build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Хотели и одморалишта
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Хотел на Плоштад Македонија (5.1)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Хотел на Плоштад Македонија (5.1)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 16>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8776
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Хотел на Плоштад Македонија (5.1)
    Posted: 31-Mar-2009 at 09:56
Уште една маркичка од Мал Ринг се активира изгледа. Ако добро разбирам се работи за маркичката помеѓу Офицерскиот дом и Магос 5.2.2.

Владин конкурс за идејно решение за хотел со 5 ѕвездички Question Crazy




Edited by pbanks - 31-Mar-2009 at 09:59
Back to Top
anDarko View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 12-Oct-2008
Online Status: Offline
Posts: 204
  Quote anDarko Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 31-Mar-2009 at 13:26
не гледам ништо спорно во огласов. ако е таа маркицата за која зборуваш, тогаш и треба да се пополни. За разлика од маркицата за црквата, оваа и тоа како е на место и не смее да остане постојната ливада. А тоа што како услов е објектот да е во релација со објектот на обновениот Офицерски дом и не гледам како на нешто лошо, туку на нешто кое ќе доведе објектот да не отскокнува од еден друг, посточки објект кој го дефинира плоштадот - Ристикева палата. Тоа што на крај ќе испадне од се ова е друго прашање, огласов сам по себе е сосема во ред.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 31-Mar-2009 at 13:28
Џуро реакцијава (Question Crazy) ти е за конрусот или за ова форумулацијата "5 ѕвезди"?!
Back to Top
ArchiTechTone View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 280
  Quote ArchiTechTone Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 31-Mar-2009 at 13:55
ХАХА текстуален опис на решението (максимум 3000 карактеристики) Мене не ми е јасен делот со “хотел во комплекс градска куќа“ што значи тоа? Демек градската куќа е приоритетна и треба спрема неа да се калибрира естетиката на конкурсните решенија? Повеќе од јасно станува колку ретроградно влијаат градбиве, и принудуваат “антиквизација“ на новите идеи. Иначе сосема се слагам дека таа парцела не треба да остане тревник.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 31-Mar-2009 at 14:14
Архитектоне ѕирни и во уранистичкиот план оваа маркица е споена во ќошето со онаа од градската куќа. Така да уствари се работи за комплекс до две згради, а не два посебни објекта. Која епотребата од вакво решение мене ич не ми е јасно. Стварно ме чуди зашто вакво нешто, не ја сваќам едноставн потребата. Затоа е така на некој начин конкурсов врзан и со градската куќа.
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 31-Mar-2009 at 14:15
А да не треба овде да биде џамијата (со извинување, не знам како се вика), што треба да е одговор на долгорасправаната црква на плоштадот!? Изгледа затоа се брза толку...до 4 мај е рокот за предавање на конкурсните трудови....
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
anDarko View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 12-Oct-2008
Online Status: Offline
Posts: 204
  Quote anDarko Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 31-Mar-2009 at 14:34
Да не се појавија лешинари, љубоморни архитекти во 1991 кои со својата работа подалеку од Скопје немаа отидено, а кои ја саботираа реализацијата на проектот на сега веќе покојниот, легендарен архитект Ото Ташковиќ, врз целата локација на сегашната маркица за Офицерски и овој ново-планираниот хотел веќе ќе се простираше Хотел Шератон за кој тогаш беше обезбедена целосна финансиска конструкција, обезбедена беше франшизата на Шератон, готов проект со решен сообраќаен пристап од партизанска итн итн.
 
Ташковиќ сета таа жестока опозиција за изградбата на хотелот го уништи и набрзо почина без да му се рализира неговата огромна желба да изгради објект во родниот град (Ото Ташковиќ има изградено цела низа атрактивни објекти низ многу земји - нам најпознат и најблизок во соседството ни е Хотелот Хајат во Белград).
 
