Православна сакрална архитектура |
Post Reply | Page <1234 6> |
Author | ||||
Max
Senior Member Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3664 |
Quote Reply #21 Posted: 11-Feb-2012 at 11:02 | |||
цел осврт во писаниево е прилично информативен, но горниов пасус е неодминлив! на мисла сум дека иако Црквата воопшто, по индустриската револуција во светот почнува пополека да се одминува, денес по конзумеристичката револуција тоа да е речиси правило а не исклукоч, а самите ние и даваме споредно наместо централно место, и фигуративно и буквално, напросто ни станало срам ако не и мака да ја бараме сакралната архитектура по урбаните визури, дури ни како контура а не па жива појава... можеби ваквата резигнираност е нормален нус ефект, како скриен плач на современата совест, која заради сопственото духовно слепило се чувствува недостојна во најдобар или несвјоствена во најлош случај за каков и да е допир со Бога па макар и попатно визуелен... а можеби и не сме заслужиле самите да се огледуваме онака како што тоа било случај со нашите предци, бидејќи нели денес сакаме да бидеме во тек и по терк на духот од овој свет и од ова време, предавајќи се и робувајки му на минливото и формалното, наместо на Постојаното и Суштното...
но и во вакви околности, дури бил само и како потсетник, овој Храм е повеќе од добредојден, а за радост е бидејќи и се повеќе е посетен, всушност Соборниот Храм бил, е, и’ ќе биде Светилник на најпрометната раскрсница во градот, Прибежиште за секој заскитан во градот, Место за Сретение на сите кои веруваат и се надеваат на Бога и јасно Молитвен простор кој в сред хаосот и бучавата подава тивко рака на Смирение кое раѓа Спасение, на кои најнапред им предходи Трпението во кое треба да растеме како би им се спротивставувале на страстите(телесни или душевни кои не одалечуваат од Бога) а со тоа и би се подготвиле за Соборно Славословие и Света Евхаристија... простете ако некој се најде навреден иако немам таква намера освен да посочам на одредена појава(за некого прифатлива за некого не), но сепак треба да се спомне дека старите навики не избледиле, па повторниот обид за нов централен Храм во Скопје [1] [2] е заминат пострана, иако и тој како нов најнапред беше неадекватно испланиран како простор [3][4]... така ете денес повторно и даваме споредно Место на Црквата и тоа со компромиси кои повеќе се колективна импровизација во "современо" општество но без компас [5] ништо не е случајно на овој свет, па би прокоментирал наивно, дека можеби и намерно е наметнато или пак прифатено, воопшто свесно позволено, Соборниот Храм да се крене на раскрсница меѓу два булевара кои тогаш носеле воинствени имиња (било тоа така прифатено за спротивност или било тоа компромисно прифатено како мотивирачка симболика), но најверојатно!?, како што веќе спомнав можеби денес и навистина не сме достојни да добиеме повеќе, со оглед дека и навистина сме заборавиле на Бога со чест на исклучоци, времиња кога повеќето од нас се предаваме на минливите и распадливи задоволства од овој свет како што е посесивниот индивидуализам, конзумеризам и материјализам [1] Edited by Max - 10-Sep-2014 at 11:35 |
||||
Max
Senior Member Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3664 |
Quote Reply #22 Posted: 27-Feb-2012 at 12:45 | |||
што е до формата, мислам дека единствено: природен материјал, континуитет на традицијата и истрајност во нивната примена се рецептот за одржливост на изворната Христијанска мисла... слично како музичката паралела во 8-от пост од нишкава би додал: не е исто планински воздух и ароматик со планински мирис, иако оној кој не планинари може ќе биде задоволен и со таква замена односно интерпретација, но тоа незначи дека треба да заборави на планините, иако во основа не е ни битно колку и дали нашата е најубава планина - колку што е битно самото планинарење, но кога човек нема кондиција ни на точак не се качува не па планини да спојува... доста градители сакајки да му угодат на успаниот и комфорен менталитет на современиот човек се на мисла дека промени во редот се неопходни, иако и самите незнаат зошто! на мисла сум дека бараат само оправдување за немоќта пред модернистичките страсти (каде функцијата е подредена на формата), што е во ред доколку постои свест за нив па истото тоа оправдување да биде повеќе исклучок него да стане правило, особено бидејќи денес се нема префинет пристап како што навистина и’ треба и доликува на оваа спасоносна архитектура, туку се оди на инстант зачини почнувајќи по малку од надвор(утре ништо чудно и внатре), иако менувајќи го надворешното почнува да се менува и внатрешното! и пак сето тоа е прифатливо и разбирливо доколку е неопходно заради сиромаштво или болест, но при изобилство и здрав ум греота е да се расипува традицијата заради која и сме тоа што сме... можеби дошло време да не се биде, него само какво такво нека е, па што биде биде!?
http://02varvara.wordpress.com/2011/08/11/orthodox-france/ [1] http://www.worldarchitecturenews.com/index.php?fuseaction=wanappln.showprojectbigimages&img=1&pro_id=16166 ____________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________ не дека ние сме исклучок, просечен пристап има и кај нас, иако сеуште потпросечен како примеров од париз не сме дочекале, но своеволните експерименти во народот кои се подигаат без благослов не ме чуди и да го надминат наскоро
Edited by Max - 28-Feb-2012 at 14:14 |
||||
Max
Senior Member Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3664 |
Quote Reply #23 Posted: 27-Feb-2012 at 14:14 | |||
СИМВОЛИКА ПРАВОСЛАВНОГО ХРАМА - http://www.pravoslavie.ru/jurnal/683.htm [1] [2] Русское церковное искусство Х-ХХ веков - http://www.pravoslavie.ru/put/3708.htm [1] БОГОСЛОВИЕ НА ПРОСТРАНСТВОТО - http://www.pravoslavieto.com/art/architecture/ [1] Edited by Max - 27-Feb-2012 at 16:36 |
||||
Max
Senior Member Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3664 |
Quote Reply #24 Posted: 27-Feb-2012 at 18:43 | |||
што е до модерниот пристап, најверојатно произлегува од самото држење на самата заедница односно архитектот во неа, впрочем тешко е ако човек се сретнал низ архиектонските студи со имиња како гауди или калатрава да не се опушти повеќе од што треба-може-смее во сопствените интерпретации и проекции, особено е тешко ако и самиот не е секојдневно дел од Црковниот живот како би ја сетил(видел) а не сонил потребата и изведбата
|
||||
Max
Senior Member Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3664 |
Quote Reply #25 Posted: 07-Mar-2012 at 02:04 | |||
модернизирањето оди до таму та има обиди и повикот на заедничка молитва да се автоматизира, што не' доликува на Црковен Храм кој треба да има во себе автентичност, а не имитација на авто аларм и особено не заради поткрепување и потикнување на мрзливост по ѕвонарите чија ревност за биењето на камбаните треба да биде исто толку голема колку и проповедта на Свештеникот, слично како кога по минарињата наместо мујезинот да ги вика верниците на молитва тоа го прави касетофон...
посекако ова во ваква форма прв пат го гледам, а се надевам дека нема да земе замав, иако и за во сред Скопје чинам имам чуено за сличен пример, но не е во ред јавно да покажувам со прст имајќи предвид дека секој има слободна волја и право како да го организира самиот Црковен Живот во сопствената црковна општина, каде повикот може и преку клепало да се врши доколку има кој да клепа... http://alfaiomegaduhovniforum.forums-free.com/crkvena-zvona-t3502.html ~ кај нас Камбаната воопшто Црковното Ѕвоно, освен што е начин за објава на Молитвените церемонии, воедно е и начин за бркање на злото > прво и' со самото тоа што се највува Богослужба односно се мобилизираат верниците на Заедничка Молитва, а потем и' со резонантниот звук кој не само што е мелозвучен туку веќе денес и научно е докажано дека како таков ја обновува структурата на водата односно со тоа и на се живо од околу ... настрана паганското уверување односно симплификација дека ѕвегорот на ѕвоната ги сотрува лошите духови што како индиректен заклучок може да се изведе и од будистичкото користење на ритуални ѕвона [1][2] но на кои исто би можело да се гледа пред се ко разглас како што е и претежно случај кај нас [3] во овој контекст интересно е да се наведе дека ѕвоната уште во неолит се застапени ширум светот иако најнапред како рачни [4][5][6] додека кај нас како сакрални се користеле во антиката посведочено во очи погребната поворка на Александар Велики [7] што укажува дека тоа веројатно било пракса во Македонија со оглед дека мајка му Олимпија го организирала погребот но до сега чинам не е најдено ниедно кај нас, археолози поправете ме, чинам попрво ќе најдат неолитско отколку античко со оглед дека во антика тука бил центар на светот па ретко и некоја уметничка или ритуална вредност и да преживеала Edited by Max - 29-Oct-2016 at 11:36 |
||||
Max
Senior Member Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3664 |
Quote Reply #26 Posted: 07-Mar-2012 at 16:21 | |||
http://en.wikipedia.org/wiki/Russian_Orthodox_bell_ringing#Blagovest [1]
Edited by Max - 07-Mar-2012 at 16:26 |
||||
Max
Senior Member Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3664 |
Quote Reply #27 Posted: 08-Mar-2012 at 16:00 | |||
|
||||
Max
Senior Member Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3664 |
Quote Reply #28 Posted: 25-Mar-2012 at 12:00 | |||
Камбанариите се сродни со пирговите - средновековни камени кули за набљудување, каде формата ја следи функцијата, па така пирговите најчесто имале знаме со Крст додека камбаните најчесто имале и имаат конструиран Крст или пирговите се својствени за изолирани Манастири додека камбаните се Црковни Кули кои се користат за објавување на времето за молитва... исто Манастирските и Црковните кули биле најсигурни места за чување на книгите од пожари и кражби, а неретко биле и места за подвиг или во нив биле правени параклиси, таков параклис пример имало во манастирскиот пирг на манастирот Свети Наум во Охрид денес Пиргови се сочувани во неколку живи манастири во Македонија но со помали димензии како во Зрзескиот, Лесновскиот и Велусинскиот Манастир или како дел од самите конаци како што е во Бигорскиот, Трескавечкиот и Слепчанскиот Манастир додека во поголем број сочувани се на Света Гора Edited by Max - 25-Mar-2012 at 12:31 |
||||
Max
Senior Member Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3664 |
Quote Reply #29 Posted: 25-Mar-2012 at 23:00 | |||
малку спојката на Паско е дискутабилна за теолошки комплекс, но чим иницијативата е на археолог а не на теолог, повеќе од јасно е зошто и како изгледа предложеното возобновување http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=720&PN=3
|
||||
Max
Senior Member Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3664 |
Quote Reply #30 Posted: 25-Mar-2012 at 23:43 | |||
дали знае некој, која и каде е оваа Црква и химната и местото чисто смирение Edited by Max - 16-Oct-2014 at 11:29 |
||||
Max
Senior Member Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3664 |
Quote Reply #31 Posted: 26-Mar-2012 at 21:21 | |||
|
||||
Max
Senior Member Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3664 |
Quote Reply #32 Posted: 02-Apr-2012 at 19:30 | |||
Црква Св.Ѓорѓи (1191 г.), с.Курбиново, Преспа, Храмот е долг 17 метри и широк 7 метри, со ова тој е најголемата еднокорабна Црква во Македонија[1] - http://sketchup.google.com/3dwarehouse/details?mid=350965d3451a8b2888ff06e6a8a31e6e [1][2] Предвесник на европската ренесанса - http://www.fidanoski.ca/Macedonia/Kurbinovo/index.htm [1][2]
Edited by Max - 02-Apr-2012 at 19:38 |
||||
Max
Senior Member Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3664 |
Quote Reply #33 Posted: 07-Apr-2012 at 18:25 | |||
gjoko
Senior Member Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
Quote Reply #34 Posted: 08-Apr-2012 at 21:23 | |||
ЧУДО ВО ЦРКВАТА СВ. ДИМИТРИЈА ВО СКОПЈЕ
Несекојдневна појава или Божје чудо се случува со фрескоживописот во црквата Свети Димитрија во Скопје, кој се чисти сам од себе. За само неколку минути фреските и ореолите на светците и ангелите добиваат боја како да се сега сликани. Со утринската литургија по повод Цветници чиноначалствувал отец Зоран, кој пред камерата на Канал 5 го опиша чудото. Само уште во една црква во Русија, вели отец Зоран била евидентирана ваква појава. Во православната вера, вели тој, се случуваат чуда. Бог ни праќа порака дека треба повеќе да се вртиме кон духовното, а не кон материјалното. За настанот бил информиран и поглаварот на Македонската православна црква- Охридска архиепископија господин господин Стефан. Засега се воздржа од коментар, но не го криеше изненадувањето од појавата. Видеото од Канал 5 можете да го погледнете на следниов линк Чудо во црквата Свети Димитрија- фреските „крвават“ и сами се чистат Мирјана Трпческа, Канал 5 http://www.fakulteti.mk/news/12-04-08/chudo_vo_crkvata_sv_dimitrija_vo_skopje.aspx |
||||
Max
Senior Member Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3664 |
Quote Reply #35 Posted: 17-Apr-2012 at 22:00 | |||
Христос Воскресе! ваквото празнично сведоштво во Црквата Свети Димитрија (ако е за арно) за воцрковените Христијани е радосна но многу нормална појава, како што се
дејството на Крстот [1][2][3]
,
Чудотворните Икони [1][2][3] кои можат да бидат и Мироточиви, или Светите Мошти т.е. Светите Реликвии кои се чуваат во Кивоти Edited by Max - 17-Apr-2012 at 22:11 |
||||
Max
Senior Member Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3664 |
Quote Reply #36 Posted: 29-Apr-2012 at 16:31 | |||
скалестата разиграност на кровните калкани и ниши кои водат кон куполата симболично секогаш потсетуваат на потребата на секој Христијанин духовно да расте преку добродетелите[1][2][3][4][5][6][7][8] некој на тој скалест пат се подвизува доброволно свесен за потребата или наградата заради Христа а некој тоа го прави и несвесно живеејќи Богоугодно и Православно а да не е ни воцрковен, односно иако Крстен сепак помалку учествува во Црквата како Христијанска Заедница, во која нејзините членови добротворат и молитвено и мисионерски и хуманитарно... http://staronagoricane.blogspot.com/2009/09/sv-ori-staro-nagoricane-sv-djordji.html [1] дури и да не сме стигнале до или пак сме заборавиле на спасоносните скалила, како не би паднале во очајание, најмалку што можеме да сториме е да не судиме! за да утре и нам да не ни биде судено [1][2][3] имајќи разбирање за раската во окото на ближниот доколку и не можеме да му помегнеме истата да ја очисти, но и сами да се исправаме за исправени да подадеме рака... Edited by Max - 13-Sep-2015 at 08:29 |
||||
Max
Senior Member Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3664 |
Quote Reply #37 Posted: 05-May-2012 at 23:00 | |||
ме чуди како порано при немаштија луѓето подигале толку многу Храмови та и до три во едно село, а денес и при изобилство и при секаква машинерија ем со лиен бетон(а не со клесан и реден камен) не наоѓаме ни средства ни волја за подигање нови или обновување постојни Храмови, ова е почудно уште повеќе бидејќи во поголемите градови каде во една населба по број на семејства пример има од 10 до 30 села не се наоѓа ни еден Богослужбен Храм или истиот е премал како би им бил од литургиска корист на верниците т.е. канонски потребно е по еден Храм на 8000 жители каде јасно дека сите не би ги собрало но молитвено истиот на сите би им бил од корист, сега нема ни параклис на секои 8000 не па Храм освен ако не се вбројуваат тука и макетите по малџиските паркчиња сепак да не излезе дека воопшто не се гради денес може бидејќи немаме ни доволно чест према Светиите но ни кон традицијата затоа и најверојатно немаме ни слога ни меѓусебна почит како би здружиле сили и воопшто би почнале изградба или обнова на Храм, ова особено важи за поновите генерации каде станува навика ктиторството да преминува во едноличен чин наместо заеднички преку кој подигањето на Храмот нема да се разбере како волја на поединец него како волја на Христијанската заедница како Црква... оправдан исклучок можеби се Македонците од дијаспората, заради потребата за неодродување односно утврдување на корените, но таму пак се соочуваат со други проблеми како директиви од локалните урбанисти та мора да се прават модернистички компромиси, но не е разбирливо кога истото дури и дома се зема за мерка ко што имаше предлог проект за Црква во Ново Лисиче чудни времиња, ова конзумеристичкиов начин на живот е попогубен по продуховувањето на народот него што бил пример тоа феудализмот, небаре денес живееме под диктатура, та и во османлиско под туѓа власт имало повеќе Христијанска волја него сега кога сме слободни
Edited by Max - 16-Oct-2014 at 11:32 |
||||
gjoko
Senior Member Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
Quote Reply #38 Posted: 05-May-2012 at 23:41 | |||
се сеќавам за крстот на Водно главна забелешка на противниците на градба беше дека `се немало пари,требало да се гради кога ќе има`,а најголем број од православните градби се градени кога народот бил најсиромашен-12,13 до 16 век(црквата во моето село Врбјани-Охридско е од 13 век со пишани документи,и кровот е сеуште од клесан камен-лиска)
|
||||
Max
Senior Member Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3664 |
Quote Reply #39 Posted: 06-May-2012 at 17:01 | |||
ќе биде идеално доколку сите Светињи на и околу Водно се поврзат скалесто ко маршута се до врвот, а зошто утре не би се возобновиле и сите Манастири на реката Треска - Скопската Света Гора, но за тоа би требало да се спушти браната на матка1 како би се направила исконска поклоничка маршута
силна симболика има во оваа иницијатива по која сега е препознатливо Скопје [1][2][3], а за гласните но малубројни негодувања најверојатно посреди е скриен срам од сопствената Tрадиција ако не и Вера!? Крстот на Водно не е само Христијанско обележје туку во случајов е и патоказ до Врвот кој духовно уште посилно ќе зрачи кога ќе има Литургии во Црквата која е предвидена горе, најверојатно на почеток за поголеми празници и јубилеи а подоцна доколку има услови и за неделни Богослужби! овој подвиг и денес би бил исто толку голем како и подвигот на Свети Ѓорѓија исповедајќи го Христијанството сред гонењата на диоклецијан, а денес тоа би бил конзумеризмот(материјализмот) како појава, та силата на молитвата ќе прави Крстот на врвот Крстовар освен симболично да биде уште поделотворно духовно копје над Скопје против аждаите на омразата, славољубието, среброљубието, сластољубието и неверието! заради тоа дополнително не' треба пример горе да се отвори ресторан од типот на кафеана туку ресторан налик градска кујна каде ќе се служи пакувана храна од традиционални македонски јадења, како би се избегнало утре место за џумбус! на овој проект симболично се надоврзува и идејата да се спои Богословијата со Крстот преку жичарница но незнам колку ова ќе биде изводливо, едно бидејќи ќе се наруши мирот на теолозите од постојаната навала патници, а друго и заради населените места врз кои би врвела жичницата!? Edited by Max - 06-May-2012 at 17:11 |
||||
Max
Senior Member Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3664 |
Quote Reply #40 Posted: 08-May-2012 at 20:25 | |||
со оглед дека на доста места го имам сретнато податокот за каноњот на реката Треска кај Матка како Скопска Света Гора или како Мала Света Гора, ми се јавува една недоумица дали тоа е така иако по кањонот има 16 Цркви и Манастири, а кога на ова би се додале Црквите и Манастирите по селата околу и на Водно сигурно станува збор за над 30тина
но двојбата ми е заради топонимот од карши Скопска Црна Гора која го носи ваквиот епитет заради Црнорисците - оние кои носеле црна риза(мантија) т.е. Монасите, а на планината имало 30 Цркви и Манастири [1]
но ако Скопје со 50 Цркви го носел епитетот Мала Света Гора т.е. Скопска Света Гора, што да се каже за Битола и Охрид, првиот заради големиот број Цркви и Манастири именуван од Турците како Монастир а вториот главен словенски расадник на теолози, свештеници и учители... http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=373&PID=15282#15282 ако подобро се размисли сите гори во Македонија можат да се сметаат за Свети бидејќи Манастирите се подигале по горите и планините а ги имало во голем број, така покрај Пелистер, Галичица и Јакупица, и останатите поголеми планини како Бистра, Бигла, Беласица и Кожуф исто се Светли места, не ми е познато како висорамнини колку мариовската и кожанската висорамнина биле богати со Духовни Светилници, но најверојатно во средниот век тоа и било случај... јасно и Источна Македонија е полна Светилишча пример Осоговието и Пирин, а и топонимот Свети Николе доволно кажува сам за себе, всушност уште од антиката секој поголем град во Македонија бил Епископски Центар а голем број од тие Епископи учествувале во утврдувањето на Православието на Вселенските Собори држејќи го едрото а многу пати исправајќи го и кормилото... Edited by Max - 02-Jun-2012 at 21:08 |
||||
Post Reply | Page <1234 6> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |