build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Село во град

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 5>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Село во град
    Posted: 29-Jan-2008 at 22:37
Според мене трите најгрди локации и маала во Скопје кои што крајно време е да се урбанизираат. За Керамидница немам зборови, исто и за Маџир Маало. Мислам живееме во 21 век за овие маала сум најголем противник. Тие се наоѓаат во сред центар. Еве самата слика си го кажува своето, инаку на ништо не личи градското подрачје. Затоа Крушевска мора да биде изградена истото е и со продолжувањето на бул.Гоце Делчев со што овие маала ке ги снема и ќе добиеме нови делови од центарот кои ке прилегаат на една метропола.
 


Edited by Junkie - 29-Jan-2008 at 22:38
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12452
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 29-Jan-2008 at 22:40


Потпишувам! Big%20smile
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 29-Jan-2008 at 22:49

И дури ради тој манијакот што не ја даваше куќата денес мостот и улицата се иксривени кон десно од проста причина што тој типот живее во центар а иначе нема вода и каналицазија али битно у центар е Big%20smile Big%20smile Big%20smile

NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 29-Jan-2008 at 22:51
Ќе им дојде крајот, ќе бидам во први редови кога багерот ќе ги срамни...
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 29-Jan-2008 at 22:54
hahahaha

"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 29-Jan-2008 at 22:58
Овде мора подХитно да запее Багер. Ако може уште утре!!!
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 29-Jan-2008 at 23:47
А што е со местото карши Holiday Inn, ете и овде изгледа мора багерот под итно да ги заврши работите. Можеби не 100 катници али сигурно треба да се уреди местово. А долго е зборуван и овој дел знаеме од претходно и сеуште нема иницијатива. Па центар е луѓе, а на ништо не личи Big%20smile
 
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 11-Jan-2009 at 07:02
Мене оваа локација со години не ми е јасна! Нити знам како се вика, нити па некогаш сум слушнал за урбанизација, за планирање некој зафат како трговски или нешто слично!

 42° 0'49.89"N 21°24'39.23"E
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12452
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 11-Jan-2009 at 07:45


Не е локација туку цел ДУП Big%20smile

http://199.236.67.122/karpos/43-DUP-KRIVI-DOL1.pdf

Edited by Cloverstack - 11-Jan-2009 at 07:50
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 11-Jan-2009 at 16:44
Кловер фала на инфото! Очекував некој Г-Малл за оваа локација!
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9124
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 11-Jan-2009 at 17:12


Па и да и не... Со изградбата на обиколницата молови и слични содржини би ги буткал погоре околу нејзе. Нормално тоа не би биле G-Mallovi туку далеку поскромни објекти кои сепак убаво би го облагородиле просторот.

Оваа мене ми изгледа најпогодна за "плажа". Го имаме тоа дискутирано во нишката за плажа на Вардар. Едноставно ми изгледа дека има доволно простор сето тоа да се направи како што треба.

Оваа варијантава со задржување на тие куќарките не ми се допаѓа премногу.
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3515
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 11-Jan-2009 at 17:23

тука сакаа едно време згради да насадат, но сега како што гледам свртен е муабетот на Б1(мали комерцијални  и деловни објекти), Б2(големи трговски единици) и Б3(големи угостителски единици), значи да лсл очекувај тука спроти парк да видиш и трговски и хотели и адвокатски улички Smile можеби фали уште еден пешачки цветен мост, таман напоредно покрај оние кај владата и кај луна паркот Ouch



Edited by pbanks - 11-Jan-2009 at 18:24
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 11-Jan-2009 at 17:26
Ја затоа и го поставив прашањето, пошто овие куќарките ич не ми лежат. Слични вакви локации со осамени куќарки се оние кај транспортен еве сега ќе има катна гаража, слична локација се оние куќарките околу корќагин, добро ваму е некако скриено со згради па не делува толку грдо (Џуро ноу офенс)!

