build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Индустриски
  Active Topics Active Topics RSS Feed: ТИРЗ Скопје - Бунарџик
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

ТИРЗ Скопје - Бунарџик

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 20212223>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8869
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #421 Posted: 22-Nov-2016 at 12:17
Originally posted by гитардемон

2. Не се слагам дека ако „порано немало“ тогаш и нешто е подобро од ништо. Не значи дека ако си невработен треба да прифатиш работа за 3.000 денари, само за да има нешто. Се сложувам дека сите овие инвестиции се добредојдени, ако ништо друго за да покажат на други поголеми играчи дека Македонија има позитивна бизнис клима, но како што сам кажа - инвестициски циклус, добро пресметани финансии- уште пред ние да почнеме да им прибираме данок, тие веќе ќе имаат изградено фабрика во Танзанија, Монголија или друга брзорастечка економија, која ќе го продолжи производството за поевтини пари. (Што и не е морално, но постои реална опасност и само времето ќе покаже).

Никој не сака да работи за 3.000 денари, но ако изборот е 0 или 3.000 секогаш би ги одбрал 3.000.

Секако сосема легитимно е и човек да се обиде да развие свој бизнис, да се отсели и побара подобри услови на друго место, но дремење дома и чекање подобри услови на социјална сметка е погрешно.

Колку што јас сум информиран, постоечките и потенцијалните индустрии кои инвестираат во Македонија се соочуваат со дефицит на работна сила, дури и на места како Кичево каде што теоретски би требало да биде тепачка за секое работно место.

Edited by pbanks - 22-Nov-2016 at 12:19
Back to Top
Robbi-MKD View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Oct-2008
Location: GER, Dortmund
Online Status: Offline
Posts: 100
  Quote Robbi-MKD Quote  Post ReplyReply #422 Posted: 22-Nov-2016 at 16:16
Mala degresia za nevrabotenite i nivniot raboten moral....od mnogu licni primeri...
Nemat rabota odat na rabota edna nedela ode na rabota i se otkazuva...na nekoi zesko, za drugi tesko, pa malce pari davale (primer- plata najmalce 15 000den mesecno), citati  "koi se oni mene da me kazuvat sto da pravam" itn itn.
Ne e opsto za site, ama ima mnogu nevraboteni na koi voopshte ne im se rabote, podobro da spijat do 12h i da cekat na gotovo od mama i tate, ama ne odat na rabota, namesto toa klosharat po carshija, pijat kafe i igrat karti!
Nikakva rabotna navika, rabotna kultura, razmisluvanje za idininata, strashno!
Legni lebu da te jadam!

Не си глуп кога нешто незнаеш, туку кога се правиш дека знаеш сe´!
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7066
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #423 Posted: 23-Nov-2016 at 02:10
Originally posted by Robbi-MKD

Mala degresia za nevrabotenite i nivniot raboten moral....od mnogu licni primeri...Nemat rabota odat na rabota edna nedela ode na rabota i se otkazuva...na nekoi zesko, za drugi tesko, pa malce pari davale (primer- plata najmalce 15 000den mesecno), citati  "koi se oni mene da me kazuvat sto da pravam" itn itn. Ne e opsto za site, ama ima mnogu nevraboteni na koi voopshte ne im se rabote, podobro da spijat do 12h i da cekat na gotovo od mama i tate, ama ne odat na rabota, namesto toa klosharat po carshija, pijat kafe i igrat karti! Nikakva rabotna navika, rabotna kultura, razmisluvanje za idininata, strashno! Legni lebu da te jadam!
јас имам работено во три смени, два месеци без ниеден слободен ден, на работа каде што немаш одредена пауза, со 10.500 мкд плата, 8 или повеќе часа дневно, со секави клиенти што те третираат како стока, со минуси што паѓаат на грбот на вработените...
сакам да кажам, мене како човек со минимално искуство и без многу финансиски терет, дури 3000 мкд ми се супер плата... ама тука има друго прашање
цел живот да терам со тие 3000?
дали треба да трпам ко стока за тие 3000?
дали сте свесни дека минималната плата, доколку си оставен сам на себе, не ги задоволува ни најосновните потреби да имаш покрив над глава и да се прехраниш?
и дека во многу случаи фрустрацијата најчесто потекнува од тоа што премногу терет се става на еден вработен?

го научија народов да зависи од политика и да биде задоволен што му се фрлаат трошки, да нема никакви амбиции... Македонија има страшно евтина работна сила и граѓани кои не си ги знаат своите права

има и такви што се клошарат по чаршија, и мене ужасно ми цапаат по живци(јас сум доста голем побуненик против коментарот „нема работа во Македонија“)
ама и такви што сакаат нешто да направат во животот, а за тоа им треба пола живот и цела коса да им падне
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8869
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #424 Posted: 23-Nov-2016 at 14:25

Зошто цел живот да трпиш? Тезата е дека за луѓе кои можеби со години не можеле да најдат работа една просечна плата е поместување од мртва точка. Со некаква плата можеби ќе се квалификуваат за некаков кредит да отпочнат свој бизнис, можеби ќе соберат пари за авион и иселеничка виза. Можеби ќе можат да инвестираат во свое дообучување. Во секој случај ќе добијат повеќе отколку да седат дома, да не прават ништо и да не чинат сите нас пари.

Јас жалам што многу луѓе се во таква ситуација но не постои магично решение каде Елон Маск ќе дојде во Македонија и ќе направи фабрика за Тесли во која сите ќе зимаме по 5.000ЕУР плата. Тажно е што многу луѓе се заслужено во таа ситуација и тоа е еден општествен проблем на кој воопшто не се работи.
Back to Top
Robbi-MKD View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Oct-2008
Location: GER, Dortmund
Online Status: Offline
Posts: 100
  Quote Robbi-MKD Quote  Post ReplyReply #425 Posted: 23-Nov-2016 at 20:16
Originally posted by zabegan

Originally posted by Robbi-MKD

Mala degresia za nevrabotenite i nivniot raboten moral....od mnogu licni primeri...Nemat rabota odat na rabota edna nedela ode na rabota i se otkazuva...na nekoi zesko, za drugi tesko, pa malce pari davale (primer- plata najmalce 15 000den mesecno), citati  "koi se oni mene da me kazuvat sto da pravam" itn itn. Ne e opsto za site, ama ima mnogu nevraboteni na koi voopshte ne im se rabote, podobro da spijat do 12h i da cekat na gotovo od mama i tate, ama ne odat na rabota, namesto toa klosharat po carshija, pijat kafe i igrat karti! Nikakva rabotna navika, rabotna kultura, razmisluvanje za idininata, strashno! Legni lebu da te jadam!
јас имам работено во три смени, два месеци без ниеден слободен ден, на работа каде што немаш одредена пауза, со 10.500 мкд плата, 8 или повеќе часа дневно, со секави клиенти што те третираат како стока, со минуси што паѓаат на грбот на вработените...
сакам да кажам, мене како човек со минимално искуство и без многу финансиски терет, дури 3000 мкд ми се супер плата... ама тука има друго прашање
цел живот да терам со тие 3000?
дали треба да трпам ко стока за тие 3000?
дали сте свесни дека минималната плата, доколку си оставен сам на себе, не ги задоволува ни најосновните потреби да имаш покрив над глава и да се прехраниш?
и дека во многу случаи фрустрацијата најчесто потекнува од тоа што премногу терет се става на еден вработен?