Интересно е што и тогаш во 1990 главната опозиција кон изградбата на Хотелот на Ташковиќ доаѓаше од истите архитекти кои и до ден денес останаа вечна опозиција на тоа се што се гради во Скопје (особено во централното градско подрачје) а што не е проектирано од нив! Тогашниот изговор им беше дека просторот не смеел да се гуши и дека требало да остане празна таа јадна ледина!!
 
Инаку, таткото на Ото Ташковиќ е проектантот на зградата на Собранието која била изградена во 1930те како седиште на управата на Вардарска бановина.
 
Инаку, еве еден текст за тогашните договарања кои пропаднаа (ова беше малку подоцна, откако се појави интересот на Даеву како можен финансиер на хотелот)
 
HILTON-DAEWOO" IN SKOPJE?

          Otto Taskovich, a renown architect, project manager and

organizer of the funding for the construction of the deluxe hotel

in Skopje,  said that the negotiations with the South Korean firm

Daewoo regarding this project have come to a positive conclusion,

and these  days, a  final answer  from the  firm as to whether it

will participate  with 70%  in the  financing of the project, was

anticipated.

          If Daewoo  is to  become the main financier, instead of

the name  "Sheraton," the  hotel will  become one in the chain of

the world renown hotels "Hilton." The firm Daewoo already has six

"Hilton-Daewoo" hotels throughout the world.

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8776
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 31-Mar-2009 at 14:38
она што мене ме буни со тој оглас е дека владата нарачува проект. Дали е таа инвеститорот на оваа парцела? Тоа ме буни.

Во случајот на пример со Резидор се продаваше земјиште предвидено за хотел на фирма која е квалификувана за таков бизнис. Овдека ми делува дека се работи за нешто друго.

Инаку мислам дека е сосема јасно дека не сум против зачувувањето на пасиштето и паркингот пред телеком, дефинитивно сум за урнанизација.


Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 31-Mar-2009 at 14:59
Џуро за оваа маркица како и некои други (на пример драмски) тука владата одлучува проект и после иневтиторот кој сака да гради е должен да гради по владиниот проект. Овдека проектот не е оставена на слобода на инвеститорот.
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 31-Mar-2009 at 15:05

Дали некој можеби знае, како тоа се решава во развиените урбани средини? Односно дали на централниот плоштад во градот, инвеститорот има/треба да има слобода на изведба на проектот, или треба да му биде наметнат или одобрен? И ако треба некој да му каже амин, дали е тоа централната власт или градот? Сметам дека ова е уште една узурпација во најмала рака на одлуките на градот. Со ваквата поставеност, испаѓа одговорни за све се општина Центар и Владата, а градоначалникот на Скопје е „Енглеска кралица“.

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11810
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 31-Mar-2009 at 15:11
Originally posted by lslcrew

Архитектоне ѕирни и во уранистичкиот план оваа маркица е споена во ќошето со онаа од градската куќа. Така да уствари се работи за комплекс до две згради, а не два посебни објекта. Која епотребата од вакво решение мене ич не ми е јасно. Стварно ме чуди зашто вакво нешто, не ја сваќам едноставн потребата. Затоа е така на некој начин конкурсов врзан и со градската куќа.
Немај гајле, не може да се работи за никаков комплекс, а што точно значат така повлечените линии не би знаел да протолкувам, но примети дека тоа е така и на други места, ете на пример кај меморијалниот центар на холокаустот.
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 31-Mar-2009 at 23:40

Не еден, туку два седумкатни хотела ќе се градат на плоштад!

Се бара идејно решение за хотел со пет ѕвезди, дел од комплексот Градска куќа

Деспина Трајковска

Не еден, туку два хотела ќе се градат на скопскиот плоштад! И двата објекта се предвидени со контроверзниот Детален урбанистички план „Мал ринг“, кој дозволува тие да бидат високи до 29 метри, односно да имаат по седум ката. Објектите е предвидено да се градат од левата страна на плоштадот, гледано кон Камениот мост, едниот во зеленилото спроти кафулето „Тренд“, а другиот пред зградата на „Пошта“ како дел од комплексот Градска куќа. Додека јавноста е во исчекување до каде е постапката за изградба на хотелот спроти „Тренд“, за вториот објект неделава Министерството за транспорт и врски веќе распиша конкурс за идејно решение. Се бара архитектонско-урбанистичко решение за хотелот, кој ќе биде со пет ѕвезди во рамки на комплексот Градска куќа и треба да се вклопи во амбиенталната целина со објектите во опкружување. Според објаснувањето од Министерството за транспорт и врски, конкурсот е само дел од подготвителните активности за изградба на комплексот што ќе се гради на државно земјиште, кое е планирано да се продава на лицитација по изборите. Најповолниот понудувач ќе има обврска комплексот да го изгради според избраните конкурси, овој за хотелот и веќе утврдениот за Градска куќа, чиј автор е архитект Коста Мангаровски.

„Најповолниот понудувач, како инвеститор кој ќе ја реализира изградбата, ќе има обврска да го отстапи делот што е предвиден за Градска куќа“, дополнуваат од Министерството за транспорт и врски без конкретен одговор дали екот на изборната кампања не е пречка за распишувањето на конкурсот. Никакво толкување за неговата законитост во актуелниов период не добивме ниту од Антикорупциската комисија.

Инаку, во објавата, иако вообичаено за досега распишаните, во оваа Министерството конкретно не наведува каков стил треба да биде градбата, ниту дали фасадата треба да соодветствува со фасадата на објектот Градска куќа, кој е одлучено да ја зачува „лушпата“ на некогашниот Офицерски дом. Меѓу наведените услови, стои дека објектот треба да има квалитетна релација со Градска куќа, да има оригинален и иновативен изглед, пристап до и во објектот да имаат и лицата со посебни потреби и друго.

Од Министерството за култура пред речиси две години одлучија Градска куќа да се гради според проектот на архитект Коста Мангаровски откако на меѓународниот конкурс не беше доделена прва награда, па од вкупно осум пристигнати труда, два беа рамноправно наградени - конечно избраниот на Мангаровски и идејниот проект изработен од словенечка група архитекти од „Мултиплан архитекти“.



http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=29FBC18016393445B3077A895E87DCAA
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
gotsomekicks View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 305
  Quote gotsomekicks Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 01-Apr-2009 at 10:39
априлилили? Crazy
Back to Top
anDarko View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 12-Oct-2008
Online Status: Offline
Posts: 204
  Quote anDarko Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 01-Apr-2009 at 10:45
Супер! и не е априлили, тие локации треба да се пополнат, а подобро е да се градат симултано двете отколку да се отвараат градилишта едно по друго и центарот да е раскопан деценија!
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3656
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 01-Apr-2009 at 10:48

Хотел ќе никне на плоштадот Македонија

Коментари (0)   
01.04.2009 09:50
Од Владата распишаа конкурс само за Градска куќа, но не кажаа дека тоа ќе биде голем комплекс
 

Хотел со пет ѕвезди наскоро треба да биде изграден на плоштадот Македонија во Скопје, во паркот пред „Телеком“, како дел од комплексот Градска куќа.

Министерството за транспорт и врски деновиве во весниците објави оглас во кој повикува заинтересирани субјекти за подигање документација.

Весникот „Дневник“ пишува дека досега ниту еден државен орган не објавил јавно информација за каква било изградба на хотел на плоштадот.

Од Владата распишаа конкурс само за Градска куќа, но не кажаа дека тоа ќе биде голем комплекс, во кој се зацртани маркички за други комерцијални содржини, пишува весникот.

Според урбанистичкиот план „Мал ринг“, хотелот се наоѓа во паркот пред „Телеком“. Зафаќа и дел од паркингот, односно се наоѓа веднаш до локацијата за на која е предвидено да се гради Градската куќа, на местото на стариот Офицерски дом.

„Утрински весник“ во денешниот број пишува дека на скопскиот плоштад нема да има само еден хотел, туку ќе се граделе два хотела.

И двата објекта се предвидени со контроверзниот Детален урбанистички план „Мал ринг“, кој дозволува тие да бидат високи до 29 метри, односно да имаат по седум ката, пишува весникот.

Објектите е предвидено да се градат од левата страна на плоштадот, гледано кон Камениот мост, едниот во зеленилото спроти кафулето „Тренд“, а другиот пред зградата на „Пошта“ како дел од комплексот Градска куќа.

Додека јавноста е во исчекување до каде е постапката за изградба на хотелот спроти „Тренд“, за вториот објект неделава Министерството за транспорт и врски веќе распиша конкурс за идејно решение, пишува „Утрински весник“.

 
 
Back to Top
gotsomekicks View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 305
  Quote gotsomekicks Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 01-Apr-2009 at 10:51
Па не ја сфаќам потребата да се пополнува плоштадот и све околу него. Да не збориме за тендерот кој наводно не бил доволно прецизен, па сите знаеме како излегуваат тие објекти на крај. Импровизации до даска.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 01-Apr-2009 at 10:59
Originally posted by gotsomekicks

Па не ја сфаќам потребата да се пополнува плоштадот и све околу него. Да не збориме за тендерот кој наводно не бил доволно прецизен, па сите знаеме како излегуваат тие објекти на крај. Импровизации до даска.


Eeeee ај сега од па импровизации..од кај знаеш?! Плоштадот конечно треба да си ја офроми линијата градежна и не само што треба него крајно време е. Тие две маркици тука и онаа за градкската куќа, значи трите маркици си се најнормални и не се туку така вцртани како 1.5 (за црквата) што е така вцртана. Инаку ова со конкурсот што излага прво е многу добра пракса што ја спороведува владата (досега никогаш не се спроведувала), значи прво се избира идејно решение и после кој инвеститор му одговара да гради по тоа решение ќе дојде, кој не му одговара решението тогаш ништо. Ова е на некој начин плоштадот се штити да не дојде некој и да донесе некој проект-аквариум како оној од карши за банката. Вака со наметнато решение се иде кога се работи за поспецифични локации, у случајов плоштад. Исто така дел од овој "одбранбен систем" се и роковите за изградба кои се пропишуваат од пред неколклу години уназад!


Edited by lslcrew - 01-Apr-2009 at 11:01
Back to Top
anDarko View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 12-Oct-2008
Online Status: Offline
Posts: 204
  Quote anDarko Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 01-Apr-2009 at 11:11
lslcrew е апсолутно во право!  Само се плашам дека ќе рипнат сега медиумите и некои партии и ќе направат врева за ова и ќе ги измешаат лончињата, демек еве владата претера пре-дрско, прво сака црква на плоштад, па сега и ова...а едното со другото нема никаква врска!  Плоштадот мора да се оформи во форма на потковица, а сегашните запуштени ледини апсолутно немаат и не можат да имаат некаква функција ако останат празни…освен како пасиште за коњи и кампинг за чергари!


Edited by anDarko - 01-Apr-2009 at 11:12
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 01-Apr-2009 at 11:28
Originally posted by anDarko

Само се плашам дека ќе рипнат сега медиумите и некои партии и ќе направат врева за ова и ќе ги измешаат лончињата, демек еве владата претера пре-дрско, прво сака црква на плоштад, па сега и ова...а едното со другото нема никаква врска!


Тоа обавезно, ич не се секирај! Сега народов наш како стока, како оФци, мислат дека воопшто изградбата на било какви објекти пречи, па сега ај и за ова по default ќе има такви "паметни" што ќе се истакнат со својот интелект! Crazy
Back to Top
ArchiTechTone View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 280
  Quote ArchiTechTone Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 01-Apr-2009 at 11:32
И јас се слагам да се затвори плоштадот, за конечно да се дооформи. За градската куѓа останува отворена дискусијата, дали навистнина ни треба старата.... Но тоа е сосема друга дискусија...

Евентуално може да се збрише тревата и дрвата, и плоштадот да се направи до пошта(односно есм) Така ќе се добие плоштад од типот на кинескине, огромни, со пробиена човечка димензија, али совршени за митингување 
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 16>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.