build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Езеро Треска

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Езеро Треска
    Posted: 03-Jun-2009 at 23:39

Нова урбана опрема на езерото Треска, забраната за капење останува

Во санитарните јазли се поставени бојлери и туш-батерии

Езерото Треска и годинава нема да им биде достапно за капење на скопјани. Водата, која се полни од реката Треска, и понатаму е загадена, поради што забраната за капење, која е актуелна веќе неколку години, ќе продолжи и летово. Сепак, комплексот „Треска“ ќе биде привлечен за посетители, бидејќи градските власти неодамна инвестираа во нова урбана опрема.

Градот Скопје деновиве го реновираше постојниот видиковец во Спортско-рекреативниот центар „Езеро Треска“, а изгради и уште еден. Исечени се сувите и паднати дрвја од невремето што го зафати Скопје и поставена е нова урбана опрема.

Во тревниците се поставени 15 маси со 30 клупи за седење, изработени од дрво, а уште 15 клупи се поставени покрај патеката околу езерото. Во наредните денови ќе се засади летен цветен расад на влезот и внатре во центарот.

„Во СРЦ ’Езеро Треска‘ деновиве се реновираат и санитарните јазли. Досега се поставени бојлери и туш-батерии, туш-кабините ќе се доуредуваат со штици, а вратите и ѕидовите ќе се бојадисаат. Предвидено е да се поправи и електричната инсталација“, велат во Градот.

Оттаму апелираат до посетителите на комплексот да ја почитуваат забраната за капење, бидејќи во спротивно ќе се соочат со можности за кожни и други видови заболувања. Градските власти информираат дека на шест видливи места околу езерото „Треска“ се поставени табли со натпис за забрането капење.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=982037526E30E54EBAFCF5FB1CD4717C
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 03-Jun-2009 at 23:48
Со години доста средства од град Скопје се одлеваат за санации и уредување на езерово и повторно безполезно. Мислам дека единствен спас за езерово е доколку се даде под концесија заедно со дел од површината од околу, ама не да се даде под концесија на некој локален шериф него на меѓународна фирма што стопанисува со вакви водно-рекреативни центри. Сигурно ќе има некоја фирма што ќе биде заинтересирана, некоја од оние што стопанисуваат со аква-апркови ватерлендови и слично. Не викам дека тука треба да се гради некаков ватерленд, него чисто таква специјализирана фирма доколку го види својот интерес.

Инаку за езерово треска колку што имам слушнато уште при изградбата има некоја грешка направена, некја грешѓка околу струењето на водата низ езерото па се создаваат како "слепи црева" во езерото и некои делови од водата воопшто не проаќаат низ системот за прочистување односно остануваат заробени "по ќошеви". Тука всушност бил и најголемиот проблем зошто езерото захтева толку редовно чистење.

Друга работа околу локацијата, малку е далеку за да биде толку активно колку што се очекува, прситапниот пат не баш во некоја којзнае каква состојба, околниот амбиент дополнително.

Затоа сметам дека концесија единствено може да го направи Треска тоа за што е планирано.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 04-Jun-2009 at 01:13
Еве сега разгледував некои опции за еверото Треска. Еве го мојот предлог како да се реши околинава и да се направи спортско-рекреативен центар кои ќе се дава под концесија за десет-дваесет години како би можело да има поврат и повеќе од поврат на средства. Или да го претвориме во ншето слично на она што ого планира ФФМ на кеојот на Вардар позади Александар Палас.

Предлагам прво патот што води до Глумово па понатака за Матка да се премости преку другиот крак кој иде подлиску до автопатот и да се оформи нова обиколница на Глумово кој ќе се спои понатака пак со истиот пат, а притоа нема да треба автобуси и голем број на возила преку викендите да проаѓаат низ тесните улички низ Глумово и дополнително да прават штетат на улиците низ селото, а башка селаните и ќе имаат повеќе мир. За доброто и на селото и за доброто на оние кои идат за Матка сметам дека подобро да се заобиколи Глумово. Така ќе може и да се доофрми голема површина околу езерото на која ќе мое да се инсталираат во иднина голем број спротско-рекреативцни содржини од страна на евентуалниот иден концесионер. Со зголемувањето на комплексот езеро Треска да се остави простор за дополнителни игралишта кои ќе бидат дел од центарот и ќе го зголемат инетересот за посетителите.



Според овој предлог новите улици кои треба да се изградат се во должина од вкупно ~2км. Со зелено е ограден целиот простор кој предвидувам да биде спортско-рекреативниот комплекс. Површината е точно 1 км2, ниту помалку ниту повеќе. Предвидени се два влеза, еден од кај Скопје каде што моментално иде патот, а другиот е преку автопатот кај што сега веќе има клучка, тука да се оформи уште еден влез, но може и овој влез од страна на Скопје да се изостави, па да се остане на само еден главен влез што не е некој голем хендикеп за комплексот. Со оглед на тоа што ова е точката каде што ќе треба да почнува јужен Булевар и нензма колкава би била евентуална дополнителна гужва, па може да игра во врска со влезот и да се помести малку посеверно но не сметам дека би било потребно.

Имав некои дилеми во врска со регионланиот пат кои иде покрај автопатов околу раскрсницата нова што би се оформила на влезот во Глумово, и на крај сепак ја остаив вака. Дополнително новиот пат мислам дека до заобиколува она брдото после Глумово со нагиб надвор од стандардите, односно не го заобиколува него го избегнува големиот нагиб на брдото од страна на Глумово со тоа што околу Глумово постепено со поблаг напон го качува брдото. Е сега немам топографска карта за да можам да потврдам.

Дополнително како содржина го предвидувам она островче на реката Треска кое може да се уреди да биде дел за некој отворен ресторант или тераса за кафе.

Инаку за финансиски средства за сообраќајните модификации мислам дека не би било воопшто проблем доколку се накалемат како трошок за првиот концесионер кој пак би добил поголем период за разлика од следните. доколку се пристапи на изведба на овој предлог мислам дека еден од поголемите проблеми кои би настанеале би биле проблемите со експропријаца, но не верувам дека можат да бидат толку страшни со оглед на тоа што се работи само за десетина ниви со некоја мала квадратура.

А најбитно е што езерото Треска од досегашна финансиска дупка по буџетот на Скопје можеме да го претвориме во доходовен извор на средства од концесијата за град Скопје, а воедно граѓаните да добијат солиден рекретивен центар кое дополнително ќе донесе со себе и десетици работни места.

Прелогов не захтева некои големи модификации на просторот, а добивката е огромна. Сметам дека вреди да се разгледа сериозно.


Edited by lslcrew - 04-Jun-2009 at 02:01
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9032
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 04-Jun-2009 at 10:20
Решение треба да се најде дефинитивно. Дали треба да биде концесија или незнам што треба убаво да се процени, концесиите неможе да бидат магично решение за нашата неспособност во секоја ситуација. Наместо да се обидеме конечно да се корегираме по секоја цена ги форсираме концесиите кои пак во најголем дел случаи и не се покажуваат како добри кај нас (веројатно во голем дел сме пак ние криви и нашата неспособност да креираме квалитетен концесики договор, да ги наметнеме нашите услови и на крајот законски истите да ги спроведеме).

Колку што јас знам во Европа па и во блиското окружување имаме доста вакви примери и никаде приватници не управуваат со комплексот туку се само дел од него. На пример кај загребското езеро Јарун е концентриран голем дел од летниот ноќен живот но комплесот како целина го води Град Загреб.

Но во ред, да се задржиме на твоите концепциски предлози.

Идејата со обиколницата на Глумово ми се допаѓа. Дополнително пристапот до Треска би ги предвидел да иде токму преку клучката на автопатот Скопје-Тетово а не преку Сарај. Сигурно ни на Сарајци и Глумовци не им е мерак еден куп коли постојано да им проаѓаат низ селото. Како тоа би се ограничило незнам, веројатно ќе треба да се ослониме на општата култура на граѓаните што не е и некој ослон.

Друга работа. Апсолутно е логично да има воден парк во овој комплекс. Ако некаде во Скопје треба да се прави воден пак спрема мене тоа е тука. Има сосема доволно простор и е комплементарен со постоечките содржини. Сите други локации кои се вртеле во аеродром, карпош, гази баба се безвезни.

Понатаму би уредил некоја патека за џогинг, точаци, итн покрај Треска за поврзување со рекреативниот центар Сарај. Не зборувам за изградба на кеј, туку за една убава патека колку што може поблиску покрај реката која би била пријата и за шетање и за спортување. Патеката би било убаво да завршува кај устието на Треска во Вардар каде може да се уреди и поголем простор за одмарање (незнам како е сега тоа изведено). Се работи за потек го 4-5км така да должината е совршена. Патеката би можела да продолжи и во другиот правец кон Матка.

Спортските терени пред се би ги поставил во Сарај каде што всушност и постојат во голем дел само се запустени. Во делот кај езерото Треска би форсирал рекреативни содржини.

Кампот не би го чепкал, само би го надградил и би го реновирал.

Езерото е одлично и за концентрација на ноќниот живот но за жал би било пребучно за блиските села кои се во непосредна близина така да веројатно тоа отпаѓа.

Што се однесува до самото езеро не верувам дека постојат некакви џебови кои не се филтрираат. Барем јас не го разбирам тој резон, ако водата проаѓа низ некој филтер тоа е тоа, неможе да го избегне. Немам доволно информации но повторно го припишувам тоа на нашата бахатост и на ништо друго. Единствена замерка ми е дното кое јас комплетно би го бетонирал или барем би го нафрлал со камен, онакво муљевито воопшто не ми се допаѓа.

Инаку незнам дали можеш да ставиш ресторан на тоа островчето на Треска, водостојот не е константен, некогаш се испушта вода од браната, незнам дали можеби островчето се поплавува. Инаку убава идеја.

За крај еве неколку слики од Јарун во Загреб да видиме како тоа може да изгледа.

1

2

3

4

5

6

7


Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 04-Jun-2009 at 10:42
Ја пристапот така го оставив на сликата како што е, значи со раскрсница за да се остави клучката да биде сервис и на комплексот и на глумово и сараја како и матка. Зашто ако се диференцира клучкава да биде за комплекстот а да треба единтсвен пристап до матка и глумово да биде преку сарај. Значи тука може да се направи и обично прексртување и воопшто да нема раскрсница ама така се кратат многу врски. А со оглед на тоа што во иднина токму оваа клучка треба да биде почетната точка на јужен булевар мислам дека решението вака е одлично, односно пристап директно од булевар.

А овој примерот о езерото Јарун ти е многу добар урнек како да се среди со Треска, пошто вероватно и ова езеро потекнува од истото време кога е градена и Треска, само што тогаш во своите почетоци функционирала и Треска. Сега е оставена на ветромет. И тачно е дека конесијата не е решение на све, ама кога гледаме дека толку децении неможеме да го заживееме барем да оставиме шанса на некој што е спремен и да плати и да го заживее. А во врска со дуќани, кафичи и слични содржини концесионерот ќе може да го реиздава земјиштето на трети лица под услови кои ќе ги договорат со концесионерот. Значи модел сличен на загребскиот само што тука наместо да стопанисува градот стопанисува концесионер.

Идејава со патеката мислам дека не е толку потребна ако е самостојна. А во случај доколку онаа патека што иде покрај вардар па да продолжува по кејот на треска, ниту мостови туку само да си продолжи пошто од таа страна доаѓа патеката, тогаш може да очекуваме велосипедисти да идат накај Матка и да биде искористена патекава.


Edited by lslcrew - 04-Jun-2009 at 10:43
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9032
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 04-Jun-2009 at 10:50
Originally posted by lslcrew


Идејава со патеката мислам дека не е толку потребна ако е самостојна. А во случај доколку онаа патека што иде покрај вардар па да продолжува по кејот на треска, ниту мостови туку само да си продолжи пошто од таа страна доаѓа патеката, тогаш може да очекуваме велосипедисти да идат накај Матка и да биде искористена патекава.


Патеката ми падна како идеја кога гледав на ГЕ како да ги поврземе барем некако Сарај и Езеро Треска бидејќи сепак до некаде се комплементарни и се релативно блиску.

Со оглед на тоа дека патеката покрај Вардар се покажа како успешен проект и граѓаните доста ја користат може слична приказна да се реплицира и тука. Секако онаа покрај кејот на Вардар ни е многу поблиску на сите па меѓу другото и затоа ја користиме толку, но доколку Треска и Сарај се ревитализираат како што треба и влечат големи маси на луѓе сигурно и една ваква патека би имала логика. Особено летно време мислам дека би било пријатно за прошетка покрај Треска каде температурата е сигурно пониска отколку во сред град покрај Вардар каде всушност нема ни сенки.
Во секој случај интересна ти е идејата за велосипедска патека до Матка. Незнам каков е текот на Вардар по она насипчето позади Хром/Јурија дали е по целата должина почнувајќи од крајот на скопскиот кеј или нешто треба да се доуреди.

И уште една работа. Ништо од целиов проект без квалитетен јавен превоз.


Edited by pbanks - 04-Jun-2009 at 10:51
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12028
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 04-Jun-2009 at 19:01
Во однос на сообраќајното решение мислам дека мора да има нова клучка или поголемо редизајнирање на постојната. Не смее за префрлање од М-4 на Јужен Булевар (нормално и обратно) да мора да поминеш низ крстосница. За ова и ГУП-от не ми е јасен како и што предвидува, но да не одам премногу офтопик...
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 04-Jun-2009 at 20:05
Да се направи пат над Глумово скоро е невозможно, бидејќи селето е веќе во котлина, и падот е огромен, едино може да иде под селото, поред Треска.

Еве и една слика како е стрмнината кон селото, а десно е патот уште посрмен качувајќи се кон горно мало.



Иначе мислам дека имаше едно време план од кај село Грчец, но голем преблем се имотно правните проблеми
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 04-Jun-2009 at 20:55
Ееее владимир баш овој кадар требаше! Токму оваа точка и ме има испровоцирано за предлогот сообраќајно решение. Ова е најтесната точка на патот.
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 04-Jun-2009 at 21:29
Originally posted by lslcrew

Ееее владимир баш овој кадар требаше! Токму оваа точка и ме има испровоцирано за предлогот сообраќајно решение. Ова е најтесната точка на патот.

Точно, една кола и пешак одвај се разминуват, а уште и вода која нон стоп се слива по патот прави проблеми а нарочно зиме.
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9032
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 04-Jun-2009 at 23:37
Еве една убава слика за преглед, ја ископав од хард диск, мислам дека ми е превземена од фото.идивиди




Edited by pbanks - 04-Jun-2009 at 23:37
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 04-Jun-2009 at 23:55
Прекрасна слика.

А еве нас за што ни служеше „езерото“

Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 05-Jun-2009 at 13:27




www.skopje.gov.mk

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 09-Jun-2009 at 18:30

Рекреативниот центар „Треска“ руиниран


Коментари (0)   
09.06.2009 17:45
 

 

Некогаш место за забава и рекреација, денес запустено и заборавено. На езерото Треска времето запрело.

Искршени табли, пропаднати објекти. На гардеробите нема врати, на локалите нема прозорци. Тоалетите се во катастрофална состојба.

Спортско рекреативниот центар „Треска“, иако граден со пари на граѓаните, сега тие ретко го посетуваат. Оние неколкумина кои живеат во приколките велат дека местото изобилува со природа, но инфраструктурата е во катастрофална состојба. А некогаш било поинаку.

„Имаше кафеани, три-четири... онде имаше... Работеа до еден саатот... флипери, продавница, до дванаесет, до еден саатот работеше. Тука спиеја... абе имаше се да се купи. Децата и внуците ги израснавме... до дванаесет, еден саатот ноќе не можевме да ги прибереме од флипери, од ова, од она. Имаше се разонода“, објаснува Јордан Талески.

Не работат базените. Наместо вода, во нив има пајажини и искршени плочки. Водата во вештачкото езеро со години е загадена, а само пред 20 години имало по 10 000 капачи.

„Нема движење на водата. Човекот кога ја градел некоја грешка има направено. Не е тоа да влегува вода и да не излегува... чудна работа“, вели Лирим Касапи.

Неколкумина мештани ја отворија капачката сезона. Се бањаа во езерото, меѓу алгите и жабите, не обрнувајќи внимание на таблите на кои стои дека капењето е забрането.

01.

02.

03.

04.

05.

06.

07.

08.

09.

10.

http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=109804




Edited by lslcrew - 09-Jun-2009 at 18:41

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 15-Jun-2009 at 23:09

Жителите на Сарај се жалат на смрдеа од езерото „Треска“

За да ги спречат фекалиите, градските власти ќе градат канализација во Грчец и Сарај

Сања Наумовска

Жителите на селото Глумово и околината во општината Сарај се жалат на лоша миризба од езерото „Треска“. Мештаните се сомневаат дека се работи за помор на риби од неодамна порибеното езеро. Тие се пожалиле до Општина Сарај дека не можат да живеат во услови кога не смеат да отворат прозорец поради смрдеата, ниту, пак, можат да одат и да го користат рекреативниот центар. Жителите велат дека лошиот мирис се должи и на наталожените нечистотии, кои не биле исчистени со години.

Општина Сарај со поддршка за мештаните, бара Градот трајно да го реши проблемот со езерото „Треска“. За нив е недозволиво овој комплекс со години да стои запуштен, без да се инвестира ништо во него или, пак, да се побара нов стопанисувач кој би финансирал во целосно уредување на езерото.

Во Градот, пак, велат дека езерото Треска е наменски порибено, поради одржувањето на балканското првенство и во иднина нема да служи како рибник. При оддржување на првенството, минатиот викенд, не е нотиран никаков помор на риби, ниту, пак, друг екоинцидент кој би предизвикал проблеми на населението.

„Бараме конкретни одговори зашто езерото е нефункционално со години, направени ли се анализи како тоа може да се реши и колку ќе чини тоа“, прашува градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети.

Тој вели дека деновиве ќе побараат средба со надлежните во Градот за да се информираат која е причината за смрдеата во околината на Треска, како и да разговараат за конкретни предлози за заживување на комплексот. Општинарите велат дека нема да бараат тие да стопанисуваат со езерото, но очекуваат Градот да им понуди конкретен проект. Доколку ни Градот ни Општината немаат пари, предлагаат да се бара приватен партнер.

Градските власти одговараат дека се преземаат конкретни мерки за уредување на езерото „Треска“. Реновиран е постојниот видиковец, а изграден е уште еден нов. Во тревниците се поставени 15 маси со 30 клупи за седење изработени од дрво, а уште 15 клупи се поставени покрај патеката околу езерото.

„Реновирани се и санитарните јазли, досега се поставени бојлерите и туш- батериите, а туш-кабините ќе се доуредат со штици. Вратите и ѕидовите ќе се бојадисаат и ќе се поправи електричната инсталација. Ќе се бојадисаат и тоалетите и гардеробите“, информираат од Градот, каде што, сепак, велат дека таблите за забрането капење ќе стојат и понатаму на шест видливи места околу езерото. Додека не се направи нешто конкретно за чистење на загадената вода, од Градот Скопје апелираат до посетителите строго да ја почитуваат забраната за капење.

Загадувањето на реката, а со тоа и на езерото ќе се намали кога ќе се реализираат проектите за изградбата на фекалните канализации во месноста Грчец и во Сарај. Овие проекти ќе се реализираат заедно со Владата и со Општина Сарај.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=B41996F807FDFA43809BFD73F211743B
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 17-Jun-2009 at 01:03

Од наредното лето капење во Треска

Градоначалникот Коце Трајановски ветува дека Треска ќе го врати стариот сјај, за што ќе придонесе и изградбата на фекална канализација во селата околу езерото

Градоначалникот Коце Трајановски ја разгледува можноста за заживување на езерото Треска и за враќање на поранешниот сјај на овој рекреативен центар, велат од Градот на прашањето дали првиот човек на Скопје има визија за овој објект, кој пропаѓа. Езерото и годинава, како и во изминатите две децении, е забрането за капење поради високиот степен на бактериолошка и хемиска загаденост на водата. Сепак, капачи има, бидејќи секоја година многумина не ја почитуваат забраната. Тој вчера го посети езерото со градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети, и најави дека капачите од следната година ќе се вратат во езерото.

- Искрено се надевам дека до крајот на оваа година ќе ги завршиме сите потребни подготовки езерото Треска да го ставиме во функција на граѓаните, а веќе наредната година капачите да се вратат во езерото. Станува збор за поголем зафат, кој бара повеќе пари. За многу кратко време очекуваме да почне изградбата на фекална канализација за населените места Грчец, Шишево и Глумово, која ќе ги реши проблемите со фекалните води. Тоа ќе помогне да се исчисти и езерото. Ние ќе направиме се' што е неопходно водата да биде и хемиски и бактериолошки исправна за капење - рече Трајановски.

За подобрување на состојбата на водата, потребно е да се изгради пречистителна станица, за што имаше многу дебати, а „Паркови и зеленило“ изработи и студија. Тоа е скапа инвестиција, која би чинела милион и повеќе евра, а досега ниту една власт не се зафати да ја реализира. Поранешниот градоначалник Трифун Костовски најавуваше можно приватно-јавно партнерство со странска фирма, но од оваа идеја не излезе ништо зашто државата не го дава земјиштето во сопственост на Градот.

- Во блиска иднина треба да бидат утврдени најефикасните начини за управување и одржување на езерото Треска - изјавија од кабинетот на градоначалникот. Засега објектот го одржува Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“.

- Зеленилото во кругот на езерото редовно се одржува. Комплетно се реновираат санитарните јазли, изградени се видиковци и се поставени клупи, маси и канти за отпадоци - велат од Градот.

Проблем се камперите со приколки, кои не плаќаат закуп, но градските власти велат дека наплатата е зголемена, бидејќи претпријатието презема максимални напори за наплата на побарувањата по судски пат. Од „Паркови“ со години во извештаите до Градот се жалат дека езерото го одржуваат со загуби, односно трошат 10 милиони денари за хортикултурно и инфраструктурно одржување, а немаат ќар од ништо.

Спортско-рекреативниот центар „Треска“ се води како државна сопственост, а во 2006 година е даден на користење на Градот. Објектот е изграден во 1978 година, со пари од самопридонес на скопјани. Тој работеше до 1989 година.

Рибите наместо да ја пречистат водата, пцовисаа

Жителите на село Глумово, кое се наоѓа во близина на езерото Треска, се жалат на смрдеа од рибите што пцовисуваат во езерото поради загаденоста. Месната заедница од Глумово се обратила до градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџети, за тој да го реши проблемот со надлежните градски власти. Жителите во дописот најавуваат радикални мерки, без да објаснат што мислат со тоа.  Од смрдеата на пцовисаните риби граѓаните се принудени да ги држат затворени куќите и другите простории за живеење - велат во Општина Сарај.

Оттаму за лошата состојба со езерото ги обвинуваат поранешните градоначалници на Скопје и на Сарај, кои, според нив, не се ангажирале ниту еден отсто за решавање на проблемот. Езерото Треска беше вештачки порибено од Риболовниот сојуз на Македонија во април годинава. Според нивното објаснување, порибувањето се изврши со цел да се прочисти водата во езерото. Беа пуштени 50 килограми риба од видот пастрмка.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=199EBEEACF0B1F4CA742F8C7D2F67D4D
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 22-Jun-2009 at 11:41
Скопје нема езеро!


Шо е, бе, скопјанишча! Го изгнсивте вашено езеро, па сега сакате и Охрид да ви го даиме, а!?


Вакви сеирџиски муабети им праќаат шегобијните охриѓани на нивните вечни ривали, жителите на македонската метропола откако и годинава, по десетти пат беше изречена забрана за капење во езерото Треска.

Шо е, бе, скопјанишча! Го изгнсивте вашено езеро па сега сакате и Охрид да ви го даиме, а!?

Вакви сеирџиски муабети им праќаат шегобијните охриѓани на нивните вечни ривали, жителите на македонската метропола откако и годинава, по десетти, единаесетти пат беше изречена забрана за капење во езерото Треска. Дијагнозата е позната: хемиска и бактериолошка загаденост од 4 категорија. Тоа значи дека водата не само што е опасна за капење, туку дека со неа не смее ниту да се наводнува зеленилото. Така, скопјани и годинава ќе останат без езеро и без употреблив рекреативен центар кој некогаш беше синоним за добра забава и уживање. Овој комплекс е пример како се однесуваме кон народниот имот. Изграден во 70-тите години од минатиот век со самопридонес на жителите на Скопје, денеска, повеќе заради негрижа, помалку заради пари, се распаѓа.

Се прашувам, што ќе се случеше доколку езерото Треска беше на некое друго место на планетава земја, а не на само 10 километри од центарот Скопје. Што ќе беше доколку неговите бивши градски татковци беа малку породителски настроени кон него и доколку сите нивни ветувања (кои по правило ни ги даваа во предизборните кампањи) навистина се реализираа. Е доколку тоа навистина се случеше, Треска ќе беше вистински рај. Со водна површина која е во вид на стилизирано човечко стапало во должина од 700 метри и ширина од 130 до 300 метри и длабочина од 1.60 до 3 метри ќе беше џетсетерски мултифункционален спортско рекреативен комплекс со вотерленд. Сарај ќе вриеше од народ, а скопјани секој слободен час ќе го минуваа токму таму... целата околина ќе мирисаше на забава и задоволство... Како некогаш...

За жал, повеќе од една деценија Треска смрди на фекалии, на тиња и алги, па и на мртви риби. Во загадените води на езерото не можат да преживеат ниту пастрмките со кои беше порибено заради одржување на неодамнешното балканско првенство во спортски риболов. Во водите полни со трева единствено живеат полноглавци и жаби. Има ли надеж?

По теркот на своите претходници и актуелниот скопски градоначалник во предизборната кампања вети дека ќе го ревитализира СРЦ Сарај. Но, за разлика од нив тој направи чекор повеќе. На стартот од своето градоначалникување, тој отиде да го посети езерото и од самото место им порача на своите граѓани дека до следното лето Треска ќе биде ревитализирана и вратена во функција. Нема да бара концесионер, туку ќе го уредува и со него ќе стопанисува Градот преку ЈП "Паркови и зеленило". Се подготвува сериозна студија за СРЦ Сарај да се претвори во употреблив рекретивен центар кој дополнително ќе обезбеди и десетици работни места и ќе биде доходовен извор на средства за буџетот на Град Скопје.

Народот и овојпат поверува. Ќе се стрпи до догодина. Ако, сепак, не се случи ништо, ене кај е Охрид.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=AAB70AA5BBCC9B45AAC47BA61DDA5FE0



Edited by lslcrew - 22-Jun-2009 at 11:41
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 22-Jun-2009 at 12:32
Почнуваат овие кампањски пишувања, афери, обечања ...буквално да ме нервираат. Еден ќе почне и тогаш сите новинарчиња ќе навалат, вака треба онака треба, и за недела дене со години никаква статија или потсетување.

Еве им тема која потполно е заборавија.

На некој километар поблизо до градот е и некогаш прекрасниот рекреативен центар Сарај, кој буквално сите го заборавија (освен од идејата на Циле, но како спортски центар).

Базени, игралишта, дебели, сенки, спортски центи, ресторан, трибини, опкружен од две реки ... тоа беше Сарај 

Edited by Vladimir P - 22-Jun-2009 at 12:34
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 25-Jul-2009 at 02:15

На „Треска“ само по риба, не и на капење

Градот ќе прави проект за пречистителна станица, за да види колку ќе чини нејзината изградба

Сања Наумовска

Езерото Треска ќе се користи за спортски риболов се' додека не се најде начин да се употребува за капење, соопштуваат градските власти. Моментно во Град Скопје се подготвува распишување јавна набавка за изработка на проект за пречистителна станица, со која би се обезбедила чиста вода за езерото. Градските власти ќе ги испитуваат сите можности за повторно враќање во употреба на рекреативниот центар, но признаваат дека тоа ќе зависи од парите. Најверојатно и изградбата на пречистителната станица ќе се одвива во фази, што ќе одземе дополнително време. Во Градот сметаат дека и изградбата на канализација за околните села ќе придонесе за подобрување на водата во реката Треска, која сега ги собира непречистени отпадните фекални води.

„Проектот ќе треба да покаже колкави финансиски средства се потребни за пречистителната станица, по што Градот ќе одлучи дали има можности да се гради. Сепак, од некаде мора да се почне, со оглед на тоа дека веќе петнаесетина години капењето е забрането поради загадената вода, а целиот комплекс е неискористен“, информираат во Градот.

Анализите на примероците земени од водата во езерото Треска и годинава покажуваат дека капењето е голем ризик за здравјето. Иако секоја сезона се испушта старата вода и се чисти тињата од дното, годинава поради порибувањето тоа не е направено. Од Градот велат дека предупредувања за опасностите од загаденоста, но и од ризикот за давење, со оглед на тоа дека нема спасувачи, има на секој чекор во рекреативниот центар. Во соработка со Општина Сарај било едуцирано локалното население центарот да го користи за рекреација без капење, а поставени се и двојазични табли со информации. Сепак, како и години наназад, на Треска редовно има капачи.

Лекарите велат дека инфекции на горните дишни патишта, на очите, ушите и вирусни инфекции на кожата, како херпес симплекс, се само дел од заболувањата што можат да се добијат од капењето во загадената вода во езерото Треска. Сепак, најголема е опасноста од цревни заболувања, како дијареа и повраќање, проследени со висока температура и општа слабост, кои се најчести кога луѓето употребуваат вода со висока бактериолошка загаденост. Можна е и појава на заразна жолтица, која може да се манифестира и по четириесетина дена.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=82060610417C9C459BEFE10B2CFE3BD1
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12028
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 09-Nov-2009 at 14:48
Со оглед на околностите, вака од прва би рекол дека токму концесија е добро решение  Dunno

Градот нема да го дава под концесија езерото Треска

Реконструкција и заживување на езерото Треска, изградбата на булеварите Илинден, Првомајска, Теодосиј Гологанов, изградба на нов мост во Сарај и пречистителна станица на Вардар се капиталните проекти кои Градот догодина планира да ги реализира.
Скопскиот градоначалник Коце Трајановски овие проектите, како приоритетни викендов ги презентираше пред Советот на Скопје, во рамките на дискусијата за планирање на буџетот за 2010 година, кој според проекциите ќе биде за 10 отсто повисок од годинешниот, односно следната година Градот ќе троши околу 2,5 милијарди денари.
Тој вети дека езерото Треска нема да го даваат под концесија, како што најавуваше претходната градска власт, туку дека ќе одвојат околу 30 милиони денари за реконструкција на овој спортско-рекреативен објект, кој со години е запуштен и надвор од употреба.
Булеварот Првомајска треба да добие четири ленти на потегот од населбата Расадник до рампа, улицата Иво Рибар Лола треба да се прошири на потегот од Католичка црква до студенсткиот дом "Гоце Делчев". Овие проекти, како и проектите за нов мост на Вардар кон Сарај и проширувањето на Илинденска се најавуваат веќе со години.
Градоначалникот Трајановски смета дека и набавка на возила и машини за "Комунална хигиена", "Паркови и зеленило" и "Улици и патишта" е еден од приоритетите на Градот, бидејќи така ќе се решат проблемите со нехигиената и дупките на улиците.
"Парите кои се проектирани во буџетот за 2010 година нема да бидат доволни за да се реализираат овие капитални проекти. Затоа кредитно ќе се задолжиме. Имаме позитивен кредитен рејтинг и можеме да земаме кредит од нашите комерцијални банки, кој ќе го враќаме следните 10 години. Така многу побрзо ќе ги завршиме предвидените проекти, инаку треба со години да градиме една булевар", рече Трајановски.
Трајановски не се откажува ни од проектот за трамвајот, односно рече дека до крајот на годината ќе распише тендер за избор на конслултант, кој треба да понуди решение за негова изградба. Градот ќе бара консултанти и за изградба на подземните улици под Кале и под плоштад Македонија.

(А.А.)

http://vest.com.mk/?ItemID=0308A8867F6C8C46868701C83A793D9A
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.188 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.