го научија народов да зависи од политика и да биде задоволен што му се фрлаат трошки, да нема никакви амбиции... Македонија има страшно евтина работна сила и граѓани кои не си ги знаат своите права

има и такви што се клошарат по чаршија, и мене ужасно ми цапаат по живци(јас сум доста голем побуненик против коментарот „нема работа во Македонија“)
ама и такви што сакаат нешто да направат во животот, а за тоа им треба пола живот и цела коса да им падне

Te poddrzuvam celosno @Zabegan, samo treba da ni bide jasno deka kako sto kaza i Pbanks, deka za zal nema magicno stap4e kade sto ke zimame od deneska za utre po 2000€ plata. Toa e makotrpen i dolg proces koj treba da se izodi za da se stigne do nekoe nivo vo koj treba da se vklucat pogotovi i sindikatite bidejcitia igraat vo zapadna Evropa goolema uloga vo veska so platite i rabotnickite prava! Zarem mislish deka na pr.vo Germanija ke bea platite visoki ako nema barem na 2-3 godini strajkovi i razgovori so komorite na rabotodavci!?!?!?
I da sme nacisto, da beshe ovoj proces so vreme pocnat, uste od pred 25 godini, ce bese sega mnogu podrugo!
So nevrabotenost kakva sto za zal ja imavme od 38% kade i da si na svet platite ke bidat mali bidejki vo toj slucaj bira rabotodavacot a ne rabotnikot, kako se namaluva nevrabotenosta (deficit na raboten kadar) taka se menuva situacijata...
Ne sakam da zvucam dosaden, ama zemi gi za primer site okolni zemji kako Srbija,BiH, Moldavija, Bugarija, Romanija vklucitelno i Grcija kade ima drasticno namaluvanje na platite, ne se nisto podobri duri se i polosi vo nekoi segmenti od nas! Kako mala uteha Smile
Не си глуп кога нешто незнаеш, туку кога се правиш дека знаеш сe´!
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7066
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #426 Posted: 23-Nov-2016 at 23:40

проблемот е пак во народот, тоа морам да го признаам, како што реков никој не си ги знае најосновните права, ниту пак се замара да се бори и да се тужи и владее општ страв
и се согласувам дека дисконтинуитетот е тоа што ја претепа државата, ама полека треба да гледаме и резултати од се она што се разгласува по медиуми... за мене во овие 25 години скоро и ништо не е сменето во поглед на економија, пазар, производство, пазар на труд, плати, сеедно, што сакаш погледни
сакам да кажам дека не се носат соодветни планови и решенија за она што треба да се поправи како проблем, немам идеи и не можам детално да ја испитам економијава, и сами приметувате дека веќе се губам во дискусијава... тоа што ме фрустрира е што се форсира некаква депресија каде што треба да се задоволиш со 3000 денари плата, каде што се отвориле 500 фабрики во Кочани кај што никој нејќе да работи и што уште не... ако можело во други земји, може и кај нас

@pbanks коментарот ми беше насочен чисто за тоа дека 3000 мкд се подобро од колку ништо... јас ви викам дека 3000 мкд се ништо, има сметки со поголема сума од таа... со минималната плата во македонија си сведен на работ на егзистенција ако немаш никаква финансиска поддршка од страна, тоа е факт... уште да речевте дека би било супер човеков да ги зема тие пари на рака, нема везе...
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8869
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #427 Posted: 24-Nov-2016 at 10:55
Originally posted by zabegan

@pbanks коментарот ми беше насочен чисто за тоа дека 3000 мкд се подобро од колку ништо... јас ви викам дека 3000 мкд се ништо, има сметки со поголема сума од таа... со минималната плата во македонија си сведен на работ на егзистенција ако немаш никаква финансиска поддршка од страна, тоа е факт... уште да речевте дека би било супер човеков да ги зема тие пари на рака, нема везе...

Забеган, факт е дека 3000мкд се ништо. Да бидеме реални никој не заработува толку малку, но и 10000 се ништо.

Но тоа е реалноста, тоа е делот кој многу луѓе го утињаат. Пак ќе кажам, жалам дека е така, но така е. И реалноста не може да се промени преку ноќ само зошто ние така сакаме.

Не поседуваме политичка визија, не поседуваме економски капацитет за домашен развој, не поседуваме претприемачки дух, генерално сме мрзливи, генерално не сакаме премногу да инвестираме во себе, генерално сме страшно нефлексибилни и тешко се соочуваме со промени (еј, после 25 години уште зборуваме за стечајци, цел животен век на тие луѓе им поминал чекајќи), работната етика е слаба, немаме сенс за општо добро..... можам и да продолжам, но овој сет на особини, иако се работи за генерализација е апсолутна одлика на нас како колектив.

Во тие услови, развојот е во согласност со нашите можности. А надежта е дека преку добрите и лошите искуства во индустриските зони, луѓето ќе научат како може подобро и ќе неутрализираат дел од овие лоши карактеристики кои ги набројав па во иднина можеби развојот ќе отиде на следното ниво.

Edited by pbanks - 24-Nov-2016 at 10:57
Back to Top
Bojan10 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 21-Jun-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 504
  Quote Bojan10 Quote  Post ReplyReply #428 Posted: 24-Nov-2016 at 11:36
За добар живот на овие трошоци потребни се 1000еур. И не само јас да примам 1000, целата околина да има 1000 еур, просек 1000. Ти и денеска имаш луѓе што зимаат 1000 ама во околина што прима 250-350 не може да живее. Треба да формираш свој свет да се изолираш, зошто другиве не можеш да ги погледнеш во лице, во земја гледа народов од мака, колку е отепан, безперспективен.

Субвенции за странски фабрики исклучиво за произвоство на финален производ од висока технологија и без ослободување од оданочување.
Од чаламот си патиме!
Back to Top
Robbi-MKD View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Oct-2008
Location: GER, Dortmund
Online Status: Offline
Posts: 100
  Quote Robbi-MKD Quote  Post ReplyReply #429 Posted: 24-Nov-2016 at 17:23
Originally posted by Bojan10

За добар живот на овие трошоци потребни се 1000еур. И не само јас да примам 1000, целата околина да има 1000 еур, просек 1000. Ти и денеска имаш луѓе што зимаат 1000 ама во околина што прима 250-350 не може да живее. Треба да формираш свој свет да се изолираш, зошто другиве не можеш да ги погледнеш во лице, во земја гледа народов од мака, колку е отепан, безперспективен.

Субвенции за странски фабрики исклучиво за произвоство на финален производ од висока технологија и без ослободување од оданочување.

Чункишш...кочи малце...да не сум од МКД би ти верувал на твоите прикаски!
Демек ако зимаш 1000е си нешто „посебно„!? Не биди смешен незнам со кои се дружиш ама такво нешто не сум сретнал до сега...
Како прво животот воопшто насекаде е „скап„ ама дааалеку не е толку скап животот кај нас во Македонија како во западно европските земји, таму на пример само за стан  во Франкфурт 40м2 плаќаш 1200е, а верувај и таму просечната плата од фантастични 3000е е за 90% од населението научна фантастика, новодојденците кои работат најамалски работи зимат нето плата од 800-900е на 200 часа работа!

Мое мислење е дека синдикатите треба да играат поголема улога во барањата на работничките права и услови и зголемувањето на нивните плати...впрочем тоа е и работата на синдикатите, а не тоа да се остава на владата да им го решава!

Не си глуп кога нешто незнаеш, туку кога се правиш дека знаеш сe´!
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 489
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #430 Posted: 24-Nov-2016 at 18:23
Vo eu uslugite i kiriite se mnogukratno povisoki od kaj nas. Arno ama, hranata i ponekogash transportot se mnogu poeftini (sporedeno so platata, ne bukvalno).

A sindikatite kaj nas... seriously? Posledniot chekor na SSM beshe stapuvanje vo koalicijata na VMRO... koj kaj kogo da zastapuva, bara, reshava..?
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 676
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #431 Posted: 25-Nov-2016 at 10:02
Originally posted by Bojan10

Субвенции за странски фабрики исклучиво за произвоство на финален производ од висока технологија и без ослободување од оданочување.
Барем еднаш да аргументираше зошто се лоши даночните ослободувања и постојниот модел. Ама издржано те молам, не затоа што тебе не ти се допаѓа.
Back to Top
Kid_A View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Joined: 24-Nov-2014
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 405
  Quote Kid_A Quote  Post ReplyReply #432 Posted: 25-Nov-2016 at 14:30
Originally posted by Robbi-MKD

Originally posted by Bojan10

За добар живот на овие трошоци потребни се 1000еур. И не само јас да примам 1000, целата околина да има 1000 еур, просек 1000. Ти и денеска имаш луѓе што зимаат 1000 ама во околина што прима 250-350 не може да живее. Треба да формираш свој свет да се изолираш, зошто другиве не можеш да ги погледнеш во лице, во земја гледа народов од мака, колку е отепан, безперспективен.

Субвенции за странски фабрики исклучиво за произвоство на финален производ од висока технологија и без ослободување од оданочување.
Чункишш...кочи малце...да не сум од МКД би ти верувал на твоите прикаски! Демек ако зимаш 1000е си нешто „посебно„!? Не биди смешен незнам со кои се дружиш ама такво нешто не сум сретнал до сега...Како прво животот воопшто насекаде е „скап„ ама дааалеку не е толку скап животот кај нас во Македонија како во западно европските земји, таму на пример само за стан  во Франкфурт 40м2 плаќаш 1200е, а верувај и таму просечната плата од фантастични 3000е е за 90% од населението научна фантастика, новодојденците кои работат најамалски работи зимат нето плата од 800-900е на 200 часа работа!Мое мислење е дека синдикатите треба да играат поголема улога во барањата на работничките права и услови и зголемувањето на нивните плати...впрочем тоа е и работата на синдикатите, а не тоа да се остава на владата да им го решава!

Прво нешто што ќе ти се случи кога ќе доаѓаш од поголемиот дел на Европа во Македонија е културен шок, а потоа архитектонски, урбанистички, политички и се останато. На Западот не е секој милионер, не живее секој преубаво, но колективно се 100-150 години пред нас во секаква смисла на зборот. Македонија е едно кичерај друштво, изградено, уредено, средено по сите принципи на нашиот ментално-духовен склоп, а тоа е кичерајот. Не се трипајте сите да ја споредувате Македонија со останатите во Европа. Смешно е и трагикомично. Македонија единствено можеш да ја споредуваш со Косово и Албанија и со никој друг.
Back to Top
Robbi-MKD View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Oct-2008
Location: GER, Dortmund
Online Status: Offline
Posts: 100
  Quote Robbi-MKD Quote  Post ReplyReply #433 Posted: 25-Nov-2016 at 20:49
Originally posted by Kid_A

Originally posted by Robbi-MKD

Originally posted by Bojan10

За добар живот на овие трошоци потребни се 1000еур. И не само јас да примам 1000, целата околина да има 1000 еур, просек 1000. Ти и денеска имаш луѓе што зимаат 1000 ама во околина што прима 250-350 не може да живее. Треба да формираш свој свет да се изолираш, зошто другиве не можеш да ги погледнеш во лице, во земја гледа народов од мака, колку е отепан, безперспективен.

Субвенции за странски фабрики исклучиво за произвоство на финален производ од висока технологија и без ослободување од оданочување.
Чункишш...кочи малце...да не сум од МКД би ти верувал на твоите прикаски! Демек ако зимаш 1000е си нешто „посебно„!? Не биди смешен незнам со кои се дружиш ама такво нешто не сум сретнал до сега...Како прво животот воопшто насекаде е „скап„ ама дааалеку не е толку скап животот кај нас во Македонија како во западно европските земји, таму на пример само за стан  во Франкфурт 40м2 плаќаш 1200е, а верувај и таму просечната плата од фантастични 3000е е за 90% од
населението научна фантастика, новодојденците кои работат најамалски работи зимат нето плата од 800-900е на 200 часа работа!Мое мислење е дека синдикатите треба да играат поголема улога во барањата на работничките права и услови и зголемувањето на нивните плати...впрочем тоа е и работата на синдикатите, а не тоа да се остава на владата да им го решава!

Прво нешто што ќе ти се случи кога ќе доаѓаш од поголемиот дел на Европа во Македонија е културен шок, а потоа архитектонски, урбанистички, политички и се останато. На Западот не е секој милионер, не живее секој преубаво, но колективно се 100-150 години пред нас во секаква смисла на зборот. Македонија е едно кичерај друштво, изградено, уредено, средено по сите принципи на нашиот ментално-духовен склоп, а тоа е кичерајот. Не се трипајте сите да ја споредувате Македонија со останатите во Европа. Смешно е и трагикомично. Македонија единствено можеш да ја споредуваш со Косово и Албанија и со никој друг.

Добар си! Се надевам дека не си сериозен хахах Nuts
Како што ми изгледа не си испаднал од МАКЕДОНИЈА чим даваш вакви констатации, ако си бил барем во некоја јужноевропска земја или на било која земја на балканот како Грција, Бугарија, Ромунија, Србија ќе си се уверил во спротивното од она овде го пропагираш...Ако мислиш дека таму е поинаку си се зафркнал, оди и увери се во спротивното. 
Напротив, може Македонија не е најдобра на свет ама е во некои работи гарант подобра  и од некои земји членки, и немој те молам да ја споредуваш со протекторатот квазидржавата косово!
Познавам многу луѓе од многу националности како срби, грци, бугари, косовари, босанци, хрвати, црногорци, државите не им се „китки„ али немам никогаш слушнато да си ја нарекуваат со погрдни зборови да има хејтери и пљукачи против сопствената држава , мислам дека го има само кај нас! За наша жал! Drool

п.с И ЕВРОПА не е само Германија, Данска, Норвешка, Шведска неспоредливи се со 99,99% од државите во светот!!!

Не си глуп кога нешто незнаеш, туку кога се правиш дека знаеш сe´!
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7066
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #434 Posted: 26-Nov-2016 at 01:10

е аман, ако некој каже дека Македонија е од господ забаталена дупка, одма е непрошетан и затапен

и пак упорно вртите со споредби на Македонија со други земји, не е тоа поентата... сакаме да живееме удобно во сопствената земја и тоа е отприлика се

а во Германија и останати збиралишта на цел блиски исток и источна Европа, се знае кој ја зема најниската плата и најчесто работи на црно, не мора да го тупите дека треба тоа сам да отидеш да го видиш, за се си постои статистика... тука домашното население е тоа што работи

Edited by zabegan - 26-Nov-2016 at 01:15
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Kid_A View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Joined: 24-Nov-2014
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 405
  Quote Kid_A Quote  Post ReplyReply #435 Posted: 26-Nov-2016 at 14:52
Originally posted by Robbi-MKD

Originally posted by Kid_A

Originally posted by Robbi-MKD

Originally posted by Bojan10

За добар живот на овие трошоци потребни се 1000еур. И не само јас да примам 1000, целата околина да има 1000 еур, просек 1000. Ти и денеска имаш луѓе што зимаат 1000 ама во околина што прима 250-350 не може да живее. Треба да формираш свој свет да се изолираш, зошто другиве не можеш да ги погледнеш во лице, во земја гледа народов од мака, колку е отепан, безперспективен.

Субвенции за странски фабрики исклучиво за произвоство на финален производ од висока технологија и без ослободување од оданочување.
Чункишш...кочи малце...да не сум од МКД би ти верувал на твоите прикаски! Демек ако зимаш 1000е си нешто „посебно„!? Не биди смешен незнам со кои се дружиш ама такво нешто не сум сретнал до сега...Како прво животот воопшто насекаде е „скап„ ама дааалеку не е толку скап животот кај нас во Македонија како во западно европските земји, таму на пример само за стан  во Франкфурт 40м2 плаќаш 1200е, а верувај и таму просечната плата од фантастични 3000е е за 90% од населението научна фантастика, новодојденците кои работат најамалски работи зимат нето плата од 800-900е на 200 часа работа!Мое мислење е дека синдикатите треба да играат поголема улога во барањата на работничките права и услови и зголемувањето на нивните плати...впрочем тоа е и работата на синдикатите, а не тоа да се остава на владата да им го решава!

Прво нешто што ќе ти се случи кога ќе доаѓаш од поголемиот дел на Европа во Македонија е културен шок, а потоа архитектонски, урбанистички, политички и се останато. На Западот не е секој милионер, не живее секој преубаво, но колективно се 100-150 години пред нас во секаква смисла на зборот. Македонија е едно кичерај друштво, изградено, уредено, средено по сите принципи на нашиот ментално-духовен склоп, а тоа е кичерајот. Не се трипајте сите да ја споредувате Македонија со останатите во Европа. Смешно е и трагикомично. Македонија единствено можеш да ја споредуваш со Косово и Албанија и со никој друг.

Добар си! Се надевам дека не си сериозен хахах NutsКако што ми изгледа не си испаднал од МАКЕДОНИЈА чим даваш вакви констатации, ако си бил барем во некоја јужноевропска земја или на било која земја на балканот како Грција, Бугарија, Ромунија, Србија ќе си се уверил во спротивното од она овде го пропагираш...Ако мислиш дека таму е поинаку си се зафркнал, оди и увери се во спротивното.  Напротив, може Македонија не е најдобра на свет ама е во некои работи гарант подобра  и од некои земји членки, и немој те молам да ја споредуваш со протекторатот квазидржавата косово! Познавам многу луѓе од многу националности како срби, грци, бугари, косовари, босанци, хрвати, црногорци, државите не им се „китки„ али немам никогаш слушнато да си ја нарекуваат со погрдни зборови да има хејтери и пљукачи против сопствената држава , мислам дека го има само кај нас! За наша жал! Droolп.с И ЕВРОПА не е само Германија, Данска, Норвешка, Шведска неспоредливи се со 99,99% од државите во светот!!!

Чешка, Словачка, Полска, Словенија, Балтичките земји, па и Унгарија се многу понапред и поразвиени од Македонија. Можеби не богати како скандинавските земји, но преубави и многу средени држави. За култура да не зборувам.

Да ја споредуваш Македонија со Хрватска, Црна Гора и Грција е многу смешно. Можеби се далеку од идеални држави, но за нас се Запад во секоја смисла на зборот. Кај нив еден Вуковар го срушија до темел, па пак го изградија дури многу поубав од претходно. Ние ниту преживеавме војна, ниту имавме некакви материјални штети, а сеуште поголем дел од нашите градови изгледаат хаотично и ко атомска бомба да паднала. Тоа е таа духовна празнина која ја има овој народ тука.

Тоа што сум голем критичар не значи дека мразам од каде сум, туку време е да се погледнеме во огледало и да си признаеме дека смрдиме и тоа многу. Се дур не го направиме тоа нема да има промени.

Кажи ми што е во Македонија изградено квалитетно и импозантно во архитектонска смисла на зборот во помалите градови на Македонија последните 15 години освен семејни куќи и по некоја кич зграда? Тениски игралишта и сали за училишта? Тоа ли е развиток на еден град? Но, масовната пропаганда и brain control на сите медиуми дека Македонија е едно големо градилиште, а ти тоа не го гледаш со свои очи никаде, си го чини своето. Масовна хипноза.

Пред некој ден бев во Свети Николе. Знаеш ли на што личи градот? Страв да те фати. Со кое право ДПМНЕ добива мандати таму, а градот со години не мрднува од мртва точка. Или Кратово и сите останати пробисветови?
Back to Top
Robbi-MKD View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Oct-2008
Location: GER, Dortmund
Online Status: Offline
Posts: 100
  Quote Robbi-MKD Quote  Post ReplyReply #436 Posted: 27-Nov-2016 at 11:49

Искрено незнам што виде дека се толку подобри Црна Гора, Хрватска, Грција во споредба со Македонија, ама по ништо не заостанува од овие земји, а треба да се има предвид дека имаат и море, заради тоа и развиен туризам, пристаништа, се Еу-членки итн!
Грција од 1981 година е членка на ЕУ, има неколку мориња (неколку милијарди евра приходи од туризам), средства од ЕУ-фондови и што уште не, до сега требаа да цветат, наместо тоа имаат секојдневно штрајкови,  поголема невработеност моментално од Македонија, драстично намалување на пензии и плати, отпуштања, никаква индустрија...Инфраструктурата по градовите и селата , поготово во Северниот дел, е застрашувачка.
ДА Платите има се поголеми од Македонија, али и трошоците им се драстично повисоки, па за да заштедат и преживеат идат во Македонија по пограничните места на купување храна, бензин, услужни дејности (фризери, дентални лекари...)!

А што тоа треба да се изграде во градчиња како Св.Николе, Кавадарци, Неготино, Прилеп, Гевгелија??? Ајфелова кула??? Nuts
Поради запоставеноста на тиа места со децении, како прво приоритет е урбанизацијата, канализационата мрежа, водата (која што не се гледа), осветлувањето, инфраструктурата во нив (тротоари, улици, кружни текови), училиштата, градинките, спортски терени - сали, уредувањето на речните корита и плоштадите, набавка на опрема за болниците и возила за Брза Помош, изградба на индустријски зони итн. итн. и на крај нивно меѓусебно поврзување со експресни патишта т.е автопати! Cheers

п.с  А затоа дека не си хејтер и не сум баш сигурен! Crazy
Не си глуп кога нешто незнаеш, туку кога се правиш дека знаеш сe´!
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4408
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #437 Posted: 27-Nov-2016 at 12:20
ОК, ова е веќе крај. Значи Македонија е подобра од Грција? Леле мајко со какви будали делам планета.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11489
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #438 Posted: 27-Nov-2016 at 16:37
Не сме свесни колку ни е убаво тука.
За сè има вторпат
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 647
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #439 Posted: 27-Nov-2016 at 20:25
Значи во која заблуда живееме, очигледно возењето крнтии од автобуси во градскиот превоз (кој нели беше целосно обновен), возењето на улици стари и по неколку децении, по патишта кој дури и Господ ги заборавил, во здравство во кое се молиш да не се разболиш (патем, 90 новороденчиња умреле за само еден квартал), во судство во кое не ни помислуваш да отидеш, и така натаму.

Ама да, ова беше за некоја друга држава, не е ова Македонија, и затоа ти тука живееш, а не си негде во Германија (на пример). Така е, отлично е
Back to Top
Kid_A View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Joined: 24-Nov-2014
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 405
  Quote Kid_A Quote  Post ReplyReply #440 Posted: 02-Dec-2016 at 19:20
Македонското здравство е посебна тема за коментирање. За жал истите луѓе, транзициски профитери, политичари коишто ја уништија Македонија последните 3 децении сеуште се активни на политичката сцена. Народот е овца кај нас, буквално овца. Научен е да биде мирен, т.е. трениран да молчи и да биде скромен. Нели сте приметиле колку секаде се фалиме колку сме скромни како народ?
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 20212223>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down

This page was generated in 0.172 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.