build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Урбана опрема

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1617181920 22>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #341 Posted: 12-Aug-2014 at 20:23
Се сервисира уличното осветлување во централното градско подрачје

Екипа на одделението за осветлување на Јавното претпријатие „Паркиралишта“ денеска сервисираа дел од оштетените светлосните објекти во централното градско подрачје. Со сервисирањето се заменија дел од светилките, а се интервенираше и на арматурата која претрпе штета од неодамнешните поројни дождови.

Овие интервенции, уште повеќе ќе го разубават градот во вечерните часови и ќе ги направат попријатни прошетките на граѓаните.







http://strumicadenes.mk/se-servisira-ulicnoto-osvetluvanje-vo-centralnoto-gradsko-podracje/

Edited by jyvation - 17-Oct-2014 at 12:44
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #342 Posted: 17-Aug-2014 at 10:29
Позади Универзална сала




извор:Општина Центар

Edited by jyvation - 17-Aug-2014 at 10:29
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1303
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #343 Posted: 18-Aug-2014 at 16:25

Мислам дека овие лулашки и клацкалици или како и да се нарекуваат не се новост и дека постојат одамна на овој простор, еднинствено може да ги префарбале и таа куќарката да е новост. Може и да грешам но мислам дека игралиштево одамна е тука.
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #344 Posted: 19-Aug-2014 at 08:39
ЦЕНТАР ЌЕ ПОСТАВИ СЕДУМ ИГРАЛИШТА

Детското игралиште на улицата Владимир Положанов зад Универзалната сала е обновено со нови реквизити, а оштетените се санирани. Од Општината Центар информираат дека наскоро ќе бидат поставени заштитна ограда и заштитен под, а ќе биде уредено и зеленилото во околината така што детското игралиште ќе биде сместено во мал парк.

Kако што најавуваат општинските власти, наредниот период на територијата на општината ќе бидат поставени уште седум детски игралишта.

- Општината е отворена за соработка и ги повикуваме граѓаните да ни дадат сугестии ако имаат предлог каде да бидат поставени игралиштата или ако имаат некаков проблем со постојните – апелираат од Центар.

http://www.dnevnik.mk/?ItemID=F9B6A304230A044DBEDB05E04241EF20

Edited by jyvation - 17-Oct-2014 at 12:44
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #345 Posted: 20-Aug-2014 at 22:29
KУМАНОВО ГО ПОДОБРУВА УЛИЧНОТО ОСВЕТЛЕНИЕ



Jавнотo претпријатие „Kуманово-паркинг“ информира дека е завршен тендерот за обнова, одржување и изградба на јавното осветлување на почетокот од месецов. Општина Kуманово за оваа намена ќе одвои 14 милиони денари.

- Деновиве интензивно се работи на реконструкција на уличното осветлување во централното градско подрачје на булеварите Трета МУБ, Октомвриска револуција, главните улици Гоце Делчев, 11Октовмри, 11Ноември, Бајрам Шабани. Претпријатието почна со реконструкција на уличното осветление, веднаш по потпишувањето на тендерот со приватна кумановска компанија - вели директорот на претпријатието, Фадиљ Шабани.

Во текот е реконструкција на јавното осветление и во населбите Долно Kојнаре, „Иго Тричковиќ“ и селото Тромеѓа. Средства за финансирање на програмата за користење и одржување на јавното осветлување на Kуманово за 2014 година се обезбедуваат од буџетот на општината. Висината на средствата кои се наменети за финансирање, пак, се утврдени преку програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура за 2014 година.

Според програмата за тековно одржување на јавното осветление се одвојуваат 14 милиони денари, за реконструкција, доградба, проширување мрежа на јавно осветление, дислокација на мерни ормани. Во некои делови од градот ќе биде поставно и ново улично осветление. Предвидено е обичните да се заменат со штедливи светилки.

http://www.dnevnik.mk/?ItemID=32E2A253CFB8184380D44536556F5221

Edited by jyvation - 17-Oct-2014 at 12:45
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #346 Posted: 21-Aug-2014 at 17:40
Граѓаните ќе избираат идејно решение за плажа на Охридското Eзеро



Граѓаните ќе избираат најдобро архитектонско решение за уредување на 500 метри плажа која се наоѓа на Охридското Езеро во близина на аеродромот „Св. Апостол Павле“.
За таа цел, Министерството за транспорт и врски на својата интернет страница креира јавна анкета на која граѓаните ќе можат да учествуваат во изборот на најдоброто идејно решение.
Станува збор за пет идејни решенија, а предвидено е плажата да се изгради согласно највисоките туристички стандарди и притоа да не се наруши еко-интегритетот на околината.
По изборот на идејните решенија, ќе се пристапи кон изработка на основните проекти по што ќе се спроведе постапката за уредување.

http://www.porta3.mk/gragjanite-kje-izbiraat-idejno-reshenie-za-plazha-na-ohridskoto-ezero/

Edited by jyvation - 17-Oct-2014 at 12:45
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #347 Posted: 21-Aug-2014 at 18:55
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #348 Posted: 21-Aug-2014 at 20:08
тројката дефинитивно
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #349 Posted: 21-Aug-2014 at 21:24
Јас неможам да се одлучам, сите си имат свој предности и мани.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4756
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #350 Posted: 22-Aug-2014 at 13:39
Број 1 ми е фаворит, а број 5 изгледа како идеално нешто за градските плажи во Скопје. Сепак, има само еден рендер, и тоа како половичен, остатокот се планови. Штета, а изгледа дека има голем потенцијал.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #351 Posted: 22-Aug-2014 at 18:53
кај нас ова го викаат `шпанско село` а кај вас незнам :


Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #352 Posted: 28-Aug-2014 at 12:04
Спроти гимназијата "Јосип Броз Тито"




media.mk

Edited by jyvation - 28-Aug-2014 at 12:04
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1780
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #353 Posted: 28-Aug-2014 at 13:48
Originally posted by gjoko

кај нас ова го викаат `шпанско село` а кај вас незнам :


Prvo, imaat pari i kadar, vtoro, ako se osteti nekoja kola poradi neramnata sahta drzavata ke plati debela osteta a toa vo Germanija se smeta za katastrofa, i treto sto vo Makedonija najmnogu fali, voopsto ne e tesko da si rabotis rabotata onaka kako sto treba...

Edited by Denko - 05-Sep-2014 at 22:27
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #354 Posted: 05-Sep-2014 at 22:01
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #355 Posted: 07-Sep-2014 at 23:38
Пуштено во употреба инклузивното детско игралиште во Прилеп.
Локацијата на игралиштето е во центарот на градот кај Учестакот, за што Советот на општина Прилеп обезбеди простор од 500м2, од кои 180м2 за поставување на детските реквизити, а остатокот од просторот ќе се пополни со дополнителни содржини.
Финансиските средства за набавка на реквизитите во износ од 730.000 денари ги обезбеди Полската амбасада во Македонија, а Општина Прилеп се влучи во реализација на овој проект преку припрема на подлогата на игралиштето со поставување на гумена подлага.









http://www.prilep.gov.mk/news/mk/pushteno-vo-upotreba-inkluzivnoto-detsko-igralishte/
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #356 Posted: 08-Sep-2014 at 13:28
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #357 Posted: 12-Sep-2014 at 19:47
победи `мојот` избор за инат на другите

ФОТО: ГРАЃАНИТЕ ГО ИЗБРАА ИЗГЛЕДОТ НА НОВАТА ПЛАЖА ОХРИДСКО ЕЗЕРО
СТАНЕТЕ НАШИ ФАНОВИ НА FACEBOOK
ВЕСТИМАКЕДОНИЈАСептември 12, 2014
Министерството за транспорт и врски во петокот инфомираше дека заврши анкетата за избор за идејно решение за плажа на Охридското Езеро во општина Дебарца, на која граѓаните можеа да гласаат за еден од пет предлози.

Повеќе од половината граѓани кои учествувале во електронското гласање, односно 56 отсто се изјасниле за идејното решение бр. 3.

Проектот се однесува на уредување на една плажа на дел од Охридското езеро која се наоѓа во непосредна близина на Аеродромот “ Св. Апостол Павле-Охрид” на територија на општина Дебарца.

Целта на проектот е да се овозможи користење на водената површина како и можност за рекреација на предметната локација со што ќе се овозможи континурано користење на истата преку текот на целата година. Плажата е предвидена да се изгради согласно највисоките туристички стандарди а особено внимание ќе се посвети да не се наруши еко-интегритетот на околината.

Концептот на заштитата на природната средина и зачувување на автентичноста на некои од обележјата, кои се јавуваат како специфични за тој регион, при изработка на архитектонско-идејното решение беше основно начело што се бараше на конкурсот.

ohrid_plaza2

Предвидено е на плажата да има планирана песочна површина која би се изнивелирала и попесочила со соодветен автохтон песок, да се почитува постојното зеленило и да се дооформи со автохтони видови, хортикултурно и партерно да се уреди со поставување клупи, фонтани за питка вода, пешачки патеки од монтажно – демонтажни материјали.

Сервисниот пункт треба да има шанк со кабина за музика со спецификација на опрема, место за озвучување, санитарен јазол, тушеви, соблекувални, прирачна остава за чадори, лежалки и други реквизити. Треба да биде обележан просторот за капење во езерото заради заштита на капачите од пловни објекти и да се предвиди место за служба за спасување, а местото за седење на спасителот да се осмисли во духот на целата плажа. На плажата треба да се предвидат и места за информативни паноа, безжичен интернет и други погодности за забава и престој.

ohrid_plaza3

Изработката на идејно архитектонско – урбанистичко решение за уредување на оваа плажа на Охридско Езеро претставува основа за натамошно уредување согласно современите туристички стандарди, како би можеле во текот на туристичката сезона да бидат подготвени сите предуслови за пречек на туристите, се вели во соопштението на министерството.




http://vesti.mk/read/news/3103891/1094263/gragjanite-go-izbraa-izgledot-na-novata-plazha-ohridsko-ezero
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #358 Posted: 08-Nov-2014 at 15:40
Originally posted by jyvation



Извадена или скршена неможам да оценам..

Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13149
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #359 Posted: 08-Nov-2014 at 16:16
Сигурно завршила во дворот на некој скопјанец. Можеби типот/типката си имал/а мерак за мермерна чешма.

Edited by Џоле - 08-Nov-2014 at 16:17
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13149
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #360 Posted: 16-Nov-2014 at 18:22
Нова урбана опрема околу Езерото Младост

Со поставувањето на урбана опрема на пешачката патека околу Езерото Младост се создадоа пријатни места за одмор и рекреација на граѓаните кои овде го поминуваат своето слободно време.







http://veles.gov.mk/veles3/index.php/2014-02-01-11-59-19/3352-2014-11-16-11-18-07
За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1617181920 22>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.172 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.