build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Фото/Видео > Културно наследство
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Копаничарска традиција

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  12>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Копаничарска традиција
    Posted: 15-Apr-2009 at 03:15
1. ИСТОРИЈА И ШКОЛИ НА МАКЕДОНСКОТО
КОПАНИЧАРСТВО

1.1. ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНСКОТО КОПАНИЧАРСТВО

Творештвото на македонските копаничари и нивното настојување традиционалната уметничка обработка на дрво да добие нова функција во современиот живот, овозможи поврзување на традицијата и непрекинат континуитет во развојот на македонската резба. Континуитетот може да се следи од 13 до 19 век, кога резбата го доживува својот процут, па до денес, кога се повеќе е во подем со појавата на Здружението на копаничари на Македонија.
Во раниот среден век, под силно влијание на византиската уметност, резбата се развива паралелно со декоративната камена пластика. Орнаментиката, комбинација од геометриски, зооморфни и вегетабилни елементи, е аналогна со орнаментиката од византиските мермерни релјефи од 12 до 14 век. Од малиот број зачувани резби, земајќи ја-лредвид оригиналната концепција и карактеристичната декорација, посебно место зазема еднокрилната врата од храмот посветен на Св. Никола Болнички (13 - 14 век) во Охрид. Резбата како алтернативна декоративна техника, заменувајќи ја камената пластика, постепено влегува во храмовите. Иконостасот од храмот Мали Св. Врачи во Охрид кој, судејќи по начинот на изработката, конструкцијата и декорацијата, датира од 14 век, е најстар досега познат дрвен иконостас во Македонија.

Освојувањето на Македонија од страна на Турците Османлии предизвикува длабоки општествени промени. Во тешките услови на ропство, кога Македонија е под постојан попитички, економски и културен притисок, уметноста се петрифицира во една рустифицирна форма на византиската уметност. Со текот на времето и постепеното  прифаќање на ориенталните и западните влијанија, ќе се создаде нов квалитет кој ќе се изрази во специфичниот стил на македонската резба. Од 15 до 18 век се градат мали храмови, без куполи и надворешна декорација, а целото уметничко внимание се насочува кон внатрешноста на храмот. Големиот број зачувани резби од овој период укажува на постоењето на значајна уметничка активност во Централна Македонија каде што во текот на 15 и 16 век делува т.н. Прилепско-Слепченската резбарска школа. Нејзина карактеристика е плиткиот релјеф и раскошниот орнамент со преплет сличен на оној од средновековните ракописи. Покрај геометриски и флорални стилизирани мотиви, се јавуваат и зооморфни мотиви со реални и фантастични животни и, како специфика, профани мотиви од фолклорен карактер. 
Уште од 16 век балканското подрачје е под силно влијание на експанзивната итало-критска уметност во која се веќе инкорпорирани елементи од ренесансната, а подоцна, во текот на 17 и 18 век, и на барокната уметност. Атос (Света Гора), каде работи Светогорската школа со своите многубројни мајстори и резбарски работилници, од 17 век станува најзначаен уметнички центар во Македонија. Во ова време таму се јавуваат првите иконостаси од развиен тип. Од 18 век иконостасите речиси целосно се покриени со резба. Тие стануваат најмонументалниот и најдекоративниот дел од храмот. Во Македонија се прифаќа барокниот стил на Атос и техниката на гипсирање, позлатување и боење на резбите. 
Од почетокот на 19 век, под влијание на изменетите општествени односи, започнува изградбата на голем број монументални храмови. Градежната дејност ја следи живописот и иконописот, а резбата го доживувала својот полн развиток. Мијачките мајстори од Мала и Долна Река, во дебарскиот крај, учејќи го резбарството кај мајсторите резбари од работилниците на Атос, го прифаќаат нивниот барокен стил, внесувајќи во концепцијата нови фолклорни содржини, ја создаваат Мијачко-Дебарската школа. 
Мијачките тајфи, како оние на Филиповци од с. Гари, Фрчкоски, Гиноски и Мадароски од Галичник, Зографски-Рензоски од с.Тресонче, Филипоски и Мирчески од с.Осој и многу други, работејќи по целиот Балкански Полуостров, изработуваат врвни уметнички дела. Во нивното творештво иконостасот зазема доминантно место. 
Работејќи ги иконостасите, во длабок рељеф и ажурна резба како оние во Лесновскиот Манастир (1814 г.), Св. Спас во Скопје (1825 г.) и Бигорскиот Манастир (1838 г.), ќе ја издигнат традиционалната декоративна вештина на ниво на уметност. Ослободувајќи го дрвото од позлатата и бојата, до полн израз ќе ги доведат можностите на материјалот. Тие ќе го почувствуваат пулсот на животот кој бие во дрвото - во нивните раце тоа повторно ќе разлиста и ќе процути. 
Следејќи го со длетото ритамот на природата, ќе ја откријат хармонијата на небесните сфери и ќе ја пренесат во сложените композиции и орнаментот. Во колективната визија на Небесното Царство проектирана на иконостасот, крај ангелите и светителите ќе се појават и обичните луѓе. Драматизмот на претставата и нејзината фолклорна димензија стануваат препознатлив белег на нивното севкупно творештво. Кон крајот на 19 век опаѓа продукцијата и квалитетот на резбата. Меѓутоа, традицијата на мијачкото резбарство се пренесува во 20 век и опстојува до денес. 
Од почетокот на 20 век континуитетот го одржуваат малкумина резбари, меѓу кои со своето творештво се издвојува Нестор Алексиев Мирчевски. Во 1927 год. започнува со работа Уметничко-резбарското училиште во Дебар, под раководство на академскиот вајар Бранислав Јованчевиќ, кое од 1928 год. се префрла во Охрид каде што се оспособуваат нови мајстори. По Втората светска војна во Македонија доживува нов полет со обновувањето на Училиштето за резба во Охрид (1947г.), кое се префрла во Скопје при Училиштето за применета уметност како отсек за резба и формирањето на Ателјето за уметничка резба "Андон Дуков" во Охрид (1948 г.), кое работело до 1962г. 
Од овој период од развојот на македонската резба ќе остане богат фонд резбани дела. 
После овој период до појавата на ЗКМАК и новиот бран на копаничари, се зборуваше за замирање и потполно исчезнување на резбата. Со формирањето на ЗКМАК во 1993 год., а посебно овие години, се чувствува подемот на членството на ЗКМАК и зголемување на бројот на изработените дела. Значи резултатите од дејноста на здружението се на повидок. Многу членови, многу дела, изложби, колонии, семинари, списанија и слично се често на сцената на културното поле на оваа древна македонска уметност. 

1.2. ВИДОВИ КОПАНИЧАРСКИ ШКОЛИ И СТИЛОВИ ВО МАКЕДОНИЈА И ПОШИРОКО 

Македонија и ден-денес претставува богата ризница со споменици работени во резба, и покрај големите грабежи, уништувања и разурнувања на нашите Цркви и Манастири низ вековите. Патеписците кои поминувале низ Македонија забележале дека со товари се изнесувале икони, стари ракописи, книги, царски двери во резба, па дури и манастирски врати поради нивните културно-историски вредности. Сето тоа е веќе неповратно и, за жал, наместо тие да се наоѓаат во нашите витрини, трезори, Цркви и Манастири, тие, со својот сјај и содржина, ги украсуваат туѓите музеи и галерии на соседните и подалечните земји. 
Но, сепак, Македонија е најбогата со резбарски дела, создадени континуирано низ вековите, за да го достигне својот зенит во првата половина на XIX век, преку резбарските дела на мијачките копаничари. 
Тука нема да стане збор за развојниот пат на резбарството во Македонија, туку исклучиво ќе се задржиме на т.н. резбарски школи или, поточно речено, на резбарските центри. За првпат во литературата се споменува Прилепско-Слепчанската резбарска школа. Овој назив го носи поради многубројните резбарски дела создадени во резбарските работилници коишто постоеле во Манастирите Трескавец и Зрзе, Прилепско, како и во Манастирите: Св. Јован Крстител - Слепче - Демирхисарско, Пресвета Богородица Пречиста - Кичевско и други. Во овие Манастири се изработувале повеќе видови резбарски дела: иконостаси, целиванија, царски двери, певници, големи крстови, полиелеи (ороси), дејзисни плочи со светите апостоли и друго. 
Резбарите не твореле само за потребите на посочените Манастири каде што работеле, туку тие изработувале резбарски дела за потребите на други Цркви и Манастири ширум Македонија, за што ни сведочат мноштво предмети работени во резба. 
На оваа резбарска школа во прв ред и припаѓаат слепченските врати (еднокрилна и двокрилна), царските двери и неколку певници и голем крст со Распетие Христово. Затоа, тие се сметаат за најкарактеристични примероци на прилепско-слепченската група и за најголеми достигања во резбарската вештина на тоа време во Македонија. Вратите се извонредно изведени во сложена композиција од плетеници, стилизирани орнаменти, слични на оние од средновековните ракописи, во кои се мешаат флорални стилизирани и зооморфни мотиви со фантастични животни, како и претстави од религиозниот и од обичниот живот на човекот на Земјата: Пресвета Богородица со пророци околу неа, композицијата Распетие Христово, човек во световна носија и со музички инструменти в раце. Слични мотиви среќаваме и на двокрилни врати од Манастирот Трескавец. Затоа, сметаме дека овие врати од Слепче и Трескавец се дела на исти мајстори-резбари, односно дека се излезени од иста резбарска работилница. 
Слепченските и трескавечките врати му припаѓаат на периодот на XVI век и се типичен пример во развитокот на македонската резба, со карактеристика на плитко режење по фонот, со лесно издигнување на орнаментиката. 
Кон оваа група резбарски дела спаѓа и певницата (аналогионот) од Манастирот Зрзе - Прилепско, дело на еромонахот Прохор, царските двери од Манастирот Пресвета Богородица Пречиста - Кичевска, царските двери од Црквата Св. Никола во Варо, во Манастирот Трескавец, дверите во с. Кореница - Прилепско, од с. Канино и многу други. 
Покрај многубројните резбарски дела, коишто потекнуваат од т.н. Прилепск-Слепченска резбарска школа, мноштво резбарскидела ширум Македонија, како и трите двокрилни врати, Големиот Крст и полиелејот во Полошкиот Манастир Св.Ѓорги, претставуваат подоцнежен одек на прилепско-Слепченското резбарско творештво. 
Интересно би било да споменеме дека на почетокот на XVII век на Света Гора (Атос) се создава Светогорската резбарска школа, односно речиси два века откако е создадена Прилепско-Слепчанската резбарска школа (ХV/ХVI век) кај нас во Македонија. 
Иконостасот во Протатон, од 1611 година изработен во резба, дело на монахот Неофит, се смета за прво резбарско дело. Низ целиот XVII век во резбарските работилници на Света Гора, а во рамките на Светогорската резбарска школа, се создадени повеќе иконостаси и други предмети во резба. Речиси сите светогорски иконостаси се дело на монаси: монахот Неофит, како што рековме, во 1611 година го режел иконостасот во Протатон, иерејот Исаие - 1622 во Пантократор, јеромонахот Василие во 1679 година го режел иконостасот во Ксенофон, јеромонах Софроние - 1783 во Дохиари итн. 
Но, да се потсетиме и да не заборавиме дека Светогорската резбарска школа не е создадена исклучиво од стекнатите светогорски резбарски работилници, туку и од придојдените монаси на Света Гора од балканските народи со резбарско искуство, а најмногу од Македонија. Оттука е и највероjатната претпоставка дека темелите на Светогорската резбарска школа ги наоѓаме во старото резбарско искуство кај балканските народи. Од помало значење не е и влијанието на Италокритските мајстори-резбари, кои со своите западни иновации работат во светогорските работилници. 
Во првите децении на XVIII век кај нас во Македонија се изработени два иконостаса во Манастирот Св. Наум, во 1711 година, и во Црквата Св. Димитрија во Битола, во 1738 година. Тие имаат големи сличности и затоа се смета дека произлегуваат од иста резбарска работилница, дело на домашни мајстори, кои според стилот и обработката се врзуваат за светогорското творештво. 
За нашите резбари кои работеле на Света Гора најкомпетентно е забележано во литературата, дека "во пообемните работи на Света Гора значајна улога одиграле мајстоирте од Македонија кои, здружени во тајфи, извршувале најсложени уметнички задачи, и овие мајстори го дале својот голем удел во процесот на уметничкото обединување на Балканот". И не само тоа, нашите зографи (Христофор Жефарович од Дојран), како и браќата Јован и Георги Грабован од околината на Охрид, освен со сликарството, се занимавале и со резбарство и биле првите основачи на резбарски центри во Војводина и автори на повеќе резбарски дела, иконостаси, царски двери и сл. во Војводина, во втората половина на XVIII век, кога биле големите миграциони движења од југ кон север, односно на територијата на Карловачката митрополија. 
Појавата на резбаните иконостаси кон крајот на XVIII век се синхронизира со појавата на слични дела по островите на Егејското и Јонско Море и во одделни центри на балканот - Мијачките, Самоковските, Тревненските, Банските и Мецовските (епирските) резбарски работилници, кои во текот на своето творештво во литературата ќе бидат наречени "резбарски школи". 
Економскиот подем на македонскиот народ, кој започнал во осумдесетите години на XVIII век, и неговото поголемо засилување во осумдесетите години на XIX век, условило да бидат подигнати голем број Соборни Цркви речиси во сите градови во Македонија. 
"Сега, не само градовите, туку и селата градат големи трикорабни Цркви со галерии и со широки отворени тремови и сл. Таков е примерот со Манастирите: Св. Јован Бигорски, Св. Јоаким Осоговски, Пресвета Богородица Пречиста Кичевска; Црквите: Св. Димитрија во Битола, Св. Благовештение во Прилеп, Св. Никола во Штип, Пресвета Богородица во с. Ново Село - Штипско, Св. Илија во Нов Дојран и во Радовиш, Св. Никола и Св. Богородица во Крушево, Пресвета Богородица во Скопје, Св. Пантелејмон во Велес, Св. Ѓорѓи во Лазарополе, Св. Никола во Кратово и во Куманово итн. Сите Цркви имале потреба од нивни внатрешни украси со резбарски дела: иконостаси, амвони, целиванија, певници, архиерејски тронови, балдахини и сл. 
Континуитетот на резбарството е видлив на сите поранешни векови, но не во толкава мера, со засилена творечка дејност, каков што е случајот при крајот на XVIII, а особено во XIX век. За негов развиток придонеле повеќе фактори: новоизградените Цркви во градовите и во селата имале потреба од внатрешно уредување и декорација со резбарски дела кои погоре ги наброивме. Оттука и несебичната помош на македонското население за повеличенствена и поубава опстановка на своите Цркви - отворила широко поле за работа и усовршување на копаничарската професија од страна на копаничарите. Во повеќе Манастири во Македонија се создаваат резбарски работилници, исполнети со мајстори, калфи и чираци. Се создаваат резбарски тајфи од повеќе родови, а сите биле од малореканскиот крај, од селата: Гари, Тресонче, Осој, Галичник, Лазарополе, Селце, Росоки, Требиште, Битуше и други. Најпознати се родовите: Филиповци од Гари, на чело со Петре Филипович-Гарката; Филиповци од Осој; Фрчковци од Галичник, на чело со Макарие; Рензовци-Зографски од Тресонче, Максевци од Требиште, Станишевци од Тресонче итн. 
Мијачките копаничари, кои го почнале своето творештво кон крајот на XVIII век и работеле во целиот XIX век, отвориле нови страници на нашата македонска историја на уметноста со што ја збогатиле и самата историја на својот народ. 
Мијачките копаничари, кои престојувале на Света Гора кај мајстори-резбари во работилниците од Италокритската школа, ги негувале поствизантиските традиции што ги носеле од Запад. 
Мијаците - резбари ги примиле елементите на ренесансата и барокот. 
Меѓутоа, за мијачките копаничари не требало да измине многу време за да внесат и свои елементи од секојдневниот живот, од фолклорот на мијачкиот крај, како и да бидат толкувачи на Библијата, создавајќи сцени од Стариот и Новиот завет. 
Творештвото на мијачките копаничари не само што влијаело врз творештвото на другите резбарски школи на Балканот, туку, под влијание на директното учество, се создадени резбарски школи, резбарски центри и резбарски работилници од каде што добро  подготвени копаничари го продолжиле делото на Мијаците од Мијачката резбарска школа. Во литературатастои дека Мијачката (Дебарската) резбарска школа ги има создадено резбарските школи во Банско и Трјавна. И уште да додадеме дека на Балканот, покрај Мијачката, постојат Самоковската резбарска школа, Тревненската и Банската во Бугарија; Светогорската и Епирската, во Грција; и Бератската во Албанија. Од сите резбарски школи најбогата била Мијачката. Денес не може да се најде Црква или Манастир во Македонија каде што мијачките резбари, иконописци и зографи зад себе не оставиле резбарски дела изработени од своите вешти раце со богата фантазија. Нивното творештво ги минало рамките на Македонија, работејќи во Србија, особено во Косово, Албанија, Грција, Бугарија и Романија. Тие заминувале во тајфи и во цели фамилии. 
Некои од нив не се вратиле на своите огништа во Мала Река. 
Што се однесува до стилот на работа на мијачките копаничари, во литературата се смета дека оригиналноста во стилот на мијачките копаничари-уметници е многу слободното користење на растителни форми во мошне разновидни композиции со човечки и животински фигури. Исто така, се смета дека во почетокот на XIX век постои оформен центар од мијачки копаничари што создале свој "стил" во резбарството, различен од другите школи, и тие создаваат нов правец во развитокот на копаничарството. 
За современите охридски резбари, и за најновиот подем на младите ентузијасти резбари, времето ќе даде оценка.
д-р Димитар Ќорнаков


Edited by beTon - 15-Apr-2009 at 03:20
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 15-Apr-2009 at 03:16
1.3. НОВИОТ БРАН НА КОПАНИЧАРИ И ЗДРУЖЕНИЕТО НА
КОПАНИЧАРИ НА МАКЕДОНИЈА

Во последните две децении на дваесеттиот век, резбарската уметност доживува нова ренесанса и подем, и тоа речиси на просторот на целата Македонија. Се чини дека оваа земја е природно предестинирана и благословена да ја одгледува, шири и развива резбарската уметност. И во ерата на невиден раст и усовршување на автоматизацијата и софистицирани техники и апарати, со зачудувачки и неизмерливи можности за производство и замена на човечкиот ум и труд, не се смалува интересот за резбарството, иако тоа исклучиво се работи рачно. Напротив, се чини дека тој број во последно време се повеќе се зголемува, особено кај младите образувани, интелигентни и квалификувани личности со мошне различни занимања и професионална ориентација. Новата генерација резбарски мајстори, ненаметливо, но бележито, го свртува вниманието на своето уметничко творештво. Нивната творечка имагинативност, со своите емотивни димензии и креативна енергија, чинат хармоничен мозаик со нивната уметничка и творечка дарба, естетска доблест, мечта и мудрост кои се опредметуваат во оние чудесно убави резбарски дела со кои се испишува автобиографијата на авторите, на нивните души и времето во кое тие настанале.

Во повеќе градови на Македонија, а особено во Охрид, Битола, Скопје, Прилеп, Струга, но и во Кочани, Кичево, Штип, Богданци, Струмица, Берово, Велес, Кавадарци, Виница, Неготино и други места, на почетокот на овој милениум успешно работаат преку стотина резбари од различна возраст, но предимно помлади луѓе.
Црпејќи ги знаењата и искуствата на старите резбарски мајстори, младите резбари, самостојно или во групи, професионално или во своето слободно време, речиси секојдневно го режат, обликуваат и облагородуваат дрвото, оживувајќи ги фантастично замислените композиции, мотиви, шари и орнаменти од флорални и зооморфни елементи, човечки фигури и бројни сцени од религиозниот и секојдневниот живот. Во еден вековен творечки континуитет, творештвото на новите резбарски мајстори во себе ги интегрира сите вредности и карактеристики на ова народна уметност, која продолжува и натаму да се развива и надоградува со нови и автентични творечки содржини и изрази. Затоа резбарското творештво, изникнато на овие македонски простори, предодредени од природата и творечкиот дух на македонскиот човек да бидат незгаслив, неуништив и траен центар на македонското резбарство, не може да се затре и исчезне.
Инспирирани од неисцрпното и неизмерливо богатство на познатите македонски резбарски школи, какви што се Прилепско-Слепченска, посебно Мијачко-Дебарската резбарска школа и современото Охридско училиште, а мотивирани да се продолжи вековитоста на велелепната македонска резбарска традиција, група млади, амбициозни и талентирани резбари, на чело со дипломираниот инженер Злате Крстески кој беше spiritus movens на ова иницијатива, помогнат од резбарскиот мајстор Никола Прчков, во 1993 година формираа Здружение на копаничарите на Македонија. Тоа беше историски значаен настан и крупен пионерски чекор за зачувување, но и натамошен развој и проширување на резбарската традиција и на другите простори на Македонија, а особено за создавање и просперитет на битолскиот резбарски центар, кој дојде во вистинско време и на вистинско место и чии творечки плодови и вредности допрва следат. Ова го потврди и познатиот македонски стручњак за резбарство д-р Димитар Ќорнаков, кога напиша: "И кога се мислеше дека со последната генерација на охридските резбари, ќе згасне копаничарската традиција во Македонија, македонскиот копаничарски ген се појави преку Здружението на копаничарите на Македонија, основано од група ентузијасти, а со седиште во Битола".
"Идејата за формирање на ова здружение се роди во 1992 година - вели Злате Крстески, а познатата битолска кафеана Саат-кула во центарот на Битола беше средиште на првите средби и договори. Основачите на ова здружение беа и вљубениците во резбарството: Никола Прчков, Мирко Гашпарец, Александар Чавдаровски, Гоце Крстевски, Веселин Талевски, Љупчо Димовски и други, сите од Битола. Здружението на копаничарите на Македонија официјално е регистрирано на 25 јануари 1993 година. Здружението изготви план за работа и усвои статут во кој се утврдени целите и задачите на оваа асоцијација".
Здружението организира советувања, семинари, предавања, изложби, колонии, курсеви и презентации од областа на копаничарството, издава публикации од областа на копаничарството и други дејности.
Првата изложба на авторските дела на членовите на Здружението на копаничарите на Македонија се одржа од 10 до 23 мај 1993 година во Ликовната галерија во Битола и на неа учествуваа 24 копаничари. За релативно кратко време, Здружението се прошири со нови членови, а на крајот на 2000 година имаше преку 130 членови, главно од Битола, Охрид, Скопје, Прилеп, Струга, како и од Кичево, Штип, Струмица, Богданци, Берово, Кочани, Неготино, Демир Хисар, Велес, Кавадарци и Виница.
Во текот на 1993 година Здружението на копаничарите на Македонија организира уште пет изложби, и тоа во Крушево, Скопје, Охрид, Струга и пак во Скопје, на кои свои трудови презентираа околу 150 резбари, од кои значаен дел учествуваа скоро на сите изложби. Во 1994 година Здружението организира три изложби - Битола, Охрид и Скопје; во 1995 година четири - во Штип, Битола, Охрид и Скопје; во 1996 година пет изложби - Берлин, Струмица, Отешево и две во Скопје; во 1997 година три изложби - во Нова Горица, во Словенија и две во Скопје; во 1999 година во Скопје и во 2000 година во Кавадарци, Скопје и на меѓународната изложба "ЕКСПО 2000" во Хановер, Германија.

Во пролетта 1996 година излезе првиот број на списанието на копаничарите на Македонија што со право го носи името "Копаничар", чиј прв главен и одговорен уредник е Злате Крстески. Промоцијата се одржа во галеријата "Стоби" (сопственост на галеристот Васко Урдин), а пригодна беседа одржа и Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Михаил. Во редакциското обраќање до читателите во првиот број на "Копаничар", меѓу другото, се вели: "Со нашите скромни можности, но со огромна желба и ентузијазам, сакавме да дадеме прилог за богатата македонска култура, традиција и ризница, желбата да се победи заборавот, да се избрише превезот на маглата и да се осветли традицијата и доблеста на македонското копаничарство, во кое пулсирал, се воздигнувал македонскиот творечки дух, со сета благородност на македонскиот копаничар".

 "Копаничар" излегува еднаш годишно, а досега се излезени шест броја во кои се објавени мошне важни и интересни информативни, историски и стручни текстови посветени на копаничарството. Во тој контекст ова списание има и една посебно важна и трајнозначна документаристичка димензија.
Здружението на копаничарите на Македонија, заклучно со 2000 година, организира седум колонии на копаничарите и тоа во прекрасниот амбиент на манастирот "Св. Јован Бигорски". Чинам дека не можело да се најде посоодветно место за ваквите работни собири на копаничарите, и според својата историска трајнозначност и уникатно резбарско богатство, но и според природниот амбиент, а тоа и да се биде само во функција на експонирање и реализација на целите на колонијата за реафирмација и продолжување на резбарската традиција и една силна и изворна творечка инспиративност во поттикнување на развојот на македонското резбарство.
Првата копаничарска колонија се одржа од 3 до 10 јуни 1994 година и на неа учествуваа: Злате Крстески (Битола), Никола Прчков (Битола), Гоце Крстевски (Битола), Мирко Гашпарец (Битола), Александар Чавдаровски (Битола), д-р Бошко Ставрески (Скопје), Мијалче Манасиев (Скопје), Константин Аиноски (Охрид), Петар Блажевски (Охрид) и Цветко Марковски (Охрид). На втората колонија што се одржа во исто време, во јуни 1995 година, покрај учесниците од првата колонија, учествуваа и Сашо Јанкоски (Охрид), Новица Столески (Струга), Анастас Дузлевски (Охрид) и Новко Петрески (Охрид), како и двајца ученици од средношколскиот центар за дрво-преработување "Георги Димитров" од Скопје - Бранко Банов и Здравко Костиќ. На следните колонии, што традиционално се одржуваа во почетокот на јуни секоја година, просечно учествуваа по дваесетина копаничари од различни места на Македонија. На седмата колонија, што се одржа од 3 до 10 јуни 2000 година, меѓу дваесет копаничари од Битола, Охрид, Скопје и Прилеп, учествуваше и најмладиот ученик, седумнаесетгодишниот Никола Михајловски кој резбарството започнал да го изучува во резбарското ателје "МАКЕ", сопственост на резбарскиот мајстор Злате Крстески.
Во знак на признание и сеќавање на одржувањето на првата колонија на копаничарите, на манастирот Св. Јован Бигорски Здружението му подари целивална во длабока резба, заедничко дело на проектантот-резбар Стефан Гроздановски и на резбарите: Злате Крстески, Кочо Аиноски, Никола Прчков, Мирко Гашпарец, Гоце Крстевски, Александар Чавдаровски, Бошко Ставрески и Мијалче Манасиев, додека столарските работи ги изработил Петар Славевски од Битола. Исто така, по повод петгодишниот јубилеј од работата на колонијата, Здружението на копаничарите на манастирот му подари мошне убава певница, изработена според проектот на Стефан Гроздановски и од резбарите: Цветко Марковски, Петар Блажевски и Анастас Дузлевски, сите од Охрид.
Здружението на копаничарите на Македонија организираше и други активности за популаризација, афирмација и развој на резбарската уметност. Меѓу другото, по повод јубилејните 50 години од основањето на Шумарскиот факултет во Скопје и 5 години од основањето на Здружението на копаничарите на Македонија, на 11 декември 1997 година во Скопје се одржа прв семинар на македонското копаничарство, на кој се расправаше за повеќе актуелни и стручни прашања за развојот на резбарскатауметност во Македонија.
Ваквите и слични активности и комуникации, кои имаат свои стручни, културни, историски, национални и други значења, многу придонесуваат за продолжување на натамошниот подем и зачувување на особеностите, карактеристиките и белезите на поранешните македонски резбарски школи. Но, истовремено, тоа е поттик и за натамошно творечко надоградување и проширување на резбарската уметност со нови и современи национални, културни и други белези што оставаат неизбришливи траги на националното битисување и му даваат автентичен и автохтон печат на просторот и времето во кое тие дела се создадени. Затоа, во тој мозаик на сеопштите национални, културни и други остварувања и дострели, секоја генерација треба да има можност, амбиција, стремеж и шанса да се искаже и да даде свој посебен придонес.
На почетокот на третиот милениум, Битола, заедно со Охрид и Скопје, продолжуваат да опстојуваат како значајни центри на македонското резбарство, претставувајќи една интегрална стилска, содржинска и естетска целина. Во основањето и развојот на  битолскиот резбарски центар, главна заслуга им припаѓа на група млади, образовани и надарени вљубеници во резбарската уметност, чие творештво се доближува или го достига творештвото на професионалните резбарски мајстори произлезени од современото Охридско резбарско училиште кое, бездруго, и натаму духовно зрачи и ги инспирира младите битолски резбари. Впрочем, на овие битолски простори се крстосуваат влијанијата, би рекол, на резбарските школи во Македонија: од Прилепско-Слепченската, особено Мијачко-Дебарската резбарска школа и современото Охридско училиште.

Битола, и целиот овој крај, непосредно се поврзува со познатите резбарски центри преку многубројните и неразделни роднински, економски, социјални, национални, културни и други врски. Новата генерација на резбарските мајстори од Битола има можност непосредно да се запознае и да ги набљудува највредните дела на старите резбарски мајстори, кои на овие богати простори оставиле прекрасни дела на своето уметничко творештво, особено во цркви и манастири, како што се: иконостасите, царските двери, владички столови, целивални, проповедалници, амвони, крстови, рамки за икони и многу друго. Затоа и не е случајно што и денес во творештвото на битолските резбарски мајстори се среќаваат најразлични карактеристики и белези, мотиви, орнаменти, детали и слично скоро од сите резбарски школи што своевремено дејствувале на просторите на Македонија и пошироко на Балканскиот Полуостров. Како што Нестор Алексиев своевремено бил жива врска меѓу древното мијачко-дебарско резбарство, така и некои резбарски мајстори претставуваат жива врска меѓу современото охридско резбарство и новите резбарски фиданки што изникнале и израснале на битолското тло. 
Во овој контекст можат да се набројат повеќе имиња на познати и признати резбарски мајстори кои остварувале, или натаму остваруваат, живи и непосредни меѓусебни контакти и многу повеќе други форми и начини преку кои се пренесувала и прифаќала резбарската вештина меѓу поранешните резбарски школи и новиот битолски резбарски центар. Во таа смисла многу придонесуваат бројни заеднички изложби на резбарските остварувања, повремени самостојни и блиц изложби на одделни резбарски мајстори,  годишните колонии на копаничарите во манастирот Св. Јован Бигорски, стручните семинари, предавања и разговори, како и започнатите копаничарски каравани. Да регистрирам дека во рамките на проектот "Денови на македонското копаничарство" кон крајот на септември и почетокот на октомври 2000 година, беше организиран првиот копаничарски караван кој, тргнувајќи од Битола, ги обиколи дел од најголемите и уметнички најимпресивните резбарски дела во Македонија. Караванот го сочинуваа група млади резбари кои ги обиколија: манастирот Св.Благовештение-Прилеп, 
Лесновскиот манастир и црквата Св. Архангел Михаил во Лесново, црквата Св. Спас во Скопје, познатиот комплекс Арабат Баба теќе во Тетово, чуениот манастир Св. Јован Бигорски, една беговска куќа и една џамија во Дебар, Музејот и куќата на Робевци во Охрид, како и црквите Св. Климент (Св. Богородица Перивлепта) во Охрид и Св. Петка во селото Маловишта, во подножјето на Пелистер. 
Новата генерација македонски резбари, која се повеќе се шири низ Македонија, покажува доблесно ниво творечка амбиција, висок степен креативна енергија, респективна упорност и трпеливост во остварување на своите композиции и замисли. Реално кажано, таа има и пошироко општо образование и поголеми познавања од областа на уметноста, а посебно од резбарството, со што им се остваруваат пошироки и посестрани визури во откривање на недопрените уметнички простори и предизвици за изразување и реализација на своите имагинативни мечтаења и фантазии и нивното транспонирање и обликување во дрвото. Притоа, со гордост и задоволство, 
нагласено истакнуваат дека ги користат искуствата, достигањата и врвните дострели на старите резбарски мајстори што се трајнозначни меѓници и факели за нивното насочување во тајните на резбарската уметност, а и патоказ за нуркање во откривање на непознатите мистерии и таинствености на резбарската уметност, проследени со 
видлив творечки напор да се оформи и изрази посебен, специфичен, автентичен и автохтон уметнички израз на стилски, содржински и естетски вредности што би ја збогатиле македонската резбарска уметност и би се вградиле како интегрален и неразделен дел на сеопштиот национален културен корпус. Нивните творечки стремежи, копнежи, напори и радости најдобро се изразени низ онаа чудесна убава мисла и животна детерминираност на познатиот индиски поет, писател и филозоф Рабинтранад Тагоре, која вели: 

" Заспав и сонував: животот е радост. 
Се разбудив и видов: животот е работа. 
Работев и сфатив: работатае радост "

Чинам дека денес тоа е современо, творечко и уметничко кредо на младите македонски резбари, собрани околу и во Здружението на копаничарите на Македонија.

Милчо Балевски



Edited by beTon - 15-Apr-2009 at 03:32
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 15-Apr-2009 at 04:14

текстов е изваден од книгата "Тајните Во Копаничарството",  инаку прв учебник наменет пред се за предметот Резбарство на шумарски факултет и засега факултативно во ДСУ Георги Димитров при дрвопреработувачката струка, секција ееј, жално!.  конкретно ова е единствената глава во книгата каде рецензентите на книгата прават осврт на историјата и хронологијата на копаничарството во Македонија, другите 12 глави се исклучиво со техничка содржина.

ова со факултативен предмет во средно наместо редовен па и насока посебно, и на шумарски со предмет наместо со катедра, не само што се фрла во позадина оваа уметност на страна туку истата имам чувство дека е подзаборавена. јасно има голем број копаничари во државава кои подучуваат приватно и ја негуваат со цело срце традицијата, но мислам дека мора истата да биде и посилно институцијализирана со што и поозбилно би била подржана од државата, но воедно и би се отворил пат за сертифицирано специјализирање, со што копаничарите би се третирале како уметници, а не како занаетчии...

Македонија го доби првиот учебник за копаничарство

Во саботата во Битола беше отворена самостојна изложба на копаничарите Злате и Јане Крстевски, на која беше промовирана нивната книга "Тајните на копаничарството"

Во уметничката галерија во Битола во саботата напладне беше отворена Осмата самостојна изложба на копаници на битолчанецот Злате Крстевски и на неговиот син, 22-годишниот Јане, на која беше промовиран првиот македонски учебник за "Тајните во копаничарството" на познатиот и признаен македонски копаничар.

Изложбата, во која има 27 резби и копаници изработени од Злате и Јане Крстевски во нивното копаничарско ателје "Маке" во Битола, ја отвори австралискиот и новозеландски Митрополит и преспанско-пелагониски администратор, господин Петар.

Нивната книга "Тајните во копаничарството" која е и прв македонски учебник иако тоа во Македонија е присутно со векови, ја промовираше професорот на Битолскиот универзитет д-р Златко Жоглев, кој заедно со д-р Димитар Ќорнаков и д-р Бошко Ставревски се рецензенти на ова несекојдневно издание.

- На изложбата првпат во историјата на македонското копаничарство се изложува иконостас бидејќи досега иконостасите не се изложувале, туку од ателјеата и од резбарските работници заминувале директно во црквите и манастирите. На изложбата посетителите ќе го видат иконостасот за црквата "Свети Никола" од селото Бабино - Демирхисарско, со димензии 381 на 257 сантиметри, кој ќе биде поставен во црквата по завршувањето на изложбата. Инаку, покрај иконостасот има и 26 други резби и копаници што ги изработивме јас и мојот син Јане - вели Злате Крстевски.

Тој досега учествувал и на 30 други групни копаничарски изложби, а самостојно и колективно изложувал во повеќе градови во Македонија, во Луцерн, Швајцарија, во Хановер, Германија и во Словенија.

Злате Крстевски е претседател на Здружението на копаничарите на Македонија и главен и одговорен уредник на списанието "Копаничар", кое излегува еднаш годишно, и е автор на неколку научни трудови за копаничарството. Тој е дипломиран електроинженер и моментно е директор на битолска "Електродистрибуција", а секој слободен миг го поминува во своето копаничарско ателје "Маке" во Битола, каде што работи заедно со неговиот син Јане.

- Копаничарството е со векови и милениуми присутно во исконска Македонија и на резбите и копаниците на нашите мајстори и уметници се одушевуваат туристи од целиот свет. Досега се напишани повеќе историографски книги за копаничарството, но оваа "Тајните во копаничарството" е единствена од овој вид и затоа е прв македонски учебник во оваа област, бидејќи во неа се опишани сите технологии, поточно целиот процес како се изработува една копаница или резба. Во книгата се опишани сите фази од сечење и сушење на дрвото, негова подготовка, обработка, идејата што да се направи од него, етапи и фази во изработката на копаницата, основните алати со кои таа се изработува, довршувањето, украсувањето, одржувањето, заштитата... Во учебникот се што сме научиле од нашите претходници и се што сме откриле во практиката е најискрено и најстудиозно прикажано, така што не е скриена ниту една копаничарска тајна. Тоа е практикум. Кој има желба и малку талент, може да седне, да учи и да се обиде да изработи резба - вели Злате Крстевски.

Дневник - Менде Петковски - 22.04.2002

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 15-Apr-2009 at 04:22
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 15-Apr-2009 at 04:45

една забелешка со време, воопшто до пред некое време немавме јасна претстава дали и во антиката на овие простори покрај камените се изработувале и дрвени резби, оваа недоумица беше неодамна разрешена со пронаоѓањето јагленисано парче резба во Баргала, што укажува на можен континуитет низ вековите во копаничарството на овие простори Античките корени на македонското копаничарство - star.dnevnik.com.mk/default.aspx?pbroj=2994&stID=73840&pdate=20060222...

ЕКСКЛУЗИВНО АРХЕОЛОШКО ОТКРИТИЕ НА "БАРГАЛА" ВО ШТИП
Пронајдена резба стара 17 века


Археолошко откритие што ќе ги разбранува научните кругови: дел од пронајдената резба

Досега се сметаше дека охридската скулптура на свети Климент од почетокот на 13 век е најстарото декорирано парче дрво сочувано во земјава

Резбана плоча од дрво на која се претставени луѓе, лавови и геометриски декорации, датирана кон крајот на 4 век, е пронајдена на античкиот град Баргала, оддалечен 17 километри од Штип. 

Станува збор за ексклузивно откритие, зашто досега се сметаше дека охридската скулптура на свети Климент од почетокот на 13 век е најстарото декорирано парче дрво сочувано во земјава. Фрагментите од јагленисано дрво во моментов се наоѓаат во штипскиот Завод и музеј, каде што треба да бидат конзервирани.

Археологот Ѕвонко Белдедовски, раководител на ископувањата на "Баргала", од досегашните теренски заклучоци и според ликовите на резбата, претпоставува дека намената на плочата била религиозна. Има индиции и да се врзува со теракотните икони, пронајдени пред околу 30 години на Виничко кале.

- Наодот е единствен во земјава, но и во поширокиот регион на Балканот. Дрвото е материјал што брзо се распаѓа во земјата и многу е тешко да се сочува. Откритието е еднакво на откривањето на маските во Охрид, пред еден месец, можеби и поголемо, зашто е единствено досега. Претпоставувам дека резбата е некаква вотивна плоча. Тоа го покажуваат антропоморфните, зооморфните претстави и геометриските орнаменти - лик на човек, можеби светец или некое грчко-римско божество, претставите на лав и на други животни, декорацијата со свастика - рече Балдедовски.

Фрагментите од јагленисано дрво се пронајдени на подот, непосредно пред фурната на античката бања, каде што се ставале дрва за да се топли водата. На длабочина од 2,70 метри, во влажната земја, во слој на гареж, јаглен, пепел, покривни ќерамиди и јагленисани греди од покривна конструкција, археолозите го откриле наодот, единствен во земјава и на Балканот.

Се уште не е направена подетална анализа на материјалот. Веројатно прво ќе бидат направени хемиски испитувања, а веднаш потоа фрагментите ќе се конзервираат. Има доволно материјал да се направи и реконструкција на плочата.

Зоран Георгиевски, директор на Заводот и музеј во Штип, вели дека резбата ќе ја конзервираат нивни и стручњаци од Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата. 

- Процедурата за конзервација на дрво е иста. Начинот на конзервација, кој го понудивме во Републичкиот завод, беше веднаш прифатен. Потоа ќе направиме и реконструкција. Археолошката кампања на "Баргала" ќе продолжи и в година, но посаилено. Со Факултетот за рударско-геолошки истражувања од Штип ќе направиме и геомагнетски снимања. "Баргала" мора да го добие местото што го заслужува во македонската историја - рече Георгиевски.

"Баргала" е доцноантички град, кој "живеел" од 4-тиот до 6 век. Го изградиле римјаните, како воен логор, а потоа прераснал во цивилна населба и ранохристијански епископски центар во регионот на средниот тек на реката Брегалница. Во раниот среден век, таму постоела и ранословенска населба. Веднаш до градските ѕидини се наоѓа црквата "Свети Ѓорѓи", од 9 век. Во последните четири години, на "Баргала се вршат систематски археолошки ископувања и конзервација. Дел од градскиот бедем и главната порта се комплетно конзервирани. 

Дневник - Весна Ивановска - 08.11.2002

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 22-Apr-2009 at 17:53
Незнам колку резбата во камен се вбројува како копаничарство ама ја ќе ги пуштам сликите од иконостасот во манастирот Св. Преображение во Крушево....

01.


02.


03.


04.


05.


06.

Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 19-Jul-2011 at 16:53

http://mk.wikipedia.org/wiki/Копаничарство#Копаничарството_во_Македонија_во_антиката иако линков алудира дека копаничарство се однесува само на дрво, сметам може да се прифати и за камен... пример во Србија за копаница  во дрво велат резбарство, а за копаница во мермер клесарство, кај нас и за едното и за другото најверојатно е копаничарство, па може и токму ти се сликите за тука

еве  интересен линк кој не е лошо да се сочува како pdf и да се качи тука за секој случај...  не дека македонска емиграција би згаснала но повеќе заради архивиране на инфото....

http://www.makemigration.com/kultura/kopanicarstvo/menipaga/kopanicarstvo.htm

.

Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 24-Jul-2011 at 19:08

копаничарство отсекогаш било придружен елемент во архитектурата на овие простори, а како архитектонски елемент, се јавулало како резба покрај во дрвото и во камен и во глина, пример виничките теракотни икони се користеле и фасадно, а во каменот како и кај глината најчесто се одело со  плиток или бар рељеф(полуиспакнат), додека длабокиот рељеф најчесто се применувал на дрвото...

Под  декоративна пластика се подразбира висок и плиток рељеф како уметност и занает. Кај нас, камената пластика во архитектурата се применува уште од антиката, па се до денес http://www.makedonskosonce.com/1_1/tv%20sonce/files/1702_sakralni.pdf
  

 во сакралната архитектура раноХристијанскиот Храм бил едноставен со поголем акцент на симболика  на формата[1] а не на орнаметника на  детали од формата, додека во доцната антика и средниот век почнува прво помасовно стилизирње на надворшеноста на Црковните Храмови,  пример камена и керамичка пластика на фасадата(пропратена со склалести кровови кои го симболизираат искачувањето кон небесата, а светлина во Храмовите влегувала преку стилизирани отвори на прозорите и вратите т.н. транзени), за веќе во романтизмот и внатрешноста на Црквите да добие богата орнаментика  на преградите, троновите, певниците...  пример ако претходно иконостасот бил само преграда на кој подоцна се поставуваат икони, веќе во романтизмот(под влијание на барокот) иконостасот добива длабок рељеф... еве пример каде резбата е украсена со седеф http://blip.tv/smirenie/aporea-premin-3125409 

   во профаната архитектура позастапена била дрвената резба на мебел, како и декоративни ѕидни плочи и таваници, немам сретнaто но претпоставувам имало и дрвени транзени над вратите примeр како јапонскита ранма[1][2] исто честа појава била орнаментика на предмети  во како послужавници, дршки,  чекмеџиња итн.    




Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 24-Jul-2011 at 21:08
Списание Копаничар - http://www.zkmak.org.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=14&Itemid=17&lang=mk

и да има волја човек, без соодветен алат но и меко дрво тешко дека ќе стаса до ремек делo

...Оревот и црешата се најблагородни дрва за резба, особено варениот орев. Дрвото навистина се "вари". Се остава во просторија со пареа, под притисок, да отстои 10 до 20 дена. Тогаш станува меко, фино, не пука и е податно за обработка.

Но Чакар работи и во бор, липа и во други дрва. 
Откако ќе се исече, дрвото треба да се суши 3 до 5 години пред да почне да се резба. Тоа треба да биде добро исушено, особено ако неговиот иден лик биде извајан во иконостас.
...  
Чакар работи рачно, со дрвен чекан и со длето. Постојат неколку основни форми на длето: рамно, полукружно и во форма на латинската буква "в". 
- Секој сериозен резбар што се нафаќа да изработи иконостас во ажурна резба мора да има 100 до 120 различни форми и димензии на длета. Но, тие се многу скапи. Најдобри се англиските, но тешко се наоѓаат бидејќи кај нас нема организиран увоз на алат ниту на дрво за обработка.
Едно длето чини околу 20 евра, а камен за острење - 30 евра. Кубик суво необработено оревово дрво чини 50 евра. Но увезен, обработен како штица, чини дури 1.200 евра.
...http://star.dnevnik.com.mk/default.aspx?pbroj=2767&stID=55675


- http://stameskino.ru    

- http://rezbaderevo.ru

- http://www.woodcarvingworkshops.tv/videos
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 12-Feb-2012 at 16:21
Копаничар сам работи на голем иконостас

Иконостасот во велешката црква „Свети Кирил и Методиј“ има димензии од десет метри должина и пет метри висина и е од оревово дрво, а копаничарот Љубомир Бисин на него работи веќе две години и има уште 12 месеци за целосно да го заврши



Изминативе две години работилницата на копаничарот Љубомир Бисин е главното место каде што се изработува еден од најубавите и најголемите иконостаси, кој ќе ја краси новата црква „Свети Кирил и Методиј“ што се гради во центарот на Велес. Познавачите велат дека ваков иконостас се работи еднаш во животот и за секој копаничар претставува голема чест да може да остави свој печат во времето и во здание какво што ќе биде оваа црква која, според архитектонскиот израз, претставува еден од највеличествените сакрални објекти во Македонија.Велешанецот Бисин вели дека работата на иконостасот многу го исполнува и му дава посебна енергија. На него почнал да работи во септември 2007 година, а има уште речиси една година за целосно да го заврши.

- Изработката на еден иконостас е огромна задача која бара многу труд, целосна посветеност и не трпи никакви импровизации. Потребни се многу време и трпение за тој да се изработи. Имам рок од три години за да го завршам иконостасот. Се' уште сум ентузијастички расположен и се надевам дека така ќе биде до крајот. Ова, сепак е мое животно дело бидејќи ваков верски објект не се гради секоја година, а особено монументална црква каква што е „Свети Кирил и Методиј“ - вели авторот Љубомир Бисин, кој веќе десет години се занимава со копаничарство. Иконостасот има димензии од 10 метри должина и пет метри висина и Бисин го работи заедно со младиот Игор Лесковски. Бисин вели дека се радувал како мало дете кога ја добил оваа работа зашто таа му помогнала и да созрева работејќи. Долго го посакувал ова искушение, но откако го добил почнал да се двоуми и самиот да се прашува како ќе успее да го реализира делото.

- Поголемиот дел до иконостасот е речиси готов, останува уште нешто да се сработи, не би зборувал колку е тоа во проценти бидејќи оваа работа не е математика. Го работиме со максимално внимание и со љубов - вели Бисин. Како што и старите мајстори-копаничари ги работеле иконостасите во нашите цркви и манастири така и овој е изработен во оревово дрво, специјално третирано, а со цел да го надживее времето и да остане да сведочи за уникатноста и за мајсторството на авторот. Цртежите се работат според црковните канони, а педесетината квадрати се збогатени и со резба. Иконостасот ќе биде троделен: во долниот дел се поставени престолните икони, во средината се празничните и највисоко се апостолските икони. Меѓу нив ќе се вметнат мотиви од Стариот и од Новиот завет, како што се протерувањето на Адам и Ева од рајот, жртвата на Аврам, отсекувањето на главата на свети Јован Крстител.

- Имавме многу ребуси од почетокот на работата кои полека ги решававме. Цртежите сами ги работиме, како и комплетната реализација од талпа до финализација, е наша креација. Нема препишување, се' што е изработено е оригинално. Сите мотиви, зооморфни или флорални, се работат според правилата на старата македонска школа, следејќи ги примерите на охридската и дебарско-мијачката резба. Сите тие се имплементирани во иконостасот - вели Бисин. За него е голема чест што по 150 години, откако е изградена последната црква во Велес, тој работи на иконостас. Црквата „Свети Кирил и Методиј“, според големината, ќе биде меѓу најголемите што се изградени во нашата земја во последните стотина години. Интересен е и фактот што во меѓувреме Бисин успеал да изработи уште еден иконостас и тоа за црквата „Света Петка“, исто така, во Велес.
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=53DB4737E4C9B74E8A70C5D81C648490











http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=940&PID=84448#84448





Edited by Max - 28-Feb-2012 at 11:32
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 27-Feb-2012 at 12:45






Копаничарство - можеби уметност, можеби занает - но пред се љубов

,,Љубете ја својата земја и презентирајте ја онака како ви делил Господ‘‘...
kopanicar-intro1
Горан Бошковски – велешкиот копаничар од Македонија http://www.youtube.com/user/grnbskvsk

Копаничарство или дрворез – уметност во која целосно се внесува душата на резбачот, традицјата на народот на кој припаѓа, обележјата на времето во кое создава, својата душа ја презентира преку вештината и техниката од своите раце кои го преобликуваат парчето дрво.<span> </span>Копаничарството е уметност, а потоа можеби и занает, поради употребата на техника и алати кои можат да ја повторуваат веќе изработената форма. Проценката е според длабочината на резбата и тврдоста на дрвото, но тоа се однесува на трудот, сепак восхитот и пораката говорат најповеќе за изработеното.
За да биде уметноста што помакотрпна оревот е дрво за резба.



За копаничарството говорат милениумски стари археолошки ископани предмети. Повеќето занаети изумираат во Македонија, но копаничарството, прифатено како занает има свои приврзаници, уметници, творци и уживатели и денес. Името и презимето на уметникот, напишани со кирилично писмо, годината на изработка, но кога заминуваат од државата стои и името на Македонија, а резбите го освојуваат и пленат светот.Резбите на многу наши уметници пропатуваа по светот, но во последните десетина години и резбите од рацете на Велешанецот Горан Бошковски , од неговата душа и од неговата љубов кон Македонија, да се остави белег на неговото македонско време. Во резбата на Горан Бошковски од Велес се вткаени македонската флора и македонската фауна. Во работилницата поминува секојдневно по неколку часови, па често и деноноќие, сакајќи да ја заврши следната резба, за да може да и се восхитува и да му ја подаде на светот...

kopanicarstvo2

Горан Бошковки од Велес е 45 годишен копаничар, самоук, кој пред десетина
години започна со исполнувањето на својот сон, загледувајки се во резбата во црквата Свети Спас, душата не престана да му посакува да извлече од својот уметнички дух, нешто слично, исто, или оригинално. Во овој период од десетина години изработил стотина резби, со различни димензии, вредности, уживајќи во сопственото вложување, повеќето ја напуштиле државата, заминале во прекуокеанските земји. Потписот на резбите е на македонски со кирилично писмо од дел на неговото име ,,грн‘‘ а веднаш до него стои и годината кога е изработена резбата, а резбите кои ја напуштаат Македонија се обележани со нејзиното име. 
Вербата во својата желба и во Господ, на Горан му дава сила да ја исполни својата страст кон уметноста, при што следуваат и многу откажувања, бидејќи копаничарството бара целосна посветеност и вложување на време и труд. Горан е семеен човек, кој половина ден го минува на своето работно место, а копаниката е неговата пасија и љубов, па остатокот од времето го минува во работилницата. Во оваа деценија од копаничарската работилница излегоа неговите лозови листови, гроздови, цветови, коњи, птици, човечки фигури на монаси, светци, православниот
крст... Сведоштва за времето, традицијата и земјата во која што создава.
Последната резба која Горан Бошковски ја изработува е македонска вазна, украсена со цветови и листови обележје на нашето поднебје, исклучително оригинално дело...
Пораката во делата на Горан е повеќе од јасна, ,,љубете ја својата земја и презентирајте ја онака како ви делил Господ‘‘...

kopanicarstvo3

Копаничарството во Македонија во антиката

Пронајдената кралска гробница во Кутлеш зборува за високото културно и историско богатство со врвни уметнички елементи. Тоа е претставено на ковчегот со 16-зрачното сонце, декоративна плитка пластика во огледален одраз со богати орнаменти, ногарки што завршуваат со лавовски шепи, пронајдени се златни желади и дабови лисја во вистинска големина. Ако се споредат античките пронајдоци вo Кутлеш со сегашните резбани дела и со иконостасите во црквите и манастирите, се забележува видна сличност, блискост и истородност. Желадите и дабовите лисја во злато и желадите и дабовите лисја на иконостасите во дрво слободно може да речеме дека се исти и подеднакво употребувани и застапени во уметноста во етничките граници на Македонија. Лавовските шепи од ковчегот и денеска се резбаат како декор на мебел.Во Македонија најсилен период копаничарството бележи во 17 век. Од 14 и 15 век има многу малку сочувани предмети. Под влијание на Света Горските уметници се отвораат копаничарски центри во Македонија во 17 век. Од тоа време датираат резбите на раскошни иконостаси во црквите Свети Архангел- Кучевиште- Скопско, Свети Никола-Слепче-Прилепско.
Во Македонија се зачувани голем број предмети, релјефи и верски украси од резба од периодот 14-19 век.
Најпознати школи во тој период во Македонија биле Прилепско-слепченската во 15 и 16 век и Дебарско-охридската во 19 век. Речиси сите поголеми цркви имале предмети и украси од резба, а во некои целата внатрешност била украсена со резба. Сочувани дела од овие мајстори се иконостасите во црквите Св. Јован Бигорски кај Дебар и Св. Спас во Скопје. Покрај тоа, и побогатите куќи биле украсувани со мотиви од резба, познат пример за тоа е таванот во една од собите на музеј - куќата на Робевци во Охрид. Најзастапени елементи во копаничарската уметност, во античкиот и во сегашниот период, се: риба, елен, ламја-андрогин
(дракон), сатир, кентавр, грифон, лав, орел, паун, змија, лисје, цветови и плодови од смокви, лоза, афион, даб и други. Во античко време, на влезовите во кралските палати и престоли се поставувале по два лава-чувари во скулптура. Таа традиција продолжила низ вековите, а денеска во старите и во новите цркви и манастири се ставаат како задолжителни копаничарски елементи покрај владичките престоли (тронови). Во античкиот град Баргала е пронајдена резба стара 17 века. На таа резба на дрво се претставени луѓе, лавови и геометриски декорации од крајот на 4 век. Изрезбаните симболи и елементи во јагленисаното дрво зборуваат
за тесна врска меѓу древноантичките, тогашните (во 4 век) и сегашните резби. Поврзаноста на античкиот период и на копаничарските школи (Прилепско-слепченската во 15 и 16 век, Светогорската на Атос во 17 и 18 век и Дебарско-охридската во 19 век и денеска е изразена и видна преку приказ на елементите, симболите и на мотивите што се користеле во античко време и сѐ до денес.



Edited by Max - 28-Feb-2012 at 11:33
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 03-Oct-2012 at 16:00


едно време редовно се наоѓаа ковчеџиња, кутии и табакери со седеф, гравури па и по некоја филигранска чивија нанив, а сега и да ги има тешко дека ќе се купат за пристапна цена ко што беше случај некогаш, сега дури и инстант кутичиња од бамбус изгравирани со ласер [1][2] чинат скап-камен не па рачни муабети т.е. ракотворби, ајде битно за туристи ќе се најдат макар ги резбале на цнц ама бар нека биде од прилепскио ни микросам иако за тоа и баш не им сеедно на копаничарите [1]

исто немам сретнатно кат-аут гравури по кутии одамна, ко оние руските кутии кои немаат заоблувања на резбата туку се клесаат рамно-геметриски [1][2][3] исто ваквите кутии имаат и кожни cut-out преслеки [1][2][3] или "испечатени" преслеки [1][2][3]

http://www.svoimi-rukami.com.ua/woodcarving_4.htm




Edited by Max - 03-Oct-2012 at 16:07
Back to Top
maktens View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 24-Aug-2012
Online Status: Offline
Posts: 15
  Quote maktens Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 24-Oct-2012 at 15:56
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 07-Feb-2013 at 01:10
 
 
нешто троа побитно за секој што е заинтересиран за Копаничарство - http://www.slideshare.net/krugoi-okoliski/tajnite-vo-kopanicarstvoto
 
Drvo je oduvek bilo izuzetno cenjen materijal.
Pruža velike mogućnosti za primenu ali, istovremeno,
zahteva veštinu prepoznavanja osobina, odgovarajuću
pripremu, stručnu obradu i zaštitu.
Pripremili smo vam kratku priču o osnovnim karakteristikama
i mogućnostima primene nekoliko različitih vrsta drveta.
Struktura drveta - građa
Da bi se dobila jasna slika o strukturi stabla drveta, vrše se preseci u stablu. Ovi preseci su upravni jedan na drugi i ima ih ukupno tri:
  • presek koji se izvodi normalno na osu stabla zove se čeoni presek.
  • Presek izveden na osu i jedan od prečnika stabla zove se radijalni presek (ogledalo).
  • Presek izveden paralelno sa osom stabla zove se tangencijalni presek.
Ako posmatramo čeoni presek stabla možemo jasno da vidimo slojeve strukture drveta i to:
  • spoljnu koru;
  • liku;
  • kambijum;
  • drvenu masu i
  • srž.
SRŽ je centralni tanak sloj stabla i može da bude do 15 mm. Oko srži (srca) obrazuju se godišnji prstenovi. Oni su u stvari presečne slike drvenih omotača nastalih u toku rašćenja drveta.
Debljanje drveta nastaje stvaranjem novih ćelija prema unutrašnjosti. One nastaju od kambijuma koji se nalazi spolja ispod like. Kako se od kambijuma stvaraju nove ćelije iznutra, šire se i godišnji prstenovi dok razvijanjem ćelija od kambijuma spolja jača kora drveta.
Formiranje novih ćelija od kambijuma počinje od maja meseca i traje do prestanka vegetacije u jesen.
 
Hemijski sastav drveta
Skoro sve vrste drveta klasifikuju se po svom elementarnom
sastavu, pa se može reći da prosečno drvo sadrži:
50% ugljenika; 6% vodonika; 43% kiseonika,
a ostatak sačinjavaju azot i mineralni sastojci.
Sadržaj pepela varira i zavisi od mesta rašćenja drveta.
Kora drveta sadrži više pepela. Glavnu masu drveta sačinjavaju još: celuloza; smola; mast i vosak.
 
Osobine drveta
Osnovne osobine drveta, od značaja
za obradu su:

Skupljanje drveta
Pod ovim se podrazumeva promena volumena drveta usled uzimanja i ispuštanja vlage. Pri sušenju drveta (gubi se vlaga) vlakna se jako skupljaju u poprečnom pravcu. Drvena masa se odupire i dolazi do pucanja drveta.
Da bi se izbeglo pucanje drveta usled nepravilnog sušenja, svako drvo namenjeno duborezu mora pre obrade pažljivo da se osuši. Drvo se suši na umerenoj temperaturi, duže vremena i u suvoj prostoriji. Drvo namenjeno za seču i obradu najbolje se priprema ako se još u proleće oguli od kore i ostavi do jeseni, a zatim tek u jesen odseče! Odsečeno stablo treba ostaviti u zaklonjenom
vazdušnom prostoru da se osuši.
 
Otpornost - čvrstoća drveta
Pod ovim pojmom uopšteno podrazumeva se čvrstoća i otpor kojim se drvo suprotstavlja spoljnim silama prilikom razdvajanja njegovih delova. Otpornost i čvrstoća drveta direktno zavise od vlage - vlažno drvo manje je otporno od suvog!
 
Elastičnost drveta
U vezi sa čvrstoćom je još jedna karakteristika drveta, a to je elastičnost. Pod elastičnošću se podrazumeva nastojanje drveta da svoj oblik, promenjen usled dejstva spoljnih sila, po prestanku tih sila vrati u prvobitno stanje. Sa ovim je u direktnoj vezi savitljivost drveta.
Žilavost
Još jedna osobina drveta koja se ogleda u otporu drveta protiv naprezanja prouzrokovanih vazduhom.
Tvrdoća je sila otpora koju ispoljava drvo prilikom prodiranja drugog tela u njega. Tvrdoća je takođe u vezi sa vlažnošću
- suvo drvo je znatno tvrđe od vlažnog drveta.
Cepljivost
Definiše se kao otpornost drveta protiv cepanja, odnosno osobina da njegova građa pruža određeni otpor prodiranju nekog klinastog tela koje teži da rastavi drveno tkivo. Ovo je vrlo važna osobina bitna za obradivost drveta duborezom. Uvijeno rašćenje, čvorovi, koreni grana smanjuju cepljivost drveta, dok pravilan rast, fina vlaknasta struktura i bogatstvo u sržnim zracima povećavaju cepljivost. Vlažnost drveta značajno utiče na cepljivost drveta. Najveći stepen cepljivosti ima ono drvo čija je vlažnost oko 10%.
 
Izbor drveta za duborez
Za duborez se upotrebljavaju najviše takve vrste drveta koje
imaju ravnomernu i finu strukturu, koje nisu suviše tvrde, a nisu im previše istaknuti godišnji prstenovi, pa se drvo lako seče
u svim pravcima. U ovu grupu spadaju:
  • orah - kruška - mahagoni;
  • lipa - dud - abonos crni;
  • šljiva - šimšir itd.
Vodi poreklo iz Azije, visok je oko 20 m. Za obradu je dobar samo zreo orah koji je kompaktan i dobro se obrađuje nožem, polira i glača. Seče se u svim pravcima, ima pora ali su nevidljive. Zbog toga se vrlo često koristi za duborez. Orah je vrlo trajno drvo, čak mu se i koren koristi za obradu.
Lipa je evropsko drvo, visoka je oko 30 m. Ovo je lako i meko drvo crvenkastobele boje. Lipa ne spada u trajno drvo i prilično se skuplja pa se zbog toga ne upotrebljava za trajnije radove u duborezu. Zbog pomenutih osobina ne smatra se prvoklasnim drvetom pa se zbog toga koristi uglavnom za jeftinije rezbarske radove.
Uspeva u Evropi (izuzev severnih i severoistočnih delova) i Zapadnoj Aziji. Ovo je srednje teško i tvrdo drvo, čvrsto, lako se obrađuje. Ne spada u trajno drvo.
Koristi se u proizvodnji furnira, nameštaja, intarzijske, rezbarske radove i strugarske radove.
Uspeva u Evropi, zapadnoj Aziji i severozapadnoj Africi. Ovo je teško, tvrdo, čvrsto i elastično drvo. Zbog svojih osobina se teško cepa i dobro se površinski obrađuje.
Najčešće se koristi u umetničkom stolarstvu, za strugarske i rezbarske radove, za stubove, za izradu sudova, pribora za jelo.
Šljiva je domaće drvo čiji se plod koristi za ishranu, a drvo se koristi za izradu duboreza. Ovo je tvrdo i teško drvo. Ni šljiva ne spada u trajno drvo jer se teško obrađuje i hoće da puca. Koristi se uglavnom zbog svoje crvenkaste boje i strukture lepih šara.
Ovo je takođe domaće drvo i koristi se za drvorez. Crvenkasto mrke boje, prilično tvrda, teško cepljiva, ali spada u trajno drvo koje je kompaktno, elastično i fino vlažno. Dobro se polira i obrađuje. Vrlo malo se suši, a pri sušenju ne menja oblik. Pogodno je za izradu pribora za merenje i crtanje (lenjiri i trouglovi).
Uspeva u Evropi, severnoj Africi i zapadnoj Aziji. Ovo je srednje teško i tvrdo drvo, čvrsto i elastično, lako se obrađuje. Dugo traje: nezaštićeno, na otvorenom do 120 godina; na slobodnom prostoru, pod krovom do 200 godina, a u zatvorenom prostoru i do 800 godina.
Prvorazredno tehničko drvo za potrebe građevinarstva, pragove, gradnju brodova, najbolje bačvarsko drvo. Dosta se koristi za stolariju, nameštaj, furnir, parket i podove.
Uspeva u centralnoj i južnoj Evropi.
Teško i tvrdo drvo, čvrsto i vrlo elastično, dobro se obrađuje. Ne traje dugo: nezaštićeno, na otvorenom do 60 godina; na slobodnom prostoru, pod krovom do 100 godina, a u zatvorenom prostoru i do 800 godina.
 
Dud (Morus sp.)
Dud je drvo iz južnih krajeva Evrope. Težak je, tvrd i sjajan, teško se cepa i trajan je. Pod uticajem svetlosti dobija tamnocrvenu boju kao mahagoni. Upotrebljava se za drvorez, stolariju, u kolarstvu, kačarstvu itd.
 
Šimšir (Buxus sempervirens)
Ovo je vanredno fino drvo žute, čak izrazito žute boje. Kompaktan je, ima vrlo finu strukturu. Šimšir je teško drvo, teško se cepa i spada u red trajnog drveta. Pored rezbarije, šimšir se upotrebljava i za izradu instrumenata, intarzije i drvenog mozaika.
 
Bor obični - Pinus sylvestris
Uspeva u Evropi i severnoj Aziji. Ovo drvo je lako, meko, srednje čvrsto, elastično, lako se obrađuje i vrlo je trajno. To je građevinsko i stolarsko drvo. Koristi se i za: nameštaj, stolariju, podove. Trajnost: nezaštićeno, na otvorenom do 85 godina; na slobodnom prostoru, pod krovom do 120 godina, a u zatvorenom prostoru i do 1000 godina.
Crni bor - Pinus nigra
Uspeva u južnoj Evropi, severnoj Africi i Maloj Aziji. Ovo drvo je srednje teško, meko, srednje čvrsto, elastično, lako se obrađuje i vrlo je trajno. Ima istu primenu kao i običan bor.
Postoji više vrsta, koje uspevaju u tropskim područjima Amerike, zapadnoj Africi, Gani, Kongu, Ugandi.
Mahagoni je žućkasto crvene do tamnocrvene boje. Dosta je teško drvo, tvrd je i teško se cepa. Pravilnog je rasta, trajnog je i postojanog oblika. Zbog svojih prvoklasnih osobina spada u najskupocenije vrste drveta. Vrlo je kompaktan, odlično se polira i obrađuje u rezbarstvu.
Koristi se za: izradu nameštaja (kao furnir i masivno drvo); za uređenje enterijera stambenih i radnih prostora, aviona, železničkih vagona i brodskih salona, u umetničkom stolarstvu; za izradu preciznih sprava (mernih instrumenata i fotoaparata); za izradu auto karoserija. Pored toga, koristi se i za izradu etuija, kutija za radio i televizore, uglomera, lenjira, ručki, za strugarske i rezbarske radove.
 
Vrlo je teško i tvrdo drvo, zbijene i jake kompaktne strukture. Spada u red trajnog drveta. Skoro je sasvim necepljivo drvo pa u preseku liči na metal. Najbolji abonos dobija se sa Cejlona. Ovo drvo najviše se upotrebljava za proizvodnju intarzija i ukrasa.Pored crnog postoje plavi i zeleni abonos.
 
Uspeva u Evropi, a preko Urala prodire i duboko u Aziju. Ovo je lako, srednje tvrdo, osrednje čvrsto, srednje elastično drvo. Lako se obrađuje, ne traje dugo. Koristi se za: nameštaj (kao furnir i kao puno drvo); za izradu kutija za cigare; za olovke i igračke; za strugarske i rezbarske radove.
Trajnost: nezaštićeno, na otvorenom do 40 godina; na slobodnom prostoru, pod krovom do 40 godina, a u zatvorenom prostoru do 400 godina.
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 07-Feb-2013 at 13:43







Edited by +Protagorist - 07-Feb-2013 at 13:51
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 07-Feb-2013 at 14:54


...

7. УСТАБАШИЈА

Нестор во својата работа бил главен копаничарски мајстор. Тој водел сметка за својата копаничарска дружина, за работата, склучувал нови договори. Татко ми ги правел плановите за сите резбарски работи, а другото го правеле членовите на тајфата и затоа го викале устабашија. Во виорот на животот во 1918 година, по породувањето на шестото дете, мајка ми починала. Мене ме пратија во Битола кај баба ми Спасија, каде што останав две години.

Оставен сам да се бори со животните проблеми со работата и со децата, татко ми решил повторно да се жени. Во Стара Загора работел иконостас и таму ја запознал Душка Рашкова со која стапил во брак. Од овој брак нема деца, само е доведена посестрата Милка. Мене ме вратиле од Битола во Софија. За време на престојот во Софија татко ми изработил повеќе иконостаси и украси за цркви во Бугарија. Од сите нив за одбележување е овој момент. Во Пазарџик била опожарена катедралната црква „Успение на пресвета Богородица“. Во неа постоел иконостас изработен од Макарие Негриев Фрчкоски. Овој иконостас и денес спаѓа меѓу најубавите остварувања од првата половина на 19 век. Иконостасот е на два ката во должина од 20 метри. Обновата ја извршил татко ми со брат му Лазар и му биле исплатени 45 златни наполеони. Во тоа време царот Фердинанд дознал за големите резбарски способности на татко ми и побарал да му изработи пирамида 8 метри широка и 4 метри висока. По изработувањето, пирамидата била сместена во военото училиште во Софија и во неа биле изложени сите видови оружја од минатото до тоа време. Наедно, била изработена и библиотека во резба за царскиот двор. Еден непријатен настан оставил траги кај татко ми. За време на Септемвриското востание во 1923 година, бил обвинет дека соработувал со востаниците. По 15 дена поминати во затвор, бил ослободен поради недостиг на докази.

По Првата светска војна, кралот Александар Караѓорѓевиќ бил во посета на манастирот „Свети Јован Бигорски“ во клисурата на Радика. Кралот бил воодушевен од изведбата на резбата на иконостасот. Во 1922 година кралот му испратил покана да отиде во Белград за да го изработи иконостасот за неговата задужбина во Топола. Татко ми копнееше да се вратиме во Македонија и не му требаше многу да ја прифати поканата. Меѓутоа, за ова барање дознала врховистичката ВМРО, која му се заканила дека ќе биде убиен на станица ако ја прифати понудата. Татко ми мораше да ги откаже сите работи што зависеа од неговото присуство. Така остана без работа и во таква ситуација ја прифати поканата . За место на постојан престој го одбра Скопје, каде што се пресели во 1923 година. По заминувањето, бугарската влада го прогласи Нестор за дезертер и ни го конфискува целиот имот, така што сите ние останавме на улица. Браќата Александар Тодор и Михаило беа протерани, а само јас и сестра ми Милка останавме да живееме до 1931 година кога се преселивме во Скопје. Во тоа време умре и втората жена на татко ми Рашева.

Кога во Белград кралот Александар го примил татко ми, тој во приемниот салон на подот го распослал планот и дал објаснување за се' што било застапено. Дворските архитекти биле воодушевени од виденото. За надоместокот што го побарал Нестор кралот му рекол: „Ти си голем уметник, ама слаб трговец. Ќе ти платиме колку што побара“. По три години, иконостасот во Топола бил завршен. Овој иконостас, според изработката и изгледот на целината, се вбројува меѓу најуспешните остварувања на македонската резба. Со каков занес работел татко ми на иконостасот може да се види и од тоа што воопшто не обрнувал внимание на својот личен живот и на животот на децата. По предавањето на иконостасот, почуствувал празнина во душата од немање домаќинка во својот дом. Тој бил вдовец 13 години. За да се ожени по трет пат му помогнале стројници кои го запознале со Сирма Волчева од Галичник. Од овој брак татко ми има три деца - ќерките Милица и Љубица и синот Миливој.



8. УСПЕСИ

Во Берлин од 13 мај до 10 јуни 1938 година се одржала Меѓународна занаетчиска изложба во која учествувале претставници од 38 држави. Југославија била претставена од татко ми кој бил облечен во мијачка народна носија. Таму Нестор имал ателје со тезге на кое била поставена штица од оревово дрво наречена фулунг. Тука било токмачето со сите потребни длета. Фулунгот го изработил како конкурсен примерок за да може да се оцени големината и тежината на работата. Делото ги одушевило гледачите кои на неговиот штанд се туткале гледајќи го татко ми како работи со токмачето и длетата. Делото содржело растителна орнаментика со човечки и животински фигури. На еден фрагмент ангелот го задржува Аврама да не го жртвува синот Исак, покажувајќи со прст на овенот. Облеката на Аврам била типична мијачка носија. Посетителите се интересирале и за носијата со која Нестор бил облечен, за материјалот од која била изработена, како и за земјата од каде што потекнува. Полиглотот им објаснувал на течен германски, француски, турски, романски и грчки јазик со гордост за Македонија и за мијачкиот крај. На изложбата го освоил првото место и добил Орден за посебни заслуги на Светската изложба во Берлин, како и диплома за успешно прикажана резбарска уметност и фолклорот од својот крај. Во германските стручни гласила биле објавени статии за работата на Нестор поткрепени со репродукции од резбата и со ликот на авторот. По големиот успех што го постигнал во Германија, му биле понудени поволни услови за непречена работа. Бидејќи бил презаситен од гурбетчискиот живот, ја одбил понудата и се вратил дома кај семејството во Македонија.


Орден за Нестор Мирчевски, добиен во Белгија

Во Белгија престојувал и работел во резбарско ателје неколку месеци во градовите Брисел и Лиеж. Од белгискиот крал Леополд е одликуван со орден и со повелба за уметнички постигнувања.

Мијачките резбари работеле и во Влашко. Татко ми течно зборуваше романски и таму е одликуван од романскиот крал Карољ.

Вообичаено било резбарските како и другите тајфи да се формираат по роднинска линија. Нашата тајфа беше составена од татко ми, брат му Лазар и ние четворицата браќа. Во процесот на работата посебно сме земале мајстори да го изработат грубо иконостасот или таванот, а ние потоа ја изработувавме резбата. Од браќата јас сум најмладиот што сум жив. Јас ја работев почетната фаза од постапката, односно откако татко ми ќе го изработеше цртежот - јас го прекопирав на дрвото.

...

http://mk.wikipedia.org/wiki/Нестор_Алексиев_Мирчевски







   



Crkva Presvete Bogorodice – the Church of Holy Mother of God, mostly known as Karadjordjeva crkva – Karadjordje's Church, is endowment of Karadjordje Petrovic, leader of the First Serbian Uprising.
...
Almost immediately after the completion, in 1813, the church was set on fire by Turks. The iconostasis was destroyed. The frescoes were severely damaged, and just a fragments remained to the present days. The church was restored just a year later, in 1814, and then again, in 1840s, by Karadjordje's son Aleksandar Karadjordjevic, after being elected as the Prince of Serbia in 1842. The new iconostasis, artwork of Dimitrije Avramovic was set, but after WWI it was moved to the church in nearby village of Gornja Tresnjevica, and replaced with iconostasis carved by Debar woodcarving masters, brothers Lazar and Nestor Aleksijevic, and Nestor's son Miha. This marvelous artwork is one of the last masterpieces of Debar famous woodcarving school. It is very well preserved and it can be seen in the church. There is one unusual detail about the iconostasis and the additional reason to examine it with special care – the artists "signed" it in the very special way – they had carved tiny self portraits on the left side of iconostasis, presenting themselves with a carving tools. http://members.virtualtourist.com/m/p/m/1e9052/






Edited by +Protagorist - 08-Jul-2014 at 10:22
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 20-Jun-2014 at 18:06

техниката на украсување дрво со седеф или слонова коска е позната ко Инкрустазија http://en.wikipedia.org/wiki/Inlay

http://www.sedefkarsedef.com




слична техника е Интарзија само место мозаик од седеф врз дрво, тука самото дрво е мозаична композиција http://en.wikipedia.org/wiki/Intarsia (итал. intarsio од арап. tarşi')








HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 08-Jul-2014 at 10:23

пред се потребни се трпение кое раѓа смирение односно во случајов смирена рака а преку нив се стигнува и до љубовта кон занаетов кој немора ни да е нешто големо,него може да стане збор и за минијатури или само геометриски одсечоци ко на последново видео од горниов пост,во тој контекст може да се користи и гравирање или и поспецифично пирографика

Do you like to try this exciting work?
Here I'll tell you some tips related with the wood carving, woodcarvers, kinds of wood, tools...
Follow my short but useful articles.

How to begin
Useful advices for the beginners
- Contact with a person who have some knowledge in wood carving.
- Purchase few basic tools.
- Start working at just one piece of wood. Practice.
- At the beginning try to make simple actions in the wood (like: flowers, arms, eyes, eyebrows...).
- Later you can continue working at more complex elements.

What kind of wood to use
Not all kinds of wood are good for processing
- Best kinds of wood the woodcarvers like to work on are: walnut, cherry and oak.
- The wood of apple, pear and beech are also good for making nice wood works.
- FIguri od drvo: se rabotaat na pomeko drvo: lipa, cresa, krusa.

What tools are the best
Where to find them and how to use it
- It's the best for woodcarvers to use original tools.They are expensive, but have good quality and last for a long time.
- Best brand tools for woodcarving in Europa are: Lux & Special (from Austria).
- Ask your coleque woodcarver, and for sure he/she will recommend some good wood carving tools shops in your area. In Macedonia, you can find good tools in the city of Ohrid.


Where to find buyers
Don't have an idea? Check here for answers!
- You can look for a buyers at: public places, art exibitions, fairs, squares...
- Ostavanje za prodazba vo prodavnici za turisticki suveniri.
- Pri doadjanje na posetiteli vo tvoeto mesto na ziveenje ili vo okolinata.

http://www.woodcarvingmacedonia.com/category/wood-carving-articles/

HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 30-Oct-2014 at 20:41
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 21-Mar-2016 at 01:46


15.03.2016 - Невработените бесплатно ќе учат стари занаети

Обука на невработени лица кај занаетчии на стари занаети е новата мерка на Владата што вчера ја најави заменик-министерот за труд и социјална политика Диме Спасов

- Рачно изработените производи, произведени од занаетчиите, имаат голема вредност. Тоа се македонски производи што се произведени од рацете на овие луѓе што имаат поголема вредност и познат квалитет - истакна Спасов.

Информира дека за обуката се обезбедени средства за обучувачите односно за занаетчиите по 30.000 денари од обучено лице. Обуките ќе траат до шест месеци, додека невработените лица што ќе посетуваат обука ќе добијат по 6.200 денари месечно за храна, превоз и осигурување за повреда при работа.

- Најуспешните или оние занаетчии што ќе сакаат да се самовработат, оние што ќе ги завршат успешно обуките ќе добијат сертификат за завршена обука. Оние што ќе имаат идеја за вработување ќе бидат вклучени во програмата за самовработување, односно ќе им биде доделен грант од 200.000 денари за првите 20 обучени лица - појасни Спасов.

Директорот на Агенцијата за вработување на Македонија, Влатко Поповски, нагласи дека оваа мерка се применува поради потребата од старите занаети, како што се лимари, јорганџии и бочвари, а кои изработуваат предмети барани од населението.

- На обуките можат да се пријават сите невработени лица што се евидентираат во АВРМ и доволно е само да поднесат апликација. По нејзиното разгледување ќе се склучи договор со комората и со изведувачите на обука, а потоа ќе започнат самите обуки - појасни Поповски.

Се напоменува дека во оваа мерка можат да се приклучат и корисниците на социјална парична помош, со тоа што помошта додека трае обуката нема да се укине и ќе остане во важност сѐ додека лицата што се обучуваат не одлучат да отворат сопствена компанија или да се вработат.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=315168171&id=10&prilog=0&setIzdanie=23710


HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  12>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.250 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.