build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Железници
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Железници (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 65>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7476
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Железници (општо)
    Posted: 13-Nov-2020 at 14:26


https://twitter.com/meta_agency/
Back to Top
FT View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Jun-2010
Location: Kocani
Online Status: Offline
Posts: 385
  Quote FT Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 18-Oct-2020 at 17:25
Сите власти во Македонија досега треба да бидат обвинети и гонети за систематско уништување на железничкиот сообраќај.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7476
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 18-Oct-2020 at 12:24
РЕПОРТАЖА: Црно ѝ се пишува на пругата Велес-Кочани по завршувањето на новите патишта на Истокот

состојба со железничка станица Кочани





железничка станица Овче Поле





железничка станица Штип







состојба со пругата Велес-Кочани








Од Скопје до Штип со автомобил се стасува за 45 минути по новиот автопат којшто лани беше пуштен во употреба. Наредната година ќе биде отворен целосно за сообраќај и експресниот пат Штип-Кочани, по кој меѓу главниот град и Кочани ќе може да се стигнува за помалку еден и пол час. Источниот дел од Македонија како никогаш досега се гради во делот на патната инфраструктура, со три експресни патишта кои во моментов истовремено се изведуваат. Покрај меѓусебната поврзаност на градовите, оваа патна инфраструктура ќе овозможи за два до три пати побрзо да се патува меѓу Скопје и градовите од Истокот во споредба со минатото.

Сепак, вистинското прашање којшто ретко кој си го поставува од државните власти, а и голем дел од граѓаните, е што ќе се случува со железничката инфраструктура во Источна Македонија. За помалку од три години, единствената пруга во овој дел од земјата – делницата Велес-Кочани ќе прослави еден век од почетокот на нејзината изградба. Сите стравови на железничарите, а и на малкуте патници кои останаа да го користат возот како превозно средство, се насочени кон тоа дека новите инвестиции во патиштата и недостигот на било какво вложување во железничката инфраструктура ќе значат дефинитивно затворање за сообраќај на пругата Велес-Кочани.

„Мета.мк“ изврши обиколка на пругата Велес-Кочани, која според податоците на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ, е долга 85,5 километри. На оваа железничка делница сообраќа само еден воз дневно, кој од Скопје за Кочани поаѓа во 15:24 часот. Во обратен правец возот поаѓа секој ден во 5:26 часот од Кочани.

Наместо со воз, обиколката на кочанската пруга се одлучивме да ја направиме со автомобил. Поради фактот што сообраќа само еден воз дневно, ќе бевме принудени да преспиеме во Кочани само за да ја изработиме оваа репортажа. Исто така, времето за патување во еден правец е 2 часа и 50 минути според актуелниот возен ред на Железници на РСМ-Транспорт, што е еквивалентно на времето потребно за патување со автомобил во двата правци по новиот автопат.

И се чини дека веднаш на наш грб ја почувствувавме главната причина поради која патниците од Кочани, Штип, Велес и другите населени места го одбегнуваат возот како превозно средство. Патничките возови сообраќаат само еднаш дневно и со нив се патува многу побавно во споредба со патувањето со автомобил.

Според податоците на Државниот завод за статистика, лани од кочанската железничка станица отпатувале само 2.000 патници, додека од Штип 3.000 патници. Во Свети Николе возот не го користел ниту еден патник, со што оваа пруга е најнерентабилна во земјава. Уште полоша е состојбата во товарниот железнички сообраќај, при што во 2019 година не бил истоварен или натоварен ниту еден тон стока од овие железнички станици.

Застанувајќи на нашата прва дестинација – железничката станица „Овче Поле“, можеме да ги забележиме причините поради кои и граѓаните и компаниите ја избегнуваат од било какво користење пругата Велес-Кочани. Станицата „Овче Поле“ се наоѓа на дури 10 километри од Свети Николе. Зградата денеска е целосно напуштена, а целата нејзина околина изгледа како да се наоѓате во забранетата зона во Чернобил.

Високи треви и грмушки ги окупирале платото и влезните врати пред станицата, стаклото од прозорците и вратите е одамна искршено, додека станицата не е осветлена. Единствено една трошна дрвена клупа пред станицата им дава знак на патниците дека можат да седнат на неа, чекајќи го возот. Кровот на станицата почнал да пропаѓа, некогашната чешма за вода е затворена, а отстранети се и рампите на патниот премин што се наоѓа веднаш до станицата. Во ноќни услови, оваа железничка станица може да послужи како идеална локација единствено за снимање на хорор филм.

Малкумина знаат дека станицата „Овче Поле“, заедно со оние во Кочани и Штип, се најубави железнички објекти во земјава, кои биле проектирани од славниот белградски архитект Петар Гачиќ во 20-ите години од минатиот век. Изградбата на железничката пруга Велес-Кочани започнала на 1 ноември 1923 година, а заедно со неа и изведбата на раскошните железнички згради, кои денеска се запуштени и оставени на забот на времето. Од вкупно шест железнички станици, на оваа пруга денеска се отворени за патници само две – во Кочани и Штип.

Во кочанската и штипската станица живеат неколку железнички семејства, кои се обидуваат барем на минимум да ги одржуваат железничките станици. Сепак, и во овие објекти може да се забележи дека делови од фасадата се паднати, додека вратите и прозорците на станицата се искршени. Внатрешните простории се ишкртани со графити, а прашање е кога за последен пат се темелно исчистени железничките станици во Штип и Кочани.

Тажната слика од станиците целосно се пресликува и на самата пруга, која што официјално била пуштена во сообраќај на 25 август во далечната 1926 година. Свртниците за шините, рампите на железничките премини, шајките на дрвените прагови и самите шини се стари повеќе од половина век. На шајките заковани во дрвените прагови на пругата може да се забележат годините 1960, 1962, 1968 година, што всушност ја покажува годината кога последен пат била реконструирана пругата Велес-Кочани.

Според официјалните документи на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура, максималната брзина на движење на пругата Велес-Кочани е 50 километри на час. На влезот во кочанската железничка станица забележавме знак за ограничување на брзината на движење на само 30 километри на час. Дека состојбата е многу лоша со самата железничка инфраструктура, покажуваат возните редови денес во споредба со минатото.

Меѓу Скопје и Кочани, патничкиот воз денеска патува од 2 часа и 50 до 2 часа и 55 минути, според актуелните податоци достапни на веб-страницата на Железници на РСМ-Транспорт. Возниот ред од 1995 година покажува дека возот истата релација ја минувал за период од 2 часа и 25 минути до 2 часа и 33 минути, односно за речиси половина час пократко од денес. За разлика од ова, по новиот автопат Миладиновци-Штип се патува со 130 километри на час, додека кога ќе биде завршен догодина, по експресниот пат Штип-Кочани ќе се вози со 110 километри на час.

Според актуелните податоци на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура, пругата Велес-Кочани спаѓа во најниската категорија на пругите (Б-2), со тежина по оска од 18 тони, додека тежината по должен метар е 6,4 тони. Колку за споредба, главната пруга од Табановце до Гевгелија на Коридорот 10 е со тежина по оска 22,5 тони, додека тежина по должен метар е 8 тони. Како резултат на ова, при организирање на товарен воз, железничкото претпријатие треба да внимава колкаво количество на стока и со колку товарни вагони може да организира една композиција по оваа пруга.

Железничките работници кои ги сретнавме долж нашата обиколка на пругата Велес-Кочани не сакаа да коментираат за состојбата во која се наоѓа оваа делница. Историските факти говорат дека железничкото претпријатие во 2004 година еднаш веќе ја затвори за патнички сообраќај пругата Велес-Кочани, а возовите беа повторно пуштени во сообраќај три години подоцна. Стравувањата се дека идентичен потег за затворање на пругата би можел да се донесе набрзо, но овој пат прекинот на железничкиот сообраќај да биде траен.

Освен посетители-авантуристи по нови неоткриени локации, се чини дека пругата Велес-Кочани денеска не е предмет на интерес на ниту еден друг субјект во државава. Јавното претпријатие за железничка инфраструктура нема средства, а Министерството за транспорт и врски нема ниту план за инвестирање во целосна обнова на пругата и во реконструкција на преубавите железнички згради долж неа. Единствено со вложување на позначајни финансиски средства, пругата Велес-Кочани би го вратила стариот сјај, со станици полни со патници и компании кои би стекнале доверба за превоз на товар со воз.

https://meta.mk/reportazha-czrno-ѝ-se-pishuva-na-prugata-veles-kochani-po-zavrshuvanjeto-na-novite-patishta-na-istokot/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7476
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 17-Oct-2020 at 16:33
„МЖ ТРАНСПОРТ“ НА ПРОДАЖБА, 2 МИЛИОНИ ЕВРА ЗАГУБА ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ



https://24.mk/details/mzh-transport-na-prodazhba-2-milioni-evra-zaguba-za-shest-meseci
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7476
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 08-Oct-2020 at 11:34
Европската комисија не гледа напредок во реформите во транспортот, железницата со најмногу критики

Извештајот за напредокот на нашата земја за 2020 година на Европската комисија (ЕК) е преполн со критики во областа на транспортот. И покрај тоа што е наведено дека Северна Македонија е умерено подготвена во оваа област“, веднаш потоа во Извештајот се наведува дека потребна е зголема политичка посветеност за да се испорачаат неопходните секторски реформи во транспортот и да се зајакне административниот и оперативен капацитет за сите видови транспорт.

„Нема напредок во исполнувањето на клучните реформи во секторот и препораките за 2019 година остануваат валидни“, јасно се наведува во Извештајот на ЕК за нашата земја.

ЕК бара од Северна Македонија нареднава година да се зајакнат инспекциските тела од областа на транспортот во насока на создавање на капацитет со кој ќе се намалат жртвите во патната и железничката инфраструктура, да ги имплементира реформите во железничкиот сектор и да го отвори железничкиот транспортен пазар за влез на нови компании, како и да ја усвои законската регулатива за Интелигентниот транспортен систем (ИТС) и за комбинираниот (мултимодален) транспорт.

Железничкиот сектор во земјава треба да биде трансформиран, а Европската комисија забележува на отсуството на одвојувањето на патничкиот од товарниот железнички сообраќај кај единствената компанија за железнички превоз во земјава – Железници на РСМ-Транспорт.

„Не беше постигнат напредок во отворањето на железничкиот пазар на Коридорот Ориент-Источен Медитеран“, се наведува во Извештајот на ЕК.

Професорот Зоран Кракутовски од Градежниот факултет при УКИМ за „Мета.мк“ посочува дека од нашите влади уште од одамна се бара да спроведат либерализација во железничкиот транспорт. Либерализацијата на транспортниот сегмент во железницата е неминовност и треба сериозно и час поскоро да се реализира, вели тој.

„Пред десетина години тогашните транспортни политики даваа објаснување дека железничкиот транспорт, односно АД Македонски железници – Транспорт, е со слаба материјална опременост и дека на пазарот на транспортни услуги ќе биде тешко истата да се прилагоди. Но, од тогаш до денес во период од 10 години малку се направи да ова акционерско друштво (АД) со доминантна државна сопственост ги преброди наследените проблеми од претходната организираност на железничката компанија и да тргне во конкурентски натпревар на пазарот на транспортни услуги“, наведува професорот Кракутовски.

Тој додава дека состојбата со државниот железнички оператор во земјава уште повеќе ќе се влошува доколку не се превземе либерализација на овој сектор со користење на најдобрите искуства од странство.

„Мета.мк“ веќе во неколку наврати пишуваше поопширно за монополот што го има Железници на РСМ-Транспорт во земјава, коешто е единствено претпријатие што сообраќа по македонските пруги. Како резултат на тоа, максималниот капацитет на движење на возови на железничката инфраструктура останува неискористен, македонските компании го користат патниот превоз за транспорт на стоките, додека државата трпи финансиски загуби поради тоа што сите пруги, и без движењето на максимален број на возови по нив, е должна да ги одржува во функција.

Министерството за транспорт и врски на почетокот на изминатово лето во изјава за „Мета.мк“ потврдија дека е изготвена Студијата за бизнис сегментација на Железници на РСМ-Транспорт, која ги понудила моделите за идно преструктурирање на државното железничко транспортно претпријатие, а владата беше следна на потег за да пресече кој модел ќе го избере за спроведување на реформите. Сепак, кога пред две недели од „Мета.мк“ го прашавме ова министерство до каде е донесувањето на ваквата одлука, од нив не добивме одговор на ова прашање.

Инаку, Извештајот на Европската комисија потсетува и дека Договорот за прекугранична железничка соработка со Грција не е потпишан, додека оној со Косово треба во целост да се спроведе. Посебно тело за независно истражување на железничките несреќи во земјава сѐ уште не е формирано. Во делот на комбинираниот транспорт, ЕК укажува дека е потребен напредок за основање на мултимодален јазол во близина на Скопје, на локацијата на постојната товарна железничка станица во Трубарево, како и за усвојување на европското законодавство во делот на функционирањето на комбинираниот транспорт.

Во однос на патниот сообраќај, најмногу критики се упатени токму на постојните капацитети што ги има Државниот инспекторат за транспорт, за што „Мета.мк“ веќе пишуваше посебна тема минатиот месец. Во Извештајот за напредокот на нашата земја, ЕК бара да се оформи национален систем за континуирано прибирање на податоци за сообраќајните несреќи, додека државата треба да го прилагоди македонското законодавство на ЕУ Директивата за Интелигентен транспортен систем.

https://meta.mk/evropskata-komisija-ne-gleda-napredok-vo-reformite-vo-transportot-zhelezniczata-so-najmnogu-kritiki/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13221
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 25-Sep-2020 at 10:02


од фејсбук
За сè има вторпат
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1137
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 05-Sep-2020 at 19:00
Сериозна компанија секогаш би имала резерва.Толку.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7476
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 04-Sep-2020 at 12:42
ПО 40 ДЕНА ПОПРАВКА НА ЛОКОМОТИВАТА, ТРГНА ВОЗОТ ЗА КОЧАНИ И ЗАДОЦНИ 40 МИНУТИ САМО ДО ВЕЛЕС

По повеќе од еден месец, продолжи да вози патничкиот воз од Скопје за Кочани и обратно. Возот е пуштен во сообраќај средата попладне, информираа од ЈП МЖ Инфраструктура. По возен ред, возот од Скопје тргнува во 15,24 а од Кочани во 5,26 ч.

„Локомотивата е поправена и патничкиот воз повторно сообраќа, според важечкиот возен ред“, соопштија од ЈП МЖ Инфраструктура.

Вториот ден откако сообраќа овој воз, вчера (четврток), иако требаше да стигне по возен ред на железничката станица Велес во 16,20 дојде во 17 часот, или за 60 минути патување, доцнеше 40 минути.

Патничкиот воз од и за Кочани, беше надвор од функција, оти на 22 јули утрото, локомотивата излета од шините, на приодот на железничка станица Јане Сандански, во правец од Велес. При тоа освен материјална штета, немаше повредени меѓу дваесетте патници и возниот персонал кои се наоѓаа во него.

Поправката на дизел локомотивата траеше повеќе од 40 дена, колку што време не сообраќаше патничкиот воз за Кочани. Од Македонски железници, чија заедничка комисија од АД Транспорт и од ЈП Инфраструктура извршија увид на местото, сè уште не ја соопштуваат причината зошто излета локомотивата, иако меѓу вработените се зборува дека е поради тоа што некој украл дел од металните навртки на пругата и ја оштетил, по што ги довел во опасност животите на патниците во возот.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/po-40-dena-popravka-na-lokomotivata-trgna-vozot-za-kochani-i-zadotsni-40-minuti-samo-do-veles/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7476
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 12-Aug-2020 at 10:25
ЧЕТИРИ ДЕНА НЕ РАБОТАТ ЖЕЛЕЗНИЧКИТЕ РАМПИ ВО ВЕЛЕС ОТИ НЕВРЕМЕТО ГО ОШТЕТИ БЕЗБЕДНОСНИОТ КАБЕЛ

Четврти ден не работат сигурносните рампи на железничките премини во Велес поради оштетениот железнички кабел во невремето. Тоа го отежнува патничкиот сообраќај низ градот, каде има дури четири железнички премини, од кои три се на електроника. Ова нефункционирање создава долги колони возила во централното градско подрачје, поради бавното минување на возовите. Тоа пак ја зголемува нервозата кај возачите и патниците во автомобилите.

„Од силното невреме кое го зафати регионот во саботата вечер, оштетен е безбедносниот кабел на пругата Велес- Згрополци. Поради тоа што местото каде се случи оштетувањето беше под вода, работите се одвиваа отежнато. Ископан е ров од стотина метри и се работи на поставување на нов кабел во должина од 120 метри, кој ќе биде поврзан со стариот“, велат од Македонски железници (МЖ)-Инфраструктура.

Тие очекуваат дека до доцна попладнево, ќе биде поставен кабелот, а со тоа безбедносните железнички рампи ќе функционираат и најавуваат нормализирање на железничкиот сообраќај. Низ Велес секојдневно минуваат четири патнички воза од и за Гевгелија и повеќе товарни возови, по што гужвата во сообраќајот од нивното проаѓање и бавното возење се расчистува и по 10-15 минути.

Во вакви случаи кога рампите не функционираат, според прописите на МЖ, машиновозачите на возовите се должни пред премините да сопрат, со звучно сигнализирање на возот и излегување на машиновозачот од возот кај премините, да ги предупредат возачите и минувачите кои сакаат да ја преминат пругата на овие премини, по што со бавно возење продолжуваат натаму.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/chetiri-dena-ne-rabotat-zheleznichkite-rampi-vo-veles-oti-nevremeto-go-oshteti-bezbednosniot-kabel/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7476
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 07-Aug-2020 at 14:41
ВОЗОТ ЗА КОЧАНИ ДВЕ НЕДЕЛИ НЕ СООБРАЌА, ЛОКОМОТИВАТА КОЈА ИЗЛЕТА УШТЕ НЕ Е ПОПРАВЕНА

Ниту после 16 дена не е пуштен во сообраќај патничкиот воз од и за Кочани. Откако на 22 јули утрото, патничкиот воз излета близу железничката станица Јане Сандански, тој не сообраќа. За ваквата состојба реагираа патниците од Кочани и Штип, кои возот го користеа за патување до Скопје, а попладне за враќање дома. Од ЈП МЖ Инфраструктура велат дека причината е што дизел локомотивата сè уште е на поправка.

„Има недостиг на превозни средства, и додека не се поправи локомотивата, нема можност да се пушти друга во сообраќај. Сè додека е на поправка, патничкиот железнички сообраќајка ќе биде во прекин. Кога ќе се оспособи веднаш ќе продолжи сообраќајот“, изјавија од ЈП МЖ Инфраструктура.

Патничкиот воз од Кочани, кој утрото патувал за Скопје, засега од сè уште неутврдени причини излета од пругата и удри во метален електричен столб. Повредени патници и возен персонал немаше.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/vozot-za-kochani-dve-nedeli-ne-soobraka-lokomotivata-koja-izleta-ushte-ne-e-popravena/
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Online
Posts: 4791
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 04-Aug-2020 at 18:30
Грција е примарно поврзана на оска север-југ, и патничкиот железнички сообраќај помеѓу Солун и Атина е на доста завидно ниво, но меѓународно освен со Бугарија реално нема никаков интерес. Пругата за Истанбул е ненормално непрактична поради рутата, и употреблива единствено за патници од и до северна Грција (во услови кога има евтини летови од Атина и Солун, и многу побрзи автобуси од цела северна Грција до Истанбул), додека пак врската со нас има многу поголем потенцијал, но со такви брзини и со граница која захтева пасошка контрола, тешко дека некогаш ќе се развие.

Интересно, Грците после подолго време градат значајна пруга, имено од Солун кон Кавала. Теоретски би го скратила патувањето кон Истанбул, но реалната потреба е да се поврзе пристаништето во Кавала (кое е моментално на продажба).
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7476
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 04-Aug-2020 at 14:04
Превозот на патници со меѓународни возови и годинава ќе руши неславен рекорд



Неславен биланс на превезени патници во меѓународниот железнички сообраќај регистрирал Државниот завод за статистика. Во 2019 година биле превезени најмалку патници со воз кон странските дестинации во минатата деценија, а годинава за првпат во историјата е веројатно Македонија да нема ниту еден превезен патник со воз во меѓународниот железнички сообраќај поради затворените граници како резултат на пандемијата со ковид-19.
Меѓународните возови кон Белград, Солун и Приштина кои требаше да сообраќаат летово во моментов не функционираат, а не постојат ниту најави дали и кога би можеле да бидат пуштени во сообраќај. Бројот на превезени патници може да остане на нула, а со тоа и заклучокот дека ваквиот превоз кон странство е целосно замрен. Негативната состојба во меѓународниот железнички сообраќај трае веќе неколку години наназад, што е последица на фактот што меѓународните возови сообраќаат редуцирано, единствено во текот на летниот период.

Статистика минатата година регистрирала само 2.624 патници што биле превезени со воз кон странските дестинации, најмногу кон дестинациите во Србија и Грција. Ваквите бројки се за пет пати помали во однос на 2011 година, кога со меѓународните возови од земјава патувале 13.651 патници. Состојбата се влошува со намалувањето на бројот на меѓународните возови кон соседството минативе години, како и со ограничувањето на месеците во годината во кои тие сообраќаат.

За разлика од лошата состојба со патничкиот железнички сообраќај во Македонија, земјите-членки на ЕУ веќе седма година по ред бележат зголемување на бројот на превезени патници со воз. Особен раст се бележи во меѓународниот железнички сообраќај, кој во 2018 година го користеле дури 153.468.000 патници, односно за над 2 милиони патници повеќе во однос на претходната година, покажуваат податоците на Евростат.

Бројките на ниво на земјите-членки и кандидати за членство на ЕУ покажуваат дека Македонија е на самото дно според бројот на превезени патници со воз на меѓународните дестинации. Позади нашата земја се единствено Малта и Кипар, кои се островски земји и воопшто немаат железнички сообраќај во нивните земји. На неславното дно пред нас е единствено Грција со 17.000 патници, со која всушност треба заеднички да го развиваме транспортот на патници со возови. Наспроти ова, Франција со над 40.198.000 патници превезени со возови на меѓународните дестинации била апсолутен лидер на ниво на ЕУ во 2018 година.

https://meta.mk/prevozot-na-patniczi-so-megjunarodni-vozovi-i-godinava-kje-rushi-neslaven-rekord-infografik/
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 25-Jul-2020 at 01:20

да не се пишманија чехо-словациве, има ли абер дали почнале со терминалов, воопшто колку пари повлекле како субвенција, инвестиција која ја третираат ко за фабрика а примарно тоа и се’ [1][1][1] а според текстoиве те јет те не е!? а дека за 20m eur. ќе ет само сервис-центар тешко, но ако се надевале на К8 како Пруга која набрзо ќе дочека завршница ја промашиле локација, може со камиони ќе се помагаат за до Бугарија или орук околу Ниш ... всушност може и тука лежи зајако околу волјата за продавање на МЖ Транспорт кое веќе 2 години го најавуваше претходната Влада, колку ова е паметно ако е ваков случај незнам, но потенцијално така би ги изгубиле кинезите од џеб на кои доколку им го пуштаме Транспорт тоа може да го спакуваме и со Инфраструктура и дил за нови Пруги, а може да бркаме попусти во однос Пиреја итн. зависно која калкулација за каков дил ни е поисплатлива, прашање е колку сме кадарни го грците тоа да го спинуваме сега откако насила сме отанизирани!?

2011

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=550&PID=114034#114034


2014

https://www.mzv.cz/skopje/en/economy_and_trade/meeting_of_the_loko_trans_company_s.html


2016

https://www.railwaygazette.com/freight/loko-trans-to-develop-skopje-rail-hub/43563.article

http://investicii.prizma.mk/en/inv/Loko-Trans


2019

https://meta.mk/cheshki-loko-trans-%D1%9Ce-gradi-fabrika-za-shinski-vozila-vo-skop%D1%98e/

~

03.04.2019 ~ Loko Trans will build a railway terminal in Skopje for half a billion CZK


The Brno company Loko Trans will build a railway container terminal in the capital of Macedonia, Skopje, for EUR 20 million (CZK 515 million). It won a tender for a long-term lease of land, which was announced by the local government. The terminal will include a customs warehouse, a car repair shop and a petrol station, Loko Trans sales director Vít Ryšavý told ČTK. Construction should start this year and be completed in a year and a half.

"We have been operating in Macedonia since 2010 and, given the country's location, our contacts and our field of business, we are trying to establish ourselves there for a long time," said Ryšavý. In addition to the Czech Republic and Slovakia, the company also directs its business to Serbia and Bulgaria and Macedonia.

Macedonia and Skopje itself have a strategic location on a corridor that runs from Greece to Germany to the port of Hamburg and is connected to the Bulgarian corridor, which is gradually being built. There will be a single terminal in Skopje in the wider area. According to Ryšavý, a direct neighborhood with the ArcelorMittal steel plant is also advantageous.

The land on which it will be built is owned by the municipality of Skopje and with it the Brno company will draw up a lease agreement for 99 years. The head of the Loko Trans Logistik subsidiary, Dejan Trpevski, is also negotiating the employment of 250 people who have experience in railway operations and will run the terminal.

Loko Trans has been operating on the market since 1995 and is engaged in the operation, repair, sale and rental of locomotives and wagons. It currently has 40 locomotives and 1,600 wagons at its disposal. It has locomotives deposited in Střelice near Brno, at the lower railway station in Brno and in Slovakia in Dubnice nad Váhom and Šurany. Last year's turnover was 350 million crowns.

https://www.eulog.cz/clanky/loko-trans-postavi-zeleznicni-terminal-ve-skopje-za-pul-mld-kc/?mt=&id=9520&m=a00



Edited by Zelenikovo - 25-Jul-2020 at 01:21
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 23-Jul-2020 at 16:22



http://arpz.mk/анкета-за-почитување-на-правата-на-пат-3/


но не парцијална анкета ами треба на Железничкио и други еФоруми да има Дебата и константен Пол! на Владимир Форумо кај испари? овој на МЖ виа Дискус Платформа на ништо неличи! капак стаиле форум а не зеле да го подраспалат, кој им е филмот!?
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7476
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 18-Jul-2020 at 13:06
Ковид-19 го преполови бројот на патници во возовите, граѓаните со воз не можат во странство

Ширењето на корона вирусот во нашата земја го преполови бројот на патници во возовите во домашниот железнички сообраќај и целосно го сопре функционирањето на меѓународните возови кон Белград, Солун и Приштина. Од Железници на РСМ – Транспорт за „Мета.мк“ информираат дека сите возови во домашниот железнички сообраќај сообраќаат по важечкиот возен ред, а до 1 јули повторно се пуштени во сообраќај возовите на релацијата Скопје – Кичево – Скопје.

Сепак, епидемијата со ковид – 19 го преполови бројот на патници во железничкиот превоз. Ако лани во просек со воз патувале по околу 1.500 патници дневно, просечниот дневен број на патници сега се движи помеѓу 700 и 750 патници. Во периодот на долгите полициски часови имаше уште помал број на патници, но и промени во возниот ред како последица на забраната за движење на граѓаните.

Од Железници на РСМ – Транспорт информираат дека и понатаму е во прекин меѓународниот патнички железнички превоз. Возовите кон Белград, Солун и Приштина не сообраќаат, поради честите промени со состојбата на заразени лица со ковид-19 во соседните земји.

– Поради променливоста во состојбите со бројот на заразените во регионов со ковид-19, нема релевантни параметри врз база на кои би се утврдиле датумите за почеток на сообраќање на меѓународните возови – велат за „Мета.мк“ од Железници на РСМ – Транспорт.

Доколку продолжи ваквата состојба со корона вирусот, извесно е дека годинава железницата ќе доживее историски неславен резултат кај бројот на превезени патници со воз. Според податоците на Државниот завод за статистика, лани со воз патувале 549.000 патници, а слични бројки од околу половина милион превезени патници имаше и во претходните 2018 и 2017 година.

https://meta.mk/kovid-19-go-prepolovi-brojot-na-patniczi-vo-vozovite-gragjanite-so-voz-ne-mozhat-vo-stranstvo/
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 550
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 13-Jul-2020 at 23:22
Originally posted by ehrlich

Затоа што возот двапати застанува можеби

Сега трипати ќе застанува, двапати за патници и една на граница.
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1019
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 13-Jul-2020 at 22:00
Затоа што возот двапати застанува можеби
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 550
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 13-Jul-2020 at 12:58
Глупост! Сегашниот модел каде граничните служби се на последните железнички станици во секоја држава одлично си функционира, што има потреба од вакво нешто?
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7476
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 13-Jul-2020 at 11:34
До крајот на јули ќе се комплетира проектот за заеднички железнички граничен премин меѓу Македонија и Србија

Проектната документација за изградба на заедничкиот железнички граничен премин меѓу Македонија и Србија кај Табановце ќе се комплетира до крајот на јули. До овој датум, консултантите се очекува да ја достават документацијата за идниот пристапен пат кој треба да го поврзе железничкиот со патниот премин кај Табановце, информираат за „Мета.мк“ од Министерството за транспорт и врски. Веќе е изработен проектот за изградбата на идниот граничен објект со планирана површина од 2.500 метри квадратни, во кои ќе бидат сместени полициските службеници, цариниците, инспекторите и железничките работници на двете земји.

Од Министерството за транспорт и врски чекаат повратен одговор од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за обезбедување на преостанатите 50 отсто од проценетата инвестициска вредност на проектот, по што би се започнало со постапка за избор на изведувач и надзорен инжењер за изградба на заедничкиот железнички граничен премин. Тендерската документација за изградба на самиот објект веќе е подготвена.

Заедничката контрола на службениците од двете земји во железничкиот сообраќај би почнала да се применува во периодот по 2023 година. Меѓу Македонија и Србија веќе функционира системот „One Stop Shop“ за заедничко гранично управување во патниот сообраќај. Со нејзиното воведување и во железничкиот сообраќај, времето за патување со воз меѓу двете земји би се скратило за половина час кај патничките возови, како и за 90 минути во товарниот сообраќај. На тој начин, железничкиот сообраќај би постанал конкурентен со патниот транспорт во однос на брзината на превозот.

Проектот за изградба на заеднички железнички граничен премин кај Табановце е во вредност од 5,2 милиони евра, од кои досега се обезбедени 2,7 милиони евра преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (ВБИФ). Финансиската конструкција ќе се заокружи со планираниот заем од ЕБОР. Идниот објект ќе се гради до постојната железничка станица во Табановце, а целокупниот проект ќе го реализира македонската страна во согласност со веќе комплетирани вакви гранични премини во земјите-членки на ЕУ.

https://meta.mk/do-krajot-na-juli-kje-se-kompletira-proektot-za-zaednichki-zheleznichki-granichen-premin-megju-makedonija-i-srbija/
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1019
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 09-Jul-2020 at 14:08

НАЈДОБРА КАМПАЊА Програмата е врв, ова треба да се испечати во многу примероци
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 65>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.250 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.