build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Хотели и одморалишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Хотели, преноќишта и одморалишта (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 333435
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12588
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #681 Posted: 08-Mar-2021 at 12:25
Originally posted by stef4o

Близу Палата Зум изградено пред 5-6 години,веројатно во близина треба уште неколку објекти да никнат но чинам тоа е запрено поради мораториум во овој дел





https://propertyone.mk


Ова си мислев прво дека е деловен објект ама Џоле ме корегираше дека се работи за хотел
Долго време сум мислел дека се работи за канцеларии но не било така
Официјалното име му е Opera House Hotel завршен е негде средина на 2015г



https://www.facebook.com/OperaHouseHotel
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12588
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #682 Posted: 10-Mar-2021 at 10:22
ОБЈЕКТОТ НА ПОРАНЕШНИОТ ХОТЕЛ „ВИЛА ЗОРА“ НА ПРОДАЖБА

На последната седница на Советот на Општина Велес, со мнозинство гласови на советниците се донесе одлука за продажба на имот во сопственост на општината. Станува збор за објектот во кој функционираше поранешниот хотел Вила Зора. Во моментов тече јавната објава за продажба на објектот, објавена на веб страницата на Општина Велес. Почетната цена е 70.575.933,00 денари, а на продажба се нудат 2.738 квадратни метри.

Објектот се наоѓа на атрактивна локација на самиот влез во Велес, покрај Реката Вардар. Соодветен е за стамбен и деловен простор, за регионален дом за стари лица, едукативни, информатички или сервисни услуги и воопшто за секоја намена базирана на идеи кои водат кон иднината.

„Не беше воопшто лесно да се одлучиме за продажба на овој капитален објект, но Општина Велес не е во состојба да се грижи за него ниту да го стави во функција. Во релативно добра состојба е само делот отстапен на Технолошко-техничкиот факултет, но останатите простории се во несоодветна состојба. Честопати во изминатиот период објектот беше мета на крадци кои изнесоа голем дел од инвентарот на собите кои се доста оштетени поради прокиснувањето на покривот“, информираше градоначалникот Коцевски на денешната прес конференција.

Коцевски се надева дека ќе се најде купувач кој ќе има креативна и иновативна идеја за објектот, кој ќе го претвори во вистински бизнис или едукативен центар или можеби регионален дом за стари лица од кој бенефит ќе имаат и сопственикот и жителите на Велес.

Продажбата на објектот ќе се врши по пат на електронско наддавање на 29 март и на неа можат да учествуваат сите домашни и странски физички и правни лица.

За сите детални информации околу продажбата заинтересираните граѓани можат да се информираат од јавната објава што е објавена на официјалната веб страница на Општина Велес.

https://veles.gov.mk/објектот-на-поранешниот-хотел-вила-з/
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1517
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #683 Posted: 10-Mar-2021 at 15:39
Како тоа неможеле да се одлучат и тешка била одлуката?! Какви се овие жалопојки?! До кога ова општество ќе негува овакви анти-вредности и репер за успешна власт ќе му биде оној што најдобро успеал да ја симулира Југославија?! Зарем уште некој мислел дека е возможно да се врати времето во кое општинаата ќе стопанисува хотел? Нормално дека треба да се продаде! Проблем е што досега стоело државно. Па и овој западов, па да туреше некоја финансиска инјекција преку инвестиции и фондови, барем за 10% државава да беше на ниво на развој над последните успешни нивоа на развој во Југославија. Па она што го има загубено во 90тите и плус нешто да се надомести, за да нема повеќе овој народ причина да очекува симулирање Југославија.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12588
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #684 Posted: 20-Mar-2021 at 15:14
ПАРК“ СЕ УРИВА СО ЕДНА ГОДИНА ИСТЕЧЕНО ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДБА, НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕОРГИЕСКИ НЕ МУ Е ЈАСНО ЗОШТО СТЕФОСКА БАРА ДА ИМ СЕ ОДЗЕМАТ ИНГЕРЕНЦИИТЕ НА ОХРИД И СТРУГА

Градоначалникот на Охрид Константин Георгиески вели дека не му е јасно за одземање на кои ингеренции зборува министерката за култура Ирена Стефоска, откако таа вчера рече дека Општините Охрид и Струга немаат волја за заштита на светското природно и културно наследство впишано во УНЕСКО и затоа ќе иницира пред Владата да се разгледа можноста за одземање на ингеренциите на овие општини.

Министерката Стефоска, која е и претседателка на Националната комисија на УНЕСКО, ова го најави откако вчера почна да се урива ресторанот-дискотека „Парк“ на брегот на Охридското Езеро, наградувано дело на архитектот Павел Балабан од 1989. Министерката Стефоска кажа и дека во делот на надлежностите на Министерството за култура, на одговорност ќе бидат повикани Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид како и Управата за заштита на културното наследство.

На местото на „Парк“ според одобрението за градба од 2018, инвеститорот градежната фирма „Ремис“ ќе гради хотелски комплекс од приземје три ката и поткровје. Но, Одобрението за градење на „Ремис“ е правосилно од 6 јули 2018, а првпат градежни работи почнуваат во 2021, што е речиси една година по истекот на важноста на одобрението за градење. Па затоа, Здружението Охрид СОС вчера поднесе иницијатива за итен инспекциски надзор до Инспекцискиот совет, Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам и Државниот управен инспекторат поради прекршувања на одредби од Законот за градење што се кривични дела според Кривичниот законик.

Георгиевски, кој на 24 февруари изјави дека Општината нема правен основ да интервенира во одобрение и проект кој што биле во постапка пред носење на Планот за управување со Охридскиот Регион донесен во февруари 2020, денеска не се осврна на фактот дека „Ремис“ почнува со градба речиси една година по истекот на одобрението за градба и дека тоа не е санкционирано.

„Ако мисли министерката Стефоска мисли да покрене иницијатива за одземање на ингеренциите на Општините Охрид и Струга во сферата на урбанизмот, повеќе пати сме разговарале на состаноци изминатава година и половина откако сум градоначалник и беше заклучено дека не постои законска можност за такво нешто согласно Законот за градење. Во добар дел од територијата на Oпштина Охрид ингеренциите во сферата на урбанизамот се под Министерството за транспорт и врски. Не знам зошто сега доаѓа ваква изјава, кога Општина Охрид од кога е донесен планот за управување со Охридскиот Регион доследно го спроведува, ние не сме издале ниту едно одобрение кое е спротивно на планот. Министерката да нè става во ист кош Општина Охрид и Општина Струга, која досега не покажа никаква активност за исполнување на препораките на УНЕСКО, мислам дека во најмала рака не е фер”, кажа денеска Георгиевски.

Активистите на Охрид СОС и Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) минатата недела побараа да биде објектот заштитен како споменик на културата, а Иницијативата беше испратена до сите надлежни министерства, музеи и институции за заштита на културното богатство, а и лично до премиерот Зоран Заев. Но непосредно по покренувањето на Инцијативата, објектот вчера почна да се урива, а на 4.525 метри квадратни на просторот кај ресторанот и дискотеката „Парк“ ќе се гради нов хотел.

https://sdk.mk/index.php/naslovna/park-se-uriva-so-edna-godina-istecheno-odobrenie-za-gradba-na-gradonachalnikot-georgieski-ne-mu-e-jasno-zoshto-stefoska-bara-da-im-se-odzemat-ingerentsiite-na-ohrid-i-struga/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12588
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #685 Posted: 20-Mar-2021 at 15:21
од рушењето





https://www.facebook.com/katerina.slatinova/videos/5388581504517013
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12588
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #686 Posted: 21-Mar-2021 at 11:59
Хотелот Парк на брегот на Охридското езеро вчера беше урнат. Најверојатно ќе се гради нов објект иако е во заштитена зона. Екологистите предупредуваа дека тоа не е дозволено. Според катастарот сопственици се исти фирми како и на дел парцелите од старата фабрика „Треска“ во центарот на Скопје.



https://www.facebook.com/prizma.mk
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12588
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #687 Posted: 22-Mar-2021 at 15:59
Викендов срушени поранешната дискотека и ресторанот „Парк“ во Охрид

Викендов со помош на тешка механизација беа срушени некогашната дискотека и ресторанот „Парк“, кои беа дел од комплексот кој повеќе не постои на просторот на Горица Еден. Ресторанот „Парк“ беше објект изграден според наградуваниот проект на познатиот охридски архитект Павел Балабан.

Иако претставниците на граѓанското здружение „Охрид СОС“ поднесоа иницијатива до Инспекцискиот совет, Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам и Државниот управен инспекторат за итен инспекциски надзор врз зафатите кои започнале врз објектот на ресторанот „Парк“, активностите за рушење на објектите се реализираа бидејќи се работи за приватен имот, чиј сопственик ги обезбедил потребните дозволи.

Mинистерката за култура Ирена Стефоска, побара одземање на ингеренциите на општините Охрид и Струга поради негрижа за светското културно и природно наследство. Таа изјави дека општините Охрид и Струга немаат волја за заштита на светското природно и културно наследство впишано во УНЕСКО, поради што ќе иницирала пред Владата да се разгледа можноста за одземање на ингеренциите на овие општини.

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, вели дека е изненаден од изјавата на министерката за култура за одземање на ингеренциите на општина Охрид, и реагираше на социјалните мрежи со став дека ако министерката вистински сака да помогне во делот на отстранување на објектите, треба да помогне да се обезбедат 60 милиони денари финансии кои Општина Охрид во неколку наврати ги барала.

Според најавите, на оваа локација планирано е да се гради хотел на три ката и потпокрив.

https://meta.mk/vikendov-srusheni-poraneshnata-diskoteka-i-restoranot-park-vo-ohrid/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12588
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #688 Posted: 24-Mar-2021 at 07:49
ВЛАДАТА НАРЕДИ ДА СЕ СПРЕЧИ ГРАДЕЊЕТО КАЈ „ПАРК“ ВО ОХРИД И ДА СЕ ИСПИТА ОДОБРЕНИЕТО ЗА ГРАДБА

Владата ја задолжи Општина Охрид да спречи градежни работи на локацијата на поранешниот ресторан „Парк“, наградуван објект на архитектот Павел Балабан кој беше урнат викендот, и во рок од два дена до Владата да достави Информација за важноста на одобрението за градба на оваа локација. Заради заштита на крајбрежјето на Охридското Езеро, Министерството за транспорт и врски во рок од два дена ќе формира стручна комисија која ќе изврши увид во работата за Општина Охрид за процесот на издавање и спроведување на одобрението за градење на локацијата и за своите наоди да ја извести Владата на нејзината наредна седница, соопшти Владата.

На местото на „Парк“ според одобрението за градба од 2018, инвеститорот градежната фирма „Ремис“ ќе гради хотелски комплекс од приземје три ката и поткровје. Но, Одобрението за градење на „Ремис“ е правосилно од 6 јули 2018, а првпат градежни работи почнуваат во 2021, што е речиси една година по истекот на важноста на одобрението за градење. Па затоа, Здружението Охрид СОС на 19 март поднесе иницијатива за итен инспекциски надзор до Инспекцискиот совет, Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам и Државниот управен инспекторат поради прекршувања на одредби од Законот за градење што се кривични дела според Кривичниот законик.

Откако почна уривањето на „Парк“, министерката за култура Ирена Стефоска, која е и претседателка на Националната комисија на УНЕСКО, на 19 март рече дека рече дека Општините Охрид и Струга немаат волја за заштита на светското природно и културно наследство впишано во УНЕСКО и затоа ќе иницира пред Владата да се разгледа можноста за одземање на ингеренциите на овие општини.

Денеска, Владата ги задолжи сите надлежни министерства и инспекторати, во взаемна и постојана комуникација и преку давање на стручна помош да ги решаваат проблемите со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион. Исто така, Владата им укажа на Општините Охрид, Струга и Дебарца, одобренијата за градба да ги издаваат со извод од Деталниот урбанистички план (ДУП) и од Планот за управување со Охридскиот Регион. Во Општините Охрид, Струга и Дебрца до донесувањето на новите урбанистички планови кои ќе бидат усогласени со Планот за управување, изградбата на објекти или преземањето мерки за непосредна заштита со кои се нарушува интегритетот на културното наследство на Охридскиот Регион, задолжително да се врши со издавање на заштитно-конзерваторски услови.

„Имајќи предвид дека сите стручни дејствија кои се содржани во Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион се имплементираат преку Националната устанива Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид и Управата за заштита на културното наследство, Владата донесе заклучоци со кои овие дејствија на Заводот ќе се реализираат во соработка и со претходно мислење од Националниот конзерваторски центар – Скопје. Со цел, координирано одвивање на активностите за заштита на културното наследство во Охридскиот Регион, Управата за заштита на културното наследство актите ќе ги издава по претходно мислење на Министерството за култура. Заради обезбедување на стручност, Министерството за култура ќе формира комисија составена од докажани експерти за заштита на културното наследство која ќе дава стручна помош за мислењата и за актите изготвени од Управата за заштита на културното наследство“, соопшти Министерството за култура.

https://sdk.mk/index.php/makedonija/vladata-naredi-da-se-sprechi-gradeneto-kaj-park-vo-ohrid-i-da-se-ispita-odobrenieto-za-gradba/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13824
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #689 Posted: 30-Mar-2021 at 10:56
Како мароканско-андалузиски хотел никна на Калето – истражувањето на БИРН ги подразбуди надлежните

Славица Филиповска | 30 март, 2021



Првите луѓе на Град Скопје и на Општина Центар, Петре Шилегов и Саша Богдановиќ „ја чешлаат“ документацијата за легализацијата на малите објекти од кои изникнала „Ми каса“. Управата за заштита на културното наследство притиска елаборатот за ревалоризација да се изготви што поскоро, а Министерството за економија ја запре постапката за категоризација на „хотелот“. Реакциите на институциите следуваат откако колегите од БИРН на порталот „Призма“ објавија за огромната градба на сто метри од влезот во скопското Кале.

Терасата на новоотворениот објект „Ми каса“ на скопско Кале секојдневно прима посетители. Работи како кафе-бар. Гостите, најверојатно, и не знаат дека се релаксираат во објект кој, ако институциите си ја вршеле работата, не би постоел. Тоа го откри истражувачкиот новинар на БИРН, Гоце Трпковски, во текстовите објавени на порталот „Призма“.

„Тоа што му се случува на Калето во моментов е општа заборавеност од институциите што се надлежни за неговата заштита. Тоа овозможува да се вршат работи кои можеби не се целосно легални, но, не се и целосно нелегални и во таа сива зона, снаодливи луѓе, на коишто им било дозволено да бидат снаодливи во еден чувствителен простор, нормално, може да го искористат тоа во своја корист. Има еден бизнисмен којшто купил шест станбени единици и ги споил во еден хотел за кој тој ни рече дека е со 15 соби“, вели новинарот Трпковски.

Сивата зона за која зборува Трпковски е последица на отсуството на т.н. елаборат за ревалоризација на Калето. Со закон донесен уште пред 17 години е предвидено такви елаборати да се направат за секој заштитен објект за да се утврди неговата вредност, но и за да се одредат правилата на игра – што смее, а што не смее да се прави во подрачјето под заштита.

Тоа што нема елаборат за Калето го искористил бизнисменот Фикри Демировски за преку фирма во сопственост на неговата сопруга да купи неколку претходно легализирани стари градби и на нивно место да подигне нова, во мароканско-андалузиски стил.

„Елаборат е многу технички документ, не е тоа само еден потпис и треба работа за да се направи и треба во меѓувреме да се стави некаков, дал да го наречам мораториум, во кој нема да има развој во местата кои можеби ќе бидат опфатени со елаборатот“, додава Трпковски.

Изготвувањето на елаборатот е обврска на Конзерваторскиот центар Скопје. Оттаму велат дека се при крај со документот, иако се жалат на финансиски и кадровски дефицит. Но, отсуството на елаборатот не ги спречува другите институции да постапуваат ако се градело незаконски, вели Коле Чапкановски од Конзерваторскиот центар, кој од оправдани причини не можеше да зборува пред камера. Откако Конзерваторскиот центар ќе го „проектира“ Калето, Управата за културно наследство треба да го одобри елаборатот и да почне да управува со тврдината по нови правила.

Директорот на Управата, Ацо Костов, вели дека просторот е без видео надзор, но е надгледуван од чуварска служба. Сепак, никој не пријавил оти нешто се гради.

„Па кога ќе ме прашаат така кој ќе понесе одговорност,сите сме одговорни. Меѓутоа, конкретно не можам да ви кажам, затоа што наша инспекциска служба работи на повик на Конзерваторски центар Скопје или ако таа примети или дојави некој, излегува на терен и реагира. Меѓутоа, нашата исто неопременост и во пандемијата, во вакви услови на цела Македонија, не може да постигне секаде. Не сме добиле информација за објектот конкретно што го кажувате, за упадот во целиот тој простор, естетски, што е направен и, право да ви кажам, и јас не сум го видел, а сум поминувал, ама не натаму нагоре кон објектот“, вели за „360 степени“, директорот Костов.

Тој, иако нема прецизен датум, уверува дека елаборатот за Калето наскоро ќе биде готов.

„Настојчиви сме, се слушаме на телефон, правиме некакви напори, ургенции, и со директорот и со колегите што работат на тоа и се надевам дека во многу скоро време ќе биде елаборатот и ќе се отпочне постапката понатаму.“



Градоначалникот Петре Шилегов има идејни решенија, но и тој го чека елаборатот.

„По основ на тие идејни решенија, веќе може да се наѕираат контурите на тоа како би требало да изгледа Калето, и потоа, многу последователно и логично на тоа го нарачавме елабратот за културно наследство, што треба да претставува основа за тоа што од овие идејни решенија коишто Градот ги има и наградено, може да се реализира, затоа што навистина мислам дека тврдината треба да биде свратилиште на скопјани, спектакуларна панорама на нашиот град има од тој рид, меѓутоа во моментов вода нема кај да купи.“

Шилегов тврди дека нема простор за компромис со оние што легализирале, изградиле или планираат да градат на Калето. Но, факт е дека институциите, барем делумно, се будат по алармот што го вклучи новинарското истражување.

„Какви и да се актите што биле донесени во таа фаза, ниту еден не дозволувал изградба на таков објект. Со градоначалникот на општина Центар сме во постојана една комуникација на таа проблематика и мислам дека веќе во текот на наредната недела ќе имаме определени дејствија што ќе ги преземе општина Центар како надлежна општина.

360°: Дали санирање може да значи и рушење?

Да не прејудицирам јас какви ќе бидат актите, бидејќи, сепак, сопственикот вади некаков имотен лист“, вели Шилегов.

Објектот е запишан во катастарот како недвижност во приватна сопственост изградена на државно земјиште. Поточно, на парцелата се впишани десет станбени единици со површина од четири до 80 квадрати, или вкупно 270 квадратни метри, колку што е и основата на новата градба. Демировски ги купувал посебните единици во 2017 и 2018 година, а му се запишани на единствен имотен лист во 2019.

Компанијата „Ми Каса Ориент“, која ги поседува, е регистрирана под шифра „за хотели и слични објекти за сместување“. Демировски за БИРН изјавил дека „Ми Каса“ го водат како приватен објект со соби за издавање. Во Пазарниот инспекторат пријавиле дека ги исполнуваат условите за вршење угостителска дејност и навеле дека би сакале да работат како хотел. За тоа побарале од Министерството за економија да им направи и соодветна категоризација.

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, ги проверува документите за легализација на објектите на чие место никнала „Ми Каса“. Со легализацијата е стекнат имотен лист и не било потребно одобрение за градба, туку била доволна пренамена на имотот.

„Законот дозволува доколку имаш стан или куќа да можеш да ја претвориш во хостел. Нема таму детален урбанистички план, но нажалост, Законот за легализација е таков каков што е да овозможи легализирање објекти кои се изградени и во заштитени подрачја и на улица и на, не знам, булевар некој, па после ако има јавен интерес, државата треба да го откупи. Ние имавме таму една интервенција од страна на инспекциските служби, каде беше пречекорен имотниот лист и таму отстранувавме дел од објектот. Кога правевме контрола. луѓето викаа дека е хотел, но тоа што го гледаме станува збор за апартманско сместување за коешто можете и како стан да го третирате, па со дозвола од Министерството за економија да добиете да го рентате. Значи, не станува збор за апартманско сместување, не хотелско, каде што може да имате намена и А1. Така што, тој случај дополнително го испитуваме да видиме дали е прекршен некој член од Законот за легализација и дали смеело во тоа подрачје да има легализирани објекти“, тврди Богдановиќ.

Градоначалникот смета дека не е сè изгубено. Ако не е почитувана процедурата за легализација, ќе следуваат санкции но, поважно, и Деталниот урбанистички план, кој е во подготовка, ќе се води по ГУП-от, каде се предвидува зеленило за просторот.

„Може да се врати, ние со деталниот урбанистички план да потврдиме дека таму треба да има заштитно зеленило, после тоа општината со сила на закон може, не може него – го експроприира, го руши и таму се враќа зеленилото“.

Но, дури и да дојде до тоа, процесот ќе биде скап и платен повторно со јавни пари.

„Ако сето ова што го гледаме тука е целосно легално и луѓето ги имаат сите права, оваа состојба што ја имаме сега би била многу поскапа и посложена за уривање, имеме нови објекти, значи на проценка тие ќе излезат многу поскапи, отколку да се обештетеа и да се решеше станбеното прашање на луѓето што претходно живееа тука во услови кои не беа задоволителни“, вели новинарот Трпковски.

А освен што нема елаборат за ревалоризација и урбанистички план, Калето е веќе опколено со големи бетонски зданија. Пред него, никна барокната зграда на „Водовод“, а во моментот се гради и деловна шесткатница, сите предвидени со претходниот ДУП и со одобренија за градба добиени пред мораториумот.

„Ние имаме една ситуација во која зградата на Водовод и канализација е поголема туристичка атракција од средновековна тврдина, што е целосен апсурд“, додава Трпковски.

А и мораториумот на општина Центар веќе не е на сила. По стариот ДУП од 2012 година, државното земјиште под Калето е продадено на лицитација. Предвидени се деловни, комерцијални објекти и хотелски сместувања.

„Успеавме како општина да поништиме неколку такви одобренија, да покренеме неколку постапки, ама само таму каде што сме забележале строги прекршувања, таму кај што не може да забележите строги прекршувања, не смеете да покренете нешто, затоа што ќе направите штета и на самата општина“, вели Богдановиќ.

„Има работи коишто за жал, долги лузни ќе остават во нашиот град, овие две згради се една од тие подлабоки лузни. Меѓутоа, дефинитивно ќе мора да се посветиме на редизејнирање на редизајнираното Скопје“, вели Шилегов.

Политичките заложби засега се само декларативни. И додека се чека акција, стручната фела покажа што би ги снашло најпознатите културни обележја на Атина и на Париз ако ги имаа, како што велат, македонските закони и правилници, лесната рака на урбанистите и архитектонски необразованите локални власти.





https://360stepeni.mk/video-kako-marokansko-andaluziski-hotel-nikna-na-kaleto-istrazhuvaneto-na-birn-gi-podrazbudi-nadlezhnite/

Edited by Џоле - 30-Mar-2021 at 10:57
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12588
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #690 Posted: 31-Mar-2021 at 17:39
Нешто повеќе инфо и фотки за хотелов на Кале https://micasa.mk







https://www.facebook.com/MiCasaSkopje/

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12588
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #691 Posted: 15-Apr-2021 at 13:16
Наслов од неделникот Фокус

-----------------------------------------------------
На Езеро Треска ќе се гради хотел голем колку шест „Александар Паласи“

Огромни хотелски комплекси, дрвени бунгалови, викенд-куќи од дрво и камен, аква-парк, трговски центар, отворен пазар, ботанички градини и парковски уредени површини.

Сево ова е предвидено со Урбанистичкиот план за СРЦ „Езеро Треска“. Парцелите ќе се отуѓуваат со почетна цена од едно евро за квадратен метар и инвеститорите ќе добијат низа поволности

https://fokus.mk/fokus-express/na-ezero-treska-ke-se-gradi-hotel-golem-kolku-sesht-aleksandar-palasi
Back to Top
carver91 View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Mar-2015
Online Status: Offline
Posts: 119
  Quote carver91 Quote  Post ReplyReply #692 Posted: 27-May-2021 at 12:21
Денеска во Кавадарци беше промовирана најновата инвестиција во развојот на алтернативниот туризам на уникатни вински микро-локации во тиквешкиот регион. Инвестицијата ја реализира компанијата „Тиквеш вински туризам“, во соработка со „Домен Лепово“ и „Барово”.

https://www.instore.mk/record/8/11042/fotogalerija-tikvesh-kje-privlekuva-turisti-preku-avtentichno-smestuvanje-dobra-khrana-i-vino
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13824
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #693 Posted: 29-May-2021 at 10:15
Мислам дека некој веќе имаше објавено за овој комплекс (Radika Village), најдов неколку фотки на нивната фејсбук страница:









https://www.facebook.com/radikavillage/

Edited by Џоле - 29-May-2021 at 10:23
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12588
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #694 Posted: 03-Jun-2021 at 11:48
ИНТЕРВЈУ: ХОТЕЛ „ЦАР САМУИЛ“ ДОБИ НОВИ СОПСТВЕНИЦИ – „ЖИКОЛ“ И „ЕЛЕНА ЛУКА ХОУМ“ СО ГОЛЕМ ПРОЕКТ!



Успешните компании „Жикол“ и „Елена Лука Хоум“ се новите сопственици на хотелот Цар Самуил во Банско. Во интервју за Струмица Денес тие ги откриваат нивните планови за во иднина и зошто токму заеднички се одлучиле да инвестираат во овој локалитет. Во продолжение проследете го:

СТРУМИЦА ДЕНЕС: Кои се новите сопственици на хотелот Цар Самоил?

– Градежната компанија ЖИКОЛ од Струмица и Градежната компанија Елена Лука Хоум од Скопје со задоволство ви го најавуваат својот нов проект од јавен карактер: Реконструкција на една од најактрактивните туристички убавини во Струмичко –– Хотелот Цар Самоил.

СТРУМИЦА ДЕНЕС: Зошто инвестиравте во овој локалитет?

– Како компании сметавме дека на нашата држава и недостасуваше локалитет кој со својот природен потенцијал и капацитет ќе понуди многу повеќе на своите жители.
Компаниите ЖИКОЛ и Елена Лука Хоум се водечки компании во својот сектор со кој го обезбедуваме комплетниот опсег на услуги во областа на градежништвото и пазарот на недвижнини.
Нашето долгогодишното искуство во голем број на проекти во нискоградба и високоградба, и високиот рејтинг како општествено одговорни компании сметавме дека се доволни причини за да бидеме соодветни инвеститори на еден ваков објект.

СТРУМИЦА ДЕНЕС: Кои се плановите за иднината на овој локалитет?

– Нашиот основен план е природните ресурси и богатства кои ги нуди ова место да бидат употребени во насока на унапредување и одржување на здравјето на луѓето, но во исто време и одговорно користење и заштита на природата и животната средина. Повеќе детали околу плановите за реконструкција на Хотелот Цар Самоил дополнително ќе бидат споделени во иднина.

ФАКТИ ЗА ЛОКАЛИТЕТОТ

Хотелот Цар Самоил во село Банско, Струмица е всушност легитимен наследник на римската терма. Ова термално лекувалиште во континуитет се употребува во период од 2400 години.
Се состои од пет термални извори кои се наоѓаат во подножјето на планината Беласица и нивниот капацитет не е намален се до денес. Интересен факт е дека температурата на водата во изворот не се менува во текот на годината, што докажува дека потекнува од голема длабочина и не е под влијание на атмосферски влијанија. Температурата на водата во изворите е на околу 71 степен целзиус, и е еден од најтоплите извори во регионот.

Како локација, објектот е лесно пристапен од сите страни на нашата држава. Се наоѓа на надморска височина од 270 метри, и сместен е 12 км југоисточно од Струмица, а од самиот објект има прекрасен поглед кон Струмичката котлина, а од другата страна има поглед кон густата шума на Беласица.

https://strumicadenes.mk/opstini/strumica/1intervju-hotel-car-samuil-dobi-novi-sopstvenici-zikol-i-elena-luka-so-golem-proekt/


Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12588
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #695 Posted: 18-Jun-2021 at 16:43
Хотел Памела-Неготино,денешни



Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13824
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #696 Posted: 09-Jul-2021 at 22:08
Доградбата на Хотел Буши во скопската чаршија (која, патем, е срање):

За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12588
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #697 Posted: 24-Jul-2021 at 16:57
Проектирано 2018 но веројатно нереализиран

------------------------------------------------------
HOTEL EMPERADOR

Location: Macedonia, Skopje
Area: 3000 sqm
Architect: Ylli Shaqiri



https://www.facebook.com/Ylli.Shaqiri.ARCHITECTS/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12588
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #698 Posted: 28-Aug-2021 at 16:26
Originally posted by stef4o

Хотел Памела-Неготино,денешни





Речиси без промена од последните фотки направени на 18.06

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12588
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #699 Posted: 26-Sep-2021 at 09:04
ХОТЕЛОТ „МАКЕДОНИЈА“ ВО БЕРОВО ПРОПАЃА 30 ГОДИНИ И НЕ СЕ ЗНАЕ КОЈ Е СОПСТВЕНИКОТ



Хотелот „Македонија“ во строгиот центар на Берово, кој беше познат и посетуван од голем број домашни и странски туристи, речиси четири децении не работи. Хотелот како објект и правен субјект доживеал низа трансформации, така што денес и самите беровчани со кои разговаравме не знаат каков статус има, кој е сопственикот и зошто со децении се реновира.

Пред старата и оштетена хотелска зграда, околу која е поставена ограда со ознака дека се реновира, го забележавме семејството Стојанов од Штип, кое се чудеше што се случило со објектот во кој пред 30 години неколку пати престојувале.

„Хотелот функционираше беспрекорно. Две години доаѓавме на дочек на нова година. Се погоди и двете години да има снег, па со децата бевме и на Јабланица и Беровско Езеро. Сега, кога по три децении доаѓаме овде повторно, непријатно се изненадивме од тоа што го видовме“, вели Димче Стојанов.

Во близина на хотелот затекнавме двајца беровчани како седат пред своите куќи. Едниот ја кажуваше историјата на хотелот, како тоа било убаво време за беровчани. Хотелот имал извонреден ресторан, со летни бавчи и многу квалитетна кујна.

„Работниот век ми помина во овој хотел, кој е на само 30 метри од мојот дом. Бев рецепционер. Кога почнаа трансформациите во времето на транзиција, останавме без работа, а јас заминав во пензија со неплатени придонеси за десет години стаж“, вели Љупчо Чочовски.

Хотелот своевремено го водела општествената организација „Берово транс“. Во транзицијата, хотелот почнал да пропаѓа и се менувале сопственици. Едно време се зборувало дека бил во рацете на некој од поранешната продукција „К-15“, па дека бил во сопственост на бизнисмен од Струмица, кој, пак, според локалните медиуми, го купил од некоја деловна банка. Тогаш, новиот сопственик Јордан Глигоров јавно кажал дека реконструкцијата на хотелот ќе заврши до крајот на 2014.

Денес, никој во Берово не знае ништо конкретно за судбината и за правиот статус на хотелот.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/hotelot-makedonija-vo-berovo-propaga-30-godini-i-ne-se-znae-koj-e-sopstvenikot/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13824
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #700 Posted: 28-Sep-2021 at 10:37
Ми се чини дека е хотел, но можно е и да е претставништво на некоја фирма во зоната кај Систина.



Ако некој знае да чита кратенки (УП1) од табли од градилиште, нека види и нека протолкува на линков

https://www.facebook.com/DaBoKompani/photos/3446114332159109
За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 333435

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.234 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.