build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Трамвај Скопје ( Лесна железница / LRT )

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 89101112 60>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #181 Posted: 07-Oct-2008 at 23:11
Повторно истата глупст да се задолжи следниот градоначалник! Wallbash Ако веќе нема начин нека не се почнува сега, па ако следниот градоначалник има намера да го продолжи проектов, тогаш нека се почне.

Навијам за Раде Кончар!
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #182 Posted: 07-Oct-2008 at 23:25
Два интересни моменти

- сепак се размислува за сместување на трасите во средишниот дел на Јане Сандански
- за прв пат се споменува ЛРТ а не трамвај (класичен од каков се плашевме) во контекст на споменатата меѓуосовинска разлика.

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12124
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #183 Posted: 07-Oct-2008 at 23:29
Градот предвидуваат од Ново Лисиче до Ѓорче Петров да се патува околу 12 минути и да има 22 попатни станици.
  Nuts

Очигледно си имаме работа со тотални дилетанти. Па само на станиците ќе изгуби повеќе време отколку 12 минути!
Фактот што трасата им е импровизаторски испланирана,заплеткана во постоечкиот сообраќаен хаос и ни на едно место не е одвоена од уличниот сообраќај јасно наговестува дека трамвајот нема да биде ништо побрз од автобусите, туку во некои случаи и поспор.
Back to Top
evolutionary View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 198
  Quote evolutionary Quote  Post ReplyReply #184 Posted: 08-Oct-2008 at 22:19
Од одделението за односи со јавноста тврдат дека ниту формално-правно Градот не може да го обврзе наследникот на Костовски да продолжи со изградбата на трасите.

Proektite se znaci licna zelboteka na gradonacalnicite?
Knowledge Reigns Supreme Over Nearly Everyone
Back to Top
evolutionary View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 198
  Quote evolutionary Quote  Post ReplyReply #185 Posted: 08-Oct-2008 at 22:31
Fala, Clover-se soglasuvam deka Cvetan Dimov ni kako sirok bulevar nema da bide dovolen za da ne se zakrcuva soobrakajot.
Sto se odnesuva do tunelot pod Kale, za mene e cista budalastina i voopsto ne veruvam deka Gradot ke vleze vo tolku skap proekt za da im olesni na Caircani (mislam deka znaete za sto stanuva zbor, ne sakav da navleguvam vo politika). Nekoj moj predlog bi bil, iako ne se vklopuva so GUPot, 2ra Makedonska brigada da se prodolzi i da probie na kluckata Momin potok, to est da izbie na Nikola Karev i taka bi se sozdala kompletna slika.
Knowledge Reigns Supreme Over Nearly Everyone
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #186 Posted: 08-Oct-2008 at 23:08
Ова со чаирчаните ти е глуп муабет. И тие се плаќачи на данок, и тие се дел од градот. (не навлегувам во тоа колку данок плаќаат). Проектот не е будалаштина воопшто!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12124
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #187 Posted: 09-Oct-2008 at 03:59
@ evolutionary

Тунелот под кале сега за сега е скапа и далечна желба, но во никој случај не е будалаштина. Тој е важна алка во еден доста добар и избалансиран систем (примарната сообраќајна мрежа во Скопје според важечкиот ГУП) и без него би настанале многу компликации.
Некакво продолжување на 2ра Македонска Бригада до Никола Карев според мене би била само лоша импровизација која оди во спротивност со ГУП-от, а е лоша и сама по себе. Најголем дел од проблемите сепак би останале или би се преточиле на други места. Плус тоа во добра мерка би го дуплирала неодамна завршениот сегмент од Бул. Словенија.
Решението мора да се бара во ГУП-от. Можеби нема да дојде баш утре, но мора да размислуваме долгорочно. Сега клучно е да не го унаказат ГУП-от со тековната ревизија.

