build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Деловни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

НЛБ Тутунска банка

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1516171819>
Poll Question: Оценка
Poll Choice Votes Poll Statistics
5 [9.62%]
2 [3.85%]
5 [9.62%]
6 [11.54%]
10 [19.23%]
7 [13.46%]
4 [7.69%]
9 [17.31%]
1 [1.92%]
3 [5.77%]
You can not vote in this poll
Total votes: 52   Average: 5.63

Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #321 Posted: 24-Jan-2009 at 13:42
Да поместенисе 
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
rabotnicki View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 17-Dec-2007
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote rabotnicki Quote  Post ReplyReply #322 Posted: 28-Jan-2009 at 11:04

Два-три дена се мислам,па се вртам околу зградиве-значи две се-една Сити -една НЛБ,ама приказната со гаражите неможам да ја сфатам.Ги препрочитав вашите коментари,па и кај другите гаражи....ама не ми иде нешто......Ај пошто сте вие останатите сигурно постручни од мене,јас сум иначе правник..ај погледајте малку поубаво-Дали тука ке биде гаража!!!!!WallbashOhno

А можеби и треба да се отвори и една посебна тема- за Гаражи-катни или подземни во Ск.Се ми личи на некоја наша работа...да не има нешто -цена за плац,комуналии..ако е гаража или ако е зграда!!!!!!!!!!!!!

Bash
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #323 Posted: 28-Jan-2009 at 12:39
rabotnicki нити ја не сум стручљак. Електро сум!

Гаражите било катни, било подземни, било паркинзи никој не ги црта ог ѓутуре. Има некоја бројка колку паркинг места по жител, колку места по км квадратен. Се проценува потребата, тука влага и темпото на развојот. И кога ќе се добие таа бројка после бројката се преточува дали во катна гаража, дали паркинг во зависност од просторот. А кај нас таквата бројка се саботира и се планира од око, цртаат гаражи зашто им е интересно пошто ете сме немале па ај сега ќе биде поевропјани ако имаме катна гаража. Башка после кога уште ќе се пренамени парцелата и ништо ка крај каша! Кај нас не верувам да некој стварно ја почитува цела процедура на планирање паркинзи.
Back to Top
medo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Dec-2007
Online Status: Offline
Posts: 217
  Quote medo Quote  Post ReplyReply #324 Posted: 28-Jan-2009 at 16:43
Извадок од Правилникот за стандарди и нормативи за проектирање на објекти:
Член 3, Параграф 15
"Минимални димензии на гаражно место во станбен објект изнесува 2.40 x 5.00 m, а на гаражен бокс 3.00 x 5.40 m. Минималната височина на гаражата е 2.20 m."

Со оглед на тоа што објектот не е станбен, туку деловен, а за деловен објект посебно не е дефинирано во Правилникот, логиката би била слична.
Имено, за 1 паркинг место потребна е површина од најмалку 12 m2. Според информациите читаме дека има 550 паркинг места, што значи, ако е се направено според прописите, површината за паркирање изнесува 550 x 12 = 6600 m2. Тука не се влезени пристапните патишта и останатите површини потребни за паркинг во објект.
Сега не сум сигурен, меѓутоа целиот објект (City Plaza и NLB) во основа не ми личи дека е повеќе од 2500-3000 m2. Тоа значи потребни се барем 2-3 ката на таа цела површина.
Под NLB претпоставувам дека нема гаражи, бидејќи има трезори, што е нормално, така што останува само објектот City Plaza.
А како што гледаме тој објект има фасада, односно над земја нема услови за катна гаража. Под земја би им требале 7-8 ката што пак не е можно, гледајќи ги сликите од градењето.
Според тоа, тука станува збор за класична МАКЕДОНСКА работа. Едно кажи, друго направи.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9040
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #325 Posted: 31-Jan-2009 at 20:24


Убаво објаснето медо, но изгледа ќе треба да нагаѓаме додека не се отвори целосно објектов за да видиме со свои очи. Се надевам дека сериозна групација како НЛБ не е спремна така да си игра со оган и да лаже јавно дека финансирала паркинг од 500 места а бил за 50. Дополнително... на слика #18 се гледа нешто што можеби влева надеж.

1 Од страната на Мито Хаџивасилев Јасмин изгледа воопшто нема да има сообраќаен пристап до објектов што ме радува. Се плашев да не се отвори уште еден излез кон улицата на само неколку метри од излезот од Рамстор и од раскрсницата која е и онака пребукирана. Барем од оваа слика каде се гледаат наредените рабници може да се заклучи тоа

2 Поглед во правец на Јужен Булевар. Прилично големо плато баш ме интересира дали ќе служи за нешто. Наредиле канделабри и во овој правец

3 Тротоарот е направен, канделабрите се поставени. Останува уште делчето каде завршуваше порано спојката меѓу Јужен Булевар и М.Х. Јасмин (делот што го коментирам во слика #1).

4 Уште еден метар понапред да се добие впечаток како тоа изгледа финализирано

5 И на паркингот кон Климент Охридски се работи...

6 ...но има уште работа. Воопшто не е пресвлечен целиот со асфалт. Да не спомнувам дека видов една шахта која штрчи на веќе пресвлечениот дел се надевам дека ќе има уште некој слој за да се нивелира

7 Зеленилото околу не е пипнато...

8 ...а и развлеченине кабли што висат изгледаат одвратно

9 Тротоарите се масакрирани

10 Поглед кон зградата од бул. Климент Охридски

11 Трафостаницата и климатизацијата. Повторно ги прават премногу изложени не ми се допаѓа оваа пракса воопшто. Особено климите можеле да ги стават и на кров

12 Поглед на зградата од позади

13 Уште пар агли

14

15 Пристап до паркингот од слика #5

16

17 Рампа блиску до алтернативниот излез од Рамстор. Очигледно целиот пристап кон овој објект ќе оди од тука. Како со тоа ќе се справи она квазираскрсниче кај спојката Јужен Булевар-Железничка и дали гужвата која таму ќе се прави ќе ги натера да почнат да размислуваат посериозно за Јужен Булевар ќе видиме

18 Влезот во гаражите е очигледно на крајот на овој коридор. Значи под трафостаницата скроз залепен до бул. Климент Охридски. Тоа можеби значи дека подземните гаражи се сепак под целата површина на објектот а доколку имаат подземни трезори тие се на помала ограничена површина. Реално тоа влева надеж дека бројката од 500 паркинг места е можеби точна.

19 Кршот од градилиштето кое е уште активно


Да го почекаме епилогот со бројот на паркинг места пред да го оцениме овој објект
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #326 Posted: 31-Jan-2009 at 20:35
Добра опсервација, се гледа дека објектов е далеку од готов. Позади има уште едне прелаз меќу двете згради на слика 14 каде се гледа дека не е готов. Од позади објектов, од страната на јужен добив некој впечаток дека е закрпена работава. Не гледам потреба од ѕидчето што е тамо.

За тоа уличето што беше порано кога го затворија мислам дека беше одлучено да биде само привремено затворено, а еве сега ќе остане како крајно решение, што многу многу не ми мења.
Back to Top
Б.Ѓ.Т View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 311
  Quote Б.Ѓ.Т Quote  Post ReplyReply #327 Posted: 31-Jan-2009 at 21:14
ne treba vishe da se stai i za ovoj objekt da se glasa,zasto veke neli se preselija i beshe otvaanje,ili ke se ceka celosno da se napravi?? ni spomen kukata ne e celosno dopravena pa e staveno da se glasa,sto e drug slucaj.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9040
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #328 Posted: 31-Jan-2009 at 21:18
Originally posted by Б.Ѓ.Т

ne treba vishe da se stai i za ovoj objekt da se glasa,zasto veke neli se preselija i beshe otvaanje,ili ke se ceka celosno da se napravi?? ni spomen kukata ne e celosno dopravena pa e staveno da se glasa,sto e drug slucaj.


Мислам дека е различен случајот... Дали е паркингот 50 или 500 места може навистина сигнификантно да влијае на оценката која би ја дале. Тоа е клучната причина зошто уште не сме поставиле анкета за да се разјасни тој битен детал.

Во случајот на Мајка Тереза. Дали работи едниот бунар или не и не влијае така многу.

@lsl старата уличка сама по себе беше привремена ако не се лажам. Ако нешто тука некогаш треба да проаѓа тоа е рампата за излез од Јужен Булевар. Потсети се кога беше таму уличката колку хаос се правеше непосредно пред раскрсницата од сите возила кои се обидуваа да се вклучат. Уличката меѓу Рамстор и Музеј на Град Скопје е многу посреќно решение особено сега од кога го затворија тој влез во Рамстор.
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #329 Posted: 31-Jan-2009 at 23:35
Одлично го долови целиот објект. Не ми се верува да има паркинг за дури 500 возила, освен ако не оделе многу под земја. Иначе објектот сам по себе е во ред, но пак ќе кажам воопшто не ми е за во центар на град. Особено на слика 16 имам чувство дека сум во некакво трговско предграие во Петровец или Илинден...
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9040
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #330 Posted: 19-Feb-2009 at 12:06
Еве еден подетална и постручна објава за објектов

Отворен новиот објект на NLB во Скопје


12.jpg

На површина од 11.950 квадратни метри, на крстосницата од улицата Мито Хаџивасилев Јасмин и булеварот Водњанска, до ТЦ “Рамстор” по една година градежни активности, израсна нов објект кој по својот изглед ги задоволува сите европски карактеристики. Новата деловна зграда на НЛБ Групацијата во Македонија е изградена и опремена според најсовремените европски стандарди за деловни простори за банки. Станува збор за т.н. интелегентна зграда во која е применет Билдинг менаџмент систем кој овозможува централизирано управување и надзор на системите за греење, ладење, електронски комуникации, системите за електронска и физичка заштита и за надзор на пристап до и во објектот. Зградата има два посебни дела и тоа едниот е на НЛБ, а другиот е петкатна гаража.
Овие два дела над земја се одвоени на растојание од осум метри, но меѓупросторот подземно не се гледа затоа што објектите се поврзани. Зградата на НЛБ Групацијата има димензии 46 метри на едната и 43 метри на другата страна. Официјален проектант е “ИНПУМА”, а проектанти на технолошкиот дел се тим од НЛБ Групацијата. Надзорен орган на зградата е тимот од Градежниот институт “Македонија”. Радован Трпкоски, раководител на проектот од НЛБ, вели дека објектот има подрум, приземје и пет ката и со тоа ги задоволува урбанистичките параметри. “Под подрумот има посебен дел што ги обединува катната гаража и нашата зграда со површина од 3.200 квадратни метри. Под земја зградата на НЛБ има две етажни нивоа каде се наоѓа кеш центарот и паркингот за службените и за возилата на вработените. Во овој дел има место за паркирање на 50 возила. Внатрешно има четири атриуми што од надвор не се гледаат затоа што станува збор за голем габарит”, објаснува Трпкоски. Површината на приземјето и катовите, додава тој, е приближно иста. Приземјето има површи на од 1.800 квадратни метри, а катовите се по 1.450 квадрати. Причина за различната квадратура е поради тоа што атриумите почнуваат од првиот кат па нагоре, а не и од приземјето. Висината на објектот до венец е 21 метар што е во согласност со урбанистичките услови. Според Трпкоски, карактеристично за оваа зграда е нејзината армирано-бетонска скелетна конструкција со безгреден систем што претставува поекономична варијанта. “Парапетите се класично ѕидани, а има обработка со природен гранит од прилепско производство. Еден дел е сив материјал тоа е “алукобонд” од производителот “Мицубуши”. Стаклата се од белгиско производство и се со зеленкаста боја”, додава Трпкоски. На целиот објект, објаснува Трпкоски, има 1.510 квадратни метри прозорски стакла, а на фасадата има калено стакло што е доста јак термопан. Стаклен е и аголот од зградата што гледа кон булеварот Водњанска. Сето тоа е направено за да нема големи загуби, но и од безбедносни причини. Во приземниот дел од зградата околу 90 отсто е стакло што придонесува внатрешноста да има природно осветлување и проветрување. Интересно, според Трпкоски, е и тоа што во изградбата на зградата се применети нови технологии, а една од нив е и четирицевниот систем што овозможува греење и ладење во исто време на различ ни делови од објектот. Исто така, овозможено е сензорски да се следи секоја точка од објектот и навреме да се интервенира. Статиката на објектот , додава нашиот соговорник е посебно третирана и токму затоа во неа има околу 400 тони повеќе железо отколку што било предвидено во проектот. За влегување во зградата, објаснува Трпкоски, овозможени се два главни пристапа и тоа едниот од страната на улицата Мито Хаџивасилев- Јасмин и другиот од кај булеварот Водњанска. Исто така, има еден службен и влез за експозитурата сместена во приземјето.
Она со што објектот и НЛБ може да се пофалат, покрај интелегенцијата, според Трпкоски, е токму експозитурата со површ ина од 600 квадратни метри за странки и 1.000 квадрати заднински дел. Во делот за странки има 10 истурени шалтери, а за одредени клиенти има и посебни простории. “Може да се пофалиме со тоа што ја имаме првата експозитура каде посебните клиенти не ги шетаме по шалтери за да извадат поголема сума на пари. Тие седат во посебни простории, а парите им доаѓаат преку пневматска цевна пошта. Вакви простории се четири на број. Исто така, новина е и тоа што за прв пат е применето биометриско читање преку зениците на очите на вработените, со чија помош се влегува во посебни простории. Сето ова се наоѓа на приземјето, а останатите катови се за администрацијата. При изградбата на зградата се мислело на секој сегмент , па таа има резервни дизел агрегати, потребни ако додје до проблем со електро-енергетската мрежа. Вредноста на целата инвестиција во зградата и во опремата изнесува над 30 милиони евра. Најмногу средства се потрош ени за градежните работи и тоа околу 23 милиони евра, а само опремата за безбедност чини 600.000 евра, вели Трпкоски. Исто така, НЛБ Групацијата има инвестирано и во изградбата на катната гаража, која обезбедува места за паркирање на околу 500 возила, а која и припаѓа на фирмата “Сити Плаза” која воедно е и изведувач на градежните инсталационите работи на интелигентната зграда на НЛБ Групацијата.


http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=1540&Itemid=78



Edited by pbanks - 19-Feb-2009 at 12:08
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #331 Posted: 19-Feb-2009 at 13:59
дали тоа се спомнува петкатна гаража?
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9040
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #332 Posted: 19-Feb-2009 at 14:03
Originally posted by zabegan

дали тоа се спомнува петкатна гаража?


Се спомнува но низ муабети со луѓе мене ми излегува есап од максимум 200 коли.

Како што и споменува самата објава под земја имаме 2 нивоа од кое само едното е паркинг по целата површина. Делот на City Plaza што е над земја нема П од паркинг колку што знам.

Од 2-3 луѓе кои работат во НЛБ или имаат некого кој работи таму разбрав дека на вработените им го нудат паркингот карши Нова Македонија за паркирање (ваљда НЛБ мисли таму да закупи дел).

Се на се анализата од пред неколку страници на Медо беше прилично добра. Веројатно е дека она со 500 места и чиста лажга.

Вчера поминав кај објектот и ми делува дека горе доле завршуваат со уредувањето на пристапите. Евентуално може следната недела да испукаме уште некој кадар и да го поставам гласањето и за овој објект.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9040
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #333 Posted: 11-Mar-2009 at 16:07
Нема логика веќе да ја одлагаме анкетава за објектот.

Да резимирам околу прашањето што остана отворено за паркингот.

Објектот има 2 подземни нивоа од кои само едното е целосно за паркинг. Другото е во голема мера зафатено со трезорот. Дали капацитетот бил 200, 190 или 210 не е ни битно. Далеку е од 500.

Вчера имав прилика да влезам и во канцеларискиот дел од објектот. Прилично безличен, штур на моменти и клаустрофобичен. Само се вклопува во бледата слика за овој проект.

Надворешно гледано единствена позитивна работа е што се урбанизираше една битна локација со квалитетна содржина (деловен објект, банка). Тука барем за мене завршуваат плусевите.

Фасадата воопшто не ми се допаѓа. Висината не е пресуден критериум но сметам дека објект со дополнителни две нивоа ќе делуваше посоодветно пред се гледано од бул. Св. Климент Охридски но и кон идниот Јужен Булевар. Јужната фасада е дополнително монотона и безлична.

Да не заборавам да ги спомнам оние чудни светилки на кровот на City Plaza кои сами по себе се способни да скинат барем 1 поен на скалава.

Се на се една 4ка од мене и тоа со тешко срце.


Edited by pbanks - 11-Mar-2009 at 16:09
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3834
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #334 Posted: 11-Mar-2009 at 16:12
od mene ima 9. se razbira deka sekogas mi se dopagaat zgradite so stakla
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12035
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #335 Posted: 11-Mar-2009 at 16:20


Па оваа не е баш до толку стаклена, плус тоа и тоа равенство стакло=добро не ми е баш многу кул...


Од мене 5. Отприлика истите забелешки како пбанкс со тоа што имам малку поблаг пристап па затоа една оценка погоре. Највеќе ме иритира делот со бројот на паркинг места!
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9040
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #336 Posted: 11-Mar-2009 at 16:29
Само би ве замолил сите пред да гласате на секунда да го прочитате следново

Препораките за гласање за анкетите за оценка на завршени објекти

Не се работи за некој нов правилник на форумов туку чисто за сет на препораки кои ги сумиравме со другите модератори кои се надевам ќе се земат во предвид од страна на сите со цел овие анкети да имаат некаква цел и да не станат бесмислени какви што често знаат да бидат интернет анкетите.

Cheers
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3834
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #337 Posted: 11-Mar-2009 at 16:59
zgradata izgleda super za mojot vkus, i funkcionirat dobro so site tie tocki sto se
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4474
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #338 Posted: 11-Mar-2009 at 18:04
Од мене има 6-ка, и за тоа ме охрабри последната точка која вели да се земе во предвид планот. Значи оваа зграда е една од најретките кои беа завршени во својот рок (одлагањата беа минимални-занемарливи колку што се сеќавам), а беше иста како оригиналниот рендер (вториот, но навремено беше истакнато дека има нов рендер), и една од ретките со добар рендер, а не цртеж за боенка за забавиште. Со тоа ја заслужи оценката плус, значи петка за изгледот, материјалите и сите тие работи, бидејќи да бидеме реални, воопшто не е лоша, и мразам кога велам за наши услови, но сепак форумот е за градби во Македонија и гласаме само за такви, па за наши услови си ја заслужува 6-ката, а можеби и повеќе, но 7-ка веќе би значела дека е прилично добар објектов (бидејќи 9 и 10 ги резервираме за скопски бурж-ал-араб но се сложувам со тоа), а не е до толку вонсериски за да го сметам за прилично добар. Едноставно, ОК, а ОК=5-ка или 6-ка.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #339 Posted: 11-Mar-2009 at 19:53

Од мене 6ка. Се сложувам со ПБанкс, и ќе беше 7 од моја страна да ги исполенше потребните паркинг места (ај тие чудните сијалици, ќе им прогледам кроз прсти иначе требаше 5ка). Сепак одам по некоја факултетска логика а според тоа со 6ка едвај би прошол. Ми се допаѓа тоа што конечно се урбанизираше една голема запуштена ливада во строг центар и што целито тој реон добива деловен шмек. Се сложувам дека фасадата е преладна и несоодветна за строг центар, и дека и недостаува висина.

Back to Top
maestro View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 02-Aug-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 505
  Quote maestro Quote  Post ReplyReply #340 Posted: 11-Mar-2009 at 20:15
Ако не се лажам од порано им реков ќе им дадам 8ца, сега малку оладив па ќе им дадам 7.
Пред 3 години на тој простор немаше ништо, додека сега има солиден (од внатре) трговски центар и Деловна зграда на банка.
Фасадата солидна, или поточно можело и подобро, ама ни овака не е нешто за да се рече дека е многу лошо.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1516171819>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.