at 01:54
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12003
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 05-Aug-2008 at 02:34
А и чисто безбедносниот аспект не смее да се запостави... Од можноста за возачка грешка и удирање во препрека, до нивната помала стабилност...


1


2


3


4


5

Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 05-Aug-2008 at 12:20
Точно е дека ги има во други големи градови, но во нив постојат услови и тие се резервна варијанта на градскиот јавен превоз. Но, има експерти што ќе го кажат своето мислење врз основа на што ќе биде донесена крајната одлука - вели Бошковиќ.
 
Многу едноставно и логично, да се следеше ваква процедура (без некои квази експерти кои знаат да се појават од време на време) не двоспратни ако сакаа.....
 
 
 
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 05-Aug-2008 at 12:22
Wallbash Bash
 
 

Според ВМРО, Костовски ги минира европските проекти за Скопје

ВМРО-ДПМНЕ смета дека градоначалникот Трифун Костовски, во координација со најголемата опозициска партија СДСМ, подолго време ги саботира сите владини проекти за главниот град. Според извори од владејачката партија, меѓу нив и Костовски, веќе извесен период постојат сериозни концепциски разлики кои резултираат со минирање на заложбите за реализација на проекти кои од Скопје ќе направат европски град. Особено, сметаат во ВМРО, тука се работи за објектите на стариот театар, музејот на ВМРО, зградите на градската куќа, Уставниот суд, Филхармонијата, црквата на плоштадот, спомениците и други. Несогласувања меѓу првиот човек на Скопје и владејачката партија имало и околу распределбата на раководните места во градските јавни претпријатија и сектори. (С.Н.)

 
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 05-Aug-2008 at 13:32
Previous

Добро само мене ми се чини или од владеачкава партија имаат проблем да дефинираат што е тоа Европски прокет? Црква со државни пари во централно градско подрачје во 21 век? Музеј за мајка Тереза изработуван според проект кој на конкурсот не успеа ни првата елиминациона фаза да ја помине? Или можеби кич обновата на објекти градени во 20тите и 30тите години од 20 век, кои и тогаш биле кич? Или можеби спомениците со лавови пред мостот Гоце Делчев? Или 2спратни автобуси кои освен во Лондон ги нема во ниту еден европски град.

Додека во 21 век европски проекти во сите нормални држави се подземни железници, ЛРТ, урбани автопати, паркови, спортско рекреативни центри со што ние се занимаваме. Трагично....




Edited by UrbanFreak - 05-Aug-2008 at 13:33
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7069
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 06-Aug-2008 at 00:18
човече, нејќам двоспратни, сакам автобуси со клима уред, еколошки, брзи и лесни за одржување Unhappy
на партизанска и јане сандански нема надвозници, но има семафори, и жити све како на пример ќе ја фати острата кривина на раскрсницата на бул. Кочо рацин, нормални автобуси, па ти личи како секој момент да ќе се превртат таму
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12003
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 15-Aug-2008 at 21:25
Фала богу, има надеж дека ќе се размисли поубаво што би значело евентуално масовно воведување на двоспратни автобуси во јавниот превоз во Скопје...

Само ме буни како цело време во написиве упорно пропуштаат да евдентираат цела низа на проблеми што би произлегле (ги спомнав во постот #124)

А и ова што се спомнува за дополнителната потребна обука на возачите и неадекватноста на гаражите на ЈСП за одржување не е воопшто за потценување.


http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=0DF3AFBD6590344B9D05A52209BB5D73

ПО НЕДОРАЗБИРАЊАТА ПОМЕЃУ ВЛАДАТА И ГРАДОНАЧАЛНИКОТ костовски

Стопиран јавниот оглас за набавка на двокатни автобуси

Не ја одбиваме владината донација од 4,4 милиони евра, туку сакаме да ја искористиме ефикасно и квалитетно за да обезбедиме квалитетен превоз за граѓаните, вели Александар Бошковиќ, в.д. директор на ЈСП

Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ го стави во мирување јавниот оглас за набавка на 50 нови двокатни автобуси. Оваа одлука на новото раководство на ЈСП следува откако поранешниот директор Орце Ѓеоргиевски, по барање на Владата, ја промени содржината на огласот. Поради овој потег, тој итно беше сменет од скопскиот градоначалник Трифун Костовски.Во Јавното сообраќајно претпријатие велат дека нов оглас за набавка на автобуси за градски превоз ќе се распише во почетокот на септември. Следниве денови треба да се сретнат раководството на ЈСП и скопскиот градоначалник со претставници од Владата за да се договорат за набавката.Сепак, се работи за донација од 4,4 милиони евра. Ние не ја одбиваме донацијата, туку сакаме да ја искористиме ефикасно и квалитетно. Нам ни требаат автобуси бидејќи десет години не е подновен возниот парк. Сакаме да обезбедиме квалитетен превоз за граѓаните - вели Александар Бошковиќ, вршител на должноста директор на ЈСП.Тој вели дека ќе се формира комисија што ќе биде составена од стручни лица од ЈСП, двајца претставници од Владата и од Градот.

- Жалбените рокови на 27 светски фирми што се јавија на огласот истекоа. Сега чекаме уште неколку дена за да не пристигне по пошта некоја задоцнета жалба. Мора да ја почитуваме правната процедура за да се заврши легално првиот оглас. Потоа ќе се покрене комплетно нова правна процедура за распишување нов оглас. Претходно ќе се договориме дали ќе се набавуваат двокатни или единечни автобуси, како што беше во оригиналниот оглас - вели Бошковиќ.Со јавниот оглас првично се бараше да се купат 48 стандардни автобуси за градски превоз и два двокатни панорамски за разгледување на градот. Владата, која даде 4,4 милиони евра за да се поднови возниот парк на ЈСП, реши да се купат двокатни автобуси. Одлуката беше образложена со потребата од нов концепт на јавниот градски превоз, со кој ќе се вратат стариот дух и традиција на Скопје. Градоначалникот Костовски силно се спротивстави на оваа идеја, сметајќи дека со ваквата постапка Владата се меша во ингеренциите на Градот.Сообраќајните инженери велат дека со внимателност треба да се воведат двокатните автобуси во јавниот градски превоз. Тие укажуваат дека за возачите на ЈСП ќе мора да се организира дополнителна обука за управување со двокатни автобуси. Според нив, возачите ќе треба со поголема внимателност да влегуваат во поострите свиоци бидејќи овие автобуси имаат повисоко тежиште.

- Не би треба да се очекуваат посериозни проблеми со двокатните автобуси бидејќи тие имаат предност од аспект на сообраќајната експлоатација. Наместо во должина, какви што се зглобните автобуси, двокатните имаат капацитет за прием на патници во висина. Овие автобуси исто така овозможуваат квалитетен превоз - вели професор Никола Крстановски од Техничкиот факултет во Битола.Според професор Миле Димитровски од Машинскиот факултет во Скопје, ако автобусите ги задоволуваат стандардите „еуро 4“ или „еуро 5“ и условите посочени во огласот, нема причина да не бидат поволни.Експертите укажуваат дека проблем може да се јави при одржувањето на двокатните автобуси, бидејќи гаражите во Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ се направени според висината на сегашните автобуси.

Анела Петрова


Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 15-Aug-2008 at 22:05
perenje pari jebiga
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12003
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 15-Aug-2008 at 22:20


Терминот „перење пари“ значи преку најразлични манипулации да го камуфлираш потеклото на одредена сума пари, на пример ако потекнува од криминални активности, а ти (нормално) сакаш да ги прикажеш како легални.

Не гледам како тоа може да биде случај ниту со тендерот, ниту со неговото одложување, ниту со „идејата“ за двоспратни автобуси.

Во случајов имаме само перење мозок за некаква си наводна традиција, а не перење пари...


Edited by Cloverstack - 15-Aug-2008 at 22:21
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 15-Aug-2008 at 22:28
Мислам дека нема потреба повторно да ја образложувам дупката во законот за јавни набавки и најлесниот начин да се изманипулира тендер, ако се работи за тоа. Но јас не сметам дека тука ќе нема перење пара, и попвро би застанал зад тоа дека разумот преовладувал.


