build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

[А5] Охрид * - Делчево *

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 789
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1049
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #161 Posted: 23-Sep-2015 at 03:02
Секогаш полесниот дел го чепкале отколку потешкиот.Охрид - Кичево место делот кон Стража.Така и Ресен - Битола место Ресен - Охрид.
А за евентуална трета лента или експресен пат - ново сликање.Или две.
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 478
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #162 Posted: 01-Oct-2015 at 23:17
Конечно се почна реконструкција на патниот правец А1 Градско – Прилеп од 26.09.2015 се изведуваат работи на пат (машинско гребење на асфалт) од 33 до 38 км.
Back to Top
elnino View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 28-Mar-2010
Location: kavadarci
Online Status: Offline
Posts: 88
  Quote elnino Quote  Post ReplyReply #163 Posted: 02-Oct-2015 at 18:10
каде е поточно тоа.....надвор од клисурата некаде кај фариш?
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 478
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #164 Posted: 02-Oct-2015 at 22:07
Originally posted by elnino

каде е поточно тоа.....надвор од клисурата некаде кај фариш?


Со оглед на тоа бидејќи реконструкцијата е од 33 до 38 километри сигурно ќе биде опфатен и тој дел кај клисурата и треба некаде да заврши кај селото ракле пред плетвар, а сега од каде се почнати и кој дел моментално се греби не знам ништо детално , само ме известрија дека се работи на А1 веќе неколку дена , некој ако поминал деновите сигурно има видено точно кој дел се греби ....

Edited by WolfLeader - 02-Oct-2015 at 22:13
Back to Top
krisp View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 25-Feb-2014
Location: Ресен
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote krisp Quote  Post ReplyReply #165 Posted: 10-Oct-2015 at 18:40
Originally posted by stratus

Оваа делница ја имам возено безброј пати и можам да кажам дека во некои делови асфалтот е во бепрекорна состоба = нула дупки (посветло сиви делови на коловоз), а во некои делови катастрофално лоша состојба крпен по сто пати на несоодветен начин. Што значи кога е правен (рани 80-ти) е различно правен во одредени делови, а колку што знам ова е прва негова реконструкција. Како и да е ова е многу прометен пат и требаше раконструкција. Притоа имам неколку прашања:

Зошто не е предвидено проширување во деловите кај што се две ленти (доколку е исправете ме) што претставува околу една третина од вкупната должина, како и зошто не се размислува за дополнителна четврта лента? Доколку се прави да биде како што треба, цела должина да е експресен пат.

Потсетете ме, колку пари беа земени кредит за реконструкција на овој пат (и неколку други помали) пред една година? Тогаш беа најавени многу повеќе пари од колку сега. Претпоставувам тука има некакви измени.

Оваа делница што се реконструира е барем двојно подобра од делницата Ресен-Охрид, која е подеднакво важна и прометна. За разлика од овде таму уште се вози по најстариот пат каде максимална брзина е 40-50км/ч, што според мене после патот кај Росоман (Прилеп-Велес) е најлошиот пат во РМ, а никаде не е спомената негова резградба или барем реконструкција. Има ли во оваа држава приоритети?

Како што ми кажувале постари луѓе во 80-ти бил направен проект за изградба на пат од Охрид до Велес (преку Битола, Прилеп и Ресен), кој е мошне важен за спојување на југот со северот и истокот со западот на Македонија, а не само за Пелагонискиот регион (да не мисли некој дека сум пристрасен ). Но со распадот на југославија тој пат за жал не се довршил. Негово довршување барем како некогаш што бил замислен, две ленти во рамничарски и трета лента на ридести делови, треба да е најголем приоритет за изградба на магистрални патишта што директно има корист македонското населени. Еве нека не е експресен (што е смешно доколку денес се гради нов пат да не е експресен или автопат).


ке се реконструира и тој дел од ресен до депонијата буково но за жал без обилконаци околу Ресен
Back to Top
ko4ani View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 286
  Quote ko4ani Quote  Post ReplyReply #166 Posted: 17-May-2016 at 21:36
Од денеска и официјално започна реконструкцијата на патниот правец Кочани-Македонска Каменица, денес заопчнаа со санирање на некои од косините најверојатно ке има измени во трасата, како ке биде ке видиеме. Изведувач е Гранит. 
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1049
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #167 Posted: 25-May-2016 at 15:19
Делот од Битола до Ресен е тест за вашите нерви - и среќа
.
На четири места се поставени семафори (поточни три, едно е ‘рачна‘ регулација) и врвот е со нивното подесување.
Не знам дали е временски или на друг начин наместено, верувам некој поупатен би знаел.
Ајде да е првото, ама не верувам дека после едно до две возила и цела колона поминуваше на црвено од обратниот правец?!(конкретно клучката кај с. Крушје, пред успонот за Буково, на два пати т.е. во двата правци вакви пропусти).
Го поминуваш конечно делот каде стоел семафорот во обратен правец - и таму зелено светло!

И кога мислиш дека го достигнале врвот - уште едно изненадување, возење по сеуште неоладен асфалт (сабајлето околу 9 не беше поставен, некаде околу 16:30 уште чадеше).И после очекуваме некаков квалитет на патишта...


Edited by Тркало - 25-May-2016 at 15:28
Back to Top
Могли View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 21-Apr-2015
Location: Битола
Online Status: Offline
Posts: 70
  Quote Могли Quote  Post ReplyReply #168 Posted: 20-Jul-2016 at 20:52
Денес патував од Битола до Охрид и спротивно. Па еве на кратко како изгледа патот.

Од Битола па до клучката за с. Ротино се вози по стариот пат. Јас би го поделил на два делови:
- Првиот дел од Битола до с. Братин Дол каде асфалтот е катастрофален, хоризонталната сигнализација едвај се познава, а вертикална нема.
[1]

[2]

- Вториот дел од с. Братин Дол до клучката за с. Ротино каде асфалтот е релативно нов, без дупки но со добар дел испакнатини и вдлабнатитни. Хоризонталната сигнализација е добра, а вертикална нема.
[3]

[4]


Од клучката кај с. Ротино повторно се вози по магистралниот пат и се до м. в. Бела Чешма (41°04'08.7"N 21°10'17.1"E) патот е добар но со крпеници. Хоризонтална и вертикална сигнализација добра.
[5]

[6]


Од м. в. Бела Чешма па се до тука 41°03'55.4"N 21°07'08.9"E патот е реконструиан пред повеќе години така што е во одлична возна состојба. Хоризонталната сигнализација е добра, а вертикалната релативно добра.
[7]

[8]


Од ова место, па се до м. в. Макази коловозот е релативно лош (има многу нерамнини), исто како и хоризонталната сигнализација, додека вертикалната е нешто подобра.
[9]

[10]

[11]


Од м. в. Макази па до Ресен патот е добар. Сепак, патот низ Ресен е своја приказна. Доволна е една слика.
[12]
Back to Top
Могли View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 21-Apr-2015
Location: Битола
Online Status: Offline
Posts: 70
  Quote Могли Quote  Post ReplyReply #169 Posted: 20-Jul-2016 at 21:35
Од излезот на с. Јанковец па се до излезот од с. Избишта има нов асфалт. За обележувањето и сигнализацијата нема да коментирам бидејќи патот е во изградба. Само можам да кажам дека на целата делница на кој се работи имаше поставено знаци дека патот е во изградба.
[13]

[14]


Следниот дел од патот ќе го поделам на три делови:
- Првиот дел е од излезот на с. Избишта каде има поставено семафор и сообраќајот се одвива во интервали. Патот е со земја и чакал неколку стотини метри.
[15]

[16]


- Вториот дел е воедно и најлошиот на целата оваа делница. Почнува по завршувањето на земјениот пат и трае до вториот семафор кај с. Горно Крушје. Иако е асфалт, патот е полн со дупки и не се вози повеќе од 40-50km/h.
[17]


- Третиот дел е кај с. Горно Крушје каде се наоѓа и вториот семафор. Дел од тој пат од неколку стотини мерти (кој е подолг од првиот) се вози по асфалт, дел по земја.
[18]

[19]

[20]


(Интересното кај овој семафор е тоа што од спротивна страна кога се доаѓа од страната на Охрид на семафорот пишува дека црвеното светло трае 6 минути, но сепак сите поминуваа на црвено, па и јас поминав )
[21]


Од с. Горно Крушје па се до планинскиот превој Буково има целосно нов асфалт кој е во одлична возна состојба. Забележав дека се поставени по 2 слоеви дебел асфалт.
[22]

[23]

[24]


Од планинскиот превој Буково па се до Охрид патот е неодамна реконструиран. Асфалтот е одличен, хоризонталната сигнализација обновена, додека вертикалната не е. Проблемот на оваа делница е во тоа што е премногу тесна, има многу кривини и нема трета лента. Така што при само еден камион на патот се создава долга колона, бидејќи има многу малку места каде што може да се направи безбедно претекнување.
[25]

[26]

[27]


Се на се, денес, од Битола до Охрид ми требаа отприлика 1 час и 45 минути.
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 478
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #170 Posted: 21-Jul-2016 at 15:00
И сега кога ќе се заврши со работа , од каде до каде комплетно ќе се вози по нов пат ? мислам на реконструкција на асвалт , на проширен дел ...
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 518
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #171 Posted: 21-Jul-2016 at 18:15
Нема проширувања. Само нов асфалт. Во битолскиот дел реновирани се 7 км, од Лукоил до клучката Ротино. Сеуште не се пуштени во употреба, не сум сигурен дали скроз завршија.
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 478
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #172 Posted: 21-Jul-2016 at 21:33
Аха , значи сепак од битола до охрид нема во целост да биде сменет асвалтот ? ок како и да е и ова што се прави нека биде добро направено.
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1049
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #173 Posted: 01-Aug-2016 at 10:51
Вчера ги имаа повлечено семафорите на делот Охрид - Ресен - Битола, се патуваше скоро нормално ~ 55 мин., освен на делот после с.Лева Река до Јанковец/Избиште каде е оставено само чакал.
За разлика од претходниот ден кога патувале и двојно подолго време.Инаку, добар дел од бариерите и знаците со известувања се истуркани, дури и на самите ленти...возилото пред мене застана на еден дел после с.Крушје па ги врати четири такви помеѓу двете ленти, да не мораме да возиме преку нив

Edited by Тркало - 01-Aug-2016 at 10:51
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1838
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #174 Posted: 14-Mar-2018 at 23:12
Штип - ГП Делчево
Патот е леле леле, од Штип до Кочани да речеме мн добар, Кочани до Каменица добар накај солиден, а Каменица до Делчево никако опуштање, некој делови се ново обновени без никаква сигнализација ни вертикална ни хоризонтална, додека некој делови се крш колата да си ја оставите, на секој чекор одрони ,од кој 2-3 огромни поради кој е премостен патот . Делчево за градскиот булевар немам коментар, иако е само 2-3км е во многу лоша состојба. Делчево до ГП Делчево е мн добар накај одличен, со мали замерки на почетокот и во меѓувреме каде што има попуштено.
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1838
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #175 Posted: 01-Jul-2018 at 01:16
Каменица до пред Делчево се имаат многу работи променето од последниот мој пост.
Скоро целиот пат е обновен освен каде што беа критичните одрони, таму се санираат одроните, се градат потпорни ѕидови и веројатно и таму наскоро ќе го видиме последниот слој асфалт. Патот е убав и удобен за возење (колку се може бидејќи знаеме колку и какви кривини има) . Останува банкините да се заменат што се гледа дека се извадени на многу места и чекаат нови, а хоризонтална и вертикална сигнализација повторно ни на повидок ова мора под хитно да се решава.
Малите замерки за Делчево до Звегор стануваат огромни ,патот е скоро крш, останатиот дел до ГП останува со мали замерки кој се поголеми во обратен правец поради нерамнините од камионите.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 789

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.107 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.