build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Известувања

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 34567>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #81 Posted: 24-Jan-2011 at 13:17
Со теоријата на ЛСЛ веќе длабоко не се сложувам и нема резон да одговарам на тој дел, УрбанФрик тоа убаво го опфати со реченицата

Originally posted by UrbanFreak

...квази деспотсво кадешто дур сум јас на власт тоа е мој терен.


Но би сакал да одговорам на ова...

Originally posted by mladen_s


ПрваАрхиБригада пред помалку од една година изложи дел од конкурсните решенија што или не поминале на конкурс или никогаш нема да се градат, студентски проекти за локации низ Скопје и слично. Настанот беше објавен на форумов.

Секако, беа испечатени како што може за сопствени пари, немаше 3Д визуелизација , сето ова во мала галерија - а медиумите ги интересира настанот само ако има тепачка или ако некој ги подбуцне да пишуваат. Истово се случи и со оваа трибина - известуваат само Нова Македонија и Време, а Оле Бауман и не баш било кој - директор на Холандски институт за архитектура - проверете за каква институција се работи.

Инаку, мислам дека човекот е сосема во право - мора да се настапи со контра идеи, проблемот е како со ограничени средства да се пренесат до пошироката јавност, а да не се добие партиска етикета.


Да речеме дека постои медиум кој контра идеите може да ги пренесе до пошироката (а истовремено диференцирана) јавност, а на кој не му треба тепачка за да биде заинтересиран и кој нуди платформа за трајна поставка на материјалите. И тоа веќе со години...

Каде е тогаш тука алибито?

Дали 1-2 настани годишно, каде целната група е пред се експертската а не пошироката јавност, во дополнување со очекуваниот (а најчесто нереализиран фидбек) од меинстрим медиумите се вистинскиот рецепт и се доволни за да нешто се промени.

Дали тој пристап кој веќе има традиција на докажан "fail" во контекст на дискусијава, на некој начин ја подобрува ситуацијата која подолу ја лоцира Бауман?

Originally posted by Оле Бауман

- Она што го видов тука е многу интересно. Забележав пресликување на историјата, многу различни слоеви. Вашиот менталитет по сé изгледа функционира по принципот „Само стори го тоа“. Општеството мора и може да ви се образова. Културната политика е многу важна. Можете да донесете добри закони за градење, ама ова што ви се случува најверојатно се должи на тактичката стратегија на власта - избираат визуелна кампања и почнуваат да ја спроведуваат на дело. Тоа е правење град по брза постапка


Дали странските VIP гости како Бауман се единствениот начин да се даде кредибилитет на целата „кауза“?

Дали рецензија за настанот погоре во Време и Шпиц, весници за социјална категорија граѓани кои ги купуваат за тепање време, ситнење политика и евентуално информриање за нов стечаен штрајк се навистина ултимативната цел во оваа битка? Зошто во време на интернет, на Web 2.0 кога секој може да го каже и да го пропагира своето мислење, некој свесно би се ставил во функција на заложник на традиционалните медиуми и нивните уредувачки политики?

Со должна почит кон ангажманот на сите членови на ПАБ, како еден сепак позитивен феномен во целава прикаска, дали 5 објави на официјалниот блог на ПАБ (BTW посилен медиум од било која рецензија во Утрински или Дневник доколку правилно се користи) од март 2010 па навака е една „револуционерна“ динамика?

Ова се само дел од реторичките прашања кои би можел да ги поставам...
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #82 Posted: 24-Jan-2011 at 13:24


Во прилог на кажаното постирам еден позитивен пример на проактивност кој потекнува од бугарската секција на ССЦ.

http://spasimetroto.org/

http://www.btv.bg/shows/tazi-sutrin/videos/video/1314125677-Prodaljenieto_na_metroto.html

Или

http://www.yimby.se/

Резултат на шведското ССЦ
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #83 Posted: 24-Jan-2011 at 13:30
Да Бенкс, токму поттикнат од ова сакав да ви предложам нешто слично кај нас, крајно време е да им се наруши комфорот на чорбаџииве (мхм, макар што живееме во крајно полициска држава, но тоа секогаш било така). Каде би била најсоодветна нишка за дискусија, Сугестии...?
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #84 Posted: 24-Jan-2011 at 13:32
Originally posted by Andrej_LJ

Да Бенкс, токму поттикнат од ова сакав да ви предложам нешто слично кај нас, крајно време е да им се наруши комфорот на чорбаџииве (мхм, макар што живееме во крајно полициска држава, но тоа секогаш било така). Каде би била најсоодветна нишка за дискусија, Сугестии...?


Сугестии е повеќе за за техникалии за сајтот, слободно отвори нова нишка, или во Останати теми или во Офтопик...
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #85 Posted: 24-Jan-2011 at 13:54
Се што се случило денес и сите што се најгласни за колку Скопје 2014 не чини, на збор демонстрираат дека безмалку работата им е земена, а на терен се што направиле било на ниво на рекреација, никаде да видиш дек суштински стварно некој им се умешал во фелата и толку ги заболело. Како двпати годишно идење на водно ми изгледат сите тие акции, па дури и штрајкот ај што беше во сред избори, па и во сабота беше. Малку повеќе ангажман бара работава од јавно цимолење.

А вакви акции со веб-ови не очекувам дека мое да имаат ефект зашто е видено некаде до странство и сег ај ќе копираме. Една група на фејсБ па пука како балон за два три дена, а не некој сајт што може да доведе до некакво движење. Ризикува да биде средство за насилено пуппање балон на незадоволство, а во суштина прво што ќе му се случи ќе добие етикета, секој ќе кликне на него од шала, не допира до широка маса, едноставно не е конвенционален начин на искажување незадоволство, барем тука не е.

Edited by lslcrew - 24-Jan-2011 at 14:07
Back to Top
mladen_s View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-May-2010
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 407
  Quote mladen_s Quote  Post ReplyReply #86 Posted: 24-Jan-2011 at 14:07
Originally posted by pbanks


Ова се само дел од реторичките прашања кои би можел да ги поставам...


Бидејќи се реторички прашања до сите членови, и во себе содржат добри препораки, нема да одговорам

Ама ќе дадам пример за сеопфатно ангажирање, каде се употреби секоја можна мрежа за делување, со или без успех. Некогаш и www не е доволна

http://www.kopfbahnhof-21.de/
http://www.leben-in-stuttgart.de/
http://www.schwabenstreich.info/

И еден пример за разлика помеѓу web 2.0, градска политика и јавно мислење..

http://www.skyscrapercity.com/showthread.php?t=423315
http://en.wikipedia.org/wiki/Oosterweelconnection
http://www.europefront.com/news/961/the_lange_wapper_project_in_antwerpen.html

Originally posted by lslcrew

Малку повеќе ангажман бара работава од јавно цимолење.


И да.. Двапати годишно и не e така малку, сепак зад ова не стои цел државен апарат. И мислам дека да се нарече сето ова цимолење, а потоа да се каже дека и веб-акции немаат ефект не зборува за позитивен пристап.. Значи, само 3Д во висока резолуција те задоволува, а?





Edited by mladen_s - 24-Jan-2011 at 14:42
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #87 Posted: 24-Jan-2011 at 16:25
Originally posted by lslcrew

Се што се случило денес и сите што се најгласни за колку Скопје 2014 не чини, на збор демонстрираат дека безмалку работата им е земена, а на терен се што направиле било на ниво на рекреација, никаде да видиш дек суштински стварно некој им се умешал во фелата и толку ги заболело. Како двпати годишно идење на водно ми изгледат сите тие акции, па дури и штрајкот ај што беше во сред избори, па и во сабота беше. Малку повеќе ангажман бара работава од јавно цимолење.

А вакви акции со веб-ови не очекувам дека мое да имаат ефект зашто е видено некаде до странство и сег ај ќе копираме. Една група на фејсБ па пука како балон за два три дена, а не некој сајт што може да доведе до некакво движење. Ризикува да биде средство за насилено пуппање балон на незадоволство, а во суштина прво што ќе му се случи ќе добие етикета, секој ќе кликне на него од шала, не допира до широка маса, едноставно не е конвенционален начин на искажување незадоволство, барем тука не е.


А како е тогаш за тука? Па зарем не си ти првиот да го браниш народот кога ние другите велиме дека некои работи не се за нас?
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #88 Posted: 24-Jan-2011 at 16:37
Originally posted by mladen_s


Бидејќи се реторички прашања до сите членови, и во себе содржат добри препораки, нема да одговорам


Секако, не ми ни паѓа на памет да покажувам со прст кон ПАБ, за работи за еден многу подлабок општествен и сеприсутен проблем каде конформизмот е норма, иако на ниво на теорија противници и револуционери има на сите страни.



Ама ќе дадам пример за сеопфатно ангажирање, каде се употреби секоја можна мрежа за делување, со или без успех. Некогаш и www не е доволна

http://www.kopfbahnhof-21.de/
http://www.leben-in-stuttgart.de/
http://www.schwabenstreich.info/

И еден пример за разлика помеѓу web 2.0, градска политика и јавно мислење..

http://www.skyscrapercity.com/showthread.php?t=423315
http://en.wikipedia.org/wiki/Oosterweelconnection
http://www.europefront.com/news/961/the_lange_wapper_project_in_antwerpen.html


Се сложувам Младен, успехот не е загарантиран, што во никој случај не го намалува значењето на овие движења, инцијативи, мрежи итн... Се работи за континуирана битка која ќе мора да продолжи дури и кога вредностите и критериумите би си легнале на место. Примерите од погоре го потврдуваат тоа.


Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #89 Posted: 24-Jan-2011 at 17:50
Originally posted by pbanks

А како е тогаш за тука? Па зарем не си ти првиот да го браниш народот кога ние другите велиме дека некои работи не се за нас?
Па мене неми паѓа на памет да им забранам на оние што сакаат да прават страница да направат. Не ни ми доаѓаат идеи да им го моделирам туѓиот живот. За разлика од многу членови, условно речено од друга страна често си земаат за право да кажат на друг што е "градсо" што "селско", што "смее" што "несмее", што е "модерно" што "демоде", често читаме ставови што ден на ден покажуват колку не си толерантни ни да знаат да покажат разбирање, карши од она што се декларирале.

Народот ќе го бранам по дифолт, зашто народ по дифолт не е крив. Неможе од полнолетни граќани кои се однесуваат полнолетно и живеат во суверена држава да им кажете што смеат што не смеаат да сакаат. Крај крајева мнозински се одлучува, а борбата на идеи се сведува на борба да се изврши јавно влијание. Кој не знае така макар и да има којзнае колку добра идеја (макар што нема врвно тело да каже која е најдобра) ќе пропадне. Народ друга сака. бтв незнам зашто така често се случува поединсци да се дистанцираат од сами себе, од сопствен народ.

Многу го шириме мубетов, по трет пат ќе кажам, човекот ја кажал таа добра реченица зашто лесно се приметува ако малку се обсервира обштествово. Сите што стварнопрофесионално се загрижени за градот нека бидт спремни безматерјално да бидат поддржани без институционална поддржка нека се вложат. Срамота е што ниеден професионалец во ова не гледа златна шанса да се постави со контраидеја на еден ваков обемен проект. тежината на неговата идеја со самото тоа штое контра на еден голем проет е голема.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #90 Posted: 24-Jan-2011 at 20:20

Народот ќе го бранам по дифолт, зашто народ по дифолт не е крив. Неможе од полнолетни граќани кои се однесуваат полнолетно и живеат во суверена држава да им кажете што смеат што не смеаат да сакаат. Крај крајева мнозински се одлучува, а борбата на идеи се сведува на борба да се изврши јавно влијание. Кој не знае така макар и да има којзнае колку добра идеја (макар што нема врвно тело да каже која е најдобра) ќе пропадне. Народ друга сака. бтв незнам зашто така често се случува поединсци да се дистанцираат од сами себе, од сопствен народ.


Најнеразбирлива мисла за мене на сите времиња.

Мислам дека треба сериозно да си го преиспиташ разбирањето за демократијата која е многу повеќе од некаква резултанта на општонародна мудрост.


Многу го шириме мубетов, по трет пат ќе кажам, човекот ја кажал таа добра реченица зашто лесно се приметува ако малку се обсервира обштествово. Сите што стварнопрофесионално се загрижени за градот нека бидт спремни безматерјално да бидат поддржани без институционална поддржка нека се вложат. Срамота е што ниеден професионалец во ова не гледа златна шанса да се постави со контраидеја на еден ваков обемен проект. тежината на неговата идеја со самото тоа штое контра на еден голем проет е голема.


Навистина не ми е јасно како го замислуваш ова во едно капиталистичко општество каде трудот, времето чинат пари некој да црта цели проекти безматеријално. Се сложувам дека треба да има многу поголема иницијатива од страна на „фелата“, но не ми е јасен твојов концепт.

Искрено, муабетов многу ме потсеќа на некое сценарио каде некоја девојка е силувана, па сега ние дискутираме како девојката го испровоцирала силувачот и што се можела да направи за да не ја силуваат, но воопшто не обрнуваме внимание на силувачот и фактот дека сериски го повторува делото.
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #91 Posted: 25-Jan-2011 at 23:55
Да речиме дека е за тука: 



...



Edited by Max - 16-Jul-2011 at 22:08
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #92 Posted: 25-Jan-2011 at 23:57


ЗА ПОЛЕСНО ДВИЖЕЊЕ НИЗ ГРАДОТ
Промовирана 3Д - мапа на Скопје

Туристите што доаѓаат во посета на главниот град, од денеска ќе можат многу подобро да се снајдат во просторот со новата тридимензионална нацртана мапа за централното градско подрачје и за Старата чаршија.
Картата која ја изработи издавачката куќа „Љубовта е петтиот елемент“ нуди тридимензионален приказ на објектите и на локациите за посета во градот, на англиски и на македонски јазик. Во мапата се опфатени, од една страна, објектите од Универзалната сала до зградата на МРТВ и железничката станица, а од другата, потегот од „Театарот на народностите“ до „Мала станица“.
Освен карта за Скопје, издавачот истовремено во продажба ќе пушти и тридимензионална мапа за Охрид, а како дел од проектот ќе се изработат уште десетина вакви карти за неколку градови во Македонија.
- Со цртаната мапа на Скопје, градот добива една нова урбана димензија, каква ретко кој град во регионот може да се пофали дека има. Додека Охрид, богатството на светот, како што е наречен во водичот, станува повидлив на светската туристичка мапа. До крајот на идниот месец очекуваме да излезе и автомапа на Македонија, со преубав водич - вели Дртковски.
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=4&tabid=1&EditionID=2129&ArticleID=149025

сепак водичот на тримакс повеќе ми држи http://3maks.com/Countries/ItemView.aspx?qx=JXMq2R8QHNgGsFQuPhdLiVk%2Fs6yOaYF5izuGsAEIbVZZiFCgjHWsNBLNsQ9T6URo 



Edited by Max - 16-Jul-2011 at 22:52
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3646
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #93 Posted: 02-Mar-2011 at 15:00

Леорон груп од Дубаи ги награди најдобрите проекти во градежништвото во Македонија

Леорон груп од Дубаи компанијата која годинава за прв пат во Македонија го организира Саем за недвижности, ги додели наградите за најдобрите проекти во областа на градежништвото.

За Јавен проект на годината наградата ја доби ТАВ Македонија инаку концесионер на аеродромите. Инвеститор на годината според стручното жири е компанијата АДОРА. За еколошки проект, награда доби компанијата ВЕНС. Во областа на најдобар комерцијална градба наградата ја доби компанијата РЕМИС Луксури – за Хотел Парк. За најдобар проект, Леорон Груп додели награда на ДИАС Конструкција за станбен комплекс во Ново Лисиче и на Импексил Градн Престиж. Инаку Леорон груп на македонскиот пазар е присутна од минатата година. /K.K.
02.03.2011, 10:21
http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&egId=14&eventId=72037
Back to Top
leonid23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
БАНИРАН

Joined: 30-Nov-2009
Location: Strumitza
Online Status: Offline
Posts: 579
  Quote leonid23 Quote  Post ReplyReply #94 Posted: 31-Mar-2011 at 17:15
Конференција за урбанизмот и за архитектурата

Предавања, јавни интервјуа, панел-дискусии и изложба ќе се одржат утре во рамки на конференцијата „Поуки од модернизацијата“ во Културно-информативниот центар, во Салонот 19.19, со почеток во 17 часот

      
Манифестацијата ќе трае два дена и ќе има гости како од земјава така и од странство. Предавање и интервјуа ќе имаат познати архитекти и урбанисти, меѓу кои Ведран Мимица, директор на „Барлаг институтот“ од Холандија, Влатко Коробар од Архитектонскиот факултет во Скопје, Лукаш Станек од Институтот за историја и теорија на архитектурата од Швајцарија, Ѓорѓи Константиновски, Олга Папеш, Павел Балабанов.
Оваа конференција има за цел критички да ги анализира и да ги согледа квалитетите на постојните простори и структури и да истражи можности за креативни пристапи за нивно зачувување и ревитализација во поглед на културните вредности и одржливоста. Целта е да се укаже на новите практики во областа на архитектурата, урбанизмот и политиката на просторот, кои ја споделуваат блискоста со идеалите и прогресивните аспирации на историските модернизации, но воедно ги унапредуваат и ги актуализираат, за да може да се соочат со моментот на модерното време. Посебно внимание ќе биде посветено на современите концепти за јавен простор.

Конференцијата се одржува во рамките на двегодишниот проект „Недовршени модернизации - помеѓу утопијата и прагматизмот“ во кој активни истражувања имаа шест организации од Словенија („Траект“ и Уметничка галерија), Хрватска (Здружението на хрватски архитекти и Институтот за современа архитектура, Србија (Здружение на архитектите од Белград) и Македонија („Коалицијата за одржлив развој“).

Проектот е финансиски поддржан преку програмата „Култура 2007-2013“ од страна на Европската извршна агенција за образование, аудиовизуелна акција и култура.

http://novamakedonija.mk/NewsDetal.asp?vest=33111914464&id=14&prilog=0&setIzdanie=22245

Edited by leonid23 - 31-Mar-2011 at 17:16
Back to Top
se_manda View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2007
Online Status: Offline
Posts: 259
  Quote se_manda Quote  Post ReplyReply #95 Posted: 22-May-2011 at 14:13
Повеќе инфо на линкот...
http://www.skopjearchitectureweek.com/
Back to Top
build.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 216
  Quote build.mk Quote  Post ReplyReply #96 Posted: 23-May-2011 at 22:51

СКОПСКА НЕДЕЛА НА АРХИТЕКТУРАТА 2011






Во периодот од 1 до 5 јуни, под тема „Суперград“, ќе се одржи „Скопска недела на Архитектурата 2011“, проект со четиригодишен континуитет. Фестивалот претставува собирање на реномирани светски архитекти, со цел светската современа архитектонска мисла да биде соодветно пренесена и во Македонија. Целната група не е ограничена само на архитектонската фела, туку фестивалот е наменет за сите граѓани.

Во претходните три изданија (Форум Скопје), акцент беше даден на современиот дух на Западна Европа и Северна Америка. Оваа година генералната тема на фестивалот ќе биде „Суперград“. Супер град гледан во социо – културолошки контекст односно како мега структура која не носи со себе само структурални импликации, туку разработува социо – филозофски контексти. Градот е на грашаните и соодветно пулсира под налетот на различните енергии кои секојдневно го менуваат ткивото на суперградот. Каде и како се опипуваат овие импликации во Европа и Светот денеска? „Скопска недела на Архитектурата 2011“ се обидува да ги избрише границите помеѓу гео – социолошкиот диверзитет на поимања на работите и процесите во архитектониката на градот.

Бројни експерти на полето на архитектурата, дизајнот, урбанизмот и социјологијата од целиот Свет, ќе држат предавања во три целодневни сесии. Се очекуваат преку 40 предавачи од Германија, Австрија, Хрватска, Латвија, Естонија, Белгија, Србија, Албанија, Косово, Унгарија, Италија, Грција, Бугарија, Чешка и Македонија. Фестивалот вклучува и изложби, дебати, студентски работилници, филмска и музичка програма, како и специјални гости.

Настанот ќе се одржува во просториите на Домот на АРМ како и на платото пред Домот на АРМ, каде ќе биде поставен игло – шатор за 300 лица, кој ќе служи како лонж бар, место за одмор, место каде ќе се собираат странските гости и место кое ќе биде главен „лендмарк“ на Скопје помеѓу 1 и 5 јуни.



За подетални информации посетете го сајтот:
http://skopjearchitectureweek.com



Програма:






http://www.build.mk/?p=7819

Back to Top
build.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 216
  Quote build.mk Quote  Post ReplyReply #97 Posted: 19-Jun-2011 at 22:07
Архитектонско разубавување на запуштени објекти низ земјава

Изминатава недела во Скопје се оддржа изложбата „Подмладување“ која понуди идеи за архитектонски интервенции врз стари објекти во Скопје и на неколку локации низ Македонија. Во културниот центар „Креатив“ (поранешна ЦК) беа изложени решенијата за обновување на некогашната фабрика за сапун „Цветан Димов“ и станбениот блок Железничка колонија во Скопје, хотелот „Палас“ во Охрид, фабриката „Илинденка“ во Крушево, комплексот Кале во Кичево, средновековните кули во Кратово, традиционалните куќи во село Јанче и урбано мобилната архитектура Скопје – Велес – Битола – Гевгелија.

Јане Стојаноски, еден од организаторите на изложбата и автор на проектот за хотел „Палас“ Охрид, е презадоволен од самата изложба, за која смета дека понуди интервенции кои покажуваат интересни гледишта. „За повеќето од овие згради како јавност мислиме дека е потребен динамит или булдожер. Идејата е да се заживеат објектите“, вели архитектот Стојаноски.

Од изработените респектабилни проекти, за главниот град од особен интерес е идејата на Ана Велинова и Илина Илкоска за претворање на некогашната фабрика „Цветан Димов“ во мултимедијален уметнички центар, во чиј склоп би влегле библиотека, изложбен хол, кафетерија, работилници, повеќенаменска сала, сала за проекции, компјутерски центар, а решението предвидува и „зелен“ кров за сегашната напуштена фабрика. Архитектките Јорданка Коцева и Дана Јовановска понудија план за разубавување на познатата Зграда на железничарите, за која истите предвидуваат слободностоечки надворешни скали, повеќенаменска сала и обновување на фасадата. Авторот Јане Стојаноски се претстави со идејата за реконструкција на напуштениот охридски хотел „Палас“ во репрезентативно хотелско здание со нова конгресна сала и спа – центар.

На изложбата беше присутно и решението на архитектките Марија Милошевска и Весна Митаноска, кои на некогашната фабрика за јамболии „Илинденка“ од Крушево и дадоа нова функција на младински хостел. „Младинскиот хостел е на прекрасна локација. Објектот е на 20 – тина метри од музејскиот комплекс посветен на Тоше Проески“, ни изјави Весна Митаноска, една од креаторките на проектот. Младата архитектка истакнува дека индустриските објекти во странските држави често се користат како младински објекти.

Уникатните концепти на младите архитекти се придружени со рационално селектирани функции на напуштените објекти. Доволен показател за тоа е фактот што Кисела Вода е општина во која нема мултимедијален уметнички центар, додека Крушево, иако претставува еден од главните туристички центри во земјава, сепак нема ниту еден хостел. Функционалните потреби на околината се бравурозно склопени во архитектонска идеја, за што сите автори заслужуваат искрена пофалба.

Делата на Невенка Манчева, Ивана Миронска, Александар Рајчевски, Јане Стојаноски, Кристина Милеска, Соња Касапоска, Весна Митаноска, Марија Милошевска, Јорданка Коцева, Дана Јовановска, Илина Лалкова, Катерина Карага, Анита Ристова, Ана Велинова и Илина Илкоска по завршувањето на изложбата се достапни на пошироката јавност преку интернет – порталот создаден специјално за изложбата „Подмладување“.



1


2


3


4


5




http://www.build.mk/?p=8199
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7346
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #98 Posted: 20-Jun-2011 at 01:19
потпис на ваквата иницијатива, тоа е тоа што се бара во Македонија  Applause
прв пат ми е да се импресионирам од недетални проекти, сеуште фо фаза на идеја Big%20smile
особено ми се допаѓа фактот што им нашле соодветна функција на објектите, кои ќе покренат низа активности за развој во други сфери
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #99 Posted: 20-Jun-2011 at 02:14
Па тоа е тоа што овие архитект имораше да го направат многу порано. И во други нишки имам споменато дека архитектите мораше веднаш по Скопје 2014 да излезеа со свои предлози, идеи, замисли. Само вака толку озборуваната јавност може да види во кој смер оди македонската архитектура гледана низ очите на оние кои неа треба да ја проектираат. Само тука не треба да се сопре. Треба да се оди на ниво погоре, односно на некоја јавна површина да се претстават нови проекти, нешто што мислам имаше во Музеј на град Скопје. Ме радува тоа што дел од архитектонската фела сепак не спие.
Back to Top
theMac3donian View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 30-Mar-2010
Online Status: Offline
Posts: 306
  Quote theMac3donian Quote  Post ReplyReply #100 Posted: 20-Jun-2011 at 06:44
Ми фати око https://sites.google.com/site/podmladuvanje/home/ucesnici/URBANO%20MOBILNA%20ARHITEKURA%20Mode.jpg?attredirects=0

А и идеата за кратово каде рушената кула не се обновува во камен, туку и се додава стакло. Навистина добар спој и мислам дека ако се реставрира се во оргиналниот сјај, само ова така да одскокнува. Ем ќе дава до знаење дека сепак постои забот на времето, но сепак не е запоставена рушената кула. (се разбира ако истата нема некоја голема значајна вредност, па мора да се реставрира како што била). Некои од кулите се со преамбициозни содржини ама мислам дека проектот совршено би се вклопил со целосна реставрација на градот.


Edited by theMac3donian - 20-Jun-2011 at 06:47
(НУ)МНМБЗДИСМНВИМНЖНКР
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 34567>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.140 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.