build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Мост на цивилизациите во Македонија (Мост Око)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12345 28>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3833
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 11-Sep-2009 at 15:06

Proektot e ubav, samo lokacijata mi preci, i deka ke ima premnogu mostovi vo maliot ring, ama sto da se prajit centar e centar

inace ovie pocnaa deneska da kopat eve slika od individi:

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 12-Sep-2009 at 04:06

Aнтички скулптури и на пешачкиот мост „Око“

Никој од надлежните вчера не одговори со колкави димензии ќе бидат скулптурите и чии ликови ќе имаат

Скулптури и тоа антички ќе има и на новиот пешачки мост „Око“ што почна да се гради преку Вардар. Вкупно петнаесет скулптури ќе бидат поставени на објектот, една во централниот дел во склоп на предвидената фонтана, а останатите ќе се распоредат по седум од двете страни на мостот. Колку ќе бидат високи, од каков материјал ќе се изработат и чии ликови ќе имаат, никој од надлежните вчера не одговори. Ни на неодамнешното поставување на камен-темелникот градоначалникот Тодоровиќ и премиерот Груевски не информираа дека мостот ќе го красат скулптури, иако ги кажаа речиси сите останати детали за објектот.

Од Општината вчера не можеа да одговорат ништо за скулптурите, со образложение дека надлежните се излезени на терен. Истиот одговор го добивме и во проектантската куќа ИНПУМА. Идејното решение работеле директорот на ИНПУМА, Борислав Јосифов, и професор Коста Мангаровски, автор по чие дело е одлучено да се гради и Градската куќа. Од архитектонскиот приказ на мостот „Око“ може да се забележи и дека двата негови приода, всушност, ќе имаат еден вид заоблени порти, а скулптурите личат на оние што веќе извесен период се поставени пред Владата.

Нејасно е како на овој модерен архитектонски објект е одлучено да има и антички примеси што автоматски ќе ја уништи очигледно основната футуристичка нишка на објектот. Можеби, сепак, комбинираниот стил ќе се вклопи со околината, имајќи предвид дека првенствено тој ќе се гради со цел да биде пешачка врска преку Вардар од неговиот десен брег со објектот на Уставниот суд кој ќе се гради со повеќе антички столбови.

Според идејното решение, мостот е креиран со три распона, двата крајни со помали димензии, а средниот поголем и поставен над речниот тек на Вардар. Во средниот распон на проширениот дел на мостот се предвидени два поголеми и шест помали отвори на потесниот дел на мостот, кои треба да се пополнат со градежно слоевито проодно стакло, преку кои ќе се гледа реката. Од двете страни мостот ќе има мермерна ограда, а покрај неа наместа ќе се постават дрвени клупи. Во центарот на мостот е предвидена фонтана. Предвидено е мостот да биде осветлен и илуминиран со современи решенија.

http://utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=637ED3FF5ED3424CA44289EED8DB3EDE
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 12-Sep-2009 at 13:41
значи никако не се запира со насилството врз градов




Edited by zabegan - 12-Sep-2009 at 13:47
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 13-Sep-2009 at 01:40

Против законска е изградбата на новиот мост „Око“

Гоце Михајлоски Коментари (4)   
11.09.2009 19:47
„Око“

 

Естетски погрешно, но и против законско е новиот пешачки мост наречен „Око“ да се гради на само 50-тина метри од Камениот мост, кој е заштитен со закон како дел по културното наследство, предупредуваат архитектите.

Стручна дебата за потребата од мост, неговиот изглед и локација воопшто немало.

„Не може еден споменик на културата како што е Камениот мост да не го добие режимот на заштита како што заслужува. Законот пропишува колку метри од него најмалку може да се гради, што да стои од едната страна, што од другата страна. Како се чуваат визурите кон историските споменици, и при тоа ги ставам на истата сметка Камениот мост и другиот мост што се наоѓа кај Македонскиот народен театар, кои се наоѓаат на многу мала дистанца, и за кои тврдам дека се уште не сме однегувале граѓанска навика за пешачко користење на мостовите, за да сега правиме уште еден за кој пак треба да замислиме како ќе се вклопи во некој амбиент кој е во изградба, за објекти кои треба да замислиме како ќе изгледаат“, вели Кокан Грчев, архитект, универзитетски професор.

„Ако сакаш доле да се симнеш ќе си ги удриш нозете“

 

„Премногу блиску поставени мостови, воопшто не навлегувам какви се, зборувам само за нивната позиција, и за нивната маса, тука тие се редунтантни, претенциозни, има премногу материјал во нив, премногу се блиску до мостот, со тоа го покриваат погледот, практично го елиминираат, го загадуваат погледот на Камениот мост, од главниот градски кеј, кејот 13 ноември“, рече Мирослав Грчев, архитект, универзитетски професор.

Мостот ќе го гради општина Центар, иако реката Вардар е надлежност на градот. Ќе потроши скоро 2 милиони евра. Толку чинеше клучката кај Континентал, целиот Плоштад или комплетната опрема на комунална хигиена.

