Print Page | Close Window

Хотел на Плоштад Македонија (5.1)

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Хотели и одморалишта
Forum Discription: Хотели, хостели, одморалишта, кампови...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=607
Printed Date: 04-Dec-2020 at 21:21


Topic: Хотел на Плоштад Македонија (5.1)
Posted By: pbanks
Subject: Хотел на Плоштад Македонија (5.1)
Date Posted: 31-Mar-2009 at 09:56
Уште една маркичка од Мал Ринг се активира изгледа. Ако добро разбирам се работи за маркичката помеѓу Офицерскиот дом и Магос 5.2.2.

Владин конкурс за идејно решение за хотел со 5 ѕвездички Question Crazy

http://img7.imageshack.us/my.php?image=31032009104329.jpg">



Replies:
Posted By: anDarko
Date Posted: 31-Mar-2009 at 13:26
не гледам ништо спорно во огласов. ако е таа маркицата за која зборуваш, тогаш и треба да се пополни. За разлика од маркицата за црквата, оваа и тоа како е на место и не смее да остане постојната ливада. А тоа што како услов е објектот да е во релација со објектот на обновениот Офицерски дом и не гледам како на нешто лошо, туку на нешто кое ќе доведе објектот да не отскокнува од еден друг, посточки објект кој го дефинира плоштадот - Ристикева палата. Тоа што на крај ќе испадне од се ова е друго прашање, огласов сам по себе е сосема во ред.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 31-Mar-2009 at 13:28
Џуро реакцијава (Question Crazy) ти е за конрусот или за ова форумулацијата "5 ѕвезди"?!


Posted By: ArchiTechTone
Date Posted: 31-Mar-2009 at 13:55
ХАХА текстуален опис на решението (максимум 3000 карактеристики) Мене не ми е јасен делот со “хотел во комплекс градска куќа“ што значи тоа? Демек градската куќа е приоритетна и треба спрема неа да се калибрира естетиката на конкурсните решенија? Повеќе од јасно станува колку ретроградно влијаат градбиве, и принудуваат “антиквизација“ на новите идеи. Иначе сосема се слагам дека таа парцела не треба да остане тревник.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 31-Mar-2009 at 14:14
Архитектоне ѕирни и во уранистичкиот план оваа маркица е споена во ќошето со онаа од градската куќа. Така да уствари се работи за комплекс до две згради, а не два посебни објекта. Која епотребата од вакво решение мене ич не ми е јасно. Стварно ме чуди зашто вакво нешто, не ја сваќам едноставн потребата. Затоа е така на некој начин конкурсов врзан и со градската куќа.


Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 31-Mar-2009 at 14:15
А да не треба овде да биде џамијата (со извинување, не знам како се вика), што треба да е одговор на долгорасправаната црква на плоштадот!? Изгледа затоа се брза толку...до 4 мај е рокот за предавање на конкурсните трудови....

-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: anDarko
Date Posted: 31-Mar-2009 at 14:34
Да не се појавија лешинари, љубоморни архитекти во 1991 кои со својата работа подалеку од Скопје немаа отидено, а кои ја саботираа реализацијата на проектот на сега веќе покојниот, легендарен архитект Ото Ташковиќ, врз целата локација на сегашната маркица за Офицерски и овој ново-планираниот хотел веќе ќе се простираше Хотел Шератон за кој тогаш беше обезбедена целосна финансиска конструкција, обезбедена беше франшизата на Шератон, готов проект со решен сообраќаен пристап од партизанска итн итн.
 
Ташковиќ сета таа жестока опозиција за изградбата на хотелот го уништи и набрзо почина без да му се рализира неговата огромна желба да изгради објект во родниот град (Ото Ташковиќ има изградено цела низа атрактивни објекти низ многу земји - нам најпознат и најблизок во соседството ни е Хотелот Хајат во Белград).
 
Интересно е што и тогаш во 1990 главната опозиција кон изградбата на Хотелот на Ташковиќ доаѓаше од истите архитекти кои и до ден денес останаа вечна опозиција на тоа се што се гради во Скопје (особено во централното градско подрачје) а што не е проектирано од нив! Тогашниот изговор им беше дека просторот не смеел да се гуши и дека требало да остане празна таа јадна ледина!!
 
Инаку, таткото на Ото Ташковиќ е проектантот на зградата на Собранието која била изградена во 1930те како седиште на управата на Вардарска бановина.
 
Инаку, еве еден текст за тогашните договарања кои пропаднаа (ова беше малку подоцна, откако се појави интересот на Даеву како можен финансиер на хотелот)
 
HILTON-DAEWOO" IN SKOPJE?

          Otto Taskovich, a renown architect, project manager and

organizer of the funding for the construction of the deluxe hotel

in Skopje,  said that the negotiations with the South Korean firm

Daewoo regarding this project have come to a positive conclusion,

and these  days, a  final answer  from the  firm as to whether it

will participate  with 70%  in the  financing of the project, was

anticipated.

          If Daewoo  is to  become the main financier, instead of

the name  "Sheraton," the  hotel will  become one in the chain of

the world renown hotels "Hilton." The firm Daewoo already has six

"Hilton-Daewoo" hotels throughout the world.

http://www.b-info.com/places/Macedonia/republic/news/93-12/93-12-14.mic - http://www.b-info.com/places/Macedonia/republic/news/93-12/93-12-14.mic          


Posted By: pbanks
Date Posted: 31-Mar-2009 at 14:38
она што мене ме буни со тој оглас е дека владата нарачува проект. Дали е таа инвеститорот на оваа парцела? Тоа ме буни.

Во случајот на пример со Резидор се продаваше земјиште предвидено за хотел на фирма која е квалификувана за таков бизнис. Овдека ми делува дека се работи за нешто друго.

Инаку мислам дека е сосема јасно дека не сум против зачувувањето на пасиштето и паркингот пред телеком, дефинитивно сум за урнанизација.




Posted By: lslcrew
Date Posted: 31-Mar-2009 at 14:59
Џуро за оваа маркица како и некои други (на пример драмски) тука владата одлучува проект и после иневтиторот кој сака да гради е должен да гради по владиниот проект. Овдека проектот не е оставена на слобода на инвеститорот.


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 31-Mar-2009 at 15:05

Дали некој можеби знае, како тоа се решава во развиените урбани средини? Односно дали на централниот плоштад во градот, инвеститорот има/треба да има слобода на изведба на проектот, или треба да му биде наметнат или одобрен? И ако треба некој да му каже амин, дали е тоа централната власт или градот? Сметам дека ова е уште една узурпација во најмала рака на одлуките на градот. Со ваквата поставеност, испаѓа одговорни за све се општина Центар и Владата, а градоначалникот на Скопје е „Енглеска кралица“.



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 31-Mar-2009 at 15:11
Originally posted by lslcrew

Архитектоне ѕирни и во уранистичкиот план оваа маркица е споена во ќошето со онаа од градската куќа. Така да уствари се работи за комплекс до две згради, а не два посебни објекта. Која епотребата од вакво решение мене ич не ми е јасно. Стварно ме чуди зашто вакво нешто, не ја сваќам едноставн потребата. Затоа е така на некој начин конкурсов врзан и со градската куќа.
Немај гајле, не може да се работи за никаков комплекс, а што точно значат така повлечените линии не би знаел да протолкувам, но примети дека тоа е така и на други места, ете на пример кај меморијалниот центар на холокаустот.


Posted By: La Linea
Date Posted: 31-Mar-2009 at 23:40

Не еден, туку два седумкатни хотела ќе се градат на плоштад!

Се бара идејно решение за хотел со пет ѕвезди, дел од комплексот Градска куќа

Деспина Трајковска

Не еден, туку два хотела ќе се градат на скопскиот плоштад! И двата објекта се предвидени со контроверзниот Детален урбанистички план „Мал ринг“, кој дозволува тие да бидат високи до 29 метри, односно да имаат по седум ката. Објектите е предвидено да се градат од левата страна на плоштадот, гледано кон Камениот мост, едниот во зеленилото спроти кафулето „Тренд“, а другиот пред зградата на „Пошта“ како дел од комплексот Градска куќа. Додека јавноста е во исчекување до каде е постапката за изградба на хотелот спроти „Тренд“, за вториот објект неделава Министерството за транспорт и врски веќе распиша конкурс за идејно решение. Се бара архитектонско-урбанистичко решение за хотелот, кој ќе биде со пет ѕвезди во рамки на комплексот Градска куќа и треба да се вклопи во амбиенталната целина со објектите во опкружување. Според објаснувањето од Министерството за транспорт и врски, конкурсот е само дел од подготвителните активности за изградба на комплексот што ќе се гради на државно земјиште, кое е планирано да се продава на лицитација по изборите. Најповолниот понудувач ќе има обврска комплексот да го изгради според избраните конкурси, овој за хотелот и веќе утврдениот за Градска куќа, чиј автор е архитект Коста Мангаровски.

„Најповолниот понудувач, како инвеститор кој ќе ја реализира изградбата, ќе има обврска да го отстапи делот што е предвиден за Градска куќа“, дополнуваат од Министерството за транспорт и врски без конкретен одговор дали екот на изборната кампања не е пречка за распишувањето на конкурсот. Никакво толкување за неговата законитост во актуелниов период не добивме ниту од Антикорупциската комисија.

Инаку, во објавата, иако вообичаено за досега распишаните, во оваа Министерството конкретно не наведува каков стил треба да биде градбата, ниту дали фасадата треба да соодветствува со фасадата на објектот Градска куќа, кој е одлучено да ја зачува „лушпата“ на некогашниот Офицерски дом. Меѓу наведените услови, стои дека објектот треба да има квалитетна релација со Градска куќа, да има оригинален и иновативен изглед, пристап до и во објектот да имаат и лицата со посебни потреби и друго.

Од Министерството за култура пред речиси две години одлучија Градска куќа да се гради според проектот на архитект Коста Мангаровски откако на меѓународниот конкурс не беше доделена прва награда, па од вкупно осум пристигнати труда, два беа рамноправно наградени - конечно избраниот на Мангаровски и идејниот проект изработен од словенечка група архитекти од „Мултиплан архитекти“.



http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=29FBC18016393445B3077A895E87DCAA


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 01-Apr-2009 at 10:39
априлилили? Crazy


Posted By: anDarko
Date Posted: 01-Apr-2009 at 10:45
Супер! и не е априлили, тие локации треба да се пополнат, а подобро е да се градат симултано двете отколку да се отвараат градилишта едно по друго и центарот да е раскопан деценија!


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 01-Apr-2009 at 10:48

Хотел ќе никне на плоштадот Македонија

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=106573#komentari - Коментари (0)    
01.04.2009 09:50
Од Владата распишаа конкурс само за Градска куќа, но не кажаа дека тоа ќе биде голем комплекс
 

Хотел со пет ѕвезди наскоро треба да биде изграден на плоштадот Македонија во Скопје, во паркот пред „Телеком“, како дел од комплексот Градска куќа.

Министерството за транспорт и врски деновиве во весниците објави оглас во кој повикува заинтересирани субјекти за подигање документација.

Весникот „Дневник“ пишува дека досега ниту еден државен орган не објавил јавно информација за каква било изградба на хотел на плоштадот.

Од Владата распишаа конкурс само за Градска куќа, но не кажаа дека тоа ќе биде голем комплекс, во кој се зацртани маркички за други комерцијални содржини, пишува весникот.

Според урбанистичкиот план „Мал ринг“, хотелот се наоѓа во паркот пред „Телеком“. Зафаќа и дел од паркингот, односно се наоѓа веднаш до локацијата за на која е предвидено да се гради Градската куќа, на местото на стариот Офицерски дом.

„Утрински весник“ во денешниот број пишува дека на скопскиот плоштад нема да има само еден хотел, туку ќе се граделе два хотела.

И двата објекта се предвидени со контроверзниот Детален урбанистички план „Мал ринг“, кој дозволува тие да бидат високи до 29 метри, односно да имаат по седум ката, пишува весникот.

Објектите е предвидено да се градат од левата страна на плоштадот, гледано кон Камениот мост, едниот во зеленилото спроти кафулето „Тренд“, а другиот пред зградата на „Пошта“ како дел од комплексот Градска куќа.

Додека јавноста е во исчекување до каде е постапката за изградба на хотелот спроти „Тренд“, за вториот објект неделава Министерството за транспорт и врски веќе распиша конкурс за идејно решение, пишува „Утрински весник“.

 
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=106573 - http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=106573
 


Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 01-Apr-2009 at 10:51
Па не ја сфаќам потребата да се пополнува плоштадот и све околу него. Да не збориме за тендерот кој наводно не бил доволно прецизен, па сите знаеме како излегуваат тие објекти на крај. Импровизации до даска.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 01-Apr-2009 at 10:59
Originally posted by gotsomekicks

Па не ја сфаќам потребата да се пополнува плоштадот и све околу него. Да не збориме за тендерот кој наводно не бил доволно прецизен, па сите знаеме како излегуваат тие објекти на крај. Импровизации до даска.


Eeeee ај сега од па импровизации..од кај знаеш?! Плоштадот конечно треба да си ја офроми линијата градежна и не само што треба него крајно време е. Тие две маркици тука и онаа за градкската куќа, значи трите маркици си се најнормални и не се туку така вцртани како 1.5 (за црквата) што е така вцртана. Инаку ова со конкурсот што излага прво е многу добра пракса што ја спороведува владата (досега никогаш не се спроведувала), значи прво се избира идејно решение и после кој инвеститор му одговара да гради по тоа решение ќе дојде, кој не му одговара решението тогаш ништо. Ова е на некој начин плоштадот се штити да не дојде некој и да донесе некој проект-аквариум како оној од карши за банката. Вака со наметнато решение се иде кога се работи за поспецифични локации, у случајов плоштад. Исто така дел од овој "одбранбен систем" се и роковите за изградба кои се пропишуваат од пред неколклу години уназад!


Posted By: anDarko
Date Posted: 01-Apr-2009 at 11:11
lslcrew е апсолутно во право!  Само се плашам дека ќе рипнат сега медиумите и некои партии и ќе направат врева за ова и ќе ги измешаат лончињата, демек еве владата претера пре-дрско, прво сака црква на плоштад, па сега и ова...а едното со другото нема никаква врска!  Плоштадот мора да се оформи во форма на потковица, а сегашните запуштени ледини апсолутно немаат и не можат да имаат некаква функција ако останат празни…освен како пасиште за коњи и кампинг за чергари!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 01-Apr-2009 at 11:28
Originally posted by anDarko

Само се плашам дека ќе рипнат сега медиумите и некои партии и ќе направат врева за ова и ќе ги измешаат лончињата, демек еве владата претера пре-дрско, прво сака црква на плоштад, па сега и ова...а едното со другото нема никаква врска!


Тоа обавезно, ич не се секирај! Сега народов наш како стока, како оФци, мислат дека воопшто изградбата на било какви објекти пречи, па сега ај и за ова по default ќе има такви "паметни" што ќе се истакнат со својот интелект! Crazy


Posted By: ArchiTechTone
Date Posted: 01-Apr-2009 at 11:32
И јас се слагам да се затвори плоштадот, за конечно да се дооформи. За градската куѓа останува отворена дискусијата, дали навистнина ни треба старата.... Но тоа е сосема друга дискусија...

Евентуално може да се збрише тревата и дрвата, и плоштадот да се направи до пошта(односно есм) Така ќе се добие плоштад од типот на кинескине, огромни, со пробиена човечка димензија, али совршени за митингување 


Posted By: lslcrew
Date Posted: 01-Apr-2009 at 11:36
Originally posted by ArchiTechTone

Евентуално може да се збрише тревата и дрвата, и плоштадот да се направи до пошта(односно есм) Така ќе се добие плоштад од типот на кинескине, огромни, со пробиена човечка димензија, али совршени за митингување 
Тоа беше опција до пред година, сега со магос-оввеќе и таа "втора" градежна линија се наруши така да ништо. Мислам на линијата што е мепсо-пошта-телеком, ама мене не ми се допаќа тој предгог за широк плоштад. Ја сепак би префрериал да се оформи денешниов плоштад и Скопје да добива и други вакви мултимедијални простори, други плоштади, да не се остане на идејата за само еден градски плоштад и толку.


Posted By: anDarko
Date Posted: 01-Apr-2009 at 12:31
Инаку, има и дополнителна довивка со тоа што ќе се изгради хотел на ивицата од плоштадот: конечено плоштадот ќе добие објект кој ќе доведе квалитетна динамика. Сега плоштадот не е ништо друго освен една огромна празна, безлична површина која пешаците ја користат за транзит од една до друга страна на центарот. А да, и како поле за митинзи и по некој концерт. Хотел од луксузна категорија, со ресторани и конгресни центри и тоа како ќе го заживее плоштадот со квалитетна содржина, едноставно ќе му даде дух на просторот.

Стегам палци да не се исполитизира работава па и овој обид да не заврши неславно како оној со хотелот на Ото Ташковиќ од почетокот на 1990те.


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 01-Apr-2009 at 12:52
Originally posted by anDarko

Инаку, има и дополнителна довивка со тоа што ќе се изгради хотел на ивицата од плоштадот: конечено плоштадот ќе добие објект кој ќе доведе квалитетна динамика. Сега плоштадот не е ништо друго освен една огромна празна, безлична површина која пешаците ја користат за транзит од една до друга страна на центарот. А да, и како поле за митинзи и по некој концерт. Хотел од луксузна категорија, со ресторани и конгресни центри и тоа како ќе го заживее плоштадот со квалитетна содржина, едноставно ќе му даде дух на просторот.

Стегам палци да не се исполитизира работава па и овој обид да не заврши неславно како оној со хотелот на Ото Ташковиќ од почетокот на 1990те.
 
Комплетно се слагам, само едно нешто ме загрижува. Напаленоста кон крајно кич решенија, што посетуваат на неокласични или антички градби, од страна на тековната гарнитура. Ме плаши пак да не победи накој Вангел или тој колегата негов со проектот за Уставен Суд....
 
Инаку идејата за поголем плоштад до пошта, мислам дека е лоша идеја. Како што кажа Дарко и вака е премногу безживотен тој простор, без содржини како ли само би се одразла зголемената димензија???


Posted By: pbanks
Date Posted: 01-Apr-2009 at 15:08
Во принцип и мене ми се допаѓа методот за тие маркички да се изберат најдобрите можни проекти а потоа да се нудат на инвеститори со цел да се оформи една централно градско јадро со кое би се гордееле. Но случаите Мајка Тереза, Музеј на ВМРО, Офицерски дом и уште поекстремните Археолошки музеј, Црква на плоштад па и оној за стариот театар кој датира од порано не ми оставаат простор за еуфорија.

Инаку апсолутно сум против проширување на Плоштадот Македонија кон телеком, комплетно би се срушила концепцијата на центарот на Скопје и дури тогаш ќе се добие непотребно голем плоштад. Двете потковици споени со камениот мост секогаш ми се допаѓале како концепт и се надевам дека ќе се реализираат како што треба иако некои капитални грешки се веќе направени.

И не се сложувам со таа флоскула дека плоштадот бил без душа и не знам што. Единствено што се слагам е дека не е оформен но тоа дека бил транзитен и немал содржини секогаш ми звучело чудно. Точно хотелот би донел дополнителна динамика во тој дел но мислам дека плоштадот е дефинитивно рехабилитиран од страна на Скопјани. Како одеше реконструкцијата на плоштадот и како се одбра решението е друга проблематика во која не би навлегувал премногу но само би кажал дека методологијата на избирање на проекти за која ја критикуваме моменталната гарнитура всушност датира уште од тие времиња кога се бираше проектот за плоштадот (можеби и порано нека ме исправи некој ако имало и други случаи).

И за крај. Не сум сигурен дека треба да се насадат баш два хотела еден до друг иако во моментов немам паметен предлог за што би требало да служи другата маркичка.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 01-Apr-2009 at 15:19
Видете и мене не ми ваља баш идејава два хотела еден до друг. Уствари и функцијата и не е до толку битна. Деловни згради многу повеќе можат да го завижеат просторот одколку хотели. Но мене најбитно како граќанин ми е фасадно да ми се свиѓа објектот, да не биде некоја вангел-жан-халуцинација. Нешто у стил на читкушеви и нешто у стил на максим горки објектите, дека нешто вакво може да одговара тука и на некој начин да ја обележи и заокружи југо-западната стран на плоштадот. А што се однесува до функцијата како што кажав бизнис објекти повеќе можат да го заживеат плоштадот, но ја би сакал да видам и угостителски објекти во приземјето од типот на некои кафулиња по примерот на улица Македонија кои вистински можат да го заживеат плоштадот и дење и ноќе.


Posted By: La Linea
Date Posted: 01-Apr-2009 at 20:23
Originally posted by lslcrew

Но мене најбитно како граќанин ми е фасадно да ми се свиѓа објектот, да не биде некоја вангел-жан-халуцинација. Нешто у стил на читкушеви и нешто у стил на максим горки објектите, дека нешто вакво може да одговара тука и на некој начин да ја обележи и заокружи југо-западната стран на плоштадот. .


Се слагаме околу изгледот до негде... Но мене како граѓанин најважно ми е тој јавен простор да се пополни со нешто многу поинтересно од хотел, деловен или шопинг центар. Имаме деловен центар веднаш до него, најголемиот трговски во државата на 200 метри и цела улица Македонија  и кеј 13 ноември ако ви се пие кафе. Посебно добар предлог - немам, но би сакал да биде објект од типот на музеи или било какви културни институции... Не ја гледам користа на нас граѓаните од еден хотел...


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: kire85
Date Posted: 01-Apr-2009 at 21:57
Originally posted by pbanks

И за крај. Не сум сигурен дека треба да се насадат баш два хотела еден до друг иако во моментов немам паметен предлог за што би требало да служи другата маркичка.


Da i jas se slagam so tebe...nekako ne mi ide 2 hotela odma eden do drug, ama nema veze, poarno 2 hotela otkolku prazni livadi, ili kako sto rece andarko, da se gradat eden po eden pa da imame 10 godini gradiliste na plostadot.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 01-Apr-2009 at 23:25
Originally posted by La Linea

Посебно добар предлог - немам, но би сакал да биде објект од типот на музеи или било какви културни институции... Не ја гледам користа на нас граѓаните од еден хотел...


Посебно добар предлог не ни може да има нешто посебно. Музеи, црква, театар и други вакви "факултативни" содржини има преку мост исто така на само неколку метра, така да изгледа стварно само хотел фали, ама два у никој случај.

п.с. Ко за беља, замислете да се деси катна гаража, ама стварно катна гаража, онака отворена гол цемент грдосија! Nuts


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 01-Apr-2009 at 23:50

Јас не гледам ништо лошо во тоа да се изгради на тоа место деловна зграда седиште на некоја јака корпорација, или пак ако веќе гледаме по економска и бизнис логика може и седиште на некоја банка, или пак Македонската берза. Има доволоно музеи од другата страна на Вардар, па подобро и да остане овој дел поделовен.



Posted By: La Linea
Date Posted: 01-Apr-2009 at 23:55
Originally posted by lslcrew


Посебно добар предлог не ни може да има нешто посебно. Музеи, црква, театар и други вакви "факултативни" содржини има преку мост исто така на само неколку метра, така да изгледа стварно само хотел фали, ама два у никој случај.


Јас барам решение кое би ги задоволило потребите на граѓани, нешто што ќе биде национална гордост. Хотел нека биде печатницата „Гоце Делчев“, хотел е и Холидеј Ин, па хотел нека биде и помалата маркица пред Магос - но локацијата до градска куќа можеби и не треба да брзаме да ја пополнуваме за да „не биде ледина“. Јас токму тука би го сместил објектот на Архив/Археолошки музеј се разбира со ново и вкусно решение.



п.с. Ко за беља, замислете да се деси катна гаража, ама стварно катна гаража, онака отворена гол цемент грдосија! Nuts


Многу пати нашите „нереални сценарија“ добиле свои нишки


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 02-Apr-2009 at 00:12
Originally posted by La Linea


Јас барам решение кое би ги задоволило потребите на граѓани, нешто што ќе биде национална гордост. Хотел нека биде печатницата „Гоце Делчев“, хотел е и Холидеј Ин, па хотел нека биде и помалата маркица пред Магос - но локацијата до градска куќа можеби и не треба да брзаме да ја пополнуваме за да „не биде ледина“. Јас токму тука би го сместил објектот на Архив/Археолошки музеј се разбира со ново и вкусно решение.

Thumbs%20Up


Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 28-Oct-2009 at 10:36
Може ли некој да ми објасни кој е овој проект, кога е избран? Стојат неколку рендери во фолдер Gradska kuka во конкурсниот материјал за хотелот до МНТ, ама не ми е јасно каде треба да се наоѓа оваа лепота....enjoy!
http://img150.imagevenue.com/img.php?image=22445_1_122_189lo.jpg">

-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: pbanks
Date Posted: 28-Oct-2009 at 11:46
Мене ми личи на грешка. Но ми проаѓаат морници од помислата дека можеби не е грешка. Прв пат го гледам чудово. 


Posted By: pbanks
Date Posted: 28-Oct-2009 at 12:25
Аааа... сега приметив дека зборуваш за локацијата кај МОБ. Па ова е можно да е некоја нова варијанта на новиот објект на МНР. Не гледам што друго Wallbash


Posted By: G.I. Joe
Date Posted: 28-Oct-2009 at 13:17
dobro mislam kako mozime da sedime so skrsteni race i da gledame kako skopje se unistuva ? ovie sram mi e da gi narecam arhitekti, ne sakam da veruvam deka arhitekt vo denesno vreme vakvi proekti mozi da praj , kasa popara . mora da se stavi kraj na ova !


Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 28-Oct-2009 at 13:19
Не....мислам дека ова е хотелот на плоштад, за кој никогаш не беше јавно кажано кој е победник на конкурсот. Барем по формата во основа, нека потврди некој...

-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 28-Oct-2009 at 13:51


Ми се чини дека си во право. А од чудовиштето и мене ме полазија морници...

Инаку се повеќе сум убеден дека и тој проект и музејот „Македонска Борба“ и МНР се дело на еден исти болен ум, а веројатно и хотелов кај МОБ ќе ја продолжи праксата. Ионака уште одамна е јасно дека конкурсите им се обична фарса.


Posted By: gorco
Date Posted: 28-Oct-2009 at 14:13
Само лажат и перат пари....

Од хотели, кина и трговски центри не се живее. Кај ни се фабриките ?
BashBashBashBashBashBashBashBashBashBashBashBash им треба малку од ова


-------------


Posted By: G.I. Joe
Date Posted: 28-Oct-2009 at 14:29
se soglasuvam so Cloverstack . mene ne mi e jasno kako mozi vo komunizmot da se srusat nekoj od objektite kako Stariot Teatar poradi toa sto ne biile FUNKCIONALNI , a sega pak da se gradat polosi, kopii ili slicno. sudbinata mislam deka kazav so ke mu e . skopje e moderen grad . treba da se razmisluva za sustainable architecture ''green architecture'' a ne ova sega so se praj sreden vek nebare


Posted By: G.I. Joe
Date Posted: 28-Oct-2009 at 14:33
sega ima kulturna mafija


Posted By: Mr.Edmund
Date Posted: 28-Oct-2009 at 18:28
Што се однесува до чудото од сликата погоре, според страната на бирото за јавни набавки, победници на конкурсот за хотел на плоштад се.....српрајз, српрајз...... трудовите на Косто Мангароски,  Македонијапроект и Слободан Живковски+Стеван Смилевски.....https://oglasi-izvestuvanja.finance.gov.mk/ViewR_SIS.do?rsisId=49

-------------
СМРТ ЗА ФАШИЗМОТ-СЛОБОДА ЗА НАРОДОТ


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 28-Oct-2009 at 18:50
@Mr.EDMUND
ne te svativ slikata sto e gore e pobednikot na koj hotel??
hotelot vo plostat ili hotelot vo markicata 7.2 ili hotelot kaj mob?!!


Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 28-Oct-2009 at 19:17
Малку се измешаа темиве...ама не е битно, myMacedonia ова е хотелот на плоштад Македонија до Официрски дом...јас ја постирав сликата затоа што се поставени неколку рендери од чудовиштето што треба да му служат за репер на проектантот за решението на хотелот до МОБ...за К.М. можам да кажам (не по прв пат) дека ми е срам што ми бил професор во животов и дека на него уште повеќе треба да му е срам што го нагрди градов со овие 2 објекти (и со портата пред чичко Стоилко за која уште не знаеме каква ќе биде, ама според неговиот досегашен израз знаеме што да очекуваме)...

btw, видете нешто со темиве, да не се напраи забуна со објективе, дека и така ситуацијава во моментов е „луд јебе збуњеног„...

-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: pbanks
Date Posted: 28-Oct-2009 at 19:24


Префрлив се во оваа нишка, мислам дека доволно логична дискусијата и покрај спомнувањето на хотелот кај МОБ Cheers


Posted By: pbanks
Date Posted: 28-Oct-2009 at 19:30
@Mr. Edmund баш убав попладневен српрајз Wallbash

@Dave

имаш ли во тој фамозен фолдер уште некаква визуелизација да не израдуваш?

Еве ја оваа што ја веќе постираше смалена и интегрирана за сите што ги мрзи да кликаат thumbnail да ја видат




Posted By: lslcrew
Date Posted: 28-Oct-2009 at 19:34
Прв пат кога ја видов сликата прееска, а сеуште го немав прочитано текстот од постот, за момент помислив дек е рендер од хотел "Амбасадор". Crazy


Posted By: pbanks
Date Posted: 28-Oct-2009 at 19:38
Originally posted by lslcrew

Прв пат кога ја видов сликата прееска, а сеуште го немав прочитано текстот од постот, за момент помислив дек е рендер од хотел "Амбасадор". Crazy


Па не си далеку, оваа е вонсериски накитена во споредба со сите досегашни. Оваа болест станува потешка и потешка со секој нов циклус.


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 28-Oct-2009 at 19:39
Леле леле леле... Драми! Crazy
Зарем постојат вакви умови, притоа архитекти (кремот на општеството). Да се чудиш што е поголема глупост и до кога вака? Не беа лавови, порти, споменици, Мајки Терези, музеи, опери и државни институции...
Инаку не му е тука местото ама: ЗОШТО МИСЛАТ ДЕКА НЕКОЈ СЕРИОЗЕН ЛАНЕЦ НА РЕПРЕЗЕНТАТИВНИ ХОТЕЛИ БИ СЕ СЛОЖИЛ ДА ИЗГРАДИ ВАКОВ ОБЈЕКТ!?!


-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 28-Oct-2009 at 19:42
Не во моментов, утре ќе го напраам тоа, не ми се при рака...

...ама пред тоа, јас колку што сфатив, ПРВОНАГРАДЕНИОТ труд има приложено една фасада и 5-6 зумирани детаљи (фантастично обработени, како што и сами може да видите), па прееска не мислев се замарам да ги постирам...не верувам дека би пропуштиле шанса да не почастат со другите „агли“ на објектот, нормално доколку авторот се потрудил да ги направи...не само што е архитектурата на овој створ (намерно не го викам објект) не е архитектонска, туку и презентацијата е на најкатастрофално ниво што не е дозволено ни за студент на прва година, а не за „професор“ што на сметка на покажаната генијалност успеа да се „намести“ на 3 предмети...
...проанализирајте го само моделот колку е ефтино направен и недовршен

-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: G.I. Joe
Date Posted: 28-Oct-2009 at 20:14
mnogu se lazi ''arhitektot'' ako misli deka vakvo nesto ke se dozvoli da se izgradi na plostadot  LOL


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 28-Oct-2009 at 21:43
Архитектот е само инструмент во случајов. А зошто дозволил(е) да бидат вака инструментализирани, тоа е тема за во други нишки Unhappy


Posted By: lslcrew
Date Posted: 28-Oct-2009 at 21:47
Абе ако не е тој, ќе биде некој друг, ане тој некој трет ќе се најде. Од толку архитекти секогаш ќе има некој што ќе се шитне. Неможеме ние еден по архитект да ги вакцинираме. Проблемот се решаа од главата од тој што побарал нешто такво.


Posted By: G.I. Joe
Date Posted: 28-Oct-2009 at 22:07
pa mislam deka se znaj koj ja ima mokta vo drzavata da nareduva i da ja siluva arhitekturata za politicki celi


Posted By: Keeray
Date Posted: 28-Oct-2009 at 23:10
Веќе ако се реализира проектов мислам дека е најдобро балконите да не штрач толку бидејки изгледа многу...неубаво и оние црвено-зелени стакла како за во црква што се hehe


Posted By: Max
Date Posted: 29-Oct-2009 at 00:52

сега чив излезе дека е екпериментов и ова на што ќе се надоврзе, треба да ги спои демек визуелно ристиќева и офицерски? откако е насаден магос на плоштад незнам веќе колку има простор западната страна на плоштадот да се затвори во арт нуво...

се изненадив искрено дека одат до крај околу промената на плоштадот т.е. центарот како појава да се затвори стилски, можеби далеку подобра опција него да ги остават само оние од таа страна да штрчат вака бар ќе бидат во една компактна целина, на некој начин, лош начин, а веќе кога оделе со арт нуво требало покреативно да пристапат, па ако прават циркус тоа и до крај да го направат!  

драмолетки нема што!

ајде потврдете кој се точно стои зад проектов, дефинитивно ли е овој првонаграден за хотелот на плоштад? ме интересира воопшто има ли кај нас некој искуство од архитектите досега со неокласицизам и арт-нуво!?! за греота на деца а не на студенти да им дадеа ќе сработеа подобра комбинација, а не па на професор доколку и навистина е негово чудово!?  

смешки непотребно сакаме да станеме сосила софија, белград, загреб, атина, па луѓе бре што мајка бараме во тој филм на квази западноевропски ејакулации??? плус тогаш во тоа време архитектите биле вични за вакви проекти така речи во тој филм и живееле а веќе денес истите проекти си имаат добиено на патина, додека ова сега сосе современи материјали и визури одоколу навистина е жално сакатење на плоштадот! зар немаме наши стилови кои може да ги експлоатираме кои дури и како експерименти ќе изгледаат далеку поприфатливи него тоа што е случај со циркускиве атракции??? па зар до толку немаме архитектонско лоби во државава!?! на градежен што служат по тоа кафематите знае некој? 



Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 29-Oct-2009 at 11:41
Според мене ова е целта на архитектите на „НОВО“ Скопје, да се достигнат и надминат овие убавини...


Да не остане од вчера недокажан муабет, еве ги другите рендери...си го повлекувам зборот дека една фасада ја викаат 3Д, ама пак ќе кажам дека е очајно направено и посебно трагично што е првонаграден труд, срамота!

http://img37.imagevenue.com/img.php?image=12504_2_122_590lo.jpg"> http://img212.imagevenue.com/img.php?image=12507_3_122_94lo.jpg"> http://img252.imagevenue.com/img.php?image=12510_4_122_130lo.jpg"> http://img232.imagevenue.com/img.php?image=12512_5_122_206lo.jpg">
http://img150.imagevenue.com/img.php?image=12516_6_122_595lo.jpg">


-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: pavche
Date Posted: 29-Oct-2009 at 13:15
Originally posted by Dave Gahan

Според мене ова е целта на архитектите на „НОВО“ Скопје, да се достигнат и надминат овие убавини...



Sheraton Sofia looks quite modest and nice, compared with that thing in Skopje. Don't forget that it was also built 60 years ago. That project looks more in the "style" of http://www.royalpalacebg.com/information-Exterior-25.html - Palazzo Real project on the Black sea, which thanks to the crisis went in the garbage can...


Posted By: lslcrew
Date Posted: 29-Oct-2009 at 13:18
Па ваљда не е првонаграден зашто е најубав или нешто најприкладен. Првонаграден е зашто највеќе одговора на побарувањата. Проблемот е во побарувањата. Не се архитектите криви што проектираат вакви работи, проблем е тој што го бара тоа. Денес на пазарот све може да се продаде, а најлесно може да шитнеш глупост ако некој ти побара да ја купи.


Posted By: pbanks
Date Posted: 29-Oct-2009 at 13:33
Originally posted by pavche


Sheraton Sofia looks quite modest and nice, compared with that thing in Skopje. Don't forget that it was also built 60 years ago. That project looks more in the "style" of http://www.royalpalacebg.com/information-Exterior-25.html - Palazzo Real project on the Black sea, which thanks to the crisis went in the garbage can...


Holy crap @Palazzo Real Eeek2


Posted By: xnx
Date Posted: 29-Oct-2009 at 14:03
stetite sto ke mu gi nanese ovaa vlada na gradot se neprocenlivi i nepopravlivi. na tolku mnogu idei, izbor na materijali, sovremena tehnologija i progresivni centri na se zatne centarot so imitacija na stari gradbi (so isklucok na nekoi gradbi kako filharmonijata ili magos 5.2.2.).... toa e ubistvo za skopje.
ne sfakaat deka za sekoj stil vo arhitekturata si ima svoja filozofija zosto e bas takov i zosto e vo toa vreme aktuelen. ziveeme vo era kade moze mnogu da se eksperimentira so konstrukcija, prostor, materijali, ama nekoj sepak resil da go vrati gi moda stolbovite na sekoj 3 metra povrzani so polukruzni arkadi, pa chat pat so nekoja dekoracija, da ne izgleda shturo. greota za gradot


Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 29-Oct-2009 at 14:18
Originally posted by lslcrew

Па ваљда не е првонаграден зашто е најубав или нешто најприкладен. Првонаграден е зашто највеќе одговора на побарувањата. Проблемот е во побарувањата. Не се архитектите криви што проектираат вакви работи, проблем е тој што го бара тоа.
Е тука си грешка...у секоја здрава земја Асоцијацијата на архитекти е институција што е толку моќна, да може ако треба и нарачателите да ги прати во ментална болница после вакви испади, само овде кај нас служи за доделување на местени годишни награди и слични паради од провинцијален карактер...

-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: macedonia
Date Posted: 29-Oct-2009 at 14:52
I think something similar to the Hotel Grande Bretagne in Athens would look great in the city's square.






Posted By: xnx
Date Posted: 29-Oct-2009 at 14:59
kolkava e markicata ko ke ja vidam ne mi se veruva


Posted By: Max
Date Posted: 29-Oct-2009 at 16:48

 

Originally posted by lslcrew

Проблемот е во побарувањата. Не се архитектите криви што проектираат вакви работи, проблем е тој што го бара тоа. Денес на пазарот све може да се продаде, а најлесно може да шитнеш глупост ако некој ти побара да ја купи.

оп чекај малку! како не се криви па не е возможно да си дозволам со ваков проект да излезам на плоштад! јасно дека власта е одговорна особено што за вакви егзебиции нема јавни дебати, а капак и самите научни институции немаат ни глас ни сила истиот да го кренат, но архитектите се дебело одговорни што излегуваат со вакви халуцинации... дефакто ја утнавме цела утикамица и несакам газдата на клубот да го бранам, да тој е одговорен што воопшто решил да тера спорт кој воопшто не го разбира, но без разлика на тоа доколку ангажираните си ја знаеја својата работа немаше да дозволат ваков калабалак во мал ринг! 

мое мислење е дека судиите се тие кои ја отепаа утакмицава, односно комисиите кои одлучувале за проектите, тука исто проблем е делегирањето на истите. капак тренерите(архитектите) се недоветни да истренираат репрезентазција за визури како плоштад особено не за ваква игра, не е само да имаш абер што е спорт треба да бидеш специјалист во дадениот, а особено е тешко да парираш во игра со бајати тактики(стилови) и со тоа да однесеш победа денес... на ова се надоврзуваат играчите(градежниците) кои ај што незнаат како се игра ваквиот стил туку немаат ни доволно опрема за да ја истрчаат цела утакмица! и на крај публиката незаинтересирана или пак излегува на терен да протестира за сосем трети ситуации како тоа зошто газдата сака воопшто да има утакмица, наместо да земе да да им се сипе на судии, тренери и играчи зошто со толкава потпросечност излегуваат на терен!!! 

да не се разбереме погрешно ова со целава фатаморгана од игра не би се сложил воопшто, но доколку постоеја квалитетни спортисти дури и во најневозможни услови ќе изиграа добро, но очигледно истите ај што не се виртуози туку воопшто и ги немаме! на вангел идеите за овие неурамнотежени сликички се ремек дело, но незнам како само немаат срам со еден ваков проект да излезат архитекти на конкурс, а капак истиот да помине кај комисиите за избор... а знае ли некој кој се седи по тие комисии? дај да чуеме чија остроумност имала кабает за ваков избор!



Posted By: lslcrew
Date Posted: 29-Oct-2009 at 16:55
Види ова што сега го дискутираме е судир на идеологии или нешто слично. Економистите неколку децении водат дебати на тема дали пазарот го регулира побарувачката или понудата. Нормално дека оние со комбиниран пристап се највеќе во право.  Одноносно тоа што е масовно кај нас ставено на породажба од прокети ормално дека и ќе се купува и тука е директна одговорноста на архитектите што произвеле такво срање. Од друга страна она што јас го тврдам во случајов е дека побарување за прокетирање на хотел досега не сме имале како млада држава и младо општество па следствено на тоа и немаме некој пред производ и тука она што државата ќе го одкупи е директно регулирано од побарувачката.  Штоп да ти падне на памет ќе се најде некој кој ќе ти го произведе и ќе ти го продаде. Така да директната одговорност ја гледам во тоа што некој побарал да купи, нормално се нашол и некој паметен што ќе го продаде. Архитектитре може да ги обвиниме што немаат воспоставено методи на групна себеконтрола. Егото им е до таван не ни помислуваат да отворат стручна расправа за туќчи прокети , освен ако тоа не е бахато плукање. Неможе да чекатт власта да ги покани да го кренат нивото на архитектурата. Токму архитектите се двигателите и ако не даваат некој туку така да им се пета низ нивниот општествен простор нема ни да им се шета. Му се шетаат на тој што дава да му се шетаат низ двор.


Posted By: Max
Date Posted: 29-Oct-2009 at 18:49

види не дека архитектите се лузери, но мора да се свесни што од каде и до каде може да оди, ова што е избрано како решение не е бељата што некој архитект немал инспирација или креативноста му заминала по биртии(земено естетски) за ова се криви самите комисии! не смее да си дозволи оној кој пресудува да се фати само за она што го има, во најмала рака ќе го повторува конкурсот се додека не излезе некој со навистина квалитетен проект!!! зборував за ордените пред некое време, ако на ваков начин реагираше томе серафимовски кога ги бираа идејните решенија сега ќе имавме пазарџиски дребулии за одликување! http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=156&PID=47453#47453 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=156&PID=47453#47453  

а тоа дека архитектонскиот еснаф нема никаков капацитет да организира јавна трибина или пак да изгради некое професионално лоби кое ќе можеше да се наметне како двигател тоа е сосем трета работе која е резултат повеќе на општата апатија и рамнодушност кај интелектуалците, чии амбиции завршуваат со две три испроектирани згради! но да не ја растегнуваме за ова тука http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=552 - си има нишка  



Posted By: FoSsiL
Date Posted: 29-Oct-2009 at 20:09

незнам што ми текна да направам скица за оваа локација на плоштадот, ама незнам како да ја ставам на форумов бидејќи ми е на лист. мојата замисла е зграда од пет ката, скалесто подредени, но не стандардно, интерсно испадна. на кровот (тераса) од секој кат има излез од наредниот. сите терасите освен последниот претставуваат шеталишта, со тревници и по некое дрвце. по рабовите да има стаклена ограда и да може да се гледа околу. последната петта тераса да биде ресторан. е сега зграда е припособлива да биде и хотел и деловна или станбена. што претставува најголема потреба. ресторанот си е посебен од зградата и за сите луѓе.

фасадата ја замислувам ѕидови во крем бела боја со нерамнини и оние растенија што висат не знам како се викаат, или пак истото плус некој вид брисолеи што ќе одговараат но ќе покриваат цели ѕидови а ова растенијата врз нив. но добро ова е само замисла. 

терасите имаат форма на трапез триаголници и еден издолзен паралелограм. знам дека не сфативте баш ама ова од мене колку идеја за некој добар рендер



Posted By: FoSsiL
Date Posted: 29-Oct-2009 at 20:12
замислете го овој горе хотелот до петти само со скратени спратови и на нивно место тераси, и без оваа фасада


Posted By: pbanks
Date Posted: 29-Oct-2009 at 20:15


Неможеш да го скенираш или сликаш цртежот?


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 29-Oct-2009 at 20:25
само на паинт ама нема да испадне добро. неам екој програм за цртање


Posted By: pbanks
Date Posted: 29-Oct-2009 at 20:34
Мислев да го сликаш со фотоапарат па да ја прикачиш сликата тука. Или да направиш скен на самиот цртеж. 


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 29-Oct-2009 at 20:42
тешко затоа и реков незнам како да ја ставам. немам апарат а телефонот не ми се поврзува со компјутерот бас ми е кривоUnhappyUnhappyWallbash


Posted By: Max
Date Posted: 29-Oct-2009 at 20:43
па ако ти е на пеинт тогаш сејвувај го како јпг и качиго на photobucket и закачи го после тука... http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=181&PID=4765#4765 - www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=181&PID=4765#4765


Posted By: pbanks
Date Posted: 29-Oct-2009 at 20:48
Originally posted by Max

па ако ти е на пеинт тогаш сејвувај го како јпг и качиго на photobucket и закачи го после тука... http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=181&PID=4765#4765 - www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=181&PID=4765#4765


Јас колку што сфатив, на рака му е цртана сликата


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 29-Oct-2009 at 21:31
на лист ми е Unhappy. не е важно 


Posted By: Max
Date Posted: 29-Oct-2009 at 21:37
ќе одиш во првото интернет кафе ќе им дадеш да ти направат скен и качи го на нет нема врска забегавме со ова техничкиве муабети, во секој случај такво нешто ќе изгледа даелку подобро него ова чудо, тоа би му дошло како скалеста пирамида, и такво нешто нека тера само не ова!


Posted By: pbanks
Date Posted: 29-Oct-2009 at 21:48
Фосил не се предавај баш би било добро да го видиме тоа што го имаш Идејава на Мах со интернет кафе е добре 


Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 29-Oct-2009 at 22:13
chat испадна темава , немојте photobucket аман, најочаен сервис е, бришат слики као луди...

http://www.imagebam.com/
http://sharenxs.com/

-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: pbanks
Date Posted: 29-Oct-2009 at 22:16
Ќе ја излуфтирам темата после само да се разреши проблемот


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 30-Oct-2009 at 14:46
ај ќе пробам ама ќе го качам утре


Posted By: zabegan
Date Posted: 30-Oct-2009 at 21:25
чекај, проектов сериозно треба да го чекаме на плоштад, на таков луксуз од маркица Eeek
не можам да коментирам бидејќи како прво не ги разбирам рендериве, толку многу несовпаднати форми, облици, рамнини и нерамнини, па и да беше во некој од постариве стилови можеше да изгледа многу попристојно
ова на рендеров личи како секој момент да ќе се сруши, како некој ретардирано да редел лего коцки една врз друга
и да сакаа да постигнат нешто, барем да се обидеа да го споредат овој објект со другите во слични стилови, стварно уникатни сме во архитектурава Bash


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 14-Nov-2009 at 13:58

Со задоцнување.

Ова е скицата за која ви зборев. Како ги замислувам тие тераси, секоја со посебно уредување, но основа на дрва, тревници, клупи, места за набљудување, скалеста фонтана на 4та тераса, и ресторан на 5та со мали и средни маси и шанк + уредено со дрвца и сл.TongueTongue

За фасадата неам некоја посебна идеја, знам дека сакам да биде нешто што ќе се уклопи во средина, но и да биде контраст на Ристиќиева, Офицерски. Нешто зеленкасто со тие висечки растенија, може и некој вид на брисолеи и нешто стакло, ама обично, нерефлектирачко или незнам во боја, обично проѕирно да е (најдобро со стакло да биде делот за пристап до терасите, се гледа на сликата, и нормално прозорците). Се мислев дали да биде 5катница или 6ца. Испрекинатиот дел би бил додаден спрат како приземје (П+5) или пак без него (П+4).



Posted By: FoSsiL
Date Posted: 14-Nov-2009 at 14:32
Па да ја разработиме скицава. Што мислите вие?


Posted By: pbanks
Date Posted: 14-Nov-2009 at 21:22
Fosil

Може ли да напишеш што точно планираш за секоја тераса (бидејќи имаш напишано само за 4 и 5)? Од ресторанот на петиот кат би имало проклето добар поглед на центарот на градот


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 14-Nov-2009 at 21:53

Вака, првата и втората да бидат обични паркчиња само различни форми, може и неколку клупи, и пошироки места за уживање во погледотSmile. А третата е нешто како лавиринт од патчиња, исто места од кај што ќе се гледа наоколу.  Интересно е мислам дека за гостите во хотелот па и за другите луѓе. 

За висината не пресметав(20-25м, можеби), ама да биде складна, а сепак да овозможува голем, широк поглед.

Исто така не би имало посебни тераси за секоја соба(ако биде хотел),така да гостите биги користеле овие другиве(кафе, рекреација, одмор, прошетки, убав(зависиSmile) поглед, па и други содржини (слики од Скопје, мапи, водичи, сувенири). отприлика така, може да има голем потенцијал и повеќе содржини не само хотел.

Околу ресторанот тој мислам да биде одделно од хотелот и јавен, и како секој ресторан да се нарачува јадења, пиење, музика (најјако како на филмовине вечери под отворено небоLOLLOL)



Posted By: FoSsiL
Date Posted: 14-Nov-2009 at 21:55
кога врне да се отвара тенда врз ресторанот


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 14-Nov-2009 at 22:16
вака има голем губиток на простор за соби ама можеби ќе добијат на цена


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 14-Nov-2009 at 22:18

истотака со добро осветлување навечер ке изгледа многу добро барем јас како го замислувам



Posted By: FoSsiL
Date Posted: 14-Nov-2009 at 22:27

сега ми текна. може и едно две нивоа под земја, за паркинг, базени, сауни, фитнес, пинг понг, масажи, други спортови и други услугиSmile

па да биде со 5***** и по некои стандарди

уште пари да имав ќе го иградев,а вака само на нет ако го види некој



Posted By: lslcrew
Date Posted: 01-Feb-2010 at 19:31
Хотел на плоштад...

01.


02.


03.


04.


05.


06.



Posted By: pbanks
Date Posted: 15-Apr-2010 at 23:29
Едно од конкурсните решенија, од каталогот на БИМАС 2010




Posted By: lupo
Date Posted: 16-Apr-2010 at 00:48
???????????? molam boga da bide ona od Skopje 2014. Ona gore mi lici na satelitska antena, a i toa crveno-kafeavo dole e uzas...Question


Posted By: гитардемон
Date Posted: 16-Apr-2010 at 01:44
Абре еден од конкурсите, не победникот.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: lupo
Date Posted: 16-Apr-2010 at 12:37
ok e gitardemon jas go komentiram samo, znam deka e eden od konkuriranite 


Posted By: гитардемон
Date Posted: 16-Apr-2010 at 13:02
Си реков да не си мислиш дека навистина ќе се гради

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 16-Apr-2010 at 14:19
Јас се молам 2012 навистина да профункционира, за да неморам да бидам сведок на ова во 2014!

-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: theMac3donian
Date Posted: 19-Apr-2010 at 13:15
Ова конкурсното решение што стил е? Нео-АртДеко? ЛоЛ

-------------
(НУ)МНМБЗДИСМНВИМНЖНКР


Posted By: xnx
Date Posted: 19-May-2010 at 10:28
malce ste gi izmesale proektive. ovaa niska e za toj hotel do oficerski dom-severno od san marko a merriot e juzno od san marko... malce bunat nishkive. tuka ima edna statija sto se odnesuva na merriot hotel.... bi bilo ubavo vo zagrada da gi obelezite parcelite da ne se bunime


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 19-May-2010 at 12:19


Океј ставив број на парцела во насловот на нишкава, барем додека не се дознае името на хотелот, тогаш секако ќе се смени целиот наслов. А не приметив вишок статија во нишкава  Dunno


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 08-Feb-2011 at 08:31
Нов хотел и втора Градска куќа на Плоштад Македонија

Министерството за транспорт и врски на јавно наддавање ќе продава градежно земјиште на Плоштадот Македонија во Скопје. Станува збор за вкупна површина од 6.308 метри квадратни во чив состав влегуваат две урбанистички парцели, од кои едната е целосно во државна сопственост, а другата делумно. Потенцијалниот купувач ќе се здобие со правото да изгради нов хотел на 4.400 метри квадратни, на празниот простор веднаш до ../?p=3390 - најавениот хотел од ланецот Мериот (Marriott) . Височината на објектот е ограничена на 29 метри до венец, а бруто развиената површина изнесува 39.600 метри квадратни. Хотелот мора да има најмалку четири ѕвездички и да биде управуван или под франшиза на ланец со минимум 250 хотели во светот. Исто така фасадното обликување задолжително треба да биде доминантно во стилот академизам.

Истовремено купувачот би презел обврска да го обнови Офицерскиот дом, како дел од хотелскиот комплекс и второто ниво над приземјето без надоместок да и го отстапи на Република Македонија. Во тој простор се планира да функционира резиденцијален дел на Градската куќа како и матична служба и според условите во документацијата треба да ги има следните содржини: влезен хол во градската куќа, драгстор за култура, матичар со архива, матична служба, хол во матична служба и просторија за подготовка на млади, воздушен простор над свечена аула, голема сала за состаноци, три работни кабинети од кои едниот за градоначалникот на Град Скопје, сала за свечени приеми и простории неопходни за секојдневно функционирање на вработените. Офицерскиот дом треба да се обнови според идејното решение чив автор е професорот Коста Мангаровски, коешто инвеститорот треба да го доработи на ниво на идеен и основоен проект. Површината за градба е 2.395 метри квадратни, дозволената висина до венец изнесува 29 метри, а бруто развиената површина 19.160 метри квадратни. Инаку главниот објект „Градска Куќа“ ќе се гради под Кале, на просторот на сегашните бараки на ЈП „Водовод и канализација“. Таму треба да биде сместена бројната градска администрација.

Со оглед дека едната парцела е само делумно во сопственост на Република Македонија, потенцијалниот инвеститор исто така би се обврзал да постигне договор за уредување на меѓусебните односи со останатите сопственици на градежното земјиште (514 метри квадратни). Изградбата на објектите треба да заврши најдоцна 6 години сметано од денот на добивање на дозвола за градење. Во спротивно ќе биде активирана казна во висина од 2% од купопродажната цена на предметното земјиште за секој изминат месец, но најмногу 2 години од истекот на рокот од 6 години, по што доколку и во тој период не бидат изградени објектите, договорот ќе се раскине и земјиштето ќе се врати во сопственост на државата. Рокот за доставување на пријавите за учество е 07.03.2011, а јавното наддавање ќе се оддржи на 11.03.2011. Почетната цена изнесува 6.000 денари за метар квадратен.


http://www.build.mk/?p=6630 - http://www.build.mk/?p=6630



Print Page | Close Window