build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Трамвај Скопје ( Лесна железница / LRT )

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 5051525354 60>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1780
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #1021 Posted: 05-Sep-2013 at 01:05
Ovie si igraat majtap so nas.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=BE0EDB336FE94544B65FCE50D231EAD4
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #1022 Posted: 23-Sep-2013 at 00:29
Во моментов сум во гр. Порто (Португалија) и искрено ми се плаче!

Иако бев скептичен точно за овој ЛРТ систем (или во голем дел лесно метро), сиот мој скептицизам се сруши кога видов колку добро тоа може да се направи. Градов има околу 1,3 милиона жители во својот поширок регион и има 6 метро линии, од кои пет се собираат во еден тунелски коридот низ центарот на градот. Линијата А оди околу 20+ километри надвор од градот низ предградијата. Системот навистина е одличен и токму тоа му треба на Скопје.

Очекувајте впечатоци, слики и идеи применливи во Скопје за околу 10 дена.

Edited by Andrej_LJ - 23-Sep-2013 at 00:30
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2396
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #1023 Posted: 23-Sep-2013 at 14:24
< ="text/" ="" ="/B1D671CF-E532-4481-99AA-19F420D90332/netdefender/hui/ndhui.js?0=0&0=0&0=0"> Додека чекаме информации од лице место, еве некои детали околу метрото во Порто.

Шема на трамвајски линии во Порто:

http://www.orangesmile.com/destinations/img/porto-map-metro-big.gif

Основни информации за линиите:

PortoMetro.png   Metro do Porto
LineLength
(km)
StationsInaugurationVehicle
Metro%20do%20Porto%20linha%20A.svg
Estádio do Dragão ↔ Senhor de Matosinhos
15,6237 December 2002Flexity Outlook (Eurotram)
Metro%20do%20Porto%20linha%20B.svg
Estádio do Dragão ↔ Póvoa de Varzim
33,63513 March 2005Flexity Swift (Tram-train)
Metro%20do%20Porto%20linha%20C.svg
Campanhã ↔ ISMAI
19,62430 July 2005Flexity Swift (Tram-train)
Metro%20do%20Porto%20linha%20D.svg
Hospital São João ↔ Santo Ovídio
9,21618 September 2005Flexity Outlook (Eurotram)
Metro%20do%20Porto%20linha%20E.svg
Estádio do Dragão ↔ AeroportoBSicon%20FLUG.svg
16,72127 May 2006Flexity Outlook (Eurotram)
Metro%20do%20Porto%20linha%20F.svg
Fânzeres ↔ Senhora da Hora
17,4242 January 2011Flexity Outlook (Eurotram)
Logo%20funicular%202%20.png
Ribeira ↔ Batalha
0,3219 February 2004Funicular of Guindais

Линија А: Estadio do Dragao - Senhor do Matosinhos
Линија Б: Estadio do Dragao - Povoa de Varzim
Линија Ц: Campanha - ISMAI
Линија Д: Hospital Sao Joao - Santo Ovidio
Линија Е: Estadio do Dragao - Aeroporto
Линија Ф: Fanzeres - Senhora da Hora
Линија   : Ribeira -Batalha
Maпа на централниот дел на Порто:

http://www.turkey-visit.com/map/portugal/porto/Porto-map.gif

Maпа на Порто со предградијата:

http://www.horizonsunlimited.com/meetings/images/portugal2005/camping-location.gif


Мапа на Порто со пошироката околија:

http://portugal-info.net/images/maps1/b2.jpg


< ="text/" ="" ="/B1D671CF-E532-4481-99AA-19F420D90332/netdefender/hui/ndhui.js?0=0&0=0&0=0">

Edited by phenomenon - 23-Sep-2013 at 14:33
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #1024 Posted: 26-Nov-2013 at 16:26

Унгарска компанија ќе му помага на Градот Скопје да најде концесионер за трамвајот

26/11/2013  //  Пред 2 часа  //  ИНФРАСТРУКТУРА  //  Коментирај

tramvaj%20za%20skopje

Унгарската компанија „Vialto Consulting“, е консултантската куќа, со која град Скопје потпишал договор за реализација на постапката за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за проектирање, изградба, финансирање, стопанисување и трансфер на трамвајски систем за превоз на патници во Скопје. На конкурсот пристигнала само понудата од унгарската компанија. Според договорот, унгарскиот консултант во рок од 15 месеци треба да најде соодвттен концесионер за изградна на трамвајскиот систем. Градот Скопје договорот го склучил на 21-ви минатиот месец за услугите на унграската комоанија ќе и плати околу 95.000 евра.

Изградбата на трамвајот беше еден од главните адути на градоначалникот на град Коце Трајановски на последните локални избори. Последниот тендер за избор на фирма за јавно приватно партнерство за трамвајскиот систем, пропадна. Една од причините беше тоа што на јавниот повик единствената компанија што се пријавила, Норвешкиот конзорциум ПЈ Скурдал и Метнит групација, не ги исполнила тендерските услови. Потоа градските власти решија прво да најдат консултант за изработка на проект, па потоа да се објави меѓубнародниот тендер за избор на јавно приватно партнерство за изградба на долго најавуваниот трамвајски систем.

Вредноста на инвестицијата се проценува на околу 243 милиони евра. Засега не е познато дали ќе има промена во тендерските услови. Според условите во претходниот тендер в инвестицијата со по 50 % ќе учествуваат Градот Скопје и Владата. Концесионерот е должен да изгради трамвајска линија со должина од 24 км, трамвајски станици, депоа, набавка на најмалку 22 трамвајски возила и стопанисување (вршење јавен превоз на патници) и да ја одржува трамвајската линија. Со трамвајскиот систем е предвидено концесионерот да стопанисува 35 години, а по истекот на овој период, приватниот партнер е должен предметот на договорот за воспоставување на јавно приватно партнерство со сите додатоци и подобрувања да го предаде во владение на Градот Скопје, кој понатаму ќе продолжи да ја врши дејноста превоз на патници.

Ј.С

http://faktor.mk/archives/85163

Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #1025 Posted: 27-Nov-2013 at 01:22
Previous
 
Судејќи според овогодинешните резултати од советите на унгарски Виалто, мислам дека можеме да здивнеме со надеж дека и наредните резултати ќе бидат исти како сегашните од 2013 година, односно дека Скопје ќе остане без класичен трамвај, среќа во несреќа.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #1026 Posted: 27-Nov-2013 at 23:27


Да се надеваме дека ќе биде така. Сепак неодминливо се поставува прашањето зошто градската власт повторно го ангажира истиот консултант за иста работа... Задоволни се од неуспехот во првиот обид?
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #1027 Posted: 28-Nov-2013 at 00:20
Previous
 
Не би било изненадување доколку испадне на крајот дека градот Скопје всушност воопшто не е ни заинтересиран за изградба ниту на класичен трамвај во Скопје, туку вистинската цел е да се фрлат народни пари кои ќе завршат во Бог знае чии џебови, па затоа повторно го ангажираат истиот консултант за истата работа.
 
Можеби неуспехот однапред е планиран.
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #1028 Posted: 28-Nov-2013 at 00:57
ЕВРОПСКИТЕ ПРОЕКТИ ГИ ЧЕКААТ КИНЕСКИТЕ МИЛИЈАРДИ

-Овие железници се влезени во агендата на Владата. Пругите од Kоридорот 10 веќе се работат, а Kоридорот 8 е во фаза на проект. Друг проект за кој сметам дека вреди да се направат напори да се обезбедат пари е трамвајот во Скопје. Би имало големи придобивки, меѓу кои, секако, се намалување на транспортните трошоци и на загадувањето - вели Kракутовски...

http://www.dnevnik.mk/?ItemID=8983DF12F643904590D742D2B00E4AA7

Овој параграф е интересен каде спомнува задолжување со Кинески кредити за изградба на трамвајот во Скопје.Што мислите би се исплатело вакво задолжување на државата сама да го изгради трамвајот т.е во случајот нели градот Скопје или пак најубаво е со класичен концесионер.

Edited by jyvation - 17-Oct-2014 at 03:29
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #1029 Posted: 28-Nov-2013 at 03:28
Previous
 
Намалување на транспортните трошоци со изградба на класичен трамвај наспроти автобуски градски превоз ?
 
Како успеал овој човек да докторира на градежен факултет ?
 
Ова е ужасно решение, уште полошо од јавно-приватно партнерство со приватен концесионер.
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1953
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #1030 Posted: 28-Nov-2013 at 15:25
Воведување на трамвај би придонело за намалување на транспортни трошоци!
Се слуша ли овој што збори.
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
kire85 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2007
Location: Düsseldorf
Online Status: Offline
Posts: 400
  Quote kire85 Quote  Post ReplyReply #1031 Posted: 28-Nov-2013 at 18:35
Еве една многу интересна студија, за тие што знаат германски уште подобро, но и вака горе доле се разбира поентата...

Линк

Edited by kire85 - 28-Nov-2013 at 18:37
Phantasie ist wichtiger als Wissen, denn Wissen ist begrenzt.

Albert Einstein
Back to Top
mr bombastic View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 379
  Quote mr bombastic Quote  Post ReplyReply #1032 Posted: 16-Jan-2014 at 03:56
Уште еден тендер за изградба на скопскиот трамвај

#Почетокот на мај годинава е новиот рок што Градот Скопје го определи за пронаоѓање концесионер за проектирање, изградба, финансирање и стопанисување со идниот трамвај во Скопје. Дотогаш ќе може заинтересираните да аплицираат на новиот тендер, кој од страна на градската управа е распишан на крајот од 2013 година. Позначајни промени во природата и обемот на концесијата нема. И понатаму ќе се бара компанија за проектирање и изградба на лесен шински систем за линијата број 1 во должина од 12,1 километри, набавка на најмалку 22 трамвајски возила и стопанисување со трамвајот за најмногу 35 години од денот на воспоставувањето на јавно – приватното партнерство.

Значајна новина во овој тендер е изборот на унгарската компанија „Виалто“ за консултант во реализацијата на постапката за доделување на договорот. Унгарците ќе го советуваат Градот Скопје во наредните 15 месеци, што го опфаќа целокупниот период додека трае рокот за поднесување понуди и за склучување на договор за концесија со најповолниот понудувач. Проценетата вредност на проектот за изградба на трамвај во Скопје изнесува 243 милиони евра. Крајниот рок за доставување на понудите од компаниите е 8 мај 2014 година. Најзначајните промени во новиот тендер се забележуваат во делот на критериумите за избор на најповолен понудувач, при што сите бодови на концесионерите ќе се делат врз основа на тоа кој ќе понуди поголема сопствена инвестиција во проектот, но и кој ќе побара најмала инвестиција од Градот Скопје како учесник во јавно – приватното партнерство.

Како критериуми што ќе бидат применети за избор на концесионерот се: побаран износ за учество на јавниот партнер во почетната инвестиција (30 бодови), побаран износ за годишна оперативна субвенција за период од 5-та до 9-та година (25 бодови), побаран износ за годишна оперативна субвенција од 10-та година до крајот на договорот (15 бодови), обезбеден сопствен капитал на концесионерот (20 бодови) и периодот на времетраење на договорот (10 бодови). Новиот тендер за изградба на долговетуваниот трамвај следува по неуспешниот обид за избор на норвешкиот конзорциум „Скурдал и Метнит групација“ во текот на јуни минатата година.



http://www.build.mk/?p=31736

Edited by mr bombastic - 16-Jan-2014 at 03:57
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #1033 Posted: 16-Jan-2014 at 22:19


златни папагај јер ми смо слободни, бидна муабетов LOL може ли некој да направи споредба со проектот на жичарницата на Водно, колку би чинело на оваа траса да се инсталира адекватна булеварска жичница  

вакво нешто би било повеќе спектакл него трајно решение, но кога бараме на вересија мислам дека полесно ќе најдат инеститор за ова него нешто друго, со оглед дека маркетиншки ќе ја исплатат инвестицијата брзо, дали од висечки банери или дигитални кошници, односно ова може да се искористи ко инвестициски спин

додека не видат подалеку ќе робуваат на мртви проекти асега дополнително откако на неколку наврати расфрлаа пари за студии, те Трифун те Коце, со тие пари ќе ги проширеа сите булевари!

туку нека стават на скопскиот железнички прстен ЛРТ и нека го врзат аеродромот и тирз со градот [1] а доколку кренат инвестициите следствено и стандардот, градот и сам ќе најде сили да исфинансира трамвај, кој како стојат работите на терен воопшто нема ни да треба, со оглед дека дополнително ќе го запуши сообраќајот, со тие пари нека расфрлаат клучки по градот а каде нема простор еднонасочни надвозници и подвозници 


HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7368
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #1034 Posted: 17-Jan-2014 at 02:12
Originally posted by +Protagorist



туку нека стават на скопскиот железнички прстен ЛРТ и нека го врзат аеродромот и тирз со градот [1] а доколку кренат инвестициите следствено и стандардот, градот и сам ќе најде сили да исфинансира трамвај, кој како стојат работите на терен воопшто нема ни да треба, со оглед дека дополнително ќе го запуши сообраќајот, со тие пари нека расфрлаат клучки по градот а каде нема простор еднонасочни надвозници и подвозници 


па фала богу, за тоа решение се дискутира уште од кога постои форумов... ама иди објасни им... ако ги прашуваш нив и трамвај влечен од коњ ќе стават... ама по можност прво стотина тендера да се извадат, па после Crazy
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2396
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #1035 Posted: 17-Jan-2014 at 12:45
Голем скептик сум дека нашиве политичари ќе напарават нешто корисно. И дали некој знае каков трамвајски систем планираат да градат во мај? Дали ЛРТ или класичен старовремски трамвај од двете страни на булеварите, со раскопување на жардинериите и со стотици вкрстувања на раскрсниците на исто ниво, со тотално закрчување низ Центар ако трасата поминува по Димитрија Чуповски? Потполно сум убеден дека ќе го изберат ова второ решение со што ќе придонесат сообраќајот во Скопје да колабира.
Е сега, кога веќе се толку неспособни, можеби подобро е целосно да се напушти оваа идеја за изградба на трамвај и да се проба со градска жичница:




Moже ли некој од поупатените да каже колку чини вакво решение од километар и дали би била добра идеја за Скопје?
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1780
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #1036 Posted: 17-Jan-2014 at 14:34

Ti uste mislis deka planiraat da gradat? Neli sfati deka ova e samo kolku da se kaze deka se nesto aktivni i na toa pole!?
Back to Top
Teglarot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 569
  Quote Teglarot Quote  Post ReplyReply #1037 Posted: 17-Jan-2014 at 15:03
Пример за Анкара, изградба на жичница низ градот.

http://en.leitner-ropeways.com/Home/Largest-urban-ropeway-on-Eurasian-continent-in-Ankara-from-2014
Back to Top
Еден Дечко View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 24-Nov-2013
Online Status: Offline
Posts: 277
  Quote Еден Дечко Quote  Post ReplyReply #1038 Posted: 17-Jan-2014 at 15:38
Навистина многу интересно решение, нуди многу предности, а во исто време атрактивно е да се има во еден град.
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #1039 Posted: 17-Jan-2014 at 15:40


за ова инвеститор тнко, ваква жичница ќе биде смешна опција за Скопје, со оглед малата густина на население ем потребата од повеќе станици, а кога ќе споредам цената во однос на трамвајот мислам за ова уште потешко да најдеме инвеститор, со оглед дека ќе треба дополнително замарање околу постојките итн.

 најблиску до жичница што би добиле се тролејбуси, јасно штом почне да расте цената на нафтата, евентуално ако гасот не ја стабилизира ситуацијата, но  Smile ко што рече некој не е далеку и денот за запрежен-трам





Edited by +Protagorist - 17-Jan-2014 at 15:42
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #1040 Posted: 17-Jan-2014 at 17:33
Ќе се согласам со претходните форумаши, жичница како јавен превоз во еден град е добра варијанта само за пренаселените милионски градови, и тоа оние што пред се` го немаат решено проблемот со постоење фавели. Во ваквите делови од градот не се граделе ниту улици, ниту пак функционирал некаков превоз, па затоа урбанистите се одлучиле да ја испробаат жичницата, бидејќи зазема малку простор, а истовремено може да пренесе голем број луѓе од една до друга дестинација. Вакви населби со огромна густина на жители има во Скопје, дел од Чаир, Топаана, Шуто Оризари и делови од центарот на Скопје, ама тоа е премалку.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 5051525354 60>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.281 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.