build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Изградба и ентериери
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Климатизација

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  12>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Климатизација
    Posted: 14-Nov-2008 at 01:15
Едно прекрасно решение за шумата од климатизери по фасадите
и кој не ви капат на глава






Edited by Vladimir P - 14-Nov-2008 at 01:15
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4473
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 14-Nov-2008 at 18:49

обично во светот има централно ладење/греење (на новите објекти), или кај некои се одделно но сепак е централно, и нема потреба од вакви вентилаторчиња на секој чекор... ама изгледа кај нас или нема стручњак за таква работа, или е многу поскапо.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 14-Nov-2008 at 19:27
Кај нас во згради ако се угради централен систем веднаш почнуват проблемите од страна на станарите
Тоа ја не го расипав, не сакам, овој користи повеќе, држи прозори отворени, јас не го користам, ....
Затоа вака е кај нас
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 14-Nov-2008 at 20:20

главниот проблем е одржувањето на овие системи, кај нас нема фирма која покрива чистење на централна климатизација. инаку по ситемот треба да оди робот(сонда) кој ќе заврши неколку операции, меѓу кои чистење, дезинфекција и дезинсекција, и тоа доколку сака некој да биде завршено како што треба, дебело ќе плати! ова е само бидејќи ниту има ваква фирма, а и да има конкуренција ќе нема, бар не некое време, па пак цените ќе останат високи. инаку во свет едни од нај главните на ова поле се steamatic за кои главна франшиза за екс-ју државите ја држат steamatic bgd од белград, иако на балканов има една и во бг и во гр, сепак овие беа главните за кај нас, незнам како стојат работите сега?!

инаку требаше пред некое време да го чистат телеком(главна пошта) додека сеуште беше државен, а патем додека се тука и неколку хотела низ МКД да фатат тогашен Гранд(Х.Ин), Епинал БТ и Метропол ОХ, како и комплекс банки. но не падна дилот со директорите на телеком (не беа чоеците задоволни од парчето што требаше да оди за нив) па целата работа запна и пред воопшто и да почне иако сите беа во очајна ситуација, а повеќе од нив и сеуште се  потенцијални заразни бомби а и реата, онаму каде сеуште не се запечатени! стандардот е на секои пет години да се светне со вакви машини системот целосно, додека секоја година само пристапните коридори и решетките се поминуваат од прав, после цел овој муабет последна фаза е дезодорација(парфемирање) исто со робот-сонда се нанесува по сидовите на каналите парфем-арома по избор, затоа после америте пријатно се чувствувале на работа, па тоа колективно ги опуштаат со парфемирање, како би го намалиле притисокот и стресот LOL 

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9040
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 14-Nov-2008 at 22:56


Интересно баш на сличниов муабет паднав пред некој ден. Се острам полека да си правам проект за куќа и секогаш сум замислувал дека би сакал да ставам централна климатизација. Кога зборував со еден дечко кој изведува објекти ми рече дека е апсолутно неисплатлива баш поради проблемите со одржувањето. Не навлегувавме во детали но баш ќе прочепкам сега на основа на ова што го кажа ти.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4473
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 14-Nov-2008 at 23:21

чичко ми во америка имаше... и е многу многу подобро и од печка и од радијатори и сè... барем кога станва збор за просторот и изгледот. имаше само онакви мали отвори на подот низ кои влегува топол или ладен воздух, зависи. мислам рече дека 10 000 долари го платил цел систем?! стварно не памтам ама имаше куќа 200 квадрати. како и да е само со термостат во секоја соба посебно. на лето си полни мазут за зимата, а за ладењето мислам имаше некој систем со вода ама стварно да не зборам не знам. многу интересно сепак
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9040
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 14-Nov-2008 at 23:25
Originally posted by гитардемон


чичко ми во америка имаше... и е многу многу подобро и од печка и од радијатори и сè... барем кога станва збор за просторот и изгледот. имаше само онакви мали отвори на подот низ кои влегува топол или ладен воздух, зависи. мислам рече дека 10 000 долари го платил цел систем?! стварно не памтам ама имаше куќа 200 квадрати. како и да е само со термостат во секоја соба посебно. на лето си полни мазут за зимата, а за ладењето мислам имаше некој систем со вода ама стварно да не зборам не знам. многу интересно сепак


па да сум видел такви системи и многу ми се допаднале. Отворите за кои говориш дискретно се поставуваат низ куќата со истиот систем и се ладиш и се грееш...

