build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Вандализам и примитивизам
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Вандализам и примитивизам

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 383940
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4946
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #781 Posted: 23-Jun-2020 at 10:51
ИСТУРЕНА БОЈА ВРЗ СПОМЕН БИСТИТЕ НА ПАРТИЗАНИТЕ ВО БИТОЛА



Непознати сторители истуриле боја врз бистите на партизаните во Алејата со спомен обележја од НОБ на Шеталиштето во Битола. Бела, сина и црвена боја се истурени врз бистите на борците Фана Кочовска-Цветковиќ, Вангел Нечевски-Тунелот, Славко Лумбарковски, Трајан Белев, Богоја Фотев и Кочо Десано. Битолчани коментираат дека ова не е првпат да се оштетуваат бистите.

„Кој има потреба од ваков вандалски чин? Какво е ова непочитување? Па, тие гинеа на дваесет години за слободата, a и помлади, за нивните врсници денес да можат да шетаат слободно, студираат, создаваат семејства, се забавуваат, да имаат своја држава. Да се најдат сторителите и да се казнат“, коментираат битолчани.

Од Сојузот на борци во Битола го осудија овој чин и апелираат да не се повторуваат вакви дејствија затоа што овие луѓе се бореле за слободата и мирот и заслужуваат вистинска почит. За овој настан е известено ЈП „Комуналец“, со цел отстранување на бојата од бистите.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/isturena-boja-vrz-spomen-bistite-na-partizanite-vo-bitola/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4946
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #782 Posted: 26-Jun-2020 at 16:18
ПАК УНИШТЕН ЛЕТНИКОВЕЦ ВО ПАРК ШУМАТА ГАЗИ БАБА, ГРАДСКИОТ ПАРК ВО СКОПЈЕ СЕКОЈА ВЕЧЕР ЗАТРУПАН СО ЃУБРЕ



Во парк шумата Гази Баба ноќеска целосно е уништен еден од летниковците. Искршени се дрвата од кои е направен, клупите за седење внатре во него и покривот. Ова е втор летниковец кој е уништен во парк шумата за два месеци. Во април за време на полицискиот час еден од летниковците беше запален и целосно изгоре.

„Очигледно е дека станува збор за намерно и организирано од повеќе лица уништување на летниковецот. Џабе се апелите и нашите заложби за уредување на паркови и подигнување на нови зелени површини, кога урбаната опрема постојано се уништува. Штетата е сигурно над 2.000 евра“, вели директорот на ЈП „Паркови и зеленило“ Ардијан Муча.

Муча вели дека секое утро од Градскиот парк подигнуваат купишта ѓубре. Откако почна коронакризата младите секоја вечер, но и преку ден, се собираат по паркови и зад себе оставаат ѓубре, пластични и стаклени шишиња.

„Се уништува и урбаната опрема, искршени се клупи, запалени корпи за отпадоци. Секое утро се собира ѓубре како што сме собирале после 1 мај од излетничките места“, додава Муча.

Низ Скопје редовно се палат и контејнери, но полицијата не фатила ниту еден сторител.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/pak-unishten-letnikovets-vo-park-shumata-gazi-baba-gradskiot-park-vo-skopje-sekoja-vecher-zatrupan-so-gubre/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4946
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #783 Posted: Yesterday at 06:36
СО КОМЕРЦИЈАЛНА АКЦИЈА ВАНДАЛИЗИРАН СПОМЕНИКОТ НА АНТИФАШИЗМОТ СО МУРАЛ ОД ЧЕМЕРСКИ ВО МАВРОВО



Со мурал „Вдиши го Маврово“ е ишаран постаменот на споменикот во Маврово од 1970-те посветен на антифашистичката борба со мурал од академик Глигор Чемерски и дело на архитект Радован Раѓеновиќ.

Ќерката на сликарот Чемерски, уметницата Елена Чемерска на фејсбук профилот на Ресорт Маврово, што ја организира акцијата, реагира дека кај старото бачило освен трлото за овци има и споменик посветен на антифашистичката борба од доцните 1970-те, дело на Чемерски и Раѓеновиќ, автори кои што заедно имаат реализирано неколку капитални дела споменици ширум земјава.

Споменик на чиј што постамент, колку што сум информирана, без никаква јавна дискусија ниту пак консултација со архитектот (жив автор и меѓудругото добитник на награда за животно дело во архитектура ‘Андреја Дамјанов’) – се наоѓа овој нов графит-мурал. Интересно е исто така што фотографииве не го прикажуваат споменикот во целост и го вадат постаментот од контекст, а станува збор за ептен артикулирана архитектонско-уметничка целина и авторско дело на кое не може да се интервенира по своја волја без соодветна контролирана процедура, меѓудругото и ради возможни легални импликации“, пишува Чемерска на фотографијата на Ресорт Маврово.

Директорот на Управата за заштита на културното наследство Ацо Костов, вечерва ни изјави дека станува збор за приватна акција на Ресорт Маврово и дека утре ќе биде испратена пријава за уништување-вандализирање на споменик од културно наследство.

„Ќе излезат инспектори на увид, а освен што ќе добијат прекршочна пријава, ќе мора да го вратат споменикот во првобитната состојба. Има хемиски апарати, и симптоматично е како ќе изгледа тоа, но за тоа ќе кажат повеќе колегите од Конзерваторскиот центар“, ни изјави директорот Костов.



Редакцијата САКАМДАКАЖАМ.МК до Ресорт Маворово ги испрати следниве прашања: „Зошто дозвoливте да се вандализира и уништува споменикот посветен на антифашистичката борба во Маврово со мурал на уметникот Глигор Чемерски и дело на архитект Радован Раѓеновиќ? Дали ќе сносите одговорност за уништувањето на споменикот?“, за кои не добивме одговор до објавувањето на текстот.

https://sdk.mk/index.php/kultura/so-komertsijalna-aktsija-vandaliziran-spomenikot-na-antifashizmot-so-mural-od-chemerski-vo-mavrovo/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4946
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #784 Posted: Yesterday at 06:37
ЌЕ ГО ВРАТИМЕ СПОМЕНИКОТ НА ЧЕМЕРСКИ ВО ПРВОБИТНАТА СОСТОЈБА, САКАВМЕ ДА ГИ ИЗБРИШЕМЕ НЕДОЛИЧНИТЕ ПОРАКИ, ВЕЛАТ ОД РЕСОРТ МАВРОВО

Ресорт Маврово ќе ги преземе сите неопходни дејствија за да го врати бетонскиот постамент на мозаикот на Глигор Чемерски во првобитна состојба, соопшти компанијата откако синоќа редакцијата САКАМДАКАЖАМ.МК објави дека со мурал „Вдиши го Маврово“ е ишаран постаменот на споменикот во Маврово од 1970-те посветен на антифашистичката борба со мурал од академик Глигор Чемерски и дело на архитект Радован Раѓеновиќ.

Ќерката на сликарот Чемерски, уметницата Елена Чемерска на фејсбук профилот на Ресорт Маврово, што ја организира акцијата, реагираше дека кај старото бачило освен трлото за овци има и споменик посветен на антифашистичката борба од доцните 1970-те, дело на Чемерски и Раѓеновиќ, автори кои што заедно имаат реализирано неколку капитални дела споменици ширум земјава.

Редакцијата САКАМДАКАЖАМ.МК до Ресорт Маворово вчера ги испрати следниве прашања: „Зошто дозволивте да се вандализира и уништува споменикот посветен на антифашистичката борба во Маврово со мурал на уметникот Глигор Чемерски и дело на архитект Радован Раѓеновиќ? Дали ќе сносите одговорност за уништувањето на споменикот?“. Рано утрово ни испратија соопштение во кое велат дека фонтаната заедно со постаментот на мозаикот биле во многу лоша и запуштена состојба.

„На самиот постамент имаше испишано недолични пораки чие место не е до уметничкото дело на Глигор Чемерски за кој имаме огромна почит како автор и уметник. Како компанија ја исчистивме фонтаната и просторот околу постаментот кои беа оставени без никаква соодветна грижа. Фонтаната ја ставивме во функција за која што првично била намената. Со интервенција на постаментот која не го оштетува мозаикот, сметавме дека не само што ќе ги отстраниме недоличните пораки, туку и ќе ги привлечеме посетителите на Маврово да дојдат на оваа локација и да го видат преубавиот мозаик на Глигор Чемерски кој неоправдано е оставен без соодветна грижа. После реакциите и критиките за нашата интервенција, стоиме позади нашите акции и доколку постои некоја грешка ќе биде исправена“, стои во нивното соопштение.

Оттаму додаваат дека Ресорт Маврово ќе го врати постаментот во првобитната состојба.

„Ги повикуваме сите оние кои сакаат да го видат ова уметничко дело да го посетат и заедно да работиме на негова популаризација. Но, најбитно од сѐ е неговата заштита, да не остане без соодветна грижа и да не се доведе повторно во состојбата во која што беше, прекриен со недолични пораки и нефукционална фонтана исполнета со смет“, велат од компанијата.

Б. НЕСТОРОСКА

https://sdk.mk/index.php/kultura/ke-go-vratime-spomenikot-na-chemerski-vo-prvobitnata-sostojba-sakavme-da-gi-izbrisheme-nedolichnite-poraki-velat-od-resort-mavrovo/
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7240
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #785 Posted: Today at 01:07
со сета почит према сомениците низ земјава, мислам дека за да очекуваш некој да почитува одредено спомен-обележје, тоа треба да биде редовно одржувано, а не да биде змијарник
па и да не сака државата да инвестира во тоа, барем засегнатите може една фарба да му удрат на бетонот и да ја искосат тревата околу него, за што треба минимална инвестиција и еден ден труд

имаме далеку поголем проблем со графити, каде објекти стари стотици години се сквернават со графити и шкртаници, а не па брутализмот од Југославија поставен негде сред густи шуми сред нигдека
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 383940

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.