Емпорио деловен центар и општинска зграда Ѓ.Петров |
Post Reply | Page <1234 9> |
Author | |
ehrlich
Senior Member Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
Quote Reply #21 Posted: 22-Jul-2021 at 19:54 |
Како што знам станува збор за сосем друга гранка во фамилијата кои го водат КАМ и нема поврзаност со Орце.
|
|
FT
Senior Member Joined: 22-Jun-2010 Location: Kocani Online Status: Offline Posts: 567 |
Quote Reply #22 Posted: 22-Jul-2021 at 18:02 |
Браво, браво, Камчев и од притвор турбо си работи
Во секој случај, симпатична е зградата и целата околина е супер, со паркот и корзото. |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 19705 |
Quote Reply #23 Posted: 21-Jul-2021 at 20:43 |
Ѓорче добива нов шопинг – мол, отстранети пречките за пропаднатата зграда на „Трансмет"
Населбата Ѓорче Петров конечно ќе добие нов голем трговски центар, на локацијата каде што „Трансмет“ требаше да гради шопинг – мол, но по пропаѓањето на оваа компанија во стечај, недоизградената карабина со години го урнисуваше централното подрачје на општината. „Трговскиот центар кој е во срцето на Ѓорче Петров се одглави од правните лавиринти, објектот преку наддавање го купи КАМ маркет, со тоа, тој недовршен објект кој ни беше оставен од минатата власт сега ќе се уреди и Ѓорче Петров за првпат ќе добие модерен трговски центар“ изјави денеска градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумоски на заедничката прес конференција со градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, при најавувањето на реконструкција на улицата Лука Геров во населба Даме Груев. Објектот на „Трансмет“ долги години стоеше како руина во центарот на Ѓорче Петров откако оваа фирма пропадна по ефективните затворски казни за нејзиниот сопственик, Сеад Кочан. Изградбата на овој објект ја следеа низа контроверзи, а СДСМ своевремено како опозиција обвинуваа дека договорот што „Трансмет“ го добил бил на штета на Општина Ѓорче Петров и во интерес на мала бизнис група блиска до ВМРО-ДПМНЕ. https://centar.mk/blog/2021/07/21/gorche-dobiva-nov-shoping-mol-otstraneti-prechkite-za-propadnatata-zgrada-na-transmet/ Edited by stef4o - 21-Jul-2021 at 20:43 |
|
fichot
Senior Member Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2599 |
Quote Reply #24 Posted: 25-Feb-2021 at 02:10 |
Каква вест... Па ова од кога е почнато е така заградено, и има (или бар имаше порано сега не сум загледал) знак за забрана за движење на пешаци од таа страна. Проблемот тука е што преку ден (особено викенд) врие паркирани коли по слободниот тротоар, а не сум видел да се санкционираат. Џандари и кога доаѓаат ги бркаат/креваат само колите паркирани на коловозот.
А ова дека до септември ќе го завршат да видам да не верувам. |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 19705 |
Quote Reply #25 Posted: 22-Feb-2021 at 08:57 |
Тарабите од неизградениот трговски „Емпорио“ опасност за минувачите
Тарабите со кои е заграден објектот „Емпорио“ кај кружниот тек во Ѓорче Петров ги зафатиле тротоарите и се потенцијална опасност за минувачите кои мораат да се движат по коловозот. Жители на оваа населба се плашат секогаш кога поминуваат на улицата, да не ги собере некое возило. – Објектот има нов сопственик и се очекува до септември 2021 година тој да биде завршен и тогаш да биде отстранета оградата. Дотогаш се води како градилиште и објектот мора да биде заграден, децидни се од Општина Ѓорче Петров Тарабите со кои е заграден објектот „Емпорио“ кај кружниот тек во Ѓорче Петров ги зафатиле тротоарите и се потенцијална опасност за минувачите кои мораат да се движат по коловозот. Жители на оваа населба се плашат секогаш кога поминуваат на улицата, да не ги собере некое возило. – Околу објектот кај кружниот тек во кој нема градежни активности повеќе од 4 години е заграден тротоарот и нема слободен проток на пешаци и велосипеди до зеленото пазарче, па пешачите мора да се движат по коловозот со што се отежнува сообраќајот и се загрозуваат нивните животи – реагираат жителите. Тие додаваат дека дополнително, лимовите на самата ограда околу овој објект не се стабилни и прашање на време е кога ќе се урне оградата и може да ги поклопи случајните минувачи. – Ај што не беше исчистен еден тротоар во нашата општина што е и овде случај, кој дополнително го отежнува движењето во овој потег, дали воопшто на општинските служби им е грижа за граѓаните или не сметаат само за гласачка машинерија – прашуваат тие. Марина Стевковска, пак, прашува дали воопшто е во план довршување на зградата, или бидејќи е проект на претходната влада треба да остане вака како чавкарник сред центарот на Ѓорче? Од Општина Ѓорче Петров велат дека до нив официјално не пристигнала реакција од граѓани и доколку пристигне, службите од Секторот за урбанизам ќе го информираат сопственикот да ја санира оградата доколку е нестабилна. Објектот има нов сопственик и според информациите што ги имаме, се очекува до септември 2021 година објектот да биде завршен и тогаш да се отстрани оградата. Дотогаш се води како градилиште и објектот мора да биде заграден -децидни се од локалната самоуправа. Од Општина Ѓорче Петров велат дека засега немаат пари да го довршат делот каде требаше да биде административната зграда која почна да ја гради фирмата „Трансмет“ на бизнисменот Сеат Кочан. Откако Кочан во јули 2018 година беше осуден на затворска казна за предметот на СЈО „Труст“, неговата фирма отиде во стечај и со тоа остана недоизградена општинската зграда во Ѓорче која требаше да биде дел од трговскиот центар „Емпорио“ кој исто така остана незавршен. Откако беше отворена стечајната постапка во 2019-та, договорот меѓу Општината и „Трансмет“ за јавно-приватно партнерство беше раскинат и Општината го доби делот кој и припаѓа според договорот, но неизграден до крај. Делот кој требаше да припадне на „Трансмет“ во стечајната постапка сега е продаден на друг правен субјект. Како што дознаваме, тоа е компанијата „Кам“. Оттаму информираат дека се во тек административно-технички активности околу регулирање на статусот на објектот „Емпорио“ во Ѓорче Петров и негово впишување во имотен лист. -Паралелно со ова се одвива и процесот на ревидирање на проектот, како и избор на изведувачи по фази, за негово докомплетирање. Веднаш штом се завршат овие процедури, ќе се пристапи кон изведбени работи и доведување на градилиштето во бараната состојба – велат од „Кам маркети“. Договорот за изградба на трговскиот центар „Емпорио“ во кој дел ќе биде наменет за општинската зграда на Ѓорче Петров беше склучен во јуни 2013 по спроведена постапка со јавен оглас. Предвидуваше приватниот партнер, компанијата „Трансмет“ да изгради административна деловна зграда со бруто површина од 15.000 метри квадратни и подземен паркинг простор. Од вкупната површина, 24 отсто односно 3.600 квадрати и 40 паркинг места под објектот припаѓа на Општината, а 76 односно 11.400 квадрати на приватниот партнер. https://www.vecer.press/тарабите-од-неизградениот-трговски/ |
|
ѓорче
Groupie Joined: 28-Feb-2014 Online Status: Offline Posts: 58 |
Quote Reply #26 Posted: 25-Jan-2021 at 11:10 |
Информација од добро упатени извори, делот на Трансмет е купен од Камфуд..
Понатаму каква обврска има не ми е познато.. |
|
fichot
Senior Member Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2599 |
Quote Reply #27 Posted: 25-Jan-2021 at 10:21 |
[Делот кој што требаше да припадне на „Трансмет“ во стечајната постапка е продаден на друг правен субјект.]
Кој е тој субјект и зошто нема обврска да го доврши објектот? |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 19705 |
Quote Reply #28 Posted: 16-Jan-2021 at 15:20 |
ЃОРЧЕ ПЕТРОВ НЕМА ПАРИ ДА ЈА ДОВРШИ ОПШТИНСКАТА ЗГРАДА ОТКАКО „ТРАНСМЕТ“ НА СЕАТ КОЧАН ОТИДЕ ВО СТЕЧАЈ
Општина Ѓорче Петров нема пари да ја доврши административната зграда која почна да ја гради фирмата „Трансмет“ на бизнисменот Сеат Кочан. Откако Кочан во јули 2018 година беше осуден на затворска казна за предметот на СЈО „Труст“, неговата фирма отиде во стечај и со тоа остана недоизградена општинската зграда во Ѓорче која требаше да биде дел од трговскиот центар „Емпорио“. Откако беше отворена стечајната постапка во 2019, договорот меѓу Општината и „Трансмет“ за јавно-приватно партнерство беше раскинат и Општината го доби делот кој и припаѓа според договорот, но неизграден до крај. Делот кој што требаше да припадне на „Трансмет“ во стечајната постапка е продаден на друг правен субјект. „Делот кој што треба да припадне на Општината 95 отсто е изграден, остануваат недовршени внатрешните градежно- занаетски работи, тестирање на инсталацииите и опремување со мебел и друга опрема. За довршување на делот на Општината се потребни околу 500.000 евра. Општината во моментов нема толку пари за да може сама да го доврши делот што и припаѓа“, велат од Општина Ѓорче Петров и додаваат дека во моментов службите се сместени во неколку објекти кои се сопственост на Општината и не плаќаат кирија. Договорот за изградба на трговскиот центар „Емпорио“ во кој дел ќе биде наменет за општинската зграда на Ѓорче Петров беше склучен во јуни 2013 по спроведена постапка со јавен оглас. Предвидуваше приватниот партнер, компанијата „Трансмет“ да изгради административна деловна зграда со бруто површина од 15.000 метри квадратни и подземен паркинг простор. Од вкупната површина, 24 отсто односно 3.600 метри квадратни и 40 паркинг места под објектот припаѓа на Општината, а 76 односно 11.400 квадрати на приватниот партнер. Основниот кривичен суд Скопје првостепено го осуди Кочан на 6 години затвор на 20 јули 2018, а на 11 март 2019 Апелациониот суд му ја намали казната на 4 години и 8 месеци. Од август 2019 Кочан ја издржува заторската казна. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/gorche-petrov-nema-pari-da-ja-dovrshi-opshtinskata-zgrada-otkako-transmet-na-seat-kochan-otide-vo-stechaj/ |
|
Staro Skopje
Senior Member Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
Quote Reply #29 Posted: 24-Aug-2020 at 21:35 |
И во Кисела Вода има доста малку содржини... Речиси ништо деловно и комерцијално нема, ниту некој помал трговски како Капитол, кој супер би дошол во Расадник или кај општината.
Со новиот Клинички Ѓорче би добило повеќе сообраќај и содржини, а не би било лошо целот простор од Марк Твен до Ацо Шопов да се исполни со згради, а на почетокот на Сарај да никне станбена населба и селото да се урбанизира. |
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
JovanOdGjorche
Senior Member Joined: 13-Oct-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 513 |
Quote Reply #30 Posted: 24-Aug-2020 at 16:43 |
Добро да, се согласувам со тебе во погледот на урбанизацијата и урбаниот карактер, но мислам дека многу е лошо тоа што Хром го „меркаат“ градежниците, бидејќи тоа е веќе оформена населба со куќи. Ова е поизразено накај Ѓорче 2, каде јас лично не се движам воопшто. Моето мислење е дека барем, барем булеварот до Сарај треба да се „модернизира“ со станбено-деловни згради, каде ќе може да се развива некаков бизнис. Доколку овој булевар се среди со добри широки тротоари, вело-патеки, и по некој дрво ред, сето тоа со мали продавнички, Ѓорче 1 ќе биде мерак за живеење
|
|
And something, somewhere was lost in 1938...
|
|
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15045 |
Quote Reply #31 Posted: 24-Aug-2020 at 14:18 |
Ѓорче Петров е населба претежно со куќи, а Аеродром е со станбени згради, тука е разликата, ѓорчепетровци имаат дворчиња каде можат да испијат кафе или пиво со некој сосед, аеродромци мораат во кафуле. Освен тоа, гледано статистички (жител по км2) сигурно Аеродром е погусто населена населба, со што таквиот тип содржини имаат поголема исплатливост и економска самоодржливост. Ова е само моето лаичко мислење, се разбира, ако има некој поупатен нека каже попрецизно. |
|
За сè има вторпат
|
|
JovanOdGjorche
Senior Member Joined: 13-Oct-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 513 |
Quote Reply #32 Posted: 24-Aug-2020 at 13:20 |
Се гради да, ама ништо од комерцијална содржина. Што менуваат зградички со луѓе кои работат во Карпош или Центар а доаѓаат во Ѓорче само да преспијат? Не знам, барем за мене како некој кој е во своите дваесети немам ништо што да правам. Преку ден булеварот кон Сарај е a la пустина/автопат, каде пече +30. На пример во Аеродром барем има некои содржани иако е топло и полно со згради.
|
|
And something, somewhere was lost in 1938...
|
|
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15045 |
Quote Reply #33 Posted: 24-Aug-2020 at 12:20 |
Не би согласил за Сарај, бев до Матка пред една недела и се изненадив колку станбени згради никнале вдолж патот во Сарај, буквално прераснал во мало гратче. Исто така, видливи се и други објекти (индустриски, супермаркети и сл.). А за Ѓорче Петров – не би знаел зошто, иако и таму се градат доста згради, само помали. |
|
За сè има вторпат
|
|
JovanOdGjorche
Senior Member Joined: 13-Oct-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 513 |
Quote Reply #34 Posted: 24-Aug-2020 at 11:52 |
Не знам што да кажам. Објектите и трговскиот центар и општинскава зграда се толку многу потребни за да заживее Ѓорче и ова да стане еден мал „центар“ со надеж дека ќе се гради уште долж булеварот, ама тоа е. Сарај и Ѓорче се најнеатрактивни за градежната експанзија, а зошто не знам.
|
|
And something, somewhere was lost in 1938...
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 19705 |
Quote Reply #35 Posted: 24-Aug-2020 at 11:25 |
од фб(2019г) штета што остана и ова недовршено а прашање е и дали некогаш ќе се доврши.Барем да најдеа чаре за овој административниот дел кој е веќе застаклен и нема многу уште за работа за разлика од молот кој е карабина
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 19705 |
Quote Reply #36 Posted: 08-Apr-2020 at 17:35 |
|
|
ehrlich
Senior Member Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
Quote Reply #37 Posted: 01-Mar-2020 at 17:15 |
Нели |
|
hcitrS
Senior Member Joined: 27-Nov-2015 Online Status: Offline Posts: 874 |
Quote Reply #38 Posted: 01-Mar-2020 at 12:45 |
Wtf, кај е проблемот? Edited by hcitrS - 01-Mar-2020 at 12:46 |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 19705 |
Quote Reply #39 Posted: 29-Feb-2020 at 19:20 |
Општина Ѓорче Петров наплати 380.000 евра отштета од „Трансмет” за доцнење на изградбата на општинската зград
Од сметката на компанијата „Трансмет” во стечај на Сеат Кочан, Општина Ѓорче Петров успеала да наплати 380.000 евра, односно по 4.000 евра за секој ден доцнење на изградбата на новата општинска зграда, изјави актуелниот градоначалник на оваа скопска општина Александар Наумовски гостувајќи во емисијата „Стадион” на „Канал 77″. Наумовски истакна дека веднаш по доаѓањето на власт покренал правни мерки за да ја заштити инвестицијата, но дека и натаму останува проблем со недоизградената зграда, за која требаат околу 400.000 евра за да се заврши. Врз основа на договорот за јавно приватно партнерство потпишан меѓу поранешниот градоначалник на Ѓорче Петров, Сокол Митревски и компанијата „Трансмет”, во 2012 година е почната изградбата на општинската зграда. Но, осум години подоцна зградата е недоизградена, во состојба на карабина, а „Трансмет” е во стечај. Според договорот, по изградбата над 3.000 квадрати метри треба да и припаднат на Општина Ѓорче Петров, додека над 11.000 квадрати на „Трансмет”. Градбата е на атрактивна локација, ослободена од давачки. Иако „Трансмет” е во стечај, јавно приватното партнерство се уште е во сила. Наумовски објаснува дека тоа е со цел да ги наплатат од стечајот преостанатите 1.380.000 евра, додека делот од зградата што и припаѓа на општината, успеале да го заштитат со впишување и добивање на Имотен лист. Според експертот Саша Максимовски, стечајот на „Трансмет” е доволна причина Општина Ѓорче Петров да го раскине договорот со компанијата и да ја замени со друга ликвидна компанија. https://www.vecer.press/општина-ѓорче-петров-наплати-380-000-евра-от/ |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 19705 |
Quote Reply #40 Posted: 27-Mar-2019 at 14:08 |
Незнам што стана со проектов,веројатно стагнира еве една фотка од фб
Еве и уште една,патем планот е да се раскине договорот со Трансмет и да се бара нов изведувач Edited by stef4o - 27-Mar-2019 at 14:12 |
|
Post Reply | Page <1234 9> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |