build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Градска инфраструктура (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1819202122 29>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #381 Posted: 27-Apr-2013 at 14:26
Неспаѓа во градска (бар јас колку што знам) ама незнаев каде да го ставам.


Сабота, 27 Април 2013 14:24

Се асфалтира локална улица во с.Ботун во општина Дебрца, а ќе се асфалтираат локални улици и во другите села во с. Песочан и с. Лешани.

debrca-2-500

- Денес сме сведоци на започнувањето на градење на општина Дебрца со нови Дела. Ова е показател дека за нецели 10 денови од преземањето на градоначалничката функција ние почнавме да градиме Дела, изјави градоначалникот на општина Дебрца Игор Трајкоски.

debrca-2-500

Вкупната должина со која ќе се асфалтираат овие улици е околу 500 метри. Исто така во наредните денови ке се изврши санација на ударни дупки во сите населени места во Општина Дебарца при што ке бидат вградени 240 тони асфалт.

debrca-500

Трајковски потенцираше пред граѓаните дека за брзо време односно во наредните десетина дена ќе бидат сведоци на новоизграден локален пат на релација с.Сливово спојка со магистралниот пат Охрид-Кичево со должина од 3000метри.

http://kurir.mk/republika/opstini/113761-FOTO-Pocna-asfaltiranjeto-na-lokalnite-patista-vo-opstina-Debrca
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #382 Posted: 13-May-2013 at 20:09
Понеделник, 13 Мај 2013 13:02

Општина Петровец доби нова модерна улица.

ul

Улицата во Горно Коњари беше свечено пуштена во употреба во саботата, а црвената лента ја исече градоначалникот Борче Митевски.

На свеченоста присуствуваа и Советници од советот на Општина Петровец и голем број на жители од месното население и околните места.

ul2

Улицата е во должина од 480 метри и чини 2.400.000,00 денари сретства одвоени од буџетот на Општина Петровец.

http://kurir.mk/republika/opstini/115542-FOTO-Nova-ulica-vo-Petrovec

Back to Top
Macedonicus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Google Maps: Regional Expert

Joined: 29-May-2011
Location: Czech Republic
Online Status: Offline
Posts: 357
  Quote Macedonicus Quote  Post ReplyReply #383 Posted: 23-Jul-2013 at 14:06
За пет ми­ну­ти од Со­пиш­те до Цен­тар

Но­ви­от ре­ги­о­на­лен пат со кој но­ва­та елит­на на­сел­ба Сон­чев град ќе се по­вр­зе со цен­та­рот на гра­дот, ќе би­де во дол­жи­на од 4,4 ки­ло­мет­ри, со две ко­ло­воз­ни лен­ти и тре­ба да би­де за­вр­шен за го­ди­на и пол

Поч­на из­град­ба­та на па­тот до Сон­чев град. Со не­го, елит­на­та на­сел­ба Сон­чев град во Со­пиш­те ќе се по­вр­зе со цен­та­рот на гра­дот. Ќе би­де долг 4,4 ки­ло­мет­ри, со две ко­ло­воз­ни лен­ти. Тре­ба да би­де за­вр­шен за го­ди­на и пол, а а из­град­ба­та чи­ни 6,7 ми­ли­о­ни ев­ра, кои се обез­бе­де­ни од Аген­ци­ја­та за др­жав­ни па­тиш­та. Из­ве­ду­вач на ра­бо­ти­те е ГП "Бе­тон".
Ка­мен-те­мел­ни­кот на но­ви­от пат бе­ше пос­та­вен вче­ра. Со не­го­ва­та из­град­ба не са­мо што се обез­бе­ду­ва пат за ид­на­та на­сел­ба Сон­чев град ту­ку им се олес­ну­ва и на ос­та­на­ти­те жи­те­ли на Со­пиш­те, кои по­ве­ќе не­ма да мо­ра­ат да ми­ну­ва­ат низ Ки­се­ла Во­да.
Во де­кем­ври, Оп­шти­на Со­пиш­те пот­пи­ша до­го­вор со тур­ска­та фир­ма "Џе­ва­ир хол­динг" за из­град­ба на но­ва­та елит­на на­сел­ба Сон­чев град. Тур­ска­та ком­па­ни­ја го ку­пи зем­јиш­те­то со по­вр­ши­на од 850.00 квад­рат­ни мет­ри за 1,7 ми­ли­о­ни ев­ра. По­чет­на­та це­на на јав­но­то над­да­ва­ње бе­ше 120 де­на­ри за квад­ра­тен ме­тар, а ид­ни­те газ­ди на Сон­чев град по­ну­дија це­на од 132 де­на­ри за квад­ра­тен ме­тар.
"Џе­ва­ир хол­динг" има об­вр­ска во рок од ед­на го­ди­на да го из­гот­ви про­ек­тот и да до­бие доз­во­ла за град­ба од Оп­шти­на­та. Во рок од шест го­ди­ни, пак, има об­вр­ска да из­гра­ди ба­рем 10 от­сто од пред­ви­де­ни­те со­др­жи­ни во но­ва­та елит­на на­сел­ба.
Ком­па­ни­ја тре­ба да из­гра­ди три ти­па жи­ве­а­лиш­та, нај­го­лем дел од нив на­ме­не­ти за до­му­ва­ње. Пред­ви­де­на е из­град­ба на лук­суз­ни ку­ќи и ви­ли со по­се­бен ре­жим на ко­рис­те­ње и заш­ти­та, со ми­ни­мал­на по­вр­ши­на од 500 квад­ра­ти на се­ко­ја од пар­це­ли­те за град­ба, по­тоа ин­ди­ви­ду­ал­но до­му­ва­ње во раз­лич­ни ви­до­ви ку­ќи, са­мос­тој­ни, дуп­лекс, ку­ќи во ни­зо­ви и ат­ри­ум­ски ку­ќи и са­мос­тој­ни стан­бе­ни згра­ди и стан­бе­но-де­лов­ни об­јек­ти во бло­ков­ски ни­зи. Во на­сел­ба­та ќе има учи­лиш­те, гра­дин­ка, тр­гов­ски цен­три, ка­ко и зе­ле­ни по­ја­си и спорт­ски те­ре­ни.
Ин­вес­ти­то­рот на сво­ја смет­ка ќе тре­ба да ги из­ве­де во­до­вод­на­та и ка­на­ли­за­цис­ка­та мре­жа, га­си­фи­ка­ци­ја­та и ули­ци­те во на­сел­ба­та.

http://www.vest.mk/default.asp?ItemID=7CC29B4F6A443B49873BC0EDE25F63EA

Има некоj претстава каде се наоѓа планираниов пат за да го пренесам на Google Maps?
ಠ_ಠ
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12124
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #384 Posted: 23-Jul-2013 at 16:11


За жал сеуште нема информација за точната траса, освен грубо за првите 500 метри во Сопиште:
http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=60&PID=157006#157006

Форумашите стекнаа навика за патов да дискутираат и во нишката за Сончев град, па следи ја и тамошната дискусија, можеби точната траса ќе биде обзнанета токму во таа нишка
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12887
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #385 Posted: 17-Aug-2013 at 14:04
Нов пешачки мост во Штип, кој ги поврзува Стар конак и Исарот. Фотографиите се преземени од Фејсбук страницата на град Штип.







За сè има вторпат
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #386 Posted: 03-Sep-2013 at 19:48
Дефинитивно одамна не сум активен, во Станбена Населба Лисиче односно на бул. Февруарски Поход пред месец дена започна да се рамни од десната страна за оформување на тротоари (кога одиш према последна 5ка) и скоро целиот потег на Февруарски поход е израмнет и спремен за тампонирање и ставање бекатон , но (секогаш го има нели) процесот малку подзастана пред 2 недели и оттогаш немаат мрднато ниту со прст (бар јас не сум приметил да нешто се сменило).
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #387 Posted: 08-Sep-2013 at 20:16
Знае ли некој зошто недостасувааат 90% одбројувачи на раскрсниците во Скопје? Буквално преку ноќ исчезнаа. Сум пропуштил некоја информација поврзана со тоа?
Back to Top
Macedonicus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Google Maps: Regional Expert

Joined: 29-May-2011
Location: Czech Republic
Online Status: Offline
Posts: 357
  Quote Macedonicus Quote  Post ReplyReply #388 Posted: 08-Sep-2013 at 22:17

Не сум сигурен но мислам дека е поврзано со новиот центар за контрола на сообраќајот. Веројатно треба да се наштимаат бројачниците па да ги вратат. Не би имало друга релевантна причина за тргањето
ಠ_ಠ
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #389 Posted: 11-Sep-2013 at 09:55

Originally posted by pbanks

Знае ли некој зошто недостасувааат 90% одбројувачи на раскрсниците во Скопје? Буквално преку ноќ исчезнаа. Сум пропуштил некоја информација поврзана со тоа?


Тајмерите од семафорите се отстрануваат
Актуелно, Од терен | 11.09.2013, 10:14




Тајмерите кои стоеја над семафорите и го одбројуваа времето до палењето на зелено светло повеќе ги нема на градските сообраќајници.
Уредите кои на возачите им покажуваа колку време за пауза имаат, уште при самото поставување тие ги оценија како корисни затоа што можеа да проценат дали имаат време да направат нешто во колата, да запалат цигара или пак веднаш треба да се спремат за тргнување, пишува Вечер.
Tајмерите се извадени од семафорите по наредба на Центар за управување и контрола на сообраќајот кој со помош на камери и детекторски индикативни јамки ќе ги диригира зелените периоди на семафорите во зависност од колоните на улиците.




- Поради почнувањето со работа на Центарот за управување и контрола на сообраќајот (ЦУКС), одбројувачите од сите крстосници опфатени со овој систем ќе бидат отстранети. Главната причина за тоа е што при истовремено функционирање на ЦУКС-от и одбројувачите ќе дојде до случај на променливи зелени времиња (поради поголем број возила автоматски од ЦУКС-от да биде продолжен зелениот сигнал, а одбројувачот да го покажува програмираното време за зелено светло) и да настане забуна кај учесниците во сообраќајот, објаснуваат од градот Скопје.
Од таму додаваат дека практиката и од другите европски градови каде што функционираат ваков тип на центри за управување со сообраќајот покажува дека на крстосниците опфатени со овој систем нема одбројувачи.
За воведувањето на Центарот за управување и контрола на сообраќајот на околу 90 крстосници низ главниот град ќе се постават сензори кои ќе ги бројат и ќе ги детектираат возилата. Исто така, ќе бидат поставени и 50 камери преку кои ќе се врши визуелен мониторинг на сообраќајните текови и 47 нови семафорски контролери.
Тоа ќе значи дека во иднина светлосните сигнали на овие крстосници ќе работат во зависност од сообраќајното оптоварување, односно зеленото време нема да биде фиксно како што е денес, туку ќе биде променливо во зависност од бројот на возила кои поминале преку таканаречените детекторски индуктивни јамки.
За меѓусебното поврзување на крстосниците, како и нивно поврзување со Центарот за управување и контрола на сообраќајот е предвидена оптичка мрежа која треба да овозможи пренос на податоците до центарот и обратно. Со формирањето на центарот предвидено е воведување на адаптивна контрола на сообраќајот на околу 90 крстосници.

http://zase.mk/tajmerite-od-semaforite-se-otstranuvaat/

Back to Top
Macedonicus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Google Maps: Regional Expert

Joined: 29-May-2011
Location: Czech Republic
Online Status: Offline
Posts: 357
  Quote Macedonicus Quote  Post ReplyReply #390 Posted: 11-Sep-2013 at 11:10
Работава е зошто едноставно кога може комплицирано... и пак не верувам дека ќе биде ефективно тоа сензорско надгледување знаејќи какви неспособни луѓе вработуваат.
ಠ_ಠ
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1303
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #391 Posted: 11-Sep-2013 at 11:13
Мене не ми е целосно јасно како ќе функционира овој систем и колку ќе биде тој ефикасен и најпред се' безбеден, но одбројувачите не само што беа корисни за паузи, туку пред се' многу допринесува за безбедноста во сообраќајот поради одличната индикација дали треба да ја намалиш брзината, да се спремиш за целосно застанување или пак да продолжиш на и пред семафорот и раскрсницата.   

Edited by HugoGoulding - 11-Sep-2013 at 11:16
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #392 Posted: 11-Sep-2013 at 12:21
Не само што се многу корисни, но тврдам дека систем за контрола и управување на сообраќајот може да функционира паралелно заедно со одбројувачите, кои само треба да се интегрираат и да се синхронизираат со ЦУКС. Срамота е што тоа очигледно немаат намера да го направат и лажат дека двете компоненти си пречат и не одат заедно! Не само што одат туку и се надополнуваат.

Тука можете да видите какви се поволности нуди ЦУКС во Софија (кој освен контрола на сообраќајот е надлежен и за сите градски паркинзи и за целиот јавен транспорт, а претстои и интеграција на 20 раскрсници кои предносно по потреба ќе даваат предност на возилата за јавен транспорт).

http://www.sofiatraffic.bg/bg/

Центарот за градска мобилност на Софија нуди многу интересни информации од секаков тип (ќе ги најдете на десната лента на страницата под Електронни улуги). Помеѓу најкорисните би ги издвоил:

* Планерот за патување со градски транспорт. На картата кликате појдовна и дојдовна точка во Софија и центарот ви ги дава сите варијанти за транспорт помеѓу нив:

http://www.sofiatraffic.bg/routes

* Информација во реално време за сообраќајните гужви во Софија, конкретно време за чекање на најголемите дваесетина раскрсници претставено за секоја насока посебно, заедно со сите ремонтни дејности или затворени улици по различни поводи (протести, концерти, настани...):

http://www.sofiatraffic.bg/map

* Целосен возен ред на сите линии на ГТ, не само од појдовните станици, туку и на секоја станица посебно:

http://www.sofiatraffic.bg/bg/transport/schedules

итн...

Сега се прашувам дали некој воопшто во Град Скопје знае што нуди денешнава технологија и дали мислат барем малку за воведување на тие решенија кај нас? Мислам дека мораме да го следиме примерот на Софија и полека да се интегрираат сите актери под една капа и надзор. Тоа значи следново: укинување на општинските и воведување на едно единствено градско претпријатие за паркинг. Поетапно целосно исклучување на приватните превозници од ГТ на Скопје или нивна интеграција под ЈСП! И за крај воведување на единствен центар за управување со сите овие компоненти, но кој за разлика од сега би нудел јавно достапна и корисна информација во реално време на своите граѓани!


Edited by Andrej_LJ - 11-Sep-2013 at 12:31
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
gorco View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Google Maps: Regional Expert

Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
  Quote gorco Quote  Post ReplyReply #393 Posted: 25-Sep-2013 at 15:07


е ова е нешто многу паметно, наместо она камионине да прскаат секоја вечер.

извор: http://kicevo.mk/i-kaj-nas-eden-den/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12887
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #394 Posted: 25-Sep-2013 at 16:08
Ха-ха-ха, да видам па да поверувам!
За сè има вторпат
Back to Top
Teglarot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 569
  Quote Teglarot Quote  Post ReplyReply #395 Posted: 25-Sep-2013 at 17:25
Originally posted by gorco



е ова е нешто многу паметно, наместо она камионине да прскаат секоја вечер.

извор: http://kicevo.mk/i-kaj-nas-eden-den/



За 100тина години . . .

Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12887
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #396 Posted: 26-Sep-2013 at 15:03
Тоа е тоа, некои приоритети не се приоритети...

Изрешетан мостот Обединети нации

Пешачката патека на мостот е целата со дупки, низ кои се гледа ре­ка­та Вардар, но од Градот не планираат реновирање, бидејќи не била на­ру­ше­на стабилноста на мостот



Ог­ром­ни дупки зјаат на мостот Обединети нации. Пешачката патека на мос­тот, буквално на секој метар е изрешетана со дупки, низ кои се гледа ре­ка­та Вардар. Освен тротоарите, крш е и коловозот на мостот, кој е со кр­пе­ни­ци, а пак, оградата е 'рѓосана, излупена и искршена.

Пос­лед­на интервенција на мостот е направена пред 4 години, и оттогаш ниш­то не е пипнато, а секој ден се отвораат нови дупки.

"Вак­ва­та слика на мостот е со години. Дупки низ патеката по која го ми­ну­ва­ме мостот, има на секој чекор. Ги реновираат само мостовите во цен­та­рот на градот, кои се дел од проектот 'Скопје 2014', а на овој мост не им тек­ну­ва, го заборавија", велат жителите на населбите Влае и Карпош.
Од Град Скопје не планираат да го реновираат мостот, бидејќи не била на­ру­ше­на статичката стабилност.

"Над­леж­ни­те служби од Градот Скопје редовно ја следат состојбата на мос­то­ви­те, кои се под надлежност на Градот, и се дејствува во зависност од проценките. Во конкретниов случај, утврдено е дека не е нарушена ста­тич­ка­та стабилност, а посочените проблеми ќе бидат санирани во рамките на редовните годишни активности за одржување на сообраќајниците под над­леж­ност на Градот. Во рамките на овие активности, во текот на 2009 го­ди­на екипи на Град Скопје целосно ја обновија пешачката патека од ед­на­та страна на мостот, што опфати промена на поклопните ар­ми­ра­но­бе­тон­ски капаци со нови, санација на гредите, поставување заштитни стол­пчи­ња и бојосување на оградата", велат од Град Скопје.

http://www.vest.mk/default.asp?ItemID=F610A5DA2C12D14E85A00206E56F52E0
За сè има вторпат
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #397 Posted: 26-Sep-2013 at 16:14
Previous
 
За волја на вистината, ова сепак е некаков напредок, ако може така да се нарече.
 
Одлично помнам дека додека Трифун Костовски беше градоначалник на Скопје во периодот од 2005 до 2009 година, се случи инцидент, кој подобро може да се нарече несреќа, бидејќи жена загина во автобус на ЈСП Скопје во кој пукнало некое црево кое ја изгорило жената до тој степен што истата загинала поради високата температура, а мислам дека беше спомнато дека и некое момче завршило во болница со изгореници.
 
Патник во возило на ЈСП Скопје загина, но градот Скопје додека Трифун Костовски беше градоначалник, не превзеде апсолутно ништо за обновување и за модернизирање на возниот парк на ЈСП Скопје.
 
Напредокот е во тоа што сега градот отворено и јавно тврди дека доколку граѓаните кои поминуваат низ мостот Обединети Нации се во животна опасност додека поминуваат низ истиот тој мост, тогаш ќе превземе конкретни чекори за реновирање на мостот.
 
Со други зборови кажано, треба да чекаме некој да се повреди или, не дај Боже, да загине на мостот Обединети Нации, за да градот Скопје одлучи да го реновира овој мост.
 
Ова ме потсетува на изјавата на Зигмунд Фројд кога нацистите ги палеле неговите книги на јавни места во Германија:
 
" Каков прогрес постигнуваме. Во Средниот Век мене би ме запалиле на клада. Сега тие (нацистите) ги палат моите книги " .


Edited by Dexter26 - 26-Sep-2013 at 16:16
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12887
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #398 Posted: 26-Sep-2013 at 20:43
Градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски заедно со министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, денеска, 26.9.2013 година, официјално го пушти во употреба проширениот и реконструиран пат Горно – Долно Лисиче.



„Овој проект има исклучително значење за жителите на Горно и Долно Лисиче, бидејќи изградбата на овој со години оштетен и тесен пат, им овозможи побрза сообраќајна комуникација со другите делови од општината и центарот на градот“, изјави градоначалникот Коневски.

Должината на патот од Горно до Долно Лисиче изнесува 3,5 километри, а широчината 6 метри.

Реконструкцијата на патот Горно - Долно Лисиче што се изведе во рамки на Програмата за рехабилитација и подобрување на локалната патна мрежа во Република Македонија, чини 24 милиони денари обезбедени од Европската банка за обнова и развој.

https://www.facebook.com/media/set/?set=a.652906404743466.1073741883.215229678511143&type=3
За сè има вторпат
Back to Top
antigona View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 16-Jan-2012
Online Status: Offline
Posts: 48
  Quote antigona Quote  Post ReplyReply #399 Posted: 26-Sep-2013 at 21:42
ne mi e jasno zosto vo Makedonija skoro kaj site novo-renovirani/izgradeni lokalni pa i regionalni patista voopsto ne se postavuva horizontalna signalizacija? Nema ni centralna bela lenta, a kamoli stranicno granicenje na asfaltot...duri koga se raboti za tesen pat koj e sirok 3 do 4 lenti mora da ima belezenje so stranicni beli lenti...
Back to Top
gorco View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Google Maps: Regional Expert

Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
  Quote gorco Quote  Post ReplyReply #400 Posted: 27-Sep-2013 at 08:46
Originally posted by antigona

ne mi e jasno zosto vo Makedonija skoro kaj site novo-renovirani/izgradeni lokalni pa i regionalni patista voopsto ne se postavuva horizontalna signalizacija? Nema ni centralna bela lenta, a kamoli stranicno granicenje na asfaltot...duri koga se raboti za tesen pat koj e sirok 3 do 4 lenti mora da ima belezenje so stranicni beli lenti...


Затоа што кај нас, се се работи фушерски во најголема мера за жал, нели ?
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1819202122 29>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.188 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.