Туку ептен се оддалечивме од темата...  Smile
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #188 Posted: 10-Oct-2008 at 22:20
Проблемот со сегашното решение е во тоа што се менува од еден во друг новинарски текст. Најпрво се зборуваше за изградба на трамвајот низ средината на булеварот Јане Сандански, па потоа за искористување на една од лентите за автомобили, а во последниот текст повторно се говори за изградба на трамвајската линија на средишниот дел. Дали одговорните лица од градот го менуваат план од ден во ден? 
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #189 Posted: 16-Oct-2008 at 23:01

Проектот за трамвајот ќе го работат Италијанци

Ниту една од трите фирми кои загубија на тендерот за изработка на основниот проект за изградба на трамвајскиот систем, до вчера не поднела жалба за спроведената постапка. Тоа значи дека, најверојатно, проектот ќе го работи најповолниот понудувач - корпорацијата предводена од италијанските фирми „Џанкарло Боно - Долџаго“ и „ Аксиома Десин“, а во која се и бугарската „Проџект билдинг оф транспорт системс“ и македонската „МАК 2000“.

Од Градот велат дека сите рокови за жалби истекуваат утре и се сомневаат дека второпласираната шпанска компанија ќе им ги помати сметките во последен момент. Признаваат дека се изненадени што шпанската „Идом инжинерија“ досега не поднела жалба за спроведената постапка. Таа во однос на корпорацијата, предводена од Италијанците, понудила многу подобар технички квалитет и иновации, но за 160.000 евра имала повисока цена. Италијанците, пак, понудиле послаб квалитет, но биле поевтини.

„Цената беше пресудна. Најповолната понуда беше околу 470.000 евра, што е значително помалку од второпласираната компанија чија понуда изнесуваше околу 630.000 евра“, велат од Градот и информираат дека веќе ги подготвуваат документите за потпишување на договорот со италијанската корпорација.

„Планираме веќе в понеделник да ја официјализираме соработката, оти сакаме колку што е можно побрзо да започне изработката на проектите“, додаваат градските власти, кои веруваат дека утрешниот ден нема да ги изненади. (Дс.Т.)


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=321F6B86D90C5747935DEC4ABF0C6A7C
Статијата е прочитана 6 пати.
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #190 Posted: 17-Oct-2008 at 10:58
Originally posted by La Linea

Проектот за трамвајот ќе го работат Италијанци

Ниту една од трите фирми кои загубија на тендерот за изработка на основниот проект за изградба на трамвајскиот систем, до вчера не поднела жалба за спроведената постапка. Тоа значи дека, најверојатно, проектот ќе го работи најповолниот понудувач - корпорацијата предводена од италијанските фирми „Џанкарло Боно - Долџаго“ и „ Аксиома Десин“, а во која се и бугарската „Проџект билдинг оф транспорт системс“ и македонската „МАК 2000“.

Од Градот велат дека сите рокови за жалби истекуваат утре и се сомневаат дека второпласираната шпанска компанија ќе им ги помати сметките во последен момент. Признаваат дека се изненадени што шпанската „Идом инжинерија“ досега не поднела жалба за спроведената постапка. Таа во однос на корпорацијата, предводена од Италијанците, понудила многу подобар технички квалитет и иновации, но за 160.000 евра имала повисока цена. Италијанците, пак, понудиле послаб квалитет, но биле поевтини.

„Цената беше пресудна. Најповолната понуда беше околу 470.000 евра, што е значително помалку од второпласираната компанија чија понуда изнесуваше околу 630.000 евра“, велат од Градот и информираат дека веќе ги подготвуваат документите за потпишување на договорот со италијанската корпорација.

„Планираме веќе в понеделник да ја официјализираме соработката, оти сакаме колку што е можно побрзо да започне изработката на проектите“, додаваат градските власти, кои веруваат дека утрешниот ден нема да ги изненади. (Дс.Т.)



