build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Железници
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Железнички станици

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2829303132 39>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #581 Posted: 24-Sep-2015 at 18:35
Сликите се од Владимир

поздрав ако чита
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #582 Posted: 25-Sep-2015 at 07:31
ФОТО ВЕСТ: Во полн сјај блесна реконструираната Железничка станица во Скопје

За десетина денови целосно ќе заврши реконструкцијата на Железничката станица во Скопје. На лице место може да се увиди дека е завршена санацијата на сите шест перони, поставени се новите лифтови и ескалатори, променети се влезните врати, реконструирани се сите станични тоалети, а нов лик доби и чекалната. Во рамки на зданието е поставен нов противпожарен систем, целосно е санирана инсталацијата, меѓу кои електриката и климатизацијата. Покривната конструкција на објектот е офарбана, а воедно треба да се постават фотонапонски панели на покривот од кои делумно ќе се произведува потребната електрична енергија за станицата.

Според денешната слика на градилиштето, она што во претстојниот период треба да се доврши е реконструкцијата на билетарата, но и поставувањето на нови информативни табли за возниот ред на возовите. Комплексниот зафат треба да заврши со целосно чистење на железничката станица, по што објектот е предвидено да биде пуштен во употреба. Очекувањата се дека свеченото отворање ќе се организира наредниот месец.

Реконструкцијата на Железничката станица во Скопје доцни веќе шест месеци. Градежниот зафат започна во април 2014 година, кога беше најавено дека истиот ќе заврши во рок од една година. За оформување на новиот лик на маркантниот објект беа издвоени 2,5 милиони евра, од кои 85% се обезбедија од ИПА фондовите на Европската унија. На терен работите ги изведуваа фирмите „Инком Инженеринг“, „Бонор Инженеринг“ и „Глобоцки“, додека надзорот на градежните активности го вршеше италијанската компанија „АРС Проџети“ (ARS Progetti SpA).

Проектната документација за реализираниот реконструктивен зафат ја изработи холандската фирма „Гронтмеј“ (Grontmij), врз основа на изворното идејно решение на славниот јапонски архитект Кензо Танге. При овој зафат беа санирани единствено просториите на Железничката станица во Скопје. Останатите сегменти на Транспортниот центар, како што е: главната пошта, административните простории на МЖ-Транспорт и театарската сала, ќе чекаат некои подобри времиња за изведба на некој друг реконструктивен зафат.

1.


2.


3.


4.


5.


6.


7.


8.
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #583 Posted: 25-Sep-2015 at 07:33
9.


10.


11.


12.


13.


14.


15.


16.


http://www.build.mk/?p=46390
Back to Top
stratus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Aug-2010
Location: Bitola/Skopje
Online Status: Offline
Posts: 717
  Quote stratus Quote  Post ReplyReply #584 Posted: 25-Sep-2015 at 10:33
Со оглед на малите предвидени средства за реконструкција мислам дека мора да бидеме задоволни од конечниот изглед.

Како што гледам на сл.14 не го одстраниле целосно казинотo?

Каква е таа „театарска сала“?

Edited by stratus - 25-Sep-2015 at 10:46
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 539
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #585 Posted: 25-Sep-2015 at 12:37
Треба покривот да го исчистат и да ги отстранат античките часовници. Може и на бетонските структури на платформата да стават некоја заштитна боја. Другото изгледа ок.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #586 Posted: 25-Sep-2015 at 22:44
се е супер, ама пак е испозаграден просторот кој и онака е мал и не личи на железничка станица... тоа горе терасичето измеѓу двете скалила, кај што беше инсомниа, пак го заградиле... што ќе има таму?
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12256
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #587 Posted: 26-Sep-2015 at 17:20
Нова тура фотографии од емагазин.мк...













http://emagazin.mk/vesti/vest/13190
За сè има вторпат
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4473
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #588 Posted: 26-Sep-2015 at 18:26
Очекував нови електронски дисплеи, или барем нови (и повеќе) клупи на пероните. Си викам не барам многу.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12256
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #589 Posted: 26-Sep-2015 at 18:40
Уште не е завршена реконструкцијата, така што можно е подоцна да стават. За клупи зборам, електронски дисплеи се веќе научна фантастика.
За сè има вторпат
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1309
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #590 Posted: 26-Sep-2015 at 19:23
Над шалтерите гледам некои жици извадени, па си викам можно е да стават некој дисплеј таму.

Edited by ovaj_stariov - 26-Sep-2015 at 19:23
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
marfimk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-Feb-2012
Online Status: Offline
Posts: 118
  Quote marfimk Quote  Post ReplyReply #591 Posted: 26-Sep-2015 at 19:58
Не дека мора, ама можеби би било добро на белите ѕидови над билетарницата или над ескалаторите и сл. да постават некои панели/слики со мотиви од историјата на македонски железници ... колку да не биде толку ..празен просторот. А дека има и работи кои треба да се досредат, има ... би било добро да се продолжи и полукружниот свод... да не биде само над неколку перони.
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #592 Posted: 26-Sep-2015 at 20:41
Previous
 
Ќе мораат да стават засилено стакло пред сликите, од кое ќе може лесно да се бришат, односно отстрануваат графитите и останатите симболи и синоними на македонската општонародна култура. 
 
Originally posted by Џоле

Уште не е завршена реконструкцијата, така што можно е подоцна да стават. За клупи зборам, електронски дисплеи се веќе научна фантастика.

 
Хехе, како не разбираш Џоле дека има стратегија позади непоставувањето на електронските дисплеи.
 
Одговорот го имаш во сликата со осветлениот рекламен знак на фризерот, кој сепак треба да заработи нешто од целата обнова. Белким ќе залута некој патник кој не знае кој воз кога доаѓа и кога тргнува, па ќе му текне во меѓувреме да се потстрижи.
 
Не изградивме железничка пруга од Кичево кон Струга и Охрид за да го спасиме Галеб, а сега не поставуваме електронски дисплеи за да му направиме добар бизнис на фризерот. Bash
 
Originally posted by Џоле


 



Edited by Dexter26 - 27-Sep-2015 at 14:12
Back to Top
mon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Dec-2009
Location: Europa
Online Status: Offline
Posts: 665
  Quote mon Quote  Post ReplyReply #593 Posted: 27-Sep-2015 at 07:23
Originally posted by Dexter26

...Не изградивме железничка пруга од Кичево кон Струга и Охрид...

...а 600 милиметарската пруга ја искорнаа!

Можеа барем неа да ја остават, денес ќе беше голема туристичка атракција како онаа на Швеѓаните;
билетите им чинат од 9 до 35 евра во зависност од тоа каков билет се купува!

Mariefreds 600mm Järnvägsmuseum

.
Železničko modelarstvo:
Makedonija: http://outmacedonia.blogspot.se
ex-YU: http://malezeljeznice.net
Back to Top
СК View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 02-Feb-2014
Location: СКопје
Online Status: Offline
Posts: 106
  Quote СК Quote  Post ReplyReply #594 Posted: 27-Sep-2015 at 11:40
реконструкцијава шо ја напраија е на ниво коа ќе ја потсредиш гаражата дома, ќе смениш конечно сијалица онде кај зимницата, и ќе стаиш уше некоја полица за тој новиот алат шо ти го донесе Перо...... е тоа е напраено.... се шинаа.....
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 676
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #595 Posted: 27-Sep-2015 at 14:27
Со оглед на буџетот, доста задоволен сум од реконструкцијата. Не е супер, далеку е од модерно, ама барем не изгледа мизерно. Имам само едно забелешка и тоа голема. Вчера поминував, па реков да видам со мои очи што се направило. Повторно капеше, кровот имаше прокиснато. Џабе новите панели на кровот, џабе бојосувањето, кога прокиснувањето не е решено. Не можев да си поверував кога видов дамки на кровот од вода.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1504
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #596 Posted: 27-Sep-2015 at 19:39
Со оглед на буџетот?! А за тркало има 19 милиони
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #597 Posted: 27-Sep-2015 at 20:38
Previous
 
И студентскиот дом Гоце Делчев активно се обновува - согласно со буџетот на располагање за таквата цел - само што студентите намерно и свесно се прават ќорави, а изгледа и тоа што сеуште не мувлосало и не завршило на земја, го уништуваат за да ги задоволат своите провинциски малоумни хирови.
 
Ако има барем милиграм вистина во ова што досега го спомнав, нека ме части некој Bash по глава.
 
Но затоа, за панорамско тркало ги има 19 милиони евра, па и 190 милиони ќе ги има ако треба.
 
Ние сме дале, и ќе дадеме и ќе наддадеме ако треба, ама има право синот...
 

Back to Top
MIKI1 View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Jan-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 294
  Quote MIKI1 Quote  Post ReplyReply #598 Posted: 28-Sep-2015 at 11:15
Originally posted by Staro Skopje

Со оглед на буџетот?! А за тркало има 19 милиони


И не само то‘!

Железничката е (делумно) реконструирана со позајмени пари (кредит), а тркалото идиотско се гради со буџетски!

Логика...Nuts
Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: Brisbane
Online Status: Offline
Posts: 816
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #599 Posted: 29-Sep-2015 at 04:20
Originally posted by MIKI1


Originally posted by Staro Skopje

Со оглед на буџетот?! А за тркало има 19 милиони
И не само то‘!Железничката е (делумно) реконструирана со позајмени пари (кредит), а тркалото идиотско се гради со буџетски!Логика...Nuts


Тоа е зошто никој нема да ти даде кредит за нешто што нема да биде од практична корист на населението или нема да носи профит.
Back to Top
Могли View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 21-Apr-2015
Location: Битола
Online Status: Offline
Posts: 70
  Quote Могли Quote  Post ReplyReply #600 Posted: 29-Sep-2015 at 22:40
"Во втората фаза на перонот ќе бидат поставени и видеотабли за информации. За побрза услуга за патниците, ќе бидат поставени и два апарата за издавање карти."
http://republika.mk/?p=489046

Ајде баш да видиме
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2829303132 39>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.172 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.