Edited by lslcrew - 15-Aug-2008 at 22:29
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 15-Aug-2008 at 23:42
Budzetot na makedonija 2 Miljardi i 200 miljoni evra , zamisli od tie pari 30 % da se trosat vo narod nikoj nemase da bide siromasen, ima za site parlamentarci da kradat samo 30 % barame nisto poveke, VRMO - GLUPA  promocija , GRADAM edno GUBAM DRUGO, samo gradi nesto demek raboti, i gi ostava rabotite taka, kolku lugeto da go zaboravat toa , pravi nesto sosema treto , znaes toa se glupi propagandi, i ova e PERENJE pari ne e perenje mozok, greska si , kako inace ke ukradat?ne moze od site tie tenderi nieden da ne se sprovede na vreme, kostovski ne se slozuva, posle on se slozil pa resile za dvokatni , pa posle ne dvokatni pa 1 katni , pa ne 1 katni ,kaj nas 3 katni autobusi ke ni poracaat oti znaes ne sme se naviknale da gledame nadole


Edited by mitatos - 15-Aug-2008 at 23:46
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12003
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 15-Aug-2008 at 23:46
Ај добро, перење пари нека биде сеа шо да ти кажам... Roll%20eyes
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 15-Aug-2008 at 23:46
Човек просто да го засака Трифун, и да посака да гласа за него догодина....Applause

ЈСП и Градот инсистираат на еднокатни автобуси

Идната недела ќе се одржат нови средби меѓу претставници на ЈСП, Градот и Владата

ЈСП, Градот Скопје и претставници на Владата во текот на идната недела ќе ги продолжат преговорите за набавка на нови автобуси. Во моментов, во јавното претпријатие не се подготвува документација за новиот тендер, со кој Владата сакаше да набави 50 двокатни автобуси.

Градските власти и надлежните во ЈСП се загрижени дека ваквите автобуси може да му донесат дополнителни проблеми на претпријатието, бидејќи ќе изнудат нова обука за вработените, приспособување на сервисот и гаражите, но и на градските улици, подвозниците и дрвјата на автобуските станици. Заради тоа, иницирани се нови средби на кои веројатно ќе биде предложено, сепак, да се набават дел единечни, а дел, или само неколку двокатни автобуси, за да се задржи идејата за делумно враќање на духот на старото Скопје.

Во ЈСП велат дека се задоволни и благодарни за помошта што им ја додели Владата, но дека, сепак, добро е тие средства да се искористат на најдобар можен начин, се разбира без да му се направат компликации на самото претпријатие.

„Доделувањето на 4,4 милиони евра за нови автобуси, од кои еден дел веќе се префрлени на сметката, е показател дека Владата мисли на јавниот превоз во градот, но пред се' на своите граѓани, кои секојдневно го користат. Не помислуваме да одбиеме донација за обновување на возниот парк, во кој последниве 15 години не влегол ниту еден нов автобус. Сепак, сметаме дека треба да седнеме и да се договориме за условите на новиот тендер“, вели в.д. директорот на ЈСП, Александар Бошковиќ. (С.Н.)

http://utrinski.com.mk/?ItemID=C5A3F1EE92AD8D46AB14DDCB02476766



Edited by UrbanFreak - 15-Aug-2008 at 23:48
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 15-Aug-2008 at 23:48
Originally posted by Cloverstack

Ај добро, перење пари нека биде сеа шо да ти кажам... Roll%20eyes


Big%20smileBig%20smileBig%20smileBig%20smile se otkazuvas a ))) , dobro de ne e perenje pari , ali nashite pari gi perat
Big%20smile
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12003
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 15-Aug-2008 at 23:55
Originally posted by UrbanFreak

Човек просто да го засака Трифун, и да посака да гласа за него догодина....Applause


Па да ти кажам право, после се што имам кажано против Трифке (со право), се пореална станува можноста да гласам за него ако реши да се кандидира...

Nuts


Сериозен сум... Жалната реалност е дека другите кандидати најверојатно ќе бидат уште полоши Wallbash







Edited by Cloverstack - 15-Aug-2008 at 23:56
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 16-Aug-2008 at 00:17
Originally posted by mitatos

kaj nas 3 katni autobusi ke ni poracaat


Ааааа неможе. Па ако се запали третиот кат од автобусот како ќе го изгасат, башка ќе неможе да сообраќаат по јужен булевар зашто ќе надмашат висинска квота!!!

Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7069
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 16-Aug-2008 at 13:10
Originally posted by lslcrew

Originally posted by mitatos

kaj nas 3 katni autobusi ke ni poracaat


Ааааа неможе. Па ако се запали третиот кат од автобусот како ќе го изгасат, башка ќе неможе да сообраќаат по јужен булевар зашто ќе надмашат висинска квота!!!

LOL 
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 88>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.359 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.