build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Охридски сообраќај (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 131415
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1130
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #281 Posted: 20-Aug-2019 at 08:28
Вчера поминав по улица Железничка и на приклучокот со улица Егејска помислив дека халуцинирам.
Беше затворена од тој приклучок до раскрсница со 7-ми Ноември (покасно поминав оттаму) и луѓето работеа под рефлектори.Неверојатно Инаку чекаше на асфалт и тротоар уштр од пред локалните избори, кога и ја почнаа.
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 631
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #282 Posted: 20-Aug-2019 at 08:50
Опопо после една година хаос на Егејска Big%20smile ако не грешам ова ќе е прва асфалтирана улица во 2019.
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 631
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #283 Posted: 21-Aug-2019 at 19:50

Еве и вест на темата, исто така вика дека АСНОМ ќе ја реновираат - да видам да не верувам Big%20smile се надевам нема да е година дена и таа

Привршува реконструкцијата на улицата „Егејска“



Во текот на нередните неколку дена треба да финишираат градежните активности од Проектот за реконструкција на улицата „Егејска“, од улицата „7-ми Ноември“ до крстосницата со улицата „Железничка“, информираат од локалната самоуправа.

Проектот е дел од Годишната програма за уредување на градежно земјиште на Општина Охрид и неговата вредност е 9 милиони денари или околу 140.000 евра.

Во рамки на првиот дел од реализацијата на проектот, од страна на екипите на ЈП „Нискоградба“ беше извршено поставување на атмосферска канализација, по што следуваше нивелирање на сите 17 улични шахти.

Во рамки на вториот дел од реконструкцијата, се врши уредување на тротоарите од двете страни на улицата со поставување на нови рабници и бекатон плочки. Тротоарот од едната страна на улицата е веќе комплетно завршен, а останатата тротоарската површина ќе биде поплочена во текот на наредните неколку дена.

Во моментот се врши комлетно асфалтирање на коловозот на улицата, во вкупна должина од 530 метри. Активностите за поставуавње на асфалтот се очекува да бидат завршени во текот на денешниот ден.

Во текот на наредните денови ќе се изврши поставување на хоризонтална и вертикална сигнализација, со што ќе биде комплетиран целиот проект за реконструкција.

Според планираното, за околу две недели треба да започне и реконструкцијата на улицата „АСНОМ“ од пресекот со булеварот „Туристичка“ до пресекот со улицата „Карпош Војвода“. Улицата е во ширина од 9 метри и должина од 650 метри, а Проектот за реконструкција предвидува целосно обновување на коловозната лента и уредување на тротоарите.

https://www.ohridnews.com/privrshuva-rekonstrukci-ata-na-ulicata-ege-ska/

Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 631
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #284 Posted: 07-Sep-2019 at 07:47
ЗАПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛИЦАТА „АСНОМ“

По завршувањето на главната туристичка сезона, започна реализацијата на планираните градежни и инфраструктурни проекти. Денеска започна целосната реконструкција на улицата „ АСНОМ“ од кружниот тек на булеварот „Туристичка“ до пресекот со улицата „Карпош Војвода“ во должина од 630 метри. На почетокот на градежните работи присуствуваше градоначалникот Константин Георгиески.

– Со целосната реконструкција на дел од улицата „ АСНОМ“ започнуваме со интензивни градежни активности. Оваа улица целосно ќе биде реконструиран коловозот, ќе се нивелираат шахтите и сливниците, ќе се реконструираат тротоарите и ќе се променат бетонските рабници.

Вкупната инвестиција за овој проект е 8.807.073,оо денари, работите ќе ги изведува АД „Илинден“ од Струга, надзорот ќе го врши АД „ЗИМ“ од Скопје, а градежните работи, според потпишаниот договор со изведувачот, треба да завршат во рок од 60 дена.

Сметам за потребно да ја информирам јавноста дека летниот период го искористивме да ги завршиме тендерските постапки за повеќе најавени проекти. Во тек или при крај се тендерските постапки за проекти во вкупна вредност од 65.800.957,оо денари, вклучувајќи ја целосната реконструкција на улицата „АСНОМ“. Другите проекти се:

-Санација на ударни дупки на улиците во  општина Охрид со површина од 4,5 илјади метри квадратни, во вредност  од 5.822.238,оо денари;

-Асфалтирање на тесни улички во вредност од 7.508.375,оо денари, при што ќе бидат вградени 1.550 тони асфалт ;

-Изградба на фекална канализација во населба Рача во вредност 1.596.844,оо денари ;

-Изградба на канализациона мрежа со која ќе бидат приклучени  дел од приградските населби, односно делови  од селата Лескоец,Лакочереј и Велгошти. Вредност 2.889.489,оо денари ;

-Тампонирање на улици  во вредност од 1.369.862,оо денари ;

-Изградба на потпорни ѕидови во населбата „Стар град“ и во селото Елшани со проценета вредност од 2.649.495,оо денари ;

-Изградба,реконструкција и поплочување тротоари на вкупна површина од 5.000 метри квадратни, со проценета вредност од 7.026.000,оо денари ;

-Опремување на 9 автобуски постојки, со проценета вредност од 972.601,оо денари ;

-Поставување на велосипедски паркиралишта со проценета вредност од 608.845,оо денари ;

-Реконструкција на големата сала и скалите за влез во Општина Охрид во вредност од 2.700.000,оо денари ;

-Уредување и одржување на пешачка улица  со режим ба сообраќај  и уредување на тротоар на дел од улицата „ Коста Абраш“.Вадење на дотраените бехатон плочки и нивна замена со гранитни плочки и гранитни коцки. Хортикултурно уредување и осветлување на 500 метри квадратни.Проектот во вредност од 2.700.000,оо денари е финансиран од Југозападниот плански регион.

По забелешките на антикорупциската комисија се повторени и при крај се тендерските постапки за:

-Поставување на нова кровна конструкција  на основното училиште „Христо Узунов“ и подрачните единици на основното училиште „Св. Наум Охридски“ во селата Елшани и Коњско. Вкупната вредност на зафатите е 11.557.839,оо денари ;

-Реконструкција на кровната конструкција на потпокривот на ОСУ „Св.Климент Охридски“ во вредност од 410.109,оо денари ;

-Изградба на улицата 2 во поранешната касарна „Михајло Апостолски“ со проценета вредност од 9.182.187,оо денари- рече градоначалникот Константин Георгиески на почетокот на изведувањето на градежните работи на улицата „ АСНОМ“ .

https://ohrid.gov.mk/8523-2/
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 631
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #285 Posted: 23-Sep-2019 at 09:09
На ул. Егејска остана уште обележувањето. Штета што не ги учиме лекциите или немаме храброст (не знам кое од тие две е редовност кај нас), па нема столпчиња по тротоарите за да се забрани паркинг на нив. Ги нивелирале на ниво на улицата за да е уште полесно за паркинг, ќе ги пропаднат со колите во рок од 3 месеци и плус повторно пешаците по улица ќе одат.

Еве фотки





Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 631
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #286 Posted: 23-Sep-2019 at 11:36
Еве ја состојбата и на ул. АСНОМ - се чини и таму тротоарите ќе ги спуштат, а исто така ги смалуваат. Претпоставувам тоа значи дека прават место за најавените велосипедски патеки кои се чини ќе бидат дел од коловозот, што е промашување според мене.




Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 631
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #287 Posted: 21-Oct-2019 at 23:05
Еве мала фото сторија од ул. Асном пред реконструкцијата (извор Гугл Мапс), да остане во меморијата како изгледаше до 2019 една од најкористените улици во градот што прават пресек со бул. Туристичка.

На првата слика се гледа супстандарден тротоар од минатиот век во должина од 50 метри (на левата страна). До пред 3-4 години тоа беше и единствен тротоар на улицата.



Околу 2015 година за првпат се направи нормален тротоар во погорниот дел од улицата (после супстандардниот од 50 метри). Десната страна и понатаму остана без тротоар и савана.



Во ситуација и кога почнаа да се градат згради во тој дел од градот (за жал) улицата сеуште личи на зоолошка.



А еве го и најинтересниот момент на улицата кој се чини нема да го средат со моменталната реконструкција. Тротоарот не е поврзан помеѓу крајот на ул. Асном и ул. Карпош Војвода во должина од неверојатни 5 метри и пешаците слегуваат долу на улица на сред кривина.



Во најава е уште еден таков гаф, немам најнова слика за да го прикажам ова, но ќе набавам деновиве. Се работи за пресекот помеѓу ул. Асном и бул. Туристичка каде има сличен случај како претходниот. Синиот дел е новоизграден тротоар при реконструкцијава, а црвениот дел е дупка (асфалтот е велосипедска патека, тротоар нема).


Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 631
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #288 Posted: 21-Oct-2019 at 23:09
Погоре ставив слики од реконструкцијата додека ги правеа тротоарите, а еве една денешна од гребење на асфалтот (извор Општина).


Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 631
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #289 Posted: 31-Oct-2019 at 21:04
улица Васил Главинов

не сум сигурен дали е комплетна рехабилитација или само крпење



Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 631
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #290 Posted: 29-Nov-2019 at 11:26
Асфалтирање на ул. АСНОМ

Верувале или не, за првпат во историјата на градот шахтите беа нивелирани пред да се постави завршниот слој асфалт. Нова пракса досега невидена при реконструкција на улица, градежна револуција, mind blowing иновација, head exploding замислете овде, итн. Се разбира, како за првпат не мора да кажам дека 2-3 шахти се промашени па испаднаа под асфалтот, дали поради лошо нивелирање или поради лошо асфалтирање, но мнозинството се ок.







извор општина Охрид
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 631
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #291 Posted: 29-Nov-2019 at 16:27
Најново од кујната на одделението за сообраќај во општина Охрид - после пречктраниот пешачки премин кај Охридска банка и "решението" кај автобуската, ова е трето во низа. Се наоѓа на раскрсницата помеѓу Јане Сандански и Партизанска.







Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1130
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #292 Posted: 02-Dec-2019 at 00:33
За разлика од кај Охридска Банка, кај автобуска е моментално најадекватно(не идеално) решение.

Ама ова последново е врвот.Ми е страв да напишам врвот, можно е во иднина Општина Охрид да не демантираТ со нов проект.

Патем, сакам да видам автобуси како вртат (по можност троосовинци) и камиони од авто школа на самоделсково кружно

Edited by Тркало - 02-Dec-2019 at 00:35
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 631
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #293 Posted: 05-Jan-2020 at 20:04
Има новост на кружново од погоре, само немам фотка за прикажување. Наместо столпчиња и фарбано сега го бетонираа, ама се чини и тоа беше силувано заради силната реакција после виденото на сликите погоре. Не мислам дека имаше доволно време за спремање на комплетен проект за уредување на кружниот тек.

Друга новост е дека на ул. Асном пред два дена пукна цевка за вода точно на локацијата сликана на првата слика од последниот пост за Асном. Така што тазе асфалтирана ја прекопаа.
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 631
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #294 Posted: 09-Jan-2020 at 16:35
Еве фотки од новоста што ја спомнав, кружниот тек помеѓу Јане Сандански и Партизанска. Наводно текот е изработен според сообраќаен проект што постоел од претходно, не ја разбирам во тој случај авантурата со шлакањето боја и столпчиња.

Следува вест од општина Охрид.

----------------------------------------------------

По налог на општина Охрид, а согласно сообраќајниот проект за регулирање  на сообраќајот во централното градско подрачје,  изграден е нов кружен тек меѓу улиците „Јане Сандански“ и „Партизанска“ во непосредна близина на „Комерцијална Банка“.

Кругот е со дијаметар од 8 метри и помошен дијаметар од 6 метри што значи дека е обезбеден непречен проток на патнички и товарни  возила  во овој дел од градот.  На кружниот тек  е обележана хоризонтална и вертикална сигнализација и истиот е хортикултурно  уреден.

Градежните активности ги реализираа охридските јавни претпријатија „Нискоградба“ и “Охридски комуналец“, а финансиската конструкција е на Општина Охрид.

Наредниов период, штом дозволат временските услови  надлежните служби ќе извршат одводнување на токот, нивелирање на шахтите и асфалтирање на целиот круг.












Edited by ironm - 09-Jan-2020 at 16:36
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 131415

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.