Иницијалната инвестиција и не ме загрижува толку многу макар била и 10.000 долари (а кај нас би била и поскапа). Ако на човек навистина му се допаќа ваљда ќе стегне заби.

Повеќе ме загрижува начниот на кој сето тоа ќе се одржува и цената на тоа одржување.
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 14-Nov-2008 at 23:32
Previous
Најмал проблем е чистењето бидејќи тоа може да се направи, поголем и кобен проблем на централните системи се здравјето на човекот.
Модерната болест од централна клима е наречена „синдром на болна зграда“, на кратко отидоа дишните канали, алергии, главоболки, замор ....

П.С. земи разгледај за твојот проект, термо пумпи со подно и зидно греење и ладење - чисто, убав осеќај и евтина екплатација.


Edited by Vladimir P - 14-Nov-2008 at 23:34
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9040
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 14-Nov-2008 at 23:47
Originally posted by Vladimir P

Previous
Најмал проблем е чистењето бидејќи тоа може да се направи, поголем и кобен проблем на централните системи се здравјето на човекот.
Модерната болест од централна клима е наречена „синдром на болна зграда“, на кратко отидоа дишните канали, алергии, главоболки, замор ....

П.С. земи разгледај за твојот проект, термо пумпи со подно и зидно греење и ладење - чисто, убав осеќај и евтина екплатација.


Па да но не ли е синдромот на болна зграда поврзан со хигиената на климатизерот и на каналите?

И најобичен сплит систем мора да се одржува како што треба инаку и таму може да виреат и многу поопасни работи од главоболки.

Фала за препораките ќе ги разгледам сите опции вклучувајќи и термо пумпи Thumbs%20Up
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 15-Nov-2008 at 00:02
Да тоа е, ке се исчистат но, дали може стварно сите тие канали и каналчиња кривини и ќошиња да бидат чисти без во нив од самата влага да се ствараат и чучат разни габи и бактерии кој цел живот сакал нејќел ќе бидат присутни.
Друг фактор е нон-стоп циркулацијата на воздух во самиот простор на живеење.

Горе во постовите е спомнато за едно претприатие за кое знам дека дир. доби алергија од прешина (клима) која цел зивот ќе ја носи
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 15-Nov-2008 at 18:38
стеаматик бгд, чистеле во железничка, да не си грешка нешто?! колку што знам од америчкиот steamatic оваа во белград има добиено франшиза, значи овластен сервис, кој своите вработени ги обучува во америка и воедно цела гама на апарати и средства им е исклучиво од програмата на steamatic или со нивно одобрување... а бидејќи клиентела им се елетните фирми и хотели, не ми се верува дека може да си дозволат некакви импровизации, а за да биде па посмешно пази хотеливе немаат пари да направат генералка, железничка ќе има, затоа велам да не си се побркал, знам пред некое време ја гланцаа надворешно железничка, мислам "серта" беше или "техночист" не се сеќавам точно евентуално тие да не имаат нешто импровизирано со централното. инаку колку што имам приметено канцелариите на управата имаат ставено еркондишни одма над поранешниот детски театар, значи над самата улица, па тоа добро е што добил алергија, нешто потешко да не закачи, незнам кој ги советувал таму да ги акнат фрижидерите но ептен ја утнале работата...   
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 15-Dec-2008 at 23:08
Нема интерес за иновации со кои се штеди струја


Пронајдоците на охридскиот иноватор се уште не побудиле интерес кај фирмите за откуп на некоја од иновациите кои чинат по 50.000 евра, иако со нив се заштедува до 70 отсто електрична енергија


Охриѓанецот Ратко Ѓорѓевиќ-Рац досега има направено осум иновации на грејни тела кои заштедуваат електрична енергија и до 70 проценти, но нема интерес кај фирмите за откуп на иновациите. Грејните тела кои се негов личен изум остануваат единствено да го топлат неговиот дом. 60- годишниот иноватор првиот уред за греење го направил во далечната 1970 година, но и до ден-денеска го чува само како драг спомен на неговите почетоци. Вели дека иако е свесен што единствената придобивка е заштедата на електрична енергија во неговиот дом, работи на нови изуми, а од осумте иновации само една е патентирана од страна на Републичкиот завод за патентирање.
- Греење со мермер е единственото мое откритие кое е патентирано. Работи на тој принцип што помеѓу две мермерни плочи има вжештено улје. Воздухот кој издувува од задната страна има температура од 45 степени, а од предната дава топлина од 90 степени. Потрошувачката е 500 вати за 60 минути, а постигнува температура од 22 степени во простор од осум квадратни метри - вели Рац.

Пронајдоците на охридскиот иноватор се уште не побудиле интерес кај фирмите за откуп на некоја од иновациите кои чинат по 50.000 евра. Ако овие уреди влезат во сериско производство, ќе чинат само стотина евра, а ќе бидат со голема заштеда на електричната енергија. Еден од изумите на Рац е и автоматскиот електронски конвертор кој работи со четири грејачи. Двете шипки работат една минута, а потоа електрониката ги командува другите две. По затоплувањето електрониката исклучува и повторно се повторува процесот со турбината. Заштедата на електрична енергија е 75 отсто, односно ако сте плаќале струја 2.000 денари со оваа иновација ќе платите 1.100 денари.

За свое ремек-дело Ратко Ѓорѓевиќ ја смета иновацијата - греење без грејач.
- Во светов вакво нешто не постои. Во однос на другите иновации заштедата на ова грејно тело е 70 отсто. Електроинженери дојдоа да ја видат и беа воодушевени, но никако не можеа да разберат на кој принцип работи. Во шупливи цевки има трокомпонентна течност која за јавноста е тајна. Потрошувачката за два часа е само еден киловат или 2,5 денари, а загрева површина од шест метри квадратни. Кога би имал пари би направил поголемо вакво грејно тело затоа што заштедата е огромна - вели охридскиот иноватор.

Иако се уште работи со сопствени средства издвоени од неговата скромна пензија, без помош од државата и фирмите, Рац најавува реализација на уште две нови иновации.
- Деветтата иновација сакам да биде турбо глава или турбо цилиндер во должина од 50 см. Овој турбо тунел ќе загрева со 80 степени топлина, а низ него ќе помине студена вода до радијатори, а до приватните куќи ќе стигне топла вода до 100 степени. Потрошувачката ќе биде еден киловат за 50 метри квадратни. Десеттата иновација би била електрична турбина која ќе произведува струја. Би трошела 300 вати на час, а би произведувала еден киловат, најавува иноваторот Рац, кој, по се изгледа, и овојпат материјалите за новите изуми ќе ги купи од својата скромна пензија од 6.000 денари, но и понаму се надева дека ќе продаде барем една негова иновација.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=510AA570A861F74BAC65CE398C428681

Applause
Back to Top
Cifra View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 25-Feb-2009
Online Status: Offline
Posts: 85
  Quote Cifra Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 15-Jun-2009 at 21:31
Thumbs%20Down Thumbs%20Down Thumbs%20Down Thumbs%20Down Thumbs%20Down Thumbs%20Down

Нема решение за капењето од клима-уредите

Решение за течењето вода од клима-уредите можe да побараат локалните власти со законска рамка

Снежана Калабакова

Клима-уредите се единствениот спас од летните горештини, но истовремено и голем проблем за минувачите кога им капе вода во врат. Граѓаните реагираат кога поминувајќи покрај објектите, од височина неочекувано ќе им падне врз глава кондензирана вода. Ова се случува редовно и кога се поминува покрај секој објект, било да е на некоја институција или станбена зграда, бидејќи климатизацијата на просториите стана масовна.

Клима-уредите се дел од надворешноста на секоја зграда, што значи дека проблемот е присутен секаде низ градот. Досега, евидентно е дека никој не се зафатил со негово решавање. Граѓаните се прашуваат дали има начин да се избегне капењето и дали оние кои ги поставуваат знаат како да ја канализираат кондензираната вода низ олуците на објектите. Познавачите на состојбите велат дека, пред се' е потребно да се иницира законска рамка, во чие изготвување би се вклучиле и локалните власти. На тој начин изведувачите на објектите, а потоа и монтажерите на клима-уредите ќе бидат обврзани водата што истекува од нив да ја пренасочат низ олуците поставени на зградите.

Во развиените земји овој проблем одамна е решен. Онаму каде што климатизацијата е присутна од поодамна како во Италија, Шпанија или Португалија, тешко може да се забележат клима-уреди со црева што висат на фасадата на објектите. Таму постои законска регулатива. Во Скопје вакво модерно решение на истекување на кондензираната вода од клима-уредите преку олук е применето на објектот на Европската унија.

„Сите клима-уреди капат и најлошото е што водата ги малтретира минувачите. Затоа ова едноставно се решава со законска регулатива, според која нивното капење ќе се предвиди при проектирањето, изведбата или реконструкцијата на кој било објект. Секаде каде што има можност нашите монтери водата од клима-уредите да ја канализираат во олуците, но на некои објекти тоа е неизводливо. Ова прашање е важно да се реши, но кај нас се' уште има многу други проблеми како несреден пазар, клима-уреди увезува кој ќе стигне и слично“, вели Мирослав Марина, од службата за маркетинг на „Фонко“.

Значи, барем засега нема брзо решение на проблемот, кој станува се' поздодевен со зголемувањето на температурите, бидејќи тогаш кондензацијата е поголема. Сепак, експертите велат дека како утеха може да послужи фактот дека оваа вода не е опасна.



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=A220EA2E88CC6849AEDBDEEFE37FD369
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9040
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 22-Jun-2009 at 10:00

Нема закон што ќе ги „олади“ клима-уредите

Граѓаните секое лето се изложени на водата што капе од разладните уреди, а надлежните се' уште не можеле ништо да направат за да го решат овој проблем, оти немало законска регулатива

Секое лето скопјани се „разладуваат“ со дождот што капе од клима-уредите, кои со години се составен дел на архитектурата на скопксите згради. Со оглед на тоа дека во законите не е предвидено каде и како треба да се поставуваат овие уреди за ладење, граѓаните ги монтираат каде што им е згодно и притоа воопшто не водат сметка да обезбедат соодветен одвод за водата што истекува. Така, на секој чекор низ градот водата капе врз тротоарите, минувачите, паркираните возила, прозорците на соседите...

- Можеби за некого е маргинален проблем капењето од клима-уредите, но јас имам сериозен проблем. Мојот сосед го поставил уредот веднаш над мојот прозорец од спалната соба. Ако го игнорирам фактот дека веќе не можам да го отворам прозорецот кога работи нивниот апарат, поради топлината што ја создава, не можам ниту да го трпам капењето на водата која удира по плехот од мојот прозорец. Полудувачка! Сто пати го опоменавме да го стави цревото од уредот во олуците од зградата или пак да го намести на друго место. Тој останува глув на нашите реакции, а ние не знаеме што да правиме. Луѓето од куќниот совет креваат раменици - вели Никола Блажевски од населбата Капиштец.

Освен проблематичното капење, не е за занемарување и естетскиот ефект што се постигнува со начичканите клима-уреди по зградите. Поради тоа што ретко која деловна и станбена зграда е изградена со централна климатизација, објектите во Скопје се нагрдени со разни типови на клима-уреди.

- Како да сме на еден голем саем за еркондишни. Водата од нив капе на сите страни, а најмногу страдаат граѓаните. По тротоарите не може да се пешачи слободно поради паркираните автомобили, па мора да се движиме близу до зградите, а таму добиваме гратис туширање-изненадување. Кој знае каква е таа вода и што содржи. Толку силни фирми, а немаат пари да купат црева преку кои ќе се спушта водата - вели еден скопјанец.

Во кабинетот на градоначалникот Коце Трајановски велат дека во новиот Закон за домување, кој е во собраниска процедура, треба да се вметне и член што ќе го третира овој проблем на граѓаните.

- И покрај тоа што нема законска одредба што го третира капењето на водата и поставувањето на клима-уредите, граѓаните треба да внимаваат и на општото добро. Министерството за транспорт и врски, кое го носи Законот за домување, треба да го има предвид и овој проблем. Залудни се апелите до корисниците на клима-уредите, потребно е трајно решение - велат од кабинетот на градоначалникот ТрајановскиОд друга страна, во Министерството за транспорт велат дека со Законот за домување не се третира оваа област.

- Тој закон уредува многу прашања од областа на домувањето, но поставувањето на клима-уредите не е во таа сфера. За решавање на овој проблем треба да се направат измени во законот за јавна чистота - велат во Министерството.

Од Општина Центар, каде што овој проблем е најизразен, велат дека нивните комунални инспектори можат да опоменуваат и да казнуваат кога водата од еркондишните истекува на тротоарите, бидејќи станува збор за јавна површина.

Пред неколку години поранешниот градоначалник Трифун Костовски се обиде да донесе нова одлука за комунален ред во градот, со која ќе беше забрането надворешното нагрдување на станбените објекти со сушење алишта или со готвење по терасите. Со одлуката требаше да се регулира и поставувањето на уредите за ладење, но Советот на Градот не го усвои овој предлог на Костовски.



http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=693D561D4921F1458B9AE38D9CC574A0
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Online
Posts: 12035
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 05-Aug-2010 at 17:17
Година за година... до кога?

Од клима-уредите капе неодговорност

Ниту во општините ниту во Градот Скопје не постои никаква иницијатива да се донесат законски измени што ќе ги натераат граѓаните водата од разладните уреди наместо да ја пуштат да тече од големи височини, да ја спроведат со црево до олуците

Капењето од клима-уредите секое лето им ги кине нервите на скопјани, а надлежните не преземаат ништо, оти им е комотно бидејќи ниту општинските ниту градската власт се надлежни да го решат овој проблем. Со години се правдаат дека немаат ингеренции да ги казнуваат граѓаните, оти поставувањето на клима-уредите и истекувањето на водата не биле регулирани во ниту еден закон. Згора на се', ниту во општинските совети ниту во Градот Скопје не постои никаква иницијатива да се промени овој нелогичен статус кво, односно да се донесат законски измени што ќе ги натераат граѓаните водата од разладните уреди наместо да ја пуштат да тече од големи височини, да ја спроведат со црево до олуците. Нејасно е зошто упорно се игнорира овој непријатен проблем, кој очигледно е во сферата на локалната самоуправа, односно е од комунална природа.

Комуналните инспектори велат дека ниту тие ниту некој друг може да преземе законски мерки за овој проблем.

- Општините немаат правилник за поставување или користење климатизери во деловни и во станбени објекти. Тие се поставуваат според проект на фирми, кои и ги сервисираат. Имало случаи кога по налог на комуналните инспектори од Општина Центар биле преземени мерки кон граѓаните што допуштиле водата од нивните климатизери да истекува и таквото истекување е спречено со спроведување на водата во олук. Досега немаме реакција од граѓани што се жалат на вода која тече од климатизерите - велат од Општина Центар.

И од Градот Скопје се категорични дека тоа не е проблем што треба тие да го решаваат и одговорија дека работата на еркондишните не е во надлежност на градските инспектори.

Сепак, нејасно е зошто локалната власт се оградува од проблемот кога според Законот за јавната чистота е наведено дека е забрането истекување отпадни води на јавни површини, што соодветствува со ситуацијата, а водата што капе од климатизерите е валкана од правта што ја апсорбира уредот.

Додека надлежните и не размислуваат на темава, на скопјани им останува и натаму да го трпат капењето и да се снаоѓаат како знаат и умеат.

- Неверојатно е што се' се дозволува кај нас. Низ цел центар тече по тротоарите и нема од каде да се помине. Ако одам зад паркираните автомобили, некој може да ме прегази, ако одам покрај зградите, целата ќе бидам накапана. Толку ли е нерешлив овој проблем што цела плејада градоначалници се сменија, а никој не успеа да стори ништо - вели скопјанката Сашка М.

Граѓаните бараат ако не казни, инспекторите барем да ги предупредуваат сопствениците на клима-уредите соодветно да ги инсталираат.

- Климатизери има насекаде, во секој стан, канцеларија, кои освен што ги нагрдуваат фасадите, предизвикуваат и дождови. Не велам дека не треба да работат климите, но треба да се има предвид каде ќе течат отпадните води, кои додека да стигнам на работа ме прават лом. Само ме интересира дали инспекторите ги капе вода од климатизер или нив ни мува не ги лази - вели Милош Николиќ.

Марија Тасев

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=8406761488A58F43AB0EBE1FDBEC7D32
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9040
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 27-Jul-2012 at 19:06
Знае ли некој колкава може да е максималната должина на цревото помеѓу двете единици на сплит систем?
Back to Top
maci View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 09-Aug-2011
Online Status: Offline
Posts: 15
  Quote maci Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 29-Jul-2012 at 13:20
5 метра максимум.

Edited by maci - 29-Jul-2012 at 13:21
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 925
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 28-Oct-2018 at 07:03
ме интересира колку pm10 или pm2.5 пах честичките [1] можат да влезат низ хепа филтрите на климите по дома или пак во автобуси индиректно, илити кога влегуваат низ прозор врата како клима уредите ги вртат низ хепа флтрите на еркондишните, дали истите се прочистени така ии ак треба посебни направии ко тоа прочистувачите за смог, мислам убо е што воведоа зан против пушење на јавни места но како да стигнеме до закон за стерилизација на корпоративно-домакинскиот смог, дали за такво нешто треба и повеќе од закон за добро однесување, нешто налик масовна рурална реемиграција ...

туку

Originally posted by beTon

инаку требаше пред некое време да го чистат телеком(главна пошта) додека сеуште беше државен, а патем додека се тука и неколку хотела низ МКД да фатат тогашен Гранд(Х.Ин), Епинал БТ и Метропол ОХ, како и комплекс банки. но не падна дил тогаш со директорите на телеком , , (не беа чоеците задоволни од залакот што требаше да оди за нив) па целата работа запна и пред воопшто и да почне иако сите беа во очајна ситуација, а повеќе од нив и сеуште се  потенцијални заразни бомби, на страна гајретот од реата, онаму каде сеуште не се запечатени! стандардот е на секои 5 години да се светне со вакви машини системот целосно, додека секоја година само пристапните коридори и решетките се поминуваат од прав, после цел овој муабет последна фаза е дезодорација(парфемирање) исто со робот-сонда се нанесува по ѕидовите на каналите парфем-арома по избор, затоа после америте пријатно се чувствувале на работа, па тоа колективно ги опуштаат со парфемирање, како би го намалиле притисокот и стресот

знае ли некој што си сторија телекомци со централното, еве на следниот линк уште еден абер зошто биле приморани да импровизираат на зградата со прозорчина преку кои и проветруеле канцеларии кој како умеел, можеби ароматизираат сега канцелариите со есенцијални масла од бор или смрека на свеќа ...

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=70&PID=14262#14262

можеби за Јавните и Институционалните 0бјекти, пред се' Училиштата и Градинките, ТА И АВТ0БУСИТЕ и ВОЗОИТЕ како јавен транспорт, а во кои има централен канален систем на ладење/греење треба ЕКО-Инспекциска ригорозност во однос чистењето и на каналите, и на хепа-филтрите, и на еркондишните, при што би требало низ Клин&Дезинфект Регулатива за одржување на чист современ лајфстаил, бар минимум волја за одржување на истиот по Јавни Климатизирани Места вклучително и приватни молови маркети кина спортски објекти и слично за Народ да дише здрав и чист климатизиран воздух,   биле каналите или цевките Чистени (со оџачарска жица како импровизација или пак) со спирални-сонди,   ем сите сетне Дезинфицирани (било био-импровизирано со боракс/вински'оцет/сода'бикарбона или пак) со еко-увц-неон/лед зрачења, илити тоа го праеле субјектите роботизирано со хемиски сонди виа некои футурстички специјализирани фирми за хигиена на климатизација ТОА и не ет битно, колку што е неопходно Свест за овие ризици и не само за асматичари и синусопати туку и за без здравствен гајрет Сограѓани бидејќи нема никаков сличен стандард за сега апропо ова а не пак некаков надзор за негово спроведување (verojatno tuka treba da se razmisluva i za mozni bezbednosni rizici, ona dali i kako centralni klima sistemi mozat da se zloupotrebat za odreden prostor da se izremeti indirektno nekako subverzivno za truenje narod, sto pretpostavuvam bi mozelo da se spreci dokolku ima zadolzitelni mini-spektroskopi koi pri detekcija ne gas avtomatski bi go isklucuvale erkondisnot ili pak blokirale kanalite na centralnoto) ... e сега дали ова евозможно, мислам да, нели доколку во прашање не е само амбиенталниот воздух како реа, туку и ризикот од разни аеро-патогени или пак ризикот од тМувла заради кондензација во централната вентилација, која пример телекомци си ја затнуеле оштроумно со крпи и пешкири КАКО НЕ БИ ЗАКАЧИЛЕ МУВЛА ГАЈРЕТ, а велат селебрити опомена за ова е смртта на Британи Марфи [1][2]

но ве поздравија и обичните еркондишни, кои исто така ко и централно венталициони системи се опасни по здравје ако не се одржуваат, ех их ах ох доколку МРТВ бидне задолжителен секојдневен Културно-Општествен Агитпроп Сервис со продукција која во континуитет ќе вади Поучни Едукативно-Социјани Кампањи, ете ќе стигневме и до абери за Клима Опасности та да разбереме дека и Еркондишните треба да се непишана законска обврска за сезонско чистење, особено онаму каде живеат Деца а родителите милуваат воздухот да е климатизиран, посебно што сплит-системите заради греењето се идеален момент за ширење бактерии, за дополнително и со мала кондензација да дојде муабетот и до мувла денсинг он д'реин ин д'хоум ор хоум'офис, кој така по некое време таложење може да бидне респираторен сиктерлук во болница, по што нормал здравство трпи од спунт исто поприлично, трошејќи милилни за дијагностика и палијативни закрпи, наместо во корен да се сотруваат многу современи синдроми на Болно Домување Работлук или Мезалук, иако ова последново е врзано со ефтиниот хедонистички прехрамбен конзумеризам, но бар еркондишните да беа релативизиран ризик за поубав квалитет на живеење наместо една од главните гачките за С.Б.З. [1][2]

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1802&PID=228356#228356




Edited by Zelenikovo - 28-Oct-2018 at 07:07
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 925
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 29-Oct-2018 at 19:13



во контекст овие абери добар прилог се видеата од постовите:
#26 #27 #28 #29 во нишката Заштитна Опрема и ЗПР
овде е линкуваан пост 27 додека во пост 28 има убава поука дека за климатизација на јавни објекти и транспортни средства, ув-ц светлосно филтрирање би било идеална појава за тамошните сплит системи

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1487&PID=124316#124316

исто пост #96 во истата нишка добро се надоврзува на пост 28 во однос новитетите

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1487&PID=202358#202358

веројатно додека ова да се стандардизира како новина ќе помине побајаѓи време, ем додека цените станат за истата новина инза нас достапни можеби и никогаш ваква опција нема да дочекаме во јавниот транспорт, заради што би било корисно да се оди со импровизација истерана при ЕТФ и МФС, иако чинам не е некоја филозофија и во ЈСП или МЖТ да се приклучат 8w мали ув-ц неонки на автобуска или железничка електрика ... пр. помали антибактериски ув-ц неонки корисно би било да се ставаат во самите воздушни канали ув-ц неонки, со што какви и да се бактерии пример во зима многу брзо и лесно би се уништувале во јавниот транспорт, единствено треба да можат да се вградат подобно бидејќи ув-ц зрачењето е канцерогено значи да не може ув-ц светлото да излегува низ отворите односно со алуминиумска или оловна фолија да е обложен делот од каналот каде би биле поставени неонките ... иако може да се експериментира но сигурно далеку поскапо со тоа новите германски антибактериски светла ...
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 925
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 22-Jan-2019 at 21:21

https://www.hellomagazine.com/healthandbeauty/health-and-fitness/201007053811/air-conditioning/health/risks/

во однос присуство на аерозагадување во јавниот транспорт, знае ли некој колку пм-ките се филтрираат преку еркондишните, ако на нив се додаде и неодржување на каналите за луфтирање кои потенцијално се жариште на бактерии и габи, оние скопјани кои имаат респираторни проблеми поарно им е да не се возат во автобусите на јсп ...

теоретски треба да имаат хепа филтер еркондишните стандардно, но дека некој вентилационите канали редовно ги чисти а не пак дезифицира тоа тнка работа, прашање е воопшто дали и рачките ги поминуваат со дезинфекциски средства а не пак седиштата да ги текерават со нешто налик кирби, тоа претпоставувам како со денови одат катраносани после прв дожд не ни ги перат редовно а не пак друго, може сум грешка нека ме корегира некој, сакате туризам тогаш секој ден треба да одат автобусите ако не гаража тогаш кај транспортен попат на чистка [1]



Edited by Zelenikovo - 22-Jan-2019 at 21:41
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  12>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.170 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.