build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Возен парк (ЈСП - двокатни автобуси)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 6869707172 88>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #1381 Posted: 20-Sep-2011 at 10:48
Originally posted by Dave Gahan

Slave to the fashion или на скопски - симни се и дреми на пекол сонце и снег до колена до наредниот автобус за да изгледа убаво/ретро/кинески нашиот град....не се возам често со автобус, ама од овие неколку искрено пренесени искуства, само може да се потврдат стравувањата од двокатната глупост која на скопјани им беше без прашање сервирана и колку не се размислуваше да се реши градскиот превоз, туку се решавале прашања од некоја друга природа - што би рекол Владо - „Леле што напраивме!?“

И ај од зналците некој нека ми каже како времето ќе решава вакви проблеми, на пример - ако е преполн автобусот, ти мора да се симнеш од него затоа што нема стоење, а тој е последен во денот!? Може со кампања од милион евра да се прибира народов дома на време за да неам такви ситуации или ЈСП да ти го плати таксито до дома ако ти се случи ова!?


A nebare dosega ne se slucuvaa prepolni avtobusi, bezobrazni patnici i uste odozgora nekvalitetni i stari avtobusi.
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #1382 Posted: 20-Sep-2011 at 10:52
А небаре од досегашното искуство требаше и некој проблем да се реши, а да не се ствараат нови!?
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #1383 Posted: 20-Sep-2011 at 10:55
Originally posted by Dave Gahan

А небаре од досегашното искуство требаше и некој проблем да се реши, а да не се ствараат нови!?


Па проблемот со стари и неквалитетни автобуси е решен. Не бидете толку праволиниски само гледате.
Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: Brisbane
Online Status: Offline
Posts: 816
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #1384 Posted: 20-Sep-2011 at 13:06
Originally posted by krale

Originally posted by Dave Gahan

А небаре од досегашното искуство требаше и некој проблем да се реши, а да не се ствараат нови!?


Па проблемот со стари и неквалитетни автобуси е решен. Не бидете толку праволиниски само гледате.


Но проблемот со адаптација на линиите и распоредот во однос на моментално расположливите авотбуси ни оддалеку не е решен. Дискусијата колку се добри новонабавените двокатни и дали има подобра алтернатива за нив е безпредметна, бидејќи како што веќе претходно спомна друг член автобусите се купени и точка.
Дискусијата во нишкава во однина ќе има смисла само ако се дискутира воглавно на две теми, тековниот квалитет на автобусите, и адаптација на линиите и распоредот соодветно со капацитетот на двокатните автобуси во релација со дневните потреби за јавен транспорт во градот.
Back to Top
vlatko.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 17-Sep-2010
Online Status: Offline
Posts: 255
  Quote vlatko.mk Quote  Post ReplyReply #1385 Posted: 20-Sep-2011 at 13:24
Originally posted by krale

Мислам дека двокатните не си ги сфатил воопшто.

Тие се колку функционални, толку и естетски. Конечно некој треба да ти објасни, како што се трудам цело време, дека по твоето испаѓа најдобро решение да пуштиме товарни вагони.

Можеби е грубо кажано, но за тоа се залагаш. Зглобните автобуси не нудат никаков квалитет на превозот. Тоа се еден вид товарни вагони, само без шините. Целта им е луѓето да бидат набутани како сардини, бидејќи единствено нешто што е важно е да се пренесат од А до Б.

А двокатниот тоа пренесување од А до Б, го прави квалитетно и (успат) со стил. Доаѓа почесто од зглобен, имаш место за седење, не правиш непотребно блокирање на колите зад тебе, а во исто време и изгледаш супер. WIN-WIN.


За жал мислам дека си единствениот на форумов кој смета дека двокатните автобуси се совршени WIN-WIN или којзнае што ...

Ако двоканите нуделе незнам што, а зглобните биле товарни вагони тогаш времето ќе ги истиснело зглобните од употреба, а растечки ќе станел трендот на употреба на двокатни.

Од друга страна ниту местата за седење се незнам колку удобни, ниту пак во возењето во автобус гледам незнам каков си стил на живеење или којзнае што.


За жал денес морав да го констатирам тоа во што се сомневав одамна - Двокатните авотуси се далеку побавни во однос на единечните и зглобните.

1.Времето на патување кое вообичаено траеше околу 20 - 25 мин. (со стар автобус или лаз) се зголемило за цели 10 минути со двокатниот.
2.Возењето на горниот кат без влучен клима уред е неподносливо, висината е премногу мала ...

3. Најважно граѓаните имаат избор-
а) да доцнат на работа и училиште
б) да тргант барем 20 мин порано од вообичаеното и да имаат среќа во автобусот што тогаш ќе дојде да има доволно протсор за да влезат
в) да имаат среќа да наиде некој зглобен санос па некако да се пикнат и навреме да стигнат и да се потпишат за дневница*

*Да се потсетиме 99% од оние кои на работа одат со автобус го прават тоа не бидејќи сакаат туку бидејќи мораат (најчеста причина се финансиите) Да, тие граѓани заслужуваат поквалитетен превоз, но заслужуваат и навремен и сигурен превоз (Што им значи нив квалитетот ако денес задоцнат и си ја изгбат дневницата, бидат казнети или им биде врачен отказ).

Затоа јас би заклучил ЈСП и владата имаат 2 опции за решавање на проблемот кој настана:

а) да набават минимум 80-тина зглобни/двозглобни автобуси (кои би сообраќале во шпицот)

б) Да купат уште 100 двокатни и во шпицот да се дополни возниот ред (па граѓаните да имат каков таков сигурен транспорт - да не чекаат со саати и да не доцнат)


Трошокот за првата опција е секако помал и при набавката и на подолг рок ...


Edited by vlatko.mk - 20-Sep-2011 at 13:37
Back to Top
Ma View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 04-Mar-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Ma Quote  Post ReplyReply #1386 Posted: 20-Sep-2011 at 18:27
vlatko.mk-  toa ke se ke se realizra!
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #1387 Posted: 20-Sep-2011 at 18:36

 
Кинески (не)квалитет или скопска (не)култура ?
 
Самите проценете, но лушпите од сончоглед и од семки, смоките, кутиите за цигари и ред други декорации кои ги видов на горниот кат на мене воопшто не ми делуваат како последица од кинески (не)квалитет, туку повеќе ми делуваат како последица од скопската (не)култура.


Edited by Dexter26 - 20-Sep-2011 at 18:38
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1108
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #1388 Posted: 21-Sep-2011 at 02:35
Originally posted by Dexter26



 Кинески (не)квалитет или скопска (не)култура ?  Самите проценете, но лушпите од сончоглед и од семки, смоките, кутиите за цигари и ред други декорации кои ги видов на горниот кат на мене воопшто не ми делуваат како последица од кинески (не)квалитет, туку повеќе ми делуваат како последица од скопската (не)култура.

Сигурен сум дека е некултурата.Вентилациските издуви и рачките на седиштата се секогаш на мета на луѓе шо им е досадно во автобус.

Прв пат кога дојдоа автобуси со масички и мрежи на седиштата во Галеб случајно се погоди да си одам за дома од факултет баш со таков автобус(четврток навечер).Три дена покасно (недела попладне)случајно се погоди истиот автобус.На седиштето пред мене механизмот на масичката беше скршен ,а мрежата за оставање весници и слично искината/истегната ,а и на други седишта мрежите беа такви.
И често после таа ситуација гледав дека на 'патнициве' им е ептен интересно да ги уништат тие работи,а од превозникот редовно ги менуваа ,ама не можат да постигнат со толкаво темпо.
Пример од друго возило:
Бус

Edited by Тркало - 21-Sep-2011 at 02:42
Back to Top
sanos_a View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 149
  Quote sanos_a Quote  Post ReplyReply #1389 Posted: 21-Sep-2011 at 18:40
vlatko.mk какви се тие двозглобни автобуси што си ги напишал?
најдобриот форум за автобуси
www.autobusi.net/forum
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4689
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #1390 Posted: 21-Sep-2011 at 22:08
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1108
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #1391 Posted: 21-Sep-2011 at 22:56
Originally posted by sanos_a

<span id="userPro113043" ="msgSidePro" title="View Drop Down">vlatko.mk какви се тие двозглобни автобуси што си ги напишал?</span>



Van Hool ги работат најмногу во Европа (ако не се и единствени ,можда и VDL). Името на моделот е AGG 300.
Back to Top
Obedineta Makedonija View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Aug-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 1608
  Quote Obedineta Makedonija Quote  Post ReplyReply #1392 Posted: 21-Sep-2011 at 23:41
да ви кажам искрено и јас се разочарав од одност на скопјани кон автобусите зошто во 3-4 автобуси ги имаше истите дефекти односно искршени регулатори на издувниот отвор на вентилацијата !!!!!! СТРАМНО !!!!
Back to Top
tomi_z View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Oct-2010
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 196
  Quote tomi_z Quote  Post ReplyReply #1393 Posted: 22-Sep-2011 at 11:55
Мислам дека дебата за градски превоз цело време ја префрламе на други работи... културата на нашите сограѓани, естетика на средствата за превоз и стил?!

Нејсе, ќе се обидам да направам некоја фотка од двокатен во шпиц, па сами да процените каков ни е „подобрениот“ јавен превоз. Се плашам што ќе се случи кога ќе дојдат сите двокатни и ќе се исфрлат стариве зглобни...
Back to Top
tomi_z View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Oct-2010
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 196
  Quote tomi_z Quote  Post ReplyReply #1394 Posted: 22-Sep-2011 at 12:56
Новиот лондонски двокатен автобус Applause

http://www.london.gov.uk/priorities/transport/new-bus-london

Е ова ни фали нас - не се планира за иднината, туку за минатото.

Цената, поради тоа што во тендерот се бараше хибриден автобус, е околу 300 000. Но во следните 15 години Лондон ќе има модерен превоз и истовремено ќе ги задржи на улиците двокатните автобуси.

Само за потсетување, имаше 2 години дебата ДАЛИ му требаат на Лондон двокатни, какви да се, и конкурсот траеше 1 година, со предлог-дизјани, гласање во 2 круга и тн...

Повеќе инфо:
http://en.wikipedia.org/wiki/New_Bus_for_London


Edited by tomi_z - 22-Sep-2011 at 12:58
Back to Top
Stibera View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2010
Online Status: Offline
Posts: 117
  Quote Stibera Quote  Post ReplyReply #1395 Posted: 22-Sep-2011 at 12:59
луѓе што се возат со двокатните автобуси се жалат дека нема место за разминување и дека се прдвидени само за седење а нема доволен број на автобуси да можат сите патници да седат. секое утро има кавги и расправии дури ми имаат кажано една случка кае шоферот повикал полиција зашто се качиле премногу патници и автобусот можел да се преврти.

мојот заклучок е дека на изглед се убави но функционалност нула.
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #1396 Posted: 22-Sep-2011 at 13:23
Originally posted by tomi_z

Мислам дека дебата за градски превоз цело време ја префрламе на други работи... културата на нашите сограѓани, естетика на средствата за превоз и стил?!

Нејсе, ќе се обидам да направам некоја фотка од двокатен во шпиц, па сами да процените каков ни е „подобрениот“ јавен превоз. Се плашам што ќе се случи кога ќе дојдат сите двокатни и ќе се исфрлат стариве зглобни...

 
Прочитај го мојот пост #1310 на 2 или 3 страници поназад на темава.
 
