build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Вандализам и примитивизам

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2728293031 39>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #561 Posted: 09-Sep-2014 at 23:46
Originally posted by mackomk

Да тоа би можело да успее...во Норвешка на пример.
Само гуми бушење тука. Premium rush филмот погледнете го, во Њујорк летаат ретровизори во вакви случаи.
за вандализам врз туѓ имот може да те фатат и да те казнат дебело... вака барем ем праќаш порака, ем не се прави штета
не е поентата самиот возач дека ќе престане да го прави тоа после налепницата, туку дека можно е да почне да се крева свест за ваквиот проблем во јавноста... генерално, не е проблемот само самото паркирање, туку и тоа што на никој не му е гајле, затоа што сме навикнати да живееме во таков свет, барем ја сум

кренавме свест за велосипедизмот и за загадувањето, па зошто да не и за ова?
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 795
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #562 Posted: 10-Sep-2014 at 19:54
Originally posted by mackomk

Да тоа би можело да успее...во Норвешка на пример.
Само гуми бушење тука. Premium rush филмот погледнете го, во Њујорк летаат ретровизори во вакви случаи.


И мене ми текна на тој филм и јас исто така не верувам дека нешто ќе се постигне со налепници.

На пример, денес возила на американската армија беше паркирано на сред улица и го блокираше влезот на Градската библиотека, зашто така им се нашло. Кога ќе видам странци дека истото го прават уште повеќе се уверувам дека нема да се смени ова наскоро.
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4188
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #563 Posted: 11-Nov-2014 at 12:26
СЕ БАРА СПАС ОД КРАЖБИТЕ НА САДНИЦИ

Со години имаме повеќе десетини пријави за кражба на истите оние садници што биле внимателно насадени околу училиштата, зградите или месните заедници.


Садниците и расадот мистериозно исчезнуваат иако надлежните редовно засадуваат


НЕ ПРЕСТАНУВААТ ШТЕТИТЕ ВРЗ ЈАВНАТА СОПСТВЕНОСТ

Зеленилото во главниот град секогаш било од клучна важност за чистиот воздух, но и за естетското разубавување. За да се даде поголем придонес во што повеќе засадени дрвца и издигнување на јавната свест кога е во прашање екологијата, градските власти традиционално веќе седум години едноподруго им доделуваат садници на заинтересираните граѓани кои живеат во колективни станбени објекти, но и на институции што сакаат да добијат дрвца за садење за своите дворни места. Откако садниците ќе се доделат, екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ ги засадуваат на претходно утврдени локации. Откако ќе помине целата процедура, на виделина излегуваат проблемите. Со години имаме повеќе десетини пријави за кражба на истите оние садници што биле внимателно насадени околу училиштата, зградите или месните заедници.

Се краде и од приватни дворови

Голем дел урбани заедници и куќни совети се заинтересирани да добијат садници што ќе ги засадат во своите дворови. Според граѓаните, акцијата е многу добра и позитивна, затоа што, покрај тоа што се засадуваат на пусти делови на кои има пораснато диви треви, се учат помалите генерации за важноста на зеленилото и за грижата за природата.

- Акцијата е навистина позитивна и полезна за сите нас. Меѓутоа, како и во секоја активност и добра волја, така и овој пат, ќе се најде некој што ќе работи на тоа да ја уништи. Нашата зграда пред повеќе од една година доби цвеќе и саксии од општината Гази Баба и додека беа локалните власти тука сѐ беше во ред и саксиите си стоеја во дворот. Меѓутоа утредента немаше никаква трага дека тука имало саксии со цвеќе. Потоа увидовме дека расадот вешто е префрлен на терасите на оние што најверојатно аплицирале да ги добијат цвеќињата за целата зграда. Не изреагиравме бидејќи не сакавме расправии со соседите за тоа - вели жителка на скопски Синѓелиќ.

Дека садниците и расадот мистериозно исчезнуваат и од приватните дворови сведочат и сопствениците на куќи што го декорираат надворешниот дел околу своите домови.
- Имам куќа во Чаир, каде што и живеам. Просторот ми дозволува да го декорирам делот околу куќата, па купив расад и зимзелени садници за целата околина да изгледа поубаво. Залудно си го потрошив парите. Утрото останаа само ископаните дупки да сведочат дека тука имало садници - вели Суат Р., жител на скопски Чаир.

Се доделуваат 2.000 зимзелени и листопадни дрвца

Акцијата што напролет и наесен веќе седма година едноподруго ја спроведуваат градот и ЈП „Паркови и зеленило“ ќе донесе нови 2.000 засадени дрвца. Садниците се доделуваат според утврдена процедура.
- Заинтересираните куќни совети и месни урбани заедници треба да поднесат барање за доделување садници до Секторот за комунални работи на градот. Субјектите во барањето треба да ги наведат бројот на садниците што бараат да им се доделат и точната локација на која планираат да ги засадат дрвцата, а на барањето треба да стои печат од куќниот совет или од месната урбана заедница - стои во соопштението од градот.

На куќните совети и на месните урбани заедници на кои ќе им бидат одобрени барањата, во оваа акција ќе им се доделат најмногу десет садници. Решенија за добивање садници ќе се издаваат од 6 до 17 ноември. Оние што ќе добијат позитивен одговор ќе можат да ги подигнат садниците во истиот период во ЈП „Паркови и зеленило“ во Градскиот парк или расадникот во општината Бутел.

Надлежните знаат дека се краде зеленилото

Проблемот со крадењето на доделените садници не е нова појава. За да се заштити акцијата, но и да постои некаков гарант дека садниците нема да завршат на црниот пазар, од ЈП „Паркови и зеленило“ велат дека садниците се доделуваат исклучиво на институции, месни заедници и куќни совети.
- Тоа се докажува и преку барањата што треба да бидат со печати од институциите. За жал, ние немаме никаква физичка можност да го проверуваме целиот град, кој ги краде садниците, бидејќи барања пристигнуваат од сите страни на градот - вели Елизабета Георгиевска, портпаролка на ЈП „Паркови и зеленило“.
Според неа, сите што ги подигнуваат садниците се легитимираат.
- Сите што ги подигнуваат садниците со одобрение на градот се легитимираат и ние им ги земаме податоците и адресата за локацијата на која ќе се садат садниците. Потоа наши екипи одат на терен и проверуваат дали садниците се таму насадени. Понекогаш се случува истите тие да ги нема на дадената локација, но не можеме да утврдиме кој ги зел и каде ги однел - вели таа.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=111014152098&id=14&prilog=0&setIzdanie=23319

Edited by jyvation - 11-Nov-2014 at 12:26
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1924
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #564 Posted: 11-Nov-2014 at 12:36
Нека поминат по цвеќари и пазари и нека проверат да не им се таму цвеќињата 
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2375
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #565 Posted: 13-Nov-2014 at 14:25
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4188
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #566 Posted: 13-Nov-2014 at 17:16
Ова не е некаков си автомобил на МВР?Нели имаше и некои притворни оделенија во зградава.
Ептен ја утнаа локацијава на објектов

Edited by jyvation - 13-Nov-2014 at 17:17
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1130
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #567 Posted: 23-Nov-2014 at 14:19






Вакви слики со бетонските бариери гледаме после секоја обнова од Нискоградба,еднаш во 2 месеци, а со паднати знаци се редовни секој викенд.

ул. 7-ми Ноември
str. 7-mi Noemvri

Edited by Тркало - 23-Nov-2014 at 14:36
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #568 Posted: 23-Nov-2014 at 14:35
Тркало кога се правени фотогрфиите. Би сакал ако ми дозволиш ова со скршените столбчиња да ја ставам на ѕидот на сообраќајниот срам на фејсбук
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1130
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #569 Posted: 23-Nov-2014 at 14:46
Originally posted by kultuzin

Тркало кога се правени фотогрфиите. Би сакал ако ми дозволиш ова со скршените столбчиња да ја ставам на ѕидот на сообраќајниот срам на фејсбук


Сликите се од пред еден месец - од последното поставување, а и претходно се туркани (контејнерите се од ноќеска, другите се секојдневие).Извор:

http://www.ohridnews.com/vesti/75514
http://www.ohridnews.com/vesti/77419

Кога сме веќе Ѕидот, убаво е да имаме и избор барем една катна гаража во центарот на градот како во Прилеп (30-40 денари фиксна цена без разлика на времетраење) или Струмица (мислам дека беше и поефтино) за после со целосна слобода да категоризираме несовесни возачи.Кај нас е 40 првиот час + секој нареден по 20-30 ден.Јас можам и пешки, ама луѓе од страна ќе се пожалат на толкава разлика.


Edited by Тркало - 23-Nov-2014 at 14:47
Back to Top
Kid_A View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 24-Nov-2014
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 437
  Quote Kid_A Quote  Post ReplyReply #570 Posted: 24-Nov-2014 at 20:28
Не можеш на некој народ на кој корумпираноста, девијантноста, ниската општествена свесност му се главно обележје да го смениш за 5 години. За тоа треба децении и децении работа ако може нешто да се смени( не верувам).

Цела Македонија е една голема дивоградба. За време на комунизмот никој не водеше ред кој, како и каде гради, туку поради корумпираноста, нестручноста на властите и народот се доведовме во ситуација градовите да ни личат на села од збиен тип. Денешните тесни улици, пренаселеноста, тесниот простор, улици без пешачки зони и тротоари, згради без паркинг простор и многу други аномалии кои сега не чинат простор, време, трпение.

Работата е зезната уште многу одамна поради социјален мир, затоа што народ кој во срж и душа е корумпиран и со никаква свест кон јавни добра тешко дека би можел да му продаваш урбан ред.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #571 Posted: 25-Nov-2014 at 03:08
не сум ја доживеал Југославија, ама од она што го имам слушнато, тогаш вандализам на вакво ниво немало и постоела квалитетна полициска патрола... а тука нели за вандализам збориме
не верувам дека тесните улици и пренаселеноста биле фактор во тоа некој да ги избутка сите овие знаци и столпчиња... освен ако и самиот не бил исфрустриран од недостигот на паркинг, па решил да скрши некој произволно избран предмет од околината да разбие нервоза


Edited by zabegan - 26-Nov-2014 at 21:49
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4188
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #572 Posted: 26-Nov-2014 at 16:20


Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12538
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #573 Posted: 26-Nov-2014 at 16:33
За сè има вторпат
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4188
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #574 Posted: 01-Dec-2014 at 15:15


Back to Top
Petar Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Sep-2014
Online Status: Offline
Posts: 271
  Quote Petar Skopje Quote  Post ReplyReply #575 Posted: 01-Dec-2014 at 16:12


Превземено од Сообраќаен срам, Филип Јосовиќ.

Edited by Џоле - 01-Dec-2014 at 16:50
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #576 Posted: 01-Dec-2014 at 17:12
Ова е играње играчки со законите. Секоја чест за господинот никој ништо не му моќе. Додека полицијата се занимава со казнување на југовци, лади и други возила, ваквите што немат доблест ни регистрација да платат се возат и паркират каде што ќе стигнат.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #577 Posted: 01-Dec-2014 at 18:27
уште еден мој другар дури на шала ми се закануваше дека ``кога ќе згазнела бугарска чизма,ќе........`` а зема 40 000 со виша земјоделска во електрана.вози џип со бугарски таблички и уште све му е криво
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #578 Posted: 01-Dec-2014 at 18:46
него очигледно не го дува промаја од тоа што е отворен ГТЦ

Edited by zabegan - 01-Dec-2014 at 18:46
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Petar Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Sep-2014
Online Status: Offline
Posts: 271
  Quote Petar Skopje Quote  Post ReplyReply #579 Posted: 01-Dec-2014 at 20:29
Овој сигурно е против затворање на ГТЦ.
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4188
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #580 Posted: 02-Dec-2014 at 13:36

press24.mk
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2728293031 39>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.188 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.