build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Вандализам и примитивизам

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 383940
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 7393
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #781 Posted: 23-Jun-2020 at 10:51
ИСТУРЕНА БОЈА ВРЗ СПОМЕН БИСТИТЕ НА ПАРТИЗАНИТЕ ВО БИТОЛА



Непознати сторители истуриле боја врз бистите на партизаните во Алејата со спомен обележја од НОБ на Шеталиштето во Битола. Бела, сина и црвена боја се истурени врз бистите на борците Фана Кочовска-Цветковиќ, Вангел Нечевски-Тунелот, Славко Лумбарковски, Трајан Белев, Богоја Фотев и Кочо Десано. Битолчани коментираат дека ова не е првпат да се оштетуваат бистите.

„Кој има потреба од ваков вандалски чин? Какво е ова непочитување? Па, тие гинеа на дваесет години за слободата, a и помлади, за нивните врсници денес да можат да шетаат слободно, студираат, создаваат семејства, се забавуваат, да имаат своја држава. Да се најдат сторителите и да се казнат“, коментираат битолчани.

Од Сојузот на борци во Битола го осудија овој чин и апелираат да не се повторуваат вакви дејствија затоа што овие луѓе се бореле за слободата и мирот и заслужуваат вистинска почит. За овој настан е известено ЈП „Комуналец“, со цел отстранување на бојата од бистите.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/isturena-boja-vrz-spomen-bistite-na-partizanite-vo-bitola/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 7393
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #782 Posted: 26-Jun-2020 at 16:18
ПАК УНИШТЕН ЛЕТНИКОВЕЦ ВО ПАРК ШУМАТА ГАЗИ БАБА, ГРАДСКИОТ ПАРК ВО СКОПЈЕ СЕКОЈА ВЕЧЕР ЗАТРУПАН СО ЃУБРЕ



Во парк шумата Гази Баба ноќеска целосно е уништен еден од летниковците. Искршени се дрвата од кои е направен, клупите за седење внатре во него и покривот. Ова е втор летниковец кој е уништен во парк шумата за два месеци. Во април за време на полицискиот час еден од летниковците беше запален и целосно изгоре.

„Очигледно е дека станува збор за намерно и организирано од повеќе лица уништување на летниковецот. Џабе се апелите и нашите заложби за уредување на паркови и подигнување на нови зелени површини, кога урбаната опрема постојано се уништува. Штетата е сигурно над 2.000 евра“, вели директорот на ЈП „Паркови и зеленило“ Ардијан Муча.

Муча вели дека секое утро од Градскиот парк подигнуваат купишта ѓубре. Откако почна коронакризата младите секоја вечер, но и преку ден, се собираат по паркови и зад себе оставаат ѓубре, пластични и стаклени шишиња.

„Се уништува и урбаната опрема, искршени се клупи, запалени корпи за отпадоци. Секое утро се собира ѓубре како што сме собирале после 1 мај од излетничките места“, додава Муча.

Низ Скопје редовно се палат и контејнери, но полицијата не фатила ниту еден сторител.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/pak-unishten-letnikovets-vo-park-shumata-gazi-baba-gradskiot-park-vo-skopje-sekoja-vecher-zatrupan-so-gubre/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 7393
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #783 Posted: 06-Jul-2020 at 06:36
СО КОМЕРЦИЈАЛНА АКЦИЈА ВАНДАЛИЗИРАН СПОМЕНИКОТ НА АНТИФАШИЗМОТ СО МУРАЛ ОД ЧЕМЕРСКИ ВО МАВРОВО



Со мурал „Вдиши го Маврово“ е ишаран постаменот на споменикот во Маврово од 1970-те посветен на антифашистичката борба со мурал од академик Глигор Чемерски и дело на архитект Радован Раѓеновиќ.

Ќерката на сликарот Чемерски, уметницата Елена Чемерска на фејсбук профилот на Ресорт Маврово, што ја организира акцијата, реагира дека кај старото бачило освен трлото за овци има и споменик посветен на антифашистичката борба од доцните 1970-те, дело на Чемерски и Раѓеновиќ, автори кои што заедно имаат реализирано неколку капитални дела споменици ширум земјава.

Споменик на чиј што постамент, колку што сум информирана, без никаква јавна дискусија ниту пак консултација со архитектот (жив автор и меѓудругото добитник на награда за животно дело во архитектура ‘Андреја Дамјанов’) – се наоѓа овој нов графит-мурал. Интересно е исто така што фотографииве не го прикажуваат споменикот во целост и го вадат постаментот од контекст, а станува збор за ептен артикулирана архитектонско-уметничка целина и авторско дело на кое не може да се интервенира по своја волја без соодветна контролирана процедура, меѓудругото и ради возможни легални импликации“, пишува Чемерска на фотографијата на Ресорт Маврово.

Директорот на Управата за заштита на културното наследство Ацо Костов, вечерва ни изјави дека станува збор за приватна акција на Ресорт Маврово и дека утре ќе биде испратена пријава за уништување-вандализирање на споменик од културно наследство.

„Ќе излезат инспектори на увид, а освен што ќе добијат прекршочна пријава, ќе мора да го вратат споменикот во првобитната состојба. Има хемиски апарати, и симптоматично е како ќе изгледа тоа, но за тоа ќе кажат повеќе колегите од Конзерваторскиот центар“, ни изјави директорот Костов.



Редакцијата САКАМДАКАЖАМ.МК до Ресорт Маворово ги испрати следниве прашања: „Зошто дозвoливте да се вандализира и уништува споменикот посветен на антифашистичката борба во Маврово со мурал на уметникот Глигор Чемерски и дело на архитект Радован Раѓеновиќ? Дали ќе сносите одговорност за уништувањето на споменикот?“, за кои не добивме одговор до објавувањето на текстот.

https://sdk.mk/index.php/kultura/so-komertsijalna-aktsija-vandaliziran-spomenikot-na-antifashizmot-so-mural-od-chemerski-vo-mavrovo/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 7393
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #784 Posted: 06-Jul-2020 at 06:37
ЌЕ ГО ВРАТИМЕ СПОМЕНИКОТ НА ЧЕМЕРСКИ ВО ПРВОБИТНАТА СОСТОЈБА, САКАВМЕ ДА ГИ ИЗБРИШЕМЕ НЕДОЛИЧНИТЕ ПОРАКИ, ВЕЛАТ ОД РЕСОРТ МАВРОВО

Ресорт Маврово ќе ги преземе сите неопходни дејствија за да го врати бетонскиот постамент на мозаикот на Глигор Чемерски во првобитна состојба, соопшти компанијата откако синоќа редакцијата САКАМДАКАЖАМ.МК објави дека со мурал „Вдиши го Маврово“ е ишаран постаменот на споменикот во Маврово од 1970-те посветен на антифашистичката борба со мурал од академик Глигор Чемерски и дело на архитект Радован Раѓеновиќ.

Ќерката на сликарот Чемерски, уметницата Елена Чемерска на фејсбук профилот на Ресорт Маврово, што ја организира акцијата, реагираше дека кај старото бачило освен трлото за овци има и споменик посветен на антифашистичката борба од доцните 1970-те, дело на Чемерски и Раѓеновиќ, автори кои што заедно имаат реализирано неколку капитални дела споменици ширум земјава.

Редакцијата САКАМДАКАЖАМ.МК до Ресорт Маворово вчера ги испрати следниве прашања: „Зошто дозволивте да се вандализира и уништува споменикот посветен на антифашистичката борба во Маврово со мурал на уметникот Глигор Чемерски и дело на архитект Радован Раѓеновиќ? Дали ќе сносите одговорност за уништувањето на споменикот?“. Рано утрово ни испратија соопштение во кое велат дека фонтаната заедно со постаментот на мозаикот биле во многу лоша и запуштена состојба.

„На самиот постамент имаше испишано недолични пораки чие место не е до уметничкото дело на Глигор Чемерски за кој имаме огромна почит како автор и уметник. Како компанија ја исчистивме фонтаната и просторот околу постаментот кои беа оставени без никаква соодветна грижа. Фонтаната ја ставивме во функција за која што првично била намената. Со интервенција на постаментот која не го оштетува мозаикот, сметавме дека не само што ќе ги отстраниме недоличните пораки, туку и ќе ги привлечеме посетителите на Маврово да дојдат на оваа локација и да го видат преубавиот мозаик на Глигор Чемерски кој неоправдано е оставен без соодветна грижа. После реакциите и критиките за нашата интервенција, стоиме позади нашите акции и доколку постои некоја грешка ќе биде исправена“, стои во нивното соопштение.

Оттаму додаваат дека Ресорт Маврово ќе го врати постаментот во првобитната состојба.

„Ги повикуваме сите оние кои сакаат да го видат ова уметничко дело да го посетат и заедно да работиме на негова популаризација. Но, најбитно од сѐ е неговата заштита, да не остане без соодветна грижа и да не се доведе повторно во состојбата во која што беше, прекриен со недолични пораки и нефукционална фонтана исполнета со смет“, велат од компанијата.

Б. НЕСТОРОСКА

https://sdk.mk/index.php/kultura/ke-go-vratime-spomenikot-na-chemerski-vo-prvobitnata-sostojba-sakavme-da-gi-izbrisheme-nedolichnite-poraki-velat-od-resort-mavrovo/
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7410
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #785 Posted: 07-Jul-2020 at 01:07
со сета почит према сомениците низ земјава, мислам дека за да очекуваш некој да почитува одредено спомен-обележје, тоа треба да биде редовно одржувано, а не да биде змијарник
па и да не сака државата да инвестира во тоа, барем засегнатите може една фарба да му удрат на бетонот и да ја искосат тревата околу него, за што треба минимална инвестиција и еден ден труд

имаме далеку поголем проблем со графити, каде објекти стари стотици години се сквернават со графити и шкртаници, а не па брутализмот од Југославија поставен негде сред густи шуми сред нигдека
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 544
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #786 Posted: 07-Jul-2020 at 09:24
Во Македонија има обид оваквите испрдоци да се продаваат како апсолутна вистина дека тоа е добро и исправно. Тоа што Македонската школа за уметност и архитектура ги прифатила и практикувала во одредено време под некаква политичка подобност, неможе да биде репер денес. Ова реално да имало некаква вредност препознаена, немало луѓето да ги остават така неприметни незабележани секаде. Едноставно овој народ не ги препозна оваквите градби и треба да се дислоцираат во истиот магацин кај Ќосето. Во едно кобајаги социјалистичко опкружување се идеше на најснобовскиот пристап дека доволно е уметноста да ја разберат тесен круг на луѓе и доволно е, другите не се достојни. И тоа се прикажано како да е некоја авангарда, а во суштина е само некој простачки елитизам. Тотално иделошки, уметнички, естетски, како сакате, поентата на овие бруталистички гомненца беше утната и треба да ги снема. Не ги бивало ни во времето кога се градени, не ги бива денес и во иднина нема да бидат во подобра состајба само поголемо ругло разрушено ќе бидат.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7410
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #787 Posted: 07-Jul-2020 at 16:03
Originally posted by user8642

Во Македонија има обид оваквите испрдоци да се продаваат како апсолутна вистина дека тоа е добро и исправно. Тоа што Македонската школа за уметност и архитектура ги прифатила и практикувала во одредено време под некаква политичка подобност, неможе да биде репер денес. Ова реално да имало некаква вредност препознаена, немало луѓето да ги остават така неприметни незабележани секаде. Едноставно овој народ не ги препозна оваквите градби и треба да се дислоцираат во истиот магацин кај Ќосето. Во едно кобајаги социјалистичко опкружување се идеше на најснобовскиот пристап дека доволно е уметноста да ја разберат тесен круг на луѓе и доволно е, другите не се достојни. И тоа се прикажано како да е некоја авангарда, а во суштина е само некој простачки елитизам. Тотално иделошки, уметнички, естетски, како сакате, поентата на овие бруталистички гомненца беше утната и треба да ги снема. Не ги бивало ни во времето кога се градени, не ги бива денес и во иднина нема да бидат во подобра состајба само поголемо ругло разрушено ќе бидат.
не се согласувам со тоа дека овие споменици немаат никаква вредност
биле форсирани? да! биле поставени на нелогични локации? да! ама вредност имаат

воопшто не е прашање тоа дали уметноста му се допаѓа на некого или дали ја разбира, уметност е уметност
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 7393
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #788 Posted: 09-Jul-2020 at 12:39
Канделабрите на кеј не ја издражаа нашата свест и совест



Кој го штити, чува, јавниот имот во главниот град?
Сведоци сме на постојано уништување на голем дел од урбаната опрема без при тоа никој да се фати и казни.

Фонтаните, клупите, кантите за отпадоци, оградите па дури и плочките по кои се гази, намерно се уништуваат подолго време од вандали кои се уште не го запознале цивилизираниот начин на живеење и тоа посебно во урбана средина.

Во налет на овој бран нецивилизација настрадаа и канделабрите на кејот на Вардар. Скршена, уништена, изгазена неколку дена почива оваа канделабра која беше купена од наши пари и заврши вака неславно.

Некој ќе каже дека можеби и ветерот ја турнал, но, сепак, каде се службите веднаш да реагираат ако се знае дека таа е поврзана со електрична мрежа а вака иструполена лежи на пешачка патека со сите опасности кои ги носи со себе.

До кога ќе стои, времето ќе покаже. Темнината секако е тука да ги покрие сите наши неспособности и лоши примери.

https://skopjeinfo.mk/kandelabrite-na-kej-ne-ja-izdrazhaa-nashata-svest-i-sovest

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 7393
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #789 Posted: 03-Aug-2020 at 15:52
Уништени канделабри во скопски Аеродром (ФОТО)





https://www.slobodenpecat.mk/unishteni-kandelabri-vo-skopski-aerodrom-foto/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 7393
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #790 Posted: 04-Aug-2020 at 13:30
ВИКЕНДОВ ЗАПАЛЕНИ ДВА НОВИ КОНТЕЈНЕРИ
Во текот на изминатиот викенд непознати сторители запалиле два нови контејнери за одлагање смет што беа поставени во населбите Ѓорче Петров и Карпош, со што е предизвикана голема материјална штета. Благодарение на брзата реакција на скопските пожарникари, огнот не се проширил кон околните објекти и возила.
Оштетениот контејнер во Ѓорче Петров е веќе заменет, а оној во Карпош ќе биде сменет во текот на денешниот ден.



https://www.facebook.com/CityofSkopje
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 7393
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #791 Posted: 17-Aug-2020 at 11:38
Им се бендисал столб за улично осветлување во Чаир па си го пресекле



Дојде време крадците во Скопје да не бираат што ќе украдат. Во арсеналот на работи кои се предмет на кражби на подрачјето на градот влегоа и столбовите за улично осветлување. Ваква кражба се случила вчера на подрачјето на скопската општина Чаир а за неа информира скопскиот градоначалник Петре Шилегов. Тој соопшти дека настанот се случил на прометната сообраќајница улицата „Цветан Димов“.

-Вчера на ул. „Цветан Димов“ во Чаир беше пресечен и однесен еден од столбовите за улично осветлување. Благодарение на совесните граѓани кои го пријавија случајот, сторителите беа фатени на дело, заработија казни од градската инспекција и полицијата, а до крајот на денот столбот беше повторно подигнат на истото место, објави Шилегов на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук.

Тој не објасни со какви мотиви и цел била извршена оваа невообичаена кражба. Но, очигледно, по кражбите и оштетувањата на урбаната опрема каква што се канти, контејнери, цвеќе… сега надлежните ќе треба да се справуваат и со опасноста од кражби на столбови за улично осветлување.

Едноставно крадците се осилија оти многу слабо ги гонат и казнуваат.

https://skopskoeho.mk/im-se-bendisal-stolb-za-ulichno-osvetluvane-vo-chair-pa-si-go-presekle/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 7393
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #792 Posted: 17-Aug-2020 at 11:41
Вчера на ул. Цветан Димов во Чаир беше пресечен и однесен еден од столбовите за улично осветлување. Благодарение на совесните граѓани кои го пријавија случајот, сторителите беа фатени на дело, заработија казни од градската инспекција и полицијата, а до крајот на денот столбот беше повторно подигнат на истото место.







https://www.facebook.com/p.shilegov
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 544
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #793 Posted: 17-Aug-2020 at 11:50
Не е кражба заради бандерата, него им сметало во погледот према новиот супермаркет, па на своја воља го тргнале.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 7393
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #794 Posted: 25-Aug-2020 at 15:38
Најостро го осудувам вандалскиот чин со кој синоќа беше уништен еден од головите на спортското игралиште во новоизградениот парк во Мичурин. Исто така, бил исечен и кабел за струја со што сторителите директно се изложиле себеси, но и другите граѓани на голема опасност. Случајот е пријавен во полиција и се надевам дека вандалите во најбрзо време ќе бидат пронајдени и соодветно казнети.
Синоќа била уништена урбана опрема и во Паркот на езерата, како и на спортското игралиште во близина на ООУ „Ѓорѓија Пулевски“, каде што претходно биле исклучени рефлекторите. Би сакал да посочам дека граѓаните не смеат да ги отвораат орманите за струја што наоѓаат на спортските игралишта затоа што со тоа го доведуваат својот живот во опасност. Постои посебна служба што се грижи за јавното осветлување и доколку имате забелешка пријавете во Општината.
Уште еднаш апелирам за повисока граѓанска свест и одговорност при зачувување на заедничкиот имот, затоа што сето она што се гради припаѓа на секој од нас





https://www.facebook.com/OpstinaAerodrom
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4788
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #795 Posted: 25-Aug-2020 at 16:53
Толку е тешко да има чувари на ваквите локации?
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 7393
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #796 Posted: 11-Sep-2020 at 12:22
ФОНТАНАТА ВО СТРУМИЦА ПРЕПОЛНА СО ПЕНА ШТО СЕ ИЗЛЕА И НА ГЛАВНИОТ БУЛЕВАР





Фонтаната на булеварот Маршал Тито во Струмица утрово осамна со пена, на денот кога се одбележува годишнина од ослободувањето на градот.

„Ова е срамота. Очигледно некој сака да биде интересен. Место да се чува урбаната опрема ние ја уништуваме. Одговорните треба да ги пронајдат сторителите, јавно да ги објават и да ги санкционираат“, реагираа струмичани.

Од струмички „Комуналец“ велат дека најверојатно во фонтаната е ставено одредено средство за перење што предизвикува пена. Тврдат дека тоа е дело на несовесни граѓани, случајот го пријавиле во полиција, а во текот на денов фонтаната ќе биде исчистена

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/fontanata-vo-strumitsa-prepolna-so-pena-shto-se-izlea-i-na-glavniot-bulevar/
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 383940

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.154 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.