build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Возен парк (ЈСП - двокатни автобуси)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2223242526 88>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12066
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #461 Posted: 22-Sep-2009 at 12:50
Напразно се понадевавме дека може да добиеме некој нормален сооднос со новиот тендер.

Текстов е малку збркан, но изгледа математиката е оваа:

202    двокатни
80     „еднокатни“ единечни
4       „еднокатни“ зглобни
16      минибуси

Ohno

НАСКОРО НОВ ТЕНДЕР СО ПРОМЕНЕТИ УСЛОВИ
Ќе купуваме и двокатни и едноподни автобуси

Елена Мачевска

Министерството за транспорт и врски, наместо најавената набавка на 302 двокатни автобуси, со тендерот кој ќе биде распишан во текот на неделава најавува набавка на 202 двокатни, а останатите 100 автобуси ќе бидат едноподни. Министерството со четвртиот тендер по ред кој има намера да го објави и со кој ќе се обнови возниот парк на ЈСП „Скопје“, покрај автобусите, ќе купи и 16 минибуси кои ќе се користат на линиите на јавниот градски превоз каде што има помалку патници. - Прво ќе биде објавен јавен оглас за набавка на автобусите во меѓународните и домашните медиуми. Огласот за јавна набавка на автобуси, со кој ќе се обнови возниот парк во јавниот градски превоз во Скопје, ќе биде јавен и критериумите за набавката дополнително ќе бидат утврдени и“вели Драган Симоновски, портпарол на Министерството за транспорт и врски. Според него, во новиот тендер за набавка на 100 едноподни автобуси ќе се бара 80 од нив да бидат единечни, а четири да бидат зглобни автобуси. Најавата на Министерството за транспорт и врски за објавување нов јавен оглас за заинтересираните фирми што сакаат да ги произведат бараните возила за градски превоз, следува по три пропаднати тендери и по најавата на Владата дека од буџетот за годинава нема да бидат издвоени средства за оваа намена. Првиот јавен оглас пропадна затоа што ниту една фирма не понуди изглед на автобусите како тие што се користеле во минатото во Скопје. Вториот тендер, пак, се поништи со образложение дека ниту една од компаниите не доставила банкарска гаранција, освен словенечката компанија која излезе од игра поради превисоката понуда од 111 милион евра за производство и испорака на 302 двокатни автобуси. На третиот тендер, пак, пристигнаа понуди од заинтересираните фирми, турската компанија „Гулерјуз“, бугарската „Кинг Лонг“, кинеската групација „Џенгџоу јутонг“ и од домашната „Санос“. На тендерот победи кинеската групација „Џенгџоу јутонг“. По ваквата одлука на Министерството останатите три фирми ја обжалија одлуката. По разгледувањето на поднесените жалби од бугарската и од македонската компанија, беше донесена одлука за поништување и на овој тендер и за распишување на нов, кој е најавено да се случи во текот на оваа недела, но со делумно променети критериуми и намален број двокатни автобуси.



http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=4&tabid=1&EditionID=1819&ArticleID=122245
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7074
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #462 Posted: 22-Sep-2009 at 16:59
80 единечни и 4 зглобни, каква комбинација еј Bash

за двокатните не знам дали вреди веќе да се прави муабет
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9079
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #463 Posted: 23-Sep-2009 at 23:23
Единствена работа што повторно дава надеж е дека тендерот за двокатните и еднокатните е поделен. Да се надеваме на најдобар исход.

Нова владина одлука за автобуси за Скопје

Наместо 302 автобуса, ќе се купуваат 202 двокатни и 100 едноподни

Деспина Трајковска

Наместо 302 двокатни автобуси Владата сега планира да купи 202 даблдекери и 100 едноподни автобуси. Ова е најновата владина одлука по неодамнешното поништување на тендерот за набавка на 302 двокатни автобуса. За даблдекерите Министерството за транспорт и врски веќе распишало нов тендер, во кој бара 200 двокатни автобуси од затворен тип и два отворени автобуса. Наскоро ќе се распише тендер и за набавка на 100 едноподни автобуси и тоа 80 од нив соло, четири зглобни и 16 минибуси. Од ресорното Министерство вчера накусо објаснија дека промената во набавката во однос на претходните три се должи на согледаните искажани потреби на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ и согласно владината одлука.

Од Министерството вчера не беа достапни да дообјаснат дали условите во тендерот ќе бидат исти како и во досегашните три неуспешни тендери, ниту, пак, да прецизираат на кој начин ќе се изврши финансирањето на набавката со оглед на неодамнешните најави за намалување на Буџетот за овој владин проект.

Овој тендер следува по три неуспешни јавни набавки. Првиот обид официјално пропадна, бидејќи ниту една фирма не го понудила бараниот ретро изглед на автобусите. Вториот тендер се поништи оти ниту една компанија не достави банкарска гаранција, освен словенечката компанија, која не влезе во игра поради превисоката понуда од 111 милиони евра за производство на 302 даблдекери. Третиот, всушност, и последен тендер пропадна речиси по острите реакции во јавноста од страна на партијата на Љубе Бошкоски дека избраната понуда на кинеската компанија „Џенгџоу јутонг“ е превисока, а истовремено и по обвинувањата дека тендерот е наместен, со цел да се офајди некој од владините функционери и луѓето блиски до нив. Официјалното образложение од Министерството за поништување на тендерот беше, всушност, одлуката на државната Комисија по жалби за јавни набавки, според која, избраната понуда не го гарантирала бараниот термин за испорака на автобусите.


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=101807FB5894DD4BAB8576D78B8912F9
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12066
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #464 Posted: 29-Sep-2009 at 20:50
РАСПИШАН НОВ ТЕНДЕР ЗА ВОЗИЛА ВО ЈАВНИОТ ГРАДСКИ ПРЕВОЗ
Ќе има ли за скопјани нови автобуси?

Елена Мачевска

Министерството за транспорт и врски, по три неуспешни тендери, деновиве распиша нов, во кој ги послуша препораките на ЈСП „Скопје“, па покрај двокатните автобуси ќе набави и обични. Уште од самата најава на Владата дека ќе бидат купени двокатни автобуси, доброупатените ги предупредија надлежните институции дека улиците како што се направени во моментот во Скопје не се соодветни за по нив да сообраќаат толку високи возила.
Од Министерството за транспорт и врски објаснуваат дека условите во новиот меѓународен тендер се направени врз основа на искажаните потреби на ЈСП „Скопје“. Со тендерот треба да се купат 202 двокатни и 100 обични автобуси, од кои 80 единечни, четири зглобни и 16 минибуси.
- Целта е целосно да се обнови возниот парк на ЈСП „Скопје“, а со тоа и да им се овозможат подобри услуги на корисниците на јавниот превоз, како и намалување на сообраќајниот застој – тврди Драган Симоновски, портпарол на Министерството.
На три линии, кои во моментов ги опслужува ЈСП „Скопје“, не би можеле да се користат вакви автобуси. Поради висината на возилата, пречка се надвозниците во општините Кисела Вода и Бутел, како и подвозникот во Градскиот трговски центар. Дополнителен проблем е и светлосната сигнализација по скопските улици, која треба да се приспособи за превоз на патници на две нивоа, но, исто така, и недоволната обученост на возачите да возат двокатни автобуси.
Според надлежните од ЈСП „Скопје“, ќе треба да се издвојат дополнително пари за нивна обука, која најверојатно ќе мора да се изведува во странство.

Од директорот на Јавното сообраќајно претпријатие Александар Бошковиќ, и покрај многубројните инсистирања од наша страна, божем поради презафатеност, не добивме одговор што се било побарано од надлежното Министерството, ниту што ги натерало да ги сменат условите во конкурсот дури по три неуспешни тендери.
Првиот јавен оглас пропадна затоа што ниту една фирма не понуди изглед на автобусите како тие што се користеле во минатото во Скопје. Вториот тендер се поништи со образложение дека ниту една од компаниите не доставила банкарска гаранција, освен словенечката компанија која излезе од игра поради превисоката понуда од 111 милион евра за производство и испорака на 302 двокатни автобуси.
На третиот тендер, пак, пристигнаа понуди од четири заинтересирани фирми, турската „Гулерјуз“, бугарската „Кинг Лонг“, кинеската „Џенгџоу јутонг“ и од домашната „Санос“. На тендерот победи кинеската групација, но одлуката ја обжалија останатите три. По разгледувањето на поднесените жалби од бугарската и од македонската компанија, беше донесена одлука за поништување и на овој тендер и за распишување нов, но со делумно променети критериуми и намален број двокатни автобуси.



http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1825&ArticleID=122728

Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #465 Posted: 02-Oct-2009 at 08:14
 

Распишана набавката на двокатни и едноподни автобуси

Министерството за транспорт и врски го распиша четвртиот конкурс за набавка на автобуси за скопскиот јавен превоз. Возниот парк на ЈСП ќе се подновува со двокатни, со едноподни автобуси и со минибуси. На 18 септември е распишан меѓународниот тендер за набавка на 202 затворени двокатни автобуса и два двокатни автобуса од отворен тип, а на 24 септември е распишан тендерот за набавка на 16 минибуси и на 100 едноподни автобуси, од кои 80 се соло, а четири зглобни.

Во јавниот оглас за набавка на 202 новопроизведени двокатни автобуса стои дека понудувачот е должен да достави технички цртежи и 3Д-анимација на понудениот модел. Времетраење на договорот е 48 месеци, а неговата реализација се планира да почне од 1 јануари следната година. Понудувачот мора да има најмалку еден реализиран купопродажбен договор за исти или за слични автобуси во последните три години и да поседува важечки сертификат за квалитет ИСО. За најниската цена понудувачот добива 70 поени, а за технички, функционални карактеристики и за дизајнот - 30 поени. Понудите треба да се достават најдоцна до 16 ноември кога ќе се одржи и јавното отворање во Министерство за транспорт и врски.

Слични се условите и на конкурсот за едноподните автобуси. Овие понуди се очекуваат најдоцна до 23 ноември.

Набавката на нови автобуси за ЈСП се влече две години, а по улиците и натаму возат автобуси постари и од 30 години. Досега се поништени три тендери од различни причини. Последниот, на кој беше одбрана кинеската компанија „Џенџоу јутонг групација“, која понуди цена од 51 милион евра, пропадна откако партијата Обединети за Македонија обвини за можна корупција при избор на најдобриот понудувач.  (А.П.)



Edited by vardar - 02-Oct-2009 at 08:15
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #466 Posted: 02-Oct-2009 at 08:20

Дури сега приметив дека се работи за два тендера, значи да се молиме дека вториот ќе успее а понудените двокатни пак нема да бидат доволно "автентично-староскопски" LOL Crazy Nuts

Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #467 Posted: 02-Oct-2009 at 09:08
Дали ви е познато дали може за ова прашање да се распише референдум на ниво на град Скопје?
Немам против 5, еве 10 двокатни автобуси да се купат заради „носталгијата„ на некои наши со„граѓани“, ама 200!!! Толку време поминува, само тендери се менуваат, а двоспратноста си останува. Барем овде гледам дека за многу од нас двоспратниот концепт е тотална утка или може грешам?
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #468 Posted: 02-Oct-2009 at 09:17

Искрено веќе незнам дали да се надевам да се купат тие автобуси или повторно тендерот да пропадне. Ова од причини што веќе 2 години се натегаме со власта дека е апсурдно, нерационално, поскапо и сосем непотребно да се оди на двоктниавтобуси а од друга страна 2 години севозат канти низ градот. Да не заборавиме и колку лоша слика за нас како држава се испраќа надвор со сите овие пропаднати тендери. Па и самите тендери чинат доста пари: организација, изготвување спецификација, оласување, дневници за комисијата....Навистина незнам до кога вака неодговорно да не речам детски ќе се однесуваме со државата, како да ја водиме од и за некаков инает а не за нас самите.



Edited by UrbanFreak - 02-Oct-2009 at 09:18
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12066
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #469 Posted: 02-Oct-2009 at 21:09
Потполно те разбирам, бидејќи доведени сме во ситуација да бираме кое е помалото зло.

Во случајов бидејќи тендерите се поделени, јас дефинитивно навивам тој за двокатните повторно да пропадне. Стотина нови нормални автобуси, значително ќе ја залечат ситуацијата во меѓувреме.

Па дури и да беше еден тендер, повторно ќе навивав да пропадне. Точно е дека штетата од одлагањето на подновувањето и од пропаднатите тендери е голема, но мислам дека набавка на 202 двокатни автобуси ќе направи уште поголема штета. Исто така, одолговлекување од 1-2 години ми звучи како помало зло од долгорочно заглавување со лоши решенија за јавниот превоз.


Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7074
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #470 Posted: 03-Oct-2009 at 00:43
ја примети некој математиката 80 единечни + 4 зглобни = 100 едноподни автобуси Question
најверојатно новинарска грешка, бидејќи сите заедно со минибусите се 100

што се однесува до тендерите, се согласувам со кловер, поарно пропаднати тендери, одколку доживотни крпеници
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #471 Posted: 03-Oct-2009 at 12:36
Originally posted by zabegan

ја примети некој математиката 80 единечни + 4 зглобни = 100 едноподни автобуси Question
најверојатно новинарска грешка, бидејќи сите заедно со минибусите се 100

што се однесува до тендерите, се согласувам со кловер, поарно пропаднати тендери, одколку доживотни крпеници


ги забораваш 16-те минибуси
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7074
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #472 Posted: 03-Oct-2009 at 12:55
Originally posted by La Linea

Originally posted by zabegan

ја примети некој математиката 80 единечни + 4 зглобни = 100 едноподни автобуси Question
најверојатно новинарска грешка, бидејќи сите заедно со минибусите се 100

што се однесува до тендерите, се согласувам со кловер, поарно пропаднати тендери, одколку доживотни крпеници


ги забораваш 16-те минибуси
па да де, реков дека заедно со минибусите се сто, само реченицата е испревртена, пишува 16 минибуси и 100 едноподни автобуси
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #473 Posted: 03-Oct-2009 at 12:58
леле стварно LOL ок, моја грешка
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #474 Posted: 11-Nov-2009 at 01:54

За набавка на автобусите за в година планирани 7 милиони евра

Ако успее четвртиот тендер, скопјани ќе се возат во 202
двокатни и 100 едноподни автобуси

Околу седум милиони евра од државниот буџет за 2010 година ќе се наменат за купување на дел од автобусите за јавниот превоз во Скопје. Во планираните средства за следната година, во буџетот на Министерството за транспорт и врски за овој проект се предвидени 420 милиони денари.

Приближно толку имаше и во годинашниот буџет, но по неуспехот на третиот тендер за набавка на автобусите, со ребалансот тие пари беа пренаменети. Со еден милион денари што останаа се распиша последниот четврти тендер, кој се' уште е во тек.

Со седум милиони евра во 2010 година ќе се купи првата третина од планираните 302 автобуса за Скопје. Од нив, според последниот четврти тендер, 202 се двокатни од кои, пак, два се панорамски. Останатите 100 се едноподни автобуси, од кои 80 се соло-автобуси, 4 зглобни и 16 минибуси. За 2011 година, за набавка на автобуси се планира да се потрошат над една милијарда денари.

Доколку успее последниот тендер доставата на првата тура од автобусите треба да почне уште следната година и да продолжи во наредните две години. Пристигнувањето на првите автобуси се одложува за една година. При распишувањето на првиот тендер Министерството најавуваше дека годинава ќе бидат испорачани првите двокатни автобуси за главниот град, но по промената на условите на тендерот не се знае ниту дали први ќе пристигнат двокатните или едноподните автобуси. Сепак, доколку и последниот тендер се покаже неуспешен, многу е веројатно дека скопјани ниту в година нема да видат ниту еден нов автобус на улиците.

Првиот обид официјално пропадна, бидејќи ниту една фирма не го понуди бараниот ретро изглед на автобусите. Вториот тендер се поништи зашто ниту една компанија не достави банкарска гаранција, освен словенечката компанија која, пак, не влезе во игра поради превисоката понуда од 111 милиони евра за производство на 302 даблдекера. Третиот тендер пропадна, бидејќи избраната понуда не го гарантирала бараниот термин за испорака на автобусите.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=FCAAE3B985B37C4DAEB2A4116EB5FDD3
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #475 Posted: 16-Nov-2009 at 15:51
Три компании заинтересирани да ги направат двокатните автобуси

Три компании доставиле понуди на тендерот за набавка на 202 двокатни автобус, информираат од Министерството за транспорт и врски. На тендерот се јавиле бугарската Кинг Лонг, која учествуваше и на претходните тендери, фирмата Александар Денис од Велика Британија и компанијата од Кина Џенгџоу Јоутонг Групација.

“Во следниот период Комисијата за спроведување на јавната набавка ќе
изврши преглед на комплетноста и валидноста на доставената
документација, како и евалуација на пристигнатите понуди, по што ќе
биде одбран најповолниот понудувач.Согласно условите во Тендерската документација“, информираат од Транспорт.

Компанијата што ќе биде избрана ќе има обврска да даде две години гаранција за автобусите, најмалку пет години гаранција на шасијата на втобусите и да обезбеди резервни делови за најмалку 15 години по испораката.

Најповолниот понудувач, според условите одредени од Транспорт, ќе има рок до 2011 година да испорача 75 автобус 

“Целта на оваа набавка, заедно со набавката на едноподни автобуси е
целосно обновување на возниот парк на јавното сообраќајно претпријатие во Скопје, а со тоа овозможување и подобри услуги на корисниците на јавниот превоз и намалување на сообраќајниот застој“ велат од Министерството.

Досега беа распишани два тендери за набавка на 302 двокатни автобус за потребите на ЈСП.

http://netpress.com.mk/vest.asp?id=64264&kategorija=2

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9079
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #476 Posted: 16-Nov-2009 at 16:49
http://www.alexander-dennis.com

Еве го сајтот на британскиот понудувач. Да не се повторуваме со истите работи, колку се лоши и страшни двокатните автобуси... Мислам дека се е доволно кажано и аргументирано поназад во нишката... Но...

Сепак присуството на британскиот понудувач дава надеж дека целава работа (доколку се реализира) нема да биде потполно фијаско. Сепак се работи за сериозен прозводител на автобуси и тоа го гарантира барем квалитетот.

Доколку се откажат од "античкиот" дизајн, ако добиеме нешто вакво, сепак нема да биде крај на светот (десниот изгледа симпатично, и дополнително а трите оски сепак ја зголемуваат безбедноста и подобруваат перформансите).




Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #477 Posted: 16-Nov-2009 at 18:54


Според нешто што малце фатив од понудите по вестиве имам некакво претчуство дека распишувачот на тендерот инсистира на „античкиот“ дизајн, инаку како двокатни мислам дека би ги прогутале сите да се во некој ваков фазон...
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #478 Posted: 16-Nov-2009 at 18:59
Сега се бара модел да се испегла работата со нормални автобуси, ама да не падне срам со двокатните, па така сега прво 100 еднокатни, па после наводно ќе се покажат како подобро решение па ќе бројката од 200 двокатни ќе се намали. Барем ова е моја претпоставка.
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #479 Posted: 16-Nov-2009 at 20:57
Мене дизајнот на Лондонските двокатни автобуси (односно 2-осовински) многу повеќе ми се допаѓа за Скопје. Овие 3-осковите ми се многу гломазни (иако постабилни, се сложувам), но зафаќаат повеќе простор при вртење. И секогаш ми е во глава раскрсницата кај Палома Бјанка, завртувањето од Чуповски кон Васил Главинов (а тука вртат сите автобуси од центар кон Партизанска и навистина со овие ќе стане чудо.  Вакви со 3 осовини има во Љубљана (се разбира еднокатни) кои се користат за регионален промет и се движат само по главните влзено-излезни булевари.

Инаку ова ЕДНОПОДНИ ми е многу смешно и незнам каде го научија. Еднокатен автобус си е просто автобус (дали нископоден или обичен), а при двокатните се додава само атрибутот. Исто како при поимот Метро. Никој не вика Подземно метро, затоа што тоа како такво се подразбира. Кога тоа излага над земјата и прави исклучок, се додава наставката Надземно.
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #480 Posted: 16-Nov-2009 at 21:21
Проблемот со раскрсницата кај Палома бјанка е радиусот меѓу улиците (што не смее да е таков меѓу станбени улички, а не меѓу 2 такви улици), а не е во автобусите...
...само што имаш право, тој радиус нема да се опраи уште едно 5-6 века, па попаметно е сега да гледаат што праат со автобусиве. Во тој контекст, не знам и дали секаде ќе можат да поминуваат овие автобуси во поглед на висината (подвозници, надвозници исл.)?! Стаам глава, дека во министерството не ги заболе за тоа прашање, а после може да биде сериозен проблем...
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2223242526 88>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.281 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.