build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Здравствени
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Клинички центар Скопје
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Клинички центар Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 131415
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4372
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #281 Posted: 25-Apr-2020 at 15:08












https://www.facebook.com/p.shilegov
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 799
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #282 Posted: 10-May-2020 at 10:20
Back to Top
Graditelot View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 17-May-2016
Online Status: Offline
Posts: 45
  Quote Graditelot Quote  Post ReplyReply #283 Posted: 10-May-2020 at 11:07
Ептен манга испадна ангушев.
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3864
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #284 Posted: 10-May-2020 at 14:06
Не е прв пат што Швајцарија инвестира/донира во мак. здраство. А самите болници донираат истотака кревети итн. Актуелно е кичевската болница што преку 20години не е завршена во фокус, па кој знае можеби ќе ни помогнат? Како и да е, срамота е, немаше повеќе од два споменици од ск14 да чинеше.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4372
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #285 Posted: 13-May-2020 at 12:00
Град Скопје најави 200 нови паркинг места до Инфективна клиника откако ќе заврши корона кризата

Откога целосно ќе заврши епидемијата со корона вирусот во земјава, на локацијата на која е поставена монтажната болница до Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби може да се изгради паркинг со капацитет од околу 200 паркинг места. Станува збор за една од двете локации во кругот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, на кои Градот Скопје ќе изгради нови паркиралишта со вкупен капацитет од 350 паркинг места.

Изминатиов период се изврши реконструкција на повеќе локации на постоечките паркинг простори во Клиничкиот центар, при што е заменета подлогата и асфалтот, со што на овие површини ќе се добијат дополнителни 50-тина паркинг места. Покрај планирате 200 паркинг места до Инфективната клиника, нов паркинг со 150 места ќе се гради на просторот на некогашната зграда на Гинеколошката болница.

Од Град Скопје за „Мета.мк“ велат дека и во иднина со овој паркинг простор ќе управува ЈП „Градски паркинг“. Уредувањето и зголемувањето на паркинг просторот што се прави во моментов е дел од поголемиот број на градежни активности што се прават во кругот на Клиничкиот центар во екот на короната кризата.

Веќе е направен паралелен дополнителен влез за возила за Прва Помош на главниот влез на улица „Мајка Тереза“, а планирано е да се направи нов влез и излез под улицата „Белградска“, која ќе се поврзе со новото паркиралиште до Инфективната клиника). Во иднина ќе се изгради уште еден влез и излез кај Клиниката за кардиологија кон улицата „Белградска“. Воедно, работите веќе се во тек кај Клиниката за стоматологија, каде постоечкиот паркинг целосно се асфалтира со нов асфалт и предвидено е на истата локација да има дополнителен брз влез и дополнителен брз излез.

Со сите овие активности што се во тек, граѓаните и здравствени работници ќе можат во иднина многу полесно да ги завршуваат обврските што ги имаат во Клиничкиот центар. Од Град Скопје потенцираат дека на двата нови паркинга кај Инфективната и Гинеколошката клиника во иднина ќе можат да се постават и монтажни катни гаражи, доколку се јави потреба од ова.

https://meta.mk/grad-skopje-najavi-200-novi-parking-mesta-do-infektivna-klinika-otkako-kje-zavrshi-korona-krizata/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4372
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #286 Posted: 14-May-2020 at 08:31
Припрема за новиот паркинг на Клинички





https://www.facebook.com/petreshilegov
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 1805
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #287 Posted: 20-May-2020 at 15:24
СЕ ПУШТА ВО УПОТРЕБА НОВИОТ ПАРКИНГ ВО КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска направија обиколка низ клиничкиот кампус „Мајка Тереза“ и извршија увид во големиот број градежни активности што се вршеа изминатиов период.

- Веќе се видливи измените коишто инфраструктурно се направени овде, освен посебниот влез за возилата на итна медицинска помош, се изработи нов влез кај Инфективната клиника, се шират влезовите кај Клиниката за стоматологија и веќе работиме на проширување на улица Белградска, над Клиничкиот центар. Од кај Кардиологија планираме да отвориме и четврти влез со што во целост ќе го олесниме влегувањето и излегувањето од Клиничкиот центар за да не настанува хаосот што ни се случуваше на Водњанска, меѓутоа и на самиот влез во Клиничкиот центар. Значајно за мене е да истакнам дека Градот Скопје во соработка со министерот за здравство, овде сакам да се заблагодарам на благородните и посветени луѓе од овие две институции коишто еве два месеца се овде присутни, заедно изработивме проект којшто ќе овозможи три вида на сообраќај низ кампусот на Клиничкиот центар, односно болничкиот, пешачкиот и автомобилскиот. Што значи нема да ни се случува веќе поради тротоар да не може да помине болничка количка или болнички кревет, работиме се да биде целосно по современи стандарди – рече Шилегов.

Тој додаде дека се реконструирани и двата постојни паркинзи кај клиниките за хирургија и за гинекологија и акушерство, односно постојните 6.000 квадратни метри се проширени на околу 20.000 квадратни метри и ќе се овозможи квалитетно функционирање на овој кампус до изградбата на нов клинички центар.

Министерот за здравство, Венко Филипче, нагласи дека ова е еден значаен инфраструктурен проект што целосно ќе ја смени сликата и ќе го олесни функционирањето на Клиничкиот центар.






skopje.gov.mk
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
user8642 View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Online
Posts: 93
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #288 Posted: 20-May-2020 at 21:08
Корона криза ли требаше да чекаме за да се среди хаосот низ клинички. Ова е одлична работа за Скопје и Македонија. Од секогаш сум се чудел зашто се испозатворени капиите од задната страна на клинички, а ги имаше и претходно. Вероватно беше научна фантастика да се интегрираат во системот на рампите. У златното време на катните гаражи во Скопје додека се градеа како сателит проект на СК14, требаше една тука да се изгради, ама тогаш цветаа бизнисчиња низ клинички. Ако тогаш не се исправи грешката, време е сега, да смогне сили владата да изгради катна гаража. И да се пренамени долгорочно клинички, таа гаража ќе остане.



Edited by user8642 - 20-May-2020 at 21:13
Back to Top
FT View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Jun-2010
Location: Kocani
Online Status: Offline
Posts: 334
  Quote FT Quote  Post ReplyReply #289 Posted: 20-May-2020 at 21:20
Еве што требаше местово да заличи на 2020 година. Мизерна држава сме.
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Online
Posts: 142
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #290 Posted: 20-May-2020 at 22:11
Што ќе се случи со просторот расчистен за мобилната болница во иднина?
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 1805
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #291 Posted: 20-May-2020 at 22:30
Ќе се направи паркинг. Мобилната болница е повлечена во касарната Илинден, па би требало да почнат со паркингот сега за местото што побрзо да биде завршено доколку повторно се појави потреба од шаторите и бараките: Град Скопје најави 200 нови паркинг места до Инфективна клиника откако ќе заврши корона кризата

Откога целосно ќе заврши епидемијата со корона вирусот во земјава, на локацијата на која е поставена монтажната болница до Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби може да се изгради паркинг со капацитет од околу 200 паркинг места. Станува збор за една од двете локации во кругот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, на кои Градот Скопје ќе изгради нови паркиралишта со вкупен капацитет од 350 паркинг места.

Изминатиов период се изврши реконструкција на повеќе локации на постоечките паркинг простори во Клиничкиот центар, при што е заменета подлогата и асфалтот, со што на овие површини ќе се добијат дополнителни 50-тина паркинг места. Покрај планирате 200 паркинг места до Инфективната клиника, нов паркинг со 150 места ќе се гради на просторот на некогашната зграда на Гинеколошката болница.

(...)


Edited by Staro Skopje - 20-May-2020 at 22:33
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 592
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #292 Posted: 21-May-2020 at 17:10
Уште не ми се верува дека готов проект и кредит се откажа. Досега можеше и завршен да е. Како и да е, браво за Град Скопје.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 131415

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.