Дури и откако ќе пристигнат сите двокатни градски автобуси од кинески Јутонг, сепак ќе се задржат сите двојни, односно сите зглобни автобуси од Санос, најверојатно само старите двојни Икарус, односно само старите зглобни Икарбус автобуси ќе бидат или продадени како старо железо или ќе бидат подарени или продадени на помалите градови во Македонија, се надевам дека ќе бидат продадени како старо железо, бидејќи на тие канти не им е местото во сообраќај, од безбедносни, економски и од еколошки причини.
 
Но сепак, ЈСП Скопје планира да ги задржи старите двојни автобуси, како и поновите единечни автобуси од Санос со МАН шасија, бидејќи и 80-те единечни нископодни градски автобуси од украински ЛАЗ и 200-те двокатни градски автобуси од кинески Јутонг сепак нема да бидат доволни за потребите и побарувачката на патниците на ЈСП Скопје.
Originally posted by tomi_z

Новиот лондонски двокатен автобус Applause

http://www.london.gov.uk/priorities/transport/new-bus-london

Е ова ни фали нас - не се планира за иднината, туку за минатото.

Цената, поради тоа што во тендерот се бараше хибриден автобус, е околу 300 000. Но во следните 15 години Лондон ќе има модерен превоз и истовремено ќе ги задржи на улиците двокатните автобуси.

Само за потсетување, имаше 2 години дебата ДАЛИ му требаат на Лондон двокатни, какви да се, и конкурсот траеше 1 година, со предлог-дизјани, гласање во 2 круга и тн...

Повеќе инфо:
http://en.wikipedia.org/wiki/New_Bus_for_London

 
Е да, нешто вакво е дефинитивно поприфатливо и за Скопје во споредба со овие двокатниве градски автобуси во ретро стил.
 
Но кога си имаш работа со магариња кои едноставно не сакаат да го слушнат здравиот ум и разум, ќе заглавиш со просечен, ако не и подпросечен готов производ.


Edited by Dexter26 - 22-Sep-2011 at 13:33
Back to Top
MGS View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 10-May-2011
Location: Охрид,МКД
Online Status: Offline
Posts: 296
  Quote MGS Quote  Post ReplyReply #1397 Posted: 22-Sep-2011 at 13:24
Двокатни автоуси требаше да има околу 10-15 ,онака да се осети "духот на старо Скопје".Ама готово сега.Нека ја форсираат сега идејата за трамвај.А трамвај на Скопје му е под ХИТНО потребен.
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #1398 Posted: 22-Sep-2011 at 13:31
Previous
 
Трамвајот му е повеќе од потребен на Скопје, прашање на време е додека да стане секојдневна потреба на скопјани.
 
За среќа, во 2012 нема да има избори, а до крајот на 2011 треба да заврши студијата која ја изработува таа англиско-унгарската фирма, така да, во 2012 градските власти во Скопје ќе можат слободно да распишат тендер за избор на фирма која ќе ја гради трамвајската мрежа, доколку биде прифатена и усвоена студијата на англиско-унгарската фирма, се разбира.
 
За трамвајот има посебна тема на форумов:
 
http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=50
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #1399 Posted: 22-Sep-2011 at 13:44
Мислам дека премногу се мешаат тие термини со трамвај и слично. Како прво смешно е да зборуваме за традиционален "трамвај" и проект кој ќе го закочи градов. На Скопје му е потребен ЛРТ систем со делумично подземни траси пред се во центарот на градот или терминолошки лесно метро кое ќе биде одвоено од сообраќајот во центарот на градот и нема да ги загушува и онака преполните улици. Тој традиционален трамвај е смешки.
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #1400 Posted: 22-Sep-2011 at 14:02
Previous
 
Како што веќе спомнав, за трамвајот има посебна тема на форумов, таму терајте дискусија за трамвајот и LRT, на оваа тема се дискутира за двокатните градски автобуси во Скопје:
 
http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=50


Edited by Dexter26 - 22-Sep-2011 at 14:03
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 6869707172 88>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.313 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.