build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Интернет и телекомуникации

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 262728
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13834
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #541 Posted: 20-Sep-2021 at 17:24
Да не се плашат дека Бил Гејц ќе нè контролира на избориве преку чиповите од вакцините да гласаме за Грујо?
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12640
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #542 Posted: 28-Sep-2021 at 17:06
Владата најави бесплатен безжичен интернет на сите јавни површини во државата

Прво треба да се изготви листа на локации каде оваа услуга ќе биде достапна
Постапката за бесплатен државен интернет на сите јавни површини низ земјава започна денеска со усвојување на оваа информација на редовната владина седница.

Како што информира владината прес-служба, за реализација на оваа програма Владата утврди препорака за Јавното претпријатие Национална радиодифузија – Скопје како носител на реализацијата на проектот да подготви листа на локации каде ќе има безжичен бесплатен интернет.

„До крајот на април 2022 година, во соработка со Министерство за информатичко општество и администрација, Национална канцеларија за бродбенд компетентност и Агенцијата за електронски комуникации ќе одржат јавни состаноци со заинтересираните оператори и локалните самоуправи за реализацијата на обезбедувањето бесплатен безжичен „Ви-Фи“ на одобрените локации од интерес за туристите“,

https://360stepeni.mk/vladata-najavi-besplaten-bezzhichen-internet-na-site-javni-povrshini-vo-drzhavata/
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1525
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #543 Posted: 28-Sep-2021 at 19:29
Класична предизборна мини-глупоштарија што никогаш нема да се реализира. Во Македонија знаеме дека една клупа со Ви-Фи на плоштад не успеа да се оддржи, не па јавни простори, бла бла... Или па осветлување и канти за ѓубре стојат искршени. Сенешто што захтева оперативни таскови од кога ќе се постави, тоа во македонија заборавете дека ќе функционира.

Можда ќе се обидат да го решваат ова со притисок кон операторите на нивни трошок да постават, што нема да биде првпат да очекуваат од фирми контра нивната бизнис логика да работат. И ќе го направат и за некој месец ќе го снема.

Едноставно таква е приказната и така завршува секој пат. И така и треба да заврши, кога Лице А се обидува да му дава бесплатно нешто на Б на трошок на некој трет Ц кој не ни прашан.
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 670
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #544 Posted: 28-Sep-2021 at 20:39
Лице В би било по азбуката која ја користиш

Единствен плус од предизборната манипулација погоре е дека сега знам дека постои и Национална канцеларија за бродбенд компетентност, што и да е тоа.
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1289
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #545 Posted: 29-Sep-2021 at 19:26
Национална канцеларија за бродбенд компетентност, што се нема да измислат за да има можности за повеќе вработувања.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1525
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #546 Posted: 29-Sep-2021 at 23:00
Овакви институции по свет постојат, ама не се како кај нас инкубатгори за партиски вработувања, него се постојани работни тела во кои членуваат по автоматизам луѓе на други фиункции. На пример, директор ЦЕО и ЦТО на радиодифузија, сите оператори, кабелски телевизии, АЕК, министерства надлежни, електро факултет и слично. Утре ако се смени директор у некоја од комапниите, по автоматизам и тука челувањето на тој челн се менува. Функционира на некој начин како форуми.

Во Македонија едно време беше присутен Иво Ивановски, како ретко квалитетен кадар што се замешал во владини институции и мислам дека ова е наследено од негово време, ама после тоа партиските машинерии го имаат изџвакано и искористено за партиски цели, што врска немаат ниту со броадбанд, ниту со компетентност.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 262728

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.264 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.