build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Езеро Треска

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 345
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15028
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #81 Posted: 13-Jul-2021 at 14:12
Одбиен предлогот СРЦ „Езеро Треска“ да му се врати на Градот

Спортско-рекреативниот центар „Езеро Треска“ да се врати во надлежност на Градот, односно тој да побара од Владата да му ја врати надлежноста, каде што и природно припаѓа е предлогот на советничката на партијата „Левица“, и активистката во Зелен хуман град, Драгана Велковска која го доставила до Советот на Град Скопје на вчерашната седница. Но, за жал, како што вели таа, советниците од владејачкото мнозинство во Советот не дозволиле нејзиниот предлог ниту да влезе на дневен ред за да се дискутира.

– Тие луѓе не ги претставуваат граѓаните. На луѓе што креваат два прста да поддржат уништување и приватизирање на нашите природни ресурси не им е местото ниту во Советот на Град Скопје, ниту на ниедна позиција каде што би имале моќ да одлучуваат во име на заедницата – смета Велковска.

Таа додава дека доколку Градот ги застапува интересите на скопјани, должен е да поднесе барање до Владата, сопственоста над СРЦ „Езеро Треска“ да му се врати, а потоа преку Фондацијата „Развоен институт Скопје“ и преку Секторот за меѓународна соработка, да лоцира соодветни фондови и конечно да го реализира ревитализирањето на СРЦ „Треска“, со тоа што ќе го задржи во јавна и нема да дозволи да прејде во приватна сопственост.

– СРЦ „Езеро Треска“, јавно добро создадено од сите жители на Скопје не може да биде сопственост ниту на приватен инвеститор, ниту на само една општина во рамки на Град Скопје, единствено затоа што таму физички постои. Заедничкото мора да им биде достапно на сите за фер и одржлива употреба, не да се даде под контрола на државно поддржана моќ на приватниот капитал, затоа што колективната контрола е темел на демократијата – потенцира Велковска.

Од Градот потврдија дека Велковска, на вчерашната седница поднела предлог за дополнување на дневниот ред со точка за утврдување на потреба од враќање на езерото Треска во надлежност на Град Скопје и негова ревитализација, но тој не бил прифатен од страна на членовите на Советот.

– Ингеренциите за езерото Треска од Град Скопје се предадени со одлука на Советот на Град Скопје во 2011 година, со што, надлежноста за реализација на овој проект е надвор од наши раце. Ние секако имаме интерес „Треска„ да го врати својот сјај, како спортско-туристички капацитет, па оттаму стоиме на располагање за соработка за реализација на сите проекти кои се од јавен интерес – децидни се градските власти.

СРЦ „Езеро Треска“ во 1978 година е создадено со самопридонес на скопјани, но со одлука на Владата во 2013 година, сопственоста беше пренесена на Општина Сарај. Со одлука на Владата од март годинава, се основа Туристичко-развојна зона „Сарај-Езеро Треска“, со која се планира СРЦ „Езеро Треска“ да му се даде на приватен инвеститор и дополнително тој да добие и државна помош – јавни пари за приватно да управува со „Езеро Треска“.

Општина Сарај на крајот на јануари ги отстрануваше приколките и објектите во рамки на СРЦ „Езеро Треска“. Според Општината, оваа одлука следи откако Инспекторатот за животна средина утврдил загаденост на воздухот, нечистотија, застарена електрична инсталација, нефункционален водовод и канализација. Таму има лоцирано околу петстотини приколки од кои за 330 камперите плаќаат редовна годишна закупнина на Општина Сарај.

Езерото Треска се протега на површина од 136.000 квадратни метри, длабоко е од 1,6 до 3 метри и има капацитет од 10.000 капачи. Поради загаденоста на водата, езерото е затворено како капачки објект од 1998 година.

https://www.vecer.press/одбиен-предлогот-срц-езеро-треска/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15028
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #82 Posted: 13-Dec-2021 at 08:20
Странски инвеститори од туристичкиот сектор ја пикираат ТРЗ „Сарај-Езеро Матка“

Надлежните институции засега не откриваат колку и кои инвеститори се заинтересирани за туристичката развојна зона „Сарај-Езеро Треска“. Од Владата информираат дека на привлекување инвестиции од овој тип активно работи Агенцијата за странски инвестиции и економските советници при Министерството за надворешни работи и оти во овој момент ТРЗ „Сарај-Езеро Треска“ се нуди како можност за инвестирање на потенцијални светски инвеститори во туристичкиот сектор. Но, не информираат колку и кои инвеститори се заинтересирани.

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) ја имаат понатамошната обврска да ја формираат туристичката развојна зона „Сарај-Езеро Треска“ и да овозможат услови за нејзино функционирање со поставување на потребната инфраструктура за инвеститорите. Директорот на Агенцијата, Љупчо Јаневски, вели дека иницијативата езеро Треска да стане развојна туристичка зона била поднесена во 2018 година од страна на Општина Сарај, а Агенцијата била должна да ја процесуира, во согласност со Законот за туристички развојни зони во интерес и на туристичкиот сектор.

Јаневски нагласи дека има интерес за инвестирање во повеќето туристички развојни зони во земјава, но и тој не прецизираше дали и колку има заинтересирани конкретно за новата туристичка развоја зона „Сарај-Езеро Треска“.

– Во овој момент не би можел да дадам информации бидејќи тој дел го води Агенцијата за странски инвестиции – дециден е Јаневски.   

Од Општина Сарај информираа дека последната административна постапка за „Езеро Треска“ е во завршна фаза.

– Потоа, Општината ќе ја извести Владата, односно надлежните органи за понатамошното постапување согласно со законот и конечно во блиска иднина да почнат градежните активности и уредувањето на рекреативниот комплекс, како што е предвидено со веќе донесениот урбанистички план – кусо известија од Општина Сарај не прецизирајќи повеќе детали.

На владината седница на 9 март годинава беше разгледана и усвоена Информацијата во врска со одлуката за продолжување на постапката за основање на Туристичка развојна зона „Сарај-Езеро Треска“. Тогаш владата одлучи дека постапката за основање на ТРЗ ќе се спроведува согласно со Законот за туристички развојни зони со уредени погодности за инвестирање во проекти со посебна намена.

Општинските власти од Сарај во јануари годинава започнаа со уривање на објектите околу Езеро Треска. Се отстрануваа бунгаловите, тоалетите, гардеробите, рестораните, кафулињата и останатите објекти изградени во 70-тите години од минатиот век.

На крајот од 2020 година, Општина Сарај им даде рок од 60 дена и на сопствениците на неколку стотици камп-приколки во кругот на езеро Треска за да ги отстранат нивните објекти. Тогаш, од Општина Сарај образложија дека уривањето на објектите во кругот на езерото е дел од постапката за заживување на езерото Треска, но и поради тоа што локалните власти побараа спортско- рекреативниот центар „Езеро Треска“ да се прогласи за слободна туристичка зона.

Деталниот урбанистички план за Езеро Треска веќе е донесен од Советот на Општина Сарај, а владата земјиштето околу овој комплекс го пренамени од земјоделско во градежно.

На последната средба со новинарите во врска со тоа што предвидува урбанистичкиот план што го опфаќа езерото Треска, градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџети, нагласи дека инвеститорот езерото ќе треба да го врати во функција со изградба на пречистителна станица и оти идејата е тоа да прерасне во туристичка атракција, да биде посетено од домашни и странски гости. Се проценува дека инвестицијата би била околу 200 милиони евра.

Според планот во просторот околу езерото Треска ќе има хотелски комплекс со 5 ѕвезди кој пак ќе има ресторани, спа-центар, фитнес, алтернативна медицина, базени и слично. А покрај главната зграда на хотелот ќе има и дрвени бунгалови. За остатокот од парцелата, предвидени се и спортски терени, базени, аквапарк, амфитеатар, ботаничка градина и други содржини.

https://www.vecer.press/странски-инвеститори-од-туристичкио/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15028
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #83 Posted: 09-Jan-2022 at 14:40
од твитер





Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 345

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.