build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Мост на цивилизациите во Македонија (Мост Око)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 45678 28>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #101 Posted: 26-Jan-2010 at 10:54
Јас токму тоа и го правам: дискутирам дека нема факти да паничиме. Зошто мислиш дека сум против дискусија?

Ако дојдеме до релевантни факти, нема да има човек, верувајте, кој нема да застане зад таквите факти.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9124
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #102 Posted: 26-Jan-2010 at 11:15
Е добро де никој не паничи ниту пак паниката или одобрувањето од тука ќе смени нешто тековно. Тој проект очигледно некој го зацртал и ќе си тера како и многу други проекти кои некои ги сметаат за спорни а некои не.

Ние може да ги издискутираме различните аспекти на овој (и други проекти) и тука завршува приказната. Факт е дека Скопје има историја на поплави и дека имаме изградено прекрасна регулација на реката која не само што ја гарантира нашата безбедност, туку е и еден колосален проект за наши поимања кој сме должни да го одржуваме како што треба. Секако држи и фактот дека со регулацијата на водотеците во последните 50 години, Вардар не е тоа што некогаш бил и можноста да има поплава во Скопје е скоро невозможна.

Дали се вика Петре Петровски или некако инаку човекот кој го посочува ова прашање, не е ни битно, мислам дека е интересно прашање околу кое може да се подискутира.
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #103 Posted: 26-Jan-2010 at 11:52
Така срочено
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12452
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #104 Posted: 26-Jan-2010 at 16:13
Крале, не разбирам на што ми реплицираш... па не зборувам шпански туку македонски. И јас истото го велам - дека нема информации и дека нема отчет. Ама за разлика од тебе тоа не го толкувам во стил „па океј ништо страшно, ај да баталиме дискусија“, туку како многу голем проблем. А кога во таква атмосфера еден од учесниците во процесот на проектирање и градење на регулацијата на Вардар ќе истапи во јавност, јас дефинитивно ќе видам што има да каже. Ти се допаѓало или не, досега порелевантни информации не сме ни имале, а најмалку од надлежните.
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #105 Posted: 26-Jan-2010 at 17:27
Добро, во ред, моја грешка, одам да купам појас за спасување. Да се нашалиме малце...

Мислам дека и јас чекам на факти, ако е така како што вели господинот П.П, ќе те подржам прв. Јас само коментирав, и тоа мислам доста издржано, дека ситуацијата по течението на Вардар е многу сменета од 70-тите и 80-тите години кога се правени тие правилници, со изградбата на Козјак.
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #106 Posted: 26-Jan-2010 at 17:32
ОК нема шанса од излевања. Што според тебе е целта на овој мост, кога и од двете страни е буквално ограден од други два моста, еден од нив најамблематичниот симбол на Скопје. Има некаква комуникацијска  функција или практична? Според мене нема! И да се работеше за дизајнот на  Милениум Брииџ во Лондон, пак немаше да го поддржам, од простата причина што не му ја гледам целта. А не пак што се работи за мост со фонтана, клупи и цели 29 статуи...  Те молам одговори ми, ме интересира. 
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7765
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #107 Posted: 26-Jan-2010 at 22:02
Originally posted by krale

Добро, во ред, моја грешка, одам да купам појас за спасување. Да се нашалиме малце...

Мислам дека и јас чекам на факти, ако е така како што вели господинот П.П, ќе те подржам прв. Јас само коментирав, и тоа мислам доста издржано, дека ситуацијата по течението на Вардар е многу сменета од 70-тите и 80-тите години кога се правени тие правилници, со изградбата на Козјак.
крале, мислам дека по толкава дискусија пак не сфати, никој не ти вика дека ќе се поплавиме, туку дека никој ништо не ни кажува за мостот и општо за сите проекти во градот, еве да речеме не му верувам на тој што искажал стручнно мислење, повторно нема да можам ни да им верувам на оние кои го градат мостот бидејќи се кријат
баш проблемот е што не знаеме ништо за да може да се отвори асална дискусија?

Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3515
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #108 Posted: 26-Jan-2010 at 22:29

па добро за да дознае некој нешто треба и да се интересира! може сите информации нема да се пуштата во јавност што од безбедносни причини а што од тековно жонглирање со позициите во даден проект, но посекако може да се ископа доста инфо! а тоа дека има дунстери кои на слепо ќе коментираат тоа од секогаш ќе ги има, просто секој има свој начин на изразување, а капак и зад тоа кога ќе застане и нечие инструирано уредничко перо и ете ти тешки импровизации!

интересно е што заради ваквиот сензационалистички пристап на нашиов потпросечен медиумски пазар, доста професионалци и избегнуваат да земат учество во некоја дебата... но на страна тоа, мора и треба да има притисок од јавноста за транспарентност, а на тоа како и зошто некој одговара или не тоа треба е сосем друга приказна, може некој и свесно ја користи ваквата ситуација за спинување рејтинг или дефокусирање од други теми, како велат и лошата промоција е добра реклама, или евентуално толку да се сигурни во своите проекти и идеи што арогантно на никого не му удираат рецка! и иако ваквата анализа држи и може да се третира како најлогичнам сепак посреди е сосем друга работа, а тоа е претпазливоста на надлежните да не предизвикаат вербален мегдан кој дополнително би им ги трошел и времето и енергијата, наместо да се концентрираат и фокусираат на реалните ин ситу проблеми или финансиски конструкции!

Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #109 Posted: 26-Jan-2010 at 23:10
Originally posted by Andrej_LJ

ОК нема шанса од излевања. Што според тебе е целта на овој мост, кога и од двете страни е буквално ограден од други два моста, еден од нив најамблематичниот симбол на Скопје. Има некаква комуникацијска  функција или практична? Според мене нема! И да се работеше за дизајнот на  Милениум Брииџ во Лондон, пак немаше да го поддржам, од простата причина што не му ја гледам целта. А не пак што се работи за мост со фонтана, клупи и цели 29 статуи...  Те молам одговори ми, ме интересира. 


Не знам што е улогата, освен да заврши работа за Уставниот Суд да не „извиси“ над Вардар онака безврска. Јас не реков дека сум подржувач на мостов.

29-те статуи се тотален, ама тотален промашај. Фонтаната и клупите ми се ок, ќе има убава глетка кон Камени мост и Кале.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12452
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #110 Posted: 28-Jan-2010 at 21:42
Во врска со локацијата и функцијата на мостов еве еден пост со скица што го имав постирано во нишката за „Мал Ринг“

Originally posted by Cloverstack



Не треба нешто многу да се анализира за да се сфати колку е дебилно и ова што се направи со пешачките мостови.
Пред да се почне со глупостите, помеѓу Камени и мостот кај Холидеј Ин (не знам како се вика) беше зацртан еден пешачки мост - сосема доволно. Тоа беше „оргиналниот“ Мост на Цвеќето, сместен идеално на средина помеѓу спомнатите мостови и поставен на логична пешачка оска. Од десната страна на Вардар се надоврзуваше на пролазот од средината на ГТЦ, а на левата страна ги поврзуваше најотсечените објекти (МОБ и блокот кај Комерцијална банка) и се надоврзуваше на комуникацијата кон факултетот за музичка уметност и идната филхармонија.

А сега имаат вцртано два моста (едниот веќе се гради), кои двата заедно нема да бидат корисни колку оргиналниот мост на цвеќето  Wallbash
Мостот око е преблиску до Камени Мост не само естетски туку и во поглед на потребата. Кога на тоа ќе се додаде дека на десната страна на Вардар мостот Око не се надоврзува на некоја пешачка оска, а на левата страна завршува баш како слепо црево во објектот за уставниот суд, приказната е јасна.
Не толку катастрофална, но сепак прилично лоша е ситуацијата и со „новиот“ Мост на Цвеќето. Со поместувањето е создадена „дупка“ токму на сегментот каде што мост е најпотребен. Дополнително, мостот се надоврзува на пешачка комуникација која е послаба и понеатрактивна од оргиналната, а како капак, новата кружна маркица ја имаат зацртано челно, токму на самиот излез од мостот на левата страна на Вардар.

Браво господа „планери“, на ваше конто оди уште еден урбанистички бисер во малиот ринг...  Dump

Со зелена боја е вцртан оргиналниот Мост на Цвеќето кој веќе не фигурира во планот. Со црвена боја се вцртани новиот Мост на Цвеќето (десно), мостот Око (лево), како и нововцртаните маркички за згради.






Edited by Cloverstack - 29-Jan-2010 at 00:01
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #111 Posted: 29-Jan-2010 at 14:44
Во некоја линија сами сме си криви. Мостот на цвеќето беше одличен предлог, но не доби реализација бидејќи таа гарнитура на политичари беше многу позаинтересирана да си изгради лични кариери.

Оваа гарнитура, што нема толку памет у глава, ама па за беља „што на ум, то на друм“ и гради како ниедна досега. Значи да се изградело на времето, веројатно немаше да дојде до ова.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12452
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #112 Posted: 29-Jan-2010 at 16:41
Поразително е што се и сешто мораме да гледаме низ призма на политичките гарнитури, па дури и изградба на пешачки мостови, нивната локација и поставеност, прекројување на урбанистички планови и слично. Ама како што велиш сами сме си криви, но јас би рекол пред се поради тоа што дозволуваме да бидеме вовлечени во таков начин на размислување.

А аргументот „да се изградело на времето, веројатно немаше да дојде до ова“ е добар само за бегање од проблемите, но никако не е алиби за грешките што се прават сега. Грешките не можат да се исправаат со нови грешки. Не можеме да го менуваме минатото, но мораме да се потрудиме да не ни се случи во иднина и кон денешното време да се навраќаме како на „лошо минато“. А тоа слабо го правиме и за жал засега сме заглавени во тој порочен круг.
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #113 Posted: 29-Jan-2010 at 21:38
За жал нема да може ова да се менува преку ноќ. За некоја посериозно менување на центарот (после сите овие градби од оваа гарнитура), ќе треба најверојатно да помине половина век за да се размислува за голема промена на центарот.

Не ни останува ништо друго туку да се помириме со ваквиот изглед и да се обидеме барем преку позитивна критика да го поправиме колку што се може. Стилот очигледно нема да успееме да го смениме, па бар да видиме да се изгради квалитетно и современо.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #114 Posted: 26-Feb-2010 at 01:10

Десетици автори сакаат да ги работат скулптурите за „Око“

Допрва ќе се утврдува со колку трудови учествувал секој автор и чии ликови ќе се изработуваат

Десетици автори се заинтересирани да ги изработат предвидените 29 двометарски бронзени скулптури за мостот „Око“. Колку точно од нив ќе бидат ангажирани за китењето на мостот, кој и по шест месеци од официјалниот старт на изградбата нема темели, надлежната комисија допрва ќе утврдува.

Јавниот повик до скулпторите заврши завчера, а од Општина Центар информираат дека била подигната 31 конкурсна документација. Објаснуваат дека допрва треба да се констатира колку учесници доставиле трудови, со колку трудови учествувал секој и чии ликови нудат да изработат. Во согласност со распишаниот повик, секој заинтересиран имаше слобода при определување на личностите што треба да бидат претставени со скулптури. Единствен важен критериум е тие да се историски личности, чие постоење и дејствување оставило белег на овие простори, а за кој постојат археолошки наоди во Археолошкиот музеј.

Предвидено е на мостот да има вкупно 29 бронзени скулптури, високи по два метра распоредени по 14 од двете страни. Една скулптура ќе се наоѓа во средишниот централен дел на мостот и ќе биде висока три метри. Колку пари ќе издвои Општината за оваа намена и дали ќе добие финансиска помош од Владата, со чии средства во најголем дел треба да се изгради мостот, надлежните се' уште не кажуваат. Засега е познато дека изградбата ќе чини околу два милиона евра. Рокот за негова конечна реализација е до средината на идната година. Засега објектот нема ниту темели. До неодамна градоначалникот Владимир Тодоровиќ застојот во изградбата го оправдуваше со проблеми околу темелењето, односно, посочуваше дека се менувале одредени концепти за да се направи сигурен стабилен мост! Вчера, пак, Општината го посочи зголемениот водостој на Вардар како причина за прекинување на изградбата.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=4CF0D615532E334AB639FED04ABDBEFA
Back to Top
Baze View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 409
  Quote Baze Quote  Post ReplyReply #115 Posted: 24-Mar-2010 at 12:54
КЕЈОТ СЕ РАСКОПА ВО СЕПТЕМВРИ, ИЗГРАДБАТА ЌЕ ПОЧНЕ ВО АПРИЛ
Мостот „Око“ ќе се потпре на 18 столбови

Мостот „Око“, за кој беше удрен камен - темелник уште во септември, ќе почне да се гради следниот месец, кога, според ветувањето од фирмата-изведувач, ќе пристигне нова специјална машина. Со современата механизација треба да се направат 18 столбови на кои ќе се потпира конструкцијата на мостот. - Градежната фирма „Конструктор Сплит“ понуди побрза технологија за изградба на која нема да влијае тоа дали водостојот на Вардар е висок или низок. Станува збор за изградба на бунари, кои потоа се полнат и се добиваат темелите за мостот. Тие ќе бидат со пречник од 1,8 метри. По четири од нив ќе се изградат под кос агол од 15 степени, а другите ќе бидат исправени. За нив изведувачот ќе донесе специјална машина, која треба да пристигне до крајот на април и тогаш ќе почнат да се дупчат и изведуваат бунарите - објасни ќе Владимир Тодоровиќ, градоначалникот на општина Центар. Како образложение за бавната изградба на мостот, кој се уште нема ни темели, општината прво кажуваше дека се отстрануваат подземните инсталации, па застојот бил поради нив, а потоа дека нивото на Вардар е многу високо за да може да се гради во речното корито. Паралелно со тоа, општината ќе ги избира и ликовите на 28 скулптури, кои треба да го украсуваат овој мост. Според градоначалникот, на конкурсот се пријавиле 27 автори со 70 решенија, но не открива кои ќе бидат ликовите што ќе се претстават. Единствено се знае дека се историски личности, од периодите од кои ќе бидат поставени предмети во новиот археолошки музеј. - Ќе направиме изложба на овие трудови, за да можат и самите автори да ги споредат своите дела. Но, прво во план ни е да ги изложиме идејните решенија за споменикот на свети Климент Охридски, кој ќе биде поставен пред универзитетската библиотека. Во жирито што ги избираше решенијата се Паско Кузман, Коста Мангаровски и Томе Серафимовски - рече Тодоровиќ. Општината нема да се откаже ниту од изградбата на фонтаните во Вардар, па овој проект, кој се најавува веќе неколку години, а никако да се реализира, ќе почнел од јуни, кога водостојот на реката е низок. Бидејќи во последно време Општина Центар е присутна во јавноста најмногу со проектите од „Скопје 2014“, а речиси ја нема во решавањето на секојдневните комунални, сообраќајни и други локални проблеми на жителите, оттаму велат дека паралелно ги продолжуваат и другите активности. - На тендерот за монтажниот паркинг што треба да се гради во населбата Капиштец се пријавија три фирми. Една од нив даде најевтина понуда, но, сепак, тоа е повеќе од моите очекувања и сознанија за ваков тип градба. Понудата е за десет милиони денари повисока од сумата што сме подготвени да ја платиме. Затоа го продолживме рокот на тендерот - вели градоначалникот. Покрај ова, тој најавува дека во наредниот период ќе ги санира оштетените општински улици, за кои признава дека се полни со дупки.

Р. П.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1977&ArticleID=137062
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #116 Posted: 03-May-2010 at 23:07

Пајонска свештеничка во „зеницата“ на мостот „Око“

Бронзена скулптура на пајонска свештеничка, висока три метри ќе го краси централниот дел на пешачкиот мост „Око“. Избраните 28 скулптури, генерално, се ликови од подалечната македонска историја, благородници, свештеници, кралеви. На „Око“ ќе се постави скулптура на последниот македонски крал Персеј, на охридскиот архиепископ Прохор Доротеј, на сликарите иконописци Михаил и Евгениј, зографот Јован, македонскиот благородник Стрез, како и Ахил (преспански иларски епископ) и Васарион Дебарски (монах и книжевен деец). На пешачкиот мост ќе се наоѓа и скулптура на Крали Марко и брат му Андреја, на пајонскиот крал Авдолеон, на Јулија Тертипа (борец за права), на Будиј (учесник во никејскиот собор), како и на Аврелиј Кратет Птоломеев (лихнидски император од 3 век), Тат Флавиј Орест (правосветеник од Хераклеја), Публиј Септиј Николај (патрон на Стоби), Дионисиј Први (епископ на Лихнид), кнез Хацон и Пребанд (прв и втор крал на македонската средновековна држава), на Петар Делјан (син на Гаврило Радомир), Ивет и Ѓорѓи Војтех (македонски благородници) и скулптури на светците Јоаким Осоговски, Прохор Пчински, Гаврил Лесновски, Јован Кукузел, Ѓорѓи Кратовски и на Андреа Гропа. (Дс.Т.)

Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #117 Posted: 09-May-2010 at 00:53
Пајонската свештеничка се сели на мостот „Око“
 
 
Делото на скулпторот Сретко Јовановски, високо три метри, ќе биде поставено во средината на фонтаната и ќе се врти, открива авторот
 
 

Скулптурата „Пајонска свештеничка“, која минатата година беше поставена пред Музејот на Македонија, ќе биде дислоцирана за да го краси централниот дел
на мостот „Око“. Делото на скулпторот Сретко Јовановски, високо три метри, ќе биде поставено во средината на фонтаната и ќе се врти, открива авторот.
Освен оваа скулптура, од Музејот на Македонија ќе биде преселен археолошкиот дел во Државниот археолошки музеј, кој се гради покрај кејот на Вардар.
„Пајонската свештеничка“ е дело инспирирано од накитот што и припаѓал на свештеничка од 8 до 7 век пр.н.е., а беше пронајден на локалитетот Лисичин Дол, Исар-Марвинци.
Постојаната постановка на Музејот на Македонија е веќе спакувана и е ставена во депото, нагласи директорката Мери Аницин-Пејоска.
- Кога ќе биде готов Државниот археолошки музеј, а се очекува тоа да биде до следната година, постановката ќе се реконципира и ќе се пресели - рече Аницин-Пејовска.
Во монументалниот објект ќе бидат изложени и предметите од Исар-Марвинци, охридската колекција на златни предмети, богатствата на Стоби, Стибера, Хераклеја и други артефакти, кои го отсликуваат нашето културно богатство. Се планира да се направат музејски копии од многу ексклузивни предмети, кои ќе бидат изложени во другите музеи.
Во објектот ќе бидат сместени и Уставниот суд и Архивот на Македонија. Задниот дел ќе биде на повеќе катови. Таму ќе бидат канцелариите на другите установи. Покривот се планира да биде во форма на тап триаголник, кој ќе го држат десетина високи столба.

Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5361
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #118 Posted: 09-May-2010 at 01:29
Yippie, како во луна парк! Следно е и споменикот пред соборен да се врти со светлечки ефекти! На сред камени!
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #119 Posted: 09-May-2010 at 03:06
ТРАГИ-КОМЕДИЈА ОД ДРЖАВА СМЕ! НЕПОСТОЕЊЕТО НА ГОЛЕМА КРИТИЧНА ИНТЕЛЕКТУАЛНА МАСА ОСТРО ДОАЃА ДО ИЗРАЗ И МНОГУ ЛОША ШЕГА ЌЕ НИ ИЗИГРААТ ОВИЕ БУДАЛАШТИНИ. ИНАЧЕ И ЈАС СУМ ЗА ИДЕАТА НА ГИТАР ЗА КАМЕНИОТ МОСТ. САМО УШТЕ ТОЈ ЧЕКОР И СМЕ РАМО ДО РАМО СО ЕВРОПСКИТЕ МЕТРОПОЛИ.
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Anti-NGO View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 16-Jul-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Anti-NGO Quote  Post ReplyReply #120 Posted: 09-May-2010 at 17:20

Не знам што е толку трагично за толкава количина на плунка да се исфрли. Исто плукавте по Даме Груев и Гоце Делчев, па сега ве нема нешто... Да не биде слично и за ова .

Дали не сфаќате дека плукате сами по себе? Има вакво нешто слично и во Стокхолм. 

Уствари да, ние глупата неписмена маса што сме биле по цел свет не може да ја сфати величината на вашиот префинет битолско-софиски вкус... 

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 45678 28>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.343 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.