Затоа и ова маалово ми делуваше так неприкладно тука. Колку што можам да видам има веќе планирано некои игралишта, така да веќе има дадено некоја спортска димензија. Добро сепак ако има заинтересиран инвеститор не е тешко да се промени планот, пошто кај нас ионака плановите се кројат по околината, а не околината по плановите! Ама за ваква локација и не е толку трагично ако се скрои план според некоја најава за објект. Инаку раскрсницава ме изненади, оваа одма после мостот. Не знаев дека е планирана да биде со 4, а не со три улици како досега.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 11-Jan-2009 at 17:28
 41°59'18.33"N 21°26'31.69"E

Еве уште една таква локација, само оваа е многу помала. Стварно не ми е јасно како досега овде нема изградено станбена зграда или нешто друго.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9124
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 11-Jan-2009 at 17:40
Originally posted by lslcrew

Ја затоа и го поставив прашањето, пошто овие куќарките ич не ми лежат. Слични вакви локации со осамени куќарки се оние кај транспортен еве сега ќе има катна гаража, слична локација се оние куќарките околу корќагин, добро ваму е некако скриено со згради па не делува толку грдо (Џуро ноу офенс)!


Па зависи за кои збориш. Ако зборуваш за она што е останато помеѓу Корчагин и новиот Веро тоа е селендра на ниво на Маџир маало.

Ако зборуваш за делот помеѓу Корчагин и ул. 11 Октовмри сепак зборуваме за доста урбанизиран дел каде апсолутно постои урбана логика. Одавна се спремам да го покријам тој дел од градот со една убава фотосесија.

Меѓу другото додека се кука нонстоп за зачувување на архитектонското наследство онаму каде го нема (на пример Маџир маало) никој не ги рецка вакуфските згради кои датираат ако не се лажам уште од Турско и ден денеска се убаво вклопени во урбаната целина. Но истовремено се измасакрирани од газдите кои прават што сакаат. Кој ставил клими, кој офарбал пола куќа, кој ставил алуминиумска браварија Bash


Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9124
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 11-Jan-2009 at 17:43
Originally posted by lslcrew

 41°59'18.33"N 21°26'31.69"E

Еве уште една таква локација, само оваа е многу помала. Стварно не ми е јасно како досега овде нема изградено станбена зграда или нешто друго.


Станбена зграда на таа локација за мене би била тешка глупост. Таму апсолутно треба нешто деловно и тоа се до бензинската на макпертол (значи треба да се сруши цел станбен блок).

И населбата пролет не ми е многу по ќејф од кога ја унаказија. Спрема мене или треба убаво да се преуреди целата населба (унификација на зградите, уредување на зеленилото итн) или све тоа треба да се поруши. Тоа е една од населбите со најизразено урбано дивјаштво.

Улицата пак која е на трасата на Крушевска република (позади Злате) е во континуитет една од најсубстандардните улици во центарот на Скопје.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12452
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 11-Jan-2009 at 17:48
никој не ги рецка вакуфските згради

Кои се тие згради?
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9124
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 11-Jan-2009 at 17:50
Originally posted by Cloverstack

никој не ги рецка вакуфските згради

Кои се тие згради?


Останати се 3 (мислам биле 4) зградички П+2. Еве ти координати до средната (од лево и десно се другите две). Ќе ги сликнам  деновиве и ќе ги постирам.

41°59'24.71"N  21°26'11.34"E
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 11-Jan-2009 at 17:54
Па добро си ме сватил, зборам за оние селца расфрлани по цело Скопје. Таман работа работа за оној средениот дел што е позади QBЕ. Тука кај што е амбулантата, тој дел е урбанизиран. Неурбанизираното почнува од автобуската југодрво па накај НБРМ. Ја би корегирал и малку и накај QBE и покрај тоа што е урбанизирано. ВЕРО ваљда ке потегне бран на урбанизација и навака малку према QB.

А за тие куќите што викаш дека се стари. Ја од тие куќи воопшто не ни очекувам да може да се извлече нешто. Којзнае колку се пореметени во статиката, да не збориме колку човечкиот фактор накнадно ги пореметил итн. Ај ваљда ќе има некој имтерес за изградба на овој дел. Тука малку мислам и дека зградите некако го затвараат тој простор и го прават неатрактивен, но подобро да го затвараат пошто така па на ништо нема да личи.

Оставам времето да покаже. Нормално
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9124
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 11-Jan-2009 at 17:55
Еве мала историја за тој дел. До земјотресот била една од побитните улици во Скопје. Денеска е останат само дел (почетокот на улицата почнува од број 63 ако не се лажам кај социјално)


НЕПОЗНАТА МАКЕДОНИЈА
"Ленинградска", улица што не претставува никого
"Ленинградска" е една од улиците кои некогаш започнуваа од кејот "13 Ноември". Веднаш, по почетокот, таа вртеше малку лево и завршуваше пред "Арифбеговиот" отворен канал, близу до "Монополот", сега Тутунски комбинат. Името го доби, по ослободувањето,

"Ленинградска" е една од улиците кои некогаш започнуваа од кејот "13 Ноември". Веднаш, по почетокот, таа вртеше малку лево и завршуваше пред "Арифбеговиот" отворен канал, близу до "Монополот", сега Тутунски комбинат. Името го доби, по ослободувањето, како и многу други улици во Скопје во чест на градот-херој Ленинград. Некои од тие улици како "Московска", "Сталинградска" и други, по раскинот меѓу Тито и Сталин, беа преименувани. Така "Московска" стана "Народен фронт", па "Наум Наумовски- Борче", а "Сталинградска" сосема исчезна и сега е "Ѓуро Ѓаковиќ", а "Ленинградска" си остана до денес со тоа име. Нејзиниот прв дел, беше калдрмисан, тесен и кривулест, граден уште во "турско" и со "бољме" куќи од двете страни. Останатиот дел, кон "Монополот", изграден по Првата светска војна, беше во права насока, широка и со дрворед. На "Ленинградска" освен станбени објекти, беше прошарана и со повеќе општествени. И како ретко која улица, имаше дури четири училишта. Најстар беше комплексот згради на "Првата машка гимназија" изградена уште во турскиот период. По ослободувањето го доби името на народниот херој Цветан Димов. таа беше лоцирана на сегашниот Градски трговски центар. Имаше огромен двор, озеленет со разгранети липи, а под една чешма. Зградата во форма на "Г", која излегуваше на "Ленинградска", имаше богато орнаментирана фасада, во жолта боја, и во неа беа, на приземје и кат, сместени само училници и кабинети кои за тоа време - 1945 г. беа современи. Другиот објект, во квадратна форма, исто на приземје и кат, беше за повеќе намени: директорска и наставничка канцеларија, две сали, различни по димензии и ентериер и повеќе училници. Салата на приземјето служеше за културно-забавни манифестации по разни поводи. Имаше сцена, а од спротива балкон и овална розета-прозорец над него. Од страна имаше и три пространи прозорци кои богато ја осветлуваа салата и создаваа пријатна атмосфера. Во тогаш честите приредби, организирани од учениците, учествуваа гимназијалниот хор, рецитатори, соло-инструменталисти и вокални исполнители со естетска одбрана содржина.
Горната сала била наменета наменета за конференциски средби, но најмногу се користеше за проби на хорот. беШе со богато орнаментиран и естетски збогатен таван, со три огромни, горе полукружно, изведени прозорци и сето тоа чинеше една колоритна архитектонска хармонија во духот на виенскиот стил, среде околните пониски ориентални куќи. Најпријатно во тој салон беше зиме, кога хорот навечер пробаше некоја руска композиција, а преку прозорците се гледаше како надвор тивко паѓа снег! Од влезот на зградата кон долната сала, водеа широки скали со гелендери од орнаментирано ковано железо, а кон катот, тие во ист стил, беа двојни и го поврзуваа салонот и училниците. Пред гимназијата имаше широк сквер кој во војната бил раскопан во цик-цак ровови.
Во 1946 година, тројца матуранти, кои беа казнети, го уредија целосно. "Прва машка" тука работеше до 1948 година потоа се пресели кај денешната МАНУ. писателот Благоја Иванов по тој повод, има напишано во својата книга "Од онаа страна на заборавот": "Во еден миг требаше да се делиме од старата зграда на "Прва машка гимназија" и да поминеме во новата што веќе се градеше. Со тешко срце се делевме од старите училници, од големиот двор со чешма од која не течеше вода, од клупите на кои бевме затекнале, кога дојдовме, многу таинствени пораки од нашите претходници и на кои ги оставивме нашите знаци на постоење. За и по нас да трагаат по смислата на нашите пораки оние што ќе седат во нив. И тоа сега се изгубени пораки како што неповратно се чини влегувањето во старата зграда на Прва машка"...Гимназијата, потоа, стана Студентски дом, па Виша педагошка академија и на крајот Четврта гимназија, подоцна "Раде Јовчевски Корчагин". Интересно е што уште мирисаше на "Прва машка", а во дворот до чешмата никна една од кулите, сега во состав на ГТЦ. Од таа гимназија излегоа многу познати и учени луѓе. Спроти гимназијата беше малата зграда на првото балетско училиште-расадник на таленти, почнувајќи со "Карпошовките" на чело со Натка Пенушлиска и нејзините другарки. Први партнери им беа и ученици од "Прва машка". Чудно, но токму балетското училиште и името на улицата, асоцираат на градот кој е "престолнина" на класичниот балет - Ленинград! Стариот дел на улицата завршуваше кај "Уредот", денешна Градска болница. Таа зграда и по повеќе децении, архитектонски и функционално е вистинска класика. Крилото што допира на "Ленинградска" е бања со тушеви, кои ги користеше, некогаш и граѓанството, што денес не е така.
Веднаш по ослободувањето "Уредот" уште немаше конкретна намена, кусо време, па во една од просториите на првиот кат, се одржуваа и игранки. Потоа, тука беше Министерството за труд и Сојузот на синдикатите на Македонија, чии амблем се наоѓаше на врвот на зградата и ми се чини дека тоа беше првата социјалистичка "реклама". Оттука па до крајот, на "Ленинградска" имаше уште неколку интересни објекти: Трговската академија (подоцна Економски техникум, здание во квадратна форма на приземје и кат, а во средината пространа сала, наречена "Аула" чии страни ги красеше колонада од елегантни столбови, а горе пространи балкони. Зградата имаше имаше и национални архитектонски елементи. Подоцна беше изграден уште еден кат, што беше причина да ја изгуби статиката и да настрада во земјотресот. Тука учел и поетот Коле Неделковски. Спроти неа имаше објект кој служел како интернат на трговската академија. Во педесетите стана Учителско-домаќинска школа но по неколку генерации беше укината. Веднаш до неа, на ќошето на "Ленинградска" и булеварот "Кочо Рацин", но со влез од истиот беше изградена приземна зграда, во која се смести СОФК ( Сојуз на организација за физичка култура). Во нејзината просторија, тие години, се прожектираа, прв пат во Скопје, тродимензионални филмови, за што се употребуваа и специјални очила. Во јануари 1960 година, тука се одржа и основачкото собрание на Организацијата на лизгачки спортови, хокеј и ролшуи. Во првата "Управа" тогаш беше избран и познатиот пејач на народни песни Никола Бадев, чија ќерка беше мајстор на ролшуи. Еден ликовен уметник, инспириран веројатно од нејзините изведби имаше изработено слика во масло, "Девојче на ролшуи". Сликата долго време беше во канцеларијата на директорот на спортскиот центар"Кале", под Калето...
Пак од спротива на оваа улица и булеварот "Кочо Рацин", изградена пред војната, е некогашната зграда, позната кај старите скопјани како "Берза рада" (Берза на трудот), денешното "Пензиско". Извонреден архитектонски објект, кој сега има повеќе доправки со што е нарушен нејзиниот идентитет. На истата страна имаше, некогаш, четири вакувски згради, на кат, со две идеални половини и два влеза, пространи и естетско успешно обликувани. За жал, на едната има исто така доправки- доизграден е кат со железни елементи во вид на мансарда. Нивната хармонија е нарушена и со тоа што скоро сите имаат по една половина реновирана и една остарена зашто откако се направени не се одржувале редовно. Пред земјотресот беа четири. Во продолжение, подоцна се изградени, три згради кои "сакаат" да личат на вакуфските. Но немаат душа. Сите наброени вредни општествени објекти, кои и сега постојат, освен, "Трговската академија", за секој архитект со вкус, би биле добра инспирација. Од другата, левата страна, на овој дел од "Ленинградска" има повеќе приватни успешно изведени, пак пред војната, објекти. Тука сега е карактеристично дека земјотресот оставил длабоки траги. Имено, на една зграда пред катастрофата е дограден кат, во ист стил, но денес таа речиси е пуста. Подолу, пак, сопственикот на куќата, која била на кат, го симнал катот сметајќи дека така спокојно ќе живее, во приземјето. Крајот на "Ленинградска" сега завршува со една висока зграда, која и го попречува видикот па личи на ќорсокак. Денес, од "Ленинградска" е останат само овој дел, од булеварот натаму, другото е прегазено од ГТЦ и Градски sид. Тоа е биографијата на оваа скопска улица, која носи име на еден древен град - престолнина. Тој град веќе си го носи првобитното родено име - Санкт Петербург, а нашата улица сега е само спомен на времето за покажаното херојство на неговите граѓани. Име и време што остана само парченце од историјата на тој град и држава.


Извор: Вест
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 5>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.