Ohno
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Online
Posts: 3869
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #191 Posted: 17-Oct-2008 at 11:30

da poeftini Oucha sto e so sigurnosta na lugeto??Ohno

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #192 Posted: 22-Oct-2008 at 01:18
Неофицијално, второрангираната фирма на тендерот била „загреана“ да го ревидира проектот

Идната недела градските власти планираат да го потпишат договорот со корпорацијата предводена од италијанските фирми, која победи на тендерот за изработка на основниот проект за изградба на трамвајскиот систем во Скопје. Од Градот велат дека документацијата се подготвува и најдоцна за една недела очекуваат да ја официјализираат соработката со корпорацијата на чело со Италијанците од „Џанкарло Боно - Долџаго“ и „ Аксиома Десин“, а во која се и бугарската фирма „Проџект билдинг оф транспорт системс“ и македонската „МАК 2000“. Истовремено се подготвува и тендерот за избор на ревизор на проектот. Сигурно е дека тој ќе биде со строго пропишани критериуми согласно со Европската унија, се' со цел да може Градот со проектот за изградба на трамвајскиот систем да аплицира пред европските фондови.

„Тендерот ќе тече по редовна постапка. Нашите пресметки укажуваат дека токму кога ќе се изработи проектот за првата фаза, односно за изградба на депото, ќе биде избрана ревизорската куќа. Со оглед на тоа, и двете постапки ќе течат истовремено. Градежните работи, пак, би стартувале во средината на јануари идната година“, објаснуваат градските власти. Додаваат дека на тендерот ќе можат да учествуваат сите три фирми кои не беа избрани за изработка на проектот, како и други странски, со оглед на меѓународниот карактер на јавниот повик. Неофицијално, „загреани“ биле Шпанците од „Идом инженерија“, кои на тендерот беа второрангирани, пред се', поради повисоката цена, но имаа голема предност во однос на техничките иновации и квалитетот. Познавачите на проблематиката, пак, велат дека со исклучок на Градежниот факултет - отсек железници, не постојат други домашни субјекти кои имаат познавања од тематиката, односно трамвајскиот систем, па така и на тендерот не очекуваат да има понудувачи од државава. (Дс.Т.)

http://utrinski.com.mk/?ItemID=DDD300EB15C55A4ABA65E8C63AC7C58F

Не гледам причина зошто градските власти не сеобидоа овој модел со европски фондови да го применат кај автобускиот превоз, но за тоа во друга нишка.

Очекувам велепробивање на рокови во секоја фаза.

Зашто така априорно се дискфалификува и единствениот стручен за оваа проблематика кај нас. Со оглед на тоа што градежниот факултет е правно лице има и тој право покрај фирмите да учествува со свој проект на тендерот. Сметам дека тие би биле и едни од подобрите познавачи на проблематиката со превозот во Скопје, па би можеле да понудат и еден од подобрите проекти.



Edited by lslcrew - 22-Oct-2008 at 01:25
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #193 Posted: 27-Oct-2008 at 03:06
Originally posted by Cloverstack

Јас прв пат ја слушам идејава. Мада ми текнува дека на времето Влатко Чинговски прмовираше идеја за монореил во Скопје, затоа што ЛРТ (нормално по негови сваќања тоа е трамвај од 19-ти век) бил надминат концепт

Нормално г-дин Чинговски не се потрудил воопшто да се информира за недостатоците на монореилот, така да неговите објаснувања и заложби беа прилично наивни и смешни. Вањда монореилот му изгледал „кул“, па затоа решил дека тоа е вистинскиот избор за Скопје.  Roll%20eyes

мала дигресија колку за во евиденција а можеби и утре реална комбинација Smile доколку за претседател дојде некој американец со македонски ксилем... скопско и се е можно LOL     

Напред во минатото -  Дневник - 05.08.2006

Да се гради денес во Скопје трамвај, значи исто како да се гради теснолинијка или дизел-локомотиви! Денес светот го надминал тоа со градење нови и модерни транспортни системи. Имено, имаме среќа што нашиот свет барем во микрокосмосот е дефиниран според т.н. Евклидов тридимензионален свет, значи покрај должина и ширина, постои и висина!

