build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Проблем со диви живеалишта

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 567
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 13055
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #121 Posted: 28-Mar-2021 at 14:48
КОРОНАТА НЕ Е ЗАКАНА ЗА НАС, ИМУНИ СМЕ – БИТОЛСКАТА НАСЕЛБА БАИР СЕ ДАВИ ВО ЃУБРЕ И КАЛ, ВЛАСТИТЕ ВЕЛАТ САКААТ СИСТЕМСКИ ДА ГО РЕШАТ ПРОБЛЕМОТ





Снегот само ја замаскира дивата депонија во горниот неурбанизиран дел од населбата Баир во Битола, каде главно живее ромско население. Еден цел рид е прекриен со стари обувки, душеци, телевизори, теписи, пластики… За да се фотографира депонијата, газевме низ ѓубре. И излезот од местото водеше низ каллив пат послан со отпад. На некои места кокошки колваа низ сметот. Контраст на снегот даваа опожарените места кои локалното население ги запалило за да се ослободи од натрупаниот смет. Тука нема навики за хигиена, ни организирано подигање на сметот зашто нема ни асфалтен пат, оти секој градел куќи каде стигнал.

„Нема ни ден ни ноќ за оние кои фрлаат смет. Еднаш им реков ќе ве снимам, ми одговорија ‘снимај, ако сакаш да те запалиме’. Куќата ми е на неколку метри од депонијата. Кога ќе се собере куп ѓубре, го палат. Пријавуваме во пожарна, а тие се спуштаат по околни патишта за да гаснат, зашто тука уличките се тесни, неасфалтирани, а некои под агол од 60 степени, што ни пожарна, ни брза помош, а најмалку камион на ‘Комуналец‘ може да дојде“, ни рече битолчанецот Владо Темелковски.

Над депонијата е неурбанизираниот дел од населбата. Жителите се жалат дека немаат улици и никој не го собира сметот.

Короната не е закана за нас, имуни сме. Газиме по калливи улици, без асфалт. Вода немаме сите, ни струја. Тука нема контејнери. Каде да го фрламе ѓубрето? Инаку кој сака да му мириса под прозорецот“, рече Мустафа Демири, жител на Баир.

Неурбанизираната населба се протега од двете страни на обиколницата што минува над Битола. Откако властите поставија заштитна ограда, населението веќе не може по старо да го фрла ѓубрето на патот и да го пали. Оградата сега нуди звучна и сообраќајна заштита, но жителите го фрлаат ѓубрето под мостот, кој е единствен дел од патот оставен без бариера.

Од јавното претпријатие „Комуналец“ објаснуваат дека редовно се собира смет каде што има техничка можност. За дивите депонии велат дека во неколку наврати ги чистеле и пак се создаваат. Тие вработија и локален жител, Мирсад Мухединов, кој секојдневно е вклучен во одржувањето на хигиената во ромската населба.

Според истражувањето на Геосфера во проектот „Го сакам Бајрот чист“, дури 81 процент од патиштата во горниот дел од населбата се неасфалтирани, 369 метри асфлат наспроти 1.591 метри земја. Од центарот „Баирска светлина“ велат дека дивите депонии се проблем присутен откако е формирана дивата населба на улица Караорман 111 (каде сите домаќинства се водат на иста адреса), а така е 40 години.

„Ова е веќе преминато во сложен проблем. Во таа населба живеат над 500 семејства, а кај 400 од нив отпадот не се подига од страна на ‘Комуналец’. Во такви услови, луѓето создаваат депонии кои и нив им пречат, па затоа се палат откако ќе се пренатрупаат“, вели Ремзи Медик од „Баирска светлина“.

Според него, со изградбата на безвучниот ѕид најризничните точки останаа скриени од јавноста, а тоа се левата и десната страна од магистралниот пат после тунелот сѐ до крајот на мостот. Таква е ситуацијата и по атмосферскиот канал, што се протега од Бадембалари до Кркардаш. „Баирска светлина“ уште во 2004 година алармирала за оваа проблематика и организирала акции за чистење на депониите додека не биле натрупани.

Општина Битола испрати допис до Владата за овој проблем и договорено е да се одржи работна средба во Собранието со претставници од ромската заедница. Се бара системско решение, проблем се и дивоградбите.

Општината е свесна за проблемот со отпадот кој се фрла во горниот дел од населбата. Договорено е да има работна средба со претставници на ромската заедница во парламентот, со цел да се сублимираат сите материјали и да се бара соодветно решение, пред сѐ околу дивоградбите, кои се лоцирани на туѓи имоти и кои општината нема никакво право да ги легализира, ниту да обезбеди дополнителни услови. Планираниот урбанистички развој на целата територија на Општина Битола мора да се почитува и во населбата Баир“, велат од Општина Битола.

Дури 80 проценти од населбата се неурбанизирани. Куќи никнуваат на сите страни. Пред неколку години изгоре трансформатор, до кој возилата на ЕВН не можеа да допрат поради дивоградба среде улица.

Обезбедени се пари од ИПА2 за проектот „Баир – заедничка акција на Битола за вклучување на Ромите“ на фондацијата „ПРЕДА Плус“ во партнерство со Општината. Има за цел да ги поттикне социо-економската вклученост на ромската заедница и различни сектори на општеството во решавањето на прашањата од урбанизам, домување, инфраструктура, пристап до јавни услуги…

Од Комуналната инспекција велат дека се вршат контроли и во неколку наврати биле затекнати лица кои палеле кабли. Против нив биле изречени парични казни.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/koronata-ne-e-zakana-za-nas-imuni-sme-bitolskata-naselba-bair-se-davi-vo-gubre-i-kal-vlastite-velat-sakaat-sistemski-da-go-reshat-problemot/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 13055
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #122 Posted: 01-Apr-2021 at 15:36
Некаде во Карпош незнам каде поточно(твитер)





Back to Top
Phiko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 24-Aug-2020
Online Status: Online
Posts: 116
  Quote Phiko Quote  Post ReplyReply #123 Posted: 01-Apr-2021 at 16:49
Ова е после Тинекс во Злокуќани, пред раскрсницата за Бардовци, кога се движиш од Момин Поток накај Ѓорче. Тука е собирен центар да речам на сите Ромски коли што собираат пластика и хартија. Куќите во кој живеат се одма од спротива преку улицата.

Вообичаено е многу полошо него на сликава, редовно поминувам тука ке сликам некој ден.

Edited by Phiko - 01-Apr-2021 at 16:51
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 13055
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #124 Posted: 09-Apr-2021 at 14:51
Утрово,во куќата до црквата во Мичурин повторно по којзнае кој пат изби пожар,поточно беше спален некаков отпад во внатрешноста и се создаде густ црн чад а потоа пристигна и противпожарната служба.
Срамота е што среде град се оставаат вакви објекти со разни изговори за ненадлежност и за правни лавиринти...







Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 13055
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #125 Posted: 14-Apr-2021 at 17:16
Повторно под желизничка се оформува дива населба од ромите.
@CityofSkopje најдобро да се најде некое трајно решение за да нема вакви појави постојано.





https://twitter.com/SKvremeplov/status/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 13055
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #126 Posted: 26-Apr-2021 at 17:35
Спроти ПИОМ,населбава досега не се решија да ја рушат или слично како што правеа под Железничка и под Кале...Лоша слика за кејот и голем проблем(смет,кучиња скитници,возење без возачка на колите што се гледаат од снимките кои ги прибавуваат за 200-300 евра,спалување на отпад).









https://www.facebook.com/groups/145337166272043
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 13055
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #127 Posted: 06-May-2021 at 10:06
Денес повторно се чисти дивата новонастаната населба под Железничка, а семејството што беше затекнато таму, Центарот за социјална работа на Град Скопје го згрижи во дом за бездомни лица.







https://www.facebook.com/CityofSkopje/

Edited by stef4o - 06-May-2021 at 10:06
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 13055
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #128 Posted: 06-May-2021 at 21:05
Овој простор е честа мета на вакви импровизирани населби,би требало некако да се уреди и да се спречи оваа појава бидејќи вака нема ефект на секои 3-4 недели чистат и пак се случува истото.
Порано имаше расфрлано многу ѓубре и по кејот во овој дел сега мислам дека е подредено но сепак делува баталено и тотално неискористено овој простор под Железничка(паркингот е со искршени рампи и го користат само неколку автобуси кои исто така тука го чистат целото ѓубре).
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 749
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #129 Posted: 06-May-2021 at 22:10
Прво, според мене, тој простор треба да има добро осветление навечер.
Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: New York
Online Status: Offline
Posts: 830
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #130 Posted: 01-Jun-2021 at 04:03
Или тие локации ако се државно земјиште издавај ги за ресторани или ноќни клубови. И онака никој не се врти во тие ќошиња и никому не му смета, вака бар ќе имаш луѓе со интерес да не се гради диво живеалиште.


Edited by mirakuliks - 01-Jun-2021 at 04:05
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7675
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #131 Posted: 01-Jun-2021 at 21:47
мислм дека проблемот со овој простор ќе почнат да го решаваат дури откако би се срушиле сите куќи таму каде што треба да се направат згради... тогаш тука ќе имаш правење паркови, зелени ќошиња и други слични пи-ар глупости, нешто слично како што направија со другиот крај на железничкава
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 13055
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #132 Posted: 02-Jun-2021 at 06:51
За прво време би било доволно редовен надзор и спречување на ваква појава,пред две недели кога поминав пак имаше импровизирани живеалишта и буквално смрди,има купишта отпад поготово од десната страна на рампата што е за спуштање со точак.Не е поента на секој месец да ги рушат туку да не се создаваат воопшто и навремено да се реагира.Ова би била честа рута од октомври за жителите на Острово,Мичурин па и Стар Аеродром кои би сакале да појдат пеш до Ист Гејт.
Згради се градат но во секој случај ќе измине уште многу време ако се чека на тоа се да биде завршено па да прават некакви скверови и слично.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 13055
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #133 Posted: 13-Sep-2021 at 11:06
Решен е деценискиот проблем со дивата населба под мостот кај Железничка. Просторот се чисти со механизација и се уредува од страна на градските претпријатија за да не стане повторно предмет на диво населување. Заедно се грижиме за животната средина!









https://www.facebook.com/photo/?fbid=410467923780939&set=pcb.410468197114245
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1559
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #134 Posted: 13-Sep-2021 at 17:11
До избори можда уште двапати да биде "трајно решаван" овој проблем. Инстантно се повторува тука проблемот, се додека не и се најде трајна намена на локацијава.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 13055
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #135 Posted: 13-Sep-2021 at 20:41
Мислам дека кога ќе се отвори молот овој дел ќе биде повеќе раздвижен и веројатно ќе се реализира некое од оние предлог решенија за сквер со различни содржини.
Незнам дали ќе и најдат чаре на онаа зграда во распаѓање дијагонално од Ист Гејт каде има слични појави на диви живеалишта и депонии.
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 749
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #136 Posted: 14-Sep-2021 at 09:30
Тука, согласно ДУП-от, треба да се направи улица која ќе се поврзува со Беласица (пред мостот), така што тогаш сигурно проблемот би се решил. Вака како што е сега е како изолирано место, без движење на луѓе и после секое чистење истата приказна...
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 13055
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #137 Posted: 05-Oct-2021 at 17:09
Ова остана нерешено и следнава зима ќе се гуши добар дел од Аеродром па и Центар



Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 749
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #138 Posted: 05-Oct-2021 at 19:49
Да...
Катастрофа!!!
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 567

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.