build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Здравствени
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Клинички центар Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 23456 18>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #61 Posted: 17-Feb-2012 at 18:10

Нов Клинички центар на местото на стара гинекологија

Нов модерен универзитетски клинички центар. Ќе се гради деветокатница на местото на старата гинекологија .Објектот е со површина од 50. 000 метри квадратни во кој ќе бидат сместени сите клиники, освен детска инфективна и стоматологија .

„Имавте можност да видите како носат еден пациент под ведро небо, на прилично ладно време тоа се случуваше сега пред наши очи. Откако ќе биде изграден овој објект тоа веќе нема да се повторува бидејќи сите ќе бидат поврзани во една голема зграда“, рече премиерот Никола Груевски.

Остануваат и хируршките клиники и новата гинекологија, но со новиот Клинички центар ќе бидат поврзани со топли ходници.

- Што ќе се случува со постоечките клиники и дали повторно клиниките ќе бидат правни субјекти или ќе функционираат како целина?

„Административно клиниките повторно ќе бидат правни субјекти. Околу цената за новата зграда, колку за споредба, само за реновирање на интерни клиники се потребни 20 милиони евра, а целата оваа зграда што ќе се изгради нема да чини повеќе од 50 милиони евра. Од овие причини сметаме дека е подобро да се изгради нова зграда, отколку да се реновираат старите“, додаде Груевски.

Дознаваме дека во кругот на новиот објект ќе има и катна гаража за да се реши метежот со возилата. Хелидром најверојатно ќе биде поставен на покривот на новиот објект. Околу идејата за изградба на клиничкиот центар во населбата Бардовци, премиерот вели дека плацот ќе стои, но за да се започне со овој проект ќе бидат потребни најмалку 10 години, тоа е голем период за да болните се шетаат под ведро небо.

За еден месец ќе се распише оглас за идејно решение, а градбата на новиот објект во кругот на скопските клиники се очекува да започне за една година.

Мирјана Поповска

17.02.2012, 17:40

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=87267
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #62 Posted: 21-Feb-2012 at 12:41

Тодоров ќе гради и улици до новиот клинички центар

Викторија Милановска
Катна гаража, модерни чекалници, еднокреветни соби и хелиодром треба да има новиот клинички центар што го најави Владата, за кој планира да гради и нови сообраќајници
Владата се мисли меѓу две опции

1. На местото на старата Клиника за гинекологија да изгради деветкатница, во која ќе смести најголем дел од постојните клиники;

2. Врз темелите на стара гинекологија да изгради две згради од по 4-5 ката, кои ќе бидат поврзани со ходници. 

Катна гаража на местото на хаотичниот паркинг во Клиничкиот центар во Скопје, модерни чекалници во клиниките, еднокреветни соби по терк на светските медицински установи и нови сообраќајници. Вака ќе изгледа новиот клинички центар во Скопје, кој пред неколку дена го најави премиерот Никола Груевски, велат во Министерството за здравство.

Новата клиничка зграда ќе се простира на 50.000 метри квадратни, а на врвот ќе има модерен хелиодром. Владата единствено се мисли дали да изгради две згради од по четири ката или една деветкатница. Независно од формата на зградата и бројот на катовите, објектот ќе се гради на местото на старата Клиника за гинекологија, која ќе се руши до темел. Во новиот клинички центар ќе бидат сместени најголем дел од универзитетските клиники, кои ќе бидат поврзани, со како што најави Владата, „топли врски“. Само детската, инфективната и стоматолошката клиника кои ќе си останат во постојните засебни објекти.

Од Министерството информираат дека на почетокот на април ќе распишат тендер за фирма која ќе го прави проектот за клиничкиот центар.

Каде е најавениот клинички центар во Бардовци?

Пред една ипол година Владата помпезно најави дека ќе гради нов клинички центар во Бардовци, вреден повеќе од 200 милиони евра. Во „филмскиот клинички комплекс“, како што го нарекуваа, требаше 50% од собите да бидат еднокреветни, со засебен рендген и апаратура за интерни и хируршки дејности. Иако Владата плати француски консултанти, кои изработија физибилити студија, од најавениот клинички центар сè уште нема ништо. Од Владата тврдат дека не се откажале од тој проект.

Груевски најави дека новата клиничка зграда ќе почне да се гради кон средината на наредната година, а треба да биде готова до 2015 година. Одлуката за ваков проект ја донеле откако пресметале дека нема да чини повеќе од 50 милиони евра. Парите ќе ги обезбедуваат од Банката за развој при Советот на Европа.

Директорите на поголемите приватни болници се со поделени мислења за најавениот проект. Директорот на Ремедика, Андреја Арсовски, смета дека ова не е трајно решение на проблемот на државното здравство.

„Ова е само делумно решение. Ако се сака работите да се решат на долг рок, треба да се направат радикални промени од корен. Но, за тоа треба и значително поголема финансиска моќ“, вели Арсовски.

Според директорот на Неуромедика, Емил Угриновски, новиот клинички центар би бил оптимално решение за државното здравство.

„Оправдано е државата да инвестира во објекти и опрема, но да не се заборава на кадарот. Тоа е најважно и секогаш треба да се има на ум“, вели тој.

http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/80374/todorov_kje_gradi_i_ulici_do_noviot_klinichki_centar.aspx?iId=2602
Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: New York
Online Status: Offline
Posts: 831
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #63 Posted: 30-Apr-2012 at 00:58
Проектот за нов Клинички стартува утре
29.04.2012 - 17:15:11





Реализацијата на проектот за изградба нов Клинички центар официјално стартува утре со објавување на јавниот повик за изнаоѓање куќа што ќе направи идејно решение.

На тендерот за изработка на идејно решение, истакна денеска премиерот Никола Груевски, секоја куќа која ќе конкурира ќе мора во тимот да вклучи и лица кои досега веќе имаат направено најмалку два вакви објекта во земји членки на ОЕЦД.

Завршува и првата фаза, односно проектната задача за изградба на новиот Клинички центар.

“Станува збор за 47 илјади метри квадратни простор, а ќе биде изграден внатре во кругот на постојниот Клинички центар. Очекуваме деновиве, најверојатно утре, да излезе тендерот за идејно решение, по чие завршување е втората фаза - изработка на проект, а потоа изградбата“, изјави премиерот Никола Груевски по отворањето на двете нови лаборатории на Факултетот за фармација во Скопје.

Тој изрази надеж дека првата и втората фраза, идејното решение и изработката на проектот, ќе бидат завршени до крајот на оваа, односно почетокот на следната година, а потоа ќе почне процедурата за изнаоѓање градежна фирма.

“Кон средината на следната година се очекува да почне градбата на новиот објект на клиниките во Скопје. Онака како што го најавивме, така и ќе се релизира, согласно плановите што ги имаме направено“, нагласи премиерот Никола Груевски.


http://www.netpress.com.mk/mk/vest.asp?id=102531&kategorija=1

Очигледно почнуваат со проектот ќе видиме колку време ќе треба и дали воопшто ќе се реализира комплетно
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #64 Posted: 22-Jan-2013 at 15:11

Ќе се гради нов блок на универзитетските клиники Скопје

Министерот за здравство Никола Тодоров и директорот на реномираната компанија Арен С.Р.Л. од Торино, Давиде Савоини денеска потпишаа Договор за изготвување архитектонско-урбанистички проект со идеен проект и основен проект за изградба на нов блок на универзитетските клиники Скопје, со функционално поврзување на клиниките за гинекологија и за онкологија и радиотерапија, како и реновирање на хирушките клиники во комплексот универзитетски клиники „Мајка Тереза“. Вредноста на договорот изнесува над 99,6 милиони денари односно над 1,6 милиони евра.

- По спроведувањето на двете фази од ограничената постапка и реализираната електронска аукција со негативно наддавање, за најповолен понудувач е избран економскиот оператор Арен С.Р.Л. од Торино, како лидер на групата економски оператори која конкурираше  на овој тендер. Останатите партнери од групата-Прототип и Инпума од Скопје се фирмите од Македонија кои ќе им дадат поддршка на клучните експерти од Арен – Италија  кои ќе го изработуваат проектот, истакна Тодоров.

Изработката на проектот, посочи тој, ќе трае девет месеци по што Министерството ќе добие  проект за изградба на нов блок во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје со површина од околу 50.000 м2.

- Проектантската фирма Арен, која ќе го проектира новиот клинички блок е со богато искуство во изработка проекти за здравствени објекти, согласно најсовремените европски практики и стандарди кои ќе бидат применети и на овој капитален проект. Експертите кои ги понуди оваа компанија се со исклучително богато искуство во проектирање на здравствени објекти поради што веруваме дека проектот ќе биде навремено и квалитетно изработен и дека со негова примена при изградбата, Македонија ќе добие функционален, современ, енергетски ефикасен здравствен објект, рече Тодоров.

Тој додаде дека во рамки на новиот клинички блок ќе влезат поголем дел од универзитетските клиники, освен неколку кои се понови и кои ќе добијат поврзување или „топол премин“, така што сите клиники, освен три кои по природа не треба да бидат во еден објект, ќе бидат сместени во поголем објект.

Новиот клинички блок сообраќајно ќе биде решен со две катни гаражи со што ќе се реши на подолг рок сообраќајниот метеж. Новина е што нема да има влез со коли внатре во клиничкиот блок, освен за ургентни случаи. Хелиодромот ќе биде сместен на едната катна гаража. Објектот ќе биде со најсовремени системи за греење, ладење, климатизација, со пневматски систем за разнесување на документи и лекарства, пациентите нема да шетат од една до друга клиника, се ќе се концентрира во еден објект, кој ќе биде централно поставен и ќе може своите функции да ги понуди на другите објекти-гинекологија, онкологија и хирургија, ќе се следи општиот тренд на намалување на просечните должини на престој во болниците. Целната стапка на зафатеност на болнички кревети е 80-процентна искористеност, болничките соби ќе бидат еднокреветни и двоктреветни и ќе бидат оформени модуларни и унифицирани одделенија, а клиничките служби за поддршка и дијагностика ќе бидат сместени во рамките на еден единствен објект.

Савоини рече дека компанијата со оваа проблематика се занимава повеќе од 30 години.

- Наша цел е да изготвиме што е можно подобар проект кој ќе одговара на барањата на Министерството, на народот и на потребите на целиот регион. Ќе работиме напорно и ќе го употребиме целото наше знаење за да ја оформиме оваа здравствена структура за доброто на сите и за подобрување на здравствената заштита, додаде Савоини.

Позначајни објекти кои се изградени според проекти на компанијата се: болниците во Касино Италија од 34.440м2, во Фрозиноне Италија од 32.750м2, во Вицоло Италија од 52.960м2, Универзитетски болнички центар во Тирана од 106.250м2 и други.

http://faktor.mk/archives/23352

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #65 Posted: 26-Jan-2013 at 17:11


Се прашувам што ќе биде со клиниката за инфективни болести?
Не се спомнува дека и таа ќе остане посебна, а тоа е нова и современа зграда, градена токму по стандарди за таква клиника, со карантини и се што треба. Плус тоа, барем мене како на лаик ми се чини дека ако онколошката, хируршката и педијатриската клиника ќе останат во посебни згради затоа што е наведено дека "по природа не треба да бидат во еден објект", тогаш инфективната клиника можеби уште повеќе треба да биде издвоена во посебен објект.

Од друга страна факт е дека инфективната клиника е прилично далеку од предвидениот нов клинички блок и ќе биде проблем комуникацијата, но и педијатриската клиника не е баш најблиску.


Исто така се прашувам што ќе биде со објектот на Кардиологија, кој е исто така современ и прилично голем. Извесно е дека клиниката (или институт, што ли е веќе) ќе биде сместена во новиот централен објект, но што ќе биде со постојниот објект?

Институтот за судска медицина претпоставувам си останува во постојниот објект кој е нов и современ.

Стоматологија сигурно останува како што е, а дали и клиниката за максилофацијална хирургија?


Еве склопив една мапа за полесно снаоѓање:





Edited by Cloverstack - 26-Jan-2013 at 17:17
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1315
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #66 Posted: 26-Jan-2013 at 19:27

По сите стандарди и прописи инфективната клиника секогаш е одделена од главната зграда на болницата.
Можеби во најавата за нов клинички по грешка е испуштена.

Edited by ovaj_stariov - 26-Jan-2013 at 19:27
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #67 Posted: 26-Jan-2013 at 19:30
иако не сум урбанист ни од далеку,јас би се одлучил за големи блокови како новата гинекологија и уште поголеми,така групирани да се нема потреба пациентите да излегуваат надвор при преместување од една во друга клиника

Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #68 Posted: 26-Jan-2013 at 21:06
Баш напротив не треба така да бидат ,бидејќи по стандарди колку што сум јас запознат повеќето од институтите (клиниките) не треба да бидат заедно (поради опасност од преносливост на болести и нанесување поголема штета на болните) ,ова особено важи за клиниката за инфективни болести која мора да биде сама и изолирана од останатите објекти.
Истото важи горе доле и за детската клиника и гинекологија.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #69 Posted: 26-Jan-2013 at 22:31
кај нас не е проблемот што институциите се разделени во посебни објекти, туку што, институциите не се добро распределени и поврзани меѓу себе
меѓудругото, огромен проблем е што инфраструктурата не е брза и јасна, за да стигнеш од еден во друг објект, треба да поминеш низ лавиринти, патеки, неконтролиран сообраќај на возила, и руинирани и заѓубрени прстори, и што раздалеченоста е преголема
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #70 Posted: 06-Aug-2013 at 14:18

Ексклузивно фото: Како ќе изгледа новата зграда на Клиничкиот центар?

6.08.2013 - 13:09:10

Новиот клинички центар ќе чини околу 50 милиони евра, ќе зафаќа површина од 50.000 квадратни метри, а се планира да биде готов за околу две години. Според планот, тој ќе се гради на просторот на старата Гинекологија.

http://www.skopjeinfo.mk/gradot/1808623393/ekskluzivno-foto-kako-ke-izgleda-novata-zgrada-na-klinickiot-centar

Интересно ,ми се допаѓа визијата за новиот клинички центар а исто така и изгледот на зградата.

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #71 Posted: 06-Aug-2013 at 14:36
малку поопширно

Успешно заокружена втората фаза од проектот за изградба на нов клинички центар во Скопје

Втората фаза од проектот за изградба на нов клинички центар во Скопје успешно е заокружена. Според сегашната динамика, изградбата треба да почне во почетокот на 2014 година и се очекува да трае три години.

Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за здравство Никола Тодоров, кој информира дека проектантската куќа АРЕН СРЛ од Италија го изработи конечното идејно решение, по што следи фаза за изработка на основниот проект, кој треба да биде завршен за околу шест месеци, а вкупната сума за изготвување на целиот проект е 1,3 милиони евра.

- Изградбата на новиот објект се очекува веднаш по завршување на проектите, односно по добивањето на потребните дозволи и завршување на претквалификациите за фирми за градба. По Нова година се очекува да заврши комплетното проектирање, по што ќе следи период на ревизии, добивање дозвола за градба и избор на најповолен изведувач кој ќе го гради новиот клинички центар. Објектот е сместен на местото каде сега се наоѓа старата клиника за гинекологија, таа се урива комплетно, се спојува од едната страна со постојната зграда на хирургиите. Од другата страна се спојува со Клиниката за гинекологија, а од задната страна се спојува со Клиниката за онкологија, рече Тодоров.

Во овој објект, нагласи министерот, ќе бидат сместени сите клиники освен Клиниката за инфективни болести која ќе биде посебно и сместена во сопствената зграда, Клиниката за детски болести, кон која ќе се спои Клиниката за детска хирургија која од постојната зграда ќе премине таму, и Стоматологија и Максилофацијална хирургија кои ќе си останат во постојниот објект.

- Сите други клиники ќе бидат во новиот комплекс и ќе бидат сместени во еден поврзан објект. Некои од објектите нема да се уриваат и ќе продолжат да се користат за други намени. Планираме каде што сега е Радиологија да биде административна зграда. Од друг аспект зградата на Интерни клиники, која е изградена во 30-тите години на минатиот век, планираме да се урне и таму да се направи парк и шеталиште, истакна Тодоров. 

Целиот проект, додаде министерот, ќе чини околу 70 милиони евра со реконструкцијата на постојната зграда за хирургија и парите ќе бидат обезбедени од Банката на Советот на Европа за што веќе е формирана проектна единица.

Како посебно значајна придобивка ја истакна енергетската ефикасност на новиот објект - ќе се користат надворешни ѕидови, високо изолирани и обложени со надворешна обвивка, со што ќе се вентилира ѕидот и ќе може да се гарантира висока удобност при користење.

- Станува збор за вентилирана фасада. Зградата ќе биде со дупла обвивка од два различни материјали, на начин на кој ќе ги карактеризира фасадите со порапави текстури и материјали (обвивка во керамика) и во спротивност со трајни и транспарентни материјали (обвивка во стакло). Овој градежен систем на слоеви го искористува ефектот на движењето создавајќи на тој начин природна вентилација и обезбедувајќи огромни придобивки во отстранување на топлината и влагата и гарантира висок животен комфор пред се во специфичниот случај на една болничка структура, рече Тодоров.

Новиот клинички комплекс, појасни тој, ќе има 30-тина болнички лифтови, два ескалатори во приемниот дел и над 10 сервисни лифтови, кои ќе служат за пренос на храна, облека и слично.

- Во однос на зелените површини - во изборот на крововите кај првиот и вториот спрат се ориентиравме кон тераса со рамен кров, корисен, со широки зони на градини и определени пешачки патеки. Намалувањето на термичките мостови овозможува намалување на цената за затоплување. Овој тип на покрив обезбедува одлична акустичка изолација. Патеките се обележани со ЛЕД-светилки, кои ќе бидат повеќе одржливи и ефикасни од енергетска гледна точка, со што ќе се гарантира заштеда еднаква на 65 отсто во однос на флуоресцентните канделабри и огромно намалување на цената за нивно одржување. Светлоста што ја рефлектираат е без инфрацрвени и ултравиолетови зраци држејќи ги на тој начин инсектите подалеку, посочи Тодоров.

Новиот клинички блок, појасни министерот, ќе биде оформен од два објекта-Главен објект и лаборатории, поврзани со топли врски. 

- Во главниот објект - во подрумот ќе се развие подземна сообраќајница која ќе биде поврзана со постојната во подрумот на хирургија и ќе служи за сообраќај на возила за снабдување на клиниките и за одвоз на отпад, Клиничката аптека и Институтот за патофизиологија и нуклеарна медицина. На приземјето ќе се развие главниот влез со прием на амбулантни и хоспитални болни, амбулантен дел на клиниката за неврологија, комплетен дијагностички дел (клиника за радиологија) и ургентен центар, како и централниот дел за земање на примероци, кој по систем на пневматски туби ќе биде селектиран и транспортиран до соодветната лабораторија за анализа, рече Тодоров.

На првиот кат, како што посочи, се развиваат амбулантите на останатите клиники,  дневната болница, дневна хирургија, ендоскопскиот оддел и четири нови операциони сали за трансплантација и кардиохирургија, кои се во широка врска со оперативниот блок кој се наоѓа истотака на првиот спрат во објектот на хируршките клиники, и понатаму по катови се развива интензивната нега  (на втори и трети) во комбинација со хоспиталните оддели на посебните клиники, а најгоре на осмиот кат е предвиден хелиодром кој со лифт е директно поврзан со ургентниот центар и оперативниот блок.
 
Тој информира дека објектот на лабораториите ќе биде опремен со пневматска пошта за пренос на документи, радиографии, лекови, патолошки примероци, со цел да се намали движењето на пациентите и медицинскиот персонал низ објектите и додаде дека за таа цел во приземјето на новиот објект е предвиден оддел за земање примероци, кои понатаму по пневматскиот систем ќе се дистрибуираат до соодветното место. 

- Во подрумот се сместени магацините на трансфузиологија, фрижидери за крв и депото за матични клетки. Приземјето е предвидено за прием и дистрибуција на крв и комплетно за Институтот за трансфузиона медицина. На првиот кат или приземје од задната страна заради падот на теренот ќе биде лоцирана мртовечницата со посебен влез, одделот за хемодинамски истражувања и амбулантниот дел на клиниките чии дневни пациенти имаат потреба да бидат транспортирани: хематологија, нефрологија со дијализа. На вториот кат се развиваат лабораториите на клиничка биохемија и Институтот за микробиологија и паразитологија со амбулантата за ТБЦ, а на третиот кат е сместен Институтот за патологија и хистопатологија, посочи Тодоров.

Објектот, укажа министерот, е поврзан со главниот објект со топли ходници - мостови на првиот кат, каде се и амбулантите со што се добива целина на амбулантниот простор, а останатите катови се непристапни за пациенти.
 
Покрај изградбата на Новиот клинички блок, планирано е и реновирање на објектот на хируршките клиники со адаптирање на хоспиталниот дел со болнички соби со сопствени санитарни јазли, адаптирање на испразнетите простори со преселувањето на ургентниот центар во новиот блок, хоспиталниот оддел на клиниките на трауматологија, ортопедија и неврохирургија во новиот објект и целата клиника за детска хирургија во објектот на детската клиника и адаптирање на ослободениот простор за потребите на кабинетски простор за лекарите и комплетно реновирање на целиот објект. Исто така, во рамки на заокружување на комплексот Клиники „Мајка Тереза“ е планирано и оформување Детски центар односно интегрирање на сите клиники во служба на децата на едно место.  

Укажа дека значајно е што во новиот комплекс ќе се оневозможи движењето на возила, што ќе се постигне со изградба на две катни гаражи: едната на булеварот „Мајка Тереза“ и другата наспроти Клиниката за инфективни болести од каде посетителите и персоналот ќе можат да продолжат кон планираната дестинација исклучиво пешки, но сепак преку покриени пешачки патеки.

- Двете катни гаражи ќе имаат по 1.250 паркинг места. Во комплексот ќе можат да влегуваат исклучиво возила за Итна медицинска помош, противпожарни возила и оние приватни или такси возила кои превезуваат животно загрозени пациенти кон ургентниот центар и транспортирани пациенти кон клиниките. Останатите возила, како оние за снабдување, одвоз на отпад и слично, ќе можат да влегуваат во комплексот по исклучиво утврден протокол, рече Тодоров

http://www.sitel.com.mk/mk/uspeshno-zaokruzhena-vtorata-faza-od-proektot-za-izgradba-na-nov-klinichki-centar-vo-skopje

Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #72 Posted: 06-Aug-2013 at 19:38
некоја слика од плусинфо




Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #73 Posted: 07-Aug-2013 at 00:39
Колкав треба да биде капацитетот на овој објект ?
 
Можеби грешам, но лично не ми делува како да има капацитет над 10.000 пациенти, а тие кои не знаат колку луѓе доаѓаат секојдневно на преглед, на интервенција или на операција во сегашниот клинички центар, нека се повозат 12 или 18 часа без прекин со градските автобуси кои сообраќаат на линијата со реден број 50, па ќе им стане јасно дека дефинитивно дневно повеќе од 10.000 луѓе циркулираат низ сегашниот клинички центар.
 
Лично ова ми делува како прифатливо решение за некој од запоставените градови од источна Македонија или од јужна Македонија.
 
Лично мислам дека Штип, Прилеп, Градско или Кавадарци би биле многу подобри локации за изградба на ваков клинички центар, додека на Скопје дефинитивно му треба многу поголем клинички центар и дефинитивно на друга локација, дали Бардовци или било кое друго место, не знам, но дефинитивно потребен е поголем објект на друга локација.
 
А вака само им се дава причина повеќе на луѓето од источна Македонија и од јужна Македонија да доаѓаат во Скопје на лекување, бидејќи немаат друга алтернатива.


Edited by Dexter26 - 07-Aug-2013 at 00:41
Back to Top
Goran View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Jul-2009
Online Status: Offline
Posts: 195
  Quote Goran Quote  Post ReplyReply #74 Posted: 07-Aug-2013 at 05:14
На Македонија и се потребни 2 помали и еден поголем клинички центри
Охрид да опслужува Кичево Дебар Струга Битола Брод Деми Хисар Крушево Прилеп
Велес да опслужува Неготино Кавадарци Штип Пробиштип Гевгелија Струмица Радовиш Свети Николе Кочани Берово Крива Паланка.

Скопје да опслужува Гостивар Тетово Куманово

Сите оние други болници треба да се затвоарат и да се преферли во овие клинчки центри.
По поголемите градови само да има клиника за ургетна медицина и породилно.
Не како сега мало градче од 10.000 а болница со сите оделениа.
Треба са се сконцетрира на едно место за да се заштеди на одржавајне на згради и опремата да се искористи до махимум.
Така да нема цела Мак да патува во Скопје за специлизирано лекувајне.


Edited by Goran - 07-Aug-2013 at 05:15
Back to Top
zdravozivo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-May-2012
Location: Kavadarci
Online Status: Offline
Posts: 211
  Quote zdravozivo Quote  Post ReplyReply #75 Posted: 07-Aug-2013 at 12:16
Кавадарци веќе е регионален центар со "новата" болница изградена и пуштена во употреба 1979-1989, која своевремено претставуваше убаво архитектонско дело и е слична по габарит со новиот клинички центар. Штета што немам повеќе слики од неа



Болнички одделенија за:
- Интерни болести
- Хемодијализа
- Хируршки болести
- Гинекологија и акушерство
- Неонатологија
- Анестезија со реанимација
- Невропсихијатријски болести
- Детски болести

Специјалистичко консултативни служби:
- Рентген дијагностика
- Дијагностичка биохемиска лабораторија
- Физикална медицина со рехабилитација
- Ортопедија
- Оториноларингологија
- Офталмологија
- Инфективни болести и фебрилни состојби
- Патолошка анатомија
- Дерматовенерологија
- Депо за лекови
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2271
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #76 Posted: 07-Aug-2013 at 13:43
Dobro e sto proektantot stavil heliodrom. Belkim ova ke gi natera/motivira nadleznite da kupat i nekoj medicinski helikomter!?
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15134
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #77 Posted: 07-Aug-2013 at 14:07
Не се вклопува во античката визија за нашето здравство
За сè има вторпат
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #78 Posted: 07-Aug-2013 at 17:10
клиничкиот центар во скопје треба да си остане така како што е сега, а тоа е во форма на комплекс... големиот проблем со нашиот комплекс е што објектите не се на едно место и поврзани, туку раштркани на сите страни, помеѓу улички, лавиринти и сокаци, на кои што стандард поминуваат возила
по мое мислење, би требало да се повеќе објекти, поврзани во круг, со влезовите свртени еден кон друг
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #79 Posted: 07-Aug-2013 at 17:27
забеган-призни дека идеата ти е од мојата слика одпогоре
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #80 Posted: 07-Aug-2013 at 17:45
Originally posted by gjoko

забеган-призни дека идеата ти е од мојата слика одпогоре
сличноста е сосем случајна, ако сум заборавил да ја напоменам твојата идеја, извини...
сепак, мојата идеја е објектите со влезовите да се поставени во круг, поврзани со „атриум“ во средината, додека твојата е едноставно истата површина и распоред на објекти и институции, да се пренамени во поголеми објекти за да не излегуваат пациентите

Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 23456 18>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.186 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.