build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Деловни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Деловно-гаражен објект Импексел

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Деловно-гаражен објект Импексел
    Posted: 18-Mar-2009 at 17:27
14:47 Почна изградбата на катна гаража зад Универзална сала во општина Центар
  • Скопје, 18 март (МИА) - Зад Универзалната сала во општина Центар денеска беше поставен камен-темелник за изградба на катна гаража со деловен објект. - Во објектот ќе инвестираме три милиони евра ...bulletПОВЕЌЕ








За катнава гаража се сеќавам имаше само некој проеблеми околу урбанистичкиот план, немаше нешто посебно внимание. Инаку едниот од господата што фрла лопата го имам видено на градилиштето на Аркадија кога ги сликав првите слики од објектот. Барем 90% сум сигурен дека е тој. Колку што гледам и рендерите им се исти. Значи да сублимирам, мислам дека овој објект го гради истата фирма како и Аркадија.


Edited by lslcrew - 18-Mar-2009 at 17:28
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 19-Mar-2009 at 01:03

Деловен објект и катна гаража зад Универзална сала

На паркингот зад Универзална сала од вчера почна да се гради комбиниран деловен објект со катна гаража. Според проектот, објектот ќе има две подземни и три надземни нивоа плус поткровје. Инвестицијата е вредна околу три милиони евра и е на тетовската фирма „Импексел-2“. Предвидено е објектот да се изгради во наредните 15 месеци. Се простира на површина од 1.800 метри квадратни од кои 35 отсто ќе бидат наменети за деловен простор.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=7AC2F5CAE71D834A8348B7E575BDDE46
Зад Универзална сала ќе се гради катна гаража


На паркингот зад Универзална сала ќе се гради модерен објект на четири ката, со намена за катна гаража со деловен простор. Инвестицијата тешка околу три милиони евра е на тетовската градежна фирма Импексел-2. Вчера, на официјалниот почеток на изградбата директорот Неим Хусеини најави дека изградбата на новата зграда е планирано да заврши за 15-тина месеци.
- Ќе се гради објект на приземје и четири ката, а два подземни ката ќе бидат наменети за катна гаража во која ќе се обезбеди простор за паркирање на околу 130 возила - рече Хусеини. Инвестицијата е сопственост на фирмата.

http://vecer.com.mk/?ItemID=FA5060ED49E50C468AD56193E7F75EE6


Back to Top
maja79 View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 18-Feb-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote maja79 Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 19-Mar-2009 at 15:22
Дали некој има информации по чиј проект ќе се гради катната гаража, мислам на проектантот?
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 19-Mar-2009 at 15:59
Маја, Фирмава што го гради, односно изведувачот мислам дека е истиот што го гради и објектот ДЦ Аркадија. А може и комплетно да е исти инвеститор само различно име на фирма пошто господинот што фрла лопата го имам видено на градилиштето на Аркадија, а и кај овој објект се спомнува фирма од тетото шпто ме наведува дека и овој објект е на истиот инвеститор. Е сега околу проектот, Аркадија ја има проектирано некои SMB ПРОЈЕКТ ИНЖЕНЕРИНГ. Рендерите и овде и кај Аркадија се потполно исти, а и во градов само овде и на аркадија има такви прости рендери. Па сега мојата хипотеза е дека проектант на овој објект е SMB Пројект инженеринг, па сега ти провери дали сум во право. Се надевам не сум те навел на погрешна фирма, иако е само моја хипотеза.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9040
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 19-Mar-2009 at 17:19
Прееска баш поминував таму но не видов дека е истакнат проектантот.


Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 20-Mar-2009 at 00:07
Теренот за катна гаража зад Универзална подготвуван четири години

Катната гаража ќе се гради на површина од 1.800 квадрати

На дел од земјиштето зад Универзална сала дури завчера почна да се гради катна гаража, иако парцелата е продадена пред четири години. Но, и покрај тоа, во изминатиов период не се презедоа никакви градежни зафати, ниту пак јавноста беше запознаена која е причината што и по толку години просторот не се урбанизира, иако за него има урбанистички план.

„Според наши сознанија, по продажбата биле констатирани делумно нерасчистени имотноправни односи, кои инвеститорот постепено ги решавал. Ја добил потребната дозвола од Општина Центар и еве сега почнува да гради. Инаку, инвеститорот не бил обврзан со рокови кога да почне и да ја заврши изградбата, бидејќи во купопродажбениот договор за земјиштето немало такви временски ограничувањата, што не е случај со договорите што ги склучува оваа Влада“, рекоа вчера од Министерството за транспорт и врски, но немаа информација за колку пари било отуѓено државното земјиште. Единствено посочија дека тоа било продадено во 2005 година на извесна фирма „Стеми инженеринг“, која во меѓувреме направила договор за заедничка градба со тетовската фирма „Импексел-2“, која сега се јавува како инвеститор на објектот.

На завчерашното поставување на камен-темелникот, инвеститорот најави дека објектот ќе биде изграден во наредниве 16 месеци. Според Урбанистичкиот план, на локацијата е предвидена изградба на катна гаража комбинирана со деловен простор. Проектот предвидува објект со две подземни нивоа, три ката и потпокрив со капацитет од 136 паркинг- места. Катната гаража ќе се гради на површина од 1.800 квадратни метри, од кои 35 отсто ќе бидат наменети за деловен простор. Од „Импексел-2“ рекоа дека инвестицијата е вредна три милиони евра.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=C9209B60AE9EE7499CD18BBB4F12B346


Edited by lslcrew - 20-Mar-2009 at 00:07
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 20-Mar-2009 at 12:29
Ќе се паркира на седум ката

Инвеститорот Неим Хусеини тврди дека 65 отсто од објектот ќе биде пар­ки­ра­лиш­те, а одговорните од Општина Центар никаде ги нема да објаснат каков проект одоб­ри­ле

Ин­вес­ти­то­рот на катната гаража Не­им Хусеини, која завчера почна да се гради кај Универзална сала, тврди дека неговиот проект никој не го разбрал и оти простор за пар­ки­ра­ње ќе има на секој кат, а не само во подрумските простории. Иако во скицата на про­ек­тот, кој од завчера е изложен на местото на градбата, автомобили се илус­три­ра­ни само во подрумските простории, сопственикот на фирмата "Импексел-2" тврди де­ка простор за паркирање ќе има на секој кат. Најмногу простор за паркирање ќе има во подрумот, и тоа 68 паркинг-места на две нивоа, а најмалку на потпокривот каде што ќе со­би­ра само 5 автомобили.
"Ние го почитуваме Деталниот урбанистички план за овој простор, кој предвидува 65 от­сто од просторот да е катна гаража, а 35 отсто деловен објект. Така и ќе биде. Це­ли­от подрумски простор ќе биде паркинг, а 65 отсто од секој кат ќе биде паркинг и ќе има вкупно 136 паркинг-места. Значи, ќе има катна гаража, а не, како што се зборува, дека тоа ќе биде деловен простор", вели Неим Хусеими, сопственик на фирмата "Им­пек­сел-2".
Зем­јиш­те­то на кое треба да никне новата катна гаража е продадено пред 4 години, но не на фирмата "Импексел-2", која сега гради, туку на "Стеми инженеринг". Тие не биле во можност да почнат да градат, па затоа пред неколку месеци $ го продале на фирмата "Им­пек­сел-2". Министерството за транспорт и врски не гледа ништо спорно во тоа што фирмата која на тендер го добила земјиштето за изградба на катна гаража, по че­ти­ри години го продала на друга фирма. Од таму кажаа дека кај нив сe уште стои дека зем­јиш­те­то е на "Стеми инженеринг". Така рече и сегашниот газда на земјиштето Не­им Хусеини, нагласувајќи дека наскоро сите документи ќе бидат префрлени на не­го­во име.
Од службата за односи со јавност во Општина Центар ни завчера ни вчера никој не бе­ше достапен да објасни дали изолжениот проект на градилиштето е во согласност со ур­ба­нис­тич­ки­те планови и каков проект тие одобриле да се гради до Универзална са­ла. Недостапна беше и Соња Шумкова, раководител на секторот за урбанизам во Оп­шти­на Центар, а градоначалничката, пак, Виолета Аларова веќе со месеци не сака да збо­ру­ва на тема урбанизам.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=130063319CFAB74F8540933F8271622B
Back to Top
maja79 View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 18-Feb-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote maja79 Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 21-Mar-2009 at 22:36

Така значи....Катна гаража на проект, паркирање на 7 ката, а за извесно време пренамена во деловен простор а паркирањето...можеби едно подземно ниво и тоа комбинирано со други содржини?! Којзнае...Се надевам дека ќе биде сепак КАТНА гаража.

Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4473
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 22-Mar-2009 at 00:05
Јас сум грешно запознат со праксата во остатокот од светот, или во право сум кога мислам дека многу ретко катните гаражи се вакви цели застаклени? Па и со поткровје! Question
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 26-May-2009 at 19:22
Врие од машини и работници Ohno



Кога кај нас ќе има тајминзи и казни !?
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
theone View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 05-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote theone Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 24-Aug-2009 at 10:06
i

Edited by theone - 24-Aug-2012 at 00:22
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12035
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 20-Oct-2009 at 17:27
Ваму се придвижила работата




Back to Top
nikla802 View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 18-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote nikla802 Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 25-Oct-2009 at 00:25
..slusnav deka nasata mnogu seriozna i ispolnitelna ni drzavna administracija zaedno so opstina centar, odlucila ovde da go primeni praviloto na igra PU PU NE VAZI....i mu ja odzela (uredno)dadenata dozvola za gradba na DELOVEN OBJEKT so katno garazice...))))
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 25-Oct-2009 at 14:37
Па да ти кажам право и ја би му одземал дозвола на ова. Кога веќе не го прават катна гаража, па ни срам ни перде, уште од почеток си почнаа со деловен да си градат.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12035
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 25-Oct-2009 at 14:43

Сето тоа е убаво, но како може прво да се додели, а после тоа да се одземе... и да не слушнеме дека некој одговарал затоа што доделил?
(се разбира доколку е точна информацијата на nikla802)

А лично немам дилеми дека не треба да добиеме уште една деловна „катна гаража“, особено не таму, затоа што тоа еднаш засекогаш би ја закопало универзална сала во поглед на паркирањето.

Инаку мене не ми е јасно, ако дозволата е одземена, нели е малку чудно што таму си течат градежни активности?!?


Edited by Cloverstack - 25-Oct-2009 at 14:45
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9040
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 27-Oct-2009 at 17:36


Од денес...


Back to Top
igorius View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-Nov-2008
Online Status: Offline
Posts: 187
  Quote igorius Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 28-Oct-2009 at 04:18
od platformata na univerzalna bolje se glea steta sto si nemal vreme za krugce
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9040
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 28-Oct-2009 at 11:04
Originally posted by igorius

od platformata na univerzalna bolje se glea steta sto si nemal vreme za krugce


Во движење бев, само од кола испукав еден рафал . Но главната поента ми беше да ја евидентирам бетонската пумпа и активноста во контекст на дискусијата неколку поста погоре.
Back to Top
Djole88 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 612
  Quote Djole88 Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 15-Jan-2010 at 16:50
дечки вчера проаѓав од тука има огромен напредок. Не се разбирам баш ама мислам дека се при крај со карабината. Некој ако иде натаму нека сликне
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9040
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 15-Jan-2010 at 21:06
Баш денеска поминав


Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.186 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.