„Овој мост дали дневно стотина луѓе ќе го поминуваат, а се трошат толкави пари. На Скопје му требаат мостови, но му требаат сообраќајни мостови. Треба „Илинденска“, да продолжи со мост. Треба во Аеродром да се изгради нов мост, но пешачки мост јас како градоначалник е последното нешто што би го правел. За мене е спорно кој од кејот ќе оди во театар или во архивот? Сите што ќе имаат потреба да одат, одат да се паркираат под театарот. Овој мост можеби ќе значи некаков украс на реката Вардар, но од практичен аспект не служи на никого“, изјави Ристо Пенов, поранешен градоначалник на Скопје.

Овој мост од практичен аспект не служи на никого

 

Камен-темелникот на Око беше ставен пред четири дена, но градбата која е предвидено да заврши за година ипол не е почната. Поставени се само металните огради кои целосно го блокираат кејот. Граѓаните што не се информирани и мака мачат.

Некои се враќаа, но некои и денеска поминуваа ризикувајќи да паднат во Вардар.

„Ако сакаш доле да се симнеш ќе си ги удриш нозете“, изјави граѓанин на Скопје.

Скопјани повеќе од една година не можат да го користат ниту горниот дел од кејот. Неизвесно е до кога, бидејќи објектот што се гради на плоштад се уште нема ниту темели.


http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=113610

Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 13-Sep-2009 at 02:32
Мислам дека една слика ќе замени илјада зборови. Сугурен сум дека на овие стручни лица проектот им е достапен во електронска верзија и можат многу подобро да и објаснат на јавност за своите ставови со барем неколку рендери што ќе ги извадат со погледи од далеку, односно од каде све се наружува погледот. Макар тоа и било симулација гледано од кај народна банка или други подалечни локации и различни агли, да видиме колку реално го попречува погледот.

Инаку во дискусијава мислам дека со давање предлог ребаласн (дисциплина за која сите у државава станаа самопрогласени стручњаци) му е непотребен и излишен аргумент што е наведена како засилување на првиот аргумент (дека се попречува погледот), а само му прави мечкина услуга на првиот аргумент и дополнително говори за несигурноста на критичарот во својот примарен аргумент.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 13-Sep-2009 at 03:16
Originally posted by lslcrew

Мислам дека една слика ќе замени илјада зборови. Сугурен сум дека на овие стручни лица проектот им е достапен во електронска верзија и можат многу подобро да и објаснат на јавност за своите ставови со барем неколку рендери што ќе ги извадат со погледи од далеку, односно од каде све се наружува погледот. Макар тоа и било симулација гледано од кај народна банка или други подалечни локации и различни агли, да видиме колку реално го попречува погледот.

Инаку во дискусијава мислам дека со давање предлог ребаласн (дисциплина за која сите у државава станаа самопрогласени стручњаци) му е непотребен и излишен аргумент што е наведена како засилување на првиот аргумент (дека се попречува погледот), а само му прави мечкина услуга на првиот аргумент и дополнително говори за несигурноста на критичарот во својот примарен аргумент.


lsl, јас воопшто не се согласувам со тебе

Погледот кон Камени Мост долж кејот неминовно ќе се наруши. Би било добро да имаме визуелизации за да може да добиеме подобра претстава за тоа од каде се и во колкава мерка ќе се наруши, но и без нив работите се во некоја мерка јасни.

А работите да не ги поставуваме обратно. Зошто да нагодуваме дали овие критичари успеале да дојдат до проектот, па они да ни презентирале како тоа ќе изгледало? Зошто тоа да не го направат оние кои се повикани - нарачателите на овој мост???

Исто така мислам дека и аргументот поврзан со цената на мостов е сосема валиден. Од практична гледна точка, збориме за непотребен, всушност сувишен мост, па нормално се поставува прашањето колку ќе го платиме тој луксуз.
Тоа уште посликовито се доловува кога ќе се спореди што се може да се направи со тие пари. Ете на пример стравичен е податокот дека цела опрема со која располага комунална хигиена чини колку и мостов. Колку тек круцијална инфраструктура ни фали... А ние упорно се заебаваме со вакви работи?


Edited by Cloverstack - 13-Sep-2009 at 03:22
Back to Top
igorius View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-Nov-2008
Online Status: Offline
Posts: 187
  Quote igorius Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 13-Sep-2009 at 15:07
realno ne moze da komentirame objektivno dodeka nemame dobri vizuelizacii,renderi
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 13-Sep-2009 at 23:19
Според проектов што ни е презентиран за мост "ОКО", се гледа де всушност првичната замисла со две ..како да ги наречан...конкавно амфитеатрални скалила што беа замислени за двете страни на кеојт е всушност напуштена идеја.

На овие две слики што првично се објавени како прокет за музеј/архив/суд се гледа дека всушност тој мост што беше првично даден како пример е всушност за цело ниво понизок од ОКО.





Со овој прокет што сега е даден пред неколку дена за мостот всушнсот се напушта првичната идеја и сега мостот е кренат на ниво на горниот кеј, што всушност обезбедува непрекинатост на долната пешачка и велосипедска патека, но со која висина не е познато. Е сега кога веќе е изменет делумно приастапот до објект, можно е да има веќе и измани на проектот за објектот.






Edited by lslcrew - 13-Sep-2009 at 23:22
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 13-Sep-2009 at 23:58
Искрено, естетски мостот не ми се допаѓа, просторно е нефункционален, непотребен е за пешаците, а што е најлошо, целосно ќе го покрие погледот кон Камениот мост. За време на градењето на мостот целосно ќе се уништи и оној мал дел од кејот на Вардар којшто остана неуништен од кафеанџиите, а и прашање е дали со овој проект засекогаш се напушта идејата Вардар да постане пловна река. Зградата на Уставниот суд е посебна тема-објектот од надвор не изгледа лошо и би можел да се изгради, но за мене дефинитивно е промашена локацијата!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 14-Sep-2009 at 00:01
Мостов го има нивото како скоро сите мостови во Скопје така да евентуалната пловност не зависи од тоа. За пловноста всушност најголема пречка е камени мост и проаќањето под него. За пловен Вардар многу сем скептик и таа идеја практично ми изгледа невозможна, без разлика што некои у странство виделе бродови во река па сега (се однесува на сите до еден промотори на ваквата идеја).
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 14-Sep-2009 at 00:52

Вардар во овој дел може само туристички да биде пловен, со ниски туристички бротчиња или сплавови, а за тоа дека како проект е аут јас целосно се сложувам, попрво она рендерот на Маја би го прифатил http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=555&PID=34439#34439 него оваа комбинација од портали и столбови. Па зар толку не може за пешачки мост статиката да ја решат со јака конструкција која ќе биде закована за бедемите, а не да истураат столбови и онаму каде за тоа нема ни простор ни потреба !?!

пак ќе речам идејата со оково е интересна но ова да одеше на местото за цветниот мост кај МНТ и симетрично ист таков отспротива кај ново-прастариот театар, додека за овде во ваква ситуација единствено нормално и логично решение би било мост на нивото со коритото на реката! Прво спектакулерен пристап ако е застаклен уште поинтересно (комплет сосе стаклена ограда), а второ зданието далеку повпечатливо ќе се перцепира од три метра пониско па и во комбинација со камениот мост...!

трета опција е наместо мост - сплав, четврто нема а пристапот да биде од југ и директен т.е. грандиозен, не ми текнува на содветен синоним...  

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9037
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 14-Sep-2009 at 10:38
Од пред два дена

1

2 Опуштено...

Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 14-Sep-2009 at 13:23
Мене една работа не ми е јасна,мостов ке го поврзува кејот со археолошкиот музеј или е нешто сосема трето?
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 21-Sep-2009 at 17:32

и да го поврзе и да не го поврзе го претерале!!! ајде цветниот мост па сега и ова ли требаше, зар не размислуваа со време за ориентацијата на зградата и ористапот до неа, а кога веќе ја дотерале дотука зошто не избрале едноставно решение кое нема да го засени камениот мост во никаков случај, што значи да го пуштеле во ниво со коритото!?!

еве еден од апликантите на конкурсот, но очигледно во жирото седеле комичари па постојната смешка ја избрале како фаворит...!?!

www.etapaproekt.com/

ова е идеално решение само да се спуштеше доле и тоа оградата да се тргнеше! вакво нешто иако невклопливо со контурите на музејот сепак далеку поприфатливо ќе беше него тоа окото и порталите! не мора во метал да биде изведен ваквиот едноставен мост, може ибетон и камен и стакло, можеби минус е на архитектите што не понудиле дополнителни опции на материјали и рендери за истите, но во секој случај проектов ќе беше најбезболно решение!  

Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3833
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 28-Sep-2009 at 08:48
da ne videl nekoj slucajno nesto, ovde uste  pred nekolku dena ne rabotat.........
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 28-Sep-2009 at 08:53
Макс ја дури сега го гледам проектото што го постирал, нешто форумов ме изпозафркавал па не сум го видел до сега.Овој проект далеку од тоа дека е добар. Личи на оранжерија. И тука има непотребни декори како и на избраниот, само што овој личи и на оранжерија. Плус тоа е монтажен па колку што мене ми е познато ќе има далеку пократок рок на траење одколку цврста градба. Но сепак повеќе ми  се допаѓа тоа што е проектиран да нема дополнителни столбови и што е вака што се држи само на двата краја.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9037
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 29-Sep-2009 at 18:51


И јас сум заборавил да прокоментирам за проектот на Макс. Силуетата на мостот не ми се допаѓа и сводовите се комплетно безвезни. Материјалите пак кои се користени ми личат како да се на место а и фактот дека целиот распон е премостен без столбови во реката е +




Edited by pbanks - 29-Sep-2009 at 18:52
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9037
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 29-Sep-2009 at 18:51
А еве слика од терен од денеска


Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 29-Sep-2009 at 20:39
ај што ни избираат грди проекти е едно, но главен проблем е што не држат како заложници со овој дел од кејот, исто како со банката горе, да се градеше како што треба, сега ќе видевме и бетон
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9037
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 14-Oct-2009 at 21:32
Еве пресек од уште еден дизајн за мостов. Окото треба да биде движечка капсула во која ќе има бар


Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12345 28>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.