build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Станбени
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Сончев Град

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 14>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11811
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Сончев Град
    Posted: 08-Oct-2007 at 14:03
За ваквите треба само оштро. Не е битно колку е замешама политика.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=E7394538C3D6A54AB527C3FEB397D4DE


ПРОДОЛЖУВА БЛОКАДАТА НА ИЗВОРОТ ЗА СОНЧЕВ ГРАД

Жителите на Патишка Река се искараа со сите

Жителите на селото Патишка Река на неодамнешната трибина се искарале со општинските власти од Сопиште, со двајца пратеници и со другите дискутанти. На висок тон им рекле, „никогаш нема да дадеме вода за Сончев град“, по што демонстративно станале и ја напуштиле салата. Од Општината велат дека трибината била уште еден обид да најдат заеднички јазик со жителите, кои два месеца го блокираат изворот.

Тој треба да се стави во функција за водоснабдување на новата населба Сончев град и на 13 села во Општината Сопиште, но попусто, бидејќи жителите на Патишка Река се убедени дека истоимениот извор нема штедрост за сите. Поради тоа продолжуваат да ги блокираат градежните активности околу водоводот, а со тоа и проектот Сончев град, вреден 100 милиони евра. Од Општината изјавија дека не им е јасно зошто полицијата два пати не доаѓа да интервенира, имајќи предвид дека изворот не е на жителите, туку на државата.

Трибината, велат од Општината, била организирана од невладината организација „Мост“ на тема „Проблеми и потенцијални решенија за водоводот во Сопиште“. Биле присутни градоначалникот на Сопиште, Љупчо Кец Мицковски, како и пратениците Стојче Крстевски и Лилјана Поповска.

Израелските инвеститори „Индастриал билдингс корпорејшн“ денеска повторно доаѓаат во Македонија. Минатиот пат рекоа дека планираат градежните работи да ги почнат за три месеци. Градоначалникот Мицковски тогаш рече дека, доколку жителите и понатаму се инаетат, ќе побара помош од Владата.

Со проектот Сончев град се отвора можност за домување на околу 6.000 луѓе во 602 индивидуални куќи и во 11 станбени згради. Населбата е замислена како модерна, урбана и еколошка, градена според највисоки стандарди. Имајќи ја предвид местоположбата, на рид, народот местото веќе го нарекува „Нов Беверли Хилс“. Крајниот рок за завршување е четири години.

(Ј.И.)




Edited by Cloverstack - 08-Oct-2007 at 14:04
Back to Top
gotsomekicks View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 305
  Quote gotsomekicks Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 08-Oct-2007 at 17:48
Dobro, pa du mu ebam majkata vajda nema investitorot da gradi 600 kukji ako nemoze so voda da se snabdat!!! Ebate toa seljacite i "nepartiskite" nevladini organizacii koi gi buckaat!!! ^%&^%&^%&^
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11811
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 08-Oct-2007 at 17:58
Овие конкретно не верувам ни дека некоја невладина ги подржува. Единствена подршка од „надвор“ веројатно имаат директно од ДУИ, чисто ради саботерски побуди (во обратна ситуација ДПА би го правела истото - во тоа не се сомневам) и покрај тоа што голема бројка на Албанци од околните села се залагаат за изградба на водоводот кој и нив би ги снабдувал...

Ама мене не ми е јасно зашто во државава се тепаат новинари и сниматели, а ваквите деструктивци се чешлаат. Прати им Алфи и специјалци да ги смират малце, па да видиме што ќе прават и како ќе ја спречуваат изградбата.

Проект и инвестиција од вакви размери да се блокира од мала група заостанати силеџии е навистина надвор од паметот!


Edited by Cloverstack - 27-Mar-2009 at 15:20
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 28-Oct-2007 at 18:04
Последна вест од Нетпрес во врска со Сончевиот Град:
 
Од транспорт и врски тврдат дека нема ништо спорно со тендерот за “Сончев град“

Министерството за транспорт и врски, во врска со денешната прес конференција на политичката партија ЛДП, на која беа презентирани наводни нерегуларности при постапката за јавно наддавање за проектот „Сончев град“, се огласи со својот веќе познат став, дека нема ништо спорно во врска со спроведеното јавно наддавање за „Сончев град“.

“Истовремено ја потсетуваме јавноста дека денешната прес конференција на политичката партија ЛДП е обид да лиферува информации од компанијата која не го доби земјиштето за „Сончев град“, кое што претходната Влада, во чиј состав беше и партијата ЛДП сакала да го продаде по пат на непосредна спогодба“, се вели во реакцијата од Министерството за транспорт и врски.

 ....

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8776
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 28-Oct-2007 at 19:44
Не ги сакам ваквите опозициски "поштењачки" прес конференции... Ама факт е дека помина околу пола година а не видовме С од Сончев град. Било какви подготвителни работи. Освен за водоводот и блокадата од локалците, нема ништо друго, не ги видовме Израелците да се појават и да објават барем нешто за проектот. Беше инаку најавено дека ќе дојде тим архитекти од таму да ја разгледа локацијата за да може да се издизајнираат типовите на куќи.
 
Од друга страна знаеме колку сегашнава гарнитура е склона на ПР и многу е веројатно дека ако имаше нешто конкретно околу тој проект ќе видевме нешто на телевизија.
 
Исто е загрижувачи што на интернет Industrial Buildings Corporation во контекст на Skopje или Macedonia враќа многу малку резултати и сите извори се Македонски владини или Македонски медиуми. Тука залутале и пар Бугарски портали за недвижнини и една објава од Израелското министерство за надворешни работи.
 
Би сакал паранојава да ми е неоснована, но премногу пати сме го виделе филмот....
 
Еве објава од 30.05 од А1. Видете каква помпа ни 24ч по потпишувањето на договорот.
 

Почнаа подготовките за изградба на Сончевиот град

Наташа Стојановска  
30.05.2007

Почнаа подготовките на локацијата за изградба на Сончевиот град. Четири екипи на Катастарот на јужните падини на Водно го обележуваат земјиштето на кое треба да се гради елитната населба.

На површина од 64 хектари во општината Сопиште ги маркираа границите во чии рамки ќе се гради Сан сити. Договорот за купување на парцелата со израелската корпорација „Индустриал билдинг“ е потпишан доцна синоќа во Владата.

3,6 милиони евра легнаа на сметка на државата. Со парите што општината ќе ги добие за комуналии ќе ги решава проблемите со водоснабдување на оваа територија.

„Ги превземавме заеднички обврските околу изградбата на водоводот, бидејќи општината со свои средства ќе учествува во изградбата на водоводот од Патичка Река до Горно Соње, магистралниот вод, а од Горно Соње до Сончевиот град инвеститорот ќе ја гради таа делница со свои средства“, изјави Љупчо Мицковски, градоначалник на општина Сопиште.

Инвеститорите денеска си заминаа. За десетина дена најавиле дека ќе дојдат повторно, со израелски архитекти кои ќе излезат на терен и ќе почне реализацијата на проектот. Изградбата треба да заврши за четири години.

Предвидено е да има 603 куќи, 11 станбени згради и спортски објекти. Целата инвестиција чини околу 100 милиони евра. Локалните власти се надеваат дека тоа ќе значи и економски развој на овој дел.



Edited by pbanks - 28-Oct-2007 at 19:46
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8776
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 02-Nov-2007 at 14:44
ДИРЕКТОРОТ НА ПРОЕКТОТ СОНЧЕВ ГРАД РОНЕН ЈАРДЕН ЗА КАПАЦИТЕТОТ НА ИНВЕСТИТОРОТ ОД ИЗРАЕЛ
Градиме згради од Њујорк до Санкт Петербург
Изградбата на Сончевиот град во Сопиште ќе почне напролет, до кога компанијата треба да ја добие сопственоста врз 636 илјади квадратни метри земја и да ги извади градежните дозволи за инфраструктурата, патиштата и за станбените згради

Вест: "Индустриал билдинг корпорејшн" е обврзана да изгради станбена населба со 604 домови, 11 згради и 2 спортски објекта во Сопиште, блиску до Скопје, до крајот на 2011 година. Дали го имате потребното искуство за еден ваков голем проект?
Јарден: ИБЦ е најголема израелска компанија за недвижности и голема градежна компанија во светски рамки. Основана е во 1961 година од израелската држава, и подоцна се приватизираше. Таа е јавно тргувана компанија и котира на берзата во Тел Авив, која е во сопственост на "Фишмен груп" која, пак, е една од најголемите и најраспространети израелски инвестициони групации. "Фишмен груп" е присутна во бизнисот со недвижности, малопродажба, медиуми и телекомуникации, високотехнолошки капитални вложувања, услуги и индустрија. Вработува повеќе од 10.000 луѓе и има консолидиран годишен промет од 1,8 милијарди американски долари.
ИБЦ изминатите 4 декади активно градеше проекти со недвижности во сите сегменти: станбени, деловни, малопродажни, индустриски и логистички проекти. Некои од овие проекти, во прв план станбените, се продаваат по изградбата, додека повеќето се најмуваат. Тоа е причината што главнината на приходот (140 милиони евра) се добива преку наемнина. Најголемиот дел од поседите во портфолиото на компанијата (површина од 1,9 милиони квадратни метри, со вкупна вредност од 1,3 милијарди евра) се изградени од компанијата.
Вест: Во кои други земји сте изградиле станбени населби?
Јарден: Станбените имоти на ИБЦ се наоѓаат низ целиот свет. Само во Израел, ИБЦ досега изгради повеќе од 50 населби, вклучувајќи и станбени висококатници. Вакви градежни потфати имаме насекаде низ светот: од Њујорк, преку Лисабон, Португалија, до Санкт Петербург во Русија. Понатаму компанијата поседува и управува со големи станбени објекти во Канада и во Германија. Само зоната во Санкт Петербург ќе вклучува приближно 9.000 станбени единици.
Вест. Кои се некои од вашите најпознати проекти и каде се наоѓаат зградите?
Јарден: Ќе набројам само неколку градежни потфати, и тоа станбени потфати - Тел Авив Тоњерс во Израел каде што првата фаза од изградбата е завршена и се гради втората фаза, Схохам во Израел - изградбата е завршена, во Санкт Петерсбург, Русија објектот е во изградба, на 225 5тх Аве., Њујорк, САД - објектот е завршен.
Деловен простор: Ацкерстеин Тоњерс, Херзлsиа, Израел (завршени згради 1-3, зграда 4 во изградба),Тоњер, Хаифа, Израел, малопродажни проекти: Сопинг Центар Вернисаге, Јарославл, Русија (завршен),Модиин Поњер Центер, Израел (завршен).
Вест: Дали имате доволно финансиски потенцијал да ја изградите населбата? Како ќе го финансирате проектот?
Јарден: ИБЦ досега го финансираше проектот Сончев град од сопствени извори. Бидејќи е јавна компанија и дел од "Фишмен груп", ИБЦ има поволен пристап до финансии, како преку капитал во акции така и од приватни извори. ИБЦ ужива долги и просперитетни односи со водечките светски банки, кои едвај чекаат да одобрат кредити за финансирање на најновиот успешен потфат на компанијата.
Вест: При првиот тендер, "Индустриа билдинг корпорејшн" не ги задоволи барањата за да учествува во тендерот. Како се јави вашиот интерес за Сончев Град?
Јарден: Меѓународниот оглас за јавното наддавање за Сончев град беше официјално објавен во "Фајненшл тајмс" на 5 април оваа година. Бидејќи дознавме дека Македонија не само што е прекрасна земја туку и многу атрактивен и брзорастечки пазар на капиталот, а ги задоволувавме сите предуслови од огласот, одлучивме да учествуваме во наддавањето. Ја следевме процедурата како што диктираа одговорните органи. Конечно, ја доставивме нашата понуда, која на крајот беше оценета како најдобра. Понудената цена беше целосно исплатена и го завршивме откупот на земјиштето.
Вест: Бидејќи тендерските услови се сменија и бидејќи само две понуди учествуваа на тендерот, "Транспарентност Македонија" и македонските политички партии обвинија дека целата процедура била наместена вие да бидете најдобриот понудувач. Како ги толкувате измените во тендерските услови и комплетната тендерска процедура?
Јарден: Свесен сум дека имаше тензија меѓу опозицијата и владејачката партија. Само можам да се надевам дека во контекст на македонските напори за придружување кон нејзините соседи, кои се членки на Европската унија, сите партии ќе се здружат за да ги промовираат странските инвестиции, а преку тоа да придонесат кон брз развој на локалната економија и инфраструктура.
ИБЦ е мултинационален деловен субјект со финансиски цели. Компанијата соработува со Владата и со општинските власти само онолку колку што е потребно да се завршат изградбите на недвижностите. Во овој случај јавниот оглас беше рекламиран меѓународно и учеството беше отворено за која било градежна компанија. Две компании се пријавија за повикот тој ден и една од нив, ИБЦ ја даде повисоката понуда. Не можам ниту да замислам поотворен и полегитимен процес.
Вест: До крајот на идниот месец би требало да почнете со изградбата на Сончевиот град. Дали ги обезбедивте сите потребни дозволи за да почнете со изградба? Која ќе биде динамиката на инфраструктурата и зградите?
Јарден: Преносот на сопственоста на 636.000 квадратни метри со повеќе парцели е долг и сложен процес. Одговорните од Катастарот не уверуваа дека овој процес наскоро ќе заврши. Кога ќе заврши, ИБЦ ќе започне да поднесува барања за градежни дозволи за инфраструктурата, патиштата и за станбените згради. Големи и сложени градежни потфати не треба да се избрзуваат; треба внимателно и прецизно да се испланираат и дизајнираат. Очекуваме да почнеме со изградба напролет во 2008 година.
Тања Јовановска

 
Извор: Вест


Edited by Cloverstack - 02-Nov-2007 at 16:44
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11811
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 02-Nov-2007 at 16:45
towers = тоњерс? Crazy

Edited by Cloverstack - 02-Nov-2007 at 16:46
Back to Top
dejan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 673
  Quote dejan Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 03-Nov-2007 at 02:56
Woow toa zvuchi interesno
hehe znam realek...poshti neli њ e 'w' bukvata na keyboard.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11811
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 10-Dec-2007 at 04:18
Затишје во врска со проектов...  Unhappy

А нема ни информации што направија со сељаците што го блокираа водоводот Roll%20eyes

Ај постирајте ако сте налетале на било што...


Во меѓувреме да го ставиме планот на населбата




Многу подетален план (во PDF) можете да најдете овде:

http://www.build.com.mk/docs/soncevgrad.pdf

Cheers


Edited by Cloverstack - 10-Dec-2007 at 04:19
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11811
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 04-Jan-2008 at 00:31
Зарем е можно една мала група неандерталци да блокираат ваква инвестиција? Барем да имаше некаква основа за нивното однесување, ама изгледа освен неразбраност и инает нема никаква реална основа... До кога ќе се толерира ова?!?

Ohno        Bash


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=06B6C21FF6C0F94E9B1842DFF385C4F5

Водоводот „Патишка Река“ тапка во место

И по напорите на надлежните од Општина Сопиште преку разговори со претставници на месните заедници да се променат ставовите на жителите од Патишка Река, повторно е доведена во прашање изградбата на водоводот „Патишка Река“, а со тоа и израелската инвестиција за изградба на Сончевград. Координативното тело од Месната заедница „Патишка Река“ по втор пат застана на страната на ставовите на жителите и не дозволува изградба на системот за водоснабдување. И овој пат тие упатуваат на зафаќање на други извори, посочувајќи ги месностите Три Реки или Езерце. Општина Сопиште, надлежните институции и државни органи, низ кои проектот е поминат со сите согласности и одобренија за градба, и натаму сметаат дека единствено изградбата на „Патишка Река“ е решение за подобро водоснабдување на жителите на Сопиште, но и за снабдувањето на Сончевград. (Сн.К.)


Edited by Cloverstack - 04-Jan-2008 at 00:45
Back to Top
gotsomekicks View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 305
  Quote gotsomekicks Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 04-Jan-2008 at 13:27
Колку се надевав дека си постирал добра вест... Ohno. ШУПАЦИ! Добро бе, стварно не ми е јасно како можат да мислат дека се најпаметни... па да му се сневиди, нека пратат десет цајкани и нека тераат работа!!! Или можеби некој од страна саботира... Bash
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 04-Jan-2008 at 17:47
А дали некој знае во што е всушност проблемот? Дали е она стандардното македонско кочи само колку да се укочи некој процес или има реални проблеми? Сум возел точак во пределот на Патишка Река и знам дека е еден ретко убав и живописен предел на само 35 километри од Скопје, директно под Солунска Глава. Селото е доста отсечено и изолирано со претежно албанско население. Се прашувам дали е можеби повискоа политика во прашање (ДУИ-ДПА-СДСМ-ВМРО....)???
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11811
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 04-Jan-2008 at 18:03


Изгледа се работи за инает помешан со политички мотиви. Реални проблеми нема... Планинците во суштина се бунат зашто ќе им ја „украделе“ водата. Претпоставувам главен политички инспиратор е ДУИ.

Инаку интересен е фактот што населението од другите села таму се сите за изградба на водоводот, без разлика на нивната национална припадност. Тој водовод ќе ги опслужува сите. Во суштина овие неандерталци од Патишка Река одат и против своите интереси...

Ама во бестрага веќе со нивните будалаштини... Ако не може мирно, тогаш нека се гради и со сила. Не смее толкава инвестиција да трпи или евентуално пропадне ради таков банален „проблем“.


Edited by Cloverstack - 04-Jan-2008 at 18:05
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8776
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 11-Jan-2008 at 23:30
Wallbash


ПРОДОЛЖУВА БЛОКАДАТА НА ИЗВОРОТ ПАТИШКА РЕКА ВО СОПИШТЕ

Изградбата на Сончев град закочена поради самоволие на жителите

Владата го продаде земјиштето за 3,6 милиони евра, а шест месеци потоа не презема конкретни мерки за да ја тргне блокадата и да му овозможи на инвеститорот да ја гради новата населба

Министерството за транспорт и врски најавува дека изградбата на населбата Сончев град во Сопиште по шест месеци одолговлекување конечно ќе почне, но ситуацијата на терен останува комплицирана. Жителите од селото Патишка Река продолжуваат со блокадата на изворот на кој треба да се приклучи водоводот за новата населба, но и за 13 села во општината Сопиште. Иако станува збор за државна вода, државни и општински претставници со месеци ги молат жителите да дозволат да се зафати изворот за водоснабдување на новата населба. Овие, пак, упорно го одбиваат тоа. Поради ваквиот однос на жителите, изградбата на модерната населба е неизвесна, бидејќи овој извор е единствениот што може да послужи за водоснабдување на Сончев град.

Од Министерството не го прецизираат точниот термин кога ќе почнат со градежните работи. Убедуваат дека изградбата е сигурна.

- Министерството за транспорт остварува континуирани контакти со Општина Сопиште и се очекува брзо да се надмине прашањето за водоводот „Патишка Река“. Со тоа ќе бидат исполнети сите предуслови за изградба на неопходната инфраструктура за идната населба, но и за неколку населени места во Сопиште - изјавија од Министерството.

Жителите на Патишка Река, со образложение дека изворот нема доволно штедрост за сите, неколкупати одбиле да разговараат со општинските власти, па дури и со министерот Миле Јанакиески. Сепак, пред неколку недели имале средба со претставници од власта и со Јанакиески, но демонстративно си заминале, повторувајќи дека не го даваат изворот.

Од Општина Сопиште велат дека изворот е во државна сопственост и дека државата си има механизми како да го реши овој проблем, но и тие помагаат, бидејќи од изградбата на населбата и Општината ќе има голем ќар. Објаснуваат дека одамна го завршиле својот дел, односно ги издале потребната техничка документација и дозволи, а предвиделе и 100 милиони денари во буџетот за изградбата на водоводот.

- Незамисливо е изградбата на населбата да почне без да се реши проблемот со водоснабдувањето - изјави градоначалникот на Сопиште, Љупчо Кец Мицковски.

Проектот за Сончев град предвидува изградба на 602 куќи и на 11 згради, во кои ќе можат да живеат 6.000 луѓе. Инвеститори се израелската фирма „Индастријал билдингс корпорејшн“.

Населбата е замислена како модерна, урбана и еколошка, градена според највисоки стандарди. Според најавите, крајниот рок за завршување е четири години. Израелците за земјиштето со површина од 636.459 квадратни метри, на државата и платија 3,6 милиони евра.

Јорданка Ивановска



http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=FD404AC7958C92429550F19203A53709
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11811
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 12-Jan-2008 at 01:04
Wallbash Wallbash Wallbash


У основа на ова лежи проблемот што секое село што има нешто вредно у близина, мисли дека тоа е нивни посед Nuts

Не беа далеку времињата кога од Рашче и околните села бараа да не плаќаат сметки за вода... Само се прашувам кога оние од Петровец и Чојлија ќе побараат бесплатни авионски билети Nuts


Абе не е нивни изворот па да го даваат или не го даваат! Мислам доволно време се потроши на молење... Веројатно имало и разноразни пазарења и понуди некако да се компензираат, што исто не ми се свиѓа... Ама еве, кога сепак уште нема позитивен резултат - се знае... Нема више со фино.


Edited by Cloverstack - 12-Jan-2008 at 01:05
Back to Top
волан View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Dec-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 192
  Quote волан Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 23-Jan-2008 at 22:06

До “Сончевиот град“ преку средно Водно ...


Сликата%20“http://i108.photobucket.com/albums/n16/djurob/Picture001.jpg”%20не%20може%20да%20се%20прикаже%20бидејќи%20содржи%20грешки.

Најпрвин сакав  само да ја линкувам веста во мојот пост за СОНЧЕВ ГРАД
за ова бесмислица на Фондот за патишта - кој за оваа година ке пробива пат од Средно Водно до елитната населба Сончев град ...  сето ова било во овогодишната програма на Фондот за патишта ... низ Водно ќе се гради пат во должина од 2,5 километри. Инвестицијата ќе чини 700.000 евра. Моментално геодети вршат снимање на теренот, а потоа ќе се прави проектот ...

Ова е втор “организиран напад“ на плуќата на Скопје, по оној со Проектот за изградба на Етно МК село ... на водно во близина на Пантелејмон ... ??! ... Да не зборуваме дека Водно се напаѓа и диво со сталното подигање на градежната линија ... случаевите на Шпанско село и Олимписко село ...

Зарем во време кога се прави акција за засадување на незнам колку нови милиони садници од Водно повторно ке правиме голо брдо какво беше по крајот на втората светска војна ... Екологистите мора да го дигнат гласот ... Ако треба и со жив штит да се брани Водно ...

Пат до другата страна на Водно е предвиден со тунел ... Ако нема пари за тоа ... нека се остави за некоја друга генерација ... а Водно нека остане како и досега Плуќа на Скопјани ...


Сликата%20“http://www.vecer.com.mk/WBStorage/Articles/233DEA9AAEF9254C8B4C039703F019ED.jpg”%20не%20може%20да%20се%20прикаже%20бидејќи%20содржи%20грешки. Image0404-1936%28A1%29.jpgImage0404-1937%28A1%29%5b4%5d.jpg

Ако не излезат фотките одете на ликот на мојот блог ... најгоре ...




Edited by волан - 23-Jan-2008 at 22:12
волан
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8776
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 23-Jan-2008 at 22:14


интересна тема зачнуваш волан. Не ја знам трасата на планираниот пат и доколку е од средно водно веројатно би бил против. Но колку што знам треба да почнува кај ИЗИС. Таква варијанта мислам дека не би ми сметала. Тој дел од градот (Припор, Сопиште, Соње итн) и онака немаат културна врска со градот и не гледам каде таа би се изградила (можеби може некаде позади цементарница?). Значи асален пат до таму мора да се направи и решението од кај ИЗИС па по границата на градежната линија над Пржино до Сончев град мислам дека не е лоша. Таму каде што би можело и би имало потреба би било фино да се направат тунели иако не верувам дека нешто такво е планирано.

Со другите работи во твојот коментар се сложувам. Мора да му се посвети поголемо внимание на Водно, градежната линија да се запечати. Во една друга нишка дискутиравме дека сообраќајот нагоре комплетно треба да се забрани (ете кај ИЗИС би било перфектно место за рампа) од таа линија па нагоре планината да биде само за рекреативци а они кои не можат/не сакаат да се качуваат би ја користеле хипотетичката жичница која треба да се изгради.

Cheers
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11811
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 23-Jan-2008 at 22:23
Волан, која е точно трасата на овој пат?


Пат до другата страна на Водно е предвиден со тунел


Да, ретко кој знае дека е предвиден таков тунел, од ИЗИС, точно до Сончев град (мислам во должина од околу 2km). Реално да се инвестира во таков тунел во овој момент би било неодговорно затоа што имаме многу поголеми приоритети. Но дур стигне тунелот за реализација би било пожелно да се среди постоечкиот пат преку Припор и Сопиште. Со тоа, наместо да го уништуваат Водно, ќе имаат сепак солидна врска која ќе користи и за споментатите населби.


Edited by Cloverstack - 23-Jan-2008 at 22:30
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8776
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 23-Jan-2008 at 22:26
Originally posted by Cloverstack

Со тоа, наместо да го уништуваат Водно, ќе имаат сепак солидна врска која ќе користи и за споментатите населби.


Патот е тесен, нема простор за проширување освен ако не се фрлат големи пари за експропријација, успонот е голем, не е по никакви стандарди. Не верувам дека може којзнае што да се направи со тој пат. Инаку самиот коловоз е добар. Проблем таму се наносите од камчиња и песок при секој поголем дожд.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11811
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 23-Jan-2008 at 22:43


Не го знам тој дел толку добро, веројатно си во право. Но еве во овој извадок од сообраќајниот ГУП, тој пат ионака е зацртан да биде од повисока категорија се до после Припор. А од друга страна не е предвиден онаков пат како што кажуваш. Патот што би продолжил полсе ИЗИС се спушта надолу и на крај треба да се спои со идниот продолжеток на Бул. Србија.

На планов исто така може да се види и дел од тунелот




Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 14>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.