Во 1964 година Токио се подготвуваше да стане центар на светот, барем еден месец. Имено, во 1964 година во Токио се одржаа летните олимписки игри и за нив Јапонија почна да се подготвува уште на почетокот на 1960 година. Во истиот тој период Јапонија ослободена од товарот на финансирање на сопствените воени сили и издвојување воени средства за развој на својата одбрана, реши да стане светска економска велесила. Јапонија реши да и' се посвети на модерната и во тоа време се' уште непроверена технологија. Микроелектрониката! Тоа е време на „Сони“ и на „Матсушита“, време на ЈВЦ-Виктор и на првите телевизори во боја, првите видеорикордери и касетофони, минијатурни радиоприемници, првите професионални камери и врвните фотоапарати. Време кога луѓето низ целиот свет ослободени од стравотиите на војната и економски зајакнати се одлучуваат повеќе да вложат во себе, во својот стандард, разонода, прошетки и забава. Така, во чест на Олимписките игри во Токио првпат е пуштен во сообраќај и новиот брз железнички транспортен систем, наречен „шинкансен“, според јапонските зборови шин - нов, кан - главен и сен - линија. Тоа беше првиот воз кој можеше во тие далечни шеесетти години на минатиот век да развива за тоа време фантастични 210 км/час. Не, тоа не беше решение од 20 век, тоа беше решение од 21 век. Тоа е тајната на јапонското чудо - секогаш се бараат нови и предизвикувачки идеи наместо да се тапка во место или не дај боже да се враќаат назад кон стари и веќе проверени. Она што го движи човештвото се предизвиците и новите идеи, а прави луѓе се оние што имаат храброст да се зафатат со такви идеи. Не затоа што се нови и непроверени, туку затоа што се тешки и неизвесни и затоа што ќе внесат нешто ново и перспективно пред се' за сопствениот народ, а понатаму и за сите други.

И зошто ми е потребен толку голем вовед. Затоа што замислете само како споредба во тие исти шеесетти години најголемиот дострел на нашата југословенска економија беа доброволните работни акции!

Желба нареЧена трамваЈ

Деновиве скопјани, а и пошироко македонските граѓани, се бомбардирани од најавите дека дошле експерти за шински возила од Германија и, пази те молам, во два дена утврдиле дека за Скопје идеално решение за градски сообраќај е што друго ако не трамвај! И тоа уште и траса ни утврдиле, на средината од булеварот Партизански одреди, значи право низ центарот на градот. Браво! Значи експертите што дошле од Германија, а имаат фабрика за трамваи во Темишвар, Романија, ќе ни градат трамвај низ Скопје. Драги мои транспортни експерти кои и во најдалечните сништа не го поминале Табановце, Софија и Сараево, дали вие знаете дека трамвајот е транспортно средство од далеку изминатиот 19 век и почетокот на 20 век? Дали може да ми кажете во кој град во светот денес се гради нова трамвајска линија? Дали е тоа можеби некаде во Европа? Само немојте да ми кажете дека се гради ама во Африка! Денес во светот се знае дека трамвајот е решение на 19, тролејбусот на почетокот од 20, а метрото на средината на 20 век. Тоа се решенија што се надминати и кои денес освен без особена причина не се користат, освен метрото за кое треба големи средства и голема потреба. Да се гради денес во Скопје трамвај, значи исто како да се гради теснолинијка или дизел локомотиви! Денес светот го надминал тоа со градење нови и модерни транспортни системи што во целост го искористуваат Евклидовиот простор. Имено, имаме среќа што нашиот свет барем во микрокосмосот е дефиниран според т.н. Евклидов тридимензионален свет, значи покрај должина и ширина, постои и висина! Висина, господо! Денес секој што сака да гради метрополи оди во висина (и длабочина) наместо да го узурпира и така малиот зелен појас што го има Скопје. Значи идеално решение за Скопје не е трамвај, туку монореил.

Проект за иднина

Што е монореил? Тоа е современ, брз, сигурен, ефикасен, еколошки прифатлив и економичен транспортен систем наменет за градови со средна големина. Самиот збор асоцира дека станува збор за транспортен систем што се остварува преку користење една линија (моно-реил) која не е направена од железо, туку од бетон. Возилото едноставно налегнува врз бетонска шина и по истата се движи со помош на гумени тркала и на електричен погон - значи еколошки чисто и речиси бесшумно. Според идејното решение што авторот на овој текст го даде со својот т.н. „Скопје монореил проект“ (СМП) уште во февруари оваа година, идеална траса за ваков превоз постои во Скопје точно по булеварот Партизански одреди, но не на земја, туку над него - во воздух. Се изработуваат префабрикувани бетонски столбови кои се втемелуваат на одредено меѓусебно растојание на кои налегнуваат надолжните бетонски шини по кои се движи возилото. На секои 1,5 до 2 км се градат платформи на кои се качуваат и слегуваат патниците. Излезите и влезовите на тие челични платформи покриени со симпатични алуминиумски покриви се насочени кон пешачкиот дел од булеварот од едната и другата страна. Просечната брзина на движење на монореилот изнесува околу 40 км/час, а бројот на патници може да се приспособува врз основа на потребите на градот, линијата и временскиот период. На пример, анализираниот мал систем на Хитачи - Јапонија, кој има четири возила споени во еден моновоз, има тежина од околу 8 тони, може да превезе 194 патници, 88 со седење и 106 со стоење, додека неговиот максимален капацитет - значи во шпицот на денот со истиот воз може да пренесат дури 406 патници. Вакви линии денеска се градат нашироко низ целиот свет - во Сингапур, Малезија, Москва, а во план е сличен систем наскоро да осамне и во Белград. Според идејното решение, првата ваква линија може да се изгради на потезот од населба Влае, преку центар, мостот Гоце Делчев до Сајмиште каде што би свртувал во десно преку Вардар до новата Железничка станица и Транспортниот центар, за потоа да оди по булеварот Јане Сандански и да стигне до населбата Ново Лисиче со вкупна должина од околу 10 км. Втора линија би требало да ги поврзе Кисела Вода и Бутел преку булеварот Кочо Рацин и преку Бит-пазар кон „Џон Кенеди“ се' до гробиштата Бутел. Првата линија во иднина нуди продолжување преку завртување на линијата кон хотелот „Континентал“ и по булеварот Александар Македонски се' до аеродромот „Петровец“, со што навистина Скопје ќе го добие епитетот на модерен европски град. Има уште многу други предности овој проект, меѓудругото тоа што целокупната инфраструктура може да се направи дома од домашни градежни фирми, а дури и возилата може да се направат дома (на пример, во фабриката за автобуси) според нацртите на компаниите што ги произведуваат овие возила. Платформите исто така може да се направат во Македонија од страна на металните компании, а „Алумина“ може да го реши проблемот со покривање и застаклување на истите. Ова е проект на 21 век за Скопје и за Македонија. Ова е проект по кој луѓето во светот конечно ќе заклучат дека овде има луѓе што знаат што сакаат и како сакаат да живеат. Затоа, ако треба да се земаат кредити од странство, ако треба Владата на Македонија да помогне, нека помогне за нешто што ќе биде гордост на Скопје и на Македонија и што ќе донесе корист на пошироката македонска економија. Да престанеме веќе еднаш да го собираме ѓубрето од Европа, а да го плаќаме како златото на султанот. Никако назад кон минатото, туку напред кон 21 век затоа што тоа го сакаме и ние, а и нашите деца.

Влатко Чингоски (Авторот е доктор по електротехнички науки)

Трамвајскиот систем не е мртов - Дневник - 09.08.2006

(Повод: „Напред во минатото“, „Дневник“, 5 август 2006)

Повод за ова писмо е статијата објавена во вашиот весник на 5 август 2006 година од господин Влатко Чинговски под наслов „Напред во минатото“ во која тој предлага изградба на еднолионијка (монореил, трамвајска линија во воздух)) како подобар модел за Скопје отколку трамвајскиот систем. Тој притоа прашува дали може некој да каже дали воопшто некој сега во Европа гради нови трамвајски системи.

Во некои француски градови се градат нови трамвајски системи, а ја посочувам Ница, град нешто помал од Скопје. На адресата
www.tramway-nice.org/infos.php ќе ги најдете сите информации за проектот.

Во Хаг се проширува трамвајскиот систем. Неодамна беше решено да се гради нова линија. Дали погрешија овие градови што не размислуваа за еднолинијка? Не.Факт е дека трамвајскиот систем може многу полесно да се адаптира и да се интегрира со друмскиот сообраќај. Во исто време, како што со право посочува господин Чинговски, ги користи трите димензии: во Хаг дел од трамвајската линија е под земја, како евтино метро, дел е на висина, како еднолинијка, дел има посебни пруги, а дел се интегрирани во патната мрежа. Трамвајот ја има истата функција како и еднолинијката, но и повеќе.

Тон де Лиефде (емаил: ton@tats.org.mk)



Edited by beTon - 31-Oct-2008 at 19:41
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #194 Posted: 27-Oct-2008 at 17:55
ПОТПИШАН ДОГОВОР ЗА ИЗРАБОТКА НА ОСНОВЕН ПРОЕКТ ЗА ТРАМВАЈСКИ СИСТЕМ ВО СКОПЈЕ
Градоначалникот Трифун Костовски, денеска, потпиша договор со интернационалниот конзорциум на фирми кои беа избрани на тендерот, како најповолни понудувачи, за изработка на основниот проект за трамвајски систем и пруги во град Скопје.

Договорот е потпишан меѓу Град Скопје и фирмите Мак 2000-Скопје, од Р.Македонија, италијанските Studio engeneer i Engennering studio, axsio design и фирмата Project Building of transport sistem од Софија, Р. Бугарија.

Градоначалникот Костовски истакна дека ова е официјално почеток на реализацијата на проектот за воведување трамвај во Скопје. Имајќи го предвид големото значење на трамвајот, како алтернативен јавен превоз, градоначалникот апелираше до наредните градоначалници да продолжат со изградбата на трамвајската траса и во иднина, затоа што трамвајот не е прашање само на еден, два или три мандати, туку реална потреба, која треба да се реализира во интерес на граѓаните на Скопје.

Освен тоа, беше истакнато дека со изработката на проектот за првата линија, во суштина, проектирањето на депото ќе претставува и вовед во изградбата и на целокупната трамвајска мрежа во Скопје.

Своето задоволство го изразија и претставниците на фирмите победнички на тендерот, притоа потенцирајќи ја почеста која им е укажана да го проектираат скопскиот трамвајски систем.

Изработката на проектот ќе чини 28 милиони и 990 илајди денари, средства кои се обезбедени од буџетот на Град Скопје. Во оваа фаза ќе биде изработен проектот за трамвајското депо, првата линија од три километри и втората линија до хотелот „Холидеј ин“. Трасата ќе се движи од депото во Ново Лисиче низ населбата Аеродром, преку Железничката станица до хотелот „Холидеј ин„ и назад кон депото. Градот, истовремено, работи и на обезбедување на сите административни предуслови за започнување со реализација на изведбата, по изработка на проектите. Истовремено се работи и на обезбедување на едно промотивно шинско возило, кое доколку се се одвива според предвидената динамика, треба да го промовира градскиот трамвај во текот на март или најдоцна во мај месец 2009 година.

http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=2169&mid=24&tabId=1&tabindex=0


Edited by Vladimir P - 27-Oct-2008 at 17:58
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #195 Posted: 28-Oct-2008 at 01:10
 

ПОТПИШАН ДОГОВОР ЗА ПРОЕКТИРАЊЕ НА ДЕПО И ТРАМВАЈСКА ЛИНИЈА


Пробно возење со трамвај во мај в година?!


Италијанско-македонско-бугарска фирма најдоцна за 60 дена треба да проектира трамвајско депо, по што ќе се распише и тендер за негова изградба. Веднаш потоа ќе се проектираат првите три километри, додека проектот за вкупно 12 километри од првата траса треба да биде готов за седум месеци


Италијанско-бугарско-македонски конзорциум вчера и официјално доби зелено светло од Градот за проектирање на трамвајско депо, како и 12 километри од трамвајска пруга во Скопје, а според градоначалникот Трифун Костовски, реално би можело да се очекува пробно возење со трамвајот дури во април-мај наредната година. Како најдобар понудувач, конзорциумот најдоцна за 60 дена ќе треба да го проектира депото кое ќе биде лоцирано во населбата Ново Лисиче, по што ќе се распише и тендер за негова изградба. Целиот проект од 12 километри трамвајска мрежа треба да биде готов за 7 месеци.

- Наредната недела веќе ќе ја подготвиме скицата за трамвајското депо во кое ќе биде применета најновата технологија во изработката. Депото треба да прими 40 возила на трамвај и 6 таканаречени трамвај возови, а ќе содржи и дел за сервисирање и перална. Исто така ќе има и административна зграда, како и контролен центар од кој електронски ќе се контролира целата сигнализација и трамвајската мрежа, објаснува Дарио Комини, директор на италијанската фирма "Аксиома дизајн".

Со оглед дека само изградбата на депото чини околу 6 милиони евра, според Костовски, прво ќе се гради делот неопходен за потребите на првата фаза, односно за два трамвајски воза од по 6 вагони, за што средства ќе бидат обезбедени од буџетот на Градот за 2009. Сепак, тој вчера призна дека Градот треба да се задолжи или пак да побара помош од европските фондови, доколку сака да ги набави вагоните, со оглед дека цената на едно трамвајско возило, е од 1,7 до 4 милиони евра.

Инаку, првата фаза предвидува проект за 12 километри мрежа која би се градела на потегот од Ново Лисиче, по булеварите Асном, Србија и Јане Сандански до Транспортниот центар и понатаму покрај Народната банка и Дрво декор до хотелот Холидеј ин, покрај ГТЦ, Градска болница и по булеварот Кочо Рацин би се враќала по иста траса кон Ново Лисиче.

 
 
 
 
И ова е ептен несериозно,  признава дека градот нема средства и дека ќе треба да бара заем а сеуште не му текнало да проба барем да видат дали ќе можат да добијат заем и под кои услови, али трифка не го интересира тоа, он ќе го почне ова за да се знае "кој му дал" на скопје трамвај а за ситници како пари и субстандардните решенија (што може да ги добиеме по свесното избирање на инфериорна понуда ради заштеда на 100.000 евра) нека му ја мисли неговиот наследник  Roll%20eyes Bash
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #196 Posted: 28-Oct-2008 at 01:29
 

Првиот трамвај ќе почне да вози напролет

Градоначалникот го потпиша договорот со корпорацијата што ќе го изработува главниот проект

Деспина Трајковска

По две и полгодишни најави, градоначалникот Трифун Костовски вчера го стартуваше најкапиталниот, за многумина и најфутуристички проект во својот мандат, воведување трамвај во Скопје. Костовски го потпиша договорот за изработка на проект за изградба на трамвајски систем со корпорацијата предводена од италијанските фирми „Џанкарло Боно - Долџаго“ и „Аксиома дизајн“, во која се и бугарската „Проџект билдинг оф транспорт системс“ и македонската „МАК 2000“. Градоначалникот амбициозно најави дека првиот трамвај промотивно ќе почне да сообраќа напролет, а веќе до крајот на годината трамвајскиот сообраќај ќе профункционира на првата делница од Ново Лисиче до Центар со шест трамвајски единици. Свесен дека станува збор за финансиски тежок и воопшто комплексен проект, Костовски остави аманет на неговиот наследник на трамвајот да му даде приоритетно значење.

„Овој проект не се завршува ниту со еден, ниту со два, ниту со три мандати. Затоа порачувам идните градоначалници на трамвајот да гледаат како приоритетен проект, кој дефинитивно е решение за јавниот превоз во главниот град“, истакна вчера Костовски.

Сите претставници на фирмите-членки на корпорацијата ветија дека ќе ги испочитуваат роковите за изработка на проектот, па дури и ќе се обидат со доверената обврска да завршат предвреме.

„Задоволство ни е што сме дел од проектот, кој ќе означи револуција во јавниот превоз во Скопје. Нашето неколкудецениско искуство во шинскиот превоз целосно ќе биде акумилирано кај вас, а ќе ги употребиме најновите технологии и системи“, истакна Дарио Комини, директор на италијанската фирма „Аксиома дизајн“, која е предводник на корпорацијата што ќе го работи проектот.

Проектот целосно чини 471.000 евра. Во прва фаза ќе се гради главното депо лоцирано во Ново Лисиче, што ќе чини помеѓу пет и седум милиони евра. Првата фаза од проектот предвидува и изградба на првата трамвајска делница, во должина од девет километри, која ќе води од Ново Лисиче до Центар. Градоначалникот пресметал дека градежните активности за депото и првата делница ќе стартуваат по Нова година, а ќе бидат готови за помалку од шест месеци.

Паралелно со изведбата на градежните активности, Градот ќе преговара и за набавка на трамваите. Сегашната цена на пазарот на трамвајските возила, за една единица составена од два вагона се движи од 1,7 до 4 милиони евра. Костовски не е обесхрабрен од финансиската тежина на проектот. Вели дека во буџетот има обезбедено пари за реализација на првата фаза, пари ќе се предвидат и во буџетот за 2009 година, а очекува и средства од европските фондови пред кои Градот планира да аплицира откако проектот ќе биде готов на хартија.

Инаку, целиот проект за трамвај во Скопје предвидува негова изведба во четири фази од Ново Лисиче до Ѓорче Петров. Иако многумина го осудуваа проектот уште пред неговата реализација, стручните лица укажуваа дека токму трамвајот е излез од можната парализа на сообраќајот во главниот град.

 
 
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12124
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #197 Posted: 28-Oct-2008 at 01:49
Originally posted by vardar

а за ситници како пари и субстандардните решенија (што може да ги добиеме по свесното избирање на инфериорна понуда ради заштеда на 100.000 евра) нека му ја мисли неговиот наследник  Roll%20eyes Bash


Неспоредливо побитни полоши решенија од кои многу во суштина ќе бидат и субстандардни ни се загарантирани со самото избрзано кратковидо и импровизаторско планирање на трасите. Ова останатово е само "sideshow" кој природно се надоврзува...

Wallbash
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #198 Posted: 28-Oct-2008 at 01:59
Каков е тој рок од 60 дена за проктирање?! Демек ајде побрзо дајте направете замачкајте додека не сум отишол ја, да ме памтат дека сум направил трамвај. Еј што сакам да му се погоди некое неденационализирано земјиште кај депото, па ќе види и трамвај и све!!!
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #199 Posted: 28-Oct-2008 at 12:37
Од брзоплети проекти градот ни личи на архитектонски монструм наместо на европска метрополаDunno!
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Online
Posts: 3869
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #200 Posted: 28-Oct-2008 at 19:13
luge aj ako mozete da mi kazuvate kako moze da izgleda trasata ..nekoj certezi  ili sliki Dunno
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 89101112 60>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 1.061 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.