Пазари (општо) |
Post Reply | Page <1 8910 |
Author | |
Marcello
Groupie Joined: 22-May-2024 Online Status: Offline Posts: 49 |
Quote Reply #181 Posted: 12-Jun-2024 at 15:06 |
Каде е ова? Изгледа добро средено. Дали ова е добро на изглед со комплетно наместено на тезгите зеленчук и овошје? |
|
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15260 |
Quote Reply #182 Posted: 12-Jun-2024 at 15:19 |
Исто во Штип, само други фотки се. Кај нас голем проблем со пазарите (и воопшто со најголем дел од јавните установи) е одржувањето, колку и да изгледаат убаво во првите денови, по неколку месеци се девастираат и изгледаат многу лошо и нечисто. Edited by Џоле - 12-Jun-2024 at 15:20 |
|
За сè има вторпат
|
|
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15260 |
Quote Reply #183 Posted: 16-Jul-2024 at 15:21 |
Новиот пазар во Драчево. Фотките се на Срѓан од ЅЅС форумот.
|
|
За сè има вторпат
|
|
ElfGT
Newbie Joined: 29-Jul-2024 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 35 |
Quote Reply #184 Posted: 29-Jul-2024 at 10:44 |
До кога ќе чекаат пазарџиите и купувачите на зеленото пазарче во строгиот центар на Скопје климатизирани услови за работа и тоалети?
|
|
Се се сведе на фаќање сеир на туѓа мука
|
|
UROS
Senior Member Joined: 28-Mar-2023 Online Status: Offline Posts: 183 |
Quote Reply #185 Posted: 11-Aug-2024 at 19:50 |
Vo Negotino ke se gradi pokrien pazar. https://negotino.gov.mk/%D0%B6%D0%B8%D1%82%D0%B5%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%BD%D0%B0-%D0%BE%D0%BF%D1%88%D1%82%D0%B8%D0%BD%D0%B0-%D0%BD%D0%B5%D0%B3%D0%BE%D1%82%D0%B8%D0%BD%D0%BE-%D1%9C%D0%B5-%D0%B4%D0%BE%D0%B1%D0%B8%D1%98/
Edited by UROS - 12-Aug-2024 at 09:35 |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20847 |
Quote Reply #186 Posted: 12-Aug-2024 at 16:33 |
По децениски ветувања, Неготино добива современ градски пазар!
После децении чекање, жителите на Општина Неготино ќе добијат нов и најсовремен затворен градски пазар, информира неготинскиот градоначалник д-р Горан Стојанов. Од утре, поради започнување на работните активности, постоечките штандови ќе бидат преместени на паркинг просторот веднаш до сегашниот пазар, а како што појаснува градоначалникот, новиот пазар би бил целосно изграден и пуштен во функција за околу триипол месеци. -Неготинци со децении чекаа на изградба на затворен и модерен пазар, и официјално стартуваат активностите за изградба на новиот пазар на местото каде што е и локацијата на постоечкиот. Станува збор за затворен пазар, ќе бидат поставени нови и современи метални тезги, ќе биде обезбеден полесен и безбеден пристап до пазарот, предвидена е изградба на тоалети, како и пристапност за лицата кои користат помагала за движење. Во новиот, затворен пазар, ќе се продаваат само земјоделски производи, за разлика од сегашниот, каде имаше и штандови со текстил и други производи, имаме и проект за паркинг, значи, градот добива еднен современ простор изграден по највисоки стандарди, вели д-р Стојанов. Средствата за изградба на градскиот пазар се во висина од 20 милиони денари, односно околу 325 илјади евра и се обезбедени од општинскиот буџет. https://fokus.mk/po-detseniski-vetuvana-negotino-dobiva-sovremen-gradski-pazar |
|
Carpe diem
|
|
Marcello
Groupie Joined: 22-May-2024 Online Status: Offline Posts: 49 |
Quote Reply #187 Posted: 12-Aug-2024 at 21:02 |
Џабе затворени пазари ако нема соодветни строги правила за продавачите на тезгите и секоја недела да има инспекции, секој ден чистење и селектирање на отпадокот.
|
|
UROS
Senior Member Joined: 28-Mar-2023 Online Status: Offline Posts: 183 |
Quote Reply #188 Posted: 21-Aug-2024 at 14:02 |
Denes se zapocna so gradezni aktivnosti na gradski pazar vo Negotino. https://www.youtube.com/watch?v=swpRvjqaVZ8 https://www.facebook.com/share/p/Geb9TKF6VuU3HSSW/
Edited by UROS - 21-Aug-2024 at 14:50 |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20847 |
Quote Reply #189 Posted: 21-Aug-2024 at 17:56 |
od fb
За прв пат од постоењето на градот, Неготино ќе добие нов, модерен и најсовремен затворен градски пазар, а вредноста на проектот изнесува 25.960.000 денари со вклучен ДДВ - средства обезбедени од буџетот на општина Неготино. Просторот на кој ќе биде пазарот е со површина од 440 метри квадратни и тоа по 220 од двете страни со поставување настрешници и тезги. На просторот на новиот пазар ќе бидат поставени 90 метални тезги, а објектот е предвидено да функционира со услужна намена - пазар и ќе биде во сопственост на општина Неготино. Рокот за завршување на работите е 3,5 до 4 месеци |
|
Carpe diem
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20847 |
Quote Reply #190 Posted: 26-Aug-2024 at 17:11 |
Граѓаните на општина Струмица и пошироко во регионот ќе имаат нов, современ градски пазар, кој ќе биде и најголемиот пазар во Македонија. Тој е уште едно предизборно ветување на градоначалникот Костадин Костадинов, коешто од денеска започна да се реализира. Вкупната површина на којашто се гради новиот пазар е 43.000 метри квадратни, од кои 8.200 ќе бидат покриени, а на кои ќе има 527 тезги, а планирани се и 250 паркинг места
https://www.facebook.com/opshtina.strumica |
|
Carpe diem
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20847 |
Quote Reply #191 Posted: 30-Aug-2024 at 17:50 |
од фб
ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА НОВИОТ ПАЗАР ВО МИРАВЦИ Проектот беше утврден како приоритетен од жителите уште пред локалните избори, што наметна потреба да биде ставен во програмата за Локалните избори. Изградбата започна во месец март и се одвиваше со добра динамика. |
|
Carpe diem
|
|
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15260 |
Quote Reply #192 Posted: 03-Nov-2024 at 09:40 |
Новиот пазар во Драчево, делумно веќе пуштен во употреба. Пазарот се наоѓа внатре и зафаќа многу помала површина од претходниот пазар. Ќе има и многу дуќани. Има паркинг на покривот, сличен концепт како кај пазарот на Бит Пазар.
|
|
За сè има вторпат
|
|
Post Reply | Page <1 8910 |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |