Колективен квалитет на живеење |
Post Reply | Page <1234 8> |
Author | ||
beTon
Senior Member Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3887 |
Quote Reply #21 Posted: 31-Aug-2016 at 02:30 | |
веќе некаде беше спомнато, но да потсетам, за да не ми замери утре харингата, на сите па и тебе мене вам нам ни треба нешто мор тајм, но не оној на дадо нит онаа на флојд, туку буквално мевлемот од рециталов на даб-поетов, иако повеќе ко слобода на умот неголи временски интервал, почнувајки од тоа кој и зошто ни ја заробува свеста пред е-тенеќава, до тоа дали и она слободно време што го имаме знаеме паметно да го искористиме, веројатно бесцелно повторно но бар не би истилтале во кауч ил фотеља напудрени од некоја сапуница ~ можеби на судниот ден најчест одговор апропо злоупотребата на даровите ќе биде сеир по социјални мрежи и денгуба по тв-серии, бар тоа да било во друштво па и некако, бар некаде во некое нво одвремена навреме дае ко такво пролуфтирано, конечно во сеирот да не сте ја заглавеле бар џанаџки, дај ми друже ил друшке уште една доза виртуелизација оти немоам да заспијан читајки книга, молимте само на ова откачувам, ех што да кажат нашите баби и медитациите при плетење ... за каков тоа квалитет на живот тука се говори, све до еден инфо-бројлери со воајерски табет под пазуви пробајте исклучете се од телевизор бар три месеца, пробајте скинете се од интернет бар една недела, а кога ќе им се вратите редуцирајте ги на основна потреба, ќе видите како пополека и мирисите и вкусовите при свеста ви се оправаат, чуствата сами по себе ќе почнат да се изоштруваат, а ако на тоа одземете рафиниран шекер и додате троа кардио вежба дал на риболов или на планина, можеби со точак под нозе или на рамена, верувам ќе почнете и од сето ова инфо-бунило и да се освестувате, бар информациите кои понатака ќе ги сркате и рециклирате нема да бидат бесполезни ќе ја завршам думава тро апологетски ... во овој свет па и на оваа димензија вопшто, се што постои има два краја од стапот, налик почеток и крај односно влез и излез, та гледајте при излезот да не завршите на буништето на забравот туку да пројдете ко нутриенти во небесниот крвоток Црквата а од таму во небесната свест Рајот и со Божја Помош надсвесната еманација на Царството Небесно, имајте наум дека подвигот до таму е потрен строго на Милостиња дал во форма на мотика или уште поарно молитва, а особено со леснотија доколку тоа се прави свесно и добровлно како чин на Слободна ВОлја впрегната во Божествена Атмосфера односно заради Божествени Цели како што е Љубовта и Разбирањето кон и за сите подеднакво та и оние заробените заглавените отфрлените заборавените незаслужните, помагајте безусловно секому кој бара и прифаќа да му се помогне, едно Господи Помилуј без проблем можете да кажете за секој еден па и отпишаните, но тоа направете го искрено бидејки мислата се пробива низ вас само кога е натопена во светлина би рекол кога е оСВЕсТлена ,,, доколку пак сте упорни околу сол-арниве работи ќе разберете дека височините и проникливоста низ сферите на животот немаат крај и врват со леснотија на птица ... потем и сред очајни прилики та и при тешки болести ќе имате мир ко што ни најбезбедниот трезор на федералните банки го имаат, тогај ќе ви биде мило дека сте избрале да заборавите на е-сеирот и тв-сериите како лоботомирачки дејанија врзани за долниот крај на стапот, затоа дехипнотизирајте се од паразилирачко-хипнотизирачкиве гачки играчки гатачки и почнете да бркате живот полн Слобода таман сега после пропаднатиот пуч в Турција, но и сета блискоисточна геополитика, има доволно материјал за нови сезони на Полат и компанија, дури сега со можност и за риалити шоу кадри и продукција, што да кажам ако можете бегајте од сапунициве ко од насмеана змија, за озбилно да не ви спржат и табиет и каква и да е слобода што ја имате пред порти и прозори |
||
beTon
Senior Member Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3887 |
Quote Reply #22 Posted: 30-Aug-2016 at 15:15 | |
погоре го вметнав конкуретска чисто за да не трилира со пазар во продолжеток, иако и денес ова што го имаме не е пазарна ами буквално пожарна економија бидејки живееме на свет со ограничени ресурси а без ограничени апетити, та баба се чешла а село гори е муабетов, никому не му е гајле за колективното во случајов на државите за земјата, па што тогаш на семејството за заедницата, нели урнек секогаш ни е поголемиот брат или сестра, а нормално дека чим тие големите сред каша-тализмов се однесуваат перверзно неодговорно што пак останатите, дал се тоа правни или пак физички лица чии пак структури како синдикати или семејства се во истиот маргинализирани и прогласени потајно за нефункционални бидејки само преку индивидуализам корпорациите можат да ја контролираат топката и да растат, во спротивноќе мора некому и да одговараат, ко за иронија така беше и во титоизмот бидејки беше концепт излезен повторно од кујната на западните детерминисти, чии еугеничари потпирајки се на плеќи на апостатско-паганската традиција на тајните друштва кои ја истурија француската револуција а по неа и на широка врата промовирање на секуларноста како императив доведоа до тоа да се срози моралот до животинско ниво, за да веќе денес луѓето на планетава ги гледаат како статистика наместо живот, та штом истите не им влегуваат во нивните параметри за "одржлив развој" истите ги попаруваат со разни чуми или војни, а единствено што требало е да ги распределат сопствениот капитал и моќ подеднакво наместо да ги трупаат под земја себично, просто да имале сите народи еднакви услови за развој немало и ден денес да имаат бомбастичен наталитет ко сиромашни а по него и сите денешни био-етички и еко-етички искушенија, односно сложно би се решавале сите предизвици наместо сеуште елитистички да се спинуваат светските политики http://songmeanings.com/songs/view/141341/ но денес во овие времиња едни искушенија, порано во антиката други, претходно во неолит трети, иако заедничко за сите епохи како каписла за дебакл на постојниот општествен модел им е кулминација на декаденцијата, абер провеан низ чела нишка поназад, просто развратот го корумпира не само човека него и неговота идеологија, да на крај така попарен веќе сраснува со гревот и не го ни осеќа за грев, нема ни тронка каење дека нешто грешно сторил нит во семејството нит во пошироката заедница, а таквата безнадежност како по обичај почнува хеирархиски од горе надолу, та откако почнат аристократите да се губат од умот набрзо и народот го прифаќа таквото оро ~ често аристократија ја споредувам со жена а народот како маж, та дури и мед и млеко да тече в дворои ако ко поемоционална односно поосетлива жената нема страв од Бога нормално дека блудот ќе заигра кога тогаш, зависно од приликите и спремноста да не им се одолее на искушенијата, урнек кој подоцна најчесто заради немање соодветна алтернатива и мажот го следи како компромис, што јасно дека е само прашање на време кога таквиот скриен раскол ќе ја урниса и заедницата, денес веќе речиси норма, но неретко и мажот односно народот знае да ја оплеска та потикнат од озборување да се крене и да ја обвини жената т.е. власта за корупција, што пак доколку таа тоа не го признае односно е навистина трач, треба трезвеноумност и прилика за отворено да се преиспитаат обвинувањата, иако како вели онаа народна кој признае половина му се простува бидејки при покајание секогаш има простор за повторно да се најде соживот ако не љубов, нешто што впрочем сега и се случува и на постојната власт кај нас, дури имаме и прилика озборувањата да ги чуеме бидејки некој од свекорите или јатрвите нашол пазач да внивама, но повторно од запазеното освен индиции не видовме гола вистина та сомнежот да се ефектуира во кривица, иако јасно е дека секој систем е сам по себе од старт корумпиран како гнездо на среброљубие едно е јасно дека ако самите светски елити не го декомпонираат капитализмот, тоа наместо нив ќе го стори планетава, ако ништо друго постојната негативна енергија олицетворена во себичлук, неморал и безчуствителност ќе ни се удри од глава и без покана, но каков и да е колапс сред волку маса народ ко сега што крепи земјава, дефакто ќе предизвика големи лудории посреди толку оружје и чаламџии, камо да помине тоа што полесно со некоја природна катаклизма, можеби разорна непогода дал сончева бура или астероид, та заради спржената електрониика да нема толку крвави сценарија, ем заради непогода извира помалку гнев и омраза него заради војна, иако Не Дај Боже и при такви околности може да има крв до колена за ресурси и територија, та макар се тепале и со стапои ~ This great tribulation will consist in a celestial cataclysm which will cause men's hearts to fail them in fear, and by the eruption of a war which will have consequences of unprecedented global devastation. Our own civilization now, as it is, faces: "the period of distress unparalleled since nations first came into existence". (Dan 12:1) [1] и иако не е православно да се испитуваат времињата и судовите ко што тоа го прават на запад сепак го потенцирам линков чисто како абер дека без исклучок речиси многу работи упатуваат на тоа дека живееме во последните времиња чија кулминација ќе биде по евентуален колапс на светската економија а кој посекако е загарантиран доколку удри и поголем метеор а не пак астероид ко што е најавен за 2036 доволен повод за да се случи трета светска војна, но овој пат со сестрано распослани атомски биолошки и хемиски оружја на маса, особено проблематични се новите генетички гачки преку кои може да таргетира само одредена популација [2] но можам само да претпоставувам до каде се' се спремни да одат светските елити во намерата да ја одржат својата власт дури и при природна катаклизма ако се знае уште сега какви се технологии имаат во багаж, но имајте во предвид ако ова е на мегдан и јавно што се' има пак под тепих и тајно [3] нормално власта и тоа ќе му го подаде со вкус на народот вака видено комотно можеме сите да се предадеме до крај на разврат, па и така се е во аут та и ние ајде во ендек, но доколку и малку верувате во живот по смртта , гледајте со време очистете си ја душата за да биднете компатибилни за повисоки сфера од таа страна, а во најмала рака заради помал стрес уште сега навикнете се на живот во подвиг, та со леснотија да му одолеете на земниот ќорсокак и индивидуално, а преку својот пример потенцијално и колективно, просто и мала искра знае да вивне оган, а кој доколку е подгреан од емпатија може и елитите да ги разбуди од бунилото во кое се заглавени та наместо ривалство да тргнат во соработка, што пак најдобро се постигнува со колективна заедничка молитва Литургија барајте и ќе ја добиете Помошта Божја бар Просалвувајте Го Бога заради помали страдања на ближните кои заглавиле по инерција, секој нека тргне од себе, и малку белило може многу што да очисти, а не пак на сите околу себе да оставаме пример што значи да си чист, особено ако белилото сами знаете и несебично да го споделувате, Милоста впрочем е одлика на Освестените, а свеста милина да се сподели, радоста секогаш е во давање а не во земањето, иако и земеното ако е дочекано со волја да се сподели со некого ја продолжува таквата позитивна реалност, космополитизмот нека ви биде мајка а не макеа, иако понекогаш поарно и макеа него свекрва, гледајте на луѓето сродни а не далечни комшии, а близок комшија не само на кафе туку и на ручек ќе го повикате, та зар доброто со добро нели се враќа меѓу таквите комшии, а ве уверувам тоа е случај кога и на непознат ќе му го направите, прва ослободувајки ве директно вас од прангите на мамонизмот а потем и индиректно ако не поинаку преку радоста кај вашите поколенија кои по ваш терк би живееле безгрижно а скромно ... доволно е тоа да го правите и општо хуманитарно ако не попатно и секојдневно ... Слободата почнува да вирее најнапред во срцата кај секој еден поединечно - не ја гушите заради страв или тренд од самодоволност, и никој да не помага вие помагајте ако сте свесни дека така од гарежот на овој свет си ја чистите душата, чуствата и личноста |
||
beTon
Senior Member Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3887 |
Quote Reply #23 Posted: 30-Aug-2016 at 05:51 | |
повеќе од веројатно е дека сета оваа нешка треба да се симплифицира на две основни работи, Заедница и Семејство, односно за одржлив квалитет на живеење неопходно е да функционираат и двете, а како симбионт најдобро функционираат во Социјализам иако социјализам во права смисла на зборот кај нас немало со оглед дека елитите и на почетокот и на крајот од титоизмот се си прибираа за себе, камо тие пари на крајот да им ги распределеа на работниците, а не на жими мајка да им ги земат акциите, а неспособни да се прилагодат на новонастанатите прилики да од договорна економија прешалтаат на конкуретска, ем од сигурен пазар од 22 милиниона ко што беше екс-ју да се сведат на 2 милиона локално, нели нит имаа црпка нит стандарди за да се наметнат другде, макар имаа и технологии и работна сила во недоглед, просто сотреа голем дел од она што со децении се пумпало нејсе, Заедница и Семејство, среќа бевме патријархално воспитани ко и цела јужна европа, па некако и успеавме да ја преживееме транзицијата - колку толку подносливо, иако многу народ и навистина остана дезориентиран, ова пред се Стечајците ко ниваму нитаму 5-тина популација полна џебои од празни ветувања и надеж без никакво покритие, потем Младите како бесперспективни моми и ергени кои својата мизерија ја натопуваат во евтин алкохол и дрога, а на крај и самиот Систем кој својот очај го лечеше трезнејки кај администрацијата се поголеми и поголеми коруптивни табиети, нели дури јавна тајна беше дека законот не важи за ониее поеднаквите со пошироки џебои но излеговме од социјализам за да сконтаме дека и во капитализмот е неопходно здружување за да преживееме, иако народ беше убедуван дека сега ќе биде ко песна и сам, само што се користат тро нови синони како Концерни, Ко-оп, АД-а и сл. порано беа ОЗТ-еа, Кооперации и Комбинати, просто денес зборот Мерџинг е основна идеја за успех во бизнисот ... смешно но вистинито е дека и гласот на народот денес не се слуша ко што тоа се вергла, демек демократија та народ одлучувал, што можеби и ќе беше така доколку за се постоеја инстант и обврзувачки референдуми, што денес во ова е-општество и те како се возможни, иако доколку таквиот систем е целосно автоматизиран истиот ќе може лесно и да се хакира односно штима, заради што прашање е и така дали народо навистина ќе ја има некогаш контролата на дланка, а политичарите да му бидат само советници и извршители на неговата волја, наместо како и од секогаш Деспоти без ограничувања, иако со последните пролуфтирувања со законот за администрација бар експедитивноста на постојниот систем почна да се наѕира убрзувајки го таман во споледен час, што за балкански услови е фатаморгана, иако цела јужна европа живее со сличен менталитет на рамења, што појужно тоа поопуштено, дефакто во овој контекст на оваа страна од овој континент функционира некој вид на контролирана анархија, само фали редовно сервисирање на онаа нашата позната поговорка 'Брат брата нерани Но тешко кој го нема' бидејки се повеќе и повеќе завладува рамнодушноста ко што веќе одамна е случај на запад, каде и децата заради некој животински порив се фрлаaт одма во оган уште на 16 години да вкусат што е тоа практикантски волонтерски работна навика, за веќе на 18 години неретко да добиваат и нога од дома, за да се научат на работна дисциплина што поскоро, за што најчесто кај нас порано служеше народната војска како тренинг и мотивација на момчињата за идни стопани, а денес нормално е дека ќе бидат распикуќи кога репер е тоа декаденцијата по интернетов и телевизијата ~ а дури и спортот замре, во најдобар случај од празно во шупливо се претура, или завршува нереќно со ливче во кладилница! и иако се обидуваме сето ова да го ресетираме, додека не се застане на патот на гетоизацијата и не се исфорсира руралната реемиграција ние и со германски стандард пак ќе имаме голема сиромаштија нели ќе улета пола комшилук со метании и баци рака за да крпат крај со крај, што пак и дополнително ќе ни ја смени демографијата, а заради што чинам дека и вештачки власта ќе мора да го контролира и регулира економскиот раст, во меѓувреме сите и понатака да ги куражи на единствено и разбирање трагедијата е што дури ни во кризни ситуации нашите народни избраници немаат компромис [1] Edited by beTon - 20-Sep-2016 at 01:56 |
||
beTon
Senior Member Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3887 |
Quote Reply #24 Posted: 20-Aug-2016 at 14:14 | |
до тој степен сме отуѓени од нашата вистинска природа, та дури и кога сме блиску до неа не ја осеќаме за потребна или пак претеруваме наметнувајки некое невозможно темпо или услови, настрана што сме констатно уфилмани од некаков матрикс на концепти желби комфор едноставно речено живот на вересија кој од нас прави мулиња, а капак на сето тоа беше и ова е-општеството кое од глобално село не сведе на глобално гето, и наместо поздрав живот, поубава социјализација и гарантиран спокој, ни протна на мала врата екстремно робовладетелство, социопатска комуникација и осигуран немир, просто до коска не навлече на конзумеризмот да сега послатка е онаа анархична реалност од транзицијата кога ништо немавме а сепак се дружевме него сега оваа фатаморгана кога навидум се имаме а сепак сме до болка отуѓени, фино и во Љубов да сме натопени сепак заради икс трендови на истата ладно да и возратиме иди лечи се! вака земено и чувствата ни се денес бижутерија а не пак днешнава храна која ги погреба ... но никој не е крив што ко заморчиња и се предаваме на урбаната центрифуга за да не сомеле, нормално дека животот по духот од овој свет на крај преку похотите ќе не направи супер-мизерни, нели чим младоста не одмине а телото почне да скапува, што денес е се' побрзо и полесно преку сета хемија протерана директно или индиректно во храната, почнуваме да тонеме во депресија, а на тоа кога ќе се додаде и празната идеологија апропо духовноста, воопшто живот после смртта, нормално дека ќе почнеме да паничимe, за на крај утеха од ваквиот стрес да најдеме роварајки по буништето на заборавот, да не ти се верува дека ваквата лага е веќе прифатена како норма, а со нормата дури и продухевените успеваат повторно и повторно да ги прелажат, нели ќе ти фрлат ново клопче играчки од месо или алтани, сетне оди бркај спасение, што би рекле скопски све позери, една маска за надвор, една дома, трета работа итн. [1][2][3] имаше една поговорка вели во последните времиња демоните ќе уживаат на плажа заедно со сите еросни окултисти, бидејки се останато ќе биде спржено преку визијата-на-ТЕЛЕто и култот-на-ТЕЛОто, нормално сето тоа квалитетно осигурано преку лихварски бушони за самодоволност, а да е и пострашно преку истата таа телевизија не направија и рамнодушни, често ќе речам сензационалистички испрани мозоци кои ни мува веќе не ги полазува кога ќе чујат за нечии војни и страдања, на сето тоа и спинување нечие страдање во однос нечии политички цели, а да е посмешно до тој степен ни го имаат сотрено квалитетот на живеење да избетонирани од таквото празно количество на петпарачки информации нит црно од бело веќе не разликуваме а не пак нијансирана атмосфера, затоа луѓето се и при изобилство несреќни и при глобализам во себе затворени, дури и во прошетките веќе не наоѓаме задоволство бидејки постојано сме стрес-ени, та едино уживаме само кога пред тенекињава ко џанаци дремеме [1] Edited by beTon - 20-Aug-2016 at 20:20 |
||
beTon
Senior Member Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3887 |
Quote Reply #25 Posted: 18-Aug-2016 at 12:03 | |
всушност во кој тоа матрикс на елитите сме ние заглавени, а од што се истите паметни, не само што мамонизмот ни го сервираа како идеал за кој вреди да се умре и живее, ами така и Бога им го откраднаа на луѓето од срцата, лишувајки ги од префинети чуства и подлабоки емоции кои што може да ги дочека само човек кој е одврзан од системот, односно не му робува на постојниов, да има колку што му е доволно за да преживее, а тоа да му е доволно, често знам да кажам - нашите предци иако ништо немале од ова што денес го имаме сепак биле презадоволни и од воздухот што го дишеле, па макар феудално ги товареле, бар знаеле кој и зошто е крвникот, додека сега ем не сотруваат корпорациски ем за тоа треба да сме им благодарни за избликов на аскетска емотивност ме мотивира последната 381 епизода од going underground од која овие два дела околу промоциите на овие две книги ќе ги издвојам како отрезнувачки, доволни ви се сижеата од видеата за да ги сконтате и книгите односно авторите, уживајте кој би рекол дека пишаниот збор во живо е и' посладок, арно ама најнапред треба и да е напишан, нели кога муабетот е концепциски разработен и доизстражен после е поезија и за оч и за уши штом се дофати ... првата говори за системската фалинка, а втората за системскиот осигурач ... |
||
beTon
Senior Member Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3887 |
Quote Reply #26 Posted: 18-Jul-2016 at 09:55 | |
знам сулудудо ви звучи на повеќето, зато и то цртаните предожби измеѓу, дане излезе преозбилна работава, но би ве замолил немора ни медитативно нит молитвено, одете во природа што повеќе што почесто, просто радувајте му се на овој свет онаков каков и навистина е, природен! впрочем ова аберов е потсетник пред се за самиот мене, а вам колку ви сече и ви треба потсетувајте се, нормално едно Господи Помилуј можете да пратите,порано во комунизмот попознато како Господ Да Чува бидејки на се и на секого може да налетате ... од што нормално ви зависи и Квалитето на Животот ако не друго околу перцепцијата за тоа по што вреди да си кршите глата или да си губите времето! на заборавајте колку погеотизирани толку полесно ве контролираат и манипулираат [2][1] и нормално тоа му е неопходно на системот кој по никоја цена не би ја испуштил контролата од раце, особено не ова капиталистичките матрици, воопшто која и да е мамонистичка идеологија, каде бројлерскиот табиет најлесно ја осигурува долговечноста на животинската фарма, што може немаше да биде склет да не бевме сред паднат свет, да неречам ниваму нитаму но вака ко што е затеран посекако предворје на пеколот, хм, мутанти и киборзи да ни се мотивација за опстанок, само сетете се колку се и што се би имало во 10 милијарди земјани, настрана дошљаците избглиците азилантите ... welcome to earth enjoy your stay its Nice place [1] Edited by beTon - 05-Aug-2017 at 19:24 |
||
beTon
Senior Member Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3887 |
Quote Reply #27 Posted: 18-Jul-2016 at 08:55 | |
нема да тврдам дека како човештво сме заморчиња и заложници на нечии еугеничарски агенди, ко што предлага докторот од првата фуснота на последниов цитат горе, но ќе потврдам дека како луѓе не е спорно дека знаеме инвентивно да жонглираме со различни шкорчиња, а доколу случајно некое падне на суво нормално дека пепел е работата иако тера и до ќумур доколку е некоја густо населена област ова говорам за emf експериментите и нивна контролирана употреба врз одредени појави како клима [1] посекако војска [2] а некое велат и луѓе [3][4] a колку и што од ова е вистина нема да навлегувам, но би ви препорачал пробајте живејте духовно а изолирани од емф бранови (струја,телевизија,радио,телефон) односно затерајте со молитва или медитација аскетски, ако не на планина и пештерски, в село в камена куќа без армирани столбови, бидејки истите по принцип на фарадеевиот кафез ги заробуваат јоните и отповеќе, што повторно би влијаело на располежението ако не на квалитетот на живеење, а за што нели освен редовно проветрување имате на располагање и emf закрпа [5] колективно, за сега, мислам дека попрво немаме рајат од конзумеристичкиот и корпорацискиот агитпроп по масмедиумите, отколку што некој не држи во emf матрикс, но ако навистина гледаме на земјата како едно-цело што би рекле научно киматично, не гледам зошто и тоа да не е случај, а според многу духовници тоа е и' норма, нели дека цел овој свет е фатаморгана од која се будиме дури откако се предадеме на особен духовен подвиг, да, оди заборави на ниски страсти и вкусни сласти во овие времиња, просто затоа и сметам дека адвертајзингот и технологиите на храна се главната спона за држење на светот во колонијано материјалистичко ропство, а дури и оние кои ќе се продуховат малку и да олабават во подвигот - лесно биваат повлечени назад, еве да се пофалам последниов период ко што велам погоре од година и кусур така имам свртено на сластољубие да одењето во Црква ми е само пуста желба, пред се од недостајание, иако сум свесен дека токму болницата е за болните, а борбата со похотите најлесно се извојува со Божја Помош и особено Литургиски нели ефектот експоненционално се зголемува преку заедничко славословие ... абер на долго и широко поместен во неколку нишки по форумов [1] |
||
beTon
Senior Member Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3887 |
Quote Reply #28 Posted: 17-Jul-2016 at 23:13 | |
можеби бидејки со години ме пазат односно сум свесен дека ме пазат, па имам отрпаното, та немам толку склет од биг-брадер страната на лулашкава колку од ова хакслиевата биг-систер предожба која веќе и се случува на ниво на гмо и остали хемии по се она што го конзумираме, почнувајки од хлорот [1] преку акриламидот па се до мсг-то [2] за козметика и да не говорам [3] иако тоа се само нусефкти од трката по златното теле, додека кога сакаат да убрзаат или успорат како народ тоа го прават претежно преку агитпроп ил псајоп каша која си ја сркаме со милина, давајки им ја и свеста освен енергијата под кирија пардон на вересија! дури смешно ми е кога ќе ме здрма параноја дека некој посолил нешто пример во некоја пратка банани, нормално по грешка, оти нели малку фали за да бидне некој духовен инвалид, од што можеби порано повеќе имав гајрет него за телото, а сега се водам 'додека се може' од онаа утеха 'што нема да те отепа ќе те ојача' па еве се јачам едно година ипол со вештачки веј оф лајф. ајде бар непијан газирано [1] најсугурен начин да ги лоботомирате чуствата, не дека со останатиот шекер [2] тоа не го правам макар и природен [3]
[1] Electromagnetic manipulation of our minds and genetic modification of our foods are already techniques of mass social control [1] Edited by beTon - 17-Jul-2016 at 23:23 |
||
beTon
Senior Member Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3887 |
Quote Reply #29 Posted: 16-Jul-2016 at 19:44 | |
мала корекција, сиромаштвото од секогаш било злоупотребувано заради револуции а не само сега, значи на празен стомак многу лесно се крши кичма, а скршените ко такви лесно се манипулират, веројатно познат ви е пристапот на големите или посилните да преку ембарго наметнуваат на некоја земја своја волја, од друга страна не е нит едноставно да се препознае кога кој ја злопотребува кај некого оваа комбинација на телесна исфрустрираност и духовен презир т.е. во случајов гнев од глад и гнев кон разврат, просто овие или слични причини сами по себе не се доволни за да се впрегне некаква револуција, за која пред се потребен е некој повод а кој ко што знаеме без исклучок некој во позадина го оркестрира, последниве два века во очи тајните служби, настрана кој стои зад нив, бидејки барајки конечен виновник на крај сите сокаци водат до злото како појава ( каква и форма или име да му закачиме, иако истото е дух кој многу лесно се претура од едно во друго срце па во даден миг може да го препознаеме кај некого, затоа не судете, макар навидум некој ко верник без молитвен штит падналво афект, најчесто случај со почетниците во која и да е религија, токму вистински момент кој го злоупотребуваат тајните служби кои впрочем и денес владеат со светов, да не веруваш дека народ за нешто одлучува, а и кога тоа ќе му тргне пак му го одземаат од раце заради икс геополитички, геоекономски или геокултурни причини чинам сето ова со терористите како кампања која почна по 9/11 е специјална војна наповеќе нивоа, а наедно од нив е инверзијата од слободен во биг-брадер свет, односно поставување легален статус сред западниот свет за сеопшт надзор на службите врз сите и се' во секое време, просто контролата на моќ и потребата за нејзино осигурување нема граници, нели стравот од пропаст на империјата е исконски, иако некој ќе рече посреди главна причина не е надзор на луѓето туку на се она што ги навјасува, дал е Добро или пак зло, што би рекле научно интергалактичко разузнавање околу техниките и оправданоста во офтопик имате цела нишка Пазачи и Пазење па тука не би навлегувал како сето тоа го и ќе го прават, но би укажал дека америте истото веќе одамна го направија со патриотскиот акт, русите сега го легализираат, а на европеите сите овие терористички пакости би требало час поскоро на тоа да ги принудат, макар брегзитот им ремети во математиката, но од друга страна пак им оди од рака на британците и без европско душегрижништво да впрегнат турбо надзор [1] нешто ко америте [2] кој за воља на вистината во Лондон одамна функционира беспрекорно [3] нормално по глобален град од него здравје со повеќе придојдени од домородци [1] http://warontherocks.com/2016/07/digging-into-the-archeology-of-the-future/ http://www.infiniteunknown.net/2012/03/13/letters-from-aldous-huxley-to-george-orwell-1984-v-brave-new-world/#more-50103 |
||
beTon
Senior Member Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3887 |
Quote Reply #30 Posted: 16-Jul-2016 at 13:00 | |
веројатно сиромаштијата и денес, а особено утре, ќе биде мотив за многу "борцизачовековиправа", а како и во секој до сега така и сред западниот империјализам многу ќе се најдат обесправени, ем без креативност по џебои, и ето подобен регрут за терористички напади, но обично тоа до сега беа учени политички идеалисти [1] а и така ќе остане што е до водачите [2] кои се' повеќе и повеќе ќе бараат нереализирани чаламџии на кои гордоста преку сиромаштијата им удрила в глава, давајки им директно или индиректно мотив да се докажат, бар грото од оние кои распукаа годинава во Франција биле економски заглаени, а на таквата безидејност многу нормално дека очајот потпрен на хаер-коуз дава крила, капак ако традицијата ти е старозаветна та гневот слесно може да се истури кому иде во недостаток од главен виновник, во последниов случај со Ница скроз без осет дека и деца ќе настрадаат [1] за разлика од претходните два каде пр. беа таргетирани дет-метал концерт во Париз или геј-клуб во Орландо, иако масакров во Ница е пред самиот концерт на Ријана, но веројатно атакот врз симболот на француската-револуција бил поизводлив!? едно е јасно заразлика од порано денес исламските фундаменталисти го напаѓаат се она што е срж на Декаденцијата, мечуди само зошто не почнат од својот двор пред да чистат по туѓите, иако легитимно е како маргинализирани земјани да бидат гневни на империјализмот богатството и скржавоста на западнот свет, кој ко за иронија токму нивната несреќаа ја спинува за дополнително робство и експлоатација на третиот свет, ах сиромаштија на умот! https://www.revealnews.org/article/this-is-what-lone-wolf-terrorism-looks-like-in-the-us/ можеби полесно би им било на сите доколку се дереализираат [1] ако веќе неможат безидејноста креативно да ја впрегнат и канализираат, но токму спротивното грото гледаат некако да се дореализираат што кај сите но особено сред арапскиот свет значи пари и моќ, кои ако ги нема а човек е без компас, јасно дека ќе почне да живее средновековно [1] а зар на балкан е поразлично, среќа зафураа то њускул-от и турбофолк-от па нема морален катализатор за осуда на поеднаквите, но да видиме при дадени непогоди и приликите се менуваат [1] Edited by beTon - 16-Jul-2016 at 13:38 |
||
beTon
Senior Member Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3887 |
Quote Reply #31 Posted: 12-Jul-2016 at 11:12 | |
толку имаме и токму она го имаме по кое сонуваме, да не речам копнееме, бидејки копнежот за разлика од идеализмот далеку побрзо вади на маса резултат, онаа мотивација која кај идеалистите изостанува за да сонот бидне јаве, а така е и со грото сиромашни, кои како системски бројлери доколку ради икс причини не грабеле и тоа без пауза нанапред јасно и декаќе заглават во дадени околности, но како да мотивирате некого кој го презрел овој свет и попрво гледа душа него глава да спаси, решение, Добродетелност - подвиг и жртва за другите, бар со поука,совет или информација некого да помогне, навистина не е толку суштно да расфрлате риба туку абер за плетење на мрежи, пардон ловење, дури и буквално [1][2][3] но и абер за дозволи за да не ве колнат потака [4] иако може да се види денес ова станува скапо хоби отколку можност за опстанок [5][6] можеби треба социјалците, инвалидите и учениците да бидат ослободени од лиценца, особено во првиот случај јасно со ограничено количество улов но денес сиромашните имаат далеку поголем квалитет на живот, него сиромашните во некогаш, иако по мерката на развој порано сите биле сиромашни во однос денешниот комфор во кој се давиме, иако истиот е петпарачки и вештачки, но она во што биле појаки порано е домакинлукот, знаеле се' правилно да распределат и секогаш сите потреби да ги задоволат, но ако и денес потребите ги сведеме на егзистенционални и те како знаеме убаво да ја истераме приказната наречена живот, проблем како и секогаш се ненаситноста и луксузот, заради што и се фрламе во буништето на мамонизмот - нормално како би се нафатирале час поскоро со бесчуствителност да бидам искрен, лично се бев откажал од слинење по богатства и луксуз, но дефакто се расфрлав со она што го имав, по аршинот на писанието пост погоре ~ комфорот не си го ускратував, а и сега неможам да речам дека живеам скромно или практично, нормално нус ефект од транзицијата кога титоистичкото нишај врата земај плата го заменивме со нишај книшка лапај кредит, мислам на банкарската/лихварската, иако грото немајки ја таа мораа да сесвртат на партиската, а неретко комбинација од двете за многу значеше и значи колку толку амортизирана живеачка, но зар така не било од секогаш само што порано лихвата одела подрака и се вадела од под перница, додека партијата може да се каже дека биле кастата на чиновници во феудализмот и сето тоа е во ред, нормално треба да се има, и логично е да се има, проблем е кога имањето не знае за крај, иако на крај сите заминуваат од овој свет без имот, но пак ќе речам кому колку му сечи за следниот односно се подготвува за истиот тој свет, а каде сигурна пропусница е Милосрдието, но што би рекле комунистички секому според потребите, а доколку во некоја особина можеме да го подражаваме Господа тоа е во Милоста да си милостив кон се и кон сите освен злото, а и тогаш да имаш разбирање за оние озлобените како не би ги суделе со својот недоносен памет, ако веќе не можеме да им помогнеме ... имајте на ум дека злото може да има посуптилна нарав пр. лицемерието, посесивноста, паранојата, умисленоста итн. та Помагајте секому за да имате мирна но и добра совест
интересно е дека во Отоманската империја милосрдието како релизгиозен постулат било и задолжително [1][2] додека гледаме во европската е претежно волунтаристичко, доколку на социјалната помош се гледа како вишок на системот кому поефтино му е да ги подмачка сиромашните со вишоците данок отколку да им обезбеди сигурна иднина дали како рурална реемиграција или пак рурална кооперативност, нешто што кај нас дури сега е во најава предизборно, и тоа само за доброволци наместо за сите што заглибиле во дното [3] Edited by beTon - 26-Mar-2020 at 08:45 |
||
beTon
Senior Member Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3887 |
Quote Reply #32 Posted: 10-Jul-2016 at 18:14 | |
еве велат табиетот го главел чоека, иако околината е крива за навиките и приликите, односно пропуштањето на истите, макар моите јас свесно ги пропуштив водејки се од Божјата Поука попрво камила ќе влезе низ иглeни уши него што богатиот ќе влезе во Царството Небесно! аирлија, тешко на оние кои не добацуваат напред а не се аклиматизира на тоа што се! просто не е страшно да си сиромашен, страшно е ако тоа те фрустрира, потем нормално пушти инстикти да те доведат до пленот, макар до истиот само делфини ти биле од помош [1] http://upgraders.org/2014/10/09/no-poverty/ [1][2]
|
||
beTon
Senior Member Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3887 |
Quote Reply #33 Posted: 27-Jun-2016 at 15:51 | |
во принцип убаво четиво иако повеќе апологетично, но главната гачкаешто е црно бел документарец, со тоа апострофирајки ги поентите и поглавјата, но чинам поосвестувачки би делувало доколку успат се протнувале полу-кадри во боја со одредена демистифирачка двосмисленост, пр. додека Пеце Атансавски свири на гајда во позадина баби да нижат пиперки, а невести да прават пинџур, ајвар или туршија а со оглед дека ова не ет случај, лектирава од време на време паузирајте ја додека ве освестува со по некое поколиритно интермецо или оние со помалку документаристички а повеќе видеоартовски табиет нека смиксаат нешто налик Edited by beTon - 27-Jun-2016 at 15:51 |
||
beTon
Senior Member Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3887 |
Quote Reply #34 Posted: 27-Jun-2016 at 07:50 | |
beTon
Senior Member Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3887 |
Quote Reply #35 Posted: 27-Jun-2016 at 07:40 | |
да видиш да неверуваш дека од лулката на западниот империјализам вакво нешто излегло, затоа сум и скептичен апропо ефектот и пресметаниот ризик со кој кралицата ова го дозволила, сепак за поздрав и за поука е референдумскиот пристап за издвојување демократија, нешто што детерминистите ни во тв-дебатане го дозволуваат туку постојано продуцираат улични револуции знаејки дека само така ќе им помине агендата во демократските општества ваквиот кабает на елитите за недуховен јарем врз рајата колку и добро да е демистифициран тешко дека би помогнало за власта вистински да прејде во рацете на народот, бидејки за нив истиот е празноглава стока, што би рекле нашиве локални потценувачи на плебисот со доза на цинизам "народот е секогаш во право дури и кога греши" самата власт како појава сред материјализам просто бива инстантно соочена со алчност за моќ, чувство на горделивост која секој еден го корумпира доколку го изгуби својот личен мир, а дали некој е смирен сред ненаситни времиња ~ дилема лесно предочена и тука во пост за нишката Емоционална Интелигенција [1] New world Order не е ништо друго него Neoliberal Globalization ултра глобализација која како мамонистички култ [1] има за цел штанцање подобна конзумеристичка раја, но елитите знаејки дека еколошките искушенија со кои е соочена планетата ова не го дозволуваат па веќе однапред имаат договорено еугеничарска агенда преку која треба светската популација да се редуцира и контролира, агенда која се спроведува уште од зенитот на индустриската револуција, во спротивно со леснотија ќе му дозволеа на Тесла бесплатно да не електрифицира воопшто на сите иноватори ќе им помогнеа [1] светот да го ослободат час поскоро од наемничко робство кон системот, просто сега сеуште тераат вака капиталистички за да не ја изгубат контролата и моќта, често ќе речам ко за иронија и нацизмот и комунизмот своевремено се чорби од нивниот казан, а најјакото е штоне убедуваат при очи и свест дека сето ова е за наше арно и заради наша слобода, каква елитистичка фатаморгана! |
||
beTon
Senior Member Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3887 |
Quote Reply #36 Posted: 26-Jun-2016 at 23:56 | |
може да се каже дека брекзитов е славење на слободумноста и слободоумниот народ кој одбива да се слее во глобализирачкиот мевлем на масоните, кои не само што сакаат да ги централизираат и политиките и економиите едноставно просторно [1] туку сакаат и да не гетоизираат како население а како полесно би не контролирале [2] мевлем кој и кај нас ни го продаваат во последниов наврат спакуван шарено [3] сепак како богата држава, обединетото кралство, ова како потег го етикетира како самобендисана исфрустрирана и чаламџиска еу-колонија која прво со одбивањето на еврото ова го истопори а сега со брегзитов и го верификува, но нека не ве лажат случајностиве, бидејки во првиот случај тоа беше одлука на лондонскиот финансиски центар односно на елитите, додека ова сега е одлука на обичниот слободниот народ од внатрешноста, а на кого му е преку таквото од еу стандардизирањето како јарем за испустување на малиот човек а форсирање на корпоративниот империјализам [4] сепак од бројлерската иднина која еа-детерминистите од поодамна ни ја имаат скроено, а на која и креативно сме потсетени и предупредени сестрано навистина нема бегање [5] а ко таква посочена и во Откровението во овој контекст може навистина делува депласирано денес да се гледа на еу како nwo проект, но досегашните експериментални фази упатуваат на тоа, веќе посочен нво-абер и на форумов преку соодветна nwo-нишка во офтопик-подфорумот каде на долго и на широко се опфатени причините за супер светски поредок, сепак како мотиви разводнето посочени и тук таму [1] а би било корисно да се симплифицираат во неколку реда и тука пр.
|
||
beTon
Senior Member Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3887 |
Quote Reply #37 Posted: 26-Jun-2016 at 14:41 | |
британцитe сакаат да биднат она што сме ние денеска, и ништо повеќе ... дури ние сме во поповолна положба, бидејки како кандидат имаме право на претпристапните фондови, тоа што не знаеме како најдобро да ги искоритиме е сосем друга работа, па излегува дека сме на исто доколку не гледаме ретроактивно ... та ако тие се плашат од напливотна мигранти, колку повеќе треба ние,често знам да кажам дека на грците треба да им палиме свеќа бидејки не држат во вакум, во спротивно влегувајки во еу просто за брзо време и да не не' сторат малцинство во сопствената земја ~ посекако ќе не асимилираат целосно, прашајте ги словенците и напливот на балканци кај нив ... така и да го задржиме името ќеси изгубиме глата, и економски и културно ... http://mashable.com/2016/06/04/eu-referendum-brexit-issues/
|
||
beTon
Senior Member Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3887 |
Quote Reply #38 Posted: 26-Jun-2016 at 13:00 | |
она последната карикатура ќе да го демантира твоево, но навистина возможно е ук да е тројанскиот коњ за унијата а биде уценета час поскоро на федерализација, дури и полесно да се изведе истата без англија, а посетне и неа да ја апсорбираат, но кому му е гајле кој се мотивите и причините за брегзитот битно дојде како освежување раздружувањево апропо нашето пенетрирање, конечно дувна ветре развигорче и да се надеваме ќе нишне гранче над изворче, за да олабават присоците кон нас апропо одродување, дури со британскиов референдум добиваме на сила апропо евентуален наш заради одродување, само да не забега муабетов во локален агитпроп та ваквите думи терајте ги и понатак во нишката околу грчкиот проблем за името можеби сето ова е само фатаморгана за креативно да се одвлече внимание од шкотската независност, која денес или утре е неминовна, па вака само инцидетно кралицата да има допуштено блеф раздружување колку да си оправда поразот за распад на обединетото кралство, нели веќе има собрано нова петиција од про-еу кампот та за очекување е и нов референдум потака кој би го амортизирал постојниов шок ... која и да е најверојатната комбинација од постојново народно решение, дефакто Европа е дефокусирана од својот централистички подем, бидејки со ова дополнително ќе се зацврстат на идните избори евроскептиците, а со тоа и ќе бидат осуетени поприлично социјалистичките намери, те поздрави екс-ју и појавата на националистичкиот бран во 70тите зар потем нешто го сопре истиот да се разбуди поозбилно, со една разлика што тогаш сред воена диктатура, информативен мрак и силен федерализам сето тоа одеше милиметарски прецизно во неповрат, додека во ЕУ сред постојниве околности може да се случи и за неполна деценија се да отиде во аут,доволно е уште еден куршлус ко грчкиот и се да испари за секунда |
||
phenomenon
Senior Member Joined: 26-Oct-2010 Location: Kumanovo Online Status: Offline Posts: 2648 |
Quote Reply #39 Posted: 26-Jun-2016 at 12:43 | |
Европските бирократски кретени да ја уценувале В. Британија!? В. Британија заедно со САД може кога сакаат да направат војна во Египет и Нигерија и на континентална Европа да ѝ донесат толку многу бегалци, кои се гладни, неписмени и верски индоктринирани, што ќе ги вратат во Средниот Век. |
||
開始されていないだけの戦いが失われ、
|
||
beTon
Senior Member Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3887 |
Quote Reply #40 Posted: 26-Jun-2016 at 12:31 | |
интересно е дека една од главните гачки за брегзитаџиите беше аберот дека ук и дава на крај од годината 14 милијарди евра кусур од земено-дадено 300 мил неделно, смешно во однос шансата за отворен пазар, а всушност вистинкиот аргумент беше и е' еу д њу рајх, но реално стравовите од блискоисточен миграциски наплив, од сервисирање банкрот содружници, налет на ефтина роба и работна рака и сл. ги убеди пензионерите и работничката класа в британија дека навистина е поарно да излезат од европскиот матрикс, а лично како анти-нво шамар и те како ја поздравувам ваквата определба, но бескорисно е донкихотовски да кршиме клечки дека на мамонистичката аждаја некој ќе и застане на пат, евентуално да и го попречи но не дека и ќе и го отсечи, добар беше Фараш деценија порано кога ко заклан петел и претчуваше покуќи за да ја демистифицира и по можност разгневи ... но еве видовме дека и од петел сокол биднува нормално на домашен терен и ако сте непоколебливо упорен инаку околу заедничкиот буџет и монетарната политика наспроти неунифицираниот даночен систем ето и едноставна анимирна поука во пост #90 понапред, и не дека ук. радикалите украле нечија иднина, туку напротив истата пробуваат да ја олабават од централизирањето кон кое неминовно мора да оди унијата а како полесно би се одржала и во живот но и во форма доколку веќе успеала да излезе од балонијадата на презадолжувања како капиталистички идеал за вистинска слобода ... а единствен вишок исцедок од брегзитов би биле акта и ттип(т.е. тафта) односно темпото со кое истите би се протнувале ил имплементирале, заради што мириса дека сето ова е руско масло, но од друга страна пак америте што нема да можат да договорат со еу) вака би го протуркале на мала врата преку ук, та ко бафер да и го пренесат и на еу, комбинации милион, но едно е сигурно островјаните им покажаа заби на евроболшевичките намери а со тоа помала шанса утре еу да стане светска велесила, супер-федерализам преку кој ќе требаше да се декомпонира националниот код кај земјите членките на еу, заради што ко главна агенда нели е и тоа политиката на региони ... навистина во секој случај америте имаат од брегзитов корист, та ако веќе неможат да ја стопат в себе со леснотија, бар попарувајки ја да ја натераат на тоа, во вториот случај додекачекаат европеите да се глобализираат бар својот стандард да си го штимаат (колку и тоа да звучи невозможно) бидејќи раслабена Европа можат да ја контролираат со леснотија, ем доларот нема да биде под постојан притисок, плус природниот процес на партнерство меѓу два ентитета како русија и европа заради самата блискост долгорочно ќе биде во лимбо калабалак ... сето ова под претпоставка дека светската економија нема да има шокои во блиска иднина, но и така секаде мириса на загорено, та ова сега само ја зголеми реата ... хм можеби немаше ова да се случи да се форсираше нагло тоа евроболшевизмот, камо да застанеа на договорот од Ница и еврото[1] навистина не им требаше уставот од Лисабон [2] односно 'протнатиот устав' после оној 'официјално исвирканиот' [3][4] да не ве лажат етикетите од последнава фуснота, но дефакто федерлна еу отвора пат за нво карамбол а дали и како истиот ќе ни се одрази како земјани тоа е веќе другa работа, агенда која еа-детерминистите ќе си ја спроведат дал милом или силом, та зар нешто ги сопре сред навидум хумани времиња а заради геопозиционирање да го насскаат цел арапски свет меѓусебно да си вади очи, иако ко увертира фрлија во вода на своја рака 1 мил. цивилни жртви во Ирак ... итн. итн. [1][2] нејсе еве кои се мани и предности би ги имала заедничката фискална политика, со се стравовите и очекувањата, нели домакини луѓе гледаат да си усогласат редот и поредокот, колку и да немаат перфектни тела и механизми за спроведување на политиките, стандардите и трендовите http://www.debatingeurope.eu/focus/infobox-arguments-for-and-against-fiscal-union/ http://bruegel.org/2016/06/european-fiscal-rules/
|
||
Post Reply | Page <1234 8> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |