build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Железници
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Коридор 8

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 52>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15988
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Коридор 8
    Posted: 12-Aug-2022 at 10:38
Македонија доби 6,5 милиони евра КАЗНА од ЕБР за неградење на пругата кон Бугарија

Минатата година на Европската банка за обнова и развој сме му платиле 6,5 милиони евра казна во камати и трошоци за нереализирани средства поради договорен, а неповлечен заем за изградба на пругата Бељаковци – Крива Паланка, објави Фактор.мк

Станува збор за втората од вкупно три делници кои треба да се изградат за железничко поврзување со Бугарија преку Коридор 8.

Ова го потврдува Јавното претпријатие за железничка инфраструктура, во својот годишен извештај за минатата година, во која повторно влегло во загуба од 5 милиони евра со пресметана амортизација, иако приходите во 2021 биле за 1,5 милиони евра поголеми од една година претходно.

„Инфраструктура“ овие пари му ги исплатил од сопствени средства на ЕБОР во текот на минатата година кои изнесувале 393.930 милиони денари. Вкупните трошоци за камати и неповлечени средства кон меѓународниот кредитор изнесувале 405.413 милиони денари, затоа што 11.483.000 денари како казнени пенали кон ЕБОР биле платени и за делницата Куманово – Бељаковци.

Овие пари претпријатието вели дека се неисплатени и дека се капитализираат во инвестицијата се додека не се пушти во употреба. Минатата година минала во евалуација на операторите кои изразиле интерес да ја реконструираат и градат оваа фаза.

Поради ова, на претпријатието му останале само 290 милиони денари како пари за реални инвестиции, главно благодарение што 210 милиони денари биле обезбедени преку грант.

Минатиот месец Владата ги потпиша документите со кои ќе се реализираат две фази за железничкото поврзување со Бугарија. Инвестицијата „тежи“ 200 милиони евра., од кои дел се заем, а дел грант. Одбраните оператори се австриски „Штрабаг“ и турски „Ѓулермак“.

https://vecer.mk/ekonomija/makedonija-dobi-65-milioni-evra-kazna-od-ebr-za-negradenje-na-prugata-kon-bugarija
Carpe diem
Back to Top
toma.bacic View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 22-May-2022
Online Status: Offline
Posts: 4
  Quote toma.bacic Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 08-Aug-2022 at 21:35
Oprostite na pisanju na hrvatskom, ali makedonski razumijem, ali ne mogu pisati na njemu.
Nije li prije raspada Jugoslavije postojala pruga Kumanovo - Beljakovci? Zna li tko kad je ta pruga izgrađena, i kad je prestao promet na njoj?
Također, nisu li neki objekti na dionici Beljakovci - Kriva Palanka već izgrađeni? Zna li netko kad?

Hvala i pozdrav iz Zagreba
toma
www.zeljeznice.net/forum
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14322
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 04-Aug-2022 at 11:37




https://www.slobodenpecat.mk/revizija-samo-za-kamati-i-provizii-se-dadeni-58-milioni-evra-a-patishtata-i-prugite-nikade-gi-nema/

За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15988
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 20-Jul-2022 at 13:15
Австриски „Штрабаг“ и турски „Ѓулермак“ ќе ја градат пругата Куманово-Крива Паланка

Австриската компанија „Штрабаг“ (Strabag AG) е избрана за да ја гради пругата од Куманово до Бељаковце, додека турски „Ѓулермак“ (Gülermak) ќе ја изведува втората фаза од Бељаковце до Крива Паланка од железничкиот Коридор 8 кон Бугарија. Во владиното седиште денеска се потпишаа договорите за изведба на двете фази од пругата кон Бугарија, капитален инфраструктурен проект во којшто се инвестираат 200 милиони евра.

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на денешната прес-конференција напомена дека пругата долга 31 километар меѓу Куманово и Бељаковце ќе чини 40 милиони евра и ќе се изгради во рок од две години, односно до 2024 година. Железничката линија од Бељаковце до Крива Паланка со должина од 34 километри ќе чини 155 милиони евра. Рокот за нејзината изградба е три години, односно ќе биде завршена до 2025 година.

„Место за горделивост и задоволство нема, нè чека тешка и макотрпна работа“, изјави директорот на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ, Хари Локвенец.

Тој додаде дека избраните компании за изведба на Коридорот 8 се сериозни и познати, додека јавното претпријатие за железничка инфраструктура во целост го има решено прашањето за експропријација на земјиштето низ коешто ќе минува железничката пруга Куманово-Крива Паланка.

Локвенец напомена и дека за двете фази од пругата кон Бугарија се обезбедени во целост финансиските средства за градежните работи, така што отстранети се сите пречки за реализацијата на инфраструктурниот проект. Пругата Куманово-Крива Паланка ќе се гради со обезбедените неповратни средства од Инвестициската рамка за Западен Балкан на ЕУ во висина од 68,5 милиони евра, како и кредит од Европската банка за обнова и развој.

Долж целата траса од Куманово до Крива Паланка, ќе се изгради едноколосечна електрифицирана пруга, со пет железнички станици и девет железнички стојалишта. На пругата ќе бидат изградени 12 мостови.

Директорот на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура напомена дека досега се обезбедени над 50 отсто од целокупната финансиска конструкција и за изградба на пругата од Крива Паланка до границата со Бугарија, за која веќе е комплетирана и целосната проектна документација. За третата делница од пругата кон Бугарија, веќе се обезбедени 155 милиони евра неповратни средства од Европската Унија преку Инвестициската рамка за Западен Балкан и дополнителни 61 милион евра преку ИПА програмата на ЕУ, така што за последната фаза државата има 216 од неопходните 405 милиони евра за финализирање на најтешката фаза од капиталниот проект.

Локвенец напомена дека со австриски „Штрабаг“ е потпишан и договорот за ремонт на пругата Ногаевци-Неготино во должина од 31 километар на железничкиот Коридор 10. Реконструкцијата на оваа железничка траса треба да се заврши во рок од шест месеци, односно да биде функционална во текот на наредната година. За овој проект се обезбедени финансии во висина од 4,8 милиони евра.

Владиниот вицепремиер задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи изјави дека Владата годинава ја формира единицата за следење на капитални инфраструктурни проекти, која ќе треба да врши координација на сите капитални инвестиции во земјава за да се осигура дека проектите ќе бидат проектирани, изведени и комплетирани навреме од надлежните инвестиции.

„Пред граѓаните кажувам дека лично ќе ја следам нивната реализација“, изјави вицепремиерот Битиќи во однос на изградбата на пругата кон Бугарија и зададените рокови за нејзиното завршување.

Инаку, меѓународниот тендер за избор на изведувач за првите две фази од пругата меѓу Куманово и Крива Паланка беше распишан кон средината на јануари 2021 година. Јавниот повик за избор на нови изведувачи на пругата следеше откако во 2020 година германската компанија „Вибе“, како претходен изведувач на пругата Куманово-Бељаковце, еднострано го раскина договорот за нејзината изведба, по што Владата на РСМ се одлучи да го поништи огласот за пронаоѓање на изведувач за втората фаза Бељаковце-Крива Паланка и да распишен нов меѓународен тендер.

https://meta.mk/avstriski-shtrabag-i-turski-gjulermak-kje-ja-gradat-prugata-kumanovo-kriva-palanka/
Carpe diem
Back to Top
MIKI1 View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Jan-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 306
  Quote MIKI1 Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 14-Jul-2022 at 12:34
Originally posted by <Fresno>

Ме интересира колку пари се потрошени до сега на тие 54% од првата делница, колку за разно разни студии и проекти, и колку за авантурата во 90-тите.

Градењето на пругата кон границата со Бугарија, по мое сеќање, почна 1994-тата, со буџетски средства од 120мил.долари. Познато е што се изгради, каде застана градењето и што остана да се распаѓа од објектите пругата, од тогаш до денес.

Новото почнување односно којзнае колку пати отпочнатиот почеток на градење на 3-те делови од пругата чини нови пари, а сумата тешко дека ќе ја добиеш...


Edited by MIKI1 - 14-Jul-2022 at 12:34
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 971
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 01-Jul-2022 at 23:15
Ме интересира колку пари се потрошени до сега на тие 54% од првата делница, колку за разно разни студии и проекти, и колку за авантурата во 90-тите.
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2194
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 01-Jul-2022 at 12:52
I jas da povtoram: Ova e veke neseriozno i ne vredi vnimanie.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15988
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 01-Jul-2022 at 09:28
Избрани компаниите кои ќе ја градат пругата кон Бугарија за 600 милиони евра

Македонси железници - Инфраструктура и меѓународниот кредитор ги избрале компаниите кои железнички ќе го поврзат Коридорот 8 со границата на Бугарија. Од јавното претпријатие велат дека операторите се избрани, но за да бидат објавени за тоа прво треба да се огласи финансиерот, во случајот Европската банка за обнова и развој, откако ќе се потпишат договорите.

„Во врска со вашето прашање дали се избрани компаниите за изградба на двете делници на железничката пруга на Коридор 8, потврдуваме дека се веќе избрани компаниите, но е во тек одобрувањето на драфт договорите од ЕБОР, т.е доделувањето на договорите за Изведувач на работите. Откако ќе бидат доделени договорите, ЕБОР веднаш тоа го објавува на својата веб страна“, ни потврдија од МЖ - инфраструктура.

Според информациите на „Фактор“, кандидат за главен изведувач на работите е австриската градежна компанија Страбаг која регистрираше нова подружница во земјата со дејност - изградба на железници. Страбаг своевремено ја градеше и пругата од Битола до Кременица.

Директорот Хари Локвенец рече дека имињата официјално ќе бидат потврдени кога ќе се потпишат договорите за најмногу две недели. Прифатена е најниската понудена цена, а ќе има посебни договори за секоја од трите фази на изградба.

Веќе беше најавено дека градежните работи на пругата кон Бугарија продолжуваат од крајот на јуни и дека најавените рокови се почитуваат. Новите очекувања се дека железничкото поврзување на Скопје и Софија ќе се случи во 2027 година.

Двете фази на кои прво ќе се работи се делниците Куманово до Бељаковце и од Бељаковце до Крива Паланка, а третата фаза е до самата граница.Со тоа треба да продолжат запрените активности на правата делница, проектирана во должина од 31 километар, а на која се завршени 54 проценти од работата и да стартуваат на втората, која е долга 34 километри. И за двете делници е заокружена финансиската конструкција.
Трите фази, според претходните најави од министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, ќе чинат 600 милиони евра за овој комплексен проект чија финансиска конструкција генерално е обезбедена од меѓународни кредити и грантови.

- За првите две фази сакаме да распишеме еден тендер и притоа да избереме изведувач. Посакуваме тоа да биде силен изведувач којшто ќе може да се зафати и да ги работи овие работи. Се работи за комплексна пруга. Само за втората и третата делница треба да бидат изградени 91 мост и 32 тунели. Самиот граничен премин се наоѓа во тунелот. Се работи за сериозен проект од околу 600 милиони евра коишто треба да бидат наш приоритет и во наредниот период, пред се, и за развојот на добрососедските односи и за развој на инфраструктурата, наведе Бочварски пред две години.

https://faktor.mk/izbrani-kompaniitee-koi-kje-ja-gradat-prugata-kon-bugarija-za-600-milioni-evra
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15988
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 09-May-2022 at 14:40
Локвенец - Со воз од Скопје до Софија во 2027 година

Роковите се почитуваат, а во втората половина на јуни ќе продолжат градежните работи на пругата кон Бугарија, со активности на првите две делници, за кои се заокружува тендерската постапка за избор на изведувач, информираше денеска директорот на Железници – Инфаструктура, Хари Локвенец.

Според него, реално е да се очекува железничкото поврзување на Скопје и Софија да се случи во 2027 година.

„Роковите што ги зададовме сите заедно, ова раководство на Железници – Инфраструктура и македонската Влада, е дека ќе почнеме оваа пролет. Имаме уште месец и половина, дозволете ни да го исполниме нашето ветување и оваа пролет да почне изградбата на првите две делници, од Куманово до Бељаковце и од Бељаковце до Крива Паланка“, рече Локвенец.

Тој рече дека според очекувањата и проектната документација, до крајот на 2023 година треба да заврши првата фаза, до крајот на 2024 или почетокот на 2025 втората фаза, а крајот на 2026 или почетокот на 2027 година е спомнат термин за завршување на третата фаза.

„Овде сакам само да ја надополнам информацијата дека сме целосно комплементарни со роковите и се надополнуваме со нашите колеги од Бугарија од железничката инфраструктура каде нивниот дел од работата за поврзувањето на Софија со Ѓуешево планираат да го завршат до крајот на 2027“, дополни Локвенец.

Инаку претходно властите од двете држави најавуваа дека поврзувањето ќе биде во 2025 година. За да стартуваат најавените активности за изградбата на пругата прво треба да се заокружи тендерот на кој веќе се избрани финалните понуди, потоа следува назначувањето на избраните компании и потпишување договор за изведба.

Со тоа треба да продолжат запрените активности на правата делница, проектирана во должина од 31 километар, а на која се завршени 54 проценти од работата и да стартуваат на втората, која е долга 34 километри. И за двете делници е заокружена финансиската конструкција.

Третата делница, од Крива Паланка до границата со Бугарија е во должина од 24 километри. За неа се обезбедени 60 милиони евра, што е само дел од потребните финансии, а има најава за грантови од ЕУ и кредитна поддршка од Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој.

https://www.slobodnaevropa.mk/a/31841140.html
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15988
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 20-Feb-2022 at 11:23
Од Скопје до Софија ќе може да се патува за три и пол часа со завршување на железницата на Коридор 8

Според Матеј Закоњшек
Во Македонија треба да се подобри брзината и достапноста на возови. Железничката линија Белград-Скопје сега е во лоша состојба бидејќи не се одржува и нема инвестиции во последниве 30 години. Железницата во Македонија треба да се реконструира и да се користи почесто од страна на патниците и за превоз на товар. Ова го посочи во интервју за МИА Матеј Закоњшек, директор на Секретаријатот на Транспортната заедница на ЈИЕ.

Тој истакнува дека се во тек и во план активности за реновирање на клучните делници на паневропските Коридор 8 и Коридор 10, железнички рути што ја прават Македонија важен транспортен центар.

– Од една страна, Коридор 10 е вашата врата кон остатокот од ЕУ, а преку Коридор 8 се поврзувате со Црното Море и Јадранското Море. Делови од Коридор 10 веќе се реконструирани со поддршка од ЕУ, но не и делницата која поминува низ вашата земја. Железничката линија до Грција е реконструирана, брзината достигнува 100 километри на час, но нема сообраќај. Инвестициите во инфраструктурата за да се зголеми брзината на возовите е од големо значење, но тоа треба да се одвива заедно со редовно одржување на железничката мрежа за да се зајакне безбедноста на патниците. Затоа набавката на нови товарни и патнички вагони со заем од ЕБОР беше чекор за поздравување за да се намалат трошоците за одржување – вели Закоњшек.

Според него, охрабрува фактот што има политичка волја да се забрзаат плановите за да се доврши железницата на Коридор 8, составена од 88 километри од пруги низ северноисточниот дел на државава.

– Штом биде завршена, ќе биде можно да се патува до Софија од Скопје со воз за 3,5 часа. Меморандумот за соработка, кој беше потпишан минатата година за изградба на одржлива инфраструктура од страна на Северна Македонија со Албанија и Бугарија е јасен знак за посветеност за завршување на Коридор 8 со поддршка од ЕУ до 2030. Делницата помеѓу Скопје и бугарската граница е идентификувана како еден од клучните проекти на Економско-инвестицискиот план за Западен Балкан на Европската комисија како дел од планот „Поврзување на Истокот со Западот“. Постојат можности за средства, постои политичка волја да има придвижување и се надевам реконструкција ќе започне пак на овие делници откако биле паузирани заради различни причини. Сигурен сум дека Македонците наскоро ќе ги видат придобивките на економски развој и намалени емисии, благодарение на подобрените железнички врски со Бугарија, порачува – Закоњшек.

Говорејќи за исполнувањето на реформите од страна на државава и прилагодувањето на домашното со законодавството на ЕУ, како и исполнувањето на стандардите на европската транспортна мрежа Закоњшек укажува дека клучен чекор е усвојување, а потоа и примена на нов закон за железници, подготвен од Министерството за транспорт и врски.

– Главната новина е дека јавната железничка инфраструктура може да се користи од приватни железници. Со отворањето на железничкиот пазар ќе се привлечат нови даватели на услуги и се надеваме дека ќе се овозможат начини граѓаните да патуваат поевтино и на начин кој е поеколошки, а бизнисите ќе можат да фунционираат со поголеми економски поволности и намалени трошоци. Во пракса, ова би значело дека Скопје треба да е поврзано со модерна железница со соседните земји и вашите граѓани ќе можат да појдат на еднодневен шопинг во Солун или на кратка посета на Белград. Соработка меѓу регионалните партнери е важна за да се постигнат овие цели. Задоволен сум што постои политичко разбирање во целиот регион за важноста на железницата, која беше изразена на Самитот на железници во Белград минатата година каде министрите за транспорт ја подржаа Декларацијата за железници – вели Закоњшек.

https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/od-skopje-do-sofija-kje-mozhe-da-se-patuva-za-tri-i-pol-chasa-so-zavrshuvanje-na-zheleznicata-na-koridor-8/
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2194
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 09-Feb-2022 at 18:48
Pak ke povtoram, ova nitu e interesno nitu zasluzuva vnimanie. Ovoj pat sakam da dodadam odnosno prasam, dali nekoj navistina veruva vo ovaa sto go kazuva ministercevo?

https://www.youtube.com/watch?v=GO9ZfeseI5s
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2476
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 03-Feb-2022 at 16:45
Originally posted by stef4o

За пет години готова пругата кон Бугарија

Министерството за транспорт и врски децидно тврди
Средбите меѓу владините кабинети на Македонија и Бугарија повторно ја актуализираа и темата за изградбата на пругата по должината на коридорот осум. Изминативе денови владини претставници посочија дека комплетирањето на пругата кон соседна Бугарија треба да заврши до 2027 година, или, поточно, за пет години.


Да не мислеле за 5! (120) години?
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15988
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 03-Feb-2022 at 14:40
ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ КОРИДОР 8 СЀ УШТЕ Е САМО ПЛАН Изградени се 35 отсто од пругата Куманово – Бељаковце

Дали железничкиот коридор 8 ќе биде завршен во планираниот рок до 2027 година како што планира владата? На ова прашање тешко може да се даде одговор со оглед дека оваа пруга е во плановите на македонските влади со децении, а се реализирани само 35 отсто од пругата Куманово – Бељаковце. Но, не е само тоа во прашање, туку целосната изградба на коридорот зависи и од подготвеноста на владите на Албанија и Бугарија да го завршат својот дел од железничкиот коридор 8.

Трите земји потпиша договор и оптимистички најавија дека возот од Скопје до Софија ќе почне да сообраќа во 2027 година, а од Јадранско до Црно Море во 2030 година. Но, состојбата на терен е малку попесимистичка.

Албанија има за реализација 2 километра пруга за поврзување со делот кој ќе ја спои со пругата во земјава, но сè уште нема обезбедено пари за тоа. Во план е заедно со Македонија да се аплицира во европските фондови. Од друга страна Бугарија има да реконструира 2,5 километри пруга и да изгради 50 отсто од тунелот на граничниот премин Деве Баир – Ѓуешево кој ќе го гради со нашата земја. Планот е работите Бугарија да ги започне кога ние ќе почнеме да го градиме тунелот. Бугарија треба да ја заврши и реконструкцијата на пругата од Ѓуешево до Софија за што според процените ќе ѝ требаат 1,1 милијарда евра кои треба да ги обезбеди од механизмот „Поврзана Европа“.

Најголем дел од работите од коридорот 8 треба да заврши Македонија и затоа чувстуваме и најголем притисок за стасување на роковите. Практично треба да изгради 150 километри пруга (Куманово – Деве Баир 86 километри и Кичево – Ќафасан 63 километри) за 5 години. Досега имаме изградено само 35 отсто од железничкото поврзување Куманово – Бељаковце. Според планот за да го заврши целиот проект на поврзување со железница со Албанија и Бугарија, земјава ќе треба да потроши 1,1 милијарди евра. Доколку има измени во текот на градбата можно е износот и да се зголеми. Во овој износ не влегува електрификацијата на пругата од коридорот 8 и евентуалната реконструкција на постоечкиот дел од пругата од Кичево до Скопје кој е стар повеќе од 50 години и поврзувањето на овој со коридорот 10, односно изградбата на пругата од Скопје до Миладинови.

Она што засега е познато, е дека се обезбедени пари за изградба на дел од пругата од Куманово до Деве Баир, постојат планови, но нема избрано нов изведувач откако германската фирма „Вибе“ која работеше на пругата го откажа договорот и се повлече.

– Тендерската постапка е во тек и до крајот на февруари ќе биде избран изведувач на работите на делот на пругата од Куманово до Бељаковце и од Бељаковце до Крива Паланка. Досега се изградени 35 отсто од пругата од Куманово до Бељаковце. Нов тендер ќе биде распишан во јули и за делот од пругата до Деве Баир – велат од Министерството за транспорт и врски.

Најтешкиот дел за реализација на ова железничко поврзување со Бугарија е изградбата на тунелот Деве Баир-Ѓуешево во кој со 50 отсто учествуваат двете земји, но не е полесен и делот од Крива Паланка до Деве Баир во должина од 24 километри каде што се предвидува изградба „мост-тунел-вијадукт-тунел“ и има околу 100 мостови и 40 тунели.

Роковите за изградба на остатокот од пругата од Куманово до Бељаковце е две години, а од Бељаковце до Крива Паланка три години, односно изградбата треба да заврши до 2025 година.

– Третата фаза од изградбата на овој дел од коридорот 8 треба да заврши во 2027 година. Делот од Крива Паланка до граничниот премин Деве Баир и тунелот кон Бугарија треба да заврши за 48 месеци, значи во 2027 година треба да заврши сета работа – велат од транспорт и врски.

Вкупното вложување на македонскиот дел од коридорот кон Бугарија е проектиран на 620 – 630 милиони евра.

– Првиот дел од Куманово до Бељаковце чини 40 милиони евра. Вториот дел од Бељаковце до Крива Паланка чини 160 милиони евра, а третата фаза до граничниот премин Деве Баир заедно со делот од тунелот се очекува да чини 420 милиони евра. За првите две фази, односно од Куманово до Крива Паланка се обезбедени парите со кредит од ЕБОР и грант од ИПА фондовите на ЕУ. Во однос на третата делница, изградбата би чинела околу 420 милиони евра, 60 милиони евра како грант веќе се обезбедени преку ИПА 2 компонентата. Во овој момент преговараме за дополнителен грант од над 100 милиони евра, исто така од Европската Унија, преку инструментот за поддршка на Западен Балкан (WBIF). Остатокот е во план да се обезбеди со кредит од меѓународните финансиски институции – појаснуваат од министерството за транспорт и врски.

Дали до крајот на работите ќе останат овие проектирани парични вредности од министерството не можат да кажат.

– Ова се проектирани вредности за вложувањето, дали така и ќе остане, моментално не можеме да кажеме, се ќе зависи од текот на работите и тоа што носи теренот на кој се гради – појаснуваат оттаму.

Неизвесно е и како ќе се гради делот од коридорот 8 кој со пруга треба да се поврзе со Албанија. Од Министерството за транспорт и врски велат дека за овие 63 километри пруга целата документација е подготвена, но се потребни 500 милиони евра. Тие треба да се обезбедат преку кредити.

– Во план е заедно со Албанија да побараме поддршка и од ЕУ фондовите, но ќе треба да се земат и заеми – велат од министерството.

Во овој дел од коридорот 8 на македонска страна ќе треба да применат и препораките на УНЕСКО бидејќи пругата навлегува во заштитеното подрачје на Охридското Езеро, главно во делот на проектот за пругата кај село Радожда.

– Во овој дел ќе се направат измени на проектната документација во согласност со препораките на УНЕСКО – велат од Транспорт.

Напоредно со изградбата на пругите од паневропскиот коридор 8 во земјава ќе се реализира и електрификација на пругата од пругата од Скопје до Кичево. Изработена е физибилити студија за електрификација, но нема план кога ќе се почне со реализација, што значи дека нема обезбедено пари за таа намена.

Познавачите на состојбите велат дека покрај електрификација на остатокот од пругата кој изнесува 103 километри треба да се реконструира бидејќи е стара повеќе од 50 години. За реконструкција на делот Ѓорче Петров – Кичево и за електрификација на пругите ќе бидат потребни најмалку 400 милиони евра што ќе го зголеми вкупното вложување за коридорот на 1,5 милијарди евра. Дополнителен ограничувачки фактор е и делот Куманово – Маџари во должина од 32 километри кој е заеднички дел на коридорите 8 и 10, за што ќе треба да се обезбедат дополнителен износ на пари.

На пругата од коридорот 8 е планирано да се вози со 100 километри на час, бидејќи теренот на кој се гради не дозволува да се развива поголема брзина.

Колку е оправдано вложувањето во овој коридор, нема подетални информации, но од Министерството за транспорт велат дека за Европа е значаен бидејќи ќе ги поврзува Јадранското и Црното Море, а ќе се поврзе и со коридорите 4 и 10 и 11. Затоа и ЕУ притиска да се забрза изградбата на пругата од овој коридор.

– Потребата од завршување на овој коридор е извесна и Владата преку Министерството за транспорт и врски, максимално е посветена на завршување на оваа пруга. Дополнително, бидејќи се работи за европски коридор, имаме силна поддршка од нашите партнери од Европската Унија и, дополнително, бидејќи се работи за регионален проект заеднички ги координираме работите со Република Бугарија и Република Албанија – посочуваат од министерството.

Економистите укажуваат дека е неопходен засилен ангажман за реализација на овој стратегиски проект и посочуваат оти со развојот на железницата ќе се подобрат инфраструктурните услови за зголемување на странските вложувања во нашата држава и ќе се отворат можности за подинамичен развоен циклус на земјава и целиот регион.

Интензивирање на работата на коридорот 8 бараат и стопанствениците кои во моментов го имаат само коридорот 10 како транспортен избор, кој како единствен проток на стоки многу често се блокира.

– Инвестирањето во железничката инфраструктура позитивно би влијаело на социоекономскиот развој на земјата, резултирајќи со одржливи придобивки за населението, бизнисот и економијата, со оглед дека железничкиот транспорт има повеќе предности (релативен поевтин превоз на стока, можност за транспорт на кашести стоки, брзина и слично). Подобрувањето на меѓусебната железничка инфраструктурна поврзаност треба да биде од приоритетно значење за унапредување на меѓусебната соработка на нашата држава со соседните земји, што ќе придонесе за забрзување на вкупните транспортни операции меѓу земјите, а со тоа и експанзија на обемот на билатерална стоковна размена и на количеството на стоката во транзит – велат од бизнис заедниците.

Европскиот транспортен коридор 8 опфаќа патни и железнички траси во вкупна должина од над 1.200 километри. Коридорот го следи главниот правец „Via Egnatia“ од Валона, Албанија се одделува крак во насока Охрид – Кичево – Скопје, кој преку Деве Баир стигнува до Пловдив.

Коридорот Исток – Запад е зацртан како меѓународен транспортен коридор Јадран – Скопје – Црно Море на паневропската конференција на министрите за транспорт одржана 14 – 16 март 1994 година на Крит

https://plusinfo.mk/zheleznichkiot-koridor-8-s-ushte-e-samo-plan-izgradeni-se-35-otsto-od-prugata-kumanovo-be-akovce
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 766
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 25-Jan-2022 at 21:29
Хахах, баш. Нека се јават ко ќе ја завршат
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2194
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 25-Jan-2022 at 16:43

Ova veke nitu e interesno nitu zasluzuva vnimanie!

Edited by Denko - 25-Jan-2022 at 21:58
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15988
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 25-Jan-2022 at 16:23
За пет години готова пругата кон Бугарија

Министерството за транспорт и врски децидно тврди
Средбите меѓу владините кабинети на Македонија и Бугарија повторно ја актуализираа и темата за изградбата на пругата по должината на коридорот осум. Изминативе денови владини претставници посочија дека комплетирањето на пругата кон соседна Бугарија треба да заврши до 2027 година, или, поточно, за пет години. Сепак, темата железничко поврзување со соседите по должината на овој коридор е долго зборувана тема во земјава, но нејзината реализација постојано е попречувана од различни фактори. Сепак, Министерството за транспорт и врски посочува дека забрзано се работи на изградба на источниот дел на коридорот 8.
– Во финална фаза сме на избор на изведувач за првата и втората фаза, односно делниците од Куманово до Бељаковце и од Бељаковце до Крива Паланка. Изградбата очекуваме да започне најдоцна до април и да трае 36 месеци. Во однос на третата фаза, од Крива Паланка до граничниот премин Деве Баир, тендерската документација е подготвена и до средината на оваа година ќе се распише меѓународниот повик. Рокот за изградба на оваа трета делница е 48 месеци, што значи дека до 2027 година би требало да се изгради комплетно целата пруга – велат од Министерството.
Имајќи предвид дека многупати беше одложена изградбата, но и дека роковите за финиширање на пругата кон Бугарија постојано се одложуваат, ги запрашавме во Министерството за транспорт дали се предвидени посебни механизми што ќе ја гарантираат изградбата, од каде што ни посочија дека се предвидени конкретни рокови за тендерските постапки.

– Оваа пруга е дел од паневропскиот коридор 8, за што веќе предвидовме конкретни рокови во тендерските постапки. Потребата од завршување на овој коридор е извесна и Владата на Република Северна Македонија, преку Министерството за транспорт и врски, максимално е посветена на завршување на оваа пруга. Дополнително, бидејќи се работи за европски коридор, имаме силна поддршка од нашите партнери од Европската Унија и, дополнително, бидејќи се работи за регионален проект заеднички ги координираме работите со Република Бугарија. Тоа е и една од главните инфраструктурни точки на кои ќе се разговара на заедничката седница на владите на Македонија и Бугарија – посочуваат од Министерството.
Во согласност со плановите, вкупната инвестиција во железничката пруга на источниот дел од коридорот 8 ќе изнесува над 600 милиони евра. Притоа, надлежните посочуваат дека првата и втората фаза од изградбата ќе чинат околу 200 милиони евра, средства што се обезбедени од заем од ЕБОР, како и грант од ИПА-компонентата.
– Во однос на третата делница, изградбата би чинела околу 420 милиони евра, 60 милиони евра како грант веќе се обезбедени преку ИПА 2 компонентата. Во овој момент преговараме за дополнителен грант од над 100 милиони евра, исто така од Европската Унија, преку инструментот за поддршка на Западен Балкан (WBIF). Преостанатите средства ќе се обезбедат преку финансиски институции, со кои веќе преговара Министерството за финансии – прецизираат од Министерството за транспорт и посочуваат дека повикот за изградба на овие делници е меѓународен и се работи во соработка со Европската банка за обнова и развој.
Оттаму објаснуваат дека во тендерската документација јасно се утврдени критериумите за избор на изведувач, во согласност со законските прописи во Република Северна Македонија.
Економистите укажуваат дека е неопходен засилен ангажман за реализација на овој стратегиски проект и посочуваат оти со развојот на железницата ќе се подобрат инфраструктурните услови за зголемување на странските инвестиции во нашата држава и ќе се отворат можности за подинамичен развоен циклус на Македонија и целиот регион.

– Инвестирањето во железничката инфраструктура позитивно би влијаело на социоекономскиот развој на земјата, резултирајќи со одржливи придобивки за населението, бизнисот и економијата, со оглед дека железничкиот транспорт има повеќе предности (релативен поевтин превоз на стока, можност за транспорт на кабести стоки, брзина и слично). Подобрувањето на меѓусебната железничка инфраструктурна поврзаност треба да биде од приоритетно значење за унапредување на меѓусебната соработка на нашата држава со соседните земји, што ќе придонесе за забрзување на вкупните транспортни операции меѓу земјите, а со тоа и експанзија на обемот на билатерална стоковна размена и на количеството на стоката во транзит – велат од Стопанската комора на Северна Македонија.
Оттаму додаваат дека со сегашната состојба пристапот до железничкиот транспорт на целата територија на државата не е добро утврден, поради тоа што железничката мрежа има конекции со други железнички пруги само преку коридорот 10.
– Всушност, железничките пруги во насоката исток – запад имаат последна станица што не е поврзана со железничка мрежа. Исто така, нема железнички врски со соседните железнички инфраструктури на коридорот осум. Во меѓувреме, запрена е и изградбата на пругата Куманово – Бељаковце, првата од трите фази на проектот за железничко поврзување во рамките на коридорот осум со Бугарија. Оттука, сметаме дека е потребно државата да ги препознае придобивките од железничкиот транспорт и железничкото поврзување да го постави како еден од приоритетите заради следење на чекорот со земјите од регионот и модерните транспортни текови – истакнуваат од СКСМ.

https://www.novamakedonija.com.mk/ekonomija/za-pet-godini-gotova-prugata-kon-bugarija/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15988
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 09-Jan-2022 at 11:46
Напролет треба да продолжи изградбата на пругата кон Бугарија
Во финална фаза се процедурите од тендерската постапка за изградба на железничката пруга од Коридорот 8, најавуваат од Министерството за транспорт и врски.

За двете делници во игра се осум компании. Се очекува на почетокот на годината да се склучат договорите со избраните компаниите. Изградбата на источниот крак на железничкиот Коридор 8 е поделена во три фази, Куманово – Бељаковце, Бељаковце – Крива Паланка и Крива Паланка – граница со Бугарија.

На првата делница во должина од 31 километар се завршени 54 проценти од градежните работи, кои беа прекинати откако германски „Вибе” еднострано го раскина Договорот за изведба. Втората делница е долга 34 километри. И за двете делници е заокружена финансиската конструкција, а за третата, од Крива Паланка до границата со Бугарија, која е во должина од 24 километри, досега се обезбедени 60 милиони евра и се работи на обезбедување на останатите потребни финансии. Се планира првата и втората фаза заедно да се реализираат во рок од 36 месеци.

Заложби за изградба на железничкиот дел од Коридорот 8 изнесоа и министрите за транспорт на Северна Македонија, Благој Бочварски, на Бугарија, Христо Алексиев и на Албанија, Белинда Балуку, кои во Софија потпишаа трилатерален Меморандум за соработка. Документот одредува јасни датуми за развој на трите земји и нивните активности на Коридорот 8, а очекувањата се тој да биде готов до 2030 година. На западниот дел од Коридорот 8 кај нас е подготвен проект за железничкиот дел од Кичево до границата со Албанија во должина од 70 километри и се разгледуваат можности да се најдат средства.

https://fokus.mk/naprolet-treba-da-prodolzhi-izgradbata-na-prugata-kon-bugarija
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15988
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 16-Nov-2021 at 17:46
До вчера се доставуваа понуди за пругата Куманово-Крива Паланка, изградбата почнува до март 2022

До вчера се поднесуваа понудите од заинтересираните градежни компании и конзорциуми за изградба на првичните две фази од пругата кон Бугарија. Постапката е успешно завршена од страна на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ, а во наредниот период ќе следува евалуација на пристигнатите понуди и избор на најповолниот понудувач, информираат од Владата на РСМ.

Проектот вклучува доградба на 64,8 километри од железничката линија од Куманово до Бељаковце (фаза 1) и од Бељаковце до Крива Паланка (фаза 2) од Коридорот 8. Веќе е завршена постапката за избор на компанија-надзорен инженер за изведба на пругата.

Од Владата на РСМ информираат дека со овие активности се создадени услови за отпочнување на градежните работи во првиот квартал од наредната година.

„Средствата за целиот овој проект се на располагање и се обезбедени преку кредит од страна на Европската банка за обнова и развој и инвестициски грант одобрен преку инструментот Инвестициски фонд за Западен Балкан на ЕУ“, се вели во владиното соопштение.

Инаку, Европската Комисија во најновиот Извештај за реформскиот напредок на земјава за 2021 година побараа под итно да се подобри имплементацијата на работите на железничкиот Коридор 8.

„Дополнителни и итни напори се неопходни за да се забрза напредокот во сите фази на железничкиот коридор и другите приоритетни секции на мрежата како во делот на железницата, така и во делот на патиштата“, беше наведено во Извештајот на ЕК.

Инаку, тендерот за избор на изведувач за првите две фази од пругата меѓу Куманово и Крива Паланка беше распишан кон средината на јануари 2021 година. Јавниот повик за избор на изведувач на пругата Куманово-Крива Паланка следи откако минатата година германската компанија „Вибе“ еднострано го раскина договорот за изведба на првата фаза на пругата Куманово-Бељаковце, по што Владата се одлучи да го поништи огласот и за пронаоѓање на изведувач за втората фаза Бељаковце-Крива Паланка.

Доградбата на железничката линија меѓу Куманово и Крива Паланка ќе трае 24 месеци. Воедно, за третата фаза од пругата кон Бугарија, на потегот меѓу Крива Паланка и граничниот премин Деве Баир, ќе се одвојат 330 милиони евра, додека проектираните 24 километри пруга е предвидено да се изградат во временски период од 36 месеци.

https://meta.mk/do-vchera-se-dostavuvaa-ponudi-za-prugata-kumanovo-kriva-palanka-izgradbata-pochnuva-do-mart-2022/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15988
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 08-Nov-2021 at 10:28
Градбата на пругата дел Куманово – Деве Баир трае веќе 27 години



Железничкиот коридор број 8 за функционирање низ нашата држава бара ремонт иреконструкција на постојните делови и градба на делот Бељаковци – Деве Баир и Кичево -Ќафасан.

Железничкиот сообраќај е дел од копнениот сообраќај кој се одликува со голем капацитет на превоз на стоки на големи растојанија. Железничкиот сообраќај во принцип е независен од временските услови, а особено е економичен на долги релации и масовен транспорт на стоки. Правецот Ќафасан – Кичево – Куманово – Деве Баир датира уште од римскиот период. Од главниот правец „Via Egnatia“ од Валона, Албанија се одделува крак во насока Охрид – Кичево – Скопје, кој преку Деве Баир стигнува до Филипополис (Пловдив). Постојат податоци од пред повеќе од 150 години, од 19 април 1869 година, кога овој правец прв пат е обележан. Пругата Куманово – Бељаковци – Деве Баир е градена во текот на Втората светска војна, а делот Куманово – Бељаковци конечно е пуштен во сообраќај во 1956 година.

СОЗРЕВАЊЕ НА ИДЕЈАТА ЗА КОРИДОРОТ 8

Грчкото ембарго од почетокот на деведесеттите години ја блокираше економијата во Македонија. Тоа се одрази со прекин на снабдувањето преку Грција, особено со енергенси и ресурси за нормално работење на стопанството. Во тој период се транспортираше околу 1,4 милиони тони сурова нафта и деривати како и руда, концентрат, фосфати, старо железо и друго во вкупна количина од околу 2 милиони тони на годишно ниво. Но, исто така беше оневозможен и извозот на Р Македонија преку Солун, а во исто време транзитната стока за Европа ги заобиколуваше патиштата на нашата земја. Од ваквата состојба покрај стопанството беше погодена во голема мера и железницата. Незавидната состојба доведе до созревање на идејата за коридорот 8 Исток - Запад.

На Паневропската конференција на министрите за транспорт одржана 14 – 16 март 1994 година на Крит, конечно беше усвоен коридорот Исток – Запад зацртан како меѓународен транспортен коридор Јадран – Скопје – Црно Море.

Во Македонски железници (МЖ) по налог на државата беше оформен Сектор за градба на нови пруги со значителен број на инженерски и друг технички кадар кој имаше за задача да ја извршува улогата на инвеститор со ангажман и одговорност во сите делови на проектот. Во такви услови МЖ, односно Секторот за градба на нови пруги се зафати за исклучително сериозна работа, градба на капиталниот проект „железничка пруга Куманово – Бељаковци – Крива Паланка – Деве Баир“.

Најнапред беше повлечена на генералштабна карта можната траса на пругата. Со оглед што до Бељаковци постоеше каква-таква пруга, тој дел остана на своето место. Од Бељаковци кон Крива Паланка и Деве Баир трасата се движи на десната страна од Крива Река, но многу повисоко напуштајќи ја некогашната траса која е во долината на Крива Река. Некаде околу 77. километар трасата ја преминува Крива Река и се упатува кон граничниот тунел под Деве Баир.



За градба на пругата беа ангажирани пет организации:                                                                                

1. МЖ Ремонт на пруги – дел Куманово – Бељаковци 30 км долен и горен строј со целосна реконструкција на трасата

2. Бетон 8,6 км нова пруга и 6 мостови

3. Маврово 6,6 км, 9 мостови и 5 тунели

4. Гранит 11,2 км, 10 мостови и 4 тунели

5. Пелагонија 17,5 км, 26 мостови и 14 тунели

и ангажирана фабриката „Карпош“ за производство на прагови МП 94 МЖ.

Делот Крива Паланка – Деве Баир не беше дефиниран.

Сите ангажирани организации сериозно ја сфатија доверената работа со вредност од 170 милиони долари, извршија припремни работи и во 1994 година отпочнаа со работа. Во тој период градежните организации немајќи друг вид на работа посветено работеа на земјани работи, ископ и насип на материјал, бетонски работи, мостови и работа на тунели. За период од 20 месеци физичкиот обем беше околу 38 %, при што беше пробиен тунелот бр.1 – 585 м и уште неколку помали. Во овој период заостануваа мостовите. На делот Куманово – Бељаковци беа извршени земјани работи од околу 150.000 м3 за санација на постојниот труп на пругата и беше положен колосек во должина од 18,5 км, по кој сообраќаа работни возови и возови за дотур на материјал. Долниот строј беше изработен во должина од 25 км. Должината на железничката пруга Деве Баир – Скопје – Кичево – Ќафасан изнесува 296 км од кои 147 км е постоечка пруга од кои 32 км е електрифициран дел. Делот Куманово – Бељаковци – Деве Баир со должина од 86 км е во фаза на градба повеќе од 27 години, започната во 1994 година.                                                                                                                                   

Делот Кичево – Ќафасан во должина од 63 км е во фаза изработена техничка документација.

Надолжниот профил на пругата е крајно неповолен од аспект на влечата на возовите, кој претставува дисконтинуитет од падови и угорнини кои се движат во рамките на 15 о/оо. Карактеристични се четири висински точки: тунел Деве Баир кота 946, км 416 + 685 превој кота 428, тунел Буковиќ кота 758 и превојот Пресека. Најниски точки на пругата се Шупли Камен кота 291 и Маџари кота 235.

Дополнителен ограничувачки фактор е и делот Куманово – Маџари во должина од 32 км кој е заеднички дел на коридорите 8 и 10. За да има оправданост градбата на една железничка пруга, треба да се утврди нејзиното економско, локално и транзитно значење.

НЕ ПОСТОИ ВАЛИДЕН ПОДАТОК ЗА ВИДОТ И ЗА КОЛИЧИНАТА НА СТОКА КОЈА БИ ПОМИНУВАЛА ПО ПРУГАТА

Пругата Деве Баир – Скопје – Кичево – Ќафасан нема локално значење освен во одредена мера за патничкиот сообраќај. Во нашата држава со оглед на кратките растојанија, внатрешниот локален сообраќај се одвива главно преку друмскиот транспорт. Транзитниот товарен сообраќај кој би се одвивал на оваа пруга е од непозната големина, а овој податок е исклучително важен од економски аспект за градба на пругата. Разбирливо, логиката на бизнисот е профитабилна работа. Македонската, бугарската и албанската економија се мали и не е за очекување дека токму железничкиот сообраќај ќе биде значаен. Евентуално може да се смета на транзитниот сообраќај кој би поминувал по оваа пруга и тоа помеѓу Русија, Турција и Блискиот Исток од една страна кон јужна Европа пред сè кон Италија, јужна Франција и Шпанија. И покрај изработените неколку студии не постои валиден податок за видот и за количината на стока која би поминувала по пругата. Од друга страна пак количината и видот на стока е најзначаен фактор за очекуваните сообраќајни приходи и за економската оправданост за градбата на пругата.



НАЈВАЖНИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ПРУГАТА

Тежината и брзината на возовите се најважни карактеристики на пругата со која се одредува искористената сила на влечната локомотива, а со тоа и пропусната моќ на пругата. Најголема тежина на возот се смета онаа, која како најголема тежина може да ја влече локомотивата со сигурност. Меродавен за одредување на пропусната моќ на пругата е делот Гостивар – Зајас во должина од 22,3 км и меродавен отпор 23 daN/t. Пропусна моќ на пругата е парови на возови кои можат да поминат низ еден сектор (меѓустанично растојание) за 24 часа. Од табелата е видливо дека тежината на возот е во корелација со брзината. Колку е поголема брзината на возот толку е помала влечната сила на локомотивата, а со тоа и тежината на возот.

Од табелата јасно се гледа дека електровлечата EL 461 е доминантна над дизел-електричната DEL 661. Анализата покажува дека сè додека не се електрифицира пругата, сообраќајот ќе се одвива со DEL 661 која може со сигурност да превезе 640 t со брзина V =25 km/h.



При анализата земени во обзир беа и случаите: двојна влеча, односот на тежина на возот со време на поаѓање, како и вкрстување на возови во попатни станици. Во сите случаи најповолна варијанта е DEL 661 со превезување 640 t за време на патување од Гостивар до Зајас за 54 минути.

Врз база на извршените анализи пропусната моќ на пругата изнесува 20 пара возови за период од 24 часа. И тоа два пара експресни возови, два пара патнички и 16 пара товарни возови. Со оглед на тоа што сопствената тежина на вагоните изнесува околу 35 % од вкупната тежина на возот, но и ако се земат предвид празни и товарени вагони во еден и друг правец, максималната тежина на корисниот товар би изнесувала не повеќе од 350 t. Со тоа годишниот превоз би изнесувал околу три милиони тони стока.

Спроведувајќи ја истата анализа за евентуално електрифицирана пруга, влечната локомотива EL 461 би повлекла воз со тежина од 870 t со брзина од 50 км/час за време од 27 минути на делот Гостивар – Зајас во должина од 22,3 км.

За електрифицирана пруга пропусната моќ на пругата ќе биде 24 пара возови за време од 24 часа, односно 20 пара товарни возови. Во ваков случај ќе бидат превезени 6,2 – 6,5 милиони тони стока на годишно ниво.

ПРУГАТА ЕКОНОМСКИ НЕРЕНТАБИЛНА

Економистите велат, за секое евро вложено во инфраструктурата се враќаат четири. Експертите по економија својата теза нека ја докажат на градбите на инфраструктурните објекти, автопатиштата, а посебно за пругата Деве Баир – Скопје – Ќафасан. Градбата на пругата дел Куманово – Деве Баир трае веќе 27 години, но не се гледа крајот. Делот пак, Кичево – Ќафасан е во фаза изготвена техничка документација. На делот Куманово – Деве Баир работено е во два наврати 1994 – 2002 и 2014 – 2020 година и потрошени се повеќе од 220 милиони евра или ревалоризирани се 340 милиони евра. Вкупната сума за градба на целата пруга Деве Баир – Ќафасан официјално не е позната, меѓутоа претставници на власта манипулираат со суми, за делот Куманово – Деве Баир, 500 милиони евра, а за делот Кичево – Ќафасан, 540 милиони евра. Споменатите суми се практично градежни работи кои не содржат електрификација и сигнализација на пругата. Делот на пругата Ѓорче Петров – Гостивар – Кичево во должина од 103 км со ширина на планум 5,40 м, кој е стар 50 години и истиот е потребно да се реконструира.

Поразително е и дека од вкупната должина 296 км, електрифицирана е само 32 км пруга.

За реконструкција на делот Ѓорче Петров – Кичево и за електрификација на останатите 264 км ќе бидат потребни најмалку 400 милиони евра. Практично за градба на неполни 150 км пруга Куманово – Деве Баир 86 км и Кичево – Ќафасан 63 км ќе бидат потрошени 1,8 милијарди евра, односно некаде 14 милиони евра за еден километар!! А ќе има годишен приход од околу 30 милиони евра сè до електрификација на пругата, чија реализација се очекува во 2050 година.

Во ваков случај економските експерти со својата теза да докажат колку евра ќе се загубат за вложено едно евро во градбата на пругата.

Реалната цена на еден километар пруга, споредувајќи со инфраструктурни објекти во околината е околу 4 – 5 милиони евра/км. Секоја сума поголема од наведените е економски неоправдана, а прашање е дали и оваа е издржана, ниту пак нашата економија и општество можат да ја поднесат.

За да бидат постигнати овие суми потребно е да бидат исполнети неколку услови:

- најнапред треба да се знае титуларот инвеститор со полни права, ингеренции и обврски;

- потребен е стручен кадар со многу знаење и искуство, оперативен и консултантски;

- горниот строј со шина тип 60 е непотребен за овој проект, брзината и товарите се ограничени. Типот 60 на горен строј се применува за брзини поголеми од 120 км/час и истиот е поскап за 25 – 30 % од стандардниот тип со шина 49.

- Градбата на пругата треба да се сведе на минимален рок (секоја година на градба, продолжен рок ја зголемува цената 5 %, инфлација и камати на кредити, 5 години рок на градење 30 % поскап објект).

- Трасата да се подели на два или на три дела, а градбата на горниот строј да биде посебен дел и да биде доверен на градба на специјализирана компанија.

- Постојат и други нешта кои влијаат на цената на пругата како видот и типот на механизација, набавка на материјал од горен строј, надзор над работите, парцијален учинок и генералната динамика.

Целата пруга изградена на ваков начин чија крајна вредност би изнесувала 750 – 850 милиони евра повторно економски ќе биде нерентабилна. Товарните возови кои се единствени кои го носат приходот, растојанието од 300 км ќе го поминуваат за повеќе од седум часа и ќе бидат потребни голем број на влечни средства за скромен превоз на стока поради исклучително неповолниот надолжен профил. Дури и при електрифицирана пруга каде би имало значителен превоз на стока 6,2 – 6,5 милиони тони годишно не би бил рентабилен превозот заради ангажманот на голем број влечни средства.

Општо гледано пругата Деве Баир – Скопје – Ќафасан нема позитивни атрибути:                      – Поради карактеристика на надолжниот профил ограничен е превозот на стока со значителен ангажман на влечни средства, поради значителните падови од 15 о/оо и поголеми ограничена е брзината од услов на кочење. Кај патничкиот сообраќај во станица Скопје потребно е промена на локомотива поради промена на насока. Пругата ќе има само една позитивна страна. Ќе биде дел од паневропските коридори и ќе нè поврзува со соседните земји.

Во Европа не постои држава која железнички не е поврзана со соседите.

И на крајот само уште две-три реченици за ова што е напишано да стане појасно, но и за споредба.

Каков апсурд, кај нас нема автопат кој чини помалку од 10 милиони евра/км и се градат и по 10 години. Автопатот во соседна Србија, Ниш – Димитровград 87 км во исклучително тежок терен чини вкупно 468 милиони евра или 5,4 милиони евра/км, завршен за две и пол години и на објектот работеа 120 машини.

Во Србија се гради двоколосечна брза пруга за 200 км/час Белград – Нови Сад 75 км, изграден е делот Стара Пазова – Нови Сад 50 км. Вкупната сума за градба на пругата е 850 милиони евра или 11,3 милиони евра /км односно 5,65 милиони евра/км колосек, 2 х 75 = 150 км, електрифицирана со полна сигнализација и додатна опрема за брзи пруги.

Пругата Солун – Скопје е изградена за две и пол години од февруари 1971 до август 1973 година во должина од 243 км.

За сè она каде што нема доволно знаење, потребни се многу повеќе пари!

https://www.porta3.mk/gradbata-na-prugata-del-kumanovo-deve-bair-trae-vekje-27-godini/
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 694
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 26-Oct-2021 at 13:29
Nasata vlada misli deka EU ne prati sto se slucuva i sto pravat kaj nas i deka nemaat nisto cepnato koga stanuva zbor za infrastruktura , i mislat deka ako nie tuka plakjame patarini a vozime po uzasni patista i deka vo EU toa ke pomine taka , ama za zal ne minuva , i toa eve im go pleskaat vo lice ama djabe e muva ne gi laze ...nie sme suti ofci i kjutime ama EU go gleda toa i gleda deka ustvari vladata ne napravila nisto i ne postignala nikakvi napredoci , a vamu se tapkame u gradi sakame da odime u EU , bugarija i romania se izdutnaa togas vlegoa nekako so mizerni infrastukturi , slabi ekonomii i mito i korupcija u sekoe kjose , ama sea toa ne minuva , i EU moze samo da a sonuvame vaka kako so sme trgnati
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 52>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.313 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.