build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Културни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Драмски театар - Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <123
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1303
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 24-May-2017 at 19:05
Драмскиот театар ваков каков што е отсекогаш ми се допаѓал како изгледа однадвор и многу ме потсетува на дело на Франк Лојт Рајтс. Погрешно е да се руши, треба едноставно да се реконструира внатрешноста и среди фасадата и да остане таков како што е и да се пренамени во друга функција, да стане некој музејски простор или било што, нов Драмски може да се изгради на друга соодветна локација.

Франк Лојд Рајтс - Rуби Хаус


Драмски, Скопје


Edited by HugoGoulding - 24-May-2017 at 19:19
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 24-May-2017 at 21:18
Апсолутно се сложувам. Постојниот објект на Драмски театар не треба да се руши. И јас го гледам како инспиративно здание, кое ако се даде на архитектонски Конкурс за реконструкција би прераснал во успешна приказна за колективната меморија на градот по земјотресот.

Не треба да заборавиме дека ова здание е донација од Велика Британија, ми се чини единствената таква од оваа земја по земјотресот. Многу лесно се откажуваме од објекти со кои можеме да продадеме успешна туристичка приказна за пост-земјотресната обнова на Скопје.

Да не заборавам, постојниот објект на Драмски театар ниту оддалеку не е во лоша состојба како постојната барака на Театар Комедија. И уште една работа да напоменам, до Драмски театар има напуштен објект кој при евентуален реконструктивен зафат многу лесно би можел да се вклопи со овој објект и да се стави во функција на граѓаните.

Мое мислење е дека треба да организираме една петиција, со која ќе побараме зачувување на објектот на Драмски театар. Премногу лесно се откажуваме од објекти кои му значат многу на градот.
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 525
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 24-May-2017 at 21:36
Кое решение е конечно? Во веста на Билд е објавено стакленото, а визуелизацијата е со „малку“ полошото.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1493
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 24-May-2017 at 22:59
Мислам дека фабриката од Пинтија е конечно решение
Кој е надлежен за ова, Министерство за Култура или Општина Карпош? И јас мислам дека треба само да се реновира, а ако Драмски сака нова зграда оваа може да се пренамени во Дом на култура Карпош.

Edited by Staro Skopje - 24-May-2017 at 23:00
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1493
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 17-Dec-2018 at 20:07
Петиција за именување на Драмски театар по Горан Стефановски

„Горан е еден и единствен!“, „Затоа што е наш најдобар современ драмски писател, голем визионер и уште поголем човек“, „Именувањето е и малку за тоа што г-дин Стефановски и остави на Македонија“, „Одлична идеја!“…

Ова се дел од причините напишани од граѓаните кои деновиве потпишуваат онлајн петиција за именување на Драмски театар по Горан Стефановски, за да се задржи споменот за познатиот македонски драмски писател.

До моментов, петицијата ја имаат потпишано околу 1.120 граѓани.

Инаку, Горан Стефановски почина во Лондон на 27 ноември на 66-годишна возраст. Онлајн петиција покренаа и студенти од Универзитетот во Кент, кои бараат една од зградите на универзитетот да го носи името на нивниот професор.

https://okno.mk/node/75505

Иницијатива: Драмски театар да го носи името „Горан Стефановски“

Луѓето кои го познаваа и го знаат неговото значење сметаат дека е еден од најголемите амбасадори на Македонија и македонската култура, бидејќи неговите драми се поставувани насекаде во светот. Токму од тие причини ненадејната смрт на големиот македонски драмскиот автор Горан Стефановски, покрена лавина иницијативи на социјалните мрежи со многубројни предлози на најдобар начин да се оддаде почит кон неговото име и дело. Една од иницијативите е токму Драмскиот театар во Скопје да го носи името на Горан Стефановски, со оглед дека во оваа театарска куќа беа за првпат поставени, но и беа изведени најголем дел од неговите драми. Во оваа театарска куќа некои од неговите драми се режирани и по двапати…

(...)

https://24info.mk/%D0%B8%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B8%D0%B2%D0%B0-%D0%B4%D1%80%D0%B0%D0%BC%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D1%82%D0%B5%D0%B0%D1%82%D0%B0%D1%80-%D0%B4%D0%B0-%D0%B3%D0%BE-%D0%BD%D0%BE%D1%81%D0%B8/

Edited by Staro Skopje - 17-Dec-2018 at 20:09
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